ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ЦО на СДММ избра нови органи

Денеска се одржа првата седница на Централниот одбор на Социјалдемкратската младина на Македонија, на која што беа избрани секретар, потпретседатели, огранизационен секретар и нов состав на Извршниот одбор на СДММ.„Новите органи и тела на СДММ во мандат во следните две години ќе имаат бројни активности, создавање на квалитетни младински и европоски политики, промоција на политиките на СДММ и СДСМ“, соопштија од партијата.За секретар на СДММ е избран Виктор Велевски од ЛК СДММ Кавадарци. За организационен секретар е избран Гордан Шутаровод од ЛК СДММ Карпош.За потпретседатели се избрани Јон Фрчкоски, Ана Манасиева и Никола Рилак.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20141002-kade-se-troshat-parite-od-studentite-smesteni-vo-studentskiot-dom-goce-delchev-1-1

Општина Карпош ќе помогне во чистењето на СД „Гоце Делчев“

Општина Карпош се приклучува кон граѓанската акција за чистење на дворот на студентскиот дом “Гоце Делчев”.Акцијата ќе се одржи утре со почеток во 16:00 часот, а во истата ќе се вклучат комуналните служби на Општината, со соодветна опрема и механизација за полесно отстранување на отпадот.Општина Карпош ги повикува сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни субјекти да се приклучат во акцијата и да дадат свој придонес.

Скопје | пред 7 години

7 год.
SI-2018

На Средно Водно се одржаа „Средношколски игри 2018“

Под слоганот „Заедно во природа“ денеска на Средно Водно се одржа петтото издание на манифестацијата „Средношколски игри 2018“.Манифестацијата вклучи различни натпревари во природа (во крос, во знаење, во уметнички вештини- цртање и фотографирање, креативно пишување, зелени игри, забава...) а со цел подигање на свеста на средношколците за потребата и неопходноста од нивен редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје. Натпреварувачкиот карактер придонесува кај младите да се развијат потенцијалите за истражување и учење, тренирање, вежбање, уметнички и естетски развој, а животната средина во која се одвиваат игрите кај младите поттикнува свесност за здрав живот и почесто движење во природни средини.На еднодневните игри, учествуваа околу 300 активни учесници од 15 средни училишта од Скопје, и тоа ученици - натпреварувачи, наставници, комисии, претставници на државни институции и компании, но и останати ученици, родители, посетители на Средно Водно. Од настанот учениците испратија пораки за меѓусебна толеранција, здрав живот и чување на природата.Манифестацијата се одржа во организација на ЗГ „Сфера“ со поддршка на Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Двајца бугарски државјани повредени во сообраќајка во делчевско

Вчера околу 17.40 часот на место викано „Баткова чешма“, делчевско на магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес Спринтер“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(33) од Делчево, и патничко моторно возило „Ауди А4“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.К.К.(21) од Р.Бугарија.Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатникот во возилото "Ауди" В.П.Г.(22) од Р.Бугарија, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ за укажување на лекарска помош.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Популарноста на социјализмот расте од двете страни на Атлантикот

Анкета на Галуп покажува дека мислењето на Американците за ова општествено уредување е најповолно од 1949 година наваму.За време на говор во Цирих на тема поврзана со економски национализам, американскиот десничар и поранешен главен стратег на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон категорично истакна дека „Популистичкиот бран во Европа не е завршен: Тој штотуку започна. Историјата е на нашата страна“.Но, западните етно-националисти не се единствените што се убедени дека можат да профитираат од поместувањата во политичката средина. Покрај скорешните изборни неуспеси - од САД до Германија - нивните противници, левичарите, се убедени дека историјата е на нивна страна.Стив Бенон, поранешен главен стратег на Трамп​Анкетите на двете страни од Атлантикот укажуваат дека и левичарите имаат добра основа за оптимизам, како нивните противници.Анкета на Галуп, објавена во четвртокот, покажува дека мислењето на Американците за социјализмот е најповолно од 1949 година наваму, при што е зголемен бројот на тие што не го гледаат со потценување.После речиси седумдесет години, американските погледи кон социјализмот се проширениФренк Њупорт, Главен уредник на Галуп„После речиси седумдесет години, американските погледи кон социјализмот се проширени. Додека многумина сè уште гледаат кон социјализмот како владина контрола врз економијата, како модифициран комунизам и како симбол за рестрикција на човековите слободи, зголемен е процентот на тие што ова општествено уредување го гледаат како репрезент за еднаквост, владина помош и бенефиции“, истакнува Френк Њупорт, главниот уредник на Галуп.Според анализа на Националниот центар за социјални истражувања во Велика Британија, поддршката за повисоки даноци, за да има повеќе средства за трошоци од јавен интерес, рекордно пораснала. Истражувањето покажало дека 60 проценти од испитаниците се согласуваат да се зголемат даноците, а со цел да пораснат вложувањата во јавниот сектор. За споредба, поддршката во 2016 година била 49 проценти, а во 2010 само 31 процент.Берни Сандерс во Конгресот на САДДодека повеќето од медиумите од двете страни на Атлантикот претежно се фокусираат на десничарските популисти, поради серијата изборни успеси, од Галуп сепак забележуваат дека во изминативе неколку години „социјализмот повторно станал дел од јавните дискусии“.Во САД, пак, реафирмирањето на дискусиите за социјализмот се должи на кандидатурата на социјалистот Берни Сандер, којшто во претседателската трка во редовите на демократите во 2016 година за малку ќе ја победеше поцентралистички ориентираната Хилари Клинтон.

Свет | пред 7 години

7 год.
mvr-toni

(ВИДЕО) Таткото на режисерот Јани Бојаџи крадел артефакти, потврди МВР

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организирана криминал и корупција вчера спроведе координирана акција со цел сузбивање на организирана повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости, сооопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. Меѓу лицата кои се задржани во полициска станица се до изведување пред судија на претходна постапка е и таткото на Јани Бојаџи, лицето А.Б.-Криминалистичката истрага се спроведуваше една година од страна на Единицата за сериозен криминал, при Секторот за криминалистички истраги, а вчера се извршени претреси на вкупно 16 локации, при што од слобода се лишени 13 лица и од нив привремено се одземени голем број на артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, тефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми и друго, рече Ангеловски.Кривична пријава против вкупно 14 лица. Од МВР велат дека постои постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.-Пријавените Р. П. (46), А. Б. (70) и Ж. Р. (65) во текот на 2017 и 2018 година, со цел стекнување на противправна имотна корист и присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавени лица. Пријавените организатори и членови на злосторничко здружување, во наведениот период со умисла и континуирано нуделе на продажба поединечно или групно повеќе предмети пронајдени претходно или во тек на посочениот период, договарале и вршеле истражувања на различни локации. Ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност (монети, скапоцени и полускапоцени камења) на повеќе археолошки локалитети на повеќе локации низ државата (Струмица, Велес) ги продавале на заинтересирани лица од странство (Албанија, Турција и Грција), а продажбата ја вршеле на непосредни средби. Купопродажбата освен на територија на Македонија, ја вршеле и во Грција, соопшти Ангеловски. Со сите лица е извршен службен разговор, четворица од нив се пуштени на слобода, а останатите задржани во полициска станица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nK8nP-1637411-gjgj-ls

Трамп: Ќе го победам Путин во бокс меч

Американскиот претседател Доналд Трамп, одржал уште еден митинг, каде се дружел со своите приврзаници. Истакнал дека би можел да го победи рускиот претседател во бокс меч и повторно зборувал за лажните вести против него."Тој би сакал да влезам со него во бокс меч. Мислам дека тогаш добро би се покажал", рекол тој. Претседателот на САД повторно ги нападнал медиумите кои пласираат лажни вести."За Русија рекоа дека сум многу благ кон неа, за Северна Кореја дека сум премногу строг. Но да ви кажам, да бев малку погруб кон Русија, ќе кажеа дека сум прегруб. Тие луѓе се премногу луди, ви велам. Тие се лажни", рекол тој.Кога Трамп со Путин го одржале последниот состанок, истакнал на прес конференција дека верува дека Русија не била вмешана во американските претседателски избори во 2016.

Свет | пред 7 години

7 год.
mkd-393537

Јункер: Ако на Балканот му ја ускратиме шансата за ЕУ, таму многу скоро ќе има војна

„Ако, во крајно комплицираниот пејзаж на Европа, се појави впечаток дека не сме сериозни во нудењето ЕУ-членство на Западен Балкан, подоцна, а веројатно и порано, може таму да го видиме она што го видовме на Балканот во 1990-тите“, рече Јункер во говорот пред австрискиот парламент.Јункер веќе минатиот декември рече дека проширувањето на Балканот е од витално значење за одржување на стабилноста во регионот и дека очекува Србија и Црна Гора да влезат во блокот до 2025 година.Сепак, патот до полноправното членство во ЕУ за овие држави „сè уште е многу долг“, рече Јункер.Иако некои од земјите постигнаа напредок, „тој напредок сѐ уште не е доволно голем“.Тој посочи дека ЕУ може да им понуди на државите еден вид „економска област каде што делумно може да се однесуваат така како што на крај ќе се однесуваат како полноправни земји-членки“.Јункер повтори дека не смета дека некоја од нив ќе постигне полноправно членство „пред 2025 година, па дури и тогаш тоа нема да биде брзо“.„Треба да се осигуриме дека е сфатено дека сите гранични конфликти меѓу државите од Западен Балкан мора да се решат пред да може да се постигне членство“, рече тој.Меѓу најитните прашања е статусот на Косово, вели Еурактив, кое еднострано прогласи независност од Србија во 2008 година, но Белград сè уште одбива да го признае.Јункер беше во Виена за да присуствува на одбележувањето на стогодишнината од основањето на Република Австрија.Поранешниот премиер на Луксембург го почна својот мандат како шеф на извршното тело на ЕУ најавувајќи дека нема да има понатамошно проширување на Унијата во неговиот мандат, потсетува Еурактив.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Виница за не цела една година изгуби речиси 2.000 гласови

„Во недела, граѓаните на Општина Виница покажаа висока демократска и патриотска свест со тоа што не го поддржаа договорот од Нивици за промена на уставното име на Република Македонија, на идентитетот, историјата и традицијата. Јасно и гласно кажаа НЕ на распродажбата на националните интереси за сметка на политичката кариера на Зоран Заев и Никола Димитров“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.Според нив, СДСМ во Виница за не цела една година изгубиле речиси 2.000 гласови. Излезеноста од само 24% или 3.629 гласови ЗА, во споредба со 5.570 гласови кои СДСМ во Виница ги имашле на локалните избори минатата година се јасен сигнал дека ја губат поддршката кај народот.„Неисполнетите ветувања од типот намалување на водата и другите комунални давачки во 30%, реализацијата на капиталните расходи на Буџетот на Општина Виница за првите 6 месеци е само од 10%, и тоа што ниту еден капитален проект од изборната програма на градоначалникот Ивица Димитров не е започнат. Криминалните тендери, иновации и афери на дневна основа на централната власт, како и нереалните ветувања до 500 евра плата, 200 километри автопати, 100.000 плата на докторите, и уште многу други се само дел од причините при кои ја изгубија довербата кај граѓаните на Општина Виница“, изјавуваат од општинскиот комитет.„Довербата кај граѓаните не може да ја добиете со притисок врз администрацијата, и притисок врз стопанството и приватниот сектор. Довербата се стекнува со исполнување на ветеното пред избори, и одговорно домаќинско работење. Но во матрицата на делување на СДСМ се длабоко вградени лагите, манипулациите, и националното предавство кои се нивно обележје кога и да дојдат на власт“, се вели во изјавата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobr1

Едeн човек загина, а еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес

Едно лице загина а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје – Велес. Несреќата се случила кога 33-годишниот К.М. од село Облешево изгубил контрола над возилото и се превртел.Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес. Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес на Сицилија, има и повредени

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во провинцијата Катанија, на италијанскиот остров Сицилија.Епицентарот бил на територијата на општината Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од 9 километри. Локалните медиуми јавувааат дека неколку лица биле хоспитализирани со ситни повреди. Паднати биле дел од фасадите на неколку згради.Потресот бил почувствуван на целата територија на провинцијата Катанија, како и во провинциите Ена и Месина.

Свет | пред 7 години

7 год.
brakoj

Референдумот за забрана на истополовите бракови ја подели Романија

Флорин Бухучану добро знае што се хомофобни графити и соседи кои не сакаат да го поздрават. Но никогаш не почувствувал толку анимозитет кон хосексуалците како пред референдумот на кој Романија овој викенд одлучува за тоа дали со Устав треба да се забранат истополовите бракови.Речиси 19 милиони романски избирачи повикани се во два дена, сабота и недела, да се изјаснат за таа иницијатива поддржана од Романската Православна Црква, богата и влијателна институција, чиј партријарх неодамна оцени дека референдумот е „исказ на патриотизам“. Се очекува дека ќе победат поборниците на забрана на истополовите бракови и оти со Устав бракот ќе се дефинира како „заедница на мажи и жени“, а не „сопружници“.Правно гледано ништо нема да се смени бидејќи романското законодавство секако не дозволува истополови бракови. Но експлицитната забрана ќе го отежне, всушност ќе направи и невозможно идна, каква било промена, која би одела во прилог на хомосексуалните двојки, истакнуваат противниците на рефрендумот. Тие стравуваат и од јакнење  на регресивната клима во земјата, со согласност на левичарската влада, чии демагошки настапи ги загрижуваат активистите за заштита на човекови права.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција

Регистрирано е зголемување на бројот на мигранти и бегалци кои по море пристигнуваат во Грција од Турција, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).Кон крајот на септември во Грција пристигнале 23.419 лица, што е за 17 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2017 година, соопшти УНХЦР.Уште 560 лица пристигнале на грчките острови во Егејското Море во првите четири дена од октомври, соопшти грчкото Министерство за миграциска политика.Покрај ова, бројот на бегалци и мигранти, кои доаѓаат преку реката Марица која е на границата меѓу Грција и Турција, двојно се зголемил во споредба со минатата година.Во 2017 година 5.500 мигранти ја преминале реката и влегле во Грција, а само во првите девет месеци од 2018 година тој број изнесува околу 12.000 лица, изјави во грчкиот Парламент министерот за миграциска политика Димитрис Вицас. Тој додаде дека властите планират да преместат повеќе мигранти и бегалци во континенталниот дел на земјата.Според податоци на грчката крајбрежна стража, во последните 10 дена, повеќе од 2.000 мигранти се однесени во кампови во северна и централна Грција, а уште 19.000 чекаат да бидат преместени од грчките острови.Целта на грчката Влада е да го намали бројот на мигрантите и бегалците кои се наоѓаат на островите во Егејското Море на 10.000 лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонските бизнис идеи ќе се претстават пред германската индустрија

Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев" и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ денеска и утре ќе им овозможат на компаните, преку програмата „Betapitch", да добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.Главниот оперативен директор на „Бетахаус“, еден од клучните чинители на берлинската стартап-сцена, ќе учествува на ексклузивна презентација на бизнис-идеи од страна на македонски стартап-компании.Избраните 10 до 12 стартап-компании, кои ќе бидат дел од менторирањето, во просториите на ИНОФЕИТ, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, ќе може да ги презентираат своите идеи пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“.Најдобриот стартап ќе добие бесплатно патување на „Betapitch Global & Investors Day“ на 15 ноември 2018  во Берлин, каде што ќе може да ја презентира својата идеја-продукт пред германската индустрија и да изгради деловни односи со стартап-скаути од сите поголеми германски мултинационални компании

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дипломатски турнир во тенис

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатскиот клуб, денеска по 22-ри пат ќе биде одржан Дипломатски турнир во тенис, што традиционално се одржува по повод државниот празник „11 Октомври“.Оваа година, турнирот ќе биде организиран со поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во чест на одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Француската Република и Република Македонија.На турнирот ќе земат учество претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во Република Македонија, претставници на меѓународните организации, како и вработените во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија.Од ЕВН е најавено дека од 3 октомври 2018 година, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Калишта заседава највисокото црковно-управно и законодавно тело на МПЦ–ОА

Неколку измени во Уставот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија од административен карактер, разграничување на границите и бројот на епархиите, разгледување на состојбите и животот во епархиите, како и одредување на ставови по одредени прашања од внатрешен и надворешен карактер.Овие точки се на дневен ред на јубилејно заседание на највисокото црковно-управно и законодавно тело на МПЦ–ОА, Архиепископскиот црковно-народен собор, чиј работен дел почнува денеска во рамки на манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта.Во рамки на програмата, вечер ќе се одржи свечена академија во катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, на која ќе се обрати поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан. Во истиот храм утре изутрина ќе се одржи света божествена архиерејска литургија.Соборот е составен од делегати од сите епархии на МПЦ-ОА, и во него членуваат архиепископот, надлежните, викарните и пензионираните архиереи, по две лица од клирот и три лица од верниот народ од секоја епархија, вклучително и дијаспората, игумените на манастирите „Свети Наум Охридски“ – Охрид и „Рождество на Пресвета Богородица“ – Калишта, претставник на монаштвото, Деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ и Ректорот на Средното богословско училиште, старешината на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје,Одржувањето на соборот е во годината кога Црквата и верниот народ во Република Македонија прославуваат 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога се одбележува 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија, кога ќе се чествуваат и 75 години од Свештеничкото заседание во с. Издеглавје и 1155 години од Моравската мисија на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, информираат од канцеларијата на Архиепископскиот управен одбор на МПЦ-ОА.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Вработените во администрацијата се први на удар на незаконието на власта

Македонскиот народ не успеале да го скршат и заплашат ниту тирани кои брутално ги ликвидирале патриотите само заради нивната љубов кон Македонија. Тоа нема да му успее ниту на Зоран Заев кој тргнува против народот само затоа што не доби поддршка за неговата политика на откажување од се што е македонско. Зоран Заев е готов да го тргува македонскиот идентитет, име, култура, историја и традиција само за да ја спаси својата кариера и да добие амнестија за криминалот во кој што е заглавен. За среќа народот покажа дека не е подготвен да поддржи ваква антидржавна политика, порача ВМРО-ДПМНЕ.„Заев во паника од преголемиот пораз кој му го нанесоа граѓаните се пресметува со сите кои гласаа против или апстинираа затоа што си ја сакаат државата.Вработените во администрацијата се први на удар на незаконието на власта. Незаконски, надвор од сите процедури се бркаат, преместуваат, уназадуваат и малтретираат вработени во администрацијата.Заев и картелот околу него ја деградираат правната држава. Охрабрени од моменталната власт која ја имаат тие вршат незаконски дејствија.Незаконски се врши притисок врз вработените во УЈП, кои апстинирале на референдумот. Незаконски се уназадуваат и преместуваат, само затоа што ја сакаат Република Македонија.Притисоци има и во Генералниот секретаријат на владата на Република Македонија, ЈСП, но и сите институции на централната и локалната власт.СДСМ доживеа дебакл на референдумот за промена на името.1 милион и 200 илјади Македонци му кажаа НЕ на Зоран Заев и капитулантските политики што ги води. Договорот од Преспа е правно – политички мртов, колку порано Зоран Заев тоа го прифати толку подобро.Граѓаните и покрај сите закани, притисоци и уцени се одважија и храбро се спротивставија на криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тие со својата апстиненција гласно кажаа дека Република Македонија победи.Ниту Заев, ниту било кој друг не смее да ги крши законите и Уставот на државата. За сето незаконие што се врши сега од претставниците на власта мора да следи одговорност. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара со враќањето на правната држава. Република Македонија ќе победи“ се наведува во соопштението на опозициската партија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Руската војска ќе добие своја црква

Повеќе од една милијарда рубли (преку 12 милиони евра) се уплатени на сметката на добротворниот фонд „Воскресение“ кој собира донации за изградба на главниот храм на Вооружените сили на Русија, соопшти прес-службата на фондот.Собирањето на средствата почна на 4 септември. Прв на сметката уплати средства еден морнарички заставник на Северната флота, а веднаш по него рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.Храмот ќе биде духовен, наставно-методолошки и просветителски центар за војниците, православното свештенство и граѓаните на Русија. На неговата територија ќе биде поставена изложба посветена на историјата на формирањето на руската држава и руските Вооружени сили. Храмот ќе биде висок 95 метри (вклучувајќи го и крстот), а вкупната површина ќе му биде 10950 квадратни метри. Ќе може истовремено да прими до шест илјади луѓе. Ќе има неколку чесни трпези. Централната ќе биде посветена на најголемиот христијански празник Велигден, а останатите на небесните заштитници на видовите и родовите на руските Вооружени сили

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Како до уставни промени: Со избори се троши време, без избори уште повеќе

Изборите се нужност не само заради уставните промени, туку затоа што 2/3 мнозинство ќе биде потребно и за голем број закони. Доста е од опструкции кои и натаму би го кочеле реформскиот процес, велат функционери од власта.Владејачката коалиција прво ќе се обиде да добие опозициска поддршка за уставни промени, а доколку тоа не се случи - неизбежни се избори. Ваквиот став на премиерот Заев, само делумно е потврден од коалицискиот партнер ДУИ, која смета дека во моментов приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Договорот во парламентот. Таа упати повик до останатите партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот. Централното претседателство на ДУИ кое заседаваше синоќа, смета дека „во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, бидејќи ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ“.„На референдумот излегоа преку 650.000 граѓани, од кои над 90%, или 610.000 граѓани се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа. ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуваниот Договор претставува меѓународна обврска на државата, и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сè од САД, ЕУ и земјите - членки на Унијата, во кои јасно и недвосмислено се повикува парламентот да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа“, соопшти ДУИ.Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, смета ДУИВМРО-ДПМНЕ на иста позицијаВаквиот став на ДУИ доаѓа во време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од чии пратенички гласови зависи двотретинското мнозинство за уставни измени, повторно најави дека нејзините пратеници нема да гласаат за уставни промени.„Ставот на пратеничката група беше јасен и пред референдумот, јасен е и сега, а тоа е дека пратеничката група ќе ја следи волјата на граѓаните. Волјата на граѓаните е јасна, референдумот пропадна, така што јасно е сѐ“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по синоќешната седница на партискиот Централен Комитет.Запрашан  - дали пратениците потпишувале изјави дека нема да прифатат уставни измени, тој рече дека „во овој момент нема таква активност, но целата пратеничка група е единствена дека не треба да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име“. Во тој контекст, прашањето е врз основа на кои проценки ДУИ се надева дека процесот ќе биде завршен во парламентот и без потреба од вонредни избори. Извори од владејачката коалиција тврдат дека има сознанија оти пратеници од опозицијата сепак би гласале за уставни измени, и покрај притисоците што се вршат врз нив. Засега никој не лицитира со бројка на опозиционери кои би гласале „за“, дел за да не предизвикаат опасност тие да бидат изложени на нови, дополнителни притисоци, а дел поради фактот дека „разговорите сѐ уште не се финализирани“.Од друга страна, функционери во владејачката коалиција се убедени дека предвремените избори се реална нужност, не само заради уставните промени, туку затоа што двотретинско мнозинство ќе биде потребно и за голем број закони.„Не сакаме да се доведеме во ситуација на постојани опструкции и условувања од ВМРО-ДПМНЕ, какви што имаше безброј досега, а кои и во иднина би го кочеле и компромитирале реформскиот процес“, велат тие. Сигнал дека во работите ќе се одвиваат во насока на нови опструкции, тие гледат и во фактот што ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги потврди сите заклучоци/барања што ги донесе Извршниот Комитет претходниот ден: разрешување на Јавниот обвинител и избор на нов на предлог на опозицијата, со цел истражување и процесирање на сите нерегуларности на референдумскиот процес, формирање Анкетната Комисија во Собранието што треба да ги истражи сите нерегуларности, и доколку има избори формирање влада по пржински модел, со мандат од 100 дена. ЦК донел и заклучок Општинските Комитети итно да ги формираат Општински изборни штабови, кои ќе функционираат до завршувањето на претседателските избори.Од ВМРО-ДПМНЕ нема потврда дали ќе одат на избориПријави за фалсификатНо, и покрај ваквата подготовка, од ВМРО-ДПМНЕ нема потврда дали ќе одат на избори, со оглед дека премиерот ги одби условите што ги постави партијата. Одговор синоќа избегна и потпретседателот Николоски.„Нашите услови се јасни, јас кажав вчера и ќе повторам и денес. Ние битката не ја водиме за власт, битката не ја водиме за избори, ниту ја водиме за доаѓање на власт. Заев порано или подоцна ќе си оди. Битката ја водиме за зачувување на името на Република Македонија и сме среќни што со исходот од резултатот уставното име на Република Македонија е зачувано. Сѐ друго е второстепено и небитно“, рече Николоски. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за фалсификат на референдумските резултати синоќа завршија со најава дека партијата денеска ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе од 200 лица: претседатели, заменици-претседатели, членови, заменици-членови и Избирачки Одбори на гласачки места во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај. Партијата ќе поднесе и кривични пријави против службени лица од МВР кои несовесно ја вршеле службената дејност.ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги повика сите граѓани на Република Македонија „да се обединат кон праведноста и заштита на државните и националните интереси, како и кон ставање на конечен крај на последната гарнитура политичари од транзицијата што ја предводат СДСМ и Владата на Република Македонија“.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања