Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Најнови вести

1 час
media-librarynjhmcuejapck2RfMaMU

ЕХФ ги суспендира Начевски и Николов на две години

Европската ракометна федерација ги казни македонските ракометни судии – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов со двегодишна суспензија, плус парична казна поради наводна манипулација со фитнес тестовите пред стартот на овогодинешното ЕП. Суспензијата се однесува на сите натпреварувања што се под капата на ЕХФ.„Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пред машкото ЕХФ ЕВРО 2026, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од С. Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе фази“.Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, Спортрадар, Ракометниот суд на ЕХФ дојде до заклучок дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување. Секој судија мора да плати казна од 5.000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ.Жалба може да се поднесе до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена“, стои во известувањето на ЕХФ.

Спорт | пред 1 час

3 час.
media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Американската блокада не го запре поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец

Првиот ден од американската блокада на бродови кои влегуваат во иранските пристаништа не предизвика значително нарушување во сообраќајот низ Ормускиот теснец, при што најмалку осум бродови, меѓу кои и три танкери поврзани со Иран, поминале низ преминот, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај.Блокадата ја најави американскиот претседател Доналд Трамп по неуспешните мировни преговори во Исламабад меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.Според податоците, сегашниот промет е значително намален во однос на повеќе од 130 дневни преминувања пред почетокот на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран.Американската Централна команда соопшти дека дел од бродовите се вратиле по наредба, додека други кои поминале низ теснецот не биле директно опфатени со блокадата. Истовремено, дел од кинески танкери и товарни бродови исто така продолжиле со движење низ регионот.Кина ја оцени блокадата како „опасна и неодговорна“, предупредувајќи дека таа дополнително ќе ги зголеми тензиите на глобалниот енергетски пазар.И покрај тоа, поморските аналитичари предупредуваат дека зголемените трошоци за осигурување и ризикот од ескалација веќе создаваат несигурност за бродските компании, при што се очекува значително намалување на комерцијалниот сообраќај во наредниот период.

Свет | пред 3 часа

3 час.
media-library952u3a64hin30MeYnhL

Најстарата горила во светот, Фату, го прослави својот 69-ти роденден

Фату, најстарата горила во светот што живее во заробеништво, го прослави својот 69. роденден во Берлинската зоолошка градина, каде што доби специјална роденденска гозба составена од чери домати, цвекло, праз и зелена салата.Иако поводот беше свечен, роденденска торта не ѝ беше послужена, бидејќи шеќерот не е препорачлив за примати во поодмината возраст.Како западнонизинска горила, Фату значително го надминала просечниот животен век на својот вид во дивината, кој се движи меѓу 35 и 40 години. Таа пристигнала во тогашен Западен Берлин во 1959 година, во периодот на Студената војна, кога се проценува дека имала околу две години.Фату стана најстара жителка на зоолошката градина во 2024 година, по смртта на фламингото Инго, за кое се верува дека имало најмалку 75 години.Се претпоставува дека е родена во дивината во Западна Африка, а според податоците наведени во Гинисовата книга на рекорди, била фатена од француски морнар, кој подоцна ја искористил за да подмири сметка во бар во Марсеј. Подоцна, животното било продадено на берлинската зоолошка градина.Денес Фату живее во сопствен простор и најчесто се држи настрана од другите горили. Поради староста ги изгубила забите, а има и проблеми со артритис и слухот.Според чуварите, таа е пријателски настроена, но знае да биде и тврдоглава – карактер што, по долг живот поминат во заробеништво, сосема го заслужува.

Магазин | пред 3 часа

4 час.
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Првата хуманитарна помош пристигна во Иран од почетокот на војната

Првата пратка на медицински материјали за спасување животи и друга хуманитарна помош пристигна во Иран од почетокот на војната, соопшти денеска Црвениот крст.Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) наведе дека пратката влегла во земјата во неделата, додека Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) својата помош ја доставил претходниот ден, пренесува „Еуроњуз“.Според IFRC, конвој од камиони тргнал од Анкара и претставува една од првите прекугранични испораки на медицинска помош од почетокот на конфликтот, кој започна на 28 февруари со израелски и американски напади врз Иран.Пратката содржи комплети за итна траума-нега наменети за спасување животи, а организацијата најави дека во следните недели ќе бидат испратени дополнителни количини.МКЦК истовремено испорачал 171 тон хуманитарна помош од Јордан, со 14 камиони кои носат основни потреби за околу 25.000 луѓе, вклучувајќи ќебиња, душеци, кујнски сетови и соларни ламби.Дополнително, на Иранското друштво на Црвената полумесечина му се донирани и генератори и пумпи за вода за поддршка на спасувачките операции.Од организациите предупредуваат дека хуманитарните работници работат под голем притисок, при што неколкумина загинаа додека извршуваа задачи за спасување животи.

Свет | пред 4 часа

4 час.
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Кремљ реагира на падот на Орбан: „Никогаш не сме биле пријатели“

Кремљ го намалува значењето на изборниот пораз на Виктор Орбан, еден од најблиските сојузници на Русија во Европската унија, а исто така од Москва порачуваат дека остануваат отворени за прагматичен дијалог со новоизбраниот унгарски премиер Петер Маѓар, пренесува „Гардијан“.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската страна со задоволство ја забележува подготвеноста на Маѓар за прагматична соработка, нагласувајќи дека односите ќе зависат од конкретните чекори на новата унгарска влада.Истовремено, Песков порача дека Унгарија сега, заедно со останатите европски земји, се наоѓа во категоријата „непријателски држави“, без да му честита на Маѓар за изборната победа.И покрај поразот на Орбан по 16 години на власт, Кремљ порачува дека ја почитува волјата на унгарските гласачи, но во исто време испраќа сигнал дека се губи досегашниот привилегиран однос со Будимпешта. Според Песков, Москва останува отворена за соработка и градење заемно корисни односи.Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, од своја страна, најави прагматична надворешна политика и задржување на дел од економските врски со Русија, особено во енергетскиот сектор, при што посочи дека земјата останува зависна од увоз на руска нафта и гас.Сепак, тој најави и обид за балансирање на односите со Западот, како и диверзификација на енергетските извори, нагласувајќи дека неговата влада нема да ја следи истата линија како претходната администрација на Орбан во однос на Москва и војната во Украина.Во анализите се оценува дека падот на Орбан претставува значаен удар за руското влијание во Европската унија, додека дел од експертите сметаат дека овој развој ја зајакнува перцепцијата во Москва дека демократските системи носат нестабилни и непредвидливи сојузници.Руските коментатори, пак, порачуваат дека земјата мора да се потпира првенствено на сопствените сили, намалувајќи ги очекувањата од надворешни партнери во контекст на војната во Украина.

Свет | пред 4 часа

4 час.
65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

Украина тајно лансирала ракети во вселената од авион

Високопозициониран украински пратеник изјави дека неговата земја за време на војната со Русија тајно лансирала две ракети во вселената користејќи авион како платформа, пренесува „Бизнис Инсајдер“.Федир Вениславски, член на парламентарниот поткомитет за национална безбедност, одбрана и одбранбени иновации, во интервју за украинскиот медиум РБК изјави дека овие лансирања биле изведени во периодот додека Киев активно се бори против руската инвазија. Тој наведе дека Украина од транспортен авион на висина од околу 8000 метри лансирала ракетен носач, кој потенцијално може да се користи и за испраќање различни вселенски летала во орбита.Според неговите зборови, една од ракетите достигнала висина од околу 100 километри, што се смета за граница на вселената, додека втората достигнала околу 200 километри. Лансирањето од голема висина, како што објасни, овозможува помала потрошувачка на гориво бидејќи се избегнуваат погустите слоеви на атмосферата.Вениславски не прецизираше кога точно се случиле овие активности, но посочи дека биле спроведени во периодот кога на чело на украинската воена разузнавачка служба бил Кирило Буданов.Тој додаде дека Украина работи на развој на мрежа од седум до десет сателити за надзор и комуникации, со цел да ги зајакне своите капацитети.Според него, создаден е систем кој во иднина може да функционира како „воздушна вселенска база“, која би имала и цивилна и воена примена, вклучително и можност за противдејство против руските хиперсонични ракети од типот „Орешник“.„Орешник“ е експериментална руска хиперсонична балистичка ракета која се движи во горните слоеви на атмосферата и тешко се открива и пресретнува. Се верува дека носи повеќе независно насочувани боеви глави, што значи дека при повторно влегување во атмосферата може да се раздели на повеќе цели.Русија ја претставува оваа ракета како „непресретлива“ и првпат ја употреби против Украина во ноември 2024 година. Иако се смета дека тој напад бил и демонстрација на технологија, тој дополнително го зголеми притисокот врз Киев и западните сојузници да развијат системи за одбрана од хиперсонични закани.

Свет | пред 4 часа

4 час.
SeKXr-

Два брода поврзани со Иран го променија својот правец по минувањето низ Ормускиот теснец

Податоците за движењето на бродовите покажуваат дека два пловни објекти поврзани со Иран го промениле својот правец по минување низ Ормускиот теснец.Според анализа на Би-Би-Си, двата брода, кои поминале низ теснецот по воведувањето на американски санкции, подоцна се свртеле и започнале да се враќаат назад.Танкерот „Rich Starry“, кој е под американски санкции и пријавил дека превезува товар, испловил од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати и се упатил кон исток низ теснецот, но потоа го сменил курсот и се вратил.Податоците исто така покажуваат дека товарниот брод „Christianna“, кој претходно минал низ теснецот по испловување од иранското пристаниште Бандар Имам Хомеини, исто така го променил правецот и се враќа.Американското Централно командување соопшти дека шест трговски бродови добиле наредба да се свртат и дека таа наредба била извршена.Дополнително, танкерот „Elpis“, кој е исто така под американски санкции, минал низ теснецот кон исток, најверојатно од иранското пристаниште Бушер, но моментално стои источно од теснецот.Постои можност дел од овие бродови да испраќаат лажни податоци за својата локација со цел да го прикријат реалното движење и активностите на море.

Свет | пред 4 часа

4 час.
Screenshot-2023-09-16-at-11.47.44

Груевски може да се врати и да не издржи ниту една од двете казни, туку да бара да му се суди одново оти е осуден во отсуство

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој нецели осум години престојува во Унгарија, формално има две правосилни пресуди за издржување затворска казна, но правните околности отвораат можност неговиот евентуален повраток во Македонија да не значи автоматски и издржување казна.Според важечката состојба, една од пресудите – за случајот „Насилство пред Општина Центар“ – застарува веќе идната година, што значи дека по тој рок нема да може да се изврши.Во случајот „Плацеви на Водно“, за кој има изречена затворска казна со рок на застарување во 2043 година, Груевски има право да побара повторување на постапката, бидејќи му е судено во отсуство. Тоа значи дека евентуалното враќање би можело да отвори нов судски процес наместо директно упатување во затвор.Во меѓувреме, дел од најголемите предмети против него веќе застареа по измените на Кривичниот законик, меѓу кои „ТНТ“ за уривањето на „Космос“ и „Траекторија“, како и претходно изречената казна за набавката на службениот „мерцедес“.Сепак, Груевски и понатаму останува обвинет во предметите „Титаник“ и „Талир“, кои со години се водат пред судовите, но со чести одложувања и рестартирања на постапките.Последното барање за негова екстрадиција од Македонија, според неофицијални информации, било испратено во 2022 година, но било одбиено од унгарските власти, кои му доделија политички азил во 2018 година.Во текот на престојот во Унгарија, Груевски регистрирал и компанија во близина на Будимпешта, со планови за деловни активности во повеќе сектори.Дополнително, во 2022 година, Министерство за финансии на САД го стави Груевски на црната листа поради, како што беше наведено, вмешаност во значителна корупција.Со оглед на правните можности – застарување на дел од делата и право на повторно судење – сценариото за негово враќање отвора сериозни дилеми: дали ќе се соочи со ефективна затворска казна или ќе влезе во нов судски циклус со неизвесен исход.

Македонија | пред 4 часа

5 час.
media-librarycnjuo195kj5cagLawku

Напаѓачот во турско училиште го најавил нападот: „Подгответе се“

Вооружен напад во средно стручно и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во округот Сиверек во Турција заврши со 16 повредени лица и самоубиство на напаѓачот, јавуваат турските медиуми.Според информациите, деветнаесетгодишниот Омер Кет, поранешен ученик на училиштето, неколку дена пред нападот објавувал заканувачки пораки на социјалните мрежи, со кои индиректно најавувал дека планира насилен чин. Во една од објавите, тој напишал: „Подгответе се. За неколку дена ќе има напад во ова училиште“.Инцидентот се случил кога тој влегол во училиштето вооружен со пушка и почнал да пука, при што настанала паника меѓу учениците и вработените. Дел од учениците во обид да се спасат скокале од прозорци, додека наставниците се обидувале да организираат евакуација. Безбедносните служби соопштија дека поголем дел од учениците биле извлечени на безбедно.На местото веднаш пристигнале полициски и медицински екипи, а училиштето било опколено од специјални единици откако напаѓачот одбил да се предаде и се сокрил во објектот. По кратка опсада, тој извршил самоубиство, по што бил пронајден мртов.Во нападот се повредени 16 лица – меѓу нив ученици, наставници, еден полицаец и работник во училишната менза. Неколку од повредените се во потешка состојба и се префрлени во болници во поширокиот регион, додека останатите се згрижени во државната болница во Сиверек.Градоначалникот на Сиверек, Али Мурат Буџак, изјави дека двајца наставници се во критична состојба и дека напаѓачот претходно бил поврзан со училиштето како поранешен ученик, но неговиот однос со институцијата бил прекинат. Мотивите за нападот засега остануваат непознати.Истражните органи продолжуваат да ги анализираат неговите објави на социјалните мрежи, како и околностите што довеле до нападот, додека јавноста во Турција е потресена од новиот случај на училишно насилство, кое според медиумите во земјата е релативно ретко.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-library9ejd67920cac56Aek3z

(Видео) Тиктокер се обидел да ја измами полицијата со лажна снимка генерирана од вештачка интелигенција, па завршил во затвор

Маж од Флорида е уапсен откако наводно се обидел да измами заменик-шериф со лажен видеозапис генериран со вештачка интелигенција, кој прикажувал наводна провала во полициско возило.Според канцеларијата на шерифот во округот Семинол, 25-годишниот Алексис Мартинез-Аријала тврдел дека неколку лица го ограбуваат неговото полициско возило, при што како „доказ“ покажал краток видеоматеријал на својот телефон.Полицијата утврдила дека инцидентот не се случил, а преглед на надзорните камери потврдил дека никој не се приближил до возилото. Подоцнежната анализа покажала дека видеото најверојатно е креирано со вештачка интелигенција.Осомничениот, кој има голем број следбеници на социјалните мрежи, наводно го користел материјалот за да привлече внимание и да стане вирален.Тој подоцна бил лоциран и уапсен во Порторико, а се соочува со повеќе обвиненија, вклучувајќи давање лажни информации и пријавување лажно кривично дело.Полицијата предупреди дека злоупотребата на вештачката интелигенција и таканаречените deepfake содржини може да создадат сериозни безбедносни ризици и да ја загрозат работата на службите за итни интервенции.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-libraryov0b2qg6216gdVH9NyB

Венс го брани Трамп: „Папата нека се занимава со црквата, а не со американската политика“

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека папата Лав XIV не треба да се меша во внатрешните прашања на САД, бранејќи го американскиот претседател Доналд Трамп по неговите критики кон поглаварот на Католичката црква.Во интервју за Fox News, Венс рече дека Ватикан треба да се фокусира на моралните и религиозните прашања, додека американската администрација ја води јавната политика.Тој нагласи дека несогласувањата меѓу политичките и верските лидери се „природна појава“ и дека не претставуваат сериозен проблем.Венс ги минимизираше критиките што следеа од дел од христијанската јавност по изјавите на Трамп кон папата, додавајќи дека вакви несогласувања ќе постојат и во иднина.Папата Лав XIV претходно беше еден од најгласните критичари на американските воени акции кон Иран и повеќепати повика на воздржаност и мир.

Свет | пред 5 часа

5 час.
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп: Во следните два дена би можеле да се одржат разговори со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговори меѓу САД и Иран би можеле да се одржат во следните два дена.Во изјава за New York Post, Трамп рече дека „нешто би можело да се случи во следните два дена“, најавувајќи можен нов дипломатски развој.Тој додаде и порака до новинар, советувајќи го да остане во Пакистан, со објаснување дека таму се „посклони кон заминување“, алудирајќи на можни преговори што би се одржале во регионот.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари под 96 долари по барел, откако инвеститорите беа смирени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД.На лондонскиот пазар барелот се тргуваше по цена пониска за 3,67 долари во однос на вчерашното затворање, односно 95,69 долари, додека на американскиот пазар цената изнесуваше 93,19 долари.Претходно, пазарите беа вознемирени поради најавата за американска поморска блокада на Ормускиот теснец, што ги зголеми стравувањата од нарушување на снабдувањето.Во меѓувреме, сигналите дека преговарачките тимови би можеле повторно да се состанат во Исламабад придонесоа за смирување на ситуацијата, иако тензиите во регионот сè уште остануваат високи.Податоците покажуваат и дека дел од танкерите продолжиле да пловат низ Ормускиот теснец, што дополнително влијае на стабилизацијата на пазарот, додека ОПЕК објави и раст на цената на својата нафтена кошничка.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Американска војска: Ниту еден брод не ја проби блокадата

Американската војска соопшти дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на иранските пристаништа, ниту еден брод не успеал да ја пробие блокадата.Командата на американските сили ЦЕНТКОМ наведе дека во операцијата учествуваат повеќе од 10.000 припадници на морнарицата, маринците и воздухопловните сили, како и повеќе од десет воени бродови и десетици авиони.Според нивните податоци, шест трговски бродови се повлекле по американските наредби и се вратиле кон иранските пристаништа.Вашингтон тврди дека блокадата се спроведува еднакво врз сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од иранските пристаништа и крајбрежни води.Американската страна додава дека истовремено се обезбедува слободна пловидба низ Ормускиот теснец за бродовите што се движат кон пристаништа надвор од Иран, додека тензиите во регионот дополнително растат поради ескалацијата на конфликтот.

Свет | пред 5 часа

6 час.
media-libraryga4gm9argg72e5IqloG

(Видео) Ауди, мазда и камион се судрија, има повредени: тешка сообраќајка во Скопје, едно возило превртено

Тешка сообраќајна незгода со три возила се случи попладнево на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што две лица се здобиле со повреди и се пренесени во болница.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека незгодата била пријавена денеска во 15:30 часот во СВР Скопје. Во судирот учествувале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. (45), патничко возило „мазда“ со пробни таблички, управувано од С.А. (31), како и товарно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.К. (37) од Куманово.Во незгодата со повреди се здобиле две лица, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во здравствена установа за укажување помош.Надлежните служби вршат увид на местото на настанот, по што се очекуваат повеќе детали за причините за сообраќајката.

Скопје | пред 6 часа

6 час.
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Одлуката на Италија нема да влијае врз нашата безбедност

Израел соопшти дека одлуката на Италија да го суспендира обновувањето на одбранбениот договор нема да има влијание врз безбедноста на земјата.Од Министерството за надворешни работи на Израел наведуваат дека не станува збор за класичен безбедносен договор, туку за меморандум за разбирање од пред многу години, кој, како што тврдат, никогаш немал суштинска оперативна содржина.„Немаме безбедносен договор со Италија“, изјави портпарол на министерството, додавајќи дека оваа одлука нема да влијае на безбедноста на Израел.Претходно, италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти дека Рим ја суспендира автоматската обнова на одбранбениот договор со Израел, што се толкува како значаен политички пресврт во односите меѓу двете земји.Одлуката доаѓа во услови на засилени тензии на Блискиот Исток, особено поради конфликтите во Либан.Реакција пристигна и од израелската опозиција. Лидерот Јаир Лапид ја оцени одлуката како „срамен неуспех“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи Гидеон Саар, обвинувајќи ја владата дека не успеала да ги заштити интересите на Израел дури ни кај традиционалните сојузници.

Свет | пред 6 часа

6 час.
media-library7cu7671uq944fC3vkXf

Сахарска прашина се движи кон Македонија

Сахарскиот бран на прашина што деновиве ја зафати Грција се проширува и кон Македонија, каде што од денес веќе е регистрирано зголемено присуство на прашина и песок во атмосферата.Метеоролозите од Грција и Македонија најавуваат дека оваа појава ќе трае најмалку до петок, 17 април, при што во одредени делови од Грција и јужните региони на Македонија се очекуваат и повремени калливи врнежи. Истовремено се предупредува дека и во северните делови од земјата атмосферата ќе остане заматена поради јужните воздушни струења што носат честички од Сахара.Според прогнозите, освен променливото и нестабилно време, граѓаните може да почувствуваат потежок и посув воздух, намалена видливост, како и наслаги од прашина на автомобилите и прозорците по врнежите.Најзагрозени од ваквите услови се хронично болните лица, лицата со астма, постарите граѓани и малите деца, кај кои зголемената концентрација на честички во воздухот може да предизвика или да ги влоши респираторните тегоби. Се препорачува да се избегнува подолг престој на отворено, особено во попладневните часови и при засилен ветер.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Трамп: На Европа очајнички ѝ треба енергија

Доналд Трамп остро ја критикуваше енергетската политика на Обединетото Кралство, обвинувајќи ја дека со одбивањето да ја експлоатира нафтата од Северното Море ја остава Европа без клучен енергетски извор.Во објава на својата платформа Truth Social, Трамп порача дека Европа очајнички има потреба од енергија, додека Велика Британија не ги користи сопствените ресурси. Тој посочи дека градот Абердин би требало да доживее економски бум, додека Норвешка, според него, профитира продавајќи нафта од Северното Море по повисоки цени.„Треба да бушат, а не да градат ветерници“, напиша Трамп, критикувајќи ја и ориентацијата кон обновливи извори на енергија.Неговите изјави доаѓаат во време на зголемени тензии на глобалните енергетски пазари, поттикнати од конфликтите на Блискиот Исток и американската поморска блокада на Иран, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со нафта.Во меѓувреме, цените на нафтата растат поради стравувањата од нарушувања во Ормускиот теснец, преку кој минува значителен дел од светската трговија со енергенси, додека европските земји се обидуваат да најдат стабилни алтернативи по намалувањето на зависноста од руски енергенси.

Свет | пред 6 часа

6 час.
alkaraz-1

Алкарас со мотив за враќање на првото место на АТП листата во Барселона

Карлос Алкарас има дополнителна мотивација да го освои турнирот во Барселона, бидејќи со евентуален триумф би можел да се врати на првото место на АТП листата само една седмица по неговото губење на врвната позиција.Шпанскиот тенисер во недела беше поразен од Јаник Синер во финалето на турнирот во Монте Карло, што дополнително ја зголеми неговата желба за брз одговор на следниот турнир.Алкарас истакна дека можноста да се врати на првото место во Барселона претставува голема мотивација и дека е целосно фокусиран на напредокот во својата игра. Тој нагласи дека ривалството со Синер е исклучително квалитетно и дека му помага да ги согледа сопствените слабости и да се усоврши на тренинзите и натпреварите.Тенисерот додаде дека меѓусебното ривалство со Синер ги прави двајцата подобри играчи и претставува силен поттик за постојано подобрување. Во првото коло на турнирот во Барселона, Алкарас ќе се соочи со Отo Виртанен.

Спорт | пред 6 часа

6 час.
netanjahu

Италија го стопира обновувањето на одбранбениот договор со Израел

Италија ја суспендираше автоматската обнова на одбранбениот договор со Израел поради тековниот конфликт на Блискиот Исток, соопшти премиерката Џорџа Мелони.„Со оглед на актуелната ситуација, владата одлучи да ја запре автоматската обнова на договорот“, изјави Мелони за време на посетата на Верона. Договорот, кој е во сила од 2006 година, овозможуваше соработка во областа на одбраната преку набавки, обука и размена на воена опрема, а се обновуваше на секои пет години доколку ниту една страна не се повлече.Одлуката доаѓа во време на засилени критики од европските земји кон израелските воени операции, особено во Либан. Минатата недела, лидерите на Обединетото Кралство, Франција, Германија и Италија повикаа прекинот на огнот да се прошири и на Либан.Дополнителни тензии предизвика инцидентот во кој израелски сили испукале предупредувачки истрели кон италијански војници во рамки на мисија на Обединетите нации во Либан, при што било оштетено нивно возило.Одлуката на Рим беше остро критикувана од лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид, кој ја оцени како „срамен неуспех“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и на министерот за надворешни работи Гидеон Саар.Лапид порача дека владата не успеала да ги заштити интересите на Израел дури ни кај традиционалните сојузници, нагласувајќи дека Мелони припаѓа на конзервативниот политички блок кој, според него, има разбирање за безбедносните предизвици на Израел.

Свет | пред 6 часа

6 час.
media-libraryb4ml8tdovj2sb020wOI

Русија го ограничува извозот на хелиум

Русија објави дека привремено ќе ја заостри контролата врз извозот на хелиум, воведувајќи обврска за извозниците да обезбедат посебни дозволи за испораки надвор од Евроазиската економска унија, со цел да се обезбеди стабилно снабдување на домашниот пазар.Одлуката доаѓа во услови на нарушувања на глобалниот пазар, поттикнати од конфликтите на Блискиот Исток, кои значително ја намалија достапноста на хелиум – гас клучен за производството на полупроводници, медицинска опрема и напредни технологии.Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека светската понуда на хелиум е намалена за речиси една третина, нагласувајќи дека приоритет е заштитата на домашните потрошувачи од надворешни ценовни шокови. Како дел од мерките, хелиумот е додаден на листата на суровини чиј извоз ќе биде строго регулиран, а новиот режим ќе важи до крајот на 2027 година.Покрај Русија, членки на Евроазиската економска унија се и Казахстан, Белорусија, Ерменија и Киргистан.Според податоците, Русија е трет најголем производител на хелиум во светот, зад САД и Катар, со удел од околу осум проценти во глобалното производство.Во меѓувреме, индустријата за полупроводници веќе ги чувствува последиците од намалената понуда. Француската компанија Air Liquide прераспределува резерви од други региони за да ја одржи испораката, особено за клучни клиенти како TSMC.Експертите предупредуваат дека доколку нарушувањата продолжат, тоа може да доведе до зголемени трошоци и намалено производство на чипови, со пошироки последици за глобалната технолошка индустрија.

Свет | пред 6 часа

6 час.
media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Хезболах тврди дека извршил напади врз северен Израел

Хезболах соопшти дека денеска извршил серија напади врз израелски воени позиции и населени места на северот на Израел.Според соопштенијата на нивното воено крило, групата претходно во текот на денот истрелала ракетни салви кон Киријат Шмона и Мисгав Ам.Дополнително, тие тврдат дека вчера испукале ракета кон израелски борбен авион над западниот дел на долината Бекаа, наведувајќи дека тоа е одговор на, како што велат, континуираните прекршувања на примирјето од страна на Израел.Овие информации доаѓаат исклучиво од Хезболах и засега нема независна потврда од израелска страна.

Свет | пред 6 часа

7 час.
departmentofstate

Израел и Либан ги продолжуваат преговорите во Вашингтон

Преговорите меѓу Израел и Либан продолжуваат денеска во Вашингтон, со почеток закажан во 17 часот по македонско време.На состанокот ќе присуствува и американскиот државен секретар Марко Рубио, според соопштение од Стејт департментот.Во разговорите учествуваат и амбасадорите на двете земји во САД – израелскиот амбасадор Јехиел Лајтер и либанската амбасадорка Нада Хамаде Моавад.Според најавите, учесниците кратко ќе се обратат пред медиумите пред продолжувањето на преговорите зад затворени врати.

Свет | пред 7 часа

7 час.
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

ЕУ пред ризик од недостиг на авионско гориво

Во моментов нема докази за недостиг на гориво во Европската Унија, но во блиска иднина може да се појават проблеми со снабдувањето, особено со авионско гориво, соопшти денеска портпаролката на Европската комисија, Ана Каиса Итконен.Таа истакна дека рафинериите во ЕУ покриваат околу 70 проценти од потребите за авионско гориво, додека остатокот се обезбедува преку увоз, што ја прави Унијата ранлива на надворешни шокови.Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот теснец доведоа до значителен раст на цените на нафтените деривати, особено на керозинот, кој е клучен за авионскиот сообраќај.Минатата недела, Асоцијацијата на европски аеродроми во писмо до Европската комисија предупреди дека постои ризик од недостиг на авионско гориво во Европа доколку пловидбата низ Ормускиот теснец не се нормализира во наредните три недели.Од Европската комисија нагласуваат дека се во постојана координација со земјите членки, со цел да имаат целосен увид во резервите на гориво, капацитетите на рафинериите и можните алтернативни увозни рути, што е клучно за навремено преземање мерки доколку состојбата се влоши.

Свет | пред 7 часа

7 час.
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Инциденти во Битолско: малолетник нападнат, повеќе возачи пијани зад волан

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Битола регистрирани се повеќе инциденти, меѓу кои физички напади и случаи на безобѕирно управување со возило под дејство на алкохол.На 14 април околу полноќ, во Битола, 51-годишен жител пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници на улицата „Партизанска“, додека бил со свој другар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во Прилеп, пак, околу 02:00 часот, полициски службеници лишиле од слобода 47-годишен битолчанец кој управувал возило „хонда“ под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,93 промили алкохол во крвта. Против него ќе следува соодветна пријава.Сличен случај бил евидентиран и во Демир Хисар, каде 47-годишен возач од Битола бил приведен откако управувал возило „поло“ со 2,76 промили алкохол во крвта.Во друг инцидент, 40-годишен битолчанец пријавил дека бил нападнат со дрвен предмет во населбата Стрчин од 18-годишно лице од село Лера.Во Прилеп, пак, при увид на сообраќајна несреќа, бил приведен 73-годишен возач кај кого биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта, додека вториот учесник управувал возило без возачка дозвола.По целосно документирање на сите случаи, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања