Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Најнови вести

7 год.
cnjreagerhgetehg-197258

ДОМ: Нека Новата 2019, биде година на успех во евроатлантската интеграција

ДОМ им ја честита Новата 2019 година и на сите граѓани им посакува здравје, среќа и благосостојба.Нека Новата 2019, биде година на успех во евроатлантската интеграција и обезбедување мир, стабилност и просперитет. Сите заедно да градиме прогресивно демократско општество и иднина за сегашните и следните генерации.Да овозможиме спокоен и квалитетен живот, во чиста и здрава животна средина, за сите„

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Во изминатава година власта ги погази Уставот, законите како и волјата и достоинството на граѓаните

Република Македонија  со СДСМ на власт ја завршува најцрната година во својата историја. Криминалната власт на аболицираниот Зоран Заев и СДСМ во изминатава година донесе само црнила и уназадување за македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Власта ги погази Уставот, законите како и волјата и достоинството на граѓаните. СДСМ насилнички и со уцени посегна кон менување на името на државата, националниот идентитет, јазикот, културата и историјата на Република Македонија.Впрочем тоа беше и единствената работа на која беа фокусирани. Додека не бираа средства за менување на името, дозволија криминалот и насилството да владеат со улиците, а граѓаните да живеат во страв беда и сиромаштија.Граѓаните повеќе не се безбедни ниту во своите домови, ниту на своите работни места. Откако СДСМ е на власт, секојдневно сме сведоци на убиства, улични престрелки и грабежи. Власта се стави во заштита на криминалот,  а за дополнително да ја загрози безбедноста на граѓаните на слобода пушти стотици криминалци кои  сега слободно дивеат по улиците низ Македонија.Алчноста и корумпираноста на власта нема граници. Додека власта сама себе си делеше тендери и грантови на владини функционери,  граѓаните  се повеќе осиромашуваа и следната година ќе ја дочекаат во неизвесност како ќе ја преживеат.  Ги покачија даноците, а трошоците за живот секојдневно се повеќе растат. СДСМ ја отвори спиралата на поскапување, ја покачија акцизата на дизелот и тоа резултира со поскапување на сите производи за живот па дури и на лебот“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека неспособниот СДСМ успеа да ја забетонира македонската економија на дното во Европа. Не беа способни да реализираат ни 50% од капиталните инвестиции кои самите ги проектираа.„И наместо да носат инвеститори тие почнаа да ги бркаат како постојните така и потенцијалните. Доказ за тоа е падот на 68-мо место на листата за водење на бизнис на реномираниот „Форбс“.Нема нови работни места, нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема повисоки пензии, а нема ниту нови патишта, болници, детски градинки, студентски домови и факултети. Но затоа има вработување за членовите од семејствата на функционерите од власта и зголемување на семејните бизниси на аболицираниот Зоран Заев.Ветуваа итни мерки за почист воздух, а речиси две години не спроведоа ниту една мерка. СДСМ ја смести Македонија на првото место како најзагадена земја во Европа, а Скопје во 10 најзагадени градови во Светот. Илјадници граѓани ги губат своите животи како последица на загадениот воздух, додека власта си игра игрички или си дреме на собраниска седница.Годината ќе се памети како најлоша година за земјоделците, хаос во здравството, образование и економија на дното, но и како година во која имаше драстичен раст на криминалот и корупцијата.Граѓаните на Република Македонија не ги заслужуваат овие црнила кои СДСМ ги нанесува. Ова зло кое СДСМ секојдневно го нанесува на граѓаните и државата мора веднаш да запре и затоа СДСМ мора да си замине. Само така земјава ќе почне да напредува. Затоа граѓаните многу скоро ќе го казнат СДСМ за сите злодела и ќе ја донесат зората во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Итно да се реши проблемот со кучиња скитници на автопатот кај Тетово, за среќа избегната голема трагедија

На ѕидот на сообраќајниот срам на социјалната мрежа фејсбук, возач пишува дека за среќа избегал огромна трагедија, поради кучиња скитници.Во постот М.К објаснува:„Кои се надлежни за автопат е65 у близина на наплатна после Тетово према боговиње има 120 кучиња скитници и за среќа моја, а несреќа на дечкото што возеше паралелно до мене удри у огромно куче и ја распарчи цела предница а животното остана на лице место безживотно да лежи со испокршени коски парчиња од колата влетаа во моето возило за среќа без штета и што е најважно без повредени со избегната поголема хаварија што можеше да се случи од возилата што возеа позади нас јас ќе кажам дека животното не е криво но си го плати делот со живот а дечкото со прилично нов мерцедес сигурно има штета 1000 2000 евра на само 100 метра понатаму огромно прегазено куче на сред автопат на 2 3 километра понатака теле од куче претрча преку автопат а уште едно се моташе на крајна десна лента тоест на сантиметри од коловозна лента АПЕЛ ХИТНО да се преземат мерки и тие кучиња скитници да се тргнат од таму со време не чекајте да загинат луѓе не е ова кармагедон видео игра па намерно да бркаме кучиња по автопат за да ги убиеме!Потхитно да се реши проблемот ова не е играчка флека до флека е во близина на Тетово од прегазени животни одговорните да си преземат мерки или ограда или тунели да си поминуваат животните под коловоз ко у нормални држави, знам дека е џабе што пишувам уопште но сметав дека треба да се знае за проблемов ако не барем нека стои како предупредување, пак ќе гинат животни пак ќе има штети не дај боже жртви или повредени беда од патишта имаме! ....После наплатна скопска пред да се вклучиш на обиколка на кривината огромни кратери стојат со години во средна лента кога ќе ги средите?

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-18

Новогодишен хепенинг и концерт на Влатко Лозаноски во Крива Паланка

Во деновите од викендот најмладите жители на Крива Паланка, но и сите кривопаланчани  уживаа во музички хепенинг, кој се одржа на централниот градски плоштад, а го приредија дечињата од основните и средното општинско училиште од градот.Кореографии на популарни детски рефрени, изведба на новогодишни композиции, музицирање и вокално-инструментслни перформанси, беа дел од богатата и весела програма која го привлече вниманието на публиката, но и на бројните посетители од соседните општини кои ја одбраа Крива Паланка за своја новогодишна дестинација.Настанот го разубави и посетата на Дедо мраз кој пристигна на пладне и ги израдува дечињата, а вниманието на публиката го привлече главниот гостин на програмата, популарниот пејач Влатко Лозаноски.Овој празничен настан претставува заокружување на новогодишната културна програма во организација на локалната самоуправа и  институциите од областа на културата, која започна во четврток, 27 декември, кога премиерно беше изведен фестивалот на детска песна "Распеано симитче" 2018 во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од градот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
pistol-vperen

Две лица со закана со оружје огрбиле спортска обложувалница во Скопје

На 29.12.2018 во 20,55 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во населбата Илинден-Скопје, во спортска обложувалница две лица со закана со оружје од вработената одзеле околу 16.000 денари.МВР работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hapodpd-620x350

(ВИДЕО) Се сруши зграда во Русија поради експлозија на гас, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, 79 се водат за исчезнати кога експлодирал гас во стамбена зграда во Магнитогорск во Челјабинската Област.https://twitter.com/rns_online/status/1079632400294895618?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079632400294895618&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3020100-eksplozija-gasa-u-rusiji-troje-ljudi-poginulo-ispod-rusevina-odzvanja-plac-zarobljenih-ljudiЗа сега евакуирани се 16 лица. Во зградата живееле 110 лица во 48 станови.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ова се настаните кои ја одбележаа 2018 година: Од историското ракување до мистериозното убиство во амбасадата

Оваа година на некој начин беше година на американскиот претседател Доналд Трамп кој во своето обраќање во Обединетите нации во септември изјави дека времето на глобализацијата и е зад нас и дека доаѓа време на патриотизмот.Во изминатата година Трамп ги подобри односите со Северна Кореа, исто така имаше разговор со рускиот претседател Владимир Путин, со Кина водеше трговска војна, стоеше на страната на Саудијците и против Иран.Во април се одржа самитот каде учествуваа Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, а во јуни се одржа првиот состанок помеѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер во Сингапур.„Спремни сме да напишеме ново поглавје помеѓу нашите нации“, изјави Трамп.Во јули претседателот Трамп се сретна со Владимир Путин во Хелсинки, а неговиот одговор во врска со руското мешање во американските избори предизвика лавина реакции.„Ми рече дека тоа не е Русија, а јас би рекол дека нема причина зошто би била“, изјави Трамп. Следниот ден тој изјави дека лошо се изразил.Стравот од глобалната трговска војна го поттикна Трамп да воведе царини на кинескиот челик и алуминиум, но тоа допринесе и до воведување на царини во Канада, Мексико и Европската унија.Трамп исто така се повлече од Нуклеарниот договор со Иран.Светските лидери се собраа во Париз во ноември да ја обележат годишнината од крајот на Првата светска војна.Во Европа, Ангела Меркел ја прогласи својата наследничка, а четвртиот мандат ќе биде нејзин последен како Германска канцеларка.Британската премиерка Тереза Меј во меѓувреме продолжи да плови низ предизвиците кои ги носи Брегзитот.„Нема подобар договор од овој. Се планира излегување од Европаската унија на 29 март 2019“, изјави Меј.Светот во јуни и јули го следеше Светското првентво во фудбал. Победи тимот на Франција.Младите фудбалери од Тајланд беа ударна вест. После две недели 12 момчиња и тренерот беа спасени од потопената пештера.Најголемата трагедија во 2018 година ја донесе земјотресот и цунамито кои ја погодија Индонезија и однесоа повеќе од 2.100 животи.Војната во Сирија продолжи, но поголемиот дел од земјата беше ослободен. Трамп нареди повлекување на војската од Сирија.Во Јемен, повеќе од 20 милиони луѓе немаа храна, вода и лекови. Обединетите нации ова го прогласија за најголема хуманитарна криза во светот.Мистериозното убиство на саудискиот новинар , Џемал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври предизвика глобални проблеми.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Украинска амбасада во Македонија: Русија се подготвува да примени хемиско оружје на окупираната територија на Донбас

Руските тајни служби целат на значителен број на жртви меѓу цивилното население. За тоа на брифинг изјави претставникот на Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина, вели украинската амбасада во Македонија.„Според зборовите на Вадим Скибицки, военото разузнавање на Украина забележува низа знаци кои јасно укажуваат на подготовката од страна на Русија на диверзантско-терористички акт со примена на хемиски опасни отровни материи кој понатаму ќе биде претставен од руските пропагандисти како употреба на “хемиско оружје” од страна на украинските војници против жителите на окупираниот Донбас.Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина утврди дека на окупираните територии на Донбас во средината на декември пристигна група на руските специалисти по хемиски борбени и отровни материи.На привремено окупираните територии противникот ја зголеми подготвеноста на руската окупаторска војска за дејства под услови на хемиското загадување. Од територијата на Русија донесени се најновите средства за лична заштита за личниот состав на групите 1 и 2АК на руската окупаторска војска кои се планираат да се искористат во борбени услови.Со цел на создавање на јавното мислење поволно за неа, Москва повеќе од месец дена спроведува масовна информативна кампања за да ја обвини Украина за тајната подготовка на таквите дејства. Главната управа на разузнавачката служба констатира дека на сличен начин Русија одржа информативна операција пред имитацијата на хемискиот напад во Сирија на 24 ноември оваа година во регионот на Алепо, за да ги оправда понатамошните воздушни напади против сириските опозициски сили“, се вели во соопштението.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Градбата на трамвајот во Скопје ќе го затвори Рекорд за возила - нов хаос во најава

Трамвајот кој го најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе воведе строг сообраќаен режим, пренесува СДК.Според планот на сообраќајниот проект, трасата на трамвајот ќе започнува од кружниот тек кај Порта Влае, ќе се движи по Партизански одреди, потоа преку Ркорд и Собранието на Република Македонија, во близина на зградата на Црвен крст, кон Комплексот банки и Железничката станица, по булеварот Јане Сандански до Ново Лисиче.Исто така Шилегов изјави и дека улицата на Рекорд ќе биде забранета за возила, односно по истата ќе се движат само автобусите ја ЈСП како и трамвајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
48364357_2002617993186520_7468203955940491264_n

Претежно облачно време со повремен снег

Времето денес ќе биде претежно блачно со повремен слаб локален снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а вдолж Повардарието ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од -6 до -2 степени, а дневните од 1 до 8 степени.Во Скопје променливо облачно време со температури кои ќе се движат во интервал од -4 до 6 степени.На првиот ден од Новата година не очекува сончево време со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец што ќе предизвика пад на температурата на воздухот. Од среда кон крајот на денот се очекува ново наоблачување со локални врнежи од снег, што ќе продолжат и во четврток. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Алфите го привеле возачот на Али Ахмети, причините сeуште тајна

Порталот Almakos.com дознава дека пред неколку дена специјалната полициска единица „Алфа“ го привела возачот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Скопје.Во текстот на порталот се вели дека возачот на Али Ахмети и уште едно лице биле одведени на неформален разговор во полициската станица Ѓорче Петров, каде што биле држени околу 6-7 часа.Не е познато за што е приведен, ниту што е пронајдено во возилото „Ауди А6“, а единствено порталот пишува дека автомобилот имал фалсификувани регистарски таблички.Засега, полицијата јавно не го објави овој случај, иако извори на Алмакос посочуваат дека за овој случај постои запис во полицијата.Засега не е познато зошто биле приведени.

Скопје | пред 7 години

7 год.
49203477_2541127012594604_9153062344182464512_n

(ФОТО) Демолирана салата „Борис Трајковски“ по концертот на Аца Лукас

Вчеравечер во салата„Борис Трајковски“ во Скопје се одржа предновогодишниот концерт на познатите Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеѓа Меденица.По завршувањето на концертот салата беше демолирана пишува Независен. На фотографииите може да се забележат искршени тоалети, заборавени женски хулахопки, бела прашкаста материја по столчињата и многу ѓубре. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
ajkula-drac

Уловена ајкула тешка 340 килограми кај Драч

Албанските рибари од пристанишниот град Драч, уловиле ајкула тешка 340 килограми. Ајкулата била уловена на длабочина од околу 100 метри, и претставува една од поголемите ајкули што албанските рибари ги имаат уловено на овој потег.Инаку во средината на минатиот месец на иста длабочина, уловија ајкула тешка 400 килограми. Месото од ајкулите завршува во угостителските објекти бидејќи важи за специјалитет.Инаку, иако последните години зачести присуството на ајкули на албанското крабрежје, не претставуваат опасност во текот на летната сезона.

Свет | пред 7 години

7 год.
NG_elka_-ohrid

Во Охрид сепак ќе има дочек на Нова Година на градскиот плоштад

На градскиот плоштад во Охрид ќе има новогодишна забава. Овој пат организацијата ја превзедоја здруженијата на охридскиот угостителски еснаф и на хотелиери на Македонија.На новогодишната забава под отворено небо на градскиот плоштад, на 31 декeмври, ќе настапат Ѓоко Танески, Жармена, групите Бетис Бупс и Бекдор бенд и ди-џеј Петар.Инаку општина Охрид ги откажа предвидените празнични свечености и манифестации, поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, но хотелиерите сметаат дека некаков дочек мора да има, со оглед на фактот дека Охрид и годинава е исполнет во целост за Новогодишните празници.Сместувачките капацитети во Охрид за Нова година се речиси целосно исполнети, а најбројни се гостите од опкружувањето. Од туристите доминираат Бугарите, Србите, Црногорците, Албанците, Грците, потоа Турците, но на ривиерата уживаат и гостите од Западна Европа. Убавото време го наполни шеталиштето, а во препознатлива празнична врева, врие плоштадот и чаршијата. Хотелиерите потенцираат дека цените на новогодишните аранжмани се склучени уште пред 2 месеци и дека најпродавани се пакет аранжманите кои нудат 3 дневен престој. Цените се движат од 100 до нешто повеќе од 150 евра,зависно од тоа што содржи аранжманот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО+ВИДЕО) Бродот „Будимпешта“ се транспортира до Охридското Езеро, Туристичка блокирана

Попладнево транспортот на бродот „Будимпешта“ направи голем застој во централното градско подрачје на Охрид на булеварот Туристичка.Но и покрај големиот застој, случајните минувачи со воодушувување го гледаа, затоа што ваков брод во оваа големина досега немало во Охридското Езеро. Се работи за вон габаритен транспорт кој мора да биде со придружба. Овој трнспорт се користи за сите пловни објекти кои се подолги од 12 и пошироки од 2,5 метри.Инаку станува збор за Хидро бус за 150 патници. Бродот е идентичен како Галеб, Александрија 1 и Кристина Нова.Дознаваме дека сите овие бродови се градени на исто бродоградилиште и со проект.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
aerodrom-1

Граграѓаните реагираат на ѕидот на сообраќајниот срам - Цел парк претворен во приватен паркинг!

Парк во Општина Аеродром претворен во приватен паркинг! Грѓаните својот револт го искажуваат на ѕидот на сообраќајниот срам, но надлежните не реагираат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Маж 10 часа пукал кон полицијата, а се предал откако му испеале божиќна песна

Американецот Натаниел Луис, кој пукаше кон полицијата и десет часа бил под опсада во Пенсилванија, се предаде откако човекот со кој преговараше му отпеа божиќна песна.Луис (34) пукал кон полицијата кои дошле откако било пријавено од страна на негов роднина дека се однесува чудно.Тој при пукањето погодил две возила и куќа, по што полицијата возвратила.https://twitter.com/MattPetrillo/status/1078391666183159809?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1078391666183159809&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3019902-muskarac-34-poceo-da-puca-na-policiju-a-onda-je-jedna-otpevana-pesma-sprecila-masakr-foto„Преговорите со Луис траеа долго, тој пукаше кон полицијата и куќите во околината“, изјави обвинителот Томас Хоган.Луис се предал откако преговарачот му отпеал божиќна песна

Свет | пред 7 години

7 год.
1-17

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Крвавиот викенд за само 36 часа донесе три свирепи убиства

Додека Оливер Спасовски си тера партиски агенди и дели партиски книшки во Куманово, во Македонија се лее крв по улици, по домови, и по угостителски објекти, вели Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.„Крвавиот викенд за само 36 часа донесе три свирепи убиства. Освен ликвидацијата на човекот во Ѓорче Петров, вчера се случи и убиство во угостителски објект во Кичево и убиство во дом во Прилеп.Полицијата наместо да биде гаранција за редот и мирот, немо посматра како црнилата ги зафаќаат улиците и домовите ширум Македонија. Сето тоа е резултат на непрофесионалноста и неспособноста на првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Затоа довербата во полицијата е падната на 31% меѓу граѓаните, затоа корупцијата постојано зема замав, затоа рекетарите се чувствуваат заштитени, затоа убиствата станаа наше секојдневие, затоа имаме зголемување на насилството. Животот на граѓаните им се претвори во сцени од филмовите за дивиот Запад“, изјави Ѓорѓиевски.Тој додава дека општ впечаток во Република Македонија е дека постои коалиција меѓу криминалот и власта.„Речиси да нема криминалец во земјата, убиец или рекетар кој не се има срдечно фотографирано со Зоран Заев или Оливер Спасовски. Затоа се осоколени во своето дивеење, бидејќи блискоста со власта прави да се чувствуваат заштитени дека ќе поминат неказнето.Тоа што криминалот царува е одраз на работењето на Оливер Спасовски. Кога сите гледаат како се прават матни и криминални зделки од врвот на МВР, кога гледаат селективност и нестручност, кога гледаат неспособност од Спасовски, логична последица на сето тоа е она што во моментов ни се случува во државата.Оливер Спасовски мора да замине за да се врати угледот на институцијата и да се врати редот и безбедноста во нашата држава. Тоа граѓаните го чекаат и очекуваат“, вели Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
putin-1

Путин испратил новогодишни порки до неколку светски лидери

Новогодишни пораки од Рускиот претседател Владимир Путин, до неговите колеги ширум светот. Во пораката до Доналд Трамп, Путин навел дека Москва е подготвена за дијалог за широк спектар на теми.Во параката пак до Башар ал Асад, сирискиот претседател, Путин ветил дека ќе продолжи да пружа помош на сириската влада и народот во борбата против тероризмот, пренесува Ројтерс.Пораки со слични содржини, поголема соработка и желба за поубава година, Путин испратил и до до другите светски лидери.

Свет | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП: Во 2019 да работиме за Македонија да биде поубаво место за живеење

За време на празниците даруваме и споделуваме љубов, но исто така треба да се потсетиме дека секој ден од годината ни е важен. Во новата година влегуваме со нова енергија, продолжуваме да работиме посветено и неуморно, се со цел да изградиме поправедно и вистински хумано општество за нашите граѓани, велат од Министерството за труд и социјална политика.„Особено сме горди што во 2018 година ја сработивме социјална реформа, која значи извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија и еднакви шанси за секое дете. Имено, со овие реформи пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Социјалната помош се зголемува за 300%, но овозможуваме и полесна активација на невработените на пазарот на труд. Со воведување на социјалната пензија обезбедуваме достоинствен живот за оние кои го граделе нашето општество, а немаат извор на приход од кој можат да се издржуваат.Процесот на деинституционализација тече одлично. Годината ја завршуваме со 60% извадени деца од големите институции, односно сместени во мали групни домови или згрижувачки семејства. Секој ден од 2019 година ќе работиме да обезбедиме топол дом за секое дете и да им подадеме рака на оние на кои сме им потребни.Оваа година изградивме 24 нови градинки и обезбедивме 300% повисок Буџет за подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Ова значи места за 7.000 нови дечиња во градинките, покалитетен кадар и целосна промена на начинот на кој државата се грижи за најмладите. Преку гаранцијата за млади помогнавме со вработувањето на 1.400 млади, а за следната година издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари за оперативниот план за вработување.МТСП ви ја честита Новата 2019 година, а новогодишните желби остануваат наша инспирација да направиме уште повеќе следната година. Да препознаеме дека секој од нас може да помогне. Да покажеме дека вистински се грижиме за нашите најблиски, но и општеството и средината во која живееме. Заедно да ја направиме Македонија подобро место за живеење“, велат од Министерството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев со покачени министерски плати и нова армија заменици-директори со просечна плата од 500 евра

„На прашањето на новинарите по преземањето на премиерската функција во 2017 кога очекува да се оствари ветувањето за просечна плата од 500 евра, новиот премиер Зоран Заев изјави дека тоа ќе се исполни некаде на средината во 2019 година.И навистина, земајќи ги предвид последните две владини одлуки, во 2019 година со ефтини трикови и врз грбот на даночните обврзници Македонија ќе добие просечна плата од 500 евраСо последната владина одлука платите од околу 80.000 денари на Заев и неговите министри да се покачат за уште 8.000 денари и владината одлука секое јавно претпријатите да добие заменик директор со што ќе следи нова армија од заменици-директори со функционерски плати од околу 1.000 евра, Зоран Заев се доближува до просечната плата од 500 евра земајќи предвид дека во Македонија просечната плата изнесува 377 евра или 23.196 денари.Зоран Заев на најподмолен начин ја вулгаризира она народната дека народот и работниците ќе јадат зелка, функционерите ќе јадам месо, а сите заедно во просек ќе јадат сарма.Односно, работниците со просечна плата од околу 15.000 денари, армијата функционери со просечна плата околу 60.000 денари, а сите збирно ќе имаат просечна плата од 500 евра.Лагите на марионетската власт на Зоран Заев немаат крај. Македонија не се прави просперитетна со маркетиншки трикови.Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија е одоговорност за грабежот на народни пари, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано од сите криминалци во изминатите 27 години. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија“, велат од Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
taravari

Таравари: Додека вие славите Нова година, тие изгласаа амнестија, го изменија Кривичниот закон

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил напиша статус во кој упати критики до актуелната власт.„Додека вие славите Нова година, ТИЕ:1. Изгласаа амнестија за 27 април2. Изгласаа измени на кривичниот закон со кој се намалуваат казните или се ослободуваат функционери обвинети од СЈО3. Изгласаа закон со кој директорите на јавните претпријатија си добиваат заменици директори4. Повисоки плати за вицепремиерите“, напиша Таравари на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
S.Bogoev

(ВИДЕО) Новогодишна честитка на градоначалникот на Карпош Богоев

„Среќна Нова 2019 година! Ви посакувам многу здравје, среќа, успех и бериќет, Вам и на Вашите најблиски.Во Новата 2019 година планираме да направиме многу за Карпош.Покрупни проекти кои би ги издвоил се: Паркот којшто ќе почнеме да го правиме оваа година, ќе се протега од вештачката карпа покрај Вардар, до бунарите на реката Лепенец; Исто така, планираме да воведеме и Хумани патроли со коишто ќе им помогнеме и ќе ги посетиме нашите најмили, највозрасните односно пензионерите. Ќе отвориме и повеќе нови пензионерски клубови со многу содржини во нив; Оваа година, со работа ќе почне и целосно изградената (од темел) градинка во Бардовци, а ќе почнеме и со целосна реконструкција на градинката во Тафталиџе 1, „Мајски цвет“. Со картичката Мој Карпош, од 2019 година, Вие, граѓаните на Карпош, ќе можете да добиете многу попусти и бенефиции во повеќе стопански субјекти на територија на Општината; Во 2019 ја планираме и изградбата на првиот затворен, реонски базен во дворот на основното училиште „Јан Амос Коменски“, во Тафталиџе 1.Планираме и тековно одржување на инфраструктурата, зголемување на нивото на хигиената, нови контејнери и уште повеќе садници на дрвја кои ќе го обноват и освежат зеленилото во нашиот Карпош.Почитувани карпошани,И во Новата 2019 година, продолжуваме заедно да работиме за модерен, развиен, убав и европски Карпош“, вели Стефан Богоев во своето Новогодишно обраќање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

(ВИДЕО) Новогодишно обраќање на премиерот Заев: Ви посакувам успешна, економска и интеграциска година, добро здравје и ведар дух

Почитувани граѓани на Република Македонија,Доаѓаме до крајот на една од најважните и најчувствителните години за нашата земја. Година на интеграциите.Преку изградба на пријателство со соседот Грција, одговорно затворивме спор што Македонија ја влечеше надолу цели 27 години. Избравме иднина, наместо неизвесна изолација.Денес, нашата држава е на чекор да стане 30тата членка на најмоќната алијанса во светот, НАТО.Се подготвуваме за почеток на преговорите со Европската Унија, процес со кој градиме држава по европски стандарди и со што стануваме рамноправни со граѓаните од Европската Унија. Државноста се потврдува само во заедница со другите, а не во изолација.Ја градиме Македонија да биде богата и современа држава, во која сите граѓани ќе имаат пристоен живот и благосостојба, за себе и за своите фамилии. Земја на инвестиции и модерна инфраструктура, земја на солидарност и заедништво, каде сите ќе се почитуваме меѓусебно и ќе си помагаме.Почитувани граѓани,Додека ја испраќаме 2018 година, во пресрет на деновите кога низ целата земја се собираат семејствата и пријателите за да се прослават празниците, да се подготвиме за моментите исполнети со радост, задоволство и просперитет на секој план. Направивме чекори кои овозможија сега тоа да зависи само од нас.Да бидеме горди на тоа.Затоа, иако предизвиците се големи, да се украсиме сите ние со храброст, одлучност и да ги направиме реалност нашите желби и цели – мирна и стабилна земја, во сојузништво и со членство во НАТО и ЕУ, глобална и праведна Македонија со економија која функционира за секого.Во тој дух да го поддржиме и да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации.Ви посакувам успешна, економска и интеграциска година, добро здравје и ведар дух.Среќна Нова 2019 година!

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во кабаре во Охрид две лица нападнале полициски службеник

На 30 декември оваа година, во 03:50 часот, пред кабаре во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, во кој П.С.(27) и Ѓ.В.(34), двајцата од охридското село Долно Коњско, физички нападнале полициски службеник. Напаѓачите биле совладани а потоа приведени во полициската станица. СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања