„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Нема фотографија

Не ги запишувајте децата на факултет - нека учат програмирање од мали

Според податоците што ги објави Заводот за статистика пред три дена на врвот на листата на највисоки плати е секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности" каде што просечната плата изнесува 60.112 денари и за прв пат достигна 1.000 евра.Тоа е голем јаз споредбено со просечната плата, која изнесува 24.072 денари, особено ако се спореди со другите поразвиени и поголеми земји. Просечната плата на македонските програмери е сигурно уште поголема, бидејќи во категоризацијата на Заводот за статистика оваа професија оди заедно со други сродни како што е ИТ-администраторот.Како споредба, ќе ја земеме разликата помеѓу просечната плата во Хрватска и просечната плата на програмерите. Така, на годишна основа, просечниот Хрват заработува 67.032 куни, а просечниот програмер 102.720. Разликата е 35.688 куни годишно, што е приближно цена за целосно реновирање на куќа, но далеку помал јаз во однос на македонскиот.Во САД просечниот работни работи за 46.384 долари, а програмер заработува 69.083 долари годишно, или пак во Велика Британија има многу помала разлика, каде што просечниот Британец заработува 25.500 фунти годишно, а изработувачите на софтвери заработуваат 30.625 фунти годишно.За пример може да се земе и Русија, каде што соодносот е 493.680 рубљи годишна плата, во споредба со еден познавач на најзастапениот програм - Java, кој добива годишно 961.173 рубљи.Постојат и екстремни исклучоци во спортивна насока, како што е Турција, каде што просечен годишен доход на работник е нешто повеќе од 4.000 долари, а просечен разработувач на софтвер може да се пофали со дури 35.662 долари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tramp-kimcen

Трамп нестрплив: Наскоро повторно со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сценариото за неговиот втор состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, би можело да биде како првиот пат, освен што ќе се одржи на некоја друга локација. Трамп за средбата со лидерот на Северна Кореја зборувал во Њујорк, каде се појавил пред новинарите заедно со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин.Според Трамп, средбата со Ким ќе се случи во не така далечна иднина, а детаљите во врска со тоа, како што рекол, ќе бидат објавени многу брзо. Трамп и Ким се сретнаа во јуни во Сингапур, поради разговори за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.Јужнокорејскиот претседател неодамна се сретна со Ким, а Трамп, преку денешната средба во Њујорк, му испратил порака на севернокроејскиот лидер, пренесе АП.Трамп и Мун Џае Ин, потпишаа договор за слободна трговија, а Трамп го поздрави нарекувајќи го историска пресвртница во трговијата. Американскиот претседател, кој сака повторни преговори за трговски договори со повеќе земји во светот, рекол дека ревидираниот договор со Јужна Кореја, ќе ги намали бирократските препреки и ќе го зголеми просперитетот во двете земји, пренесе Ројтерс.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопје: Маж со секира бркал жена додека одела кон автомобилот

Четириесет и едногодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека вчера на булеварот Македонско-косовска бригада, додека одела кон своето возило, кое било паркирано пред нејзиниот дом, соседот Д.Т. (56) излегол надвор со секира во раката, се приближил до неа и ѝ упатил навреди и закани.Х.С. влегла во дворот, а тој ја оставил секирата и зел камења и почнал да ги фрла кон неа. Д.Т. е приведен во Полициската станица Бит-пазар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nikola-dimitrov

Димитров прошета низ Македонија за да повика сите да гласаат на референдумот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера го посети Делчево. Тој ја искористи посетата да разговара со младите од Делчево и со градоначалникот Горан Трајковски.Со младите од Делчево и околината стана збор за предизвиците со кои тие се среќаваат, а како еден од најголемите проблеми со кои се среќава Делчево и другите околни места беше идентификуван одливот на способни млади во странски земји, луѓе кои инаку директно би придонеле кон развој на регионот.Ди„Министерот Никола Димитров на трибината ја пренесе истата порака која им ја пренесе и на младите претходно – на 30 септември ќе направиме крупен чекор кон подобра иднина за Делчево. Позитивниот исход од референдумот значи и далеку поголема заинтересираност на странски компании, заинтересираност која брзо ќе се преточи во нови работни места, поголеми плати и општ развој на Делчево. На Делчево му е потребна поголема странска инвестиција да го искористи потенцијалот кој го има. Наша историска обврска е да обезбедиме шанса за нашите идни генерации да имаат просперитетен и удобен живот – дома. 30 септември ќе биде празник на иднината“, соопшти МНР.Активностите на министерот Димитров продолжуваат денеска во Валандово, Гевгелија и Струмица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ниш: Го пратиле детето на училиште им го вратиле во ковчег

12-годишната Исидора В. од Ниш настрада вчера во 12 часот и 40 минути кога ја прегази возило кое се придвижило назад на улица, пишува прес24.мкТрагедијата ја потресе Србија, но и регионот, а возачот кој бил во возилото кое се придвижило наназад, веднаш избегал, но полицијата за среќа го фатила и привела.Исидора со ранче тргнала на училиште, кога на неа налетал автомобилот марка Фијат и ја усмртил. За жал девојчето починало веднаш.Има две верзии за несреќата, од кои едната дека возачот го оставил возилото и не бил во него, но не кренал рачна па се придвижило, а втората дека сакал да се сврти на улицата и не го видел девојчето.- Слушнав глас кој вриштеше по силниот удар. Под колата го видов само главчето на детето и ранецот, вели случаен минувач додавајќи дека сликата била ужасна.Семејството е скршено од тага.

Свет | пред 7 години

7 год.
tamara

Дали Тамара Тодевска би простила неверство?

Популарната пејачка Тамара Тодевска прашана што мисли за неверството, напиша дека би простила, но би заборавила.Пејачката е активна на сите социјални мрежи, преку кои е во контакт со своите обожаватели. Освен ова прашање, таа одговараше и за тоа која и е омилена боја, омилена храна и слично.Меѓудругото, не го заобиколија ниту моментот дали со својот изглед би „поминала“ кај Сергеј Варошлија, а таа со сигурност потврди дека тоа е така.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

И денеска ќе дува силен ветар

Денеска времето ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува силен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 15 до 22 Целзиусови степени.Во Скопје времето ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува силен северен ветер, а максималната температура ќе се искачи до 18. степен.Од среда наутро темературата на воздухот значително ќе опадне, како утринската така и дневната. На некои места утринската температура ќе има услови да се спушти околу нулата.Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Асанж одбил предлог да оди во Москва како дипломат на Еквадор

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж минатата година го отфрлил предлогот на Владата на Еквадор да биде именуван за нивни дипломат на служба во Москва и со тоа конечно да ја напушти Еквадорската амбасада во Лондон, каде ги мина изминатите шест години.Според писмо од декември 2017 година, Владата на Еквадор му дала ваков предлог на 47-годишниот австралиски државјанин, по кој САД распишаа потерница поради објавувањето огромно количество доверливи материјали од американската дипломатска служба, како и за воени злосторства извршени во текот на војната во Ирак.Асанж беше обвинет за силување извршено во Шведска, што послужи како изговор британската Влада да распише потерница по него, принудувајќи го побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон.Екадорските власти се обидуваат да му помогнат на Асанж да ја напушти нивната Амбасада и како дипломат да отпатува во Москва, каде што веќе живее другиот најпознат „свиркач“ во светот, Американецот Едвард Сноуден.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ново рочиште за „27 април“ – ќе бидат сослушани четворица сведоци

На денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април минатата година треба да бидат сослушани четворица нови сведоци – Ацо Ангеловски, Александра Богоевска Крстановска, Маријан Митевски и Алим Алими.Во петокот маратонското рочиште заврши со сведочењето на Сашо Тасевски, кој е актуелен директор на БЈБ, а во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Тој на рочиштето за „27 април“ во Кривичниот суд, посочи дека напаѓачите извикувале дека ќе ги убијат, дека нема каде да одат и оти ќе биде прогласена воена состојба. Како последица на нападите Тасевскисе здобил со две расекотини на главата, му била изместена вилицата и имал модринки по телото.Претходно во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ  и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи.Нухиу кој неколку часови сведочеше за текот на настаните во МВР за време на насилствата во Собранието на 27 април, кажа дека тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, не одговарал на неговите повици. Со Чавков, кој раководеше со оперативниот штаб, остварил контакт во 20 часот откако претходно повеќепати залудно се обидувал да го добие на телефон. Нухиу рече дека кога го прашал што се случува, а Чавков, сега обвинет во случајот, му рекол дека „се случува народ“.Обвинетиот Игор Југ на судењето вербално го нападна Нухиу и на судијката Добрила Кацарска и порача дека ако сака може да го осуди и на сто години затвор. Тој праша каде е српскиот разузнавач Живаљевиќ и забележа дека им се суди на 33 Македонци, додека странски разузнавач се шетал по Собранието. Обвинетиот Јане Ченто, пак, кажа дека токму Нухиу е првиот што треба да сноси одговорност.Вработениот во Собранието, Владимир Стојков, раскажа дека дента за главниот влез бил задолжен обвинетиот Абдулфета Алими и опиша како пратеници ги отвориле вратите. Неговото работно место тогаш било покрај вратата од пленарната сала.Кога дошло до тензии помеѓу пратеници, сведокот Владимир Стојков и Алими добиле насоки од началникот да го пренесат формациското оружје горе во кабинет зашто не е безбедно да остане долу бидејќи може да дојде некој да го земе и да го употреби. Кога го носеле оружјето кон кабинетот слушнале викање и кога се вратил назад кај главниот влез ги забележал пратениците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG-20180922-WA0010

Македонски кардиолози на најголемиот светски конкурс за кардиологија

Кардиолози од „ ЈЗУ Завод за Кардиоваскуларни заболувања - Охрид “ и универзитетеската Клиника за кардиологија од Скопје престојуваат на најголемиот конгрес од областа на интервентната кардиологија TCT 2018 кој секоја година се одржува во САД , а оваа година домаќин на настанот е градот Сан Диего во Калифорнија.На овој годишен собир Кардиолошкиот Завод од Охрид го преставуваа Д-р Никола Бакрачески, Д-р Дејан Манчески и Д-р Благоја Стефаноски од Охрид, а Д-р Оливер Бушлетиќ ја преставуваше Клиниката за Кардиологија од Скопје. Нивното учество на конгресот беше заокружено со успешна презентација на интересни клинички случаи и техники на работа кои се применуваат во Охрид.[embed][/embed]На ТСТ 2018 се презентираа најновите научни и технолошки достигнувања, како и техники на работа во областа на Интервентната кардиологија, на софистициран начин преку пренос во живо од различни операциони сали од повеќе реномирани центри во светот, но и преку дидактички лекции и интерактивни тренинзи, за кои државното здравство во Македонија се обидува да следи чекор и да ги применува.Раководителот на интервентната кардиологија во Охрид, д-р Никола Бакрачески, одржа презентација на случаи на тема „ Како не треба да се пристапува на коронарна бифуркација“,  а Д-р Дејан Манчески презентација на тема “ Три годишно следење на пациент со руптурирана  коронарна артерија стентирана со графтстент”.Младите доктори од охридскиот кардиолошки завод како Д-р Благоја Стефаноски и Д-р Дени Размоски даваат значаен придонес како коавтори на вакви научни трудови кои се објавуваат на голем број научни собири светот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev

Дали ако гласате „за“ на референдумот, животот во Македонија ќе цвета?

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на неколку дена пред одржување на референдумот оствари средба со граѓаните на Демир Капија и се обрати на граѓанска трибина.Посочувајќи ги бенефитите од членството на Македонија во НАТО и во ЕУ, премиерот Заев истакна дека за земјата тоа ќе донесе стабилност, економски просперитет, повисоки плати за граѓаните и подобар стандард.Заев пред жителите на Демир Капија објасни и каква била состојбата во некои земји пред и по нивното зачленување во двата големи сојузи.„Пред да бидат членки на НАТО и на ЕУ, невработеноста во Бугарија била 17,3 проценти, кога станала членка на НАТО, Бугарија и на ЕУ, невработеноста паднала на 5,5 отсто. Странските инвестиции се зголемиле за 3 до 5 пати повеќе од претходно. Во Романија платите пораснале за 400 проценти, во Бугарија платите претходно биле 244 евра, сега се 550 евра. Затоа се бориме и ние да ги достигнеме“, рече премиерот Заев.Ова како што рече тој, ќе се случува и во Македонија. Премиерот Заев истакна дека со отворање на европските фондови, ќе се почувствува директна финансиска поддршка за младите, за земјоделците, но и за сите важни сектори во општеството; здравство, социјала, комунална инфраструктура, образование.„Тенденцијата на Европа е рамномерен развој насекаде на територијата на ЕУ. Сите земји кои се под 85% од просекот на развој на ЕУ, тие директно ги ползуваат сите фондови на ЕУ. И социјалниот и за земјоделие и кохезивниот фонд. Ова нам не ни се отвора како можност по 5, 10 години. Буквално од 1 октомври го почнуваме скринингот, преговорите, а поглавјата ги отвораме во јуни 2019 година – тоа се неколку месеци од сега. Со отворање на поглавјата, се отвораат фондовите и затоа не смееме да ја пропуштиме оваа историска шанса, додаде премиерот .Пред граѓаните на Демир Капија, Заев зборуваше и за важноста на договорот со Грција, како и за фактот дека оваа генерација има привилегија, шанса, но и огромна одговорност за неколку дена, на 30 септември, да донесе вистинска одлука за иднината на Македонија, но пред сè за иднината на нашите деца и внуци.„Сега на 30 што и да направиме секако ќе влијае. Ако сме за, ќе влијаеме за да ги отвориме сите можни перспективи. Ако сме против, јас сум убеден дека ќе ни биде жал. А тие што ќе останат дома – знам дека ќе се срамат. Тоа ти е како – какво семе ќе засадиме. Ако засадиме за ќе никне убава лозинка, ќе даде убав род и богат плод. Ако засадиме против, ќе никне една прачка што нема да даде никаков род. Ако засадиме бојкот, ќе останат само трња и троскот“, заклучи премиерот Заев повикувајќи ги граѓаните на Демир Капија в недела со кренати глави и со убава насмевка да гласаат „за“ европска Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Нов случај во Македонија: Ученички се тепаат, а другарите навиваат

Снимка од тепачка на две девојчиња, која се појавила на интернет, објави  Канал 5 каде што едното од девојчињата прво вербално, а потоа со шлаканици и клоци го напаѓа другото девојче, кое е не може да се одбрани. Ова не е прв ваков случај во Македонија. Јавноста претходно беше згрозена од тепачка меѓу ученички во Неготино.[embed][/embed]

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ќерка на милионер изела сендвич на аеродром и починала

Таткото, милионер и основач на фабриката за играчки Wow Toys, тврди дека компанијата за сендвичи не ставила етикета на лебот дека има во него сусам .Денеска почнува судскиот процес во кој таткото на девојчето , милионерот Надим Еднан – Лаперуз ја тужи компанијата за сендвичи за убиство на неговата ќерка. Тој веднаш на девојчето и дал две инекции , бидејќи била алергична на сусам , но немало помош .Од компанијата Pret a Manger,  велат дека девојчето требало да праша кога го купувала сендвичот дали во него има сусам . Тие велат дека не ставаат етикети на секој производ за содржината во него , туку дека има заедничка декларација на полиците пред производите.Девојчето во 2016 починало во болницата во Ница од алергиски шок поради силна алергија на сусам .

Свет | пред 7 години

7 год.
nikola-dimitrov

Без електрично напојување делови од Ѓорче Петров, Студеничани и Сарај

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија, во периодот од 9 до 14 часот, ќе останат дел корисниците од улиците „Есперанто“ и „Мраморец“ од општина Ѓорче Петров.Во периодот од 8:30 до 11 часот електирична енергија ќе немаат корисниците од Караула „Чашка“, викенд-населбата Веле Поле, Кучково, Геолошки силекс и село Грачани.Во периодот од 11:30 до 14 часот без елетрично напојување ќе останат дел од корисниците од село Љубин и Водовод во село Кондово во општина Сарај, а од 9 до 15 часот корисниците на улиците „4“, „6“ и „7“ од село Батинци во општина Студеничани. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

19-годишното момче од Индонезија преживеа 49 дена на отворено море

Алди Новел Адиланг ја чувал рибарската колиба на вода поставена на 125 километри од брегот, кога силни ветрови ги искинале јажињата на кои се држела и го однеле на отворено море во средината на јули.Ветровите го носеле 19-годишното момче илјадници километри, до Гуам, каде го нашол рибарски брод.Откако го однеле ветровите, почнале да му се намалуваат залихите храна, па ловел риба и ја печел на дрвените даски што ги корнел од колибатаНамената на рибарската колиба е да биде мамка за рибите, а работата на Алди била да ги пали светилките што ги привлекуваат рибите.Секоја недела, некој од неговата компанија му носел залихи храна, вода и гориво и ги земал уловените риби.Откако го однеле ветровите, почнале да му се намалуваат залихите храна, па ловел риба и ја печел на дрвените даски што ги корнел од колибата.Намената на рибарската колиба е да биде мамка за рибите, а работата на Алди била да ги пали светилките што ги привлекуваат рибите.Според службите, момчето честопати било исплашено и плачело додека лутало низ отворено море, незнаејќи дали ќе преживее.Секојпат кога ќе видел голем брод му се разгорувала надежта, но повеќе од 10 бродови го одминале без да го забележат.На 31 август го спасил панамскиот брод МВ Арпеџо во близина на Гвам.Стигнал во Јапонија на 6 септември, а два дена подоцна се вратил во Индонезија каде повторно бил обединет со неговото семејство.

Свет | пред 7 години

7 год.
Katica-Janeva

АЛСАТ М : СЈО нема кривично да ги гони „сваровски судиите“

Специјалното обвинителство, освен прислушуваните разговори, нема други докази кои укажуваат дека дел од судиите носеле одлуки по директен политички диктат на ВМРО – ДПМНЕ. Преку „бомбите“ и СМС пораките СЈО утврдило дека судиите Јово Вангеловски, Светлана Костова, Софија Лаличиќ и поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска покажале дека тие биле на „жешка линија“ со високи преставници на претходната власт. Но, специјалната обвинителка Катица Јанева за Алсат посочи дека нема основ СЈО кривично да ги гони.Сметам дека во самите разговори има повеќе нарушување на моралниот кредибилитет на судиите, а дека кривично правна одговорност нема и во тој дел не прибавуваме ние посебни докази, зошто сметавме дека роковите за тоа се поминати“, вели Јанева.Јанева во интервјуто за Алсат М објасни дека мета на нелегално прислушување биле судијките Софија Лаличиќ и Светлана Костова. Актуелниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски и поранешната шефица на Судскиот совет, Александра Зафировска не биле таргет. Тие биле снимени кога разговарале со најистакнатите функционери во владата на ВМРО – ДПМНЕ.Јас сметам дека треба да понесат морална одговорност, но тоа го оставаме на нив“, вели Јанева.Специјалното обвинителство посебниот извештај наменет за четворицата судии го објави пред десет дена. Наведе дека судиите Вангеловски, Костова, Лаличиќ и Зафировска интервенирале во судски одлуки по налог на ВМРО. Во документот СЈО наведе дека тогашниот претседател на Судскиот совет, премиерот, министрите за правда и внатрешни работи како и директорот на тајната полиција Мијалков, одлучувале кој судија да биде избран, а кој разрешен. Оделе до таму што по партиски список ги вработувале и стручните соработници, но интервенирале и преку судии во постапките.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Удбашки структури ќе предизвикаат инциденти на протестот против референдумот во Скопје?

По најавата за протести против промена на името и референдумот, универзитетската професорка Билјана Ванковска на социјалните мрежи напиша дека здружението „Бојкотирам“ не го организира протестот и дека истиот повик е објавен од сомнителни структури.„Не излегувајте! На „Бојкотирам“ не му требаат собири од ваков вид, организирани од сомнителни структури, а со намера да се исценираат инциденти. Тоа е и денот кога Иванов ќе има историско обраќање во ООН. Ако наседнеме на овој собир и на удбашките структури кои стојат зад него, тие ќе успеат да создадат страв и одбивност кај мирните граѓани, а се' со цел да се зголеми излезноста во недела! Кога би било ова автентично би излегла дури и под закана од употреба на полициска сила - но, ова не е тоа! Се служат со сите (не)дозволени средства, затоа внимавајте! „Бојкотирам“ е легален и легитимен, ненасилен облик на граѓански отпор и затоа треба да се чува подалеку од Тројански коњи со руски знамиња, со качулки, со запаллива реторика и омраза кон Другиот. Тоа не сме ние! Ние со нечинење ќе го постигнеме она што го заговараме“, напиша Ванковска на социјалните мрежи.Според социјалните мрежи, настанот е организиран од „Млади за Македонија“, кои и досега протестираа низ повеќе градови. Тие велат дека се студенти кои нема да дозволат менување на името, идентитетот и јазикот.„Државата останува на младите и токму затоа ние сме тие кои треба да одлучуваат за иднината на Македонија. Затоа токму ние ќе ја поведиме битката за одбара на нашите човекови права, за нашето достоинство и нашата чест. Во име на нашите основни човекови права и достоинство, ние студентите ве повикуваме сите вас да се придружите на огромениот сенароден собир за бојкот на референдумот за наше преименување во Северна. Огромениот сенароден и непартиски протест кој ќе се оддржи на 27ми септември во 19:00 часот пред Собранието во Скопје“, пишува на објавите на социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Крвав инцидент во Скопје: Пукале во момче додека возело автомобил

Ноќеска во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје било донесено 22-годишно момче од с. Љуботен, Скопско, со повредa од огнено оружје.„Додека Ј.Б. со возило „мерцедес“ се движел по улицата Алија Авдовиќ, од страна на непознати лица било пукано кон возилото, при што тој добил прострелна рана во пределот на градниот кош“, соопшти МВР.Повредениот со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42528638_2159192220965800_8350112581788106752_n

Скопјанка претепана од свршеникот

Со тешки телесни повреди вчера во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ била донесена скопјанката С.П., која била физички нападната од својот свршеник С.Ф., соопшти МВР.„Истиот ден, околу 11 часот, С.П. отишла во домот на својот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18.40 часот таа со такси-возило заминала во Градската општа болница ‘Свети Наум Охридски’, каде што од страна на лекар ѝ била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување“, се наведува во соопштението на МВР.Се преземаaт мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42489749_936693473203550_6309795025022615552_n

Ветерот искорна бандери во Скопје

Скопскиот регион во текот на денешниот ден беше зафатен од силен ветер кој достигнуваше брзина и до 95 километри на час и истиот предизвика штети. Ветрот откорна бандера со кабли за електрично напојување во Лисиче. Очевидците велат дека за среќа, во тој момент, немало минувачи ниту автомобили.Бандерата не паднала целосно поради затегнатите жици, но жителите велат дека можело да биде трагично, бидејќи улицата била фреквентна.Попладнево, ветерот со голема брзина допридонесе и за енормно загадување на Скопје, на што реагираат жителите.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања