„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Capture

(ВИДЕО) Пожар на полуостров во Хрватска, се шири кон складиште за нафта

Најмалку двајца пожарникари се повредени во пожарот што ја фати боровата шума околу 8 часот утрово во селото Мокало кај Оребиќ, на полуостровот Пелешац. Пожарот се шири со голема брзина поради силниот ветер.Огнот стигна до влезот на Оребиќ, а евакуирани се локалните жители и туристите. Хрватските медиуми пренесуваат дека досега изгореле најмалку четири куќи, а и други куќи се зафатени од огнената стихија. Во гаснењето се вклучени и канадери.Огнената линија е долга неколку десетици километри и се шири во два правци.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

"Никој не ни може ништо": Кина со остра порака до Америка

Ако администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп продолжи да се држи до своите унилатерални и протекционистички ставови и одбива да ги почитува фундаменталните норми на двострано почитување и советување, ќе биде тешко двете страни да напредуваат во било кои идни трговски преговори, се истакнува во статијата, со напомена дека Кина останала искрена во своите напори за договор за правична трговија, за разлика од американското "трговско насилство"."China Daily" тврди дека американските обвиненија дека Кина е вмешана во "кражба" на принуден трансфер на интелектуална сопственост и други неправедни трговски пракси, може да се демантираат со долготрајниот консензус меѓу двете земји. Ако американските мерки против Кина навистина се средство за преговори, САД може да откријат дека понатамошното ангажирање ќе биде уште потешко, ако не е и сосема невозможно", се истакнува во статијата."Global Times", таблоид на кинеската Комунистичка партија, ги повикал Американците да ја препознаат кинеската сила во трговскиот спор. "Кина го прави тоа што треба. Кина е искрена и има принципи и е главна трговска сила која поседува голема моќ. Никој не ни може ништо", навел овој весник.Оваа реакција уследила по последната рунда двострано наметнување на тарифите на американска и кинеска роба, која стапила на сила во понеделникот и ги зголемила тензиите меѓу најголемите две светски економии, потсетува CNBC.САД пресметале тарифи од 10 проценти на 200 милијаради долари кинески производи, со камата која до крајот на годината ќе се зголеми на 25 проценти. Кинеската влада возвратила со такса на 5.207 американски производи во вредност од околу 60 милиони долари. Пред тарифите да стапат на сила во понеделник, САД и Кина веќе применувале такса на роба во вредност од 50 милиони долари.Ако САД го користат трговскиот притисок како преговарачка тактика против Кина, тоа ќе ја загрози економијата на двете земји и последиците веројатно ќе се прелијат на глобалната економија. Американските унилатерални трговски потези не само што ги оштетија нормалните кинеско-американски трговски активности, туку можат и да го забават светскиот економски раст.

Свет | пред 7 години

7 год.
avtobus

(ВИДЕО) Мигранти од Сирија украле автобус, па удриле во полициско возило

Хрватската полиција денес привела двајца мигранти од Сирија поради кражба на автобус. Полицијата соопштила дека во текот на утринските часови во Плашин Поток е украден автобус.Откога биле забележани од полицијата, мигрантите започнале да бегаат, но по десетина километри застанале. Од автобусот искочиле две лица кои пробале да избегаат, но нивниот обид бил неуспешен. Автобусот започнал да се движи во рикверц, по што удрил во полициското возило, но никој не е повреден.

Свет | пред 7 години

7 год.
20180922_1624470

(ФОТО) Пламени јазици околу Вевчани - туристичкото село не се гледа од чад

Еколошката свест под секое ниво !Селото кое покрај по карневалот стана познато и по квалитетната храна во бројните етно ресторани како и по сместувачките капацитети не се гледа од чадот кој се издига во воздухот од запаленото ѓубре по вевчанските ниви.На фотографиите кои ги објавуваме се гледа патот кој води до Вевчани и чадот кој се издига, а е видлив на повеќе километри далечина, па дури и од Струга.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Тепачка со лопата и мотика во Гостивар

Во полициската станица во Гостивар вчера околу 12 часот и 40 минути пријавено е насилство во трговски објект на Булевар „Браќа Ѓиновски“ во кое учествувале Љ.Н. (52) и неговиот син Ш.Н. (27).Најпрво започнала вербална расправија со вработените околу цената на производот кој претходно го купиле, по што Ш.Н. со лопата го удрил по главата гостиварецот Н.З., а неговиот син со мотика го скршил стаклото од излогот. Н.З. бил пренесен во гостиварксата општа болница и укажана му е лекарска помош. Љ.Н. и Ш.Н., како и другите учесници во тепачката се лишени од слобода.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Две нови возила за транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Министерството за здравство набави две нови возила кои се наменети за транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Целта на оваа набавка е да се обезбеди квалитетен пренос на пациенти, нивка заштита од надворешните временски влијанија, како и заштита на нивната приватност пеи транспортот.Возилата ќе се користат за транспорт на пациенти од една до друга клиника само во рамките на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, што значи дека пациентите повеќе нема да се пренесуваат физички, на носилки.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

АВМУ го објави првиот извештај од монторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го објави Првиот извештај од мониторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018, којшто се однесува на периодот од 10 до 18 септември 2018 година. Во него се прикажани наодите за начинот на кој медиумите известуваа за референдумските теми во дневно-информативните емисии, во информативните програми, во интервјуата и дебатите.„Резултатите од мониторингот покажаа дека во услови кога немаше јасни и еднакво активни линии на агитација („за“ наспроти „против“ и/или „бојкот“) беше тешко радиодифузерите да се потпрат на известувањето од настаните за да ѝ обезбедат на публиката разновидност на гледиштата. Оттаму, посветеноста на некои од нив кон начелото еднакво да ги третираат различните гледишта може да се забележи во подготвеноста, во вестите да понудат ставови на аналитичари, политиколози, историчари, експерти во други релевантни области кои ќе им овозможат на граѓаните поцелосен и продлабочен увид во прашањата кои треба да ги имаат предвид за да донесат информирана одлука за референдумот“, стои во соопштението.Други медиуми, недостигот на разновидни гледишта во вестите го надополнуваа во посебните информативни програми каде настојуваа да обезбедат соговорници со спротивставени ставови.„Кај третата група медиуми, разновидноста на ставовите недостигаше и во вестите и во посебните информативни емисии“ стои во извештајот од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Со примерокот се опфатени по два телевизиски и радио канали на Јавниот радиодифузен сервис (Македонско радио 1, Македонско радио Програма на албански јазик, МРТ1 и МРТ2 – Програма на албански јазик), сите телевизии со дозвола за емитување на државно ниво без оглед на средството на пренос (терестријалните – Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма; сателитските – 24 Вести, Сонце и Наша; и кабелските – 1 ТВ, Компани 21-М, Клан Македонија и Шења.Од националните приватни радија со примерокот е опфатен Канал 77 зашто другите две немаат информативна програма. При тоа, анализирана беше вкупната 24-часовна програма со акцент на централната дневно-информативна емисија и другите програми во кои се третираше референдумот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од сендвичи се затруле 215 лица

Расте бројот на пациенти на Токсикологија кои во текот на викендот јаделе сендвичи во сендвичарата во Виница.Во текот на денешниот ден е хоспитализирано уште едно лице со симптоми на дијареа и повраќање. Досега во Виница 215 лица побарале итна медицинска помош поради труење со храна. Затруените лица се вработени во фабрика за производство на мебел, во која оваа сендвичара дистрибуирала храна.Во наредните денови инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе извршат вонредни инспекциски контроли во сите објекти кои произведуваат и подготвуваат храна.

Македонија | пред 7 години

7 год.
2

Пожар во затворот Идризово

Во затворот Идризово во приемното одделение, попладнево околу 14 часот избувна пожар.Пожарот ја зафатил кровната конструкција, а се смета дека истиот настанал поради застарената електрична инсталација.Во пожарот нема повредени лица. Противпожарната единица интервенирала со 5 возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ стигнуваат во Македонија по пристапна цена

Новите модели на паметни телефони на Самсунг, „Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ се веќе претставени и доаѓаат со подобрена камера, високи преформанси, воодушевувачки дизајн и пристапни цени.Во Македонија, потрошувачите ќе може да го одберат својот „Галакси Ј4+“ модел од почетокот на октомври во една од трите модерни бои – црна, златна и розева, по препорачана продажна цена од 9.699 денари.Според маркетинг директорот на Самсунг електроникс за Јадранскиот регион, Милан Вујовиќ новите „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ овозможуваат неверојатен стил и технологија со високо-конкурентни цени.- Одликувајќи се со неверојатен дизајн и екран, подобрена камера и можности за високи перформанси, двата уреда им овозможуваат на корисниците максимално користење на нивните Галакси Ј паметни телефони.“ – Вујовиќ.„Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ се карактеризираат со задна страна која наликува на стакло и додава целосно нова димензија на дизајнот на „Галакси Ј“ серијата. Со своите ергономски заоблувања кои допринесуваат за неверојатен изглед и доживување, како и елегантниот профил, „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ гарантираат удобност при користењето и ракувањето со нив.Тесните рамки, поголемиот екран и подобрениот HD+ „бесконечен“ екран од 6.0 инчи, карактеристичен за премиум „Галакси“ паметните телефони, овозможуваат извонредно искуство при играњето игри и следењето мултимедијални содржини како и преглед на две апликации истовремено преку функцијата „Поделен Екран“.Имаат и функција за отклучување преку препознавање на лицето, додека „Галакси Ј6+“ дополнително поседува и скенер за отпечатоци поставен странично на уредот, додавајќи дополнително ниво на безбедност и практичност без нарушување на дизајнот на телефонот.Подобрена камера за уште подобро корисничко искуствоДвата нови „Галакси Ј“ модели пристигнуваат со дополнителни подобрувања во однос на камерата. Со двојна камера од 13MP и 5MP, „Галакси Ј6+“ овозможува креирање на фотографии со природен „бокех“ ефект, а со функцијата „Live Focus“, длабочината на полето може да се прилагоди пред и по фотографирањето овозможувајќи перфектно зачувување на миговите.Двата уреди вклучуваат голем F1.9 објектив со бленда (13MP) која пропушта повеќе светлина, правејќи ги „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ совршена алатка за креирање на јасни и светли фотографии дури и во услови на ниска осветленост. Дополнително, креирањето одлични фотографии само со една рака е уште полесно со помош на копчето за фотографирање кое лебди.Врвен перформансПокрај својот премиум дизајн, „Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ нудат извонредни перформанси и аудио квалитет, батерија и меморија.Двата уреди имаат интегрирана „Dolby Atmos“ технологија за репродукција на звукот која овозможува врвно искуство при гледањето содржини, а со батериите од 3.300mAh, 10% појаки батерии во споредба со оние на претходните „Галакси Ј“ модели, „Галакси J6+“ и „J4+“ се дизајнирани да одговараат на животното темпо на корисниците.Уредите исто така имаат и режим за заштеда на батерија кој го продолжува животот на батеријата кога е најпотребна. Покрај тоа, моќниот четири-јадрен процесор од 1,4GHz допринесува за извршување понапредни задачи преку уредите, како гледање видеа со висока резолуција, без преголемо трошење на батеријата.„Галакси J6+“ има 3GB RAM меморија и е достапен со меморија – од 32GB, додека „Галакси J4+“ има 2GB RAM и е достапен со меморија од 16GB. Двата уреда исто така имаат капацитет за меморија до 512GB со микроСД картичка (microSD™), овозможувајќи им на корисниците вистински перформанси и флексибилност.

Свет | пред 7 години

7 год.
silegov-1

Анима Мунди до Шилегов: Има ли пилот во авионот?

Има ли пилот во авионот? Вака го започнуваат своето обраќање  од Здружение за заштита на животните Анима Мунди,  до градоначалникот  на Град Скопје, Петре Шилегов.Истото го пренесуваме во целостПо повеќе од третина изминат мандат на градоначалникот Шилегов, Градот Скопје врие од напуштени кучиња (расни и мешани, очигледно исфрлени на улица), додека пак стационарот по пат на дислоцирање на животните од едно место во друго вештачки создава глутници и дополнително прави хаотична ситуација. Имено, со разместување, животните станаа уплашени, со тоа раздразливи, непознати на локалното население и средина, одново оставени да се борат за извори на храна и територија. Вардариште има речиси 90% смртност на малите кутриња од епидемии, кои владеат во стационарот. Ни одблиску немаме показатели дека проблемот ќе биде решен.За да пред два дена, од нигде никаде го слушнеме градоначалникот Шилегов како се обраќа до граѓаните сугерирајќи да му дадат иницијативи за евентуално“успивање“ на кучињата, која допрва од Градот би ги разгледувал.–Доколку дојде до иницијатива за промена на комуналната програма за подолго да ги чуваме или евентуално успивање тоа е нешто што допрва ќе го разгледуваме. Таква иницијатива не е стигната до мене. Ако граѓаните сметаат дека треба да има измени ги повикувам да се покрене таква иницијатива, ние ќе ја разгледаме, рече Шилегов.Ова не го сметаме за лапсус, туку за осмислено и наменско сугерирање на други методи, кои се нехумани, кои во Скопје, во услови каде има премногу бездомни животни би значело убивање на секое второ куче. Иницијативи кои допрва би не уназадиле, кои нема да дадат никакви резултати и на кои најостро ќе се спротивставиме и кои нема да поминат!Градоначалнику Шилегов, Анима Мунди ви има доставено иницијативи кои се проверени, докажани, ефикасни, економски исплатливи и хумани; кои трајно ги решаваат причините на проблемот делувајќи во неговиот корен, додека вие упорно се бавите со неговите последици и тапкате во место. Методите на кои инсистираме и Ви ги предлагаме се поддржани од најсилните светски организации, кои ја познаваат оваа проблематика а нивната примена дала успешни резултати во цел свет. За овие наши иницијативи Анима Мунди доби писмена поддршка од над 20 ЕУ парламентарци. Мерките кои ги предлагаме се НЕЗАМЕНЛИВИ доколку сакаме проблемот со бездомната популација да го третираме во неговиот корен и трајно да го решиме.Кучињата не се на улица по сопствена вина.Жалиме што во активистите, оние единствените кои знаат и умеат да помогнат, кои со сопствени ресурси дејствуваат како градски сервиси и помагаат 24/7 не увидовте партнер и сојузник во решавање на овој проблем. Инсистираме на третирање и решавање на коренот на проблемот: – прецизирање и измена на законска регулатива со која ќе се спроведе контрола во областа на домашните миленици и трговијата со истите, меѓу кое: 1) инсистирање на одговорното сопствеништво и казни за неодговорните, 2) кампањи за вдомување место купување миленик, 3) оданочување и контрола на секој кој тргува со животни, 4)оданочување на купено и репродуктивно способно куче, 5) кастрација на домашни миленици, 6) брза, масовна стерилизација на бездомните кучиња од Скопје и нивно ЗАДОЛЖИТЕЛНО враќање на териториите од каде потекнуваат и каде се познати на населението, каде природно ги штитат локациите од прилив на нови, нестерилизирани единки.Ова е комплексен проблем и бара комплексно решавање. Тука нема причина било кој да нафрла идеи како ќе му текне затоа што Градот Скопје не е фабрика за исполнување на каприци и желби кои не само што нема да го решат проблемот, туку ќе направат “каша попара”. Се надеваме дека Градот е сериозна институција која има тим и знае и умее да ги решава проблемите на граѓаните, и знае кого е потребно да инволвира и консултира. Ситуацијата е алармантна, нема време за популизам, а нема ни услови за нехуман третман на животни, во тоа бидете уверени.Се надеваме дека ја согледувате добронамерноста на ова обраќање и дека навреме ќе се откажете од сите потенцијални егзибиции кои последователно никому нема да му донесат ништо добро.Здружение за заштита на животните Анима Мунди

Скопје | пред 7 години

7 год.
20180925112715

Иванов и Жерновски рамо до рамо на Генерално собрание во ОН

Македонската делегација ја предводи шефот на државата Ѓорге Иванов. В четврток, на 27-ми септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73-тата сесија на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.Предвидено е Жерновски да учествува на билатерални средби со високи претставници на држави и влади, учесници на Генералното собрание.Денеска, на покана на Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Жерновски ќе присуствува на традиционалната годишна Трансатлантска вечера.На покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, заменик министерот ќе присуствува на работна вечера со Претседателите на Владите на земјите од Западен Балкан, како и на работниот појадок со мнистрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, организиран од страна на Регионалниот Совет за соработка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џафери: По референдумот, Законот за употреба на јазиците и договорот со Грција ќе се објават во Службен весник

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето гостување во емисијата  “Клик Плус“ на Тв 21 изјави дека Законот за употреба на јазиците и договорот со Грција во врска со прашањето за името, по референдумот ќе бидат испратени за да бидат објавени во Службен весник.– Јас и претходно сум го кажал, и еве повторувам попрецизно. По завршувањето на референдумот, и Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на договорот со Грција ќе се испратат до Службен весник.[embed][/embed]

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Норвешките власти уапсија руски државјанин за шпионажа

Норвешката полиција уапси руски државјанин осомничен за незаконски разузнавачки активности, пренесоа Ројтерс и ТАСС, повикувајќи се на полицијата и медиумите.Мажот бил уапсен на аеродромот во Осло во петокот навечер и ќе остане во притвор две недели поради ризик од уништување на докази, рекоа од полицијата.Притвореникот учествувал во текот на една недела на семинар во норвешкиот парламент посветен на дигитализацијата.Според норвешкиот весник „Верденс Ганг“, човекот е на 51 година. Неговата адвокатка рекла пред изданието дека клиентот нејзин не разбира зошто е уапсен и смета дека дошло до недоразбирање. Таа, исто така, рече дека неговата електронска опрема била запленета без да се специфицира зошто.Неодамна, пак, швајцарското разузнавање потврди дека работело заедно со колегите од Велика Британија и Холандија, за да пресече руска шпионска операција која според медиумите била насочена против швајцарска лабораторија. Во институтот „Шпиц“ крај Берн се прават тестови за идентификација на химиски материи, вклучувајќи и такви од Сирија и од групата „Новичок“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Хонгконг забрани политичка партија првпат по дваесет години

Властите на Хонгконг ја забранија во понеделникот Националната партија којашто се залага за независност на оваа поранешна британска колонија, што е прва забрана на некоја политичка групација во Хонгконг по 1997 година и кога оваа територија со специјален статус се врати под патронатот на Пекинг.Во согласност со кинеско-британската декларација за преносот на власта, автономниот регион на југот од Кина ужива слободи кои не важат во остатокот од земјата. Меѓутоа, многумина се убедени дека Пекинг ја јакне својата доминација во Хонгконг.Во јули годинава полицијата на Хонгконг побара забрана за Националната партија на Хонгконг (HKNP), што претставува прва мерка од овој вид по враќањето на територијата на Кина.Со само десетина активни членови, Националната партија е многу скромна според големината, но беше многу гласна поради својот радикален дискурс. Барањето за забрана беше жестоко критикувано од организациите за заштита на човековите права и од британското министерство за надворешни работи, кои бараа да се почитува слободата на изразувањето.Во понеделникот, меѓутоа, властите објавија дека се согласуваат со барањето на полицијата, како и дека партијата ќе биде забранета со примена на законот којшто дозволува забрана на одредени здруженија поради националната безбедност или нарушувањето на јавниот ред.„Наредувам забрана на дејствувањето на Националната партија на Хонгконг во Хонгконг“, се истакнува во соопштението на министерот за безбедност на оваа територија Џон Ли, објавено на интернет страницата на владата. Челникот на партијата, Енди Чан, засега не ја коментира забраната.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопје извор на болести од загадениот воздух, еко-активистите реагираат

Здружените еко-иницијативи и организации под името 02 Коалиција за чист воздух упатуваат низа прашања до надлежните институции, истовремено објавувајќи документи и анализирајќи голем број проблеми со загадувањето.Ви го пренесуваме целото обраќање:Одговор на нашите прашања, после големото внимание што го привлече извештајот на наш претставник од петтиот состанок на интерсекторската работна група, после кое беше јавно најавен рокот од 15 дена од заменик министерот Јани Макрадули и после изминати четири недели не добивме.Одговори баравме на следните прашања:– До каде е објавувањето на Приоритетниот акциски план за справување со загадувањето на воздухот за 2018 година заедно со мерките преку алатка за пратење на прогресот и имплементацијата на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање?– Требаше да се свика тематска седница на Владата на РМ за справување со загадувањето. Свикана ли е? Ако не, зошто? Ако не, кога ќе се свика? Дали овој Акциски план за 2018 год. се усвои од страна на Владата? Ако не е усвоен, кој е планот, со оглед дека остануваат уште 4 месеци од 2018 год.?– Владата на 40-тата седница на 28.11.2017 донесе 40 заклучоци во врска со предложените мерки од ИРГ. До каде е нивната имплементација? Ве молиме за достава на документ за статусот на спроведување по сите 40 заклучоци, тие што не се спроведени, каде е заглавена постапката, зошто, кој е одговорен (институција, сектор) и кога се очекува нивна реална имплементација?– До каде е имплементацијата на забелешките на записникот од вториот состанок на ИРГ? Од О2 забелешките беа доставени на 13.11.2017, но корегирана форма на записникот сè уште немаме добиено.– За последните настани поврзани со Железара. Каде е извештајот од извршената инспекција во објектот кој испушташе облаци чад август месец од Железара, за кој инспекторатот на Град Скопје утврди дека има А-интегрирана дозвола, што значи под надлежност на ДИЖС? Зошто ДИЖС не излегле на терен тогаш? Зошто координацијата помеѓу инспекциските тела и МЖСПП потфрлува, иако ете оваа група би требало да доведе до меѓусебна соработка за побрзо идентификување на загадувањето и излегувањето на терен и вршење на мерења?– Зошто мерната станица, PM10 инструментот на Гази Баба и PM2.5 за Карпош, за помлаку од два месеци се повторно на сервисирање, калибрирање? Не е добро направено претходното? Ако да, кој ќе сноси одговорност? Ако е добро направено претходното сервисирање и калибрирање, како е случено овие два инструмента да не работат повторно во така кратко рок? Врз основа на која методологија, на кој начин се утврдува дека еден инструмент е расипан и не работи соодветно? PM10 инструментот на Гази Баба не работи од 13.08.2018, а PM2.5 за Карпош од 10.08.2018. Ова е предолг период за еден инструмент да е вон функција. Колку се стари овие инструменти? Ве молиме за достава на датумите кога овие инструменти се поставени за прв пат, колку пати до сега се сервисирани и калибрирани, со датум за секое сервисирање/калибрирање. И за сите останати инструменти на мерните станици во мрежата на МЖСПП.– Кој ги тргнал и кој ги трга генерално пиковите од измерени PM10 од мерната станица Гази Баба? Биле автоматски поставени, но потоа се тргнати. Врз која основа, која постапка, како се утврдува што да се отстрани, врз база на која процедура, методологија?– Мерниот инструмент за озон од мерната станица во Центар не работи од почетокот на јули, а познато е дека таа мерна станица покажува надминувања за озон летно време. Зошто не работи цели два месеци скоро? Кога планирате да ја ставите во функција? Во моментов само инструментите за PM10 и PM2.5 работат на таа станица. Кога се планира на ваква клучна мерна станица ставање во функција на другите инструменти за CO, SO2, NO2?– На почеток на јули од Министерството за Економија ни напишаа дека Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила ќе влезе во Владина процедура за 10 дена, откако ќе заврши усогласувањето со Секретаријат за законодавство. Дали влегол, дали се усвоил? Ако не, кога и зошто застојот, што е причината?– До каде е изработката на Правилникот за определување на еколошка категорија на возилата, формата, содржината и начинот на поставувањето на еколошката налепница?– Какви ќе бидат техничките служби кои ќе вршат испитување на емисии на издувни гасови од моторните возила и ќе одредуваат која еко налепница ќе поседува возилото? Која едукација ќе ја поминат? Кој ќе ја провери нивната спремност и апарати? Дали се работи на нивно формирање?– Контрола на работата на техничките служби врши Министерството за економија, Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. – како ќе ги контролираат? на кој начин?Во меѓувреме, МЖСПП ги отстранило вредностите од 6 до 10 август за PM2.5 за Карпош. Тие повисоките. Ги отстрани и пиковите за PM10 за Гази Баба. Повеќе од месец и пол каде нема податоци од овие мерни инструменти. Повторно, после јунското сервисирање и калибрирање на истите. Ај што нема абер од регулирање на загадувањето, негово намалување, казни, дислоцирања на погони, стручна анализа и според неа започнување на замена на греењето во градов и други места во земјава според приоритет и според заклучок дека тие домаќинства нема да може да се приклучат ни на топловодна мрежа, ни на гас, за Ромските диви населби ич да не спомнуваме, едно мерење не можеме да имаме како што треба.Не за џабе Европскиот ревизорски суд алармира дека загадувањето на воздухот не се мери на адекватен начин и дека најверојатно е потценет во повеќето европски градови. При тоа е заклучено дека мерните станици најчесто не се наоѓаат на вистинските места. Заклучиле откако си направиле свои, независни мерења. Ова за ЕУ. За нас, ако направат еден ревизорски извештај, каде се штелуваат вредности кај индустриите, се исклучуваат мерни инструменти, се тргаат пикови, мерни инструменти не работат со години….. што ли ќе пишува во тој извештај, само за мерењето?Инструментите биле стари, па затоа не работат. Ако е стар тој што мери PM2.5 во Карпош, кој почна да работи од есента 2011, какви се другите? Сите се нови, освен тие за Гази Баба и Карпош? Покажувале високи вредности во загадено и задимено Скопје насред лето, во најпразниот и жешок месец од годината. Па нема загадување во лето кога скоро да е празно Скопје. Какво загадување? Само што годишната квота на дозволени надминувања Ректорат за PM10 ја потроши летово, само во август има 15 дневни надминувања, дневни вредности од 105, 88, 80, 75 се измерени во Скопска агломерација само во јули и август. Пикови, еве не спомнуваме. Тоа дека во ненормално топло Скопје, над 30° викендов на сите мерни станици беше регистрирано надминување над дозволените 50 µg/m3 за PM10? Загадување? Кое?Европскиот ревизорски суд вели дека ЕУ треба ги усогласи своите граници со тие на Светската здравствена организација (СЗО) до 2022 година и така наместо 40 µg/m3 годишно за PM10, да биде 20 µg/m3, а за PM2.5 наместо 25 µg/m3 годишно, 10 µg/m3.Ние, нашава држава кај сме во целава приказна? Нам и 40 µg/m3 ни се многу, не можеме да дојдеме до нив за PM10, 25 µg/m3 пак ни се недостижни за PM2.5, и тоа само таму каде се мерат. Ако ЕУ ги воведе границите на СЗО, ние можеме да се простиме од ЕУ. Како сме тргнале и вака 30 години ни се малку за ова што е сега норма.Ова многупати сме го пишувале, прашувале, но секогаш останало без одговор од надлежните институции „Што правиме со загадувањето на воздухот вон грејната сезона?“Кога државата, Град Скопје ќе го решат летното загадување и ќе ги доведат вредностите за PM10 околу 20 μg/m3, а за PM2.5 околу 10 μg/m3 во просек само во текот на овие летни, вон грејна сезона месеци, без температурни инверзии и магли, тогаш ќе можеме да зборуваме и за намалување на зимското, каде го имаме и греењето на домаќинствата заедно со маглите и инверзиите. До тогаш, ќе се вртиме во круг, ќе бидеме со крајно „заробени“ институции, комплетно нефункционални, без инспекциски и нормални мерења, без казни и сè позагадени.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Младите од сиромашните земји се поголеми оптимисти од нивните врсници во развиените држави

Во анкета спроведена врз повеќе од 40.000 луѓе во 15 земји од светот многу поголема верба за напредок покажале младите од државите со ниски примањаМладите во Кина, Индија, Нигерија, Кенија, Индонезија, Саудиска Арабија и Мексико се многу поголеми оптимисти за иднината, отколку нивните врсници во другите земји, покажала анкета на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, спроведена во 15 земји.Младите луѓе во тие земји многу повеќе веруваат дека можат да влијаат врз тамошните влади, како и дека нивната генерација би имала многу попозитивен удел отколку генерацијата на нивните родители, се заклучува во истражувањето, спроведено во рамките на проектот „Голкиперс Глобал Јут“.Во анкетирањето биле вклучени повеќе од 40.000 луѓе на возраст од 12 години, па нагоре. Од нив се барало да дадат став и мислење за „нивните лични цели, за предизвиците во нивните места на живеење, како и за насоките кон кои се движат нивните земји“. Младите покажале поголем оптимизам од постарите кога станало збор за нивниот личен просперитет дома и на глобален план.Во анкетирањето Австралија, Франција, Германија, Велика Британија, Шведска, Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, се вброени во земји со високи примања. Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Кенија, Мексико, Нигерија и Русија, пак, се вброени во земји со средна или ниска висина на примања.Нивото на задоволство е генерално на добро ниво во 15-те земји, но кај земјите со ниски или средни примања, оптимизмот е значително повисок.Односот со пријателите и со семејството се покажал како највлијателен во животот на индивидуите и според прикажаните резултати од анкетата, тоа е најмногу изразено во Шведска.За Мексиканците, Кенијците и Американците, како и за испитаниците од повеќето земји, тие односи се клучни во личното задоволство и се многу побитни од социјалните мрежи. Иако социјалните мрежи се покажале како доста влијателни кај мексиканската младина, сепак и за нив односите со семејството и пријателите се на водечко место.Следни битни фактори, после роднинските и пријателските односи, се здравјето, навиките за здрав живот, како и финансиите. Повеќето од младите истакнале дека, кога би се вработиле, би сакале да бидат доктори. За разлика од нив, повозрасните, пак, фаворизирале претприемачки професии.Младите Кинези се покажале како најголеми оптимисти за пронаоѓање работа, а најмала верба дека ќе се вработат има кај младите од Нигерија. Повеќето од другите земји, во однос на тоа прашање, се наоѓаат во средишна рамка.На светски план, повеќето од испитаниците, млади и стари, се согласиле дека „животот е полесен за мажите и момчињата, отколку за жените и девојчињата“, како и дека таквиот однос ќе продолжи и натаму во таа насока. Голема разлика во овие одговори немало, без оглед дали се работи за машки или женски испитаници.Резултатите покажале дека „тоа е присутно во Индија, Саудиска Арабија, Мексико, САД и Бразил“. Во повеќето од одговорите се изразува надеж дека односот кон жените ќе се подобри.Религијата, пак, се покажала како многу влијателен фактор во Индонезија, Бразил, Шведска и Кенија, додека најмалку битна им била на младите во Кина, Франција, Германија, Велика Британија, Индија, Мексико и Русија.Резултатите покажале дека владите, политичките лидери и климатските промени, имаат негативно влијание врз животот како кај младите, така и кај постарите.Двете генерации испитаници имале идентичен став дека надминувањето на сиромаштијата и подобрувањето на образованието ќе помогне во решавањето и на други проблеми, како што се вооружените конфликти.Ракот, пак, бил истакнат како најголем глобален здравствен проблем, додека вирусот ХИВ и сидата се нашле на второ место.Интересно е тоа што „тагата поради стареење“ се покажала како најтешка и ги погодува и младите и старите. Испитаници, и од едната и од другата генерација, подеднакво истакнале дека не се чувствуваат среќни што стареат.извор: mk.voanews.com

Свет | пред 7 години

7 год.
zagina

Во Скопје загина 18-годишно момче

Денеска во раните утрински часови се случила сообраќајна несреќа со смртни последици.Околу 02:25 на улицата „Јадранска магистрала“, 18-годишниот Д.К. управувајќи со своето возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што починал на самото место на настанот.Двајцата сопатници од возилото со лесни повреди се пренесени во клиничкиот центар во Скопје. МВР направи увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој бара мито

Бекир Асани може да биде симбол на Заевата визија за „европска Македонија”, но сигурно не може да биде модел за илјадници млади македонци кои веќе се чувствуваат како дел од Европа и се подготвени да се натпреваруваат со своите врсници, се наведува во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Осуденици на тешки кривични дела може да бидат поткрепа на Заев во лагата дека со откажување од македонскиот идентитет ќе тече „мед и млеко”, но тие не може да бидат урнек за чесниот и достоинствен македонски работник. Од вчера и Бекир Асани и лица осудени за тешки кривични дела станаа адути на заевата кампања со која што се обидува да го изманипулира македонскиот народ за да ја легитимира капитулцијата на која што се согласи, а која подразбира бришење на македонскиот идентитет“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека човек како Асани кој нападна службено лице, полицаец, настан кој власта и Спасовски направија се за да го прикријат не може да бидат дел од европската иднина на Македонија колку и да го поддржуваат Зоран Заев.Криминалот е главен мотив на власта, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека јавноста во изминативе година и половина видела се освен европските манири на владата на СДСМ и Зоран Заев.„Криминалните тендери и грантови доделени на високи партиски и државни функционери не се дел од вредностите на Европската Унија и западната цивилизација. Човек со свиткана кичма кој е спремен да ги продаде националните и државните интереси само за да си ја спаси својата политичка кариера, не е пример за Европски политичар“, стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој целата јавност го виде како бара мито од 200 илјади евра, а судот наместо да го казни го амнестираше за неговите криминали.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Се градат тунели низ Скопје

Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција  со видеопрезентација го најави почетокот на постапката за проектирање на капиталниот градежен зафат „Тунелите под Кале“.„Со подземни тунели под Кале и нов мост преку Вардар ги спојуваме двете страни на Скопје. Голем дел од планираните транзитни и градски магистрали во градот не се реализирани, што претставува сериозна тешкотија за нормално одвивање на сообраќајот. Продолжувањето на булеварот Свети Климент Охридски, со мост над реката Вардар, со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) ќе ја зголеми мобилноста и протокот на возила и ќе има позитивни еколошки ефекти од намалената емисија на гасови и бучава“, рече Шилегов.[embed]Според одредени анализи, секојдневно на мостот „Гоце Делчев“ транзитираат 80-90 илјади возила. Но, со ова решение ќе се растовари сообраќајот во западниот дел од градското подрачје. Оската југ-запад ќе стане пофункционална, а се очекува голем дел од возилата кои транзитираат кон северните делови на градот да се движат по новоизградената сообраќајница.Шилегов објасни дека  постои можност за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа:– I фаза – булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;–  II фаза – тунелот како посебен;– III фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев.Целта на Град Скопје со овој проект е да го поврзе булеварот Свети Климент Охридски со Пластичарска улица во Чаир. Булеварот ќе биде издигнат на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата на РМ сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри, и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри се до влезот во тунелот под Калето.Скопје за првпат ќе добие тунел долг 250 метри, а широк 20 метри. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарска улица.Со овој проект Град Скопје го оформува вториот сообраќаен прстен во метрополата. Тоа ќе овозможи брз влез и излез на возилата од центарот и од северната страна на градот. Рутата ќе ја користат и автобусите на јавниот превоз.– Со проектот „Тунели под Кале“ ставаме крај на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Го растоваруваме сообраќајот на Бит-Пазар, Цветан Димов и на мостот „Гоце Делчев“. До саканата дестинација ќе се стига за најмалку 5 до 20 минути побрзо за разлика од сега. Тоа придонесува за заштеда на време и на гориво, а намалениот обем на сообраќај значи и почист воздух во Скопје – нагласи денеска градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања