7 год.
img_6824

Анѓушев: Владата дава поддршка за младите за да се поттикне претприемачкиот дух

Вчера вечер, во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев учествуваше на форумска дебата „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во ЕУ и НАТО (влијанија врз монетарната политика, бизнисот и пазарот на капитал)“ во организација на „Институтот за бизнис и менаџмент Хеиделберг Скопје“.Потпретседателот на Владата Анѓушев нагласи дека ЕУ и НАТО ќе преживеат без Република Македонија, но дека квалитетот на живот во нашата земја без членство во овие две организации нема да го достигне посакуваното ниво.„Членството во организации како НАТО и ЕУ не значи само безбедност, тоа е многу повеќе, значи придобивки за економијата и подобар живот на граѓаните на Република Македонија. За сите стопанственици многу важни се владеењето на правото, стабилноста на државата, а дури на трето место се поволностите кои државата ги нуди за водење на бизнис. Активно работиме на подобрување на владеењето на правото, донесовме и мерки за поттикнување на инвестициите, а членството во НАТО и ЕУ ќе ја донесат посакуваната стабилност. Сведоци сме дека само со посветеноста за влез во овие организации има позитивни импакти, нивото на странски директни инвестиции во првата половина од годината е на рекордно ниво и го надминува нивото на СДИ во претходните години“, подвлече Анѓушев.Вицепремиерот Анѓушев истакна дека соработката на Република Македонија со Сојузна Република Германија треба да се одвива во повеќе насоки, а дека присуството на институтот Хеиделберг, кој започна со работа оваа година и кој е дел од истоимениот универзитет од Германија, еден од трите најстари во Европа, е добар пример како да се унапредува соработката во образованието.„Успешна економија нема, доколку нема успешни домашни претриемачи. Доколку сакаме да имаме успешна економија, мора да имаме развиена индустрија, треба да се развива конкурентноста на компаниите, особено кога станува збор за мала земја како Република Македонија. Тоа значи дека мора да бидеме извозно ориентирани, да бидеме конкурентни со целиот свет. Треба да се зголеми продуктивноста, преку пристап до технологии и трансфер до знаења. Во таа смисла трансферот на знаења кој може да се добие преку соработка со врвни унверзитети, каков што несомнено е Хеиделберг, трет најстар универзитет во Европа, се од круцијално значење. Во Република Македонија имаме млади и едуцирани луѓе, ни недостига претприемачки дух. Преку членство во ЕУ и  НАТО ќе се добие пристап до повисоки средства за технолошки развој, набавка на технологии, а Владата ќе помогне за развојот на претримачкиот дух кај младите луѓе“, заврши Анѓушев.На дебатата учествуваа и гувернерката на НБРМ д-р Анита Ангеловска Бежовска, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, претседателката на комисијата за хартии од вредност, м-р Нора Алити, претседателот на деканската управа на Институтот за бизнис и менаџмент Хеиделберг, проф. д-р Улрих Цеител, како и извршниот директор на Институтот, проф. д-р Синиша Наумоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44502078_2124792607544805_8401387924297351168_o

Отворен 22. Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“

Во присуство на многубројни поети од земјава и од странство, синоќа во Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово свечено беше отворено 22. издание на традиционалниот Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“.На отворањето, присутните ги поздрави министерот за култура Асаф Адеми, кој упати честитки до раководството за досегашниот постигнат успех и додаде дека Фестивалот, кој го носи името на големиот поет, писател и преведувач Наим Фрашери, е од особено значење за градот Тетово каде што во наредните денови ќе се чуе гласот на поетите и ќе се почувствува нивната инспирација.„Посакувам уште многу успешни изданија на Фестивалот, а на присутните поети им пожелувам пријатен престој и успешно претставување на годинашното издание. Да се чуе гласот на поетите, да се почувствува поетската инспирација и да се прослават музите што во нашиот град Тетово имаме фестивал на поезијата “, порача министерот Адеми.Годинашен лауреат на Фестивалот е Beat Brechbuhl.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО-ВЕСТ) За ручек пратениците трошат по 150 денари, еве што јадат

Македонија | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Приведен дилер на дрога од Скопје

Полицијата го приведе 39-годишниот Н.Ш. од Скопје под сомнение за неовластено производство и продавање дрога.Според информациите на МВР, во средата по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Н.Ш. и при претресот пронајдени и одземени се алуминиумска фолија со растителна материја, две поголеми и две помали паковки, како и една најлонска кеса со растителна материја пресувана во разни форми, 10 пакувања со грутчеста-прашеста материја, една паковка со прашеста материја, неколку пакувања со вкупно 27 таблети во разни бои и форми, електричен блендер и пластичен сад со остатоци од непозната материја.При преглед кај Н.Ш., пронајдена е и поголема количина пари, а по направеното вештачење констатирано е дека материјалот во пресувана форма со вкупна нето-маса од 447 грама претставува хашиш, а останатиот растителен материјал со вкупна нето-маса од 50 грама претставува марихуана. За преостанатиот доставен материјал дополнително ќе биде направено вештачење.Во врска со случајот известен е дежурен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки за натамошно постапување, а Н.Ш. е приведен и задржан за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobr1

Се преврте камион со овци, возачот и сопатникот се здобиле со телесни повреди

На 18.10.2018 година околу 12,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с.Новаци-битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка.„Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р.(50) од Битола, а настрадале 68 овци. По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар“, информираат од МВРСе работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Исчезна малолетничка од Чаир

На 18.10.2018 година во 17,30 часот во Полициската станица Чаир Т.М.М.(48) од Скопје пријавила дека на 17.09.2018 година нејзината куќа во непознат правец се оддалечила 15 годишна малолетничка.Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
44315208_2178958012138290_1719133163566923776_o

30 нови паркинг места во Ново Лисиче

Жителите околу паркот „Нинберг“ во Ново Лисиче ќе добијат 30 нови паркинг-места, информираат од Општина Аеродром„Со проширување на веќе постојните паркинзи на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, во изминатиот период се обезбедени дополнителни 50 паркинг-места за граѓаните“, велат од Општината.Тие додаваат дека тековното одржување опфаќа заменување на старите и дотраени бекатон-плочки на јавните и пешачките површини на ниво на целата територија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobr1

Битолчанец удрил во пешак

Вчера во 18,55 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата со улицата „Прилепска“ и улицата „Борис Баестро“ патничко моторно возило „Шкода Октавија“ со битолски регистерски таблици управувано од Ц.М.(59) од Битола удрило во пешак Т.С.(76) од Битола.Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

19-годишник изгубил контрола врз возилото и се превртел

На 19.10.2018 година околу 00,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ѓ. (19) од Скопје изгубило контрола и се превртелo.„Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот  П.Ѓ., а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Д.(18) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sobranie

(ФОТО-ВЕСТ) Правило за користење на тоалетот во Собрание

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

АПЕЛ: Да помогнеме заедно за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид

Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica.Станува збор за болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, а трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за малата Сара.– Нашиот син Виктор Настески, кој има 13 години е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники. Трансплантацијата на коскената срж сакаме да се изврши во специјализирана детска клиника во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик. Успехот кој е постигнат во лекување на многу деца, меѓу кои и едно од Република Македонија, на иста вораст и дијагноза е причината поради која веруваме во нив. Нашите финансиски можност не дозволуваат да ги платиме трошоците за лекување, кои се над 200.000 евра, стои во апелот на семејството Настески.Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4

„Охридско Лето“ почнува соработка и со „Словенска Филхармонија“

Во рамки на работната посета на Словенија директорката на „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот Нина Момироска остварија серија средби со уметници и менаџери на врвните културни установи во оваа земја.Поповиќ имаше официјална посета на „ Словенска Филхармонија“ каде со директорот Клемен Хвала разговараше за модулите на соработка кои нашиот најпрестижен музичко сценски фестивал ќе ги има во рамки на соработката која ќе почне уште од наредното фестивалско издание.Клемен Хвала е челист и познат и ценет музичар во Словенија.Претходно директорката Поповиќ го посети музичкото училиште во Словен Градец , кое важи за едно од најдобрите во Словенија.Во наредниот период менаџментот на „Охридско Лето“ ќе продолжи со директни контакти со врвните установи од културата во овој дел од Европа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Скопје 14 сообраќајни незгоди, девет лица повредени

  Девет лица се полесно повредени во вкупно 14 сообраќајни несреќи што вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во седум од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 82 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 23 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување под дејство на алкохол, 20 без стекнато право на управување со моторно возило и еден почетник.Од сообраќај полицијата исклучила 12 возила кои не биле регистрирани. Непрописно паркирани биле 118 возила, а пајак службата подигнала 92 возило.Полицијата санкционирала и двајца пешаци кои поминале коловоз  вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување и двајца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

7 год.
zima

Акуведер: Европа ја очекува топла и сушна зима

Метеоролошкиот сервис Акуведер (AccuWeather) ја објави сезонската прогноза за Европа според која се очекува топла и сушна зима.Според прогнозата на овој сервис, подрачјето на Балканот и Jугоисточна Европа го очекува натпросечно топла и сува зима.– Исклучок ќе биде Грција, каде ќе има повремени продори на студен воздух и обилни дождови, пишува Акуведер.Северна Европа оваа зима ја очекуваат силни бури со урагански ветрови и обилни врнежи. Во Обединетото Кралство и делови од Скандинавија постои опасност од поплави предизвикани поради бура, а најзагрозени подрачја се Кадиф, Манчестер, Белфаст и Глазгов.Финска и Украина може да ги погоди сибирски антициклон што може да донесе сибирски студ.На подрачјето на Германија и Франција, сепак, се очекуваат обилни дождови. Ризикот од силни бури ќе биде најголем во декември, додека од јануари до март се очекува мирно и пософистицирано време.Од следната недела, Европа ќе ја зафати ладен воздух од Арктикот кој ќе доведе до промена на времето и пониски температури.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вашингтон објави награда за информација за лидерот на Ал Каеда

Вашингтон објави награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до заробување на Халед Батарфи, лидер на Ал Каеда.Откако САД го призна Ерусалим за главен град на Израел, Батарфи повика на напади врз Американци и Евреи во целиот свет.Саудиецот Батарфи ги поддржуваше авганистанските талибанци пред да стане еден од главните лидери на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.Американскиот Стејт департмент соопшти дека нуди награда од пет милиони долари на секој кој ќе ги одведе властите до Батарфи или ќе помогне за негово апсење.Американската дипломатија ја удвои и наградата за фаќање на Касим ал Реми, шеф на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, која сега изнесува 10 милиони долари.

Свет | пред 7 години

7 год.
vojska

Косовското собрание набрзина ги усвои законите за формирање војска

Косовското собрание во прво читање ги усвои сите три владини предлог-закони за трансформација на косовските сили за безбедност во косовска армија.Непосредно по почетокот на расправата за трите владини предлог-закони, со 101 глас „за“ беше изгласан првиот законски акт, законот за трансформација на Министерството на КБС во Министерство за одбрана.Потоа, по првото читање беше усвоен вториот владин закон за трансформација на косовските безбедносни сили, а веднаш по него и третиот – станува збор за акт што ги регулира општите услови во службата, како и услугите засновани на принципот на законитост, професионалност, команда, дисциплина, почит, чест, комуникации, недискриминација, транспарентност и одговорност.Партијата на Србите – „Српска листа“ ја напушти седницата во знак на протест против кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Русија годинава зголемен бројот на милијардери од 69 на 74

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Креди Суис.Во извештајот се нагласува дека постои нееднаква распределба на богатството во државата. „Силната концентрација на богатство во Русија се одразува на фактот дека има 74 возрасни милијардери и покрај ниското ниво на богатство по возрасна личност“, се додава во извештајот. Според нив, 10 отсто најбогати жители поседуваат 82 отсто од богатството во Русија. „Богатството на домаќинствата во Русија многу брзо се зголемило во првите години од векот. Меѓу 2000 и 2007 година богатството по возрасно лице е осумпати зголемено“, се вели во документот.Тоa e високо ниво – поголемо и од САД (76 отсто) каде распределбата на богатство е една од најконцентрираните во развиените држави. Тоа ниво е поголемо и од она во Кина – 62 отсто, се вели во извештајот.

Свет | пред 7 години

7 год.
kasogi-1

Турската полиција ги бара останките од новинарот Кашоги во шума и околината крај Истанбул

Турската полиција ја пребарува шумата крај Истанбул и околината на градот на брегот на Мраморното Море за да ги открие останките на судискиот новинар, кој исчезна пред две седници откако влезе во Козулатот на саудиска Арабија во Истанбул.Тоа синоќа го соопштија две турски официјални лица, кои побараа од медиумите да бидат анонимни.При претресот на саудискиот конзулат и резиденцијата на конзулот во Истанбул, истражителите пронајдоа „многу примероци“ и се обидуваат да најдат траги од ДНК од новинарот Џамал Кашоги, вели високопозициониран извор.Според него, опсегот на пребарувањата е проширен откако биле утврдени маршрутите и возилата кои биле на 2 октомври пред конзулатот, вој кој Кашоги бил виден последен пат.Можно е убијците да го фрлиле трупот во Белградската шума во близина на Истанбул или во напуштена област околу градот Јалова, на 90 километри јужно од Истанбул, велат неименувани извори

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Претседателот на ЕПП ја повика опозицијата на одговорност

Претседателот на Европската народна партија, ЕПП, Жозеф Дол, ја повика опозицијата во Македонија на одговорност пред гласањето во Собрание. „Клучни одлуки треба да се донесат во ПЈРМ кои ќе ја одредат иднината на идните генерации. Опозицијата има голема одговорност за патот на земјата кон ЕУ и НАТО и треба да биде конструктивна во демократскиот процес, порача Дол на Твитер. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е членка на Европската народна партија, но повеќе челници на ЕПП, вклучително и претседателот, изразија разочараност од однесувањето на нивната сестринска партија во процесот на имплементација на Преспанскиот договор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-385150

САД в понеделник го праќа Метју Палмер во Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер, в понеделник ќе престојува во посета на Република Македонија, информираа од амбасадата на САД во Македонија.„Палмер ќе допатува во Македонија во понеделник, 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Тој ќе се сретне со претставници на Владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров“, наведуваат од амбасадата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања