7 год.
Нема фотографија

Во Македонија детектиран тигрест комарец

На територијата на Република Македонија е детектиран азиски-тигрест комарец. Се врши мапирање на целата територија за да се утврди каде се е проширен овој комарец. Агенцијата спроведува дополнителни програми за евентуално утврдување дали овој комарец има пренесено болести кај животните, информираше на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, заедно со епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски.-Согласно резултатите што ги имаме добиено – потенцира Атанасов, нема потврда за постоење на такви болести и не постои таква опасност.Според информациите на Агенцијата, информира тој, овој вид комарец прв пат е детектиран 2016 година само во реонот на Богданци, а оваа година е проширен во Дојран и повеќе општини во Скопје.Појасни дека спецификата на комарецот е да се размножува и да живее на одредени температури и на одредена надморска височина.– Мамките се поставени оваа година во речиси цела источна Македонија, и се продолжува во другиот дел од државата за да добиеме целосна слика за тоа дали е проширен и во другите краеви – рече Атанасов и додаде оти е формирана превентивна група во која меѓу другите членови се и тој и министерот за здравство Венко Филипче и на дневна основа се испитуваат сите информации.Епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски информира дека до денеска нема регистрирано никакви случаи на инфекција, ниту заболување од овој тип комарец во Република Македонија.Напоменувајќи дека будно се следи состојбата во регионот и во околните држави, како што се Србија, Бугарија, Грција, Албанија и други, информира дека таму има регистрирано поголем број заболени лица, дури и смртни случаи.Караџовски посочи дека симптоми од убод од тигрест комарец се црвенило на кожата, оток, слабост, малаксаност, главоболка, тегоби, повишена температура, но сепак, потенцира, не значи дека се работи за убод од овој комарец.Превентива за населението при одење во шумски предели, во паркови, појасни е мачкање на сите откриени површини, како и бела облека за да може да се забележи комарецот ако е на вас.– Не постои ризик од некои заболувања односно ризикот е безначаен, заради тоа што согласно временската прогноза ќе се залади, а таа температура воопшто не му одговара на комарецот за да може да се размножува. Се размножува во многу мало количествовода, дури и во чаша или тацна што се навадуваат цвеќиња, застоени гуми, води…. овој комарец го хибернира зимскиот период и станува активен од март па натаму, а најголема активност покажува јуни, јули и август – рече Караџовски.Институтот, подвлече, бара во иднина секоја локална самоуправа да одвои дел од општинските буџети и да превенираат ДДД на водени, шумски и ливадски површини.– Подготвени сме за вакви активности поврзани  со климатските промени. Во 2012-2013 година издадена е брошура за поврзаноста на климатските промени со појавата на инфективните заболувања во РМ, како и безброј брошури  за појавата на комарците, заштита од убод на комарец и од крлежи – информира меѓу другото епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Sonuvanja07

Несекојдневен мултимедијален концерт: Сонувања за заборавеното

Во претесната сала на киното Мис Стон во Прилеп беше изведен навистина несекојдневен мултимедијален концертен перформанс насловен „Сонувања за заборавеното“.Публиката во Прилепимашереткаможностдаприсуствуванаодличенмузички настанкојбешебазиранврзкомбинацијанаповеќемузичкистилови, вокоидоминирашеизведбанакласичнатазападноевропскамузикаод 17 и 18 век, конкојакакоконтрапунктбеавклученинејзинитеисточнипаралели.Идејатанапроектотбешедасенаправиспоредбанамузичкототворештвонанашитепросторисоонавозападноевропскитецентри и насетотоадамуседадепоширокарамкаповрзувајќигимузичките и историскитезбиднувања.Низдинамичната и експресивнаизведбанасопранотАнаМитоскаСтојаноска, зачинетасонарацијатанаактерот и режисерДимитарЃорѓиевски, запрвпатнамакедонскапочвабеаизведениделаодФранческаКачини, ДоменикоСкарлати, БарбараСтроци, Георг Ф. Хендл, но и византиски и народниизворнипесникакоМоредвасезмеја и Домаќинегоститидојдоа.Вопроектотсвојбелегоставија и ВерицаШотаровска – пијано, КатеринаПопоска – мецосопран, ГоцеСекулоски - труба и вокал, ДенисНајдоски - пијано и вокал, АнтонијКолевски - вокал и МиланСекулоски - актер.Публикатабешевоодушевенаоднастапот, а носителотнапроектотАнаМитоскаСтојаносканајавиможностзагостувањениздругитеградовивоМакедонија, соцел и поширокатамакедонскајавностдаможедауживавоовојуметничкиперформанс.Завременацелиотнастап, сликашеуметничкатаБојанаАртиновска - Трпческа, а техничката и визуелнареализацијабешеделонаТомеТемелкоски и СашаНацевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
urgenten-678x381

Жена прегазена во кругот на Клиника

Вчера во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на сервисната улица во кругот на Комплекс клиники “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Пежо-206“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Н.(29) од Скопје удрило во пешак А.Г.П.(69) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.П., која со истото возило била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kirovski

Кировски распали го тие кои го критикуваат: Секој си дава за право да ти кажува како да ја вршиш работата

Главниот и одговорен уредник на ТВ Телма, се огласи на социјалните мрежи по критиките дека врши им врши цензура на вработените.„Тешко е неписменоста, глупоста и некомпетентноста во Македонија да не те изнервираат, иако за жал, тоа е нашето секојдневие. И секој си дава за право да ти кажува како да ја вршиш твојата работа, иако, се рaзбира нема поим од тоа. За една работа Србите се во право : "Мишљење је као д***! Свако га има“, напиша Кировски.[embed]https://www.facebook.com/atanas.kirovski/posts/10211284451539346[/embed]Главниот уредник на Телма, Атанас Кировски со известување им забранил на вработените да објавуваат политички коментари, мислења и статуси кои не се одобрени од него и другите уредници.[embed]https://www.facebook.com/atanas.kirovski/posts/10211284064889680?hc_location=ufi[/embed]“Вработените во ТВ Телма ја претставуваат телевизијата. Било каков политички став, коментар или мислење на одредени теми се интерпретира како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ Телма. Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на фејсубук и твитер профили, како и на други социјални медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ Телма”, пишува во известувањето потпишано од Кировски.Со ова, Кировски ги цензурира вработените јавно да го кажат својот став, коментира јавноста, а реакции има и од новинари вработени во други медиумски куќи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Аеродром со 300 000 евра против загадувањето

Градоначалникот Златко Марин се уште верува дека деветкатницата кај Мајчин Дом нема да се гради. Вели дека во тек се преговори со инвеститорот, каде се разговара за обештетување, од кои тој очекува позитивен исход.„Тоа е сума, сега да не навлегуваме во бројките. Тоа е отприлика сумата што ја откупил како земјиште, сумата на земјиштето и комуналиите што се уплатени во Град Скопје и во Општина Аеродром. А обештетување од аспект на профит не паднало муабет до сега.“ – изјави Златко Марин, градоначалник на Општина Аеродром.Минатата среда градежната инспекција на Општината на 15 дена ја стопираше изградбата поради утврдени недостатоци на градилиштето. Рокот кои го предвидоа за да се изнајде решение заедно со инвеститорот, истекува следната среда. И додека се чека исходот, Марин денеска се пофали дека ќе ги зголемува зелените површини во Аеродром. Со 300 илјади евра општината ќе се бори и против загадениот воздух.„Набавивме 1 800 садници и имаме предвидено 4 нови паркови во Мичурин и во Стар Аердром. Наша цел е да креираме и да реализираме мерки чии резултатити ќе бидат видливи и ќе имаат реален придонес за подобрување на квалитетниот живот на граѓаните во Општина Аеродром“ – дециден е Марин.И додека општините допрва ги најавуваат мерките со кои ќе се борат против загадувањето - мерните станици вчера измерија дека ПМ10 честичките во воздухот се три пати над дозволеното.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kucinja-bezdomnici

Слаб интерес кај скопјани за вдомување на кучиња

Од приближно шеесет кучиња што го поминале целокупниот медицински третман во стационарот „Вардариште“, во рамки на акцијата „Вдоми – не купувај“, беа вдомени десет. Ваквиот слаб одѕив се должи на фактот дека чипирањето на домашните миленици се воведе како законска обврска за сопствениците и во моментов бесплатно се реализира преку Агенцијата за храна и ветеринарство.На тој начин, како што изјави за МИА директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, ќе се овозможи следење на одговорното сопствеништво врз овие животни, кои во голем број случаи се оставени на улиците токму од страна на нивните сопственици.– ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со стандардните активности за заловување и третирање на бездомните кучиња во Скопје, во рамки на стационарот „Вардариште“. Апелираме и ги повикуваме вистинските љубители на животните да го посетат стационарот и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие бездомни кучиња што им ги отстапуваме без никаков паричен надомест, изјави Шабани.За акцијата „Вдоми – не купувај“Акцијата за вдомување бездомни кучиња „Вдоми – не купувај“ се реализираше во рамки на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните – 4 октомври. Од 4 до 10 октомври годинава стационарот за бездомни животни „Вардариште“ беше отворен од 9 до 19 часот за сите љубители на животните што сакаат да си одберат куче за вдомување. Кучињата се прегледани од ветеринар, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.Од „Комунална хигиена“ ги повикуваат љубителите на животни што планираат да купат миленик да го посетат стационарот „Вардариште“ и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани кучињата им се отстапуваат без паричен надомест.Во соработка со Град Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ од 2007 година го спроведува Проектот за третман на бездомните кучиња според принципите за хуман третман на животните – ЦНР-програма (catch, neuter, release – залови, стерилизирај, пушти), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA). Оваа програма е поддржана од Светската здравствена организација. (WHO), а одобрена од Советот на Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Канада легализира употреба на марихуана

Канада од денеска стана втората земја, по Уругвај, која легализира поседување и рекреативно користење на канабис.На Канаѓаните од денеска им е дозволено да одгледуваат, поседуваат и конзумираат канабис за рекреативни цели.Дериватите на канабисот, како што се храна, козметика или електронски цигари со марихуана, ќе бидат дозволени од 2019 година, но канадските претприемачи веќе почнаа подготовки за да заземат место на пазарот кој ветува.Откако либералниот премиер Џастин Трудо беше избран кон крајот на 2015 година, финансиските пазари влегоа во нов бизнис и канадските производители на канабис веќе заработуваат милијарди. Трите најголеми компании котирани на Берзата во Торонто веќе имаат акумулирано повеќе од 30 милијарди канадски долари (19,9 милијарди евра).Легализацијата би требало да ја стимулира канадската економија и да произведе меѓу 816 милиони и 1,1 милијарда долари нови приходи во четвртиот квартал од тековната година. Во ова не е пресметан црниот пазар кој произведува една четвртина од сите „џоинти“ испушени во Канада, покажуваат податоците на Канадското статистичко биро.Статистичкото биро проценува дека 5,4 милиони Канаѓани, или 15 проценти од населението, до крајот на 2018 година ќе купуваат канабис во овластени продавници.

Свет | пред 7 години

7 год.
eksplozija-bomba

Бомба експлодирала во возило на водителка од ТВ Пинк

Вчера попладен околу 13 и 30, во Белград, експлодирал ,,Голф“, управуван од таткото на познатат српска водителка Маријана Мичиќ, вработена во ТВ Пинк.Ова е второ возила кренато во воздух за неполни два месеца, на водителка во оваа телевизија.На први септември експлодираше џипот на Душица Јаковљевиќ, исто така водителка во ТВ Пинк.Таткото на Мичиќ останал жив, а водителката одбила да коментира. Само изјавила дека голфот што го возел татко ѝ седум години не се води на нејзино име.Во возилата на двете водителки биле поставени бомби.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода делови од општина Центар

Заради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник ¾ цол на ул. „Христо Смирненски“ бр. 32 без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица и дел од ул. „Борка Талевски“ во општина Центар.Како што соопштуваат од РЦУК, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја делови од неколку скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе бидат делови од општините Кисела Вода Чучер Сандево и Студеничани.Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците Полог и Зеленгора, во општина Кисела Вода, од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. „Антон Димитров“ во Драчево, општина Кисела Вода.Без струја од 08:45 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од селата Кучевиште, Побожје, дел од Љубанци, Бродец, Танушевци и Брест, во општина Чучер-Сандево.Од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањео со струја ќе имаат корисниците од село Батинци ул. „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Четири лица со тешки повреди и 14 со полесни во 18 сообраќајки вчера во Скопје

Двајца пешаци, еден возач на патничко моторно возило и еден патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди, 14 со полесни телесни повреди во вкупно 18 сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во шест од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 23 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 27 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување под дејство на алкохол, 20 без стекнато право на управување со моторно возило и пет возачи почетници.Од сообраќај полицијата исклучила 18 возила зашто не биле регистрирани.Непрописно паркирани биле 85 возила, а пајак службата подигнала 71 возило.Полицијата санкционирала и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, и тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gaza

Израелски борбени авиони го нападнаа Појасот Газа

Израелски воени авиони утрово погодија цели во Појасот Газа откако милитантни сили од таа енклава ракетираа куќа во израелскиот град Беер Шива, соопшти израелската армија.Во изјава за Израелското радио, лекар изјави дека три лица се пренесени во болница со тешки повреди откако проектилот ја погодил нивната куќа.Израелските воени авиони погодиле три цели. И засега нема информации за жртви.

Свет | пред 7 години

7 год.
bosna

На Федерацијата БиХ и се заканува политичка блокада

   Десет дена по изборите во Босна и Херцеговина станува се поизвесно дека формирањето на новите владини институции во Федерација БиХ нема да оди ни малку лесно и не е исклучено овој бошњачко-хрватски ентитет да западне во политичка криза.Главна причини за тоа е изборот на Жељко Комшиќ од Демократскиот фронт за хрватски член на Претседателството на БиХ, што дополнително ги усложни и онака компликуваните односи меѓу Бошњаците и Хрватите во Федерацијата.Најголемата партија на Хрватите во БиХ, национал-конзервативната Хрватска демократска заедница (ХДЗ) обвинува дека Комшиќ, кој е лидер на мултиетничкиот Демократски фронт, за член на Претседателството е избран благодарение на гласовите на Бошњаците, а дека мнозинството Хрвати гласале за кандидатот на ХДЗ, Драган Човиќ.ХДЗ од друга страна освои најмногу гласови меѓу хрватските партии и извојува апсолутна победа во кантоните во кои Хрватите се мнозинство, со што се наметнува како неизбежен учесник во формирањето на идните органи на власта во земјата.Човиќ, кој минатиот викенд престојуваше во Загреб, каде за изборите и постизборниот процес во БиХ разговараше со хрватските власти, по враќањето во земјата го услови учествово на ХДЗ во органите на власта со измена на изборното законодавство.– Изборниот закон мора да биде претходна фаза во барањето партнерство со партиите со кои би направиле нова реформска агенда во која би требало да се дефинира економската стабилност, правната сигурност и европскиот пат на БиХ, изјави Човиќ, чија партија учествува во сите влади во земјата по завршувањето на Војната во БиХ во 1995 година.Тој најави дека ХДЗ ќе бара партнери со кои ќе се измени Изборниот закон, со цел да се гарантира почитување на „основите на легитимно претставување“ на сите конститутивни народи во БиХ.ХДЗ обвинува дека сегашниот изборен закон овозможува за изборот на хрватскиот член на Претседателството да не решаваат само Хрватите, туку и припадниците на другите народи во БиХ. Според партијата. Бошњаците сега имаат „два член на Претседателството“, а Хрватите ниту еден.

Свет | пред 7 години

7 год.
forum

Почнува Белградскиот безбедносен форум – најпрестижен во овој дел од Европа

  Белградскиот безбедносен форум, осми по ред, најпрестижен форум во овој дел од Европа, ќе почне денеска во Белград, каде ќе зборуваат претседатели, премиери и државни функционери.Ќе се дискутира на вкупно 20 панели и сесии, со 111 говорници и повеќе од 700 учесници од Србија, регионот и други делови од Европа и светот.На тридневниот форум ќе зборуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ, австрискиот претседател Александар ван дер Белен, премиерите на Србија и Македонија Ана Брнабиќ и Зоран Заев, заменици министри за надворешни работи на Италија и Чешка Емануел Дел Ре и Давид Конешки, заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Метју Палмер и важни претставници на регионалната и меѓународната политичка и дипломатска сцена.Форумот традиционално ќе биде отворен со академски настан што ќе ги обедини младите и потенцијалните истражувачи кои ќе водат дијалог за тоа „Колку одговорите на ЕУ за кризи во средината се прилагодени на специфичностите на конфликтите”.Темите на дискусијата на првиот ден ќе бидат иднината на Западен Балкан, придонесот за реформите на ЕУ во БиХ и турбуленциите на Блискиот Исток.На вториот ден од форумот, претседателот на Србија ќе учествува заедно со австрискиот претседател Александар ван дер Белен на панелот „Западен Балкан и Европската унија”.Павол Демеш од германскиот Маршалов фонд на САД ќе понуди одговори на прашањата за тоа како Србија придонесува за Европа, кои се вредностите што Австрија ќе ги промовира за време на своето претседателствување со ЕУ, дали политиката на проширување ќе остане еден од клучните принципи на ЕУ и каква е визијата за иднината на регионот.Ќе се  разговара и за односот на Западот и Русија, растечкото влијание на Азија, улогата на жените во политиката и влијанието на корупцијата на високо ниво врз меѓународната безбедност. Исто така, ќе се дискутира и за новата фаза на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, за влијанието на Германија и САД во регионот, и постои голем интерес на публиката за разговорите за сценаријата за иднината на Балканот.На третиот ден од Форумот, заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Метју Палмер, ќе одржи говор за прашањето за зајакнување на Балканот.Теми ќе бидат и четвртата индустриска револуција, одбраната против пропаганда и дезинформации, кибер-безбедноста, како и изгледите за правда и помирување во регионот.Премиерите на Србија и Македонија, Ана Брнабиќ и Зоран Заев ќе зборуваат на завршниот панел насловен „Кон подобро поврзан регион”, а дијалогот ќе го модерира колумнистката на  Гардијан, Натали Нугирар.

Свет | пред 7 години

7 год.
pivo-1

Научници: Климатските промени ќе предизвикаат недостиг од пиво

Зачестените топлотни удари и суши предизвикани од климатските промени ќе го намалат приносот на јачмен, а со тоа и производство на пиво, објавија научници.Јачменот е многу подложен на суша и жештина, а неговото производство ќе се намали ако продолжат климатските промени, што ќе предизвика недостиг од пиво и зголемување на цените, се вели во студија објавена во Nature Plants.– Целта на оваа студија не е да ги поттикне луѓето да пијат повеќе денес, рече Дабо Гуан, професор по економика на Универзитетот Источна Англија во Норвич.– Ако не сакаме да се случи ова, ако се уште сакате да имате пиво или две, тоа е единствениот начин да работиме заедно за да се бориме против климатските промени, рече тој.Само јачменот со најдобар квалитет (помалку од 20 проценти од вкупното глобално производство) се користи за пиво. Со останатиот дел се храни добитокот.Ако глобалното затоплување продолжи со ова темпо, екстремни жештини и суша ќе ги зафатат регионите каде јачменот се одгледува барем еднаш годишно. Ова ќе доведе до пад на производството на пиво за 16 проценти. Поради тоа, цените ќе се зголемат двојно во просек, вели студијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Европски ден на статистиката „Подобри податоци денес за подобро утре“

Државниот завод за статистика денеска го одбележува Европскиот ден на статистиката на тема „Подобри податоци денес за подоро утре“.На настанот најавено е учество на премиерот Зоран Заев, директорката на европското статистичко биро Маријана Коцева, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, претседателот на МАНУ Таки Фити, министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска Бежовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и деканот на Економскиот факултет Љубомир Дракулески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

  Конференција за сиромашни и социјално исклучени лица ќе се одржи денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата.На конференцијата, што ќе се одржи во Клубот на пратениците, меѓу другите, ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата ќе биде одбележан и на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје.На настанот на Институтот, меѓудругото, ќе се зборува за сиромаштија во исхраната и материјална депривација во Република Македонија, за квалитетот на исхраната кај ранливи домаќинства во Македонија: наоди од квалитативно истражување, за статусот и предизвиците во функционирањето на јавните кујни во Македонија, како и за алтернативите во справувањето со сиромаштијата со храна.

Македонија | пред 7 години

7 год.
retarda-1

Собранието ја продолжува расправата за уставните измени

Собранието на Македонија денеска ја продолжува седницата на која се расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Премиерот Зоран Заев во текот на вчерашната седница изјави дека бил подготвен да разговара со опозицијата за да се дојде до консензус за ова прашање. „Сега само се утврдува потреба за отпочнување на уставни амандмани, ќе има понатаму гласање за нацртот, ќе имаме двотретинско гласање за уставните амандмани. Тоа е процес којшто ќе трае повеќе од 100 дена. Затоа уште еднаш како прв во извршната власт кажувам спремен сум да седнам со сите вклучитело и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да изградиме сценарио и консензус по ова прашање“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Следи температурен шок и нагла промена

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер.Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 23 до 28 степени.Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец.  Утринската темптература ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушти постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pompeo

Помпео: Саудијците нема да исклучат никој од истрагата за исчезнувањето на новинарот Кашоги

  Саудиските лидери нема да исклучат никого од истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео по разговорите во Ријад. Саудиските лидери ветија дека ќе бараат сметка од секој кој, според истрагата, должи објаснувања. Тоа го нагласи Помпео пред новинари пред да замине од Ријад за Анкара.Запрашан дали таа обврска важи и за претставниците на кралското семејство во Саудиска Арабија, државниот секретар одговори дека саудиските власти јасно навеле дека нема да направат никакви исклучоци.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања