„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
indonezija

Потрдени повеќе од 1.200 жртви во земјотресот во Индонезија

Во силниот земјотрес и цунами што го погодија индонезискиот остров Сулавеси, загинаа најмалку 1.234 лица.Најновиот биланс денеска го објави портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо.Тој додаде дека 799 луѓе се сериозно повредени. Според него, во најновиот биланс на состојба не се вметнати извештаи од Сиги и Баларо, па се очекува бројот на жртвите да биде поголем. Во близина на источниот индонезиски остров Сумба денеска се регистрирани два земјотреса на ниска длабочина, но опасност од  цунами не е објавена.Новите земјотреси беа регистрирани на 1.600 километри јужно од областа погодена од силниот земјотрес и цунами на централниот остров Сулавеси во петокот.

Свет | пред 7 години

7 год.
turcija

Ердогановиот режим без милост – доживотен затвор за новинарите

Суд во Турција ги потврди доживотните казни за шесте новинари, откако беа осудени за наводно помагање во планирањето на неуспешниот државен удар во таа земјаАхмет Алтан, неговиот брат Мехмет Алтан и уште четворица новинари претходно беа осудени на доживотна казна затвор поради наводната поврзаност со мрежата на муслиманскиот имам Фетула Ѓулен кој турскиот режим го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во таа земја во 2016 година, пишува Ројтерс.Мехмет Алтан во јуни беше пуштен од затвор, но денес и на него повторно му беше изречена казна, откако кривичниот суд го отфрли барањето на уставниот суд за негово ослободување.Британската агенција наведува дека сите шестмина новинари сега ќе ги отслужуваат настрогите доживотни казни, што значи дека немаат право на условно ослободување и дека за нив нема да важат идните одлуки за амнестија.

Свет | пред 7 години

7 год.
germanija

ЦДУ/ЦСУ до ВМР ДПМНЕ: Не блокирајте зашто ризикува долготрајна изолација на земјата

 Со над 91 процент од гласовите „За“, гласачите во Македонија дадоа огромна поддршка за европскиот пат и за поголема перспектива на нивната земја во  ЕУ и НАТО, порача заменик-претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Давид Ваделул.Владејачката германска ЦДУ/ЦСУ смета дека опозицијата не смее да ја блокира перспективата на Македонија за НАТО и ЕУ. Предупредуваат дека неуспехот на договорот за името ќе ја изолира земјата долго време.– На референдум во Македонија повеќе од 91 отсто од гласачите гласаа за промена на името на државата во „Северна Македонија”, а во исто време и за понатамошна перспектива на нивната земја во НАТО и во ЕУ.  Сепак, потребниот цензус од 50 проценти не беше постигнат. Оттука, решавачко ќе биде гласањето во Парламентот, вели Ваделул.Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ жали што само околу 37 отсто од гласачите учествувале на референдумот за промена на името, и дека не е постигнат потребниот цензус.– Сепак, референдумот не е обврзувачки. Клучно е дека неопходното мнозинство од две третини за уставниот амандман и промената на името се постигнува со потребното гласање во Парламентот, истакнува Ваделул.Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ ја повикува македонската опозиција да се согласи со, како што нагласуваат, историски важното гласање во Парламентот за уставните амандмани бидејќи во спротивно, би било политички одговорно да се блокира овој пат за Македонија на долг рок и со тоа да се изолира земјата од Европа. Тоа исто така, велат од ЦДУ,  ќе се одрази на можноста за започнување на преговорите за пристапување во ЕУ.Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел ја повикува македонската опозиција да гласа во полза на уставните измени, со што се отвора патот на земјата кон НАТО и ЕУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија и Србија ќе градат заедничка гранична железничка станица

  Македонија и Србија ќе градат заедничка железничка станица на која ќе има заеднички гранични  и инспекциски служби и заедничка царина.Проценетата вредност е околу 4,5 милиони евра, а проектот за изградба ќе биде презентиран денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје.На настанот најавено е обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jankulovska

Завршни зборови во случајот „Тенк“ за Јанкулоска

Во Кривичниот суд за денеска се закажани завршни зборови за предметот „Тенк“, во кој се води одвоена постапка против обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач. Како што е наведено во обвинителниот акт, Јанкулоска за да го исполни барањето на Никола Груевски, со умисла го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да стори кривично дело.Во „Тенк“ веќе се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор.Апелацискиот суд Скопје одржа јавна седница по жалбите за првостепената пресуда за Груевски и Поповски, но одлука се уште не е донесена.За денеска се закажано рочишта и за предметите „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sobranie-35sbe8xjpqmifqplcxs9hc

Нема преговори со опозицијата, ќе има избори

Парламентарното мнозинство е порасположено за предвремени избори наместо да се водат преговори со опозициските пратеници и да се убедуваат да гласаат за уставни измени во согласност со договорот од Преспа. Охрабрени од повеќе од 600 илјади гласа „за“ на референдумот, некои од пратениците од владејачкото мнозинство за „Макфакс“ велат дека постои подготвеност уште веднаш, односно до крајот на неделата да се распишат избори, на кои очекуваат да освојат повеќе пратеници и да се загарантира двотретинско мнозинство во Собранието.Другата опција за која се размислува е спроведување тајно гласање во парламентот, со заокружување гласачко ливче „за“ или „против“. Според Деловникот на Собранието ,тајното гласање може да се спроведе по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник, чие барање го поддржуваат десет пратеници. Со таквото гласање во јавноста се соопштува само резултатот од гласањето, а не и податокот кој пратеник како гласал. Двете алтернативи, сепак, ќе го чекаат исходот од преговорите што ги најави премиерот Заев со опозициските пратеници.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сè уште немало никаква средба во ниту еден формат, а според нив, воопшто и нема потреба да се преговара за уставни измени бидејќи референдумот не помина и не треба да се прават понатамошни чекори кон легализација и вметнување на договорот во правниот систем.За да почне постапката за уставни измени, на владејачкото мнозинство му недостигаат уште девет пратеници. Ако не успее да ги убеди, премиерот Заев најави предвремени парламентарни избори, а како можен датум го спомена 25 ноември.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Протече во јавност новото порно на Северина

По 14 години Северина повторно ги полни таблоидите на оној начин по кој и стана позната. Имено, во медиумите кружат експлицитни фотографии на кои може да се види пејачката во жешки пози, а на некои од нив си ги допира и интимните делови.Медиумите од регионот анализираат дека според накитот, може да се определи дека се снимени пред неколку години, а се претпоставува дека нив, на медиумите им ги испратил поранешниот маж на Северина, која пак му ги праќала додека биле во врска.Северина денеска го откажа закажаниот настап во Германија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Двајца загинати во сообраќајќи во Скопје

   Еден возач и еден сопатник се загинати, а едно лице се здобило со лесни телесни повреди во три сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје.Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 71 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, двајца возачи под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 87 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 65 возила.Полицијата санкционирала и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство за минување на пешаците и тројца за неправилно престигнување.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).По повод одбележувањето на „Недела на Детето“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со содржини од областа на сообраќајот и безбедноста на децата во сообраќајот, во детска градинка „8 Март“ објект „Расадник“ во општина „Кисела Вода“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mon

МОН и oпштина Аеродром го осудија случајот во „Ѓорѓија Пулевски“

Министерството за образование и наука и општина Аеродром попладнево преку соопштенија го осудија случајот со фрлањето на ученичка од прозорец од страна на нејзините соученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“.Во соопштенијата испратени од двете институции се наведува дека осудуваат секаков вид на насилство меѓу учениците и оти работат на целосно расчистување на случајот.Од Министерството за образование и наука информираа дека Државниот просветен инспекторат веднаш по добивањето на информациите почнал инспекциски надзор за да се утврди фактичката состојба и да се лоцира одговорноста.„По целосно завршување на постапката, од страна на инспекторите ќе биде подготвен извештај, врз основа на кој ќе се донесат и одлуки за следните чекори и понатамошни постапки”, се вели во соопштението од МОН.Од општината истакнуваат дека се во постојана комуникација со претпоставените од училиштето и со надлежните институции со цел целосно да се расчисти случајот.Министерството за внатрешни работи соопшти дека кај нив денеска е пријавено оти во петокот за време на малиот одмор четворица малолетници го фатиле за нозе и раце девојчето и го фрлиле од прозорецот во училницата на приземје. Девојчето се здобило со телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Европа и Медитеранот на удар од нов студен бран

Според метеоролошките прогнози, следните два-три дена Европа ќе биде на удар од еден од најладните бранови, кој може да ги донесе и првите обилни врнежи од снег оваа сезона.Ладниот бран кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, на чии врвови се очекува најмногу снег.Заладување ќе има во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а особено ќе биде ладно на југот од Франција и западот на Медитеранот.Вториот студен бран над дел од Европа доаѓа од утре и ќе ја зафати Источна Европа и Балканот.

Свет | пред 7 години

7 год.
avion

Турски авион, поради пожар, принудно слета во Загреб

Турски авион, поради пожар, окoлу 15 часот принудно слета во Загреб. Според хрватските медиуми, станува збор за авион што летал од Истанбул за Париз.Загрепските пожарникари потврдиле дека излегле на терен со шест возила по пријавата дека има пожар во авионот. Според нив, нема повредени и сите патници се навреме евакуирани.Според првичните информации, станува збор за авион од типот „боинг 737“ на турската компанија „Пегасус ерлајнс“.„Добивме барање за итно слетување, авионот слета без проблеми на аеродромот и сега сè е во ред“, изјави портпаролката на аеродромот, Лидија Цапковиќ.

Свет | пред 7 години

7 год.
atentat

23 години од атентатот врз првиот претседател Глигоров, истрагата сѐ уште е отворена

На 3 октомври 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кој тој го преживеа со тешки повреди на главата.На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9.50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавил автомобил фиќо.Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Времето денеска променливо облачно

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а во текот на денот од југ ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура се движи од шест до 14, а дневната од 19 до 25 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската темптература се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-227838

Ременски за “Бојкотирам”: Ајваро-повикувачите нема да имаат ајвар до пролет

Прстеничката Фросина Ременски преку социјалните мрежи упати порака до “Бојкотирам”.“За да сфатите подобро во кој правец се движи Македонија погледнете го пресот на Зоран Заев и на Мицковски, и споредно "прославата" на ајваро-повикувачите. Од една страна е јасната акција за иднината на граѓаните и на Македонија, а од друга страна аплаудирање на кукавичкото попречување на таа иднина.Ајваро-повикувачите ќе си го с'ркаат ајварот оваа зима, до пролет тешко да им стаса.Се лажат сите ако мислат дека граѓаните кои сакаат и се определија ЗА европска иднина ќе им ги јадат бучкурушот што се обидуваат да им го сервираат. Преспијте си и будете спокојни !Уште утре ќе видите колку сте биле во право кога сте заокружиле ЗА својата европска иднина и колкава среќа има Македонија што ја води визионер Зоран Заев” пишува прстеничката

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Осудениот градоначалник за шверц со цигари се враќа на функцијата во Ново Село

Боро Стојчев, градоначалникот на Ново Село кој беше осуден со казна затвор од 18 месеци за шверц со цигари се врати во општината на истата функција.Летово тој беше фатен како шверцува 3.300 штеки цигари преку македонско – бугарската граница. По отслужување на казната затвор, тој останува да биде градоначалник.Во член 54 од Законот за локална самоуправа пишува дека мандатот на градоначалникот му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци.Апелацискиот суд во Штип ја прифати жалбата на одбраната и одлучи казната затвор од 18 да ја намали на шест месеци. Намалување на казната затвор добија и неговиот син и внук, како и петтообвинетиот. Сите тројца имаат по три месеци затвор и за некој ден ќе бидат на слобода. Во овој случај беше осудена и сопругата на Стојчев, условна казна во траење од две години.Во јули Стојчев и дел од неговото семејство билеа фатени во обид да пренесат цигари во Бугарија преку див граничен премин.Стојчев и претходно два пати бил осудуван. Во екот на случувањата со приведувањето на Стојчев за шверцот со цигари, премиерот Зоран Заев изјави дека тие биле пријатели, но сепак казната затвор си важела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Гвинет Палтроу тајно се омажи

Глумицата Гвинет Палтроу, тајно се омажи за холивудскиот продуцент Бред Фалчука.Тајната церемонија е се одржала во раскошна вила во Хемптонс, а на венчавката присуствувале семејството, најблиските пријатели и колегите на парот. Бившиот маж на познатата глумица, Крис Мартин, кој е фронтмен на групата „Coldplay“, од кој се разведе во 2016 година, не се појавил на венчавката. Причина за тоа бил закажаниот настап кој се одржал два часа по венчавката.Според светските медиуми, помеѓу гостите биле Камерон Дијаз сосопругот, Роберт Дауни Џунир, Стивен Спилберг и многу други.Гвинет и нејзиниот сопруг Бред беа заедно четири години и двајцата имаат по две деца од првиот брак.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Два силни потреси за 15 минути во Индонезија

Во силниот земјотрес и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси животот го изгубиија најмалку 1234 луѓе.Најновиот биланс денес го соопшти портпаролот на националната агенција за катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо. Нугрохо изјавил дека 799 луѓе се тешко повредени, а се очекува бројот на жртвите се уште да се зголемува.Во утринските часови два земјотреса се регистрирани во близина на источниот индонезиски остров Сумба, но не постои опасност од цунами. Америчкиот геолошки институт објави дека првиот земјотрес бил со јачина од 5,9 степени според Рихтер, а вториот по 15 минути, со јачина од 6 степени.Според државната новинска агенција Антара досега само еден мост е оштетен и нема извештај за друга причинета материјална штета.

Свет | пред 7 години

7 год.
untitled-1-620x350

Силно невреме во Дубровник

Силно невреме ноќеска го зафати Дубровник.Поради обилните врнежи поплавени се голем број на улици во градот, а водата влегла и во некои станови и куќи.Како што јавува ДуЛист, пожарникарите за само три часа, од 4 до 7, имале 30 интервенции за испумпување на вода.Проблеми има и на магистралните патишта, а на одредени места има и појава на одрони.Освен во Дубровник, врнежи има на територијата на целата земја.

Свет | пред 7 години

7 год.
trajekt-620x350

Силна експлозија и пожар на траект во Балтичко море

На патнички траект во Балтичкото море се случила силна експлозја, пренесуваат странските медиуми.„Експлозијата се случила во собата каде што се наоѓа моторот. На бродот има 335 луѓе, вклучувајки ги и 37 членови на екипажот“, вели претставникот на руската Федерална агенција за поморство и речен превоз.Според неговите инфромации, пожарот е изгаснат и нема повредени.Ангажирани биле руски и литвански спасувачи, велат медиумите.Траектот „Регина сивејс“ пловел од Литванија до Шведска, а во моментот кога се случила експлозијата бил во меѓународни води, на оддалеченост од 135 километри од Кклининград.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетничка фрлена од прозорец во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“

Денеска, во 07.50 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ц.(50) пријавил дека во петокот малолетничка од основното училиште Ѓорѓија Пулевски била фрлена од прозорец од страна на нејзини соученици.Настанот се случил во периодот од 10.30 до 11.00 часот за време на малиот одмор. Станува збор за четири малолетници кој воедно биле ученици во училиштето. Тие ја фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја со што таа се здобила со телесни повреди.Родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања