Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
mvr1

9 годишно девојче удрено од автомобил - возачот избегал

Деветгодишно девојче од село Крушопек, скопско, било удрено од автомобил вчера попладне на патот село Лека – село Крушопек, по што со друго возило е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.Возаќот на автомобилот веднаш го напуштил местото.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
penzioneri-1

Општина Аеродром ја зајакнува соработката со пензионерите

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателот на Здружението на пензионери „Солидарност ­‒ Аеродром“, Димитрија Богатиноски, денеска потпишаа меморандум за соработка, во присуство на претседателката на Советот, Ивана Цветковска.„Меморандумот за соработка е во насока на подобрување на условите за живот на пензионерите во Аеродром“, изјави градоначалникот Марин. Тој додаде дека Општината ќе продолжи да ја поддржува оваа категорија граѓани, кои го граделе нашето општество.Претседателот на Здружението, Димитрија Богатиноски, изрази благодарност што Општина Аеродром има слух за нивните проблеми и изрази убеденост дека во иднина идентификувањето и решавањето на прашањата ќе се одвива со заеднички пристап.Исто така, со овој меморандум се планира да се подобрат условите за тековно функционирање на Здружението, кое брои 14.000 члена, како и да се обезбеди континуирано информирање на членовите за прашања и настани од културно-забавниот и социјалниот живот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Несреќа во Битола, млад работник лимар паднал од кров

Триесет и тригодишен битолчанец кој изведувал лимарски работи на кров од куќа на битолската улица „Новосадска“, паднал од кровот при што се здобил со тешки повреди.Несреќата во СВР Битола била пријавена вчера околу 09:30 часот. Според СВР Битола К.Џ(33) од Битола, вработен во лимарска работилница, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
portparoli

(ВИДЕО) Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата

Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа, по редовната 118-та седница на Владата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
odbojka-1

Средба на премиерот со претставници на Одбојкарската федерација на Република Македонија - Честитки за пласманот на ЕП

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Одбојкарската федерација на Македонија, предводени од претседателот на Федерацијата, Петар Јовановски.На средбата, од претседателот и претставниците на Одбојкарската федерација е изразена благодарност за поддршката од премиерот Заев, од Владата и од Агенцијата за млади и спорт. Посочено е дека за една година, за Одбојкарската федерација се наменети значителна сума финансиски средства, како никогаш до сега.Исто така, претставниците на Одбојкарската федерација на Македонија го посочија како значаен исчекор напред, интересот на премиерот Заев и на Владата да ги слушне предизвиците со коишто се соочуваат спортистите и активно да соработува во изнаоѓањето решенија.Премиерот Заев упати честитки до претседателот на Одбојкарската федерација, Јовановски, до претставниците на Федерацијата, како и до играчите одбојкари, за историскиот успех постигнат годинава со пласманот на Европското одбојкарско првенство.- Покажавте одличен успех при пласирањето, за тоа изразувам почит кон Федерацијата во име на Владата и во мое име. Имате добри шанси за Европското одбојкарско првенство што ќе се одржи во септември оваа година. Сметајте на поддршката од Владата. Со повеќе мерки, како Влада имаме за цел да го поддржиме спортот, бидејќи нема подобар репрезент на државата од спортот и ништо не зближува повеќе од спортот, рече премиерот Заев.На средбата се разговараше за начините за поддршка и мотивација на одбојкарите, како што се доделување спортска сала на Одбојкарската федерација, за потребите на развојот на одбојката во Република Македонија, обезбедување соодветни просторни услови за тренинзи, финансиски средства согласно законските прописи, како и за можностите за поголема промоција, како на одбојката, така и на другите спортови во Република Македонијa.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soncogledi

62.000 евра од „You are a Sunflower“ за Одделот на хематоонкологија на Клиниката за детски болести

Заврши кампањата „Македонија – ти се сончоглед" . На завршната кампања министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека фондот од 62.000 евра, собрани благодарание на хуманоста на луѓето кои се облекоа во маичките на кампањата „Македонија – ти се сончоглед", се искорисистија за набавка на неоходна болничка опрема и апаратура за Одделот на хематоонкологија на Клиниката за детски болести.Фондацијата која имаше идеја, имаше волја и доволно хуманост и пожртвуваност во себе да иницира хуманитарна кампања која не познава и не признава граници и има тенденција да се прошири и пошироко во регионот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.Тој додаде дека кампањата започна во Тирана, продолжи во Приштина и денеска заврши во Скопје.На свеченоста, присуствуваа и пратениците од законодавниот дом кои се вклучија во оваа кампања за помош на децата, како и директорката на Клиниката Катерина Ставриќ и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Скопје | пред 7 години

7 год.
stacionar-1

Згрижени првите кучиња во охридскиот стационар

Охрид доби стационар за згрижување на кучиња бездомници.”Охридски Комуналец” во месноста “Маутцкер” на влезот во Охрид адаптира поранешен објект на АРМ за оваа намена.“Стационарот е изграден,а набавени се две возила за транспорт на животните.Вработен е и еден шинтер во нашето претпријатие.Во објектот има услови за третман на 30 кучиња бездомници.Проблемот во Охрид с усложнува бидејќи имаме дојава од правни и физички лица дека со возила од други градови се носат кучиња скитиници и се оставаат на охридските улици”,ни изјави директорот на “Охридски Комуналец” Љупчо Грданоски.Во текот на идната неделеа “Охридски Комуналец” ќе распише и тендер за набавка на храна за овие бездомници.За кучињата во моментов се згрижени шест кучиња, а за нив се грижат волонтери од Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Социјалните мрежи вријат од коментари по објавата на Грувски

Откако екс премиерот Никола Груевски паралелно со ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО, напиша статус на социјалната мрежа фејсбук, низа коментари.Инаку Груевски во статусот напиша: Нова парадигма. За името.(Го честитам денешното потпишување на протоколот за НАТО. Размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името)Тој наговести нова парадигма за името, односно план за враќање на уставното име кој како што вели бил осмислен уште во 2005 година за да се спречи непочитувањето на волјата на граѓаните. Референдумот е брана од yцeнети, пoтkyпени, марионети политичари кој би ја фалcификyвале волјата на граѓаните вели тој.Клучната работа во овој период е веќе направена. Марионетската влада не доби подршка од граѓаните на референдум. Тоа треба да биде темелот, основата на која ќе се гради новата парадигма за името.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Izlozba_Maja_Andonova_Jokik

„Обоена љубов“ – изложба на Маја Андонова-Јокиќ во НЛБ галерија

Во НЛБ Галерија вечер од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Маја Андонова-Јокиќ, насловена  „Обоена љубов“.Авторката ќе се претстави со педесет свои дела во техниката акрил на платно, изработени од 2016 до 2019 година.-Андонова Јокиќ не е минималист, напротив. Во ова мачно тивко време на придушени гласови, таа катарзично и несебично, но и доста храбро, како гејзер експлодира со бои, нешто налик уметнички оргазам не шокира со убавата и заборавена реалност, соопшти организаторот на изложбата.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ojo-1

Свикан стручниот колегиум на јавните обвинители, ќе дискутираат како понтаму со предметите од незаконското следење на комуникациите

Јавниот обвинител на Република Македонија денеска свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија. Седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.На седницата која ќе се одржи утре, 7 февруари, ќе се разгледува Барањето мислење од колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 Скопје за начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30 јануари годинава. Воедно, тема на Стручниот колегиум ќе биде натамошното постапување по предмети поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.​

пред 7 години

7 год.
srpski-studenti-1

Стоп за куси здолништа и мускули со тетоважи - српските факултети воведуваат нови правила

Факултетите во Србија имаат нов кодекс на облекување за сите оние кои го посетуваат и работат во него. Тие воведоа забрани „чудни за студентите“, но, за восхит кај останатите.Причината за овој потег, како што објавуваат српските медиуми се поплаките на професорите дека студентките, според нивно мислење, на предавањата често доаѓаат непримерно облечени и разголени. Но, не само девојките, во последно време и машките студенти, често доаѓале полуголи за да ги покажат своите тетоважи на телото или облечени во маици без ракави и куси панталони кои повеќе откриваат отколку што сокриваат. Затоа, според српскиот „Телеграф“, речиси сите српски факултети пропишале свои кодекси на облекување што им забрануваат на студентите да носат непримерна облека.Еден српски факултет дури ги потсетува студентите да им кажат на професорите: „Добар ден, Благодараме, Се извинувам и Повелете”, и строго истакнува како треба да се облекуваат студентите за на факултет.На Правниот факултет во Нови Сад донесени се толку строги правила што непримерно облечените студенти ќе бидат отстранети од предавањата и ќе бидат пратени дома ако не го почитуваат кодексот.

Свет | пред 7 години

7 год.
zaev-nato

Премиетот Заев на ФБ: Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани

„Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста алијанса“, напиша на ФБ премиерот Зоран Заев.Тој додаде:Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи.Нашите генерации и децата на нашите генерации ќе живеат подобро, во земја и во регион кои зрачат со надеж. Нека ни е честито, да бидеме горди.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10157234675112932/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Потпишување на протоколот за членство на нашата земја во НАТО

Потпишување на протоколот за членство на нашата земја во НАТО и изјави на Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Samoposluga

Што јадеме? Откриени тешки метали кај 34 мостри од прехранбени производи

Кај 34 мостри од прехранбени производи од увоз и од домашно производство биле откриени тешки метали над дозволените граници, покажува најновиот извештај за здравјето на населението во 2017 година подготвен од Институтот за јавно здравје, објави Мета.мк.Анализа на контаминација на прехранбените производи со тешки метали во десетте центри за јавно здравје е извршена на 4.550 мостри, од кои 3.527 се мостри од увоз и 1.023 се мостри од домашно производство и промет.„Недозволено високи концентрации на тешки метали се измерени кај 19 мостри, седум од увозни производи (0,2 отсто) и тоа од групата жито, брашно, а од домашно производство и промет биле детектирани тешки метали кај 12 (1,17 отсто) мостри“, пишува во извештајот.Во Институтот за јавно здравје во однос на контаминацијата со тешки метали анализирани се вкупно 1.757 мостри, 1.065 од увоз и 692 од домашно производство и промет.„Од вкупниот број испитани примероци кај 15 мостри (0,85 отсто) е најдена зголемена концентрација на тешки метали. Мостри со зголемена содржина на тешки метали се 13 мостри диететски производ заради зголемена содржина на олово и една мостра пченица заради зголемена содржина на олово“, се вели во извештајот.Инаку, тешките метали имаат релативно висока густина и се токсични при ниски концентрации.Текстот во целост на мета.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Го сменавме имено , но ќе биде тешко Македонија да стане членка на ЕУ

Во обраќање пред Атланскиот совет на САД во Вашингтон, министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека и покрај менувањето на името, ќе биде тешко за Македонија да стане членка на Европската Унија.-Пропуштивме неколку возови за Европа. И додека бевме во чекалната, регионот и ЕУ се сменија, а се смени и начинот на кој се примаат нови членки. Веќе нема волја за проширување. Поминаа деновите на обединување на Европа-истакна Димитров.Министерот им укажал на соговорниците во Вашингтон дека Европската Унија сега оправдано има нови, многу построги критериуми за членство и веќе не прифаќа блеферски држави кои се преправаат дека спроведуваат реформи.По обраќањето на Димитров било овозможено само кусо време за поставување прашања поради заминувањето на Димитров за Брисел каде треба да се потпише протоколот за прием во НАТО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Груевски на ФБ го честита потпишување на протоколот за НАТО, но вели Размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името

Груевски од Будимпешта ги следува настаните во Македонија. Предмалку преку социјалната мрежа фејсбук се огласи по повор потпишување на протоколот за НАТО.Статусот на Груевски го пренесуваме во целост:Нова парадигма. За името.(Го честитам денешното потпишување на протоколот за НАТО. Размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името)1. Новонастаната ситуацијаДосегашната парадигма за постигнување разумен компромис со Грција пропадна. Назначувањето на марионетска влада во Република Македонија го сруши концептот кој бараше правичност, фер договор и разумен компромис. Македонија во спорот за името остапи речиси се. Грција доби речиси се. По оваа новонастаната ситуација, потребна е нова парадигма за името и идентитетот. Таа парадигма ќе биде основата на која по заминувањето на марионетската влада, новата влада и МНР ќе треба да направи нова доктрина.Текстот е само скромен обид да поттикне размислувања, дебата и можеби да се даде скромен допринос кон новата парадигма за името и идентитетот по операцијата спроведена од марионетската влада. Текстот не е наменет за оние кои читаат само кратки текстови. Има за цел да поттикне размислувања и дебата. Ставовите се мои лични и на никаков начин не треба да се доведуваат во корелација со ставовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.2. ,,Бинго,, кое јужниот сосед не можеше да го пропуштиКако што очекував, парламентот на нашиот јужен сосед го усвои договорот од Преспа. Настрана дневнополитичките расправии, таму освен власта и опозицијата длабоко интимно знае дека ваква шанса не смеат да пропуштат. Штом измените на Уставот поминаа во нашиот парламент беше јасно дека кај нив договорот ќе помине експресно.Така, заедно со претходно усвоениот договор по ист принцип, со целосно остапување на се што бараат од страна на источниот сосед, сега имаме ново настаната ситуација. Загубено име, идентитет, историја, култура, интервенции во образованието... Имаме држава, со национални и државни атрибути со кои не се идентификуваме и кои се вештачки наметнати, прифатени спротивно на вољата на народот од страна на марионетска влада. Додатно и ситуација каде лидерот на најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед кој наскоро се очекува да стане Премиер, отворено највува нови блокади на патот кон ЕУ со нови условувања по идентитетските прашања.3. Загубена една битка во борбата за македонското прашање-историска паралелаМногумина се очајни деновиве. И како што е редот по поразот секогаш следува кавга, се бараат виновници, нови поделби, обвинувања, нови закрвувања не само на ниво марионетска влада-сили на отпорот, туку и внатре помеѓу силите на отпорот против оваа операција.Со обзир дека двата договора, како оној со Бугарија, така и овој со Грција имаат длабока историска основа, за почеток треба на кратко работите да ги погледнеме низ една историска -диоптрија.Многу македонци се очајни. Со горко чуство и чуство дека се што досега се правеше е попусто, и дека сите после овој договор сме губитничка генерација. Дали е така?Ако се гледа само низ призмата на дневна основа, така е. Ако се гледа низ историска перспектива, ова е само една загубена битка од долгата борба за затворање на македонското прашање во полза на македонците. Да, значајна битка која многу боли. Со големи последици и која не става во многу потешка состојба во понатамошната борба за затворање на македонското национално прашање во полза на македонците.Така на пример, краткорочно гледано, некој можел во 30-тите години на минатиот век да каже и дека борците и идеолозите на историското ВМРО биле губитничка генерација затоа што во тоа време не успеале да создадат автономна или независна Македонија, кон што се стремеле.Сепак историски гледано тоа не е така. Нивната 41 годишна борба е основата, темелот на која започнува народносолободителната борба (НОБ). Нивната четиридецениска борба, херојство и жртва која на моменти наликува како да е производ на филмско сценарио а не на нешто што реално се случувало, создава една таква тензија, една толку силна тензија, која неможе да заврши никако поинаку освен со државност. Борците во НОБ бараа континуитет со именување на партизанксите единици во Македонија со имињата на револуционери и војводи на ВМРО, кој најчесто ги нарекуваат ,,илинденските борци,,. Таа 41 годишна битка е една од причините и основа на која меѓудругото Тито подоцна одлучува да ни даде статус на држава во новата југословенска федерација, за да не се соочи и неговиот режим со отпор како претходно кралството СХС/Југославија помеѓу двете светски војни, како и претходно. Тоа не е единствената причина за неговата одлука, но е многу значајна причина.Целта на историското ВМРО беше создавање држава Македонија, која во различни прилики различно ја нарекуваат: автономија, независност, обединета Македонија како дел, федерална единка од југословенска или јужнословенска федерација и повеќе други идеи за форми за доаѓање до целта. Во некои советски историско архивски извори поврзани со нивно следење на состојбите во Македонија, се тврди дека во тоа време на балканот кога се говорело за автономија, се сметало на независност.Нашата цел денес, покрај нејзиното задржување и развој, е битката за нашето име, македонскиот идентитет, историјата, културата, интервенциите во образованието... Се разбира паралелно на тоа и економски посилна држава, членка на НАТО и ЕУ, функционална демократија и владеење на правото.Ние, оваа генерација, поставивме добри основи за тоа. За името и за идентитетот. Како и за другите споменати работи. Тоа што го направивме а поврзано со името, идентитетот, историјата итн, тргнува пред се од сериозното подигнување на свеста кај секој поединец во Македонија. Таа свест ќе бидат потребни децении многу работа некој да ја промени. Стотици други чекори ,,ја бетонираа,, таа свест, која постоеше, но во последните децении растеше и се зацврстуваше. Преку подржани многу напишани и издадени книги и научни истражувања во областите поврзани со нашиот идентитет, јазик, историја, државност, име и слично.Преку снимени играни и документарни филмови за македонската историја и идентитет. Преку поставени голем број споменици и спомен обележја, изградени и именувани објекти, организирани настани за паметење, голем број одбележувања, одлуки на влади, парламенти, институции, референдуми. Преку продолжување и зајакнување на разни, домашни и меѓународни настани и комуникации, кутурни и етнички обичаи и традици, афирмирање преку кампањи за македонски туризам и можности за инвестиции на медиуми кои се гледаат во целиот свет, спортски успеси, настапи на индивидуалци во ООН, ЕУ,НАТО, во други држави, насекаде... и.т.н.Сето ова и многу повеќе кое не го споменав ќе биде основа за следната политичка и дипломатска битка. По влегувањето во НАТО и ЕУ да се корегираат нештата, а дотогаш да се подготвуваме за тој момент. И да се затвори македонското прашање, без бесмислени и вештачки наметнати забрани на идентитетските придабвки ,,македонски,, или ,,македонско,, или ,,македонска,,. Без тие да бидат институционално забранети и недозволени, без забраната истото да важи само за државјанство, и без сите понижувања и неправди вметнати во договорот од Преспа. Без ,,кумови и сватови,, однадвор.Без уцени, притвори на пратеници, обвиненија и прогони.И да ја завршам историската паралела. ВМРО, која во тие години значеше борба за Македонија, во 1934 година беше растурена и уништена од бугарската влада под надворешен притисок, заради нејзината борба за ослободување на Македонија во нејзините три геогравски дела. И во тие 41 година најголемиот проблем на ВМРО беше што неуспеа да обезбеди доволно силна меѓународна подршка за проектот за независност или барем автономија на Македонија, ако воопшто и можеше да се обезбеди имајки во обзир дека тогаш ВМРО претендираше на територии на поделената Македонија по букурешкиот договор во 1913. Територии кои тогаш беа на Грција и Србија, земји кои уште пред активирањето на ВМРО беа сојузници на големите сили во тоа време како Англија, Франција па и Русија, заради што ВМРО немаше избор. Таа беше во ситуација да се најде на страната на оние кои ја загубија првата светска војна бидејки пред да завземе страна, ВМРО само од Германија и Австро-унгарија доби ветување за независност доколку застане на нивна страна во војната. Таквото ветување неможеше да го даде другата страна каде беа Франција и Англија, бидејки нивни сојузници веќе подолго време беа Грција и Србија.Можете да замислите низ тие 41 година колку човечки животи се положија за идејата за независност, која во еден историски миг заврши со уништување на ВМРО во 1934. Сличен таков обид имаше од бугарската земјоделска влада на Стамболиски во раните 20ти години на минатиот век, кога се водеше вистинска војна меѓу ВМРО предводена од Тодор Александров од една страна и бугарската влада од друга страна, во време кога Александров и Србија и Грција го бараат со потерница и јавно ветена висока парична награда за неговата глава.Дури за борба против четите на ВМРО во Бугарија во тој период беше формирана специјална т.н. Портокалова гарда составена од обучени војници за борба против комитите. Слични такви единици, покрај регуларните воено полициски сили имаше и во вардарска и во егејска Макеоднија. Тој обид пропадна со воениот удар во Бугарија на 9ти јуни 1923 година на кој подоцна се приклучи и ВМРО испраќајки ја четата на скопскиот војвода Величко Вељанов Чичето кој свирепо го ликвидира бугарскиот премиер, а претходно во 1921 година и министерот за внтрешни работи.Но, во 1934 бугарската влада успеа во она во кое неуспеа 10тина години претходно. Потоа по 1934 се апсеа, судеа и интернираа војводи и дејци на ВМРО од страна на властите во Бугарија. Последниот претседател на историската ВМРО Ванчо Михајлов чие 10 годишно водење организацијата има многу контраверзности беше осуден на смртна казна во Бугарија, пресуда која никогаш не му е укината.Со оваа историска паралела, без намера да ја минимизирам штетата од дејствувњето и одлуките на оваа марионетска влада, потсетувам дека оваа изгубена битка со промената на уставот, е само дел од 140 годишната борба на македонскиот народ, од мноштво порази и победи, падови и подеми, крвави битки за собода, херојства и предаства, но и меѓусебни внатрешни несогласувања и конфронтации, кои некогаш беа за создавање своја држава, денес и во иднина се разбира со политички и дипломатски средства за своето име, идентитет, и наметнати договори за промена на историјата, културата, образовните програми...За послина економија, демократија и владеење на правото, за членство во НАТО и ЕУ. Се додека има македонци, и цврста национална свест, таа борба ќе продолжи до конечното затворање на македонското прашање, но правично затворање, во корист на македонците и основното човеково право за самоопределување.4. Идејата за референдум за името, и резултатотот од референдумот, клучна основа за натамошната борбаКлучната работа во овој период е веќе направена. Марионетската влада не доби подршка од граѓаните на референдум. Тоа треба да биде темелот, основата на која ќе се гради новата парадигма за името.Кога во 2005 година ја осмислив и на мајската годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во преполната универзална сала ја промовирав идејата за референдум за името, ја замислував да биде токму тоа и што е денес: брана од уценти, поткупени, марионетски или со еден збор од било каков вид неодговорни политичари и таква влада.Или брана која ќе спречи, или брана која ако неможе да спречи неправедно решение, тогаш барем ќе биде основа за да се ,,лечи,, она што ќе биде ,,оштетено,, во еден ,,напад,, каков што доживеавме сега. Во овој случај, потег кој во најмала рака нема да им даде легитимитет за неодговрорниот чекор, од каде пак ќе почне да се гради новата парадигма за враќање на насила одземеното, а сето тоа да има легитимитет. Ќе беше уште потриумфално, можеби и со подобри ефекти на краток рок, доколку наместо стратегија ,,бојкот,, се одеше и се победеше со стратегија ,,против,, за што сум уверен дека со навремено отпочната силна и интензивна кампања, уште од крајот на пролета 2018та, и со 10тина набљудувачи на секое гласачко место, ќе донесеше грандиозна победа на ,,против,, наспроти ,,за,,.Мотивите за овој став, секако беа различни од мотивите на сите оние кои ја охрабруваа опозицијата да не бојкотира туку да гласа ,,против,,. Повеќето од тие препораки беа мотивирани со цел да победи ,,за,, и да успее референдумот. Мојот мотив и убеденост беше да победи ,,против,, на прашњето за договорот од Преспа во таква форма и со таква содржина, но одкако видов дека се дозволи идејата за бојкот многу брзо и непречено да завземе такви големи размери, веќе беше ризично со повик за гласање ,,против,, да се дели македонското национално ,,ткиво,, а во корист на намерите на марионетската власт и начинот на кој таа ја вршеше целата операција.Но тоа е зад нас, и сега не вреди да се губи врмето за тоа, кога и онака стратегијата која се одбра го дава минимумот на очекуваниот ефект како основа на ,,новата парадигма за името,,.Следеа многу критики после лансираната идеја за референдум за името во мај 2005тата. Најпрвин од политичките противници, неретко и од истомислениците пред се заради страв да не се фалсификува тој референум. Тогаш говорев, дека референдумот е потребен во случај некоја влада во иднина да постигне некаков договор за кој таа смета дека е добар. Или некој така ќе и каже да смета. Таквата одлука, тој договор, за толку значајно прашање да не ја донесат грст политичари во владата или парламентот туку да се овозможи народот да одлучи по ова толку важно прашање за него и за државата. Ако мнозинството народ не се согласи, па дури и владата да го донесе на сила, тогаш нема да има одржливо решение. Нема легитимна одлука.Со тек на време, колку и опонентите да го критикуваа и негираа предлогот за евентуална промена на името да одлучува народот на референдум, живеејки и работејки во демократско општество и издигната свест на граѓаните, во време кога во ЕУ кон која се стремиме за вака важни прашања како и за помалку важни, секогаш има референдум на кој граѓаните, народот од тие земји се изјаснуваат и политичарите го следат тоа, политичките опоненти од СДСМ неможеа да се справат со силата на аргументите и го прифатија предлогот, ,,се навлекоа,, на таа идеја, а за оние од нив кои имале нечесни намери, би рекол на таа ,,стапица,,.Често на народните собири знаев да образложам дека секогаш е многу полесно да се уценат или поткупат 20 или 200 политичари, министри, пратеници, лидери на партии..., одколку целиот народ или половина од него...и дека затоа за ова толку важно прашање мора да дозволиме идејата за решение на проблемот од политичарите да биде потврдена или непотврдена/отфрлена од граѓаните на земјата. Некријам дека се чуствувам горд за тој стратешки потег со лансирањето на идејата за референдум за името, во тоа време. А еве и зошто.Денес и во иднина, најсилниот аргумент е токму тоа, дека идејата и предлогот на политичарите од власта не ја доби потврдата од народот. Тоа е најсилниот аргумент за понатаму. Најсилниот аргумент за продолжување на 140 годишната битка за македонското национално прашање. Најсилниот аргумент ова прашање да се успее да се држи отворено, за еден ден да се затвори, но во полза на Македонија.Се што насила е направено, спротивно на вољата на мнозинството народ еден ден ќе се врати. Главна појдовна основа, темел, доказ и аргумент е немањето подршка на одлуката на марионетската власт на референдумот за името дури и со такво прашање кое беше непријатно поставено за граѓаните чии најголем дел сакаат да ја видат земјата во НАТО и ЕУ.Тоа е појдовната сила, главниот повод и крунскиот доказ за во иднина како нација и држава, да имаме легитимитет за борбата за корекција на неправдата од ова време. Неправда чие спроведување успеа само затоа што беше ставено во геостратешки пакет на евроатлантските интеграции на земјата, чија потреба е неспорна, но цената за мнозинството македонци неприфатива.Тој легитимитет од референдумот македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија сега го имаат во ,,џеб,,. Токму упорното 13 годишно туркање на идејата за референдум ќе ни помогне кога е најтешко. Во случајот, необезбедувањето доволна подршка на референдум, колку и тие да го нарекуваат консултативен, ваков или онаков, покажа дека народот не ја даде потребаната подршка, што значи нема мнозинство кое верува дека предлогот на владата и мнозинството во парламентот е добар.Тоа што изостанаа масовни протести од незадоволните граѓани, кои веројатно ќе дадеа само многу пореална ,,визуелизација,, на незадоволството јасно е зошто се случи. Заради репресивните методи кои власта превентивно ги превзема со стотици ако не веќе и илјадници кривични пријави, апсења, затворања, судски процеси, политички прогони, закани, отпуштања или уназадувања од работа, запирања автобуси тргнати на протести, итн. Но, и без таа слика, и без таа ,,визуелизација,, легитимитетот на понатамошната борба е веќе ,,заверен,, на 30 септември 2018.Власта со репресивни и недемократски методи обезбеди гласови на 2/3 пратеници. Таа го има тоа а народот ,,заверката во џеб,, преку понатамошна борба и во следната историска шанса да ја исправи нанесената неправда.5. Следни чекори. Консолидација и подготовка за продолжување на борбата. Членство во НАТО и ЕУ.Во една таква новонастаната сотојба, со веќе изгласани измени на уставот, со сите незаконски и противуставни постапки, тргнувајки од противуставното назначување претседател на Собрание, преку репресивното втерување страв кај народот и елиминирање на дел од авторитетите во десниот блок преку фабрикувани судски процеси, прогони и апсења, по гласањето во парламентот, народот треба да се подготвува за продолжување на 140 годишната политичка борба за затворање на македонското национално прашање онака како што заслужуваме, а во следната историска шанса.Претходно, пред чинот на враќање на насила одземеното, треба да се искористи она што е позитивно за Македонија од овој дивјачки донесен договор и сменет устав, име и идентитет.Тоа во прв ред е членството во НАТО и во ЕУ, каде што е нашето место во оваа ера.Не е тајна дека низ целото мое работење во политиката, од почетокот до денес, сум отворен поборник на членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Разликата со СДСМ е што несакав тоа да се случи на ваков начин, со ваков понижувачки и штетен договор, со целосно предавање на тешко и крваво стекнатото, па потоа со години да се бориме да ја поправаме штетата со сите ризици во таа намера. Но, надвор од тоа, сметав и сеуште сметам, дека местото на Република Македонија недвослмислено е во НАТО и ЕУ. Тоа што платена пропагнда се трудеше да направи друга слика заради други цели, е друга работа.Кога веќе насила и противуставно ни го направија ова со името, со идентитетот и историјата, кога веќе тоа станува насила и против вољата на народот станува реалност, треба да се искористи таа ситуацијата и ден порано земјата да стане членка на НАТО и да ги започне и што побрзо да ги заврши преговорите за полноправно членство во ЕУ.Тоа е период од 18 месеци за НАТО, а за ЕУ можеби од 6 до 8 години од сега, зависно од повеќе фактори. Доколку нема предвремени парламентарни избори, до 2020 членството во НАТО ќе биде реализирано, а се надевам и барем 20-30 осто од потребните реформи и поминати преговори за членството во ЕУ. По промената на марионетската влада, процесот со зачленувањето во ЕУ треба да се доврши без создавање ризици.Желбите на многумина да го променат овој договор пред влезот во НАТО и ЕУ, ми е сосема разбирлива, но колку и да се искрени, од искуство знам тие желби се тешко остварливи, имајки ја во обзир позицијата на Грција по овој потпишан договор во Преспа и истовремено имајки ги во обзир механизмите за блокада на членството во ЕУ, за кои деновиве опозицискиот лидер кај нашиот јужен сосед толку жолчно раскажува. Следните 6-8 години треба да сме многу внимателни, да не останеме и без име и без ЕУ. Кога веќе сме доведени во ваква тешка ситуација од оваа марионетска власт, кога веќе го изгубивме името и националноста, треба прво ЕУ па по добро подготвен терен и обезбедени сојузници корекција на настаната штета, што воопшто нема да биде лесна операција.НАТО не го спомнувам бидејки членството треба да се случи веќе следната година.https://www.facebook.com/10642907715/posts/10157143496922716/ 

Македонија | пред 7 години

7 год.
makedonija-NATO

Македонија и НАТО ќе потпишат договор за користење на софтвер за воздушно набљудување?

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата за потребата од потпишување на Договор за користење на софтвер за воздушно набљудување (MASE) меѓу Република Македонија и Агенцијата на НАТО за комуникации и информации, како дел од усогласувањето на воено-безбедносните стандарди на Република Македонија со оние на алијансата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

ОЈО: Има пропусти во постапувањето на надлежните институции во врска со бегството на Груевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста за досега преземените дејствија во предметот за бегството на осуденото лице Никола Груевски.Надлежниот јавен обвинител веднаш по настанот отвори предмет по допрен глас со цел да се утврди дали постои евентуална кривична одговорност  за помагање на сторител по извршено кривично дело од страна на службени и други лица .Обвинителството, заради обезбедување докази и утврдување на фактите во предметот, издаде наредби за одземање на снимките од видео надзорот од камерите на Safe city системот во Скопје, од повеќе хотели и други објекти, од патниот правец кон Шпиље и Дебар, од аеродромот во Скопје, како и од сите гранични премини кон Република Албанија. Притоа, од три хотели во Скопје Обвинителството доби одговор дека не се во можност да го екстрахираат снимениот видео материјал, по што надлежниот јавен обвинител издаде наредба за одземање на приемниците за снимање и нивно вештачење.Целокупниот прибран видео материјал со големина од околу 10 терабајти е доставен за анализа до Министерството за внатрешни работи. По таа наредба се уште се постапува.Од Интерпол, преку Министерството за внатрешни работи, доставена е информација со која се укажува дека не постојат податоци за излез на сега осудениот Никола Груевски на ниту еден граничен премин од Република Македонија во критичниот период. Едновремено, од увидот извршен во Интегрираниот систем за гранична контрола, утврдено е дека не постои евидентиран излез од територијата на Република Македонија на осудениот.Преку меѓународна правна помош, Обвинителството на 19.11.2018 година достави барање до надлежните институции во Република Албанија и Република Црна Гора за обезбедување на снимките од видео надзорот на граничните премини, како и од камерите со кои се покрива околината на Амбасадата на Република Унгарија во Тирана. По барањето, црногорските власти постапија веднаш и на 21.12.2018 година екипи од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција лично го презедоа снимениот видео материјал во Подгорица. Надлежните органи од Албанија, по две ургенции, на 09.01.2019 година го известија Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека побараниот видео материјал е обемен и дека не поседуваат опрема за негов  пренос. Екипи од Обвинителството со хард дискови се упатија во Албанија за да го преземат бараниот материјал, но притоа беа усно известени дека материјалот не е сочуван, односно дека времетраењето на чувањето на снимениот материјал се разликува на различните гранични премини и изнесува околу еден месец од последниот баран датум.Во предметот издадени се 16 наредби за листинзи од вкупно 60 телефонски броеви од лица кои биле поврзани или за кои постоело сомнение дека комуницирале со осудениот во критичниот период. Листинзите се обезбедени и од нив првично се утврдени некои факти кои се предмет на натамошно постапување и анализа.Надлежниот обвинител, преземајќи дејствија во предметот, сослуша вкупно 56 лица, од кои 28 полициски службеници од граничните премини, шестмина членови на обезбедувањето на осуденото лице Никола Груевски, пет службени лица од Министерството за внатрешни работи и 17 други лица.Во насока на утврдување на евентуални пропусти во постапувањето на службените лица чија обврска била обезбедувањето на осудениот Груевски, Обвинителството во неколку наврати побара од надлежните служби да му бидат доставени информации и податоци за начинот и преземените мерки во обезбедувањето. Исто така, до повеќе надлежни институции, обвинителот достави барања за податоци во насока дали имале сознанија дека сега осудениот Груевски се подготвува за бегство. Од сите институции пристигнат е одговор дека немале сознанија ниту информации за такви планови на осуденото лице.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во досегашниот тек на постапката утврди дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки, сега осуденото лице Никола Груевски подигнало околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voz

Железничката инфраструктура ќе се обновува

На седница на Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлогот на Националната програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година, и донесе одлука согласно член 26 став 2 од Законот за железничкиот систем да се достави до Собранието на Република Македонија на донесување.Во Националната програма за железничката инфраструктура за период од 2019 до 2021 година опфатени се проекти кои се однесуваат на изградбата на Коридорот 8, делот накај Република Бугарија, односно во овој период се планира да завршат градежните активности на делницата од Куманово до Бељаковце, да започне градбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, како и активностите за реализација на работите на делницата од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија. Во овој период, се планира да се изработи и пред-физибилити студија за железничката делница од Скопје до Кичево, а во однос на Коридорот 10 се планира да се комплетира ремонтот и на последната делница од Ногавци до Неготино и да се подготви документација на инсталирање на Европскиот систем за контрола на возовите ниво 1 (ETCS –level 1) и подобрување на сигнализацијата на целата мрежа во Република Македонија и инсталирање на глобален систем за мобилна комуникација во железница (GSM-R), како и да се изврши набавка и инсталација на сигнализација за патни премини по должина на Коридор 10, Коридор 10 д и Коридор 8.

Македонија | пред 7 години

7 год.
obvinitelstvo1

ОЈО поведе постапка против двајца малолетни и пет полнолетни осомничени за насилство во Драчево

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Судијата за деца при Основен суд Скопје 1 Скопје поднесе Барање за поведување на подготвителна постапка спрема две деца во судир со закон постари од 16 години.За децата на возраст од 17 години постои основано сомнение дека извршиле дејствие што со закон е определено како кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.За истиот настан ќе се води редовна кривична постапка и против пет полнолетни лица за кои исто така постои основано сомнение дека сториле кривично дело насилство.Имено, на 04.02.2019 година во Драчево едно од децата во судир со законот заедно со петтемина полнолетни осомничени извршиле грубо насилство врз другото дете, удирајќи го најпрвин во пределот на главата. Кога детето паднало на плочникот тие продолжиле да го удираат со клоци по телото. Во еден момент детето успеало да стане, извадило нож на преклопување и почнало да трча по еден од полнолетните осомничени. Кога го стигнало, го прободело со ножот со два убода во градниот кош и слабината, нанесувајќи му тешка телесна повреда.Ценејќи дека се исполнети законските основи од Законот за правата на детето и Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител на судијата за деца му предложи да определи мерка куќен притвор за детето во судир со законот кое во инцидентот употребило нож. Од страна на судијата ваквиот предлог беше одбиен, а на детето со Решение му беа определени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште и обврска еднаш неделно да се јавува кај службено лице од Одделот за малолетници при Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
obnovliva-energija

Владата даде поддршка за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија

На Владина седница донесена е Уредбата за мерките за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), за да се обезбеди поттикнување на инвестиции за оптимално искористување на расположливиот потенцијал на ОИЕ во Република Македонија и постигнување на националните задолжителни цели за учество на ОИЕ во вкупната потрошувачка.Исто така, на денешната седница е донесена и Програмата за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2019.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zemjodelci

Владата ја донесе програмата за финансиска поддршка во земјоделството

На предлог на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Владата ја донесе Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година која има за цел да обезбеди стабилно производство на квалитетна и поевтина храна и обезбедување на населението со доволни количини храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството и обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство, како и одржлив развој на руралните подрачја, и оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина.Оваа програма ја вклучува и мерката „Зелена нафта“ со која се опфатени 55.000 производители, а предвидува од буџетот на оваа програма да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dogovor-1

Ќе се отвора Северно Македонска амбасада во Атина и конзулат во Солун

На 118-та седница на Владата, е донесена одлука за отворање амбасада на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште во Атина (Athens), како и одлука и за отворање Генерален Конзулат на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште со Солун (Thessaloniki), кои ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
osmni

Османи: Се наоѓаме во финишот, немаме право на грешка

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи денес беше домаќин на делегациите на Република Ирска и Република Финска кои се во работна посета на земјава.Во рамките на посетата, Османи оствари средба со двете делегации предводени од Државната Министерка за европски прашања на Република Ирска, Хелен Мекенти, како и Државниот Секретар при Министерството за надворешни работи на Финска, Самули Виртанен.„Ирска и Финска се веќе запишани во позитивен контекст во нашата евроинтегративна историја, имајќи предвид дека во 2004 година, токму под ирското претседателство, Македонија ја поднесе кандидатурата за членство во Европската Унија, а во 2005 година, земјава се стекна со кандидатски статус под мандатот на тогашниот Комесар за проширување Оли Рен, кој доаѓа од Финска“ истакна Османи на средбата, заблагодарувајќи се притоа на севкупната поддршка на двете земји, особено на придонесот на Финска во задржувањето на фокусот на проширувањето на Унијата, како земја - следен претседавач со Европскиот совет и дел од ЕУ претседателската тројка.„А тоа, освен што говори во позитивен контекст за двете земји, зборува и за должината на нашиот маратон, кој навистина трае предолго, и токму затоа, сега кога сме при самиот финиш, оваа шанса немаме право да ја пропуштиме “ - истакна Османи, посочувајќи на напредокот во имплементацијата на реформите од Планот 18, како и од подготвеноста на земјава да испорача резлутат за уште една чиста препорака со позитивен извештај од страна на Европската Комисија, која Османи очекува да резултира и со конфирмација на одлуката за преговори од страна на Европскиот совет во јуни.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijlkov

Истече триесет дневниот куќен притвор за обвинетите во „Империја“

Денеска истекуваат триесет дневниот куќен притвор за бизнисменот Орце Камчев, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и сопственикот на Пелистерка, Цветан Панделески, обвинети во случајот Империја, од СЈО.Во текот на денот ќе се види и дали Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд Скопје ќе го почитуваат начелното мислење на Врховниот суд, кој им ги забрани сите истраги на СЈО покренати по 30 јуни 2017 година.СЈО најавува дека како и досега ќе бара да им се продолжи мерката куќен притвор на осомничените во „Империја“. Спротивно на ова од Врховниот суд, се изјаснаа дека СЈО не смее да покренува нови истраги и обвиненија, бидејќи им е истечен рокот од 18 месеци.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања