ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

САД: Црква подига статуа на Богородица како порака за имигрантите

Црква во Калифорнија во близина на границата на САД со Мексико планира на еден рид да изгради статуа на Богородица, висока 12 метра, за да им испрати порака за надеж и добредојде на имигрантите.Весникот Лос Анџелес Тајмс нмагласува дека црквата за подигнување на статуата била инспирирана со Кипот на слободата.Статуата ќе биде наречена „Добредојде странецу“, а приврзаниците на таа идеја се обидуваат да соберат милион долари за нејзина изградба до почетокот на идната година.Бискупот Роберт Мекелрој од римокатоличката бискупија на Сан Диего вели дека тој споменик ќе биде потсетник на придонесот на имигрантите за САД

Свет | пред 7 години

7 год.
avioni

Американец предизвикал тепачка во авион, реагирале и воени авиони

Холандското воздухопловство испрати два воени авиони Ф-16 да придружат патнички авион на компанијата КЛМ на линијата Абу Даби-Амстердам, во кој агресивен патник почнал тепачка, соопшти портпаролката на војската, Џоана Хелмондс.„29-годишниот Американец стана агресивен откако му било кажано да седне на своето место. Следуваше тепачка, а екипажот и патниците успеаја да го совладаат“, рече таа.Неколку патници се полесно повредени.Авионот ербас А330-200 добил дозвола да слета на аеродромот Амстердам-Шипол, а полицијата го уапсила бунтовникот, кој потоа беше испратен на психијатриски преглед.Портпаролката на КЛМ, Хелен Макинга, рече дека холандската авиокомпанија „жали поради инцидентот“ и дека екипажот постапил според пропишаната постапка.Военото воздухопловство наведе дека ловците, вооружени со проектили, не се испраќаат освен во исклучителни околности.

Свет | пред 7 години

7 год.
haiti

Најмалку 13 загинати во земјотресот на Хаити

Најмалку 13 луѓе загинаа во земјотресот во карипската држава Хаити, соопшти портпарол на Владата.Епицентарот на потресот со интензитет од 5,9 степени по Рихтеровата скала беше на 19 км северозападно од градот Пор ду Пе, на 11,7 км длабочина.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Избори во БиХ на трите нивоа на власт

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат избори, осми по ред на сите нивоа на власта од прогласувањето независност на таа држава во 1992 година.Изборите се спроведуваат без претходна промена на Изборниот закон што е прогласен за неуставен. Медиумите во државата како проблем го наведуваат и избирачкиот список што не е прочистен.Притоа повторно се соочуваат со опции речиси идентични на оние за кои гласаа во изминатите 2,5 децении кои таа држава во различни комбинации ја држат заробена во еднички судири, корупција, економска неразвиеност и социјална беда.На изборите учествуваат вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати.На изборните листи се имиња на 7.497 луѓе кои сакаат да бидат дел од власта.Тие се натпреваруваат за членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ.Право на глас на изборите имаат нешто повеќе од 3,3 милиони гласачи. Тој податок предизвикува полемика бидејќи на пописот од 2013 година во БиХ е утврдено дека има околу 3,5 милиони жители.Според локални медиуми факт е дека бројот на избирачи расте во секој изборен циклус во БиХ. На иборите во 2000-та година право на гласи имале 2.5 милиони регистрирани гласачи и таа цифра денес е зголемена за речиси милион.Во изборите во 1996 година имаше одѕив од 83 отсто додека на последните локални избори пред две години учествуваа околу 55 отсто од избирачкото тело.На изборите 2014 година во трката за бошњачки член на Претседателството на БиХ победи Бакир Изетбеговиќ кој доби поддршка од 247 илјади избирачи воглавно Бошњаци иако во државата живеат речиси 1,8 милиони луѓе со бошњачка националност.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Столтенберг во Белград: Одличен однос со Србија, го поддржуваме дијалогот

   НАТО силно го поддржува дијалогот Белград – Приштина и сите напори што ќе резултираат со намалување на тензиите и ќе ги решат проблемите, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.Тој вчера пристигна во Белград, и во интервју за телевизијата Пинк, нагласи дека НАТО има одличен дијалог со Србија и ја почитува одлуката државата да не биде дел од Алијансата.– Силно го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина како и сите напори што ќе резултираат со намалување на тензиите и ќе ги решат несогласувањата. Нам ни е потребно политичко решение. Тоа е дијалог што одблизу го следи ЕУ, а НАТО беше дел од иницијативата што придонесе за дијалог. Ние и понатаму го следиме дијалогот и го поддржуваме нагласи Столтенберг.Тој потсети дека Србија „јасно рекла“ дека цел не и е да стане членка на НАТО.– Почитуваме одлука на држава дали сака да влезе во НАТО или не сака. Имаме одличен однос со Србија и ја почитуваме нејзината одлука да не се придружи на НАТО туку да биде партнер. Тоа е добро за Србија, тоа е добро за НАТО, изјави Столтенберг.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Избор на најдобри иновативни идеи на старт-ап компании во рамки на програмата „Betapitch“

   Дванаесет старт-ап компании денеска ќе ги презентираат своите иновативни бизнис идеи по што најдобрите преку програмата „Betapitch“ ќе добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.Презентацијата ќе се одржи попладне на Факултетот за електротехника и информатички технологии во Скопје, а во стручната комисија која ќе ги оценува бизнис идеите ќе биде и главниот оперативен директор на берлинската старт-ап сцена „Бетахаус“.Настанот е во организација на Центарот за трансфер на технологии и иновации – Инофест и Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев.Годинава, „Betapitch“ се одржува во 15 градови низ светот, вклучувајќи го и Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
maraton

Скопје трча маратон

Денеска д 7.30 до 11 часот денеска ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден" поради одржување на трката „Скопје трча 10М - 2018".Затворен за сообраќај ќе биде делот од крстосницата со улицата „Аминта III“, кај фонтана „Лотус“ и улицата „Љубљанска“ кај ТЦ „Скопје сити мол“. Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија се усогласува со директивата за промена на времето, одлуката ќе ја донесе Владата

По усвојување на предлог-директивата, претстои усогласување на националното законодавство на Република Македонија и определување на начинот на транспонирање на директивата, а предлогот од страна на Бирото за метрологија ќе биде доставен до Владата на РМ на одлучување.Викендот 28-ми кон 29-ти овој месец во Македонија ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат, а согласно донесената одлука во Европа да се укине промената на времето, во Македонија се следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата.Предлогот на Бирото за метрологија, како што не информираат од Министерството за економија, ќе биде доставен до Владата на одлучување.„Во новата предлог директива за прекинување на сезонските промени на времето која се уште не е објавена во службениот весник на ЕК и Парламентот на ЕУ е наведено дека земјите членки треба да ја транспонираат до 1 април 2019 година и да се изјаснат за изор на стандардно време кое ќе се применува на национално ниво. Бирото за метрологија ги следи случувањата во однос на процесот на усвојување на директивата за прекинување на сезонските промени на времето. “, наведуваат од Бирото за метрологија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Приведен 32-годишен скопјанец поради тешка кражба

Од страна на МВР поднесена е кривична пријава против  А.Н.(32) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, една „Кражба“ предвидено и казниво по член 235 од КЗ на РМ и една „Тешка кражба“ предвидено и казниво согласно член 236 од КЗ на РМ  при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 45.000 денари.Првото кривично дело пријавениот го извршил на 15 април годинава околу 21,40 часот  во стан на улица „Петар Ацев“ во Скопје на тој начин што се прекачил преку терасата и преку надворешната врата од терасата која била отворена влегол внатре во станот. Откако извршил пребарување бил затекнат од оштетената и истиот во брзање од дневната соба успеал да одземе еден лап топ и го напуштил местото на настанот.Второто кривично дело пријавениот го извршил на 02 септември во стан на улица „Петар Ацев“ на тој начин што се прекачил преку прозорeцот од кујната кој бил отворен, насилно го отворил комарникот, и влегол внатре во станот, од каде одзел ЛЦД телевизор, еден мобилен телефон, разновиден златен накит и два паричници во кои имало лични документи и пари и го напуштил местото на настанот.Украдените предмети дел ги продал на пазарот во Шуто Оризари, а дел ги заложил во заложна куќа, од каде заложените предмети со потврда се одземени и вратени на оштетените.На 04.10.2018 година во Полициската станица Аеродром лишен е од слобода пријавениот А.Н.

Скопје | пред 7 години

7 год.
20181007074800_501354

Најмалку 13 загинати во земјотресот на Хаити

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го зафати денес северниот дел на Хаити каде животот го изгубија најмалку 13 лица.Американската Агенција за геолошки истражувања изјави дека епицентарот на потресот бил на околу 19 километри северозападно од градот Пор ду Пе, на 11,7 км длабочина. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Избор на најдобри иновативни идеи на старт-ап компании во рамки на програмата „Betapitch“

Вечерва, со почеток во 17 часот во ИНОФЕИТ центарот за трансфер на технологии и знаење при Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи првиот бизнис натпревар на македонските старт ап компании.На финалниот натпревар, 12 старт-ап компании ќе се претстават пред неколкучлена стручна комисија. Член на комисијата ќе биде и главниот оперативен директор на берлинската стартап сцена „Бетахаус“, кој ќе го проценува технолошкиот и бизнис потенцијалот на идеите на учесниците.Избраните компани, преку програмата „BETAPITCH“, ќе добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.Годинава BETAPITCH ќе се одржи во 15 различни градови низ целиот свет вклучувајќи го и Скопје. Локални партнери за Македонија се Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при ФЕИТ/УКИМ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mpc-1

МПЦ ретерира , нема да го меннува името

Црковните великодостојници го потврдија ставот дека името на Македонската православна црква останува непроменето. Во годината кога се одбележува јубилејот 1000 години Охридска архиепископија, Архиепископскиот црковно- народен Собор на јубилејното заседание што се одржува во Струга и Охрид донесе Резолуција во која првиот заклучок се однесува за неменување на името на МПЦ.Членовите на Црковно- народниот собор воедно упатуваат апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучителен и полн со предизвици период за нашата земја, да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовниот идентитет на македонскиот народ и се што е Македонско, изјави Митрополит Тимотеј, портпарол на МПЦ – ОА.Со Резолуцијата која Соборот ја усвои по пет часовна работа зад затворени врати, се врши измена на повеќе членови на Уставот на црквата, меѓу другото и на името на МПЦ и титулата на поглаварот.Се дополнуваа чл. 2 од Уставот на МПЦ, кој ќе гласи: „Македонската православна црква- иаториска и правна наследничка на Охридската Архиепископија и на Јустинијана Прима, има достоинство на Архиепископија и се именува Македонска Православна Црква- Охридска Архиепископија, а во комуникацијата Македонска православна црква“.Се дополнува чл. 9, став 2 од Уставот на МПЦ кој ќе гласи: „Титулата на Архипископот е Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и се ословува со „Ваше Блаженство“, соопшти митрополит Тимотеј.Соборот го корегира и член 23 од црковниот Устав со што викарните епископи се исклучуваат од Пленарниот состав на Синодот и немаат право на глас. Усвоена е и одлука за поделба на Полошко-кумановска епархија на две засебни: Тетовско–гостиварска и Кумановско-Осоговска православна епархија. Прецизирани се границите на епархиите во земјата и дијаспората, кои со уставните измени добиваат засебен правен статус.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DC1K4-1637273-proseko-ls

(Видео)Илјадници литри пенливо вино оди во неповрат, по експлозија во италијански резервоар

Необична експлозија на шампањ веројатно ги натерала љубителите на пенливи вина да прогласат ден на жалост кога се појавила снимка на која овој пијалак од фабриката се прелива како од чаша.Станува збор за снимка на која се гледаат 30.000 литри Просек како одат во неповрат по хаваријата во италијанскиот резервоар.Резервоарот под притисок експлодирал бидејќи имало премногу персонал кој работел во него. Сепак, овој тажен момент за љубителите на вино, испаднал идеален момент за љубителите на видео клипови, откако оваа хаварија од далеку изгледала како пенлив пијалак да се прелива од чаша.Винаријата која на Фејсбук ја објавила оваа снимка, за кратко време добила 500.000 прегледи.[embed]https://www.facebook.com/562282653908218/videos/460038181167001/?t=0[/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експлозија на гасовод во Истанбул

Во реонот на истанбулското предградие Силиври денеска експлодира гасовод за време на изградбата на пат, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.Експлозијата предизвика голем пожар. На местото на инцидентот се испратени многу противпожарни возила. Засега нема информации за загинати или повредени луѓе.Причината за експлозијата се уште не е позната.

Свет | пред 7 години

7 год.
DqHhQ-fustanot-na-preklop-na-kolinda-grabar-kitarovikj-e-vednash-rasprodaden-325107

Фустанот на преклоп на Колинда Грабар Китаровиќ експресно распродаден

Откако се појави во Белата куќа на средба со претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија, медиумите не престануваат да зборуваат за изгледот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.Таа ја истакна новата фигура во тесен фустан на преклоп, со златна лента на рабовите, а реакциите беа и повеќе од позитивни.Доказ за тоа е и информацијата од хрватските медиуми дека фустанот е распродаден веднаш. Се работи за креација „Катарина“ на хрватски бренд „Duchess“, која претходно ја носеле и други познати Хрватки, но претседателката очигледно немала проблем со тоа. Кога би сакале да ја имате, би морале да ја чекате од 16 до 33 дена, бидејќи интересот е огромен, а инаку цената ѝ е 185 евра.

Свет | пред 7 години

7 год.
VUIjm-

Дачиќ: Единствени вооружени сили на Косово можат да бидат силите на КФОР

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави за РТС дека постои мала конфузија кај западот околу тоа кој е нивниот став за војската во Косово.Дачиќ истакна дека ставот на Србија е дека единствени вооружени сили кои можат да бидат присутни на Косово се силите на КФОР и дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, на 8 октомври со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе разговара за проблемите околу основањето на војската бидејќи е спротивно на Резолуцијата 1244.„За нас повеќе ништо не може да биде изненадување кога станува збор за ставот на одредени западни кругови. Но вистината е една, а тоа е дека со никаков документ не се предвидени вооружани сили на Косово“, рече Дачиќ и додаде дека основањето на косовската војска би било безбедносна закана за целиот регион.Како што објасни, позицијата на Србија во дијалогот со Приштина е значително подобрена за разлика од пред пет или шест години.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Им рекла дека работи во државна институција и им зела 2.800 евра за да ги вработи

Тројца тетовци биле измамени од страна на непозната жена, која лажно им се претставила дека работи во владина институција и дека може да ги вработи, а за тоа им зела и пари.„Во текот на ноември 2017 година лицата Љ.Ф.(39), К.Ф.(28) и С.Ф.(20) сите од село Слатина се запознале со А.А. која им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека има доста пријатели во политички партии и дека може да им помогне да се вработат за што од оштетените побарала да и донесат документи за завршено образование, а и во два наврати им земала и парични средства од околу 2.800 евра“ соопшти МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експлозија на гасовод во предградието на Истанбул

Денес во предградието на Истанбул експлодира гасовод за време на изградбата на пат, објавуваат турските медиуми.Експлозијата предизвикала голем пожар кој го гасат голем број на противпожарни возила.Засега нема информации за загинати или повредени луѓе, ниту пак која е причината за настанување на пожарот.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

5.000 кучиња ќе лаат против брегзит утре пред британскиот парламент

Во Лондон утре ќе се одржи протест на кучиња на кој тие ќе „побараат“ ав-референдум (Woofreferendum) за да се спречи брегзитот. Протестот ќе биде пред парламентот, каде што илјадници кучиња ќе лаат во знак на протест поради повлекувањето на Велика Британија, во која живеат со своите сопственици, државјани на членките на Европската Унија.„Сакаме да го одржиме најголемото лаење во светот“, изјави иницијаторот на собирот Даниел Елкан, кој смета на британскиот хумор за милениците да помогнат во блокирањето на брегзитот.На собирот се очекуваат 4.000 до 5.000 кучиња, кои ќе прошетаат од центарот на Лондон до парламентот и седиштето на владата.На социјалните мрежи се појавија снимки со различни кучиња што го „изнесуваат“ својот став за брегзитот, држејќи натписи за ова прашање.Еден од организаторите Доминик Даер рече дека брегзитот ќе биде катастрофален за луѓето, па и за домашните миленици, поради недостигот од ветеринари, зголемената цена за нега на миленичињата и прекинот на издавање европски пасош за животни.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прилепчанец нападнат со метална патерица

Вчера во 16,20 часот во Прилеп, С.Т. пријавил дека на улица „Савка Манеска“, пред сопствената куќа бил физички нападнат од страна на неговиот сосед К.К.(58), со удари со метална патерица.По физичкиот напад, според пријавеното, К.К. се упатил кон домот на оштетениот, ја скршил влезната врата и го нападнал и С.Х.Сторителот е приведен во Полициска станица Прилеп, по наредба на Јавен обвинител од истиот е одземена ловна пушка и патрони.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања