Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
pruga-veles

Во железничката несреќа на пругата Скопје – Велес, повредени машиновозачот и совозачот

Двајца повредени е билансот од синоќешната железничка несреќа на пругата Скопје – Велес, во близина на станицата „Рајко Жинзифов“ пред Велес.Товарен воз кој сообраќал на оваа релација налетал на одронета карпа и удрил во неа. Од ударот, локомотивата излетала од шините и удрила во метален столб.Несреќата се случи вчера околу 17.00 часот. Во истата со повреди се здобиле машиновозачот С.М.(23) од Скопје и совозачот Р.Б., и биле пренесени во болницата во Велес.Увид извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kosovska-mitrovica1

Албанците забрзано работат на планот “Спојување на две Митровици“: Петицијата ја туркаат во Парламентот

Претседателот на движењето за Самооптеделување Албин Курти, одржа состанок со градоначалникот на Митровица, Агим Бахтир и заменикот градоначалник на оваа општина, Фарук Мујк, каде во фокус е петицијата со потписи на граѓаните кои ја поддржуваат иницијативата за соединување на јужниот дел од градот кој е населен од Албанци и северниот кој е населен од Срби.Веста ја потврди и Мујк кој нагласи дека неопходно е петицијата да биде што побрзо усвоена во парламентот. „ Треба да биде јасно дека барањето за соединување на градот не подразбира некој вид на компромис со територијалниот интегритет на Косово или било какво кршење на границите на Косово, бидејки тоа е во спротивност на Уставот на Република Косово“, изјаави Мујк.Бахтири минатиот месец се сретна неколку пати со поранешниот претседател Тачи и лиерот ПДК Кадри Веселиј.На средбата се дискотирало околу оваа петиција.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213499638472859&set=a.10204924131010532&type=3&theater

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шест годишно дете каснато од куче скитник

Скопјанец вчера во 19.45 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил случај на каснување од куче.А.К.(33) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот на улица „Народни херои“ неговиот шестгодишен син бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sveti-antonij

Денес е Св.Антониј Велики

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија.Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес.Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики.Исто така денес име празнуваат и Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Сообраќајна несреќа во Скопје, пешак со тешки телесни повреди пренесен во Ургентен центар

Вчера во 21.30 часот на улица „Лазо Трповски“ во Скопје, патничко возило „Хундаи санта фе“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот С.С.(30) од Скопје.С.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
bremenost-960x640

Владата ги изгласа измените на Предлог-законот - се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста

Министерството за здравство предложи, а Владата денеска го разгледа и усвои Предлог - законот за прекинување на бременоста. Со новиот Предлог-закон жените веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста и никој друг нема да решава за прекинот на бременоста. Правото на жената за прекинување на бременоста е само нејзин избор. Со измените на Предлог-законот, се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери кои го одолговлекуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Новиот Закон предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена.Ако бремената жена е малолетна или и е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.Пред зафатот за прекин на бременоста лекарот е должен да ја информира жената за постапката за прекинување на бременост, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената, за да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност. Овој закон и дава право на жената соодветно да одлучи за прекинување на бременоста до 22 гестациска недела, а не како до сега до 12 недела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-30.01

Ново Владино задолжување

На седница Владата го разгледа Предлог - законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, за олеснување на движењето на стоките и услугите низ Западен Балкан со поддршка за дизајнирање, развивање и спроведување на Национално едношалтерско решение, модернизација на царината и другите институции кои учествуваат во управувањето со границите, за да се подобри нивната меѓуинституционална координација и да се намали времето потребно за чекање на стоките.Со средствата од овој заем ќе се обезбеди и поддршка за развој на Интелигентен транспортен систем-ИТС на дел од Коридорот 10, како и поддршка преку Единицата за имплементација на проектот, која ќе функционира во рамки на Министерството за транспорт и врски.На предлог на Министерството за земјоделство, Владата денеска ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, со цел да бидат остварени политиките за рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини; обезбедување на стабилно производство на квалитетна храна; зголемување на конкурентната способност на земјоделството; обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство и други мерки за земјоделската дејност и за одржлив развој на руралните подрачја.

Македонија | пред 7 години

7 год.
granicen-premin

Владата на 117 седница: Да се променат таблите на граничните премини, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите

Владата на Република Македонија на својата редовна 117-та седница, на која, согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, членовите на Владата припадници на албанската заедница, како заедница од повеќе од 20 отсто граѓани на нашата земја, зборуваа на својот мајчин јазик.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев истакна дека примената на Законот за употреба на јазиците на седниците на Владата, извршната власт, освен што го овозможува законското право, истовремено дава пример дека употребата на јазиците на заедниците, таму каде што тоа го регулира законот е и цивилизациско право и потврда дека нашата земја не само декларативно, туку и практично ги овозможува правата на сите заедници.Меѓу првите точки на денешната седница, Владата ја разгледа Информација за извршување на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, односно Договорот од Преспа.Со одлуките поврзани со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот Договор се предвидува сет од мерки и активности што треба да ги преземе Владата на РМ, како и сите други органи на државната управа и сите државни институции, а кои произлегуваат од усвоените амандмани на Уставот на Република Македонија и кои ќе стапат на сила 7 дена по влегувањето во сила, односно веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите.Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите.За истата таа постапка, соодветни препораки ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, додека пак, секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции добиваат насоки за употреба на уставното име согласно усвоените амандмани.Една од одлуките за оваа точка е и обврската да државните органи да формираат работни групи за утврдување на натамошните мерки и активности за извршување на одредбите на Договорот од Преспа, а Генералниот секретаријат на Владата на РМ доби задолжение да формира Меѓуресорска група која ќе треба да изработи сеопфатен Национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од договорот со Грција.Како дополнување на оваа точка, на седницата беше предложено и прифатено овие обврски за извршување на одредбите од Преспа да се усогласат и со Законот за употреба на јазиците.На денешната седница министрите ја разгледаа и ја усвоија Законодавната агенда на Владата на Република Македонија, за период од јануари до јуни оваа година, утврдена согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2019 година и донесе одлука законските приоритети да бидат доставени до Собранието на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Струмица поради загадувње денес и утре на сила се препораките и мерките кои ги донесе Владата за вакви ситуации

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Струмица.Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.Од таа причина за градот Струмица денес и утре на сила се препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
veles-gradsko

Прекин на сообраќајот Велес - Градско

Прекин на сообраќајот Велес - Градско, се превртело комбе.За причината на несреќата , наскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

7 год.
bugarija-nesreka

Сообраќајна несреќа во Бугарија, повреден македонски камионџија

Дваесет и шестгодишниот Мите Бидев од Валандово е повреден во сообраќајка што се случила ноќеска во 1:30 по полноќ, на автопатот Е79 во близина на бугарскиот град Кресна, јави БГНЕС. Во сообраќајката е повреден и 46-годишен ерменски државјанин.Несреќата се случила при директен судар меѓу џип „ауди“, со ерменска регистрација и камион „мерцедес“, со македонски регистарски таблички. Тие со возило на брза помош биле пренесени во болницата во Сандански.Бидев има повреди на колкот, а ерменскиот државјанин на главата и колкот.

Свет | пред 7 години

7 год.
mickoski

(ВИДЕО) Мицкоски ги ислуша пензионерите, тие му ги претставија сите нивни забелешки за законот

Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ имавме состанок со Синдикатот на пензионерите и разговаравме за актуелната положба на пензионерите во Република Македонија. И детално го анализиравме новото законско решение кое што помина во рамките на Парламентот.Пензионерите ни ги претставија сите нивни забелешки, сите нивни сугестии како истиот тој закон да биде подобрен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со Синдикатот на пензионерите.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека за ВМРО-ДПМНЕ во минатото исто така и во иднина, основна цел ќе биде подобрување на квалитетот на животот на пензионерите бидејќи тие тоа го заслужуваат, бидејќи имаат и те како многу дадено за оваа држава.„И те како имаат многу дадено за Република Македонија. Така што навистина они ги заслужуваат пензионерските денови да им бидат достоинствени, а да не бидат омаловажени и понижени како што впрочем се во ова држава се труди владата на СДСМ и Зоран Заев да го омаловажи и понижи. Се разбира на врвен приоритет се нивните лични приоритети и сугестии.“-ВМРО-ДПМНЕ денеска во разговорот со Синдикатот за пензионерите им го пренесе нашиот став и им кажа во текот на утрешниот дел на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе предлог закон за укинување на новото законско решение каде што практично пензионерите се оштетени за отприлика 500-тини денари по месец имајќи во предвид движењето на просечната нето плата во изминатото полугодие. И ќе бара веднаш враќање на старото законско решение. Така што на уште еден начин ќе укажеме дека ние навистина се грижиме за пензионерите, а од друга страна ќе ја покажеме штетната политика на СДСМ, потенцираше Мицкоски.Тој подвлекува дека тоа практично се сите оние нефункционални и проблематични т.н. реформи што ги прави Владата на СДСМ и Зоран Заев.Според Мицкоски за волја на вистината структурна реформа е само оваа минималната плата, но, според него ги гледаме сите негативни ефекти на таа минимална плата каде преку што 300.000 пензионери секој месец во годината што следува ќе бидат со намалена пензија од 500-тини денари, односно нема да го добијат заслуженото покачување отприлика 500-тини денари.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека партијата работи и во својата програма има сет мерки кои што ќе ги предложи пред граѓаните но и пред пензионерите и дека денеска било разговарано за делот од тие мерки.-Дел од сугестиите кои што денеска Синдикатот на пензионерите ни ги презентираше практично на оваа средба ќе бидат инкорпорирани се разбира во рамките на новата партиска програма. Така што еве работиме, учиме и навистина она кое што сакаме да го покажеме пред граѓаните е нов пристап, нов принцип на работење на политичките партии со честитост, принципиелност, искреност и достојност на тоа што ќе биде ветено тоа и да биде реализирано понатаму, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Vrhoven-sud

Врховниот суд на Република Македонија ќе ги разгледува иницијаивите за истрагите н СЈО

Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи општа седница, на која ќе бидат разгледани и иницијативите поднесени од адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за донесување на определено начелно правно мислење за правилна примена на закон, објави МИА.-Поради зголемениот интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења, се вели во соопштението на Врховниот суд.Оттаму посочуваат дека во Судот се примени и други иницијативи, кои дополнително ќе бидат разгледани на општата седница.Адвокатите поднеле иницијативи во врска со прашањето дали Специјалното јавно обвинителство може да отвора истраги и да поведува обвиненија со оглед на тоа што во членот 22 од Законот за СЈО е определено дека јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. /МИА

пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собранието не ја прифати интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров

Со 59 гласа против, 20 гласа за, без воздржани Собранието на Република Македонија не ја прифати интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од страна на група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.Претходно имаше расправа по оваа точка каде што очекувано опозицијата го напаѓаше, а власта ја бранеше работата на министерот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sneg-zima-u-americi-amerika-11-620x350

(ФОТО) Во Америка поладно и од Антартикот, температурите ќе се спуштат до -53 степени

Делови од САД до крајот на неделата ќе бидат зафатени од студен бран кој ќе ги спушти темпеатурите и до -53 степени.Најладно се очекува да биде во среда, а Чикаго ќе биде поладен и од Антартикот, велат од Би-Би-Си.Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи.Илјадници училишта се затворени, главно на северозападот на САД.Во врска со ова се огласи и претседателот Доналд Трамп на Твитер.„На Средниот запад температурите достигнуваат и до -60 степени. Луѓето не можат да издржат надвор ни неколку минути. Што се случува со Глобалното Затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш“, напиша Трамп.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1090074254010404864?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1090074254010404864&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3028341-u-americi-hladnije-nego-na-antarktiku-do-kraja-nedelje-bice-53-stepena-tramp-u-ocaju-priziva-globalno-zagrevanje

Свет | пред 7 години

7 год.
1548790235668-0102-620x350

Тинејџер побегнал од дома бидејќи родителите му го одзеле телефонот, по неколку дена пронајден мртов

Кори Браум од Маршалтаун, Ајова во вторникот на 22 јануари избегал од дома бидејќи родителите му го одзеле мобилниот телефон. Неговото тело е пронајдено во неделата на 27 јануари на еден километр оддалеченост од неговата куќа.Полицијата изјави дека момчето на денот на исчезнувањето имал расправија со родителите, а потоа побегнал од домот. Потрагата по него била отежната поради лошите временски услови и ниските температури.https://twitter.com/KCRG/status/1088810401591160839?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1088810401591160839&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3028317-decak-13-je-pobegao-od-kuce-jer-su-mu-roditelji-oduzeli-mobilni-telefon-nekoliko-dana-kasnije-nadjen-je-mrtav-blizu-svog-doma-fotoВо Маршалтаун минатата недела падна 15 сантриметри снег.Полицијата изјави дека моментално нема докази дали криминална активност е поврзана со неговата смрт, и се чекаат резултатите од аутопсијата.https://twitter.com/DerangedRadio/status/1089639468032700416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089639468032700416&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3028317-decak-13-je-pobegao-od-kuce-jer-su-mu-roditelji-oduzeli-mobilni-telefon-nekoliko-dana-kasnije-nadjen-je-mrtav-blizu-svog-doma-foto

Свет | пред 7 години

7 год.
zagaden-vozduh

Во Струмица повторно воведени мерки против аерозагадувањето

„Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Струмица.Од таа причина за градот Струмица денес и утре на сила се препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja-1

Поради технички зафати без струја ќе останат дел од Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров

Корисниците на ул. „Мариовска", дел од ул. „Милан Мијалковиќ" во населба Пржино, на ул. „Ристо Равановски" во општина Карпош и на ул. 72 во село Волково, денес ќе останат без електрична енергија, информираат од РЦУК.Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Мариовска" од 08.30 до 13.30 часот и дел од ул. „Милан Мијалковиќ".Од 09.00 до 12.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на ул. Ристо Равановски, општина Карпош и корисниците на ул. 72 во село Волково, општина Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од РЦУК.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд, а на планините снег

Денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта пообилни врнежи ќе има во јужните и источните делови од земјава. На планините над 1200 м.н.в. ќе има врнежи од снег. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, додека дневната од 4 до 10 степени.Во Скопје времето ќе биде облачно со температура од 0 до 5 степени.Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи. Во петок и за време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Укината забраната за камиони на патот Маврово - Дебар

Од 07:15 часот укината е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар.Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонија Пат. Снег провејува на Ѓавато и БуковоНа патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubistvo-hrvatska

(ВИДЕО) Двојно убиство и самоубиство во Дубровник, си ја убил сопругата и дедото ја ранил бабата, а потоа се самоубил

Во стан во Дубровник пронајдени три безживотни тела и ранета жена. Неофицијално мртви се двајца мажи и една жена, а ранета е 74-годишна жена.Жената имала прострелна рана и е надвор е од животна опасност.Хрватските медиуми објавуваат дека причина за убиствата и самоубиството се семејни несогласувања.Според неофицијални информации, наводно станува збор за семејството на дубровнички поморец кој, од засега неутврдени причини, ја убуил сопругата, нејзиниот татко, а потоа ја ранил и мајка и, за на крајот да изврши самоубиство.Медиумите додаваат дека извршителот на убиството бил лице претходно осудувано.Телата ги пронашла полицијата, по дојава околу 06:50 часот дека во стан има три безживотни тела.

Свет | пред 7 години

7 год.
bezdomnik-123

Бездомник во Аеродром - му понудиле помош, но треба многу повеќе

Преку социјалните мрежи секојдневно се објавуваат стории и статуси за граѓани на кои им треба помош. Предмалку дечко од Скопје објави фотографија, но и апел да му се могне на лице кое случајно го затекнал во наслебата Аеродром.Еве го неговиот статус и апел во целост:Во Аеродром пред зграда 35, бездомник во многу лоша состојба седи во вода на паркингот. Неколку коли за малку ќе го згазеа бидејќи во темницата тешко се приметува. Го тргнав на страна, го седнав на една клупа и му дадов нешто пари. Човекот е во многу лоша состојба и му треба помош од институциите. Тешко комуницира, а од она што ми кажа разбрав дека е од Ѓорче. Не ми кажа како стигнал до Аеродром, но небитно, разбрав дека нема дом и дека живее на улица. Му понудив помош, но ја одби правдајќи се дека е добро.Апел до институциите, односно до Министерството за труд и социјала поревносно да ги лоцира ваквите луѓе и да ги згрижува. Барем во зимските месеци да им се обезбедува покрив над глава и по еден топол оброк ако веќе не може повеќе.Апел и до невладините кои се занимаваат со оваа проблематика да помагаат што повеќе, а не само да лапаат грантови за воркшопови, стои во статусот на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215061929075491&set=a.2314659739797&type=3&theaterОстанува да замолиме институциите да го испитаат и овој случај и да помогнат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pruga-veles

Товарен воз удрил во одрони од карпа кај Велес, железничкиот сообраќај во прекин

Товарен воз попладнево удрил во одрони од карпа, па излетал од шините во близината на Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес – Скопје, информираа од СВР Велес.Во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на тој дел, затоа што се острануваат одроните и се расчистува местото на несреќата, а СВР Велес и ЈП Македонски железници вршат увид.Сите патници кои вечерва од Скопје планирале да патуваат по таа пруга, односно до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија, ќе бидат превезени со автобуси кои ќе се обезбедени како замена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Министерство за здравство: Лажна вест е дека починала жена од слепо црево на Клинички центар

Министерството за здравство ја известува јавноста дека информацијата пласирана од порталот „Скопјеинфо“ под наслов „Скопјанка починала од слепо црево - немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно не коректно и тенденциозно пренесено, соопштуваат од Министерството за здравство.„Во текстот не е одговорено на ниту едно од петте новинарски прашања, што е базична писменост, неопходно за да се напише барем информативен текст. Не е наведено ниту место, Клинички Центар го сочинуваат повеќе од 30 Клиники, не е наведено ниту времето кога е се случил настанот. Коментарите, дека станува збор за последна жртва на здравствениот хаос се неосновани и тенденциозни“, велат од министерството.Од Министерството за здравство истакнуваат дека пред објавување на веста не се контактирани надлежните институции, ниту се побарани изјави за овие информации.

Скопје | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski

Спасовски: Повредените полицајци биле приватно во Шутка по дојава на Фејсбук за наводно киднапирање на деца

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција рече дека двајцата полициски службеници кои синоќа беа повредени во Шуто Оризари не биле на службена должност, а во населбата пристигнале по дојава на Фејсбук за наводно киднапирање.Спасовски вели дека во МВР нема пријава за киднапирање и очекува наскоро полицијата да излезе со конкретни информации во врска со нападот.„Повредени се двајца полициски службеници кои во тој момент не биле на работа, туку приватно биле во општина Шуто Оризари по претходно дадена дојава дека се случуваат наводни киднапирања на деца во општината преку Фејсбук. Апсолутно досега нема таква пријава дека се случил таков настан. Очекувам многу скоро да излеземе конкретни информации и реакција во однос на луѓето кои учествувале во овој настан“, изјави министерот Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања