7 год.
Нема фотографија

САД одобрија одгледување на генетски модифициран памук за храна

Американските регулаторни тела одобрија фармерите да одгледуваат генетски модифициран памук за да може и семето од него да биде хранливо за луѓето.Семето би било нов извор на храна со потенцијално богати протеини и може да се покаже како корисно во држави каде се одгледува памук, и истовремено владее неисхранетост на населениетоИнспекциската служба за контрола на растенија и животни во американското Министерство за земјоделство укина забрана за одгледување памук што е развиен од научници од Универзитетот АиМ во Тексас.Семето на памукот на новоразвиеното растение се уште не може да се користи како храна во САД, бидејќи се чека на дозвола од Управата за храна и лекови (ФДА).Памукот се одгледува во светот за производство на текстил, додека семето се користи за храна за животни, стока и овци кои имаат повеќе комори во желудникот.Семето од памукот не се применува за исхрана на луѓето, бидејќи содржи големи количини токсини. Ако количината на семето на памук што моментов се произведува во светот се користи за исхрана, тоа би било доволно извор на протеини за речиси 575 милиони луѓе, нагласуваат научници.

Свет | пред 7 години

7 год.
zakintos-1024x570

Земјотрес на Закинтос

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го стресе грчкиот остров Закинтос во Јонското Море, соопшти атинскиот Национален институт за геодинамика.Потресот е регистриран околу еден часот по полноќ, со епицентар на 55 километри југозападно од островот.Како што пренесе грчката новинска агенција АНА, засега нема извештаи за евентуални штети или повредени.

Свет | пред 7 години

7 год.
lancani-kod-batocine-jagodine-1-830x0

Верижен судир на автопатот Ниш-Белград

Едно лице загина попладнево при верижен судир на автопатот Ниш-Белград во близина на местото Баточина.https://www.instagram.com/p/BpEvfoWHg2p/?taken-by=ikragujevacВо судирот учествувале три товарни возила, два автомобили, комби и пикап.Според белградските медиуми, во време на инцидентот на тој дел од автопатот имало густ чад предизвикан од запалена нискостеблеста шума во близина.Поради судирот сообраќајот на автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат на околните патишта, поради што е создадена километарска колона.Ова е втор верижен судир на истиот автопат во последниве дестина дена. При судир на над триесет возила на потегот на автопатот помеѓу градовите Ќуприја и Јагодина, на 9 октомври, загинаа шест лица загинаа, а 27 беа повредени.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Полициски автомобил удри во 18-годишник

На скопскиот булевар Кузман Јосифоски-Питу, во попладневните часови на вчерашниот ден (17 октомври), 37-годишник кој управувал автомобил „шкода октавија“, во сопственост на МВР, удрил во 18-годишен пешак од Скопје.По ударот момчето било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Изгоре кровот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ноќта на 16 октомври, во објектот котларница од страна на внатрешното обезбедување бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела.Како што информираат од МВР, во моментот на пожарот котларнцата не била во функција, односно не работела и нема повредени лица.Од страна на противпожарна единица од Тетово, пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила полициска екипа и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тепачка поради првенство на минување во сообраќајот

Вчера во текот на денот на улицата „Љубљанска“ бил нарушен јавниот ред и мир, откако дошло до тепачка помеѓу четири лица, од едната страна биле две лица едно на возраст од 18 години, другиот на возраст од 30 години , а од другата страна еден маж на возраст од 45 години и момче на возраст од 23 години, инфрмираа од полицијата.До тепачката допло по претходна вербална расправија меѓу лица поради давања првенство на минување во сообраќајот. А едно од лицата поради добиени телесни повреди од тепачката завршило и во општата болница „8-ми Септември“.Од полицијата посочија дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Привремен сообраќаен режим на улицата „Антон Панов“

Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“, од утре (19.10.2018 година, петок) до завршувањето на градежните работи, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.Привремениот сообраќаен режим се воведува на потегот од крстосницата со улица „Павел Шатев“ до  крстосницата со улица „Димо Хаџи Димов“ (кај Шампионче).За време на извршувањето на градежните работи на оваа траса ќе биде забранет сообраќајот за тешките товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз кои ќе се пренасочат и ќе се движат по булеварот „Борис Трајковски“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
aviometro

Отворен нов терминал на московскиот аеродром „Шереметјево”: Погледнете како изгледа

Влез во „авиометро”. Тоа е класичен „хоризонтален лифт”, но со стаклени врати и ѕидови.Секој вагон на возот кој го поврзува новиот со старите терминали има осум седишта и 19 места за стоење. Секој воз е сочинет од четири вагони. За следниот воз нема да чекате подолго од четири минути. Исто така ви се потребни четири минути да стигнете до одредиштето.Следниве ескалатори ве водат до зоната за полетување. Ентериерот потсетува на стилот што владееше во Русија во 20-те години од минатиот век.Но не секаде. На некои места се враќате во модерната доба, затоа што на сите страни имате различни екрани.Овој специјален пас помага во откривањето на шверцувана роба. Ова е мелез од севернокавкаски шакал и арктички пес кој чува стада ирваси.Самопослужувачки места за чекирање каде можете да ја отпечатите вашата бординг карта и да платите за прекумерна тежина на багажот.Чекалната за бизнис-класата под називот „Рубљов” според познатиот руски средновековен иконописец. Може да се пофали со најдолгиот шанк на светот.Дизајнот потсетува на купола на црква и на плетена ограда во руско село.ВИП-чекалната за ѕвезди и политичари има уште полуксузен ентериер и удобни фотелји за одмор.Ова е транзитот за домашни летови.Новите ресторани се декорирани на свој начин, но се вклопуваат во целокупниот стил на терминалот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Седум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот подигнал 72 возила

Двајца се здобиле со полесни телесни повреди во вкупно седум сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во пет од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 32 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 10 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои четири поради управување под дејство на алкохол, шест без стекнато право на управување со моторно возило.Од сообраќај полицијата исклучила три возила кои биле технички неисправни и седум возила зашто не биле регистрирани.Непрописно паркирани биле 106 возила, а пајак службата подигнала 72 возило.Полицијата санкционирала и 20 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, шест пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).Во Основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, денеска СВР Скопје Одделение за превенција согласно годишната програма за работа, во соработка со Општина Центар ,Агенција ТРИ СТАР како и основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, во Општина Центар, во учебната 2018/2019 година ќе започне со реализирање на едукативни работилници од областа на сообраќајот на учениците од ИИ-ро и ИВ- то одделение, во рамките на сообраќајно-воспитната акција “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ .Едукацијата ќе биде реализирана и прилагодена на возраста на децата.Од страна на Агенција ТРИ СТАР на учениците ќе бидат донирани сто фосфорни елеци дизајнирани со сообраќајни знаци .Акцијата се состои од два дела и тоа: Едукација на учениците од второ одделение и едукација на учениците од четврто одделение. Истата ќе се реализира паралелно во училиштата во текот на целата учебна година, со предавањата ќе бидат опфатени сите централни и подрачни училишта.

Скопје | пред 7 години

7 год.
osomnicen

Осомниченот за убиството на новинарката екстрадиран во Бугарија

Германија ѝ го екстрадираше на Бугарија осомничениот за убиството на бугарската телевизиска новинарка Викторија Маринова, објави официјален претставник од Министерството за внатрешни работи.„Германските власти го екстрадираа 21-годишниот жител на градот Русе“, објави Министерството за внатрешни работи, пренесе Ројтерс.Бугаринот Северин Красимиров ќе биде обвинет за силување и убиство на 30-годишната Маринова, чие тело беше пронајдено во паркот во нејзиниот роден град Русе на 6 октомври.Германскиот обвинител потврди дека Красимиров бил екстрадиран во Софија со лет од Франкфурт.Красимиров минатата недела е уапсен во Германија и призна делумна вина пред германскиот суд.Полицијата соопшти дека Маринова била претепана, силувана и задавена.Обвинителството соопшти дека доказите не укажуваат на тоа дека смртта на Маринова е поврзана со нејзината работа и дека укажуваат на случаен сексуален напад, иако сите можности се испитуваат.

Свет | пред 7 години

7 год.
dveri

Пратеник од Двери со смртни закани кон Вучиќ и Брнабиќ

   Пратеникот од движењето Двери, Срѓан Ного во емисија на Јутјуб каналот им се заканил со смрт на српскиот претседател Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ.Ного во изјава за еден медиум на Јутјуб каналот истакнал дека, според неговите сознанија, Ана Брнабиќ веќе го потпишала Даблинскиот договор со ЕУ за мигрантите, и доколку е тоа вистина тогаш „таа треба да биде обесена во истиот момент на плоштадот Теразије, а покрај неа да виси и Александар Вучиќ“.– Доколку Брнабиќ навистина го потпишала Даблинскиот договор, а јас имам некои информации дека го направила тоа, тогаш Брисел може да и испорача на Србија еден милион и двесте илјади мигранти, тврди Ного.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Конференција за трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост

  По повод одбележувањето 25 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), денеска во Музејот на современата уметност ќе се одржи конференцијата „Трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост во Република Македонија“.На конференцијата ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши, а како говорници се најавени директорот на ДЗИС, Сафет Емурали, заменик претседателот на Европскиот патентен завод Жељко Топиќ и претставникот на Светската организација за интелектуална сопственост Силвија Трпковска.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

И утре ќе се фрлаат вакцинални мамки низ Македонија - граѓаните да бидат внимателни

Утре завршува реализацијата на есенската кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за орална вакцинација на лисците против беснило. Акцијата почна на 11 октомври од спортските аеродроми во Скопје и Штип.Заклучно со утрешниот ден авионски ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки на целата територија на  Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови.Вакцините содржат атенуиран вирус на беснило и се наменети исклучиво за имунизација на лисици. Со нив не смее да се врши имунизирање на домашните животни. Миризбата од мамката може да ги привлече домашните миленици и тие да ја конзумираат мамката.- Сопствениците на домашните миленици во текот на кампањата и две недели по фрлањето на вакциналните мамки да не им дозволат слободното движење на кучињата и мачките во регионите каде се врши или е извршена вакцинацијата. Граѓаните да внимаваат при движење во природа и ако најдат мамка никако да не ја допираат, апелира АХВ.Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките има пластична капсула со течна вакцина која содржи ослабен вирус на беснило и биолошки маркер - тетрациклин за утврдување на успешноста на вакцинацијата.- Апелираме мамката да не се допира, но, доколку сепак граѓаните дојдат во контакт со неа, таа треба внимателно да се отстрани и да се остави во помалку населена област, каде ќе биде неможно да дојде во контакт со деца. Ако се случи граѓаните да дојдат во контакт со течната содржина од капсулата, неопходно е рацете да се измијат со голема количина сапун и вода, во траење од најмалку пет минути и задолжително веднаш да појдат на лекар. Мамката внимателно треба да се земе со ракавица или кеса и да се понесе со себе, наведува Агенцијата.Детално упатство за постапка доколку дојдете во контакт со вакцинална мамка може да се преземе од веб страницата на АХВ.По реализација на вакциналната кампања против беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе пост-вакцинален мониторинг заради контрола на успешноста на оралната вакцинација.Тринаесеттата вакцинација на лисиците против беснило Агенцијата ја реализира со финансиска поддршка од Европската унија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

До петок стабилно и суво време

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а максималната од 22 до 27 степени. Во Скопје претежно сончево со температура од 7 до 25 степени.До петок ќе се задржи стабилно и суво време, со дневни температури над просекот за овој период од годината. Од сабота ќе започне да дува повремено засилен северен ветер, а од недела ќе преовладува променливо облачно, ветровито и постудено време со повремени врнежи од дожд.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Состанок на француско-германската иницијатива за нелегалната трговија со оружје

Состанок на француско-германската иницијатива за координација на донатори во врска со нелегалната трговија со огнено оружје во Западен Балкан ќе се одржи денеска во Делегацијата на Европската Унија во Скопје.Во 8:45 часот пред Делегацијата на Европската Унија, министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, ќе даде изјава пред да го отвори настанот, како и во 16:30 часот во салата на  Инфо-центарот на ЕУ, на конференција за печат на која шефовите на француската и на германската делегација ќе информираат за текот и за заклучоците од состанокот.Големото ширење на мало и лесно оружје (SALW – МЛО) во регионот на Западен Балкан и постојаните предизвици за негова ефикасна контрола, носи ризици како за регионалната, така и за европската безбедност. Препознавајќи ја потребата за поинтегрирана и покоординирана акција за справување со проблемите со МЛО во регионот на Западен Балкан, Германија и Франција почнаа заедничка иницијатива за координација на донатори за нелегална трговија со огнено оружје и сеопфатна контрола на МЛО. Оваа иницијатива има пристап на две нивоа.Регионален акционен план со специфични и мерливи цели за намалување на недозволената трговија со мало оружје до 2024 година, беше разработен и договорен од страна на партнерите од Западен Балкан. Овој документ претставува основа за зајакнување на соработката помеѓу донаторската заедница и властите од Западен Балкан. Документот беше официјално одобрен од шефовите на држави и влади на Самитот за Западен Балкан од Берлинскиот процес на 10 јули во Лондон.На национално ниво, донаторските координативни состаноци со кои претседаваат Германија и Франција годинава се организирани кај сите шест регионални партнери за да обезбедат заедничка анализа од страна на националните власти и меѓународните партнери за приоритетите за подобрување на борбата против недозволената трговија со огнено оружје и да ги идентификуваат можностите за понатамошна соработка и иницијативи за заедничко програмирање. Состаноците, исто така, придонесуваат за изработка на националните акциски планови за спроведување на регионалниот план. Првите четири национални донаторски состаноци се одржаа во Подгорица на 2 февруари, во Белград на 18 април, во Сараево на 5 јуни и во Тирана на 20 септември.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денеска почнуваат пристапните разговори за НАТО

Македонија денеска треба да ги почне пристапните разговори со НАТО. Официјалниот старт ќе биде во Брисел, каде што ќе присуствуваат членовите на работниот комитет и на комитетот за интеграција. Со тоа се влегува во втората фаза од процесот, што е и фаза пред членство во Алијансата. Во оваа фаза ќе биде утврдена и временската рамка за комплетирање на процесот, што во нашиот случај е крајот на декември. Во јануари идната година треба да се потпише протоколот за пристапување на државата во сите тела и органи на НАТО, но без можност да гласа, а приемот во полноправно членство ќе се случи откако земјите членки ќе ги ратификуваат протоколот и тоа секоја посебно. Планирано е тоа прва да го стори Грција. Но, сето ова паѓа во вода доколку Преспанскиот договор не се имплементира целосно.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sobranie-1

Уште еден ден за убедување на пратениците од опозицијата, расправата за уставните измени продолжува утре

Утре во 12 часот треба да продолжи собраниската расправа за пристапување кон измени на Уставот во врска со Договорот за името со Грција. Според текот на собраниската расправа во последните три дена тешко може да се претпостави дека власта обезбедила двотретинско мнозинство во Собранието, штоцзначи дека сме сѐ поблиску до уште едни предвремени парламентарни избори.Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа пријавени за дискусија се откажаа од дискусиите и ги повикаа и пратениците од мнозинството да се откажат од дискусиите кои, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, станале беспредметни. Тие побараа да се оди веднаш на гласање за предлогот за измена на Уставот.Пратениците од парламентарното мнозинство, од коалицијата на СДСМ, не се откажааа од правото за дискусија, седницата продолжи и на списокот на пријавени дискутанти остана уште 22. Гласањето „за“ или „против“ уставни измени може да заврши в петок, а ано не заврши дискусијата, гласањето може да биде и в сабота.Претставници на власта изјавуваат дека ако не се обезбеди потребното двотретинско мнозинство во Собранието за пристапување кон измени на Уставот, ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори, што значи во рок од 45 до 60 дена. И од опозицијата велат дека се за избори, но според измените во Изборниот законик, а тоа значи прво Влада според пржинскиот модел (нов премиер од владеачката партија, нови министри за внатрешни работи, за социјални работи и за земјоделство и неколку заменици министри од опозицијата) и подготовки за избори во рок од 100 дена.Според последните изјави на претставниците на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, сите се убедени дека по изборите ќе имаат двотретинско мнозинство во Собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mauc22

Градоначалникот на Охрид со крадените говори стигна на BBC

Светскиот сервис на Би Би Си објави сторија за читањето препишани говори и портпаролите кои на Градоначалникот на Охрид една година успешно му даваат препишани говори од неговиот претходник, да ги чита на официјални церемонии.Градоначалникот на Охрид во телефонски разговор со новинар на Би Би Си одбегнал да даде изјава и новинарите ги замолил да му се обратат писмено.Во прилогот свој став изнесува и сопственикот на „Охрид 1“ кој вели дека веста предизвикала различни реакции во јавноста, почнувајќи од потсмев, до револт и констатации дека тоа е реална слика на тажната состојба во кое е нашето општество потонатато.Таневски за Би Би Си вели дека неработењето е одлика на администрацијата,бидејќи луѓето кои таму работат на некој начин всушност се згрижени, а не вработени и дека се донесени со политички одлуки на партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.ПОРТПАРОЛИТЕ ПРЕД ЦЕЛ СВЕТ ТВРДАТ ДЕКА ВИДЕОТО Е МОНТИРАНО И ДЕКА ГОВОРОТ НЕ БИЛ ИСТВо прилогот конечно свој став изнеле и портпаролите од „Одделението за односи со јавност“ од каде конечно се одважија да излезат со став и тоа пред светската јавност.Тие тврдат дека „Охрид1“ го измонтирал видеото со цел да се збуни јавноста, а тие ќе докажеле дека говорот не бил препишан, а за лицето кое го објавило даваат квалификација дека бил „самопрогласен“ новинар.Би Би Си натаму во прилогот ги објавува двата говори во кои од редакцијата на овој светски медиум ги објавиле ов целост, и јасно се гледа дека говорот е целосно ист од почеток до крај.Целиот текст на Би Би Си прочитајте го со клик Т У К А.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sednica-1

Седницата продолжува в петок кога е можно и да заврши расправата за уставните измени и да се гласа

Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.Попладнево, во текот на собраниската расправа, пратениците од СДСМ кои беа пријавени за збор, го повторија ставот дека сега е време сите што декларативно се залагаат за НАТО и ЕУ да дадат конкретна поддршка на уставните измени.„Единствен интерес треба да биде државата. Ако продолжиме да се докажуваме кој е поголем патриот, а кој предавник, исходот ќе биде пораз. Наша обврска е како пратеници да го изодиме патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот преку ЕУ и НАТО. Да бидеме лидери на промените чиј бенефит граѓаните ќе го почувствуваат за кратко време“, истакнаа пратениците од СДСМ.Според нив, замајување на јавноста е дека со Преспанскиот договор се брише името на Македонија и дека придавката „северна“ задира во идентитетот.„Соочени сме со носење на мноу важна, тешка, единствена, историска одлука за иднината на Македонија што ќе значи крај, затворање, решавање на долгогодишен апсурден спор со нашиот јужен сосед. Проблемот е реалност, а ние сме дожни како полчитичари да се соочиме со него. Време е да престанеме да фантазираме за победи и порази, за триумфи и катастрофи, време е да преземеме одлучен чекор за иднината на Македонија“, беше речено на попладневното продолжение на седницата.Поддршка за уставните измени даде и Неџбедин Карамани од името на Движењето Беса на Африм Гаши.Собранието утре, како што рече Џафери, ќе ја продолжи 60. седница.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ципрас: Ги охрабрувам соседите да продолжат кон завршување на обврските од Договорот од Преспа

Сакам да ги охрабрам соседите да продолжат со процесите, смело и решително да го направат одлучувачкиот чекор во завршување на обврските од историскиот Договор од Преспа, затоа што нема да постои друга можност, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во изјава по прифатената оставка на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас во четириминутната изјава испрати пораки во повеќе насоки, како до нашата земја, така и до внатрешноста на Грција, но и до членовите на неговата влада.-Сакам во исто време да испратам порака до нашите соседи кои овие денови ги имаат нивни процеси како што се предвидува од Уставот, за да продолжат кон уставни промени, промена на нивното уставно име, како што предвидува Договорот од Преспа. Сакам да ги охрабрам да одат напред со решителност и смелост, бидејќи нема да постои друга можност. Сакам уште еднаш да изјавам дека Грција нема да прифати интеграција на нашата соседна земја во било која меѓународна организација во која веќе членуваме, во случајов Европската унија и НАТО, со уставно име – Република Македонија, рече грчкиот премиер.Алексис Ципрас објасни дека со болка во срцето ја прифатил оставката на Коѕијас, истакна дека оваа одлука, но и одлуката тој самиот да го презеде Министерството за надворешни работи во следниот период е одлука со повеќе пораки, како кон надворешноста, така и кон внатрешноста, но и кон неговата влада, дека нема да толерира „никаква лична стратегија во националната линија на земјата“ и во исто време дека нема да толерира од никој, свесно или несвесно, да го загрози текот на земјата кон излез од кризата.-Решив во следниот период самиот да го преземам Министерството за надворешни работи и неговата одговорност. Испраќајќи во исто време порака дека овој мој избор е избор што ја сигнализира мојата одлучност да направам сѐ што е во мои раце и да обезбедам успешно завршување на историскиот Договор од Преспа што ја надградува меѓународната улога на земјата, рече Ципрас.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања