Пратениците Арнаудов и Василески под истрага за закани кон обвинителката Ленче Ристоска
Пратениците од Охрид Сашо Василевски Василевски и Љубен Арнаудов и Гоце Недески, поранешен началник на СВР Охрид се под истрага од Обвинителството за организиран криминал за закани кон обвинители на СЈО, кон сведоци за да не сведочат против Никола Груевски и раководството и за спречување на истрагата за „Талир“.Ленче Ристоска за „Скопје 1“ потврди дека и во СЈО имаат сознанија дека се води постапка против пратениците, но нагласи дека во овој момент не може ништо да коментира за да не наштети на процесот.„ Имаме сознанија дека се води постапка против споменатите, но не можам во овој момент ништо да коментирам. Постои и тајност на постапката, и случајот во јавност може да го коментираат само од Обвинителството “ изјави Ристоска за „Скопје 1“.
Македонија | пред 7 години