Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Во кабаре во Охрид две лица нападнале полициски службеник

На 30 декември оваа година, во 03:50 часот, пред кабаре во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, во кој П.С.(27) и Ѓ.В.(34), двајцата од охридското село Долно Коњско, физички нападнале полициски службеник. Напаѓачите биле совладани а потоа приведени во полициската станица. СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

(ВИДЕО) Мицкоски во новогодишното обраќање: Кога ми беше најтешко во годината што помина? Кога го менуваа името, посегнаа по идентитетот, длабока рана оставија

Ме прашуваат што е среќата? Kога сме задоволни, сигурни, кога семејството е обезбедено, децата имаат иднина, државата е средена. Кога сте почитувани, a вашата работа вреднувана. Кога можете да добиете правда, а институциите работат и ви служат вам. Среќа е кога ова што го кажав станува реалност, но реалноста покажува дека токму ова се работите кои недостасуваат. А годините поминуваат. Крајот на годината е одличен момент да се средат мислите и впечатоците.Во годината што измина паметам црно и мачно време. Нема подобар живот, економијата не расте, нема инвестици, здравство и образование се пред колапс. Наместо тоа, афери, скандали, руинирано и клекнато судство, притисоци... Сакаат да станеме апатични поради колективната несреќа која ја донесоа. Да се навикнеме на тешкиот живот, да ја нарушат самодовербата, да го скршат карактерот, за да може полесно се да им минува. Очигледно не си ги познаваат граѓаните доволно, ги потценуваат.Кога ми беше најтешко во годината што помина? Кога го менуваа името, посегнаа по идентитетот. Длабока рана оставија.Во новата година потребно е да погледнеме во очите на луѓето, за да допреме до нивните срца. Да видиме што ги мачи и да се обидеме да им ги решиме проблемите. Да видиме што ги прави среќни и да им ја засилиме нивната среќа. Едноставно е, и како принцип, и како филозофија и како труд.Ама треба работа. Треба да се засукаат ракавите, да се жртвува слободното време, да се намалат удобствата на политичарите за да се зголемат удобствата на граѓаните.Потребна е нова визија, во која промената треба да биде основниот двигател. Не оди веќе вака. Секој од нас треба да се запраша дали имаме уште 30 години за тапкање во место? Дали сакаме нашите деца да ги трпат искушенијата кои ние ги трпевме? Затоа промената треба да започне од секој од нас, така ќе ја промениме и сегашноста, и ќе обезбедиме подобра иднина. Ви гарантирам. Драги пријатели, бидете промената која сакате да ја остварите.А, каква ќе биде годината што следува? Ќе има победа над црнилата. Искрата е веќе запалена. А сите заедно ќе ја донесеме зората. Силно ќе светне ден. Ова ќе биде година на одлуки, но и година на промени. Среќата е можна и таа ќе дојде. Свитканата кичма не е нашиот ген, ние исправени ќе се соочиме со предизвиците и ќе победиме. Нова генерација, која ќе донесе нов импулс, ново време и заедничка среќа.Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите останати, имаме исти проблеми, но и заеднички сон за подобра иднина. Македонија ќе оди во Европа, но европеизацијата мора да тргне преку однесувањето и промената на принципите дома и веднаш. Македонија ќе биде економски успешна, затоа што народот е домаќински, работлив, вреден, и народот ќе се избори за убаво и светло секојдневие.Што посакувам? Успеси! Се разбира. Посакувам Македонија да успее! Посакувам новата година да ви биде бериќетна, со добро здравје и семејна среќа. Посакувам исполнување на желбите и бидете свои, единствени, со крената глава.Нека изгрее зората која ќе донесе ново утро, нова надеж и подобри времиња за сите граѓани на Македонија!Нека ви е среќна нова година!https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/vb.829371753904952/1161301834028675/?type=2&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЈП „Комунална хигиена“: Собрани се 140.809 тони комунален отпад во 2018 година

Во изминативе 12 месеци тие собрале и транспортирале вкупно 140.809 тони комунален отпад, што претставува зголемување за 2.612 тони или 1,74 проценти во однос на минатата 2017 година. Дополнително, во текот на 2018 година заменети се 490 дотраени контејнери на 140 микро локации во сите скопски општини, а извршено е и перење и дезинфекција на сите поставени контејнери во градот, како и на нивните микро локации, велат од ЈП „Комунална хигиена“„За подобрување на квалитетот на давањето на услуги, како и за зголемување на контролата на работата на претпријатието, изминатава година поставени се ГПС-уреди во специјалните возила за собирање на смет, со што се следи трасата на движење на возилата. Оваа мерка придонесе за намалување на просечната потрошувачка на гориво по тура за 0,94 литри или за 4,23 проценти во однос на 2017 година.Покрај подигнувањето на комуналниот смет од контејнерите, претпријатието изминатава година спроведе и голема акција за генерално чистење на сите скопски општини, Кејот на реката Вардар, а за првпат по многу години спроведе голема акција за рачно и машинско миење на сите булевари и поголеми улици во градот. Изминатава година, во големата акција за чистење на дивите депонии,  расчистени и подигнати се 5144 кубни метри отпад, што претставува зголемување од 516 проценти во однос на истиот период минатата година. Со своите специјални возила, ЈП „Комунална хигиена“на граѓаните им ја нуди услугата за собирање и транспорт на електронската, електричната опрема и застарениот мебел од нивните домови, а оваа услуга е бесплатна доколку граѓаните самите го депонираат овој вид на отпад во Центри за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари.Од аспект на хуманиот третман на уличните кучиња, во текот на 2018 година Службата за хуман третман и контрола залови 1182 бездомни кучиња од скопските улици што се транспортирани во стационарот „Вардариште“ кои имаат добиено соодветен медицински третман што опфаќа прочистување од внатрешни и надворешни паразити, вакцинирање од беснило и стерилизација. Покрај заловувањето и третманот на кучињата, во текот на 2018 година беа организира поголем број на акции за вдомување на кучиња, при што од страна на граѓаните се вдомени 147 кучиња. Во делот на инвестициони вложувања е набавено и едно специјално возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици.Сите овие новитети во работата на јавното претпријатие влијаеја и на подобрување на финансиското работење и состојба, каде во тековната 2018 година е евидентиран позитивен финансиски резултат и поголема добивка во работењето од 4 милиони денари во однос на минатата година“, велат од претпријатието. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-Kiracovski-Cestitka

(ВИДЕО) Новогодишно обраќање на Кирацовски: 2019 ќе биде година на подобра иднина, година на економија, раст и развој

Зад нас е една успешна година на економско и политичко придвижување на најважните процеси во државата. По години уназадување, изолација и економска стагнација, Македонија ита напред кон светла и сигурна иднина, кон членство во ЕУ и НАТО, вели Александар Кирацовски од СДСМ во своето Новогодишно обраќање.„Покажавме како е да се води напред но и како се носат храбри и државнички одлуки за иднината на државата, за доброто на Вас, граѓаните.Успевме да го зачуваме идентитетот и да ги отвориме перспективите, да ја обезбедиме иднината на Македонија.Во  фокусот беа темелите за иднината и тие се поставени. За подобра живејачка се посветивме на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард.Платите растат во сите сектори, се обезбедуваат се’ повеќе пари за секое семејство.Економијата се придвижи во вистинска насока, расте и индустриското производство, извозот, а невработеноста сериозно се намалува.Сето ова е дел од еден нов систем на вредности, нов однос кон граѓаните, кон економијата, кон иднината на државата и иднинте генерации“, вели Кирацовски.Тој додаде дека успехот на Македонија сите не прави горди.„Она што се случи во оваа 2018 година храбро ја навестува 2019 како година на подобра иднина, година на економија, раст и развој.Македонија ќе продолжи да оди напред, стануваме 30-та членка на НАТО. Се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните, ќе растат платите, ќе се подобрува животниот стандард.Како што се обврзавме, продолжуваме со одговорна, домаќинска работа, во интерес на Вас, граѓните.Драги сограѓани, празничните денови да ги дочекаме во радост, љубов и меѓусебна почит.Ви посакувам успешна, бериќетна и среќна нова 2019 година“, изјави тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ivanov

(ВИДЕО) Новогодишно обраќање на Иванов: Само во успешна и просперитетна татковина ќе можеме да ги оствариме нашите желби

Почитувани сограѓани,Доаѓањето на новата година кај секој од нас буди нови надежи, нови очекувања и копнежи за поубава, посреќна и безгрижна иднина.Годината што измина сите сакаме што побрзо да ја заборавиме, а годината што доаѓа да биде година на остварување на сите наши желби и соништа.Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки вредности. Ја чувствуваме потребата да бидеме солидарни, хумани, чесни и праведни. Да се сакаме, да си простуваме и да се почитуваме.Позитивните мисли што носат ведрина во овие празнични денови, треба да не водат во текот на целата година.Но, да бидеме и доблесни да ги признаеме сопствените грешки и пропусти и да учиме од нив. Да бидеме храбри пред повикот на одговорноста и сите заедно да се посветиме и да градиме праведно општество засновано врз вистината, слободата и мирот. Само во успешна и просперитетна татковина ќе можеме да ги оствариме нашите желби.Почитувани граѓани на Република Македонија,Овие празнични мигови ви посакувам да ги поминете достоинствено и спокојно, со луѓето кои најмногу ве сакаат, почитуваат и чуваат.Ви посакувам многу здравје, радост и среќа, и на секој предизвик да одговорите со мудрост и со добрина.Ви посакувам да имате меѓусебно разбирање, доверба и многу љубов во семејството, со пријателите, соседите, колегите и со сите ваши сограѓани.Од сè срце ви посакувам Среќна Нова 2019-та Година!https://www.facebook.com/macedonianpresident/videos/2040180979394391/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Poster-Toni-Zen-30.12.2018

Вечерва Тони Зен и Tafa and the bend на Винтерленд

Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“.За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.Програмскиот дел денеска почнува во 11 часот со настап на улични забавувачи и забавување со карактерите од царството на Волт Дизни.Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со настапот на музичката група „Tafa and the bend“, а продолжува во 22 часот со ДЏ сет на Тони Зен и „Boogieman“.Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „Винтерленд“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1546155606005-vozac-620x350

Возач на џип гази каде стигне, само за да ја избегне гужвата за празниците

Неверојатна сцена од Косово и Метохија, возач на џип не можеше да чека да помине преку кружниот тек и одлучи да го сврти воланот на лево.Како што може да се забележи д видеото тој преминува преку ивицата на патот и со каливи тркала продолжува да вози на другата страна.„Погледнете во Косово што прави овој возач на автомобил од дијаспората“, стои во описот на видеото.https://www.facebook.com/IndeksonlineOfficial/videos/1980811705556147/ 

Свет | пред 7 години

7 год.
PS-STRUGA

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случила на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко помеѓу камион “ВМЦ“ и автомобил „Фиат Панда“.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката од автомобилот. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.Полициската станица Струга работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voz-avtobus-2

Почина и шестата жртва од автобуската несреќа во Србија

Г.С. (78) е шестата жртва која беше повредена на 21 декември кога воз удри во автобус.Според информациите старицата имала повреди на карлицата и скршеница на бутната коска.16-годишната Л.И. која беше тешко повредена во истата несреќа, се разбуди од кома. Нејзината состојба и понатаму е сериозна, но покажува знаци на подобрување, велат од болницата во Ниш. 

Свет | пред 7 години

7 год.
svr

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа, автомобилот се забил во бандера

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа во која автомобил „Фолсваген голф“ излетал од патот и удрил во бандера, ноќеска во 3.25 часот по полноќ, на регионалниот пат во близина на село Мороишта.Во полицијата било пријавено дека моторно возило „Фолсваген голф“ со струшки регистерски таблици управувано од Х.В.(30) од с.Ливада-струшко излетало од коловозот и удрило во бандера.Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото Х.Ш.(26) од с.Ливада-струшко, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата „Свети Еразмо-Охрид“.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-al

Во Елбасан убиени три лица во автомобил во движење, еден од нив странски државјанин

Во вооружен напад врз возило во движење во албанскиот град Елбасан, убиени се три лица. Еден од нив странец, јавуваат албанските медиуми.Инцидентот се случил синоќа во 21:15 часот, кога три лица со калашњикови пукале во возилото,со италијански регистарск таблички.нНа самото место е убиен државјанин на Турција,кој во Албанија пристигнал во петокот. Другите две лица починале на пат кон градската болница. Тие се Ендрит Алибеај (34) и Арбен Дилѓери (25), кои живееле во странство а во родниот Елбасан биле дојдени за новогодишните празници.Неофицијлно станува збор за конфликт меѓу криминални групи кои се занимавале со шверц на дрога.Полицијата инцидентот го потврди преку сооштение.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Приведено лице кое се барало по телеграма од МВР

Вчера во 23,55 часот во Полициската станица за Граничен премин Табановце на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола констатирано било дека лицето Д.М.(34) од Кочани се барало по телеграма од МВР-Одделение за потраги.Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Италијанските пратеници изгласувајќи доверба на Владата и нов буџет, избегна казни од Брисел

По два часа дискусија на претставниците на разните пратенички групи и меѓусебните обвинувања , изгласана довербата на владата во Итлаија со 327 гласови „за“, 228 гласови „против“ и еден воздржан.Италијанските пратеници го усвоија буџетот што беше договорен со Европската комисија која ја отфрли првата верзија, нешто што за прв пат се случува во историјата на Европската унија.Претходната италијанска влада предводена од левиот центар вети јавен дефицит од 0,8 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2019 година, а новата коалициска влада којашто на власт стапи на 1-ви јуни, предвиде дефицит од 2,4 отсто за следната година, потоа 2,1 процент за 2020 година и 1,8 отсто за 2021 година. Дефицитот од 2,4 отсто од БДП-то е во спротивност со правилата за еврозоната.Новиот ревидиран буџет за 2019 година носи низа измени, но се истакнува ублажувањето на условите за заминување во пензија. Го содржи и клучното движење на Движењето пет ѕвезди (M5S) за месечна плата од 780 евра за 1,7 милиони најсиромашни семејства. Првично за таа цел беа предвидени 9 милијарди евра за 2019 година, а потоа беа намалени на 7,1 милиони евра.Новиот италијански буџет носи и мерка за проштевање за лицата кои не платиле данок,меѓу 2016 и 2017 година, но го пријавиле исправно или пријавиле помалку.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите

Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Република Македонија на секое можно поле. Заради економското цунами на СДСМ, Република Македонија бележи пад на листата за водење бизнис на реномираниот „Форбс“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Како што тоне Република Македонија во корупција така тоне и во економијата, а тоа е една од забелешките на „Форбс“ покрај немањето слобода, невладеење на правото и непочитување на законите од страна на власта.Ако во 2014 година Македонија се наоѓаше на високото 31 место, сега заради криминалната власт на Заев и СДСМ, земјава стигна дури на 68 место. Така наместо да ги привлекуваат инвеститорите тие секојдневно се повеќе и повеќе ги бркаат.Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, но затоа има повисоки плати за функционерите од власта.„Додека власта си ги покачува платите, во исто време ги покачува даноците за граѓаните. ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка сега ќе плаќаат повисоки даноци за да може вицепремиерите да имаат повисоки плати и за да може директорите во сите јавни претпријатија да добијат заменици кои државата ќе ја чинат над 2 милиони евра годишно.Донесоа само живот за своите функционери и партиските послушници, а беда за граѓаните на Република Македонија. Овие црнила кои и ги нанесува СДСМ на Република Македонија мора веднаш да запрат. Многу скоро граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ и ќе ја донесат зората во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hanover

Човек со автомобил се пробил низ влезната капија и стигнал до пистата на аеродромот во Хановер

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хановер, се врти во нормала, откако беше претходно прекинат по инцидентот во кој човек со автомобил се пробил низ влезната капија на оградената аеродромска зона. Возачот успеал некако да стигне до дел од пистата, каде што веднаш бил уапсен.„Автомобилот има полициски регистарски таблици. Прегледан е од страна на полицијата и превземени се сите потребни мерки. Полицајците успеале да го сопрат возилото и да го уапсат возачот“, изјави полицијата од Хановер.Од полицијата информирале дека автомобилот бил со Полансдски регистарски таблички и дека во внатрешноста немало никава опасност.Полицијата ја отфрл можноста дека станува збор за тероростички напад.Хановер е деветти најголем аеродром во Германија. Во 2017 год, 5.87 милиони патници поминлае преку овој аеродром.Причините за инцидентот, сеуште не се познати.фото:euronews

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прободен со нож сопственик на угостителски објект

Вчера 17,20 ч. телефонски во ПС-Кичево e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул.„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М. С.(64) од Кичево.Смрт е кoнстатирана од Итна медицинска помош. На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49243603_319876125527336_7262369782878437376_o

(ФОТО) 20 години група Камелеон, ноќ која ќе се памети во Охрид

Пред повеќе од 500 посетители во комплетно исполнетата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, групата Камелеон вчера одржа концерт кој долго ќе се памети.Во еден глас со публиката, членовите на групата и бројните гости ги отсвиреа 17-те песни, кои за оваа пригода добија комплетно нови аранжмани.- Прекрасна ноќ. Многу убава музика... Пораснавме со нивната музика, беа само дел од коментарите на охриѓани по настапот.Вчерашниот концерт беше круна на неколку месечните подготовки, се` со цел достојно да се одбележи големиот јубилеј - 20 години од постоењето на групата.Камелеон беа сигурни, точни и прецизни во музицирањето, изградија одличен однос со публиката и сосема го оправдаа слоганот од маркетинг кампањата дека „кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели“. Ѓоко Танески, Жармена и маестралниот Горан Папаз, заедно со градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и другите гости направија оваа вечер да биде вистинско уживање за сите посетители.

Магазин | пред 7 години

7 год.
fo-777x437

Фондација „Славко Јаневски“: Ниту во еден момент не бевме консултирани при донесувањето на одлуката за затворање на читалните

„Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, најблаго речено, е непријатно изненадена од ненадејната вест за одлуката на Општина Центар за затворање на двете нејзини читалници, особено за одлуката за затворање на читалницата „Славко Јаневски“.Напоменуваме дека ниту во еден момент не бевме консултирани при донесувањето на оваа одлука ниту пак бевме во можност да понудиме евентуални решенија за да може да се ублажи евидентната штета што оваа одлука неминовно ја носи со себе. Ова го велиме затоа што читалницата „Славко Јаневски“ поседува квалитетен книжен фонд (а тука се наоѓаат и мошне вредни книги), скулптури и уметнички дела. Најголемиот дел од книжниот фонд и уметничките дела се приватни донации и подароци, меѓу кои најзначајна е донацијата на семејството на Славко Јаневски. Со одлуката за затворање на читалницата останува нејасна судбината на сите овие донации и вредни дела. За жал, немаме информација како ќе се постапува со нив, каде ќе завршат и дали донаторите ќе се сложат со новите ршенија. Без оглед на реакциите на јавноста и нашите обиди, надлежните од Општината сѐ уште не немаат контактирано во обид да пронајдеме заедничко решение. Сепак сме во надеж дека заеднички ќе дојдеме до соодветно издржано решение, со кое ќе се минимализира штетата настаната од оваа ситуација.Како што на јавноста ѝ е познато, Фондацијата „Славко Јаневски“ го организира конкурсот за престижната награда „Роман на годината“, која годинава го слави својот 20-годишен јубилеј. Како и минатата година и годинава, според пропозициите на конкурсот, романите се доставуваа во просториите на читалницата „Славко Јаневски“. Поради новите околности, Фондацијата „Славко Јаневски“ објавува дека до крајот на конкурсот (15 јануари) романите ќе се доставуваат во Културно-информативниот центар на Град Скопје (КИЦ), секој работен ден (одговорно лице: Емилија Михајлова). Останатите услови од конкурсот остануваат исти: се пријавуваат пет примероци од романот или се праќаат по пошта на адреса Фондација „Славко Јаневски“, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 19-40-6, 1000 Скопје“, велат од Фндацијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите

Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Република Македонија на секое можно поле. Заради економското цунами на СДСМ, Република Македонија бележи пад на листата за водење бизнис на реномираниот „Форбс“.Како што тоне Република Македонија во корупција така тоне и во економијата, а тоа е една од забелешките на „Форбс“ покрај немањето слобода, невладеење на правото и непочитување на законите од страна на власта.Ако во 2014 година Македонија се наоѓаше на високото 31 место, сега заради криминалната власт на Заев и СДСМ, земјава стигна дури на 68 место. Така наместо да ги привлекуваат инвеститорите тие секојдневно се повеќе и повеќе ги бркаат.Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, но затоа има повисоки плати за функционерите од власта.Додека власта си ги покачува платите, во исто време ги покачува даноците за граѓаните. ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка сега ќе плаќаат повисоки даноци за да може вицепремиерите да имаат повисоки плати и за да може директорите во сите јавни претпријатија да добијат заменици кои државата ќе ја чинат над 2 милиони евра годишно.Донесоа само живот за своите функционери и партиските послушници, а беда за граѓаните на Република Македонија. Овие црнила кои и ги нанесува СДСМ на Република Македонија мора веднаш да запрат. Многу скоро граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ и ќе ја донесат зората во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vreme

Умерено облачно време, за Нова година снег

Денес во утринските часови ќе има зголемена облачност, преку денот умерено облачно, а кон крајот на денот повторно претежно облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -7 до 2 степени, а дневните од 0 до 10 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а температурата ќе се движи од -1 до 6 степени.Утре во текот на денот променливо облачно, во западните и југозападните делови со слаби локални врнежи од снег. За време на Новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Времето денеска умерено облачно со слаб ветер од северен правец

Времето денеска во утринските часови ќе има со зголемена облачност, преку денот умерено облачно, а кон крајот на денот повторно претежно облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец.За утре 31.12 од управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека преку денот ќе преовладува променливо облачно време, во западните и југозападните делови со слаби локални врнежи од снег. За време на Новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubaavica-pozar

(ВИДЕО) Мис Африка за малку ќе изгореше на сцената

Доркас Касинда - Африканската убавица во моментот кога треблао да ја преземе круната после прогласувањето на победатаи и се запали периката, од пиротехничките средства.За среќа не претрпела повреди.На африканската убавица и честитала минатогодишната победничка Гасеангве Балопи од Боцвана. Во моментот кога тие се прегрнале, влетале исрки во нејзината коса и се запалила.– Добро сум, а мојата коса… и таа е добро Сега се чувствувам добро, порачала таа преку Твитер.

Магазин | пред 7 години

7 год.
dete-isceznato

Мајка моли за помош, 19 ден го нема нејзиниот син - МВР во зимски сон!

„19 дена како се нема трага од моето дете. Излезено од дома 10 декември 2018 год со Шкода Фабија. Снимено последен пат на видео камерата од излез Ѓорче Петров раскрсница Сарај. МВР рботи. Единствено знам. Нема трага од моето дете, нема трага од колата, нема трага од телефоните. Игла да беше на некој министер до сега ќе најдеа. Луѓе ве молам помогнете ми..“ напиш на својот фејсбук профил Маја Трпковска, мајка на детето кое МВР веќе 19 дена го води како исчезнато.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hor-jordan

(ВИДЕО) Како звучи “Македонско девојче” во изведба на Јордански хор...

Хор од Јордан ја отпеа „Македонско девојче“. Настапот бил во Вашингтон, објави Македонската обединете дијаспора.Со истата песна хорот се претставил и во јули оваа година во Аман, Јордан. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
kameleon-11

(ВИДЕО) Ноќ која ќе се памети во Охрид, 20 години група Камелеон

Пред повеќе од 500 посетители во комплетно исполнетата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, групата Камелеон вечерва одржа концерт кој долго ќе се памети.Во еден глас со публиката, членовите на групата и бројните гости ги отсвиреа 17-те песни, кои за оваа пригода добија комплетно нови аранжмани.– Прекрасна ноќ. Многу убава музика… Пораснавме со нивната музика, беа само дел од коментарите на охриѓани по настапот.Вечерашниот концерт беше круна на неколку месечните подготовки, се` со цел достојно да се одбележи големиот јубилеј – 20 години од постоењето на групата.Камелеон беа сигурни, точни и прецизни во музицирањето, изградија одличен однос со публиката и сосема го оправдаа слоганот од маркетинг кампањата дека „кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели“. Ѓоко Танески, Жармена и маестралниот Горан Папаз, заедно со градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и другите гости направија оваа вечер да биде вистинско уживање за сите посетители.Во рамките на промотивните активности, вечерва на програмата на Супер радио од 17:00 часот и на ТвМ телевизија од 17:30 часот се емитуваа посебно изработените документарни филмови за 20-те години од постоењето на групата.Време е за нови 20 години со Камелеон, исполнети со многу дружба и вистинско музичко уживање… Затоа што знаат што е добра музика, затоа што звучат одлично, затоа што се од Охрид и затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања