7 год.
direktor

Словенечкиот уметник Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“

Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал, Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба, информираат од фестивалската дирекција.На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек договорија заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика.Големиот вљубеник во класичната музика кој 27 години раководи со Љубљански фестивал, на вчерашната средба го најави и неговото присуство на 59-тото издание на „Охридско лето“, додаваат од фестивалската дирекција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
antonijo-milosovski

Милошоски на распит кај Јанева, СЈО го прогласи за „моќник“

Пратеникот Антонијо Милошоски пристигна на распит во СЈО за предметот „Моќник“, каде вчера исказ даде и поранешниот претседател на лустрациска Томе Аџиев. Тој е осомничен од страна на Специјалното обвинителство за нарачана лустрација на кичевскиот судија Драган Билевски.Аџиев делото го сторил под влијание на пратеникот Милошоски кој сакал да му се одмазди на Билевски, стои во истрагата на СЈО отворена во март годинава.Истрагата за „Моќник“ опфаќа 13 осомничени меѓу кои и пратеникот Милошоски, неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски брод. Според обвинителството со измама во 2011 година успеале да ја продадат зградата на општина Пласница, купувач бил таткото на Милошоски а со помош на градоначалникот на Македонски брод. Кога градоначалникот на Пласница реагирал го предизвикал револтот кај пратеникот, кој сакал да се реваншира и на судијата Билевски за кој сметал дека му помага. За што постои и објавен телефонски разговор.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почина Пол Ален, ко-основачот на Microsoft

Основачот на Microsoft и филантроп, Пол Ален почина на 65 години. Г. Ален голем дел од времето, по 1982 година се бореше со не-Хочкинов лимфом, но oва не го спречи во филантропијата, пишува ИТ.мкТој е и првиот кум на Microsoft, кога компанијата во 1975 година го доби името Micro-Soft. Името требаше да помогне во препознатливоста на компанијата која изработува софтвер за „микро сметачи“. Во овој период овој термин се користеше за да се направи разлика помеѓу помалите компјутери и тогашните компјутери кои зафаќаа цела соба. Бил Гејтс за ABC News изјави дека г. Ален е еден од неговите најстари пријатели:„Од најраните денови во Училиштето Лејксајд, преку партнерството во Microsoft, до заеднички филантропски проекти низ годините, Пол беше вистински партнер и драг пријател. Персоналните компјутери немаше да постојат без него.Но, Пол не се задоволи само со една компанија. Го насочи својот интелект и сочувство кон уште еден акт, фокусиран на подобрување на животите на луѓето и зајакнување на заедницата во Сиетл. Сакаше да каже: „Ако има потенцијал да се направи добро, тогаш треба да го направиме.“ Тој беше таква личност.Пол го сакаше животот и луѓето околу себе, а ние го ценевме за возврат. Заслужи многу повеќе, а неговиот придонес во светот на технологијата и филантропијата ќе живее со генерации. Ужасно ќе ми недостасува.“, вели Г. Гејтс.Г. Ален донираше над 2 милијарди долари во непрофитни организации кои работат на напредокот на науката, технологијата, образованието, животната средина и уметноста.„Секако има исклучително важна улога во она што го разбираме како денешен Сиетл, град на технологијата, недвижности и на специфична локална култура со меѓународна препознатливост“, вели професорката Маргарет О’Мара за New York Times.

Свет | пред 7 години

7 год.
govor_m

(ВИДЕО) Градоначалникот на Охрид цела година читал препишани говори од неговиот претходник

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски цела година читал препишани говори од неговиот претходник Никола Бакрачески.Портпаролите на Стојаноски најпрво на 8 Декември 2017, на Свечената академија кога се доделувала највисоката награда на градот Охрид,  наградата „Свети Климент Охридски“  му дале да чита дословно препишан говор кој неговиот претходник Никола Бакрачески го читал на ист датум и по ист повод, само во 2013 година.Последен пат портпаролите на Стојаноски му дале да чита препишан говор кој Никола Бакрачекси го читал на 11 Октомври на свеченост по повод тој празник, со тоа што во говорот на Стојаноски вметнале и реченици кои ги читала поранешната Претседателка на Советот на Град Охрид Гордана Коњаноска.Во Општина Охрид во секторот за комуникации со јавноста се вработени 10 лица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тетовецот кој вчера си ја уби сопругата фатен во Гајре

Во селото Гајре вечерва полициски службеници од Тетово го приведоа А.К. (53), осомничен дека вчера во село Мала Речица со пиштол ја убил неговата сопруга Х.К. (52).Убиството се случило вчера во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил и избегал.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tramp

Трамп: Јас сум вистински заштитник на животната средина

Претседателот на САД Доналд Трамп се прогласи за „вистински заштитник на животната средина“, но, и покрај консензусот научниците, тој  вели дека не може да каже дали човечката активност е причина за климатските промени.-Сакам апсолутно чиста вода, сакам најчист воздух, каков што веќе имаме, тоа се подобри последната година, рече Трамп, без да посочи на кои податоци се повикува.-Јас сум вистински заштитник на животната средина. Многу луѓе се насмевнуваат кога го слушаат тоа, додаде претседателот, кој ја посети државата Џорџија, по  ураганот Мајкл.-Ќе имаме најчист воздух. Но, тоа не значи дека сите фирми треба да стават клуч под чергиче“, вели Трамп. На прашањето за климатските промени, кои во минатото ги нарече „шега“, претседателот одговори: „Има нешто, независно дали се должи на човечка активност или не“.Во јуни 2017 година, Трамп ги повелече САД од Парискиот договор за климатските промени.

Свет | пред 7 години

7 год.
muzej

Музејот на Македонија ќе постави изложба за западноафриканската уметност

Музејот на Македонија утре ќе отвори изложба „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“ која ја организира во соработка со Музејот на африканската уметност од Белград.Оваа изложба првпат во Македонија ќе претстави африкански експонати, што претходно можеа да се видат само во светските музеи или во документарните фимови. Музејот од Белград во својата обемна колекција има предмети од повеќе народи од Африка. За оваа изложба тие селектираа скулптури, маски и ткаенини што се поврзани со култовите на плодноста и предците, како и со обредите за иницијација и погребувањата.– Ова е прва можност македонските граѓани да се запознаат со африканските култури и да ги видат мноштвото скулптури и маски што ќе бидат изложени како светско културно наследство, наведува Музејот на Македонија, кој денеска организира и прес-конференција со повеќе детали за ексклузивната изложба.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја делови на Карпош, Илинден, Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат делови на Карпош, Илинден, Студеничани, Чучер Сандево и Ѓорче Петров.Во периодот од 9:30 до 13:30 часот струја ќе немаат корисниците на дел од ул.Скупи, под ул.3 и под ул.6. (општина Карпош), од 8:30 до 15 часот корисниците на Млин Кадино, Хавеп, ул. 513, 517, по Бисер, дел од Кадино, ул. 521, Живинарска фарма (општина Илинден), од 9:00 до 15 часот корисниците од ул.4, 6 и 7 (општина Студеничани).Без струја ќе бидат во периодот од 10 до 14 часот и корисниците на дел од село Глуво (општина Чучер Сандево), а од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците на дел од село Кучково (викендички) (општина Ѓорче Петров).

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода дел од општина Центар          

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот,  поради дефект на приклучна цевка од Ф ¾ на улицата Христо Смирненски број 32, без  водоснабдување од 8:00 часот па сè до завршување на работата  ќе останат корисниците на дел од улицата Христо Смирненски и дел од улицата Борка Талевски во општина Центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sudenje-1

Ново рочиште за „Насилство во Центар“, ќе сведочи Саша Богдановиќ

  Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во Центар“, каде за поттикнување насилство обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.Судењето треба да продолжи со сослушување на сведокот Саша Богдановиќ, откако на минатото рочиште заврши сведочењето на поранешниот претседател на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ.Судот на минатото рочиште, по барање на обвинителството донесе решение за издвојување на постапката против обвинетиот Митко Пецов, кој поради болест не присуствуваше на рочиштето.На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, и за осмообвинетиот Митко Пецов пак, се води одвоена постапка.Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hrana

„Нахрани 10.000“ и училишни градини за Светскиот ден на храната

Со промоција на новата училишна градина во ООУ „Аврам Писевски” во скопското село Бардовци, денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на храната.Настанот го организираат Канцеларијата на ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со граѓанските организации Слоу Фуд Водно и „Ајде Македонија”.Целта е да се поддржи отворањето градини во школите за практична едукација на учениците како се произведува храна, но и да се подигне јавната свест за здравата исхрана преку заштита на животната средина и грижа за заедницата.Во фокусот на Светскиот ден на храната годинава се младите, а мотото е „Нашите дејствија се наша иднина. Свет Без Глад до 2020 година е возможен”. – Децата и младите се дел од генерацијата која може да го искорени гладот од Планетата. Тие можат да научат како со менување на едноставни секојдневни навики, можат да се хранат поздраво, да го намалат отпадот, паметно да ги користат природните ресурси и да водат поодржлив животен стил, велат од ФАО.На настанот се најавени обраќања на министрите за земјоделство и за обраование и наука, Љупчо Николовски и Арбер Адеми, на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, на постојаната координаторка на ОН Лујза Винтон, како и на директорката „Аврам Писевски” Матилда Бајкова.„Ајде Македонија“ денеска, освен што ќе учествува во промоцијата на училишната градина во Бардовци, ќе спроведе и донаторската акција „Нахрани 10.000“ во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница.На одбрани локации од 10 до 19 часот ќе може да се донира храна која потоа ќе се дистрибуира до социјално загрозените граѓани.– Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани, велат од „Ајде Македонија“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во „Белиот дворец“ се навестува кампањата за избори?!

„Борба, правда, слобода, иднина! Силна индивидуа - силна држава!“ Ова се слогани кои од вчера може да се видат во т.н. „Бел дворец“ каде е седиштето на ВМРО ДПМНЕ.Дали партијата веќе постави пропаганден материјал за избори или ова е некоја интерна кампања останува да видиме.Интересен е слоганот „Силна индивидуа - силна држава“ бидејќи во него се спомнува зборот „индивидуа“ кој е во спротивност со децениската доктрина на партијата од време на Никола Груевски, кога индивидуата се потиснуваше и се фаворизираше колективна свест без индивидуален став.Покрај новите слогани, во ВМРО ДПМНЕ како декор покрај партиското и државното стои и знамето на Европска Унија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kasogi

Си-Ен-Ен: Саудиска Арабија признава дека го убила Кашоги

Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае дека по грешка е убиен исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги за време на информативен разговор во Конзулатот во Истанбул, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на два извора.Телевизијата јави дека во извештајот е наведено оти смртта на Кашоги е резултат на „испрашување што тргнало наопаку“, а чија цел требало да биде негово киднапирање од Турција.Според еден извор, во извештајот ќе се заклучи дека операцијата е изведена без официјална дозвола и дека вмешаните ќе сносат одговорност.Но, еден од изворите вели дека извештајот се уште се подготвува и можни се промени.Кашоги, новинар на Вашингтон пост исчезна откако на 2 октомври влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул по документи кои му биле потребни за женидба.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прв домашен пораз по 15 години: Шпанија потопена од Англија во Севилја

Англија ` го нанесе првиот пораз на Шпанија на домашен терен во меч од натпреварувачки карактер по пауза од 15 години или ако сакате 38 настапи. „Гордиот Албион“ ја стивна „фуријата“ во Севилја со 3:2 во третото коло од најсилната конкуренцијата во Лигата на нации на УЕФА.Рахим Стерлинг го прекина тригодишниот пост во националниот тим и по додавање на Маркус Рашфорд во 16. минута обезбеди водство за составот на Герет Саутгејт кој одново е во игра за првото место во групата. Напаѓачот на Манчестер сити го совлада Де Хеа и вои 38. минута, а во меѓувреме (30 минута) во листата на стртелци се впиша и Рашфорд.Шпанците во вториот дел заигра нешто подобро и со головите на Пако Алкасер во 58. минута и на Серхио Рамос во длабокото судиско надополнување (90’+8’) го претворија дебаклот во поднослив пораз.Џеко со два гола ја урна Северна Ирска за максимален ефект на БиХ во Б дивизијаРепрезентацијата на БиХ предводена од Роберт Просинечки се наоѓа на чекор до плејоф во Лигата на нации. На стадионот „Грбавица“ во Сараево беше совладана Северна Ирска со 2:0, двоен стрелец за домашните беше Един Џеко во 27. минута и во 73. минута. При првиот погодок на напаѓачот на Рома асистира Вишча, вториот дојде по додавање од Миралем Пјаниќ.БиХ е првопласирана во групата 3 со девет бода, Австрија е втора со три и натпревар помалку додека Северна Ирска е последна и без шанси за разигрување за ЕП 2020.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија во Ереван

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го игра дуелот од 4.коло од групата Д од Лигата на Нациите. Нашиот национален тим гостува во Ереван кај Ерменија, селекција која пред еден месец ја победивме во Скопје со 2:0. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се во серија од десет натпревари без пораз – шест победи и четири нерешени, а последниот пораз беше во Скопје од Шпанија со 2:1 на 11.јуни 2017 година или Македонија нема пораз 492 дена.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без меѓусебно признавање, нема редефинирање на границите

Претседателот на Косово Хашим Тачи инсистира дека неговиот став во однос на корекцијата на границите со Србија, и покрај противниците на таа идеја, е „заснован на Уставот и законите и не може да се спори“, јави дописникот на МИА од Приштина.Во интервју за телевизијата Т7, Тачи синоќа рече дека „можеби и би се повлекол од идејата за промена на границите во име на национален консензус“.– Кога ќе слушнам други, подобри, идеи ќе размислам. За сега не сум чул подобри идеи за затворање на дијалогот со Србија, изјави косовскиот претседател, кој е главен преговарач во дјалогот со Србија, што се одвива во Брисел под покровителство на Европската унија.Нагласувајќи дека решително се залага за корекција на границата со Србија, Тачи рече дека „би сакал дијалогот да се случи и Косово, ако е можно, да биде што по единствено“.– Нема меѓусебно признавање (со Србија) без дефинирање на границите, изјави Тачи во емисијиата „ДПТ со Фидан“ на приштинската Т7, а пренесува Цивилмедиа.

Свет | пред 7 години

7 год.
toshe-proeski

Единаесет години без Тоше

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Како и во изминатите десет години, маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше ќе трчаат маратон и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште.Оваа година на 5 октомври не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“ која фановите на Тоше во изминатите десет години ја организираа на плоштадот „Македонија“ во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион. „Ѕвезденото небо“ не се одржа зашто се подготвува голем концерт посветен на Тоше на 2 номеври, со настап на пејачи од Балканот. На концертот треба да биде промовиран и албум со необјавени песни од Тоше Проески, насловен „Secret place".Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Магазин | пред 7 години

7 год.
44148853_1976811212377079_4994544011692736512_n

ВИДЕО: Што значи повикот на премиерот Заев за помирување за настаните од 27 април?

Ви ја пренесуваме анализата на емисијата 360 степени и новинарката Славица Филиповска.https://www.facebook.com/360stepeni/videos/178420566409670/

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela-2

Села до Заев по повикот за помирување: Не си цар, туку премиер

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села се огласи на Фејсбук, за повикот на премиерот Зоран Заев за помирување и простување за насилството во Собранието од 27. април.Тој за време на насилството се здоби со најсериозни повреди.„Не знам дали премиерот Зоран Заев имал семејни или лични проблеми на 27 април кога денеска пружа рака за помирување.Ако тој мисли за случувањата на 27. април во Собранието, тогаш треба да знае дека не е над институциите и правдата. Тој е избран за премиер на државата, а не за цар“, напиша Села.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44099507_898920857162293_1146125406055694336_n

Власта и натаму ќе се обидува да обезбеди пратеници, продолжуваат измените на Уставот

Со порака за помирување и простување, почнувајќи од настаните од 27 април, кога премиерот Зоран Заев беше цел за напад, а според него, и за линчување, вчера претседателот на Владата во своето обраќање на почетокот на седницата за уставни измени во Собранието ги повика пратениците да гласаат за уставните измени за земјата да влезе во НАТО и во ЕУ.Според Заев, најголемата одговорност за оваа, како што ја нарече, историска одлука, е во рацете на пратениците. Во повикот до пратениците тој порача дека оние кои се уште се сомневаат кој е вистинскиот избор, да размислаат зашто нема нешто повредно за мислење. За Заев, спротивното од гласање за измените, ќе не фрли во изолација и неизвесна иднина и ќе ни донесе несигурност и сиромаштија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања