„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Цунами го погоди индонезискиот остров Сулавеси, најмалку 48 жртви

Најмалку 48 луѓе го изгубија животот, а повеќе од 350 се повредени по серијата потреси и цунамито кои го зафатија идонезискиот остров Сулавеси.https://twitter.com/Daeng_Info/status/1045654867937701888Потпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи во Индонезија, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми. Тој вели дека илјада куќи се уништени, мостовите се срушени, а електричната енергија е прекината во поголемиот број градови во регионот Донгала. Локалната болница е оштетена, па поради тоа медицинските службеници се одлучија десетината ранети да ги лечат надвор од зградата.Локалните медиуми известуваат дека аеродромот во Палу ќе биде затворен до сабота навечер.Инаку, земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер, предизвика цунами, високо околу 3 метри, кое ја погоди плажата во градовите Палу и Донгали.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возачите дрски кога ќе бидат фатени на радар, полицијата со пет пати повеќе казни од лани

Новите радари кои ги користи СВР Скопје од оваа година работат на систем на ГПС и се мрежно поврзани. Ниту еден возач што ќе биде уловен на радар не може да избегне и да не ја плати казната. Тоа значи дека секој полицаец кога го користи радарот има посебна шифра, а со тоа и одговорност, и ако не напише казна, тогаш полицаецот одговара. Новите радари имаат домет и до 1,5 километар и зумираат. Ласерот се насочува кон возилото и ја мери брзината. Возачот може и во место да сопре, но тоа е џабе, бидејќи веќе е фатен и снимен на радар. На снимката се гледаат возилото, регистарските таблици, брзината, датумот и часот и снимката потоа е доказ на суд,„Не возев брзо, оваа фотографија на радарот не е мојот автомобил. Не смеете да ме казните. Ова намерно ми го правите бидејќи видовте дека имам странски таблици. Ова нема да ви помине, ќе видите!“. На овој начин, дрско и со заканувачки тон, им се обраќаше возачот на сообраќајците откако радарот измери дека вози со брзина поголема од дозволената.„Ова е секојдневно, ретки се тие возачи што признаваат дека погрешиле. Веднаш почнуваат со навреди, со закани, како на пример 'ќе видиш ти кој сум јас, ќе останеш без работа' и слично. Но ние мора да си ја завршиме работата, па потоа нека докажуваат на суд дали погрешиле или не. Има и такви што се обидуваат да кренат рака на полицаец или се закануваат по живот, и на тие лица им пишуваме и казна од законот на јавен ред и мир за навреда и омаловажување полицаец, а глобата изнесува од 600 до 800 евра во денарска противвредност“, вели еден од сообраќајците со кои екипата на МКД.мк беше во сообраќајна патрола на прометниот булевар Србија, каде што пред само две недели беше прегазена баба, а нејзината 3-годишна внука беше тешко повредена.Се уверивме дека и по трагичната сообраќајка, повеќето возачи не внимаваат на брзината.„Секојдневно има наша патрола на ова место. Гледате дека никој не прикочува пред пешачкиот премин, сообраќајната култура ни е на многу ниско ниво. Ги казнуваме возачите што ќе ги фатиме на радар, но не можеме да бидеме 24 часа на едно место. Возачите, но и пешаците, мора да знаат дека не смеат да предизвикуваат опасност и мора да внимаваат“, вели сообраќаецот.Возењето во главниот град наликува на вистинско бојно поле. Сите сме сведоци на агресивни возачи, поминување на црвено светло, непочитување на дозволената брзина, несовесни пешаци и бесни мотоциклисти. Речиси секојдневно на улиците во Скопје се случуваат по неколку сообраќајни несреќи со жртви. Само вчера во Скопје загина 58-годишен возач во судир со друго возило, пешак беше прегазен од автомобил, а пред неколку дена поради голема брзина на движење загина 18-годишен возач.Според податоците на СВР Скопје, во првите девет месеци годинава се случиле 2.334 сообраќајни несреќи. Во истиот период минатата година се случиле 2.361 сообраќајка. Годинава во населбите во Скопје се случиле 2.040 сообраќајки, а на отворен пат 294. Во сообраќајките годинава и минатата година загинале по 19 лица. На улиците во Скопје годинава до 1 септември загинале шест пешаци, двајца велосипедисти, двајца мотоциклисти, осум возачи и тројца сопатници.Марјан Митревски, главен инспектор и помошник началник во Одделението за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје, вели дека по смената на раководството во СВР Скопје се набавени новите софистицирани радари и дрегери и поради тоа е подобрена состојбата во сообраќајот и работењето.„Состојбата со контролите е подобрена, но културата на возачите и пешаците во сообраќајот како да не се поправа. Имаме засилени контроли и се казнуваат несовесните возачи на возила и мотоцикли и пешаците. Во првите осум месеци од годинава заклучно до први септември, сообраќајната полиција извршила вкупно 54.186 контроли во сообраќајот, или два пати повеќе од истиот период лани, кога биле извршени само 26.480 контроли. СВР Скопје само за два месеци, поточно од април до јуни, реализирала вкупно 21.209 мандатни патни налози, или четири пати повеќе од истиот период лани, кога имало само 5.802“, вели Митревски.СВР Скопје во првите осум месеци од годинава, заклучно до 1 септември, фатила 4.501 возач за брзо возење. Во истиот период лани во Скопје за брзо возење биле казнети само 722 возачи. Ова значи дека годинава полицијата има зачестени контроли во сообраќајот осум пати повеќе од лани.„Имаме подобрување кај брзината, во последно време возачите повеќе го почитуваат ограничувањето. Откако ги имаме новите радари што работат на систем на ГПС и се мрежно поврзани, ниту еден возач што ќе биде уловен на радар нема да може да не ја плати казната. Тоа значи дека секој полицаец кога го користи радарот има посебна шифра, а со тоа и одговорност, и ако не напише казна, тогаш полицаецот ќе одговара. Новите радари имаат домет и до 1,5 километар и зумираат. Ласерот се насочува кон возилото и ја мери брзината. Возачот може и во место да сопре, но тоа е џабе, бидејќи веќе е фатен на радар. Откако го сопираме, му ја покажуваме снимката на возачот на која се гледаат возилото, регистарските таблици, брзината, датумот и часот. Таа снимка потоа е доказ на суд“, вели Митровски.Додава дека возачите се закануваат, бараат врски за да се „скине“ казната, но попусто.„Им велиме дека може да се јават каде сакаат, но ние имаме снимка и мора да се напише казна. Ова снимка не може ниту да се избрише, ниту да се скине. Поради тоа, речиси 99 проценти од напишаните казни за брзо возење се реализираат, односно возачите си ја платиле казната. Нема врски, нема кинење, нема пуштање“, вели Митровски.Според законот за безбедност во патниот сообраќај со 300 евра во денарска противвредност и 50 негативни бода ќе се казни возач што во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 километри на час над дозволената брзина. Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон. Со 45 евра во мандатна постапка и 25 негативни бода ќе се казни возач што во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 километри на час од дозволената.Казна од 10 евра и 10 негативни поени за возач што во населено место се движи со брзина поголема до 10 километри на час над дозволената брзина.Ако возачот направи 100 негативни поени во возачката книшка, трајно му се одзема возачката дозвола и две години нема право да полага, а откако повторно ќе положи, две години ќе биде возач-почетник.Сообраќајната полиција на СВР Скопје во првите осум месеци годинава фатила 1.525 возачи што пијани седнале зад воланот, или десет пати поголем број од истиот период лани, кога полицијата санкционирала само 158 пијани возачи. Новите дрегери што ги користи полицијата го покажуваат бројот на направените алкотестови.„Новите дрегери го покажуваат бројот на алкотестирања и на тој начин имаме евиденција за точната бројка и нема ургенции. Тоа значи кога сообраќаецот во патрола на десет возачи ќе им даде да дуваат во дрегер, а кај петмина ќе бидат измерени над 0,50 промили алкохол, тогаш мора да бидат преземени мерки за тие петмина, односно да им биде напишана казна, па поради тоа, не може да се скрие. Во дрегерот се запишани датумот, часот и името и презимето на возачот и промилите алкохол. Овие дрегери имаат и амбиентално мерење, тоа значи можат да мерат во автомобилот. На пример, ако во автомобилот има само еден возач, полицаецот го става дрегерот во возилото и за нецели три секунди покажува дали има или нема алкохол. Ако има алкохол, и возачот ќе дува“, вели Митревски.Според законот за безбедност во патниот сообраќај, со 225 евра во денарска противвредност и 40 негативни поени ќе се казни возачот кај кој се измерени од 0,51 до 1 промил алкохол во крвта, а ќе му биде изречена и забрана за управување на моторно возило од три до шест месеци. 275 евра, 50 негативни поени и забрана за возење од шест до девет месеци е казната ако кај возачот се утврди присуство од 1,01 до 1,50 промили алкохол. Со глоба од 325 евра и 55 негативни поени и забрана за возење од девет до 12 месеци ќе се казни возачот што биде фатен дека управува автомобил со алкохол во крвта од 1,51 до 2,00 промили. Со 375 евра и 60 негативни бода ќе се казни возачот кај кого ќе се измерат повеќе од 2,01 промили алкохол во крвта, како и забрана за управување со моторно возило од 12 месеца.мкд.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вучиќ: Не отидов во Њујорк, не можам да ги слушам истите приказни

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сакал да оди во Обединетите нации во Њујорк, затоа што таму би морал да разговара и со албански и со светски претставници, со кои, како што рече, не знае за што веќе да разговара, затоа што тој сака суштински напредок во однос на Косово, „а тие не сакаат“.Тој истакна и дека е задоволен како премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја претставиле Србија и оти завршиле добра работа.– Не можам веќе да одам, да повторувам едно и исто. Кажете ми, луѓе, дали сте подготвени за суштински напредок. Ако сте, ете ме, ќе долетам со што сакате, во Брисел, на Гренланд, каде и да ме повикате. Само немојте да доаѓам, да губам време и да ги слушам истите празни приказни кои ги слушам со години дека Србија треба да ја признае независноста на Косово, изјави Вучиќ во Ниш.Тој уште еднаш порача дека нема да ја признае косовската независност, дека Србија сака компромис, а не решение кое ќе значи дека Албанците од Косово ќе добијат се, а Србите ништо.– Тоа беше причинита зошто не отидов, истакна Вучиќ.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нова моќна бура се движи кон Грција

Грчките медиуми пренесуваат дека иако одредени траектни линии во близина на Атина сообраќаат после два дена, опасноста се уште трае. Грчката национална метеоролошка служба објави дека денес се очекува драстично влошување на временските услови на Крит, како и на јужните и западните делови од земјата.Моќната и ретката бура која што наликува на мини ураган, овој викенд ќе го погоди и источниот дел на Средоземното море.[embed][/embed]Грчките медиуми тврдат дека станува збор за хибридна бура која што често ја нарекуваат „Медикејн“ што доаѓа од зборовите “Mediterranean” и “Hurricane”.Според истражувањето објавено во 2011-та година, само еден или два „Медикејн“ во текот на годината погодуваат различни области на Медитеранот, а овие бури најчесто се појавуваат во септември и октомври кога површината на Средоземното море е топла, но можат и да се случат во било која доба од годината.[embed][/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
sk

Во недела се затвора пријавувањето за трчање на Skopje Run 10K

Тимот на Сојуз на спортови на Град Скопје заедно со СОС Детско село успеаја да направат кампања која ги поттикна сите пријавени на овогодинешната 10 километарска трка, како и оние кои сакаа да ја покажат хуманоста, да се вклучат во единствениот настан од ваков тип до сега во Македонија, каде со купувањето километри се донира за СОС Детско село.Skopje Run 10K ќе се одржи во недела, 7 октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје, со почеток од 09.00 часот. Големиот интерес за самата трка го надмина бројот на пријавени од минатата година. Поради истиот, организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават за трчање до недела, 30 септември 2018, затоа што во 23.59 часот, истиот ден, се затвора оваа можност.Кампањата #СекојКилометарЗначи и можноста за купување хуманитарни километри онлајн ќе трае до денот на самата трка. Така, тие кои учествуваат, кои планираат да учествуваат и тие кои не се во можност да трчаат, сѐ уште може да бидат дел од оваа приказна. За да го направат тоа треба да креираат профил на www.smartrace.club. Тие што сакаат да трчаат, ја избираат трката Skopje Run 10K и ја купуваат својата котизација зависно од тоа дали сакаат сами да се на 10 километарската патека, или со некој друг на штафетата од 2х5 километри. Веќе пријавените тркачи можат да се логираат со својот профил и да си купат километар за себе или за некој од амбасадорите. За сите кои не се во можност да трчаат со својот новосоздаден профил ја селектираат Skopje Run 10K и одат во сегментот за купување километри. Таму, кога веќе самите не се пријавени на трката, избираат еден од амбасадорите за кој ќе купат километри. Секој километар е 100 денари и секој креиран профил може да купи до 10 километри. Овие средства, заедно со дел од средствата од dry-fit маиците, се наменети за СОС Детско село. За тие кои ќе купат над 4 километри ќе добијат Парго-маица од Катарина Ивановска.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пожар во близина на Арачиново

Во близина на скопско Арачиново доцна вечерва избувна пожар.На местото каде избувна пожарот пристигнаа екипи на противпожарната бргида, но дел од жителите велат дека на пожарникарите им е тешко да стигнат до местото на пожарот, бидејќи до таму немало пат.Засега не се знае причината за пожарот во кој според првичните информации гори сува трева.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vucic-putin-696x419

Вучиќ и Путин ќе се сретнат на 2 октомври

Српските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори во Москва информираат дека српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 октомври во Кремљ ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.Според овие информации, двајцата претседатели по разговрите нема да даваат изјави за медиумите, што досега, според бројните меѓусебни средби беше правило, а не се највени ниту темите на разговорите.Вучиќ и Путин последна средба ја имаа во мај годинава, за време на Воената парада во Москва.Рускиот амбасадор во Белград Алекандар Чепурин, при неодамнешната средба со Вучиќ, истакна дека оваа посета ќе се одржи во важен надворешно-политички момент за Србија и за Русија.– Нашето заедничко дејствување е исклучително позитивно. Насочено е кон зајакнување на односите на нашите земји кои влегоа во фаза на економски напредок и национална преродба – изјави Чепурин.Тој истакна дека состанокот меѓу Вучиќ и Путин ги потврдува добрите лични односи и взаемното почитување на двајцата претседатели.– Нашите посебни односи не се пречка за развојот на односите со трети земји, на пример на Србија со ЕУ”. Напротив – посочи рускиот амбасадор во Белград.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ураганот „Медикејн“ доаѓа кон Европа – се очекуваат рекордно силни ветришта

Силно невреме викендов ќе го погоди источниот дел од Средоземното море. Хибридната бура наречена “Медикејн” која наликува на комбинација од ураган и тајфун, најсилниот удар ќе го зададе во текот на утрешниот ден.Преку Медитеранот, моќниот циклон сега се движи кон европско тло, а невремето при преминот преку Средоземното Море ќе добие карактеристики на ураган. Утре најпогодени ќе бидат грчкиот остров Крит, јужниот дел од Грција како и западна Турција. Овие предели ќе бидат зафатени од обилни врнежи и силни ветришта КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ И ФОРМА НА ВРТЛОК.Засега нема најави дека силното невреме ќе ја зафати и Македонија. Од УХМР велат дека се очекуваат слаби врнежи во јужните делови од нашата земја.Досегашните искуства покажале дека годишно се случуваат една до две вакви моќни временски непогоди. Иако може да се појави во било кое време од годината, истражувањата покажале дека најпогони месеци за “Медикејн” се септември и октомври, кога површината на Сердоземното море е прилично топла.

Свет | пред 7 години

7 год.
skopje-parking

Од понеделник зимско работно време на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје

Од понеделник почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг" -Скопје.Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот.„На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, од понеделник до сабота од 7:00 до 23 часот“, соопшти ЈП „Градски паркинг" - Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Педофил силувал 6-годишно девојче во ресторан, ја пронашле во машкиот тоалет

Шест годишно девојче е силувано во ресторан во Преторија, во Јужноафиканска Република.Педофилот го следел девојчето со поглед, се додека тоа не се оддалечило од родителите, при одењето во тоалетот. Тој ја одвлекол во делот наменет за мажи, а потоа ја силувал. Нападот е откриен кога мајката почнала да ја бара својата ќерка.https://twitter.com/eNCA/status/1045188597220081664?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1045188597220081664&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fpedofil-dzverski-siluval-6-godishno-devojche-vo-restoran-ja-odvlekol-vo-mashkiot-toalet-majkata-ja„Беше потполно гол, како и детето. Девојчесто крвареше од препоните. Кога го видоа тоа, луѓето кои се затекнаа во ресторанот почнаа да го напаѓаат манијакот“, изјави еден од сведоците, додавајќи дека во еден момент, сопственикот морал да го заклучи влезот во тоалетот за да го спаси мажот од линч пред да дојде полицијата.Од полицијата изјавија дека осомничениот е уапсен и ќе биде суден за силување.„Ние сме во постојан контакт со семејството на жртвара. Тука сме да и го пренесеме нашето длабоко жалење и емпатија, како и помош во било која истрага, како и поради тоа што ова е чувствителен случај, не сме во можност да даваме изјави и дополнителни информации за злосторството“, соопштија од управата на ресторанот.

Свет | пред 7 години

7 год.
kradec-na-tocak-678x381

Тони од Ченто излезе од “Идризово”, краде велосипеди, полицијата молчи

Момчето на фотографијата е скопјанецот Тони кои ги запали социјалните мрежи , бидејќи неколку пати е фатен како краде велосипеди. Објавени се фотографии и видеа , пријавуван е во полиција и по неколку часа полицијата го ослободува. Според нашите созонанија полицијата го толерираат неговото крадење оти тој всушност и работи за нив. Според нашите соговорници секој ден се среќава со инспектор околу 18 часот по обложувалница каде се добиваат информации кои и се потребни на полицијата.Последниот инцидент се случил пред неколку дена во центарот на Скопје кога пред голема група луѓе се обидел да украде велосипед. Луѓето го избркале, не успеал, но на друго место кражабата му била успешна. Оние кои го познаваат велат дека се вика Тони и е од населбата Ченто. Од скоро е излезен од затврот Идризово каде бил поради кражби кои сега ете продолжува да ги прави. Сведоците велат дека тој е поранешен наркозависник, па крадел дури и по дворови , бил апсен од полицијата, но службите освен осуда и повторно пуштање на улица не превземале никаква акција за ваквите појави или помош за овие луѓе.Неколку пати бил претепуван крвнички па завршил и во болница но сепак продолжува да краде. Според информациите кои ги давал кога ќе го фателе крадените велосипеди ги продавал во ченто на пазар.“Леле овој истиот со ова летвиче пред 1 недела украде точак пред Џамбо.Толку стручно го украде што сите што стоевме на автобуската постојка свативме дека е лопов кога пукна ланецот и со брзина на светлина избега.Немаше време никој да реагира”, сведочат оние кои го виделе како краде. Но полицијата освен ако не го фати на дело, не превзема никакви други акции за пронаоѓање на велосипедите кои ги крадe.Извор: Досие

Скопје | пред 7 години

7 год.
emina

Емина се разведе од Мустафа и експресно си најде нов дечко, тој нова девојка

Турската ѕвезда Мустафа Сандал, по разводот од Емина Јахович, си најде нова девојка.Медиумите веќе некое време пишуваат за врската на Емина со турскиот милионер, но ни Mустафа не заостанува. Тој на својот инстаграм профил сподели видео снимка од поп пејачката Симге Сагин, напиша стих од нејзината песна и додаде срце.https://www.instagram.com/p/BoPOr3XhQhk/?taken-by=mustafasandal24Многумина тоа го сфатија како потврда за нова романса. Оваа вест веднаш ги преплави турските медиуми, кои велеа дека помеѓу овие две музички ѕвезди постои нешто повеќе од само пријателски однос. Исто така се појавија и коментари дека Сигма потсетува на Емина, но пејачот не даде никаков коментар на ова.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Маж се самозадоволува во автобус на ЈСП

На „Јутуб“ мрежата се појави видео, за кое се тврди дека е направено во автобус на ЈСП, каде непознато машко лице се самозадоволува пред останатите патници. Додека тој го правеше тоа, останатите патници, според снимката, не реагираа.Непосредно до него, имаше девојче кое се превезуваше во автобусот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
kate-520x347

На малата Катерина и е потребна наша помош: Зафатот е одложен, недостасуваат уште 800 евра

Да бидеме хумани и да донираме за Катерина Рујковска на која треба да ѝ се пресади рожница за да може светот да го гледа како останатите нејзини врсници.Семејството Рујковски апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат преку донации.Бидејќи не беа собрани доволно пари во предвидениот рок, хирушкиот зафат е презакажан за на 15-ти октомври. Недостасуваат уште 800 евра, за малата убавица да отиде на посебен хирушки зафат пресадување на рожница (шареница) во Специјлната Болница Свети Вид во Белград.За таа операција потребни се вкупно 5000 илјади евра кои нејзините родители не се во можност да ги обезбедат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Затворени голем број училишта поради невремето во Грција

Дождот што ја зафати Грција утрово создаде метеж на многу клучни патишта во главниот град Атина и затворање на училиштата на Атика, Кефалонија, Закинтос, Западна Грција и Пелопонез, поради опасност од поплави, пишуваат грчките медиуми.Итните служби реагираа на 280 сигнали за инциденти минатата ноќ.Дождот што ја зафати Грција утрово создаде метеж на многу клучни патишта во главниот град Атина и затворање на училиштата на Атика, Кефалонија, Закинтос, Западна Грција и Пелопонез, поради опасност од поплави, пишуваат грчките медиуми.Итните служби реагираа на 280 сигнали за инциденти минатата ноќ.Во Атина возачите се соочуваат со проблеми и застои во сообраќајот на клучните булевари.На дождот претходеа силни ветрови во изминатите три дена, кои предизвикаа пречки во снабдувањето со електрична енергија во делови од Атина, но и во други делови од земјата, а пријавени беа и паднати дрва.Грците се соочија и со проблеми во поморскиот транспорт, бидејќи поради невремето голем број бродови останаа усидрени со часови.

Скопје | пред 7 години

7 год.
oldtimers

Утре посебен сообраќаен режим поради изложба на олдтајмери

Во организација на Олдтајмер Kлуб Класик АВЈ – Скопје, утре во периодот од 9 до 17 часот, на улицата „Михаил Цоков“, до општината Центар ќе се одржи меѓународна изложба на олдтајмери „Олдтајмер Ревија Скопје-Центар 2018“.Поради изложбата Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, во близина на оваа сообраќајница.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ZlwHR-bebaa-620x350

(Видео) Бебе цврсто спие во водењакот, додека докторите чекаат да се разбуди

Раѓање на тројка се случува навистина ретко, а уште поретко е да се родат во водењак, односно во амниотска кеса. Можеби веќе сте имале прилика да видите снимка во која бебето родено во водењак прв пат земало воздух и како лекарите ја отстрануваат амниотската кеса од него, но ова видео е сосема поинакво. За време на пораѓај на тројка, д-р Родриго да Роса Филхо, доживеал вистинско изненадување. Две од три бебиња биле во водењакот, но лекарите наместо веднаш да ја отворат амниотската кеса, одлучиле да почекаат бебето прво да се разбуди. Третото бебе, малата Адели се вртела и спиела во својата кеса, цели седум минути, пред лекарите да ја извадат.Гледајќи го ова видео, можете да го доживеете животот на бебето во стомакот."Вчера на свет дојдое тројка! Јоаким е роден во водењакот. Бевме воодушевени. Но, потоа дојде таа... Исто така е родена во водењакот и нѐ остави да ѝ се восхитуваме додека цврсто спиеше. Така поминавме седум минути, гледајќи го нејзиното однесување како уште да е во стомак. Тоа е магијата на животот", напишале лекарите под видеото.[embed]https://www.instagram.com/p/BnbPPIJD8wz/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again[/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
toTlZ-padobran-rusija-letuvaliste

(Видео) Руски пар едвај се спаси, кога нивниот падобран удри во електрични кабли

Маж и жена кои што летувале на руското црноморско приморје едвај извлекле жива глава кога нивниот падобран налета на електрични кабли.„Парасејлингот“ е популарен во многу туристички места, па мажот и жената одлучиле да се забавуваат во Џубга, меѓутоа поради силниот ветер, за малку забавата ќе завршела фатално за нив.Ветерот го однел падобранот директно во електричните кабли, откако, како што откриваат истражителите, возачот на глисерот кој го влече падобранот премногу се доближил до брегот.Кога падобранот тргна да се враќа назад кон морето следуваше вистински хорор за мажот и жената. Само што падобранот ги допре електричните кабли, се слушна струен удар, еден од каблите се скина, а мажот и жената неконтролирано започнаа да се вртат во воздух.Сето тоа се случуваше пред шокираните туристи, а на снимката може да се слушнат и нивните вресоци. Падобранот потоа се спушти на песокот, па останатите туристи веднаш истрчаа за да пружат помош.[embed][/embed][embed][/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Меркел: Жива сум и здрава и планирам да продожам со својата работа

„Жива сум и здрава и планирам да продожам со својата работа“, изјави Мекел во интервјуто за „Аугсбургер алгемајне“.Таа повторно ги отфрли барањата на опозицијата за изгласување на недоверба и најави дека повторно ќе се кандидра за лидер на партијата во декември.Меркел, која е канцеларка од 2005 година, последните неделу е под голем притисок поради смената на шефот на германската разузнавачка служба Ханс Георг Масен.Таа упати јавно извинување на почетокот на неделата признавајќи дека во тој случај направила грешка.Истовремено, поразот на нејзиниот ологгодишен сојузник Вокер Каудер, кој не помина на тајното гласање за шеф на парламентарната група во која е и партијата на Меркел , ги шокира политичките кругови во германската престолнина.

Свет | пред 7 години

7 год.
05bA6-

Тачи: Ердоган лично ќе се заложи Косово да биде признаено од поголем број земји

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган лично ќе се заложи за зголемување на бројот на земји кои би го признале Косово, како и во процесот на зачленување на Приштина во меѓународните организации, изјави косовскиот претседател, Хашим Тачи по средбата со Ердоган во Њујорк.На состанокот, на кој присуствуваше и министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, била разгледана можноста за продлабочување на билатералната соработка, трговската размена и соработката во други области од заеднички интерес.„Тачи доби поддршка од Ердоган за процесот за прием на Косово во „Интерпол“, а го информираше дека во завршна фаза е дијалогот за нормализација на односите со Србија, како и за потребата да постигне правно обврзувачки договор“, пренесе РТК2.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања