„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

Јапонија се подготвува за ударот на тајфунот Трами

Силен тајфун се движи кон најјужните јапонски острови, а метеролозите прогнозираат дека е можно тој да ја промени насоката и да се упати кон централниот дел на архипелагот.Поради тајфунот, кој го носи името Трами, се откажани стотици летови  во Јапонија, а крајбрежните градови се подготвуваат за големи бранови, како и за опасноста од откорнати дрвја.Во жариштетот на тајфунот дуваат ветрови со брзина од 162 до 220 километри на час.Јапонија веќе беше погодена од неколку силни тајфуни во текот на годинава, а ова е 24-от тајфун во целата сезона. Во претходните бури и во поплавите што тие ги предизвикаа загинаа 220 лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
boing

Боинг 737 ја утнал пистата на аеродромот и пропаднал во океанот

Патнички авион се урна во океанот откако не ја  погодил пистата на малиот остров Вено во северозападниот дел на Папуа Нова Гвинеја.Авионот  на Air Niugini кој летал од Микронезија кон Папуа Нова Гвинеја, не успеала да слета на пистата и слетал  во водата, објавија локалните власти, цитирани од “Дејли Меил”.   Чудно, ама преживеале  сите 36 патници и 11члениот  екипаж .Боингот 737  а бил  целосно потопен под вода а само  еден човек бил  повреден.   Локалните жители веднаш стигнале  со своите чамци за да им помогнат и да ги извлечат патниците што го напуштиле авионот . Менаџер  на аеродромот објаснил на медиумите дека авионот беше надвор од патеката за околу 160 метри. Сите во авионот биле однесени во болници каде што биле испитани, но немало сериозно повредени.   Засега причината за несреќата не е јасна.

Свет | пред 7 години

7 год.
most

Алексов: МОСТ ќе има 1.500 набљудувачи за референдумот

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов во интервју за МИА истакнува дека граѓанската асоцијација ќе го набљудува гласањето со околу 1.500 набљудувачи со што ќе бидат покриени околу 33 отсто од гласачките места во Република Македонија, како и 33 отсто на ниво на секоја општина.– Дополнително, во секоја општина ќе имаме мобилни набљудувачи кои ќе ја набљудуваат атмосферата надвор од гласачките места. Ќе бидат распоредени набљудувачи и во сите 80 општински изборни комисии, како и во Државната изборна комисија, вели Алексов.Извршниот директор на МОСТ потенцира дека никој не смее да го повредува правото на глас и да врши притисок граѓаните да не излезат да гласаат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
milenici

Нов парк за миленици во Карпош

На Кејот на Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, општина Карпош постави нов парк за миленици. Станува збор за голема површина, соодветно заградена и опремена со урбана опрема.На неформална средба градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев со граѓани – сопственици на кучиња размени мислења за одржувањето на паркот, подигнувањето на свеста кај сите граѓани за односот кон животните, а беше изразена подготвеност и за заедничко организирање настани на оваа локација.На овој потег веќе е поставена фитнес зона, а целосниот изглед ќе се заокружи со изградбата на Адреналинскиот парк, проект подготвен од Секторот за развој при општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ref

Во сабота на референдумот ќе гласаат 1.859 болни и немоќни лица

За референдумот на 30 септември за гласање се пријавени 1.859 болни и немоќни лица во 69 од 80 општини.Гласањето за нив ќе се спроведе на 29 септември, кога членови на избирачките одбори ќе ги посетат во нивните домови.Најмногу болни и изнемоштени за гласање се пријавиле во Демир Хисар – 145, во Прилеп – 143, во Струмица 107 и во Крива Паланка 100.На локалните избори во 2017 година за гласање биле пријавени над 5.400 болни и изнемоштени лица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sonce

Сончево време со ниски утрински температури

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени.Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(Видео) Погледнете што се има во лимузината на Трамп

По десет години лимузината на американскиот претседател наречена „Ѕвер“ заминува во заслужена пензија. Најновиот претседателски автомобил, исто така „кадилак“, Доналд Трамп веќе го претстави пред јавноста, пристигнувајќи со него во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.Деталите за новата претседателска лимузина се оскудни бидејќи тајните служби ги кријат. Се знае само дека таа тежи меѓу седум и девет тони, додека другите карактеристики, од безбедносни причини, се држат во тајност.Експертите за безбедност наведуваат дека автомобилот има противпожарен систем, ноќни камери, посебен систем за одбрана од ракетен напад итн.Дизајнот на новиот „Ѕвер“ потсетува на претходниот модел, но безбедноста е крената на уште повисоко ниво, па лимузината има понапредни и непробојни стакла и некои додатоци што ги барал претседателот.Исто така, во лимузината има и резерви на крв кои одговараат на крвната група на Трамп за итни случаи, додека распоредот на седиштата 2+3+2 е идентичен како и во претходниот модел.

Свет | пред 7 години

7 год.
img-326182

Возач и пешак загинаа во сообраќајна несреќа

Еден возач и еден пешак го загубија животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а други 12 со лесни, во вкупно 15 сообраќајки што се случиле вчера во Скопје.По преземените активности и мерки на подрачјето на СВР Скопје, информираат денеска од полицијата, исклучени од сообраќај се вкупно 13 возачи. Четворица од нив управувале возило под дејство на алкохол, седум биле без возачка дозвола, додека двајца биле возачи почетници. Исклучени од сообраќај се шест не регистрирани возила.Во текот на вчерашниот ден пајакот подигнал 40 возила.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден  реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која   присуствуваа  граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на  возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

7 год.
rijana-1400227993-35978-890x395_c

Втора кражба во рок од 5 месеци во домот на Ријана

Вечерта на 25 септември, е извршена кражба во домот на познатата пејачка Ријана.Властите отвориле истрага откога било пријавено дека вила вредна 7 милиони долари е обиена, изјавил за USA Today Џеф Ли, службеник на полициската служба за информирање на јавноста во Лос Анџелес.„Пред да дојде полицијата забележани се три црни мажи кои ја напуштиле локацијата“, вели Џеф.Според светските медиуми, на полицијата се уште не и е познат идентитетот на крадците, ниту пак знаат што е украдено од луксузната вила.„Полицијата ќе провери дали може да се види нешто на сигурносните камери. Доколку на камерите се гледаат крадците снимките ке се објават со цел истите да се идентификуваат што е можно побрзо“, рече Ли.Во моментот кога крадците влегле во куќата познатата пејачка не била дома.Ова е втор пат оваа година полицијата поради кражба да дојде во вилата на Ријана. На 9 мај, Едуардо Леон поминал 12 часа во вилата,, откако се прекачил преку оградата, соопши тогаш полицијата.

Магазин | пред 7 години

7 год.
fb9500374b7c5c18e34b-830x0

Луис Хамилтон во врска со Ники Минаж?

Познатата раперка Ники Минаж и возачот на Формула 1, Луис Хамилтон вчера заедно се забавуваа во Дубаи. Од таму објавија селфи со морот додека се возеле, па поради тоа многумина мислат дека тие се заедно.Истиот ден кога тие се забавувале во пустината, се видени како заедно го напуштаат хотелот. Ито така Хамилтон може да се забележи во одразот од огледалото додека ја снимал Ники во „Версаче“ креација.https://www.instagram.com/p/BoFmbPThp9j/?taken-by=nickiminajНекои се прашуваат што бара Хамилтон со Ники, поради тоа што тој е познат по врските со Никол Шерцингер, со манекенката Џиџи Хадид, манекенката Вини Харлоу, а се зборуваше и дека го освоил срцето на Ријана.

Магазин | пред 7 години

7 год.
161753_jelena-karleusa_ff

Јелена Крлеуша за тешката финансиска состојба

Пејачката Јелена Крлеуша е постојано на релација Србија – Кина, затоа што нејзиниот сопруг Душко Тошиќ потпиша милионси договор со тамошниот фудбалски клуб. Тие планираат да купат авион за патувањето да им биде полесно.Но, пејачката се потсети на својот почеток на кариерата кога немала пари. Таа не крие дека на првото гостување отишла без чорапи, затоа што немала пари за да ги купи.„Кога почнав во 1995 година за време на војната, она што јас сакав не можев да го носам, немав од каде да го купам, а немав ниту со што да го купам“, изјави Крлеуша.„Многу често немав пари да купам чорапи. Се сеќавам на моето прво појавување, имав огромна трема, а се појавив во фустан од сребро, од позајмен материјал, немав ниту чорапи. Бев премногу нашминкана за девојче од 16 години и изгледав 10 години постаро“, откри пејачката во една емисија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
romuald-kaminski

Свештено лице сексуално вознемирувал деца во католичка црква

Бискупот на Варшава-Прага, една од двете бискупии на полскиот главен град, Ромуалд Камински, се извини поради сексуалното вознемирување деца во полската католичка црква.„Ќе ги заштитиме децата и младите во секој момент и секаде“, рекол тој. „За мене тоа е приоритет. Сакам да се извинам и ќе направам сè за жртвите да можат сигурно да се вратат во црковната заедница и повторно да изградиме доверба во нив“, додал Камински.Тој рекол дека во неговата бискупија во последните 26 години се случиле 12 случаи на силување малолетници. Десет случаи се потврдени, од кои некои се однесуваат на деца на возраст меѓу 15 и 18 години. Во три случаи злоупотребувачите се предадени на правосудните органи. Двајца од нив се осудени.Полската црква пред четири години во Краков на литургија се покајаа поради педофилијата во нејзиното свештенство.Католичката црква доживува голема криза по бројните откритија на силување деца во повеќе земји. Во вторникот Германската црква се извини по објавениот извештај за полови напади врз повеќе од 3 600 малолетници во периодот од 1946 до 2014 година.Папата Франциск во вторникот во Талин рече дека младите со право се гневни на Црквата поради начинот на кој ги решава случаите со свештениците кои силуваат деца.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Два дена ќе се молчи, во чест на референдумот

На полноќ заврши јавната пропаганда и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список. Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Температурите паднаа до -3

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени.Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Анџелина Џоли ја промени фризурата

Глумицата Анџелина Џоли не прекинува да не шокира со својот изглед.Овој пат холивудската ѕвезда ја промени фризурата поради потребите за снимањето на новиот филм „Come Away“.Анџелина за новата улога, наместо долга смеѓа коса има плава кадрава перика која и дава постар изглед, со цел подобро да го долови изгледот од 1900 години.Во новиот филм холивудската актерка ја има главната улога како мајка и сопруга. Покрај неа во филмот глумат и Дјевид Ојелово, како нејзин сопруг, и Мајкл Кејн.

Магазин | пред 7 години

7 год.
nikolapoposki

Никола Попоски се огласи за референдумот

Тој на Фејсбук напиша:Врз основа на изборот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и нашата изборна програма, јасно е дека немам мандат и не учествувам во промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на Уставното Име.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maxresdefault

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад сите што се чувствуваат уценети

Уште еднаш сакам да упатам апел до сите оние кои што се чувствуваат заплашени, уценети, дека ние сме тука, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој од вас. Како што веќе кажавме, снимајте ги, документирајте ги, пријавете ги. За многу брзо сите оние што го прават ова ќе дојде крајот, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше во посета на Македонска Каменица и Делчево.„Остваривме средби со голем број на граѓани каде што како и секој ден разговаравме пред се за штетните последици кои што се очекуваат од капитулантскиот договор кој што Заев и Владата предводена од СДСМ го склучија заедно со Република Грција“, рече тој.Она што можам да го кажам при овие средби, додаде тој, е дека во огромен број граѓаните се запознаени со штетните последици од истиот и кој што после сите повици и укажувања од наша страна, средби кои што ги имавме со граѓаните покажуваат отпор и пркост. „Покажуваат достоинство и образ дека на 30-ти септември со своето однесување односно со она како ќе постапат ќе покажат отпор против овој договор. А, нормално со цел зачувување на Република Македонија. Зачувување на македонскиот национален идентитет, нашиот јазик и се она што е македонско. Онакво какво што го имаме денес и онакво какво што сите го знаеме“, рече Јанушев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Enes_Ibrahim

Ибрахим: На 30 септември имаме историска можност што не смееме да ја прокоцкаме

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) вечерва со митинг во Ресен ја заокружи кампањата за претстојниот референдум на 30 септември.На присутните им се обрати претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, кој во своето излагање уште еднаш ги потенцира придобивките од евро-атлантската интеграција, но и позитивните ефекти од добрите односи со соседите.„На 30 септември имаме историска можност што не смееме да ја прокоцкаме. Тоа е влог за иднината на нашите деца, влог за иднината на нашата татковина. Повеќе од сигурен сум дека зрелоста што ја покажавме во 1991 ќе ја повториме и в недела, кога сите Турци од цела Македонија масовно ќе излезат и ќе гласаат за европска и просперитетна Македонија“, истакна Ибрахим.Во текот на референдумската кампања, ТХП преку трибини, средби и митинзи низ повеќе градови и рурални населени места ги информира граѓаните од турската етничка заедница за важноста на референдумот што ќе се одржи в недела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-2

(Видео) Кирацовски: В недела избираме дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад

Референдумот в недела е историска, животна шанса на нашата генерација, преку која ја обезбедуваме нашата иднина, изјави Александар Кирацовски, пратеник  и дел од коалицијата „За европска Македонија“.„В недела не се седи дома. В недела избираме помеѓу за или против. Дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Дали ќе одбереме светлина или темнина, иднина или изолација. Избираме помеѓу европска Македонија или Македонија од која младите ќе се иселуваат во некоја друга европска држава“, рече тој.Според Кирацовски, изборот го прават тие што ќе излезат да гласаат.„Нивниот избор пред гласачката кутија, ќе ја одлучи иднината на Македонија и на сите граѓани што живеат во неа. Почитуван граѓанину, што и да направиш в недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата, трајно ќе влијае врз иднината на твоите деца, на нашите деца“, рече Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski-670x367

Спасовски: Недела е ден за историска одлука

Недела е ден за историска одлука, затоа излезете и гласајте за европска Македонија, порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на општина Куманово, каде што се сретна со стечајни работници и со граѓани од повеќе населени места од оваа општина.,,Членството во НАТО и ЕУ е безбедност и стабилност. Но, членството во НАТО и во ЕУ е и нови инвеститори. Инвеститорите сакаат предвидлива клима за инвестирање и стабилност, а не неизвесност. Нови инвеститори значи нови работни места, поголема конкурентност, повисоки плати, подобар животен стандард. Шанси за децата во нашата земја“, порача Спасовски.Тој посочи дека во услови кога ја имаме поддршката од земјите членки на НАТО и на ЕУ, немаме право да им ја скратиме таа поддршка на нашите деца и упати повик до граѓаните в недела слободно, гордо и достоинствено да излезат на референдум бидејќи, како што рече, одлучуваат само оние кои ќе гласаат.„Ние кои имаме право на глас, повикани сме во овој историски важен момент за нас и за Македонија да донесеме нова правилна одлука. Затоа, в недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлука. Одлука со која ќе влијаете на иднината на вашиот живот и животот на идните поколенија. В недела, на 30 септември, излезете и гласајте за европска Македонија“, повика Спасовски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања