Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Најнови вести

3 мин.
media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Иранската Револуционерна гарда: Ормускиот теснец е отворен за цивилни бродови

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот теснец е „отворен за нештетен премин на цивилни бродови“, во согласност со меѓународното право.Во соопштението се наведува дека воените пловила кои ќе се приближат до областа би се сметале за прекршување на примирјето и дека ќе бидат „строго казнети“.

Свет | пред 3 минути

9 мин.
media-libraryvbncmtrq6fc5dJJ5vSa

Техеран испраќа сигнал: Договор со САД „не е надвор од дофат“

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека договор со САД „не е надвор од дофат“ доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го почитува меѓународното право, пренесува државната телевизија.Изјавата беше објавена како резиме од телефонски разговор меѓу Пезешкијан и рускиот претседател Владимир Путин, кој беше пренесен преку иранската државна радиотелевизија на Телеграм.Разговорот се случи по неодамнешните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, во период на засилени дипломатски контакти меѓу засегнатите страни околу актуелните тензии.

Свет | пред 9 минути

14 мин.
media-library9g9dm2t0r5ps9rf76oT

За неколку минути се затвораат избирачките места во Унгарија

Во 19 часот се затвораат избирачките места во Унгарија, по што веднаш се очекува да почне постизборната процедура.Во исто време, изјава за медиумите ќе даде унгарскиот претседател Тамаш Сиујок во зградата на Националниот изборен уред, при што организаторите најавија дека нема да има можност за новинарски прашања.По 19 часот на истата локација ќе започне и пребројувањето на гласовите што пристигнале по пошта, по што се очекува прес-конференција на раководството на Националниот изборен уред и изборната комисија, најверојатно околу 20 часот, кога би можеле да се појават и првите прелиминарни резултати.

Свет | пред 14 минути

27 мин.
media-library9fi0k1adf5al1keojyf

(Видео) Висока излезност и обвинувања за нерегуларности на изборите во Унгарија

На социјалните мрежи се шири видеоснимка за која се тврди дека е направена на едно избирачко место во Унгарија, на кое наводно им се попречува на гласачите да гласаат самостојно. Во објавата се наведува дека лица влегувале во гласачките кабини за да проверат дали гласањето е извршено за партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан.Во објавата на мрежата X се тврди дека станува збор за „изборна измама“, но засега нема официјална потврда од надлежните институции за автентичноста на снимката или за наводите.Во меѓувреме, излезноста на изборите во Унгарија до 17 часот достигнала 74,23 проценти, односно 5.587.935 гласачи, со што е надминат рекордот од 2002 година од 73,5 проценти. Во споредба со 2022 година, излезноста во истиот период е значително повисока.Иако унгарските медиуми наведуваат дека нема директно споредливи податоци од 2002 година за истиот временски пресек, тогашниот рекорд во вториот круг изнесувал 67,87 проценти.

Свет | пред 27 минути

41 мин.
media-libraryef9vfc4opg878P8ZTRx

(Видео) Екипажот на мисијата Артемис II се врати на Земјата

Екипажот на мисијата Артемис II беше пречекан со овации од стотици луѓе во Хјустон по враќањето од историскиот лет околу Месечината, кој постави нов рекорд во истражувањето на длабокиот вселенски простор.Четворицата астронаути – командантот Рид Вајзман, пилотот Виктор Гловер, Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен – по слетувањето во океанот крај Сан Диего, пристигнаа во базата Елинтон Филд во близина на вселенскиот центар „Џонсон“ на NASA, каде што беа пречекани од семејствата, колегите и претставници на агенцијата.На првото обраќање по враќањето, командантот Вајзман истакна дека мисијата била исклучително тешка, но и емотивно значајна. Тој нагласи дека додека астронаутите го доживуваат соновниот лет во вселената, најсилната желба сепак им е враќањето кај своите семејства. Пилотот Гловер додаде дека сè уште не успева целосно да го процесира искуството, опишувајќи ја мисијата како нешто што го надминува секојдневното човечко разбирање.Астронаутот Хансен истакна дека екипажот ја пренесувал меѓусебната поддршка и чувство на единство, нагласувајќи дека човештвото е огледало само на себе и дека напредокот зависи од заедништвото и разбирањето.За време на мисијата, екипажот достигнал максимална оддалеченост од 406.771 километар од Земјата, со што беше надминат рекордот поставен од мисијата Аполо 13. Тие исто така направиле историски фотографии од далечната страна на Месечината, вклучувајќи нова перспектива на „заоѓањето на Земјата“ зад сивата, кратерска површина.Астронаутката Кох нагласи дека најсилен впечаток не ѝ оставила самата Земја, туку темнината на просторот околу неа, опишувајќи ја планетата како „чамец за спасување“ кој плови во огромна празнина. Таа додаде дека човештвото мора да ја гледа Земјата како заеднички дом кој бара грижа и одговорност.По враќањето, NASA потврди дека е забележан и технички проблем со системот за тоалет на леталото, но дека тој ќе биде решен пред идните подолги мисии. И покрај тоа, мисијата се смета за голем успех и важен чекор кон идните програми Артемис III и Артемис IV, кои треба да донесат нови човечки слетувања на Месечината во следните години.Со оваа мисија, NASA уште еднаш ја потврди својата цел – враќање на човекот на Месечината и подготовка за идни подалечни вселенски истражувања.

Свет | пред 41 минута

46 мин.
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп ѝ се закани на Кина со царини од 50 проценти ако му помогне на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 50 проценти на стоката, доколку Пекинг воено му помогне на Иран во конфликтот на Блискиот Исток.„Ако бидат фатени во тоа, ќе се соочат со царини до 50 проценти, што е огромно“, изјави Трамп за Fox News.Тој најави и посета на Пекинг на 14 и 15 мај, каде што треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, откако самитот претходно беше одложен поради војната во Блискиот Исток.Во меѓувреме, CNN објави дека американските разузнавачки служби укажуваат оти Кина се подготвува да испорача нови системи за противвоздушна одбрана на Иран во наредните недели, со можност испораките да се одвиваат преку трети земји за да се сокрие нивното потекло.

Свет | пред 46 минути

1 час
218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Хороскоп за денес: еден знак затвора старо поглавје, друг блеска

Ѕвездите за недела, 12 април, носат општа порака за побавен ритам, смиреност и потреба од внатрешна рамнотежа, при што секој хороскопски знак добива различни насоки во љубовта, работата и здравјето.Овен: Мирен ден за поврзување идеи и подобра проценка. Во љубовта важен е начинот на комуникација, а здравјето бара одмор од бучава и стрес.Бик: Ден за тивко средување мисли и враќање кон стабилност. Во односите ќе се цени сигурност и природен тек без притисок.Близнаци: Погоден ден за разговори и нови идеи, но со потреба од ментален одмор и дистанца од екраните.Рак: Време за преиспитување на приоритетите и емоционален мир, со нагласена потреба од тивка околина.Лав: Иако е недела, постои потреба да се завршат или организираат одредени работи, но со умереност.Девица: Ден за важни увиди, ред и расчистување на мислите, како и искрен разговор во љубовта.Вага: Фокус на односи, баланс и креативни идеи, со нагласена чувствителност кон околината.Шкорпија: Длабоки емоции и потреба од искреност, без простор за површност во односите.Стрелец: Желба за промена, инспирација и нова перспектива која носи олеснување.Јарец: Мислите се насочени кон обврски, но клучно е да се најде вистински одмор.Водолија: Оригинални идеи и потреба од слобода, со можни неочекувани разговори или средби.Риби: Силна интуиција и емотивна чувствителност, со потреба од мир и повлекување од надворешен притисок.Генерално, денот носи повеќе размислување, внатрешни увиди и смиреност отколку динамични промени, со акцент на емоционална стабилност и јасност во одлуките.

Магазин | пред 1 час

1 час
media-librarym61a601gonf4eNiXBHj

Мазерати продава часовник поскап од автомобил: чини повеќе од моделот Грекале

Италијанскиот производител Мазерати во соработка со часовничарската куќа Бианке го претстави ексклузивниот часовник UltraFino Flying Tourbillon, модел со кој се одбележуваат 100 години од легендарниот знак Трозабец.Часовникот чини околу 103.400 долари, односно 81.616 швајцарски франци, што е повеќе од почетната цена на моделот Мазерати Грекале на американскиот пазар. Производството е ограничено на само 100 примероци, што дополнително ја нагласува неговата ексклузивност.Дизајнот е силно инспириран од суперавтомобилите на Мазерати. Отворениот скелетен бројчаник потсетува на тркалата на моделот MCPura, додека куќиштето и нараквицата се изработени од јаглеродни влакна, по примерот на монокок шасијата кај спортските автомобили. Под сафирното стакло се наоѓа механизмот Бианке UT01, а часовникот може да издржи оптоварување до 5.000 G.Посебен елемент е лебдечкиот турбијон изработен од титаниум Grade 5, кој производителот го споредува со моторот Nettuno V6 на Мазерати. Без ремен, часовникот тежи само 36 грама, а купувачите можат да изберат меѓу карбонска нараквица или ремен од вулканизирана гума.По повод лансирањето, Мазерати и Бианке организираат ексклузивни настани во Женева, каде што избрани гости ќе имаат можност да го тестираат моделот MCPura и да се запознаат со часовникот чија цена достигнува ниво на луксузен автомобил.

Магазин | пред 1 час

2 час.
media-libraryvbncmtrq6fc5dJJ5vSa

Иран идентификува 3.375 жртви од американско-израелски напади

Иранската организација за судска медицина идентификувала 3.375 лица загинати во американско-израелските воздушни напади што започнаа кон крајот на февруари, соопшти државната телевизија IRIB.Според директорот Абас Масџеди Арани, идентитетот на жртвите бил утврден со научни и специјализирани методи. Во периодот од 28 февруари до 7 април, меѓу загинатите се идентификувани 2.875 мажи и 496 жени, додека податоци за уште четири лица не се објавени.Меѓу жртвите има и странски државјани од Авганистан, Сирија, Пакистан, Кина, Ирак и Либан, но нивниот точен број не е наведен.Од институцијата нагласуваат дека целиот процес на идентификација бил спроведен со напредни форензички методи.

Свет | пред 2 часа

2 час.
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп најави блокада на Орумскиот теснец

По неуспешните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, американскиот претседател Доналд Трамп најави блокада на Ормускиот теснец и упати остри обвинувања кон Техеран поради нуклеарната програма.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп наведе дека разговорите завршиле без договор за клучното прашање – нуклеарната програма на Иран. Тој најави дека американската морнарица ќе започне со процес на блокада на сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од теснецот.Трамп истакна дека наредил пресретнување на бродови кои плаќаат такси на Иран и најави отстранување на мини од поморскиот премин, предупредувајќи на силен одговор доколку дојде до напади.Во втора објава, тој го обвини Иран дека не го исполнил ветувањето за отворање на теснецот, додавајќи дека и покрај долготрајните разговори, Техеран останал цврст во својата позиција.Трамп ја повтори и својата долгогодишна порака дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје, нагласувајќи дека блокадата наскоро ќе започне и дека во неа ќе се вклучат и други земји.

Свет | пред 2 часа

3 час.
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Приведени четири лица, пронајдена дрога на повеќе локации

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 април 2026 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.М. (23), Т.Б. (24), Д.М.А. (24) и Ф.Е. (27), сите од Скопје.Како што наведуваат од МВР, кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана.По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 3 часа

3 час.
media-library9g9dm2t0r5ps9rf76oT

Значително зголемена излезност на изборите во Унгарија во споредба со 2022

Излезноста на изборите во Унгарија е значително повисока во споредба со пред четири години, при што порастот е забележан во сите делови на земјата. Дури и во регионот со најслаб одзив, до 13 часот гласале 10 процентни поени повеќе избирачи.Според податоците на Државниот изборен уред на Унгарија, најголема излезност е регистрирана во Пештанска жупанија, каде што на гласање излегле 58,01 процент од граѓаните со право на глас.Најниска излезност е забележана во Саболч-Сатмар-Берег. Во нејзината изборна единица број 4, со седиште во Вашарошнамењ, гласале 44 проценти од избирачите, што сепак е за 10 процентни поени повеќе отколку на изборите во 2022 година. Сличен тренд е забележан и во изборната единица број 5 со седиште во Матесалка.Во изборната единица број 4 кандидат на владејачката коалиција Фидес-КДНП е Атила Тилки, додека противкандидат е Жужана Шимон. Во единицата број 5, кандидат на Фидес-КДНП е Шандор Ковач, а од Тиса настапува Ласло Буѓа.

Свет | пред 3 часа

3 час.
media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Кривична пријава за кумановец, пронајдена дрога и пари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Г. (35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Како што информира полицијата, на 17 октомври 2025 година во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари.

Скопје | пред 3 часа

3 час.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди помош на Иран за постигнување мир на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по неуспехот на американско-иранските преговори во Исламабад, нудејќи ја улогата на Русија како посредник за постигнување мировно решение на Блискиот Исток, пренесува Ал Џезира.Од Кремљ соопштија дека Путин ја истакнал подготвеноста на Москва да помогне во изнаоѓање политичко и дипломатско решение и да посредува во напорите за воспоставување праведен и траен мир.Претходно, повеќечасовните разговори меѓу САД и Иран завршија без договор по повеќе од 21 час преговори. Клучниот спор се однесувал на контролата врз Ормускиот теснец – Вашингтон барал негово целосно отворање, додека Техеран инсистирал да ја задржи контролата.И покрај силното посредување на Пакистан и првичните сигнали за напредок, разговорите пропаднале, а двете делегации ја напуштиле земјата без постигнат договор.

Свет | пред 3 часа

4 час.
media-libraryf138f6sc25if8qnAIg8

Американскиот преговарачки тим го напушти Пакистан

Целиот американски преговарачки тим го напушти Пакистан по завршувањето на разговорите со Иран, потврди американски претставник за новинарите кои го следат потпретседателот Џеј Ди Венс, пренесува CNN.Меѓу членовите на делегацијата беа и специјалниот пратеник Стив Виткоф, Џаред Кушнер, како и техничките тимови. Нивното заминување се толкува како знак дека директните преговори нема да продолжат во скоро време, ниту на работно ниво.Потпретседателот Венс изјави дека по 21 час разговори не е постигнат никаков договор и дека американската страна заминува со, како што рече, „последна и најдобра понуда“.Преговорите меѓу САД и Иран, кои беа посредувани од Пакистан, траеле повеќе од 29 часа во различни фази, при што двете страни изразуваа претпазлив оптимизам, но без конечен резултат за прекин на конфликтот.

Свет | пред 4 часа

4 час.
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Малолетник со нож повредил врсник во Шуто Оризари

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 април 2026 година во 01:20 часот, во Полициската станица Шуто Оризари сам се пријавил малолетник од Шуто Оризари.Според МВР, тој на 11 април 2026 година околу 22:20 часот, пред игротека во Шуто Оризари, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од истото подрачје.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 4 часа

4 час.
IMG_7454

Лишено од слобода едно лице во Камењане по сомнение за мачење животни

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода пет возачи поради безобѕирно управување возило.Според МВР, двајца возачи од Куманово и Дебар управувале возило без возачка дозвола, еден возач на автопатот „Пријателство“ возел со брзина поголема од дозволената, додека двајца возачи од Кичево и Чашка управувале возило со изречена активна забрана за управување.По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, додаваат од МВР.Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 4 часа

4 час.
izbori-glasanje-51993-92549

Унгарци во странство чекаат со часови за да гласаат на изборите

На избирачките места низ Европа се забележани големи гужви од унгарски државјани кои гласаат во странство. Долги редови се формираат во Малага, Стокхолм, Копенхаген, Осло и Минхен, а на некои локации се чека и повеќе од еден час.Според сведоштва од гласачи, во Малага, каде што гласачкото место е организирано во хотел, дел од гласачите со адреса во Будимпешта чекале меѓу еден час и час и половина. Слична ситуација е забележана и во Стокхолм, каде што излезноста е значително зголемена во споредба со претходните избори.Во Копенхаген, покрај чекањето за гласање, се пријавени и редици за традиционалниот унгарски десерт kürtőskalács. Големи гужви има и во Осло и Минхен, каде што исто така се регистрира висок одзив.Посебно внимание привлекува Осло, каде што, според сведоштва на гласачи, претходно речиси и да немало редови, додека сега се создаваат долги чекања.

Свет | пред 4 часа

5 час.
vladikata-petar

Владиката Петар со силно велигденско послание: Општеството да се разбуди по трагедиите

Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар упати силно велигденско послание до верниците, во кое покрај духовната порака за Воскресението Христово, испрати и сериозна опомена за состојбите во општеството.Во обраќањето, владиката нагласува дека Воскресението не е само спомен, туку жива сила што го осветлува патот на човекот и ја победува смртта, гревот и очајот. „Христос воскресна не за Себе, туку за нас – за да нè ослободи од гревот и да ни подари живот вечен“, порачува митрополитот.Тој истакнува дека вистинскиот мир доаѓа од верата, а не од светските околности, додавајќи дека тоа е мир кој не може да биде нарушен ниту од војни, ниту од кризи.Но, централниот дел од пораката е посветен на трагичните настани што ја потресоа јавноста во изминатиот период, вклучително и случајот со мајката Ивана и нејзината ќерка Катја, како и повеќе убиства во неколку градови низ државата.„Да се посегне по сопствениот живот или по животот на своето дете е трагичен писок на душата која ја изгубила надежта“, наведува митрополитот, предупредувајќи дека ваквите случаи не смеат да останат само краткотрајни вести, туку треба да бидат аларм за целото општество.Тој повикува на поголема грижа за ранливите, препознавање на знаците на страдање и активна улога на институциите, но и на секој поединец.„Не смееме да дозволиме човечкиот живот да стане бројка во извештај или случај во архива“, потенцира Петар, додавајќи дека општеството мора да реагира навреме и одговорно.Во пораката се упатува и повик до сите кои страдаат или се соочуваат со очај да не се затвораат во себе, туку да побараат помош, нагласувајќи дека Црквата останува отворен дом за сите.Посланието завршува со повик за духовно будење, љубов и заедништво, со традиционалниот поздрав: „Христос воскресе – навистина воскресе!“.

Македонија | пред 5 часа

5 час.
media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Пет возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возило

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода пет возачи поради безобѕирно управување возило.Според МВР, двајца возачи од Куманово и Дебар управувале возило без возачка дозвола, еден возач на автопатот „Пријателство“ возел со брзина поголема од дозволената, додека двајца возачи од Кичево и Чашка управувале возило со изречена активна забрана за управување.По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, додаваат од МВР.Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 5 часа

5 час.
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Две лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие

На 11 април 2026 година во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет. Лицето било приведено во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Истиот ден во 23:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 24-годишен жител на градот, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 28-годишна сестра и упатувал закани кон останатите членови на семејството. Тој бил задржан во полициска станица, јавен обвинител бил известен, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Во 23:06 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 17:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 5 часа

5 час.
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Приведен 35-годишник од кратовско по пукање кон возило

На 12 април 2026 година во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода Н.П. (35) од село Трновац, кратовско, поради сомнение дека во селото пукал со огнено оружје кон возило управувано од Ј.С. од Куманово.Како што соопшти полицијата, лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 часа

6 час.
media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Иран: Ормускиот теснец е „целосно под наша контрола“

Заменик-претседателот на иранскиот парламент, Хаџи Бабаеи, изјави дека стратешкиот Ормуски теснец е „целосно“ под контрола на Иран и дека минувањето низ него мора да се плаќа во иранската валута, ријал, пренесува новинската агенција Mehr.Бабаеи нагласи дека планот за теснецот добил едногласна поддршка од 250 пратеници и порача дека овој стратешки пловен пат „под никакви услови не е предмет на преговори“.Тој додаде дека, и покрај санкциите, иранскиот извоз на нафта надминал 1,6 милиони барели и дека, како што рече, нафтата од Иран денес е практично невозможно да се санкционира.Во меѓувреме, тензиите околу теснецот продолжуваат, при што САД соопштија дека нивните сили започнале операции за чистење мини, додека Иран ги негираше наводите за американско поминување низ оваа област.

Свет | пред 6 часа

6 час.
media-librarygfnr5687ljl14s0jp96

Уапсен гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

На 12 април 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Д. (43) од Гевгелија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Инцидентот се случил на 11 април 2026 година околу 21:20 часот на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, кај местото „Шарен мост“, кога патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д., излетало од патот.По несреќата, возачот побегнал од местото, но подоцна бил пронајден од полицијата. На местото на несреќата биле затекнати шест повредени мигранти од Египет, од кои едно лице со тешки телесни повреди е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите пет мигранти и возачот се здобиле со полесни повреди.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид извршила екипа на ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
viktor-orban

Орбан: Многу луѓе гласаат, тоа значи само едно

По високата излезност од 37,98 проценти на изборите, се огласи унгарскиот премиер Виктор Орбан со порака до гласачите преку својот профил на Фејсбук, нагласувајќи ја важноста од излегување на изборите за, како што наведе, безбедноста на земјата.„Многу луѓе гласаат. Тоа значи едно: ако сакаме да ја заштитиме безбедноста на Унгарија, ниту еден патриот не смее да остане дома“, порача Орбан во својата објава.

Свет | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања