Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
pazardzii-1

Продолжуваат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши вчера се сретнаа со граѓани кои работат на пазарите чиешто здружение е во процес на формирање и регистрација.На средбата премиерот Заев и министерот Бектеши ги слушнаа аргументите и барањата на граѓаните што работат на пазарите и ги потврдија заложбите на Владата на Република Македонија дека гласот на граѓаните се слуша при носењето на одлуки кои треба да бидат во интерес на граѓаните.Премиерот Заев рече дека Законот за зелени пазари се одложува за една година и беше постигната согласност дека ќе продолжат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија кои ќе бидат во интерес на пазарџиите и сите засегнати страни кои работат во оваа област, во насока на воспоставување на ред, намалување на нелојалната конкуренција и регулирање на дејноста.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-nina

Премиерот Заев на средба со Нина Костовска: Да продолжиме да креираме општество еднакво за сите, во кое различноста е можност, а не пречка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Нина Костовска, наша сограѓанка од Тетово, која својот живот го поминува со Даунов синдром.Во разговорот со премиерот Заев таа ја раскажа својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала, но исто така истакна дека во ниту еден момент не се откажала, ниту пак помислила на тоа.Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници, и дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители.Нејзиниот животен став, Нина Костовска, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата „See the ability not the disability” и низ разговорот со Претседателот на Владата на РМ Заев ги потенцираше како позитивни системските промени што се остварија или што се спроведуваат во рамките на политиките за креирање општество еднакво за сите, во кое се почитуваат различностите како можност, а не како пречка, за вклучување во општествените текови.Во разговорот со премиерот Заев таа ја прифати понудата да биде времено ангажирана како библиотекар во библиотеката на Владата на РМ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ograda-vlada-1

Започна отстранувањето на оградата од пред Влада

По најавата, владата експресно почна да ја отстранува ограда пред нејзините порти. Одлуката ја донесе Владата на последната седница, а целта на таквиот чекор, како што соопштија, е ослободување на просторот.За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски и додаде дека за отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата.„Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните“, изјви Бошњаковски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Dea-Djurdjevic

Во тешка сообраќајна несреќа српска водителка остана без рака

На српската водителка Деа Џуричевиќ и ја ампутирале раката среде улица по страшна несреќа кога утрово автобус се забил во нејзиниот автомобил. Несреќата се случила во 6 часот.Во несреќата има уште двајца тешко повредени. На местото на несреќата интервенирале три екипи на брза помош. Повредените се префрлени на Воено - медицинската академија..

Свет | пред 7 години

7 год.
amdi-branko

„После Бранко, следува Амди: Малку виски, малку кока-кола“ - еве што се пишува на „Твитер“

По вчерашното интервју на Амди Бајрам на ТВ24, на „Твитер“ се појавија низа реакции. Дел од нив позитивни, останатите негативни. Но голем дел од корисниците на социјалната мрежа велат „Да собереме потписи Амди да се кандидира за претседател, барем ќе се смееме“.Во прилог, останатите:

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шекеринска за вработувањето на деца од функционери: Македонија е мала, сите имаме многу братучеди

Пишува: ИРЛ.мкМакедонија е мала држава и луѓето имаат многу роднини и пријатели, вака сумирано звучеше „одбраната“ на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за се погласните обвинувања во јавноста дека владејачката СДСМ и нејзините партнери ги злоупотребуваат својата моќ и влијание  за да ги вработуваат своите блиски во атрактивни државни институции. Во интервју со новинарот Боби Христов кое беше посветено на евроатланските интеграции, Шеќеринска кусо одговораше и за актуелните скандали со индиции за непотизам  кои ги открија  медиумите.Боби Христов: Што значи она „ќе не биде“ кое што го гледаме на социјалните профили на многу партиски функционери. Порака до сите граѓани или порака до Бектеши дека може да си ја вработи сестрата во Мепсо, до Емилија Александрова да го вработи својот син во Фондот за иновации и дузина функционери и притоа да се прати порака дека животот не дошол за сите, но е многу погоден за оние кои се на функција?Радмила Шекеринска: Не сакам убавата вест да ја третираме како дел од овие дебати. Јас сум спремна и тие да дискутирам, не за 30 секунди, ќе се согласите. Меѓутоа кога ќе ми најдете држава со два милиони во кои што семејствата на сите некако ќе исчезнат и нема да се дискутира, јас ќе ви кажам браво!, одговори Шекеринска.Министерката за одбрана во интервјуто индиректно се пожали на несензибилизирана јавност за околностите во земјата кои влијаат да се креира перцепција дека постои непотизам, кога, всушност, станува збор за несреќната околност да  се биде мала земја во која сите се познаваат или се роднини. Се даде себеси како личен пример откако вчера на седницата на Комисијата во парламентот за избор на членови на Антикорупциската комисија се дозна дека една кандидатка е во роднинска врска со Шекеринска. На прашање на новинарката Тамара Чаусидис дали е во роднинска врска со Шекеринска, кандидатката одговори дека „можеби станува збор за далечни роднини“.„Вчера на пример дознав од прашање на една ваша колешка дека сум имала некоја си роднина, која патем речено не сум ја знаела, која конкурирала за Антикорупциска. Еве ќе ви кажам мој пример, мојата почината баба има 40 први братучеди, мојот починат дедо има 38 први братучеди. Своите втори и сите трети не ги познавам“,  рече Шекеринска за Телма.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-8

Во Скопје за 24 часа: Полицијата казни 122 возачи за погрешно паркирање

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.Според податоците на Министерството за внатрешни работи полицијата од сообраќај исклучила 41 возач, кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, еден возач почетник и девет нерегистрирани возила.Полицијата санкционирала и 122 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подгинати биле 90 возила.Санкционирани се и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците, шест за не правилно престројување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, осум за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и девет за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се урна зграда во Истанбул - двајца загинати

Осумкатница се урна во Истанбул во средата при што загинаа најмалку две лица, пренесува „Вашингтон пост“ цитирајќи ги турските власти.Спасувачките екипи извлекле шестмина други од урнатините и работат на ослободување на повеќемина кои се заробени под урнатините.„Зградата, во која живееле 43 лица во 14 стана, има приземје на ниво на улиците и седум ката,“ вели истанбулскиот гувернер Али Јерликаја, додавајќи дека последните три ката биле изградени нелегално.Се уште не се знае колку луѓе се заробени под урнатините, но поранешниот премиер Бинали Јилдирим изјави дека спасувачите оствариле контакт со уште четири лица, кои се уште се наоѓаат под урнатините. Јилдирим рече дека и соседните згради биле евакуирани во случај да се оштетени.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја делови на Кисела Вода, Центар, Карпош...

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе скопси населби.Во периодот струја ќе немаат од 8:30 до 15 часот корисниците од улиците Сердарот и Ратко Митровиќ и целиот реон кај ТИПО и Туланата (општина Кисела Вода). Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе останат и корисниците од броевите 57. 59 и 108 на ул. Востаничка (општина Центар), од 13 до 15 часот корисниците од сите стопански и нестопански објекти на територијата на општина Зелениково (општина Зелениково).Во периодот од 9 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од непарните броеви од бр. 65 до бр. 81 на ул. Јуриј Гагарин, парните броеви од бр. 4 до бр. 18 на истата улица и зграда бр. 149 на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов (општина Карпош), од 9 до 12 часот дел од корисниците од ул. Ацо Шопов т.е. околу бројот 9 (општина Бутел), од 12:30 до 14:30 часот делови од улиците Шарпланинска, Пекљане, Торонто и Антон Кецкаров (општина Шуто Оризари)во периодот од 9:15 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Рашче (општина Сарај).

Скопје | пред 7 години

7 год.
prestrelka-banka

Престрелка близу седиште на банка

Холандската полиција вечерва ликвидира вооружен напаѓач за време на престрелка во близина на седиштето на централната Банка на Холандија (ДНБ) во Амстердам.Како што јавија холандските медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци, во близина на седиштето на ДНБ дошло до престрелка меѓу полицијата и вооружен маж, кој притоа бил убиен.Полицијата го блокира реонот околу местото на инциднетот, каде пристигнале неколку амбулантни возила.

Свет | пред 7 години

7 год.
sekerinska

Северна Македонија ќе плаќа 1,2 милиони евра годишно за НАТО

Котизацијата за членството на Република Македонија во НАТО годишно ќе ја чинат земјата 1,2 милиони евра, изјави вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.-Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, негде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО. Тоа не е голема сума. Факт е дека најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во нашата одбрана и во нашата армија, а дека овој дел на трошоци не се трошоци од кои зависи буџетот на една земја, рече Шекеринска во гостувањето на емисијата Топ тема на ТВ Телма.Таа најави дека по потшишувањето на протоколот за членство во НАТО ќе следи зголемување на персоналот на Мисијата на Македонија во седиштето на Алијансата поради зголемениот обем на работа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sazdo-696x424

На автобуската кај Автокоманда денеска ќе се врши реконструкција на убиството на Саздо

На судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски денеска ќе се врши реконструкција на настанот на самото место кај автобуската постројка во Автокоманда во присуство на сведоците и вештите лица.Случајот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска и се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште исказ даваа обвинетите Бесим Бења и Скендер Демири.Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Македонија | пред 7 години

7 год.
amdi

Амди Бајрам се смета за поискусен политичар од Мицкоски

Зоран Заев има големо срце, а Христијан Мицкоски нема искуство во политиката. Ова е ставот на лидерот на СРМ Амди Бајрам кој ќе се трка за претседателската фотелја.За разлика од Груевски, Заев е покомуникативен, тврди Амди кој вели дека со премиерот досега се сретнал неколку пати и верува дека за Ромите во државата ќе создаде подобри услови за живот.Во интервју за ТВ 24 Амди кажа дека е сериозен во намерата да се кандидира за претседател а веќе и влезе во изборна кампања.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Избрани се добитниците на книжевните награди на ДПМ за 2018 година

Жири-комисиите составени од истакнати писатели, литературни критичари и есеисти ги донесоа одлуките за добитници натрадиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија за книжевната продукција во изминатата 2018 година. На Конкурсот распишан во текот на месец декември минатата година беа поднесени вкупно 61 книжевно дело во конкуренција за петте награди.Според одлуките на комисиите за романот Маџун Влада Урошевиќ ја добива наградата „Стале Попов“, за поетската збирка Патот Виолета Танчева-Златева ја добива наградата „Ацо Шопов“, за критичкоесеистичката книга Мозаик од гласови Лидија Капушевска-Дракулевска ја добива наградата „Димитар Митрев“, за краткиот роман за деца Не паркирај гаража Трајче Кацаров ја добива наградата „Ванчо Николески“ и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија ја добива Рифат Емин за поетската збирка Bi-nihauet (Без-конечно) на турски јазик.Комисиите работеа во состав: Лорета Георгиевска-Јаковлева (претседател), Кристина Николовска и Оливера Ќорвезироска (за проза); Владимир Мартиновски (претседател), Вања Изова-Велева и Благој Самоников (за поезија); Васил Тоциновски (претседател), Анастасија Ѓурчинова и Јагода Михајловска-Георгиева (за критика и есеистика); Киро Донев (претседател), Мито Спасевски и Фејзи Бојку (за литература за деца) и Гордана Стојковска (претседател), Октај Ахмед и Делвина Крлуку (закнига напишана на некој од јазиците на националностите во Македонија).Наградите ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари (среда) со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото, во знак на одбележување на 72-рата годишнина од основањето на писателската асоцијација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
man_original

МАН: Македонија - членка на НАТО, значи почитување на слободата на медиумите

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го поздравува потпишувањето на Пристапниот протокол за влез на Македонија во НАТО од 29 земји членки на Алијансата.„Членките на НАТО, особено Македонија како една од нив во иднина, имаат сериозна обврска за почитување на слободата на медиумите и професионалните стандарди на новинарите. Тоа беше потенцирано и на Самитот во Брисел, во јули минатата година, кога земјите – членки посочија дека освен имплементација на Договорот од Преспа, ги охрабруваат натамошните реформи во земјава, особено слободата на медумите.Затоа, ги повикуваме сите надлежни институции и политички чинители сериозно да си ја сфатат домашната задача“, велат од МАН.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, викендов повисоки температури

Денес времето ќе биде сончво со умерена облачност и со умерен до зсилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 9 степени.Во Скопје слично време со температура од 2 до 8 степени.Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Oд петок и особено за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Магла на Стража, Ѓавато и Плетвар

Од 05.40ч. укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Намалена видливост од 30 до 50м. поради магла има на планинските премини Стража, Ѓавато и Плетвар.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
amdi-12

Бајрам за кампањта ќе дели Амди - кола, тој вели „Јас сум многу јак, бренд си е бренд“

Кандидатот за претседател на Македонија, Амди Бајрам вечерва гостувајќи во телевизија 24 рече:-Јас сум многу јак, имам поддршка од Македонците, од Албанците. Јас да ги убедувам?Самиот народ ќе си се потпишува за мојата кандидатура. Бренд си е бренд, нема што тука, рече Бајрам и извади шише со неговиот лик.Бајрам истакна дека шипиња Кока-кола со неговиот лик, ќе дели и за време на кампањта, само што нема да се викаат кока - кола, туку Амди -кола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Имам дневни дебати сам со себе дали да се кандидирам за претседател?

Шефот на дипломатијата Никола Димитров размислува дали да се кандидира за претседател на државата. Имам дневни дебати сам со себе околу прашањето дали да се кандидирам за претседател, вели во интервју за „Гласот на Америка“ министерот за надворешни работи.– Имам дневни дебати сам со себе околу тоа прашање, но, во овој момент од една страна треба да мислиме каков профил ни треба, имајќи го предвид искуството од изминативе десет години, и од друга страна да видиме што ќе донесе овој важен процес, исткнал Димитров, одговрајќи на новинарско прашање дали ќе се кандидира за претседател.Според Димитров најважно во овој момент е да се работи на исполнување на реформите за да се фати европскиот воз, додека околу можното одржување предвремени парламентарни избори смета дека ќе биде голем влог и ќе ја намали шансата на Македонија за одење напред.

Македонија | пред 7 години

7 год.
starica-pusi

На Хаваи до 2024 год цигри ќе можат да купат само лица постари од 100 години

Пратениците на Хаваи предложија закон кој целосно треба да го укине пушењето цигари во оваа островската држава во текот на следните неколку години, барем за луѓето помлади од 100 години.Предложениот закон до 2024 година ќе ја зголеми минималната возраст за купување цигари на 100 години.„Знам дека ќе биде тешко, но треба да го направиме првиот, најтешкиот чекор. Ние сакаме да ги направиме луѓето поздрави во нашата земја ", истакнал конгресменот Синти Тилен.Забраната ќе биде постепено кревана според старосната ганица на годишно ниво - следната година ќе биде подигната на 30 год, 2021 на 40, 2022 на 50, 2023 на 60 и конечно 2026 - цигари ќе можат да купат само лица кои имаат над 100 години.Законот не важи за е-цигари и тутун за џвакање.

Свет | пред 7 години

7 год.
marihuana2

При претрес во домот на скопјанец пронајдена марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против лицето  Д.П.(30), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.На 4ти овој месец врз основа на судска наредба извршен е претрес на домот кај пријавениот во Скопје при што пронајдена и одземена марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Раководител на ловиште го оштетил буџетот на ЈП „Македонски шуми“ за повеќе од 113 милиони денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против В.Ч.(53) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „несовесно работење во службата“, предвидено и казниво по член 353-в став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.Пријавениот во периодот од 2015 до 2018 година, како раководител на ловиште во Подрачното шумско стопанство „Осогово“ - Кочани во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето во Кочани.Со непреземање на должните дејствија, односно непреземање на потребните мерки за заштита и одгледување на дивечот во ловиштето, постапил спротивно на Законот за ловство, поради што дошло до намалување на 333 грла на заштитен  дивеч, утврдено од страна на пописна комисија од ПШС „Осогово“, со што го оштетил ЈП „Македонски шуми“- Скопје за износ од 113.221.500 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski_1904_g111_3-640x437

Груевски: Тешко е, но нашата борба за македонската кауза треба да продолжи

Никола Груевски на својот Facebook профил објави нова порака. Тој вели дека нема откажување. Само промена на парадигмата. И нова доктрина за доаѓање до целта!„Премногу крв е пролеано, премногу жртви се дадени во минатото, за така лесно македонскиот народ и граѓаните на Македонија се предадат и откажат од она кое на сила ни е одземено во овој период, да ги прифатат неправдите како реалност или направената штета како непоправлива. Тешко е, но нашата борба за македонскат кауза треба да продолжи. Немаме друг избор, ниту резервна држава ниту пак право да заборавиме дека до оваа слобода и држава со многу крв и жртви е дојдено. Нам ни е оставен полесниот дел. Да го задржиме тоа и да ја продолжиме борбата за затворање на 140 годишната борба за македонското прашање.Без никому ништо да му наштетеме или одземеме.Имаме новонастаната ситуација. Потребна е нова парадигма и доктрина. Целите остануваат.И како што стои во трејлерот за една македонска серија која за жал марионетската власт не дозволи да биде рализирана: Македонија е љубовна приказна...А во љубовта, среќата и болката одат заедно.Да живее Македонија!!!“, напиша Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Се сруши зграда во Истанбул, загина едно лице

Најмалку едно лице загина, а четири се повредени кога се сруши зграда во Истанбул, јавуваат локалните медиуми.Во зградата живееле 12 семејства, а се уште не се знае точниот број на лица кои биле во зградата за време на несреќата.https://twitter.com/InfoEmerg/status/1093140252770951168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093140252770951168&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3030736-uzas-u-istanbulu-srusila-se-sestospratnica-ima-poginulih-fotoНа социјалните мрежи се појавија голем број фотографии од местото на несреќата.Според неофицијални податоци зградата се срушила поради експлозија.https://twitter.com/ahmetaksu_91/status/1093139153292804096?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1093139153292804096&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3030736-uzas-u-istanbulu-srusila-se-sestospratnica-ima-poginulih-foto

Свет | пред 7 години

7 год.
minister-slow-food

MЗШВ потпиша Меморандум за соработка со Националната организација „Слоуфуд Македонија“

Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство потпиша Меморандум за соработка со Националната организација „Слоуфуд Македонија“. Целта на соработката е зачувување на агробиодиверзитетот, унапредување на производствата на храна од мал обем и зачувување на автентични и органски производи, сето тоа во функција на руралниот развој и развојот на гастрономијата и туризмот.Преку меморандумот ќе се заштитат локалните семиња, овоштарство и лозарство, сточарство, традиционалните производи и примената на ознаки за квалитет. Исто така ќе се работи на зајакнување на свеста за органското производство, маркетинг и промоција на македонската традицонална храна, имплементација на европските регулативи и се друго поврзано со традиционалното производство. Соработката ќе се реализира преку изработка на заеднички проекти, измени и дополнување на закони, правилници и програми, организирање на јавни дебати, студиски посети и друго.„Македонија е богата со разновидни традицонални земјоделски производи и храна, препознатливи по својот вкус не само на домашниот туку и на странскиот пазар. Поддршката на локалното производство, во голема мера може да влијае врз одржлив и економски развој на руралните подрачја, што крајно ќе влијае и врз подобрување на условите живот. Затоа, како држава, неопходно е да воспоставиме систем на заштита на традицоналното производство и поддршка на локалните производители. Ваков систем на поддршка веќе имаат воспоставено голем број земји членки на Европската унија“, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.Во новата Програма за рурален развој МЗШВ издвои 60 милиони денари преку кои ќе ја поттикне промоцијата на македонските земјоделски производи дома и во странство, односно ќе поддржи и учество на 25 домашни и странски саемски манифестации. Дополнително преку мерката Поддршка за маркетинг и промоција на земјоделски производи, нудиме поддршка за воведување на заштитени ознаки за традиционални производи, отворање на органски продавници, амбалажа на преработени земјоделски производи, изработка на маркетинг платформа и друго.Преку овој Меморандум земјоделците ќе имаат директна помош да ги афирмираат своите производи, но и да ги унапредат на домашниот и странски пазар. Целта на МЗШВ е да поттикне зголемено производство и економски развој, а истовремено промовираат и заштитат квалитетните традиционални земјоделски производи.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања