Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
sasa

Рударот повреден во една од јамите на рудникот „Саса“, со лесни повреди тврдаат од компанијата

Рударот кој беше повреден изутрината во една од јамите на рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица се здобил со лесна телесна повреда, и нема никакви скрешници или крвавења, соопштија од „Саса“.Оттаму велат дека, постапувајќи согласно процедурите за безбедност и здравје при работа, работникот веднаш по повредата бил прегледан од дежурното медицинско лице во амбулантата на рудникот, по што со амбулантно возило на „Саса“ бил пренесен во Клиничката болница во Штип на понатамошни испитувања.Спроведените лекарски прегледи потврдиле дека се работи за лесна телесна повреда, без никакви скршеници или крварења. Лекарите констатирале дека ваквата повреда не се очекува да остави последици врз здравјето и работоспособноста на пациентот и дека тој за неколку дена се очекува да се врати на своето работно место, соопштуваат од „Саса“.За настанот, стои во соопштението, се известени сите надлежни органи, како и раководството на рудникот „Саса“, кое согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во компанијата, ги преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на сите околности кои довеле до овој настан.Од СВР Штип претходно информираа дека во несреќата што се случила во 6:30 часот изутрината во рударска јама, рударот бил притиснат на градниот кош од рударска машина.Веднаш на самото место е пристигната Итната медицинска помош од Македонска Каменица, по што рударот е хоспитализиран прво во Кочанската болница, а потоа во Штипската клиничка болница.За настанот известен е јавен обвинител од Делчево и државен трудов инспектор кои треба да извршат увид на местото на настанот во рудникот „Саса“ во Македонска Каменица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
urgentencentar

Скопјанка починала од слепо црево, по неколку часовно чекање во ходник за да се ослободи кревет

50-годишна скопјанка, деновиве починала од слепо црево. Таа со болки во абдоменот била примена во Клинички центар каде и била консатирана дијагноза слепо црево. По неколку часовно чекање во ходник за да се ослободи кревет каде ќе биде сместена, скопјанката починала, пренесува порталот Скопје Инфо.Oчевидци на настанот за „Скопје Инфо“ сведочат дека скопјанката била примена во свесна и добра здравствена состојба. Но, лошиот однос и негрижата на здравствениот персонал било причина да настанат компликации кои биле причина за смртта.Од Министерството за здравство не го коментираат последниот случај.

Скопје | пред 7 години

7 год.
fond-penzisko-piom

ПИОМ причина за кавга: Османи во одбарана на дирекорите од ПИОМ, а Шеќеринска ја бранеше Царовска

Откако министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, обвини за злоупотреби во ПИОМ, каде со години директори се функционери на ДУИ, денес вицепремиерот Бујар Османи излезе со остра порака до неа. Тој ја обвини дека дава несреќни изјави, а се закани и со тужба.-Околу вчерашната фама и спектакуларни наслови, за злоупотреба на пензискиот фонд од 19 милиони евра, јас морам тука да кажам дека вчера имаше несреќна изјава на министерката Царовска, која отвори можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што се случувало во ПИОМ, за некаква можност за злоупотреба. Кога вчера го верификувавме и со министерството и со фондот дека апсолутно не се работи за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите или на Фондот, туку дел поради административни пречки, дел поради недоволен буџет заради тогашната одлука на Влада да се намалат придонесите, дека тие не биле префрлени во вториот столб. Меѓутоа, не станува збор за апсолутно никаква злоупотреба на ниту еден денар од тие средства. Побарав и од министерката и од фондот денес да излезат и да објаснат пред граѓаните, да разјаснат дека тоа е “фејк-њуз“. Најавувам дека сите политичари и медиуми кои го инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, доколку не се извинат, ќе покренеме правна постапка со цел да ја докажеме вистината, истакна Османи.Османи најави тужби против медиумите што, како што рече, ширеле лажни вести.Во одбрана на Царовска, пак, застана вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.„Од она што го чув вчера на прес-конференцијата и во изјавите, јасно станува дека е направена злоупотреба, што не значи дека парите се завршени во приватни џебови на функционери, но обвинителството мора да ја истражи злоупотребата“, рече Шеќеринска.За потетување министерството за труд и социјална политика соопшти дека до Основното јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Македонија | пред 7 години

7 год.
poligon

Започна изградбата на полигон за тренинг на електромонтери и електротехничари

Во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“ денеска почна да се гради полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари. Преку овој проект учениците ќе можат да конкурираат за паралелката во која ќе се здобијат со стручност и компетенции преку кои ќе им се отвори можност да се вработат во ЕВН откако ќе го завршат школувањето.– Денеска почнуваат градежните работи за поставување опрема на полигон во дворот на ова училиште, за потребите на учениците кои го изучуваат профилот електричар – електромонтер на електроенергетски мрежи. Полигонот ќе помогне во подигнувањето на квалитетот на практичната настава. Со изградбата на полигонот ќе се овозможи делот од практичната настава којашто досега се изведуваше во компаниите, да се изведува и на полигонот во кругот на училиштето, на начин што ќе симулира работа во реални услови. На тој начин ја зголемуваме конкурентноста на овие млади луѓе при излегувањето на пазарот на трудот во Скопје и во Македонија – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој се заблагодари на ЕВН – Македонија која го почна овој проект и го надградува секоја година. Град Скопје ќе продолжи да поддржува вакви проекти со кои младите жители на Скопје ќе можат успешно да работат на својот личен и професионален развој, а притоа да нема потреба заради тоа да го напуштаат својот дом.На почетокот на градежните работи на полигонот за тренинг на електро-монтери и електро-техничари присуствуваа и министерот за образование и наука, Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/2175131242533076

Скопје | пред 7 години

7 год.
kosta-zaev

Во петок, премиерот на гости кај в.д градоначалникот Георгиевски и на трибина

Во петок на 01.02 во посета на општина Охрид ќе престојува премиерот на Р Македонија Зоран Заев, потврдуваат за Скопје1 извори од кабинетот на премиерот. Премиерот ќе оствари средба со в.д градоначалникот Константин Георгиевски, но и со раководството на фабриката Костал, која воедно и ќе ја посети.Премиерот ќе се сретне и со партиското раководство на СДСМ во Охрид, но и ќе присуствува на трибината „Силна економија – шанса за сите“ која ќе се одржи во центарот за култура Григор Прличев од 12:00 до 14:00 часот.Трибините низ земјава Владата ги започна на 26 јануари, а како што велат преку нив во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ

Македонија | пред 7 години

7 год.
danela

ССК: Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор, компаниите бегаат од земјава

Сојузот на стопански комори (ССК) предупредува: Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор. Голем е бројот на компании што се заинтересирани да ги преселат своите бизниси во соседството, посебно во Бугарија и Србија, а не престанува и заминувањето на младите од земјава, во услови на кршлива економија, политичките лидери треба да ја спуштат топката и да размислат што можат заеднички да направат за национален просперитет и за доброто на граѓаните. Во оваа насока и во насока на развој на економијата е неопходно да се слушне гласот на компаниите, на оние што го полнат државниот буџет, велат од ССК.ССК на прес-конференција соопшти седум приоритети кои, како што рече претседателката Данела Арсовска, Владата и министерствата мора да ги испочитуваат ако сакаат 2019-та да биде економска година.Обезбедување политичка и правна сигурност, континуиран раст на стопанството, менување на законите исклучиво во консултација со бизнисот, јасна волја за напредок без корупција, итни реакции на институциите веднаш по какво било укажување на бизнис заедницата, минимизирање на поларизацијата во општеството и зајакнување на борбата против сивата економија, се приоритетите на ССК кои ги образложи Арсовска.-Се соочуваме со интензивна миграција која треба да се спречи сега и веднаш. Голем е бројот на фирмите што не прашуваат и бараат од нас информации за поволностите во соседството. Сакаат дел од своите деловни активности да префрлат таму, нагласи претседателката на ССК.Секој од седумте приоритети на ССК во себе содржи по неколку барања од членките кои се засега вкупно 20.000 и доаѓаат од различни регони на Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
facebook

Три до четири отсто од профилите или околу 90 милиони профили на Фејсбук се лажни

Европскиот комесар за безбедносна унија, Џулијан Кинг, на денешната прес-конференција посочи дека според бројките на Фејсбук три до четири отсто од профилите на социјалната мрежа се лажни и побара од компанијата да преземе мерки против тоа, јави дописничката на МИА од Брисел.И покрај вчерашните најавие на Фејсбук дека се преземаат конкретни мерки и се воспоставуваат таргетирани алатки на социјалната мрежа за да се спречат „штетни влијанија“ врз изборите за Европски Парламент во мај, Кинг наведе дека Европската Комисија смета оти се потребни дополнителни.Тој ги поздрави досегашните напори на Фејсбук, но укажа на статистиките на самата компанија.– Тие отстранија важен број на лажни налози но, според нивните сопствени податоци, три до четири проценти од постоечките профили сѐ уште се лажни, што значи, со оглед на бројот на профили, дека околу 80 до 90 милиони профили се лажни, сакаме мерки против тоа, изјави комесарот.Фејсбук вчера најави дека се воведува нова алатка за идентификација на политички реклами на социјалната мрежа и отворање на оперативен центар во Даблин задолжен да ги мониторира изборите во мај.Гугл, Твитер, Фејсбук и други го потпишаа кодексот за самоорегулација за спречување на ширењето на лажни вести, но ЕК смета дека сѐ уште се потребни напори, според еврокомесарката за дигитална политика, Мариа Габриел.

Свет | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Системот од безбедносните камери во Албанија ги избришал снимките од Груевски, неможел подолго да ги чува

Снимките од безбедносните камери од бегството на Никола Груевски од Албанија не се обезбедени. Оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, вели државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ.– Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува – рече Јовески.Според него, тие снимки не биле рачно избришани, туку самиот уред функционирал така. За снимките во државата од движењето на Груевски, Јовески не кажа дали Обвинителството располага конкретно со снимка од него, туку само дека сите прибавени снимки Обвинителството ги анализира.

пред 7 години

7 год.
ohrid-trail-5

(ФОТО и ВИДЕО) „Охрид Траил“ - нова спортска атракција во Охрид

Со поддршка на општина Охрид, Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“, а во соработка со Здружението за промоција на планинарското трчање „Трекс“ го организираат новиот спортски настан „Охрид Траил“.Охрид, онака како што доликува, од денес ќе биде побогат за уште еден спортски настан. Не сомневајќи се во способноста и капацитетите на организаторот, Асоцијацијата на спортови - „Спорт за сите“, можам да Ве уверам дека и овој настан ќе биде вистинска атракција како и „Охрид трчат“ и настан кој ќе прерасне во традиција. „Охрид Трејл“ е новата содржина која ќе го збогати спортското портфолио на градот, изјави в.д. градоначалникот Константин Георгиески и додаде „со големо задоволство, како човек кој што е страстен љубител на природата и планината, можам да кажам дека овој настан, овие трки, ќе бидат одлично искуство за сите учесници. Воедно настанот сам по себе ќе биде промотивен и ќе го афирмира природното богатство на нашиот Охрид“.„Охрид Траил“ претставува планинско трчање, кое што ќе се одвива низ Националниот парк „Галичица“. Предвидени се две трки во должина од 60 и 35 километри, едната почнува од Св. Наум, додека другата од кампот Елешец. И двете трки ќе поминуваа преку НП „Галичица“ и ќе финишираат на Градскиот плоштад.„Охрид Траил“ е трка во планинско трчање. Планинското трчање е спорт кој што е мешавина од планинарење и трчање на долги дистанци и најчесто се одвива во националните паркови, заштитени зони и природни резервати или низ предели кои што изобилуваат со природна убавина. Трките во планинско трчање во организирана форма се присутни веќе 15-тина години низ светот. Вообичаено се трчаат на дистанци од 15 до 300 километри. Здружението „Трекс“ е зачетник и главен промотор на организираното планинско трчање и од 2011 кога за прва пат започнавме да го организираме „Крале Марко Траилс“ во Прилеп, веќе се создава еден комплетен календар на трки, истакна Дејан Крле од Здружението „Трекс“.Целта на настанот е што е можно повеќе да се популаризира планината, а воедно и да се подигне јавната свест за да ја почитуваат и чуваат.Онака како што планината нам ни дозволува да го организираме овој настан, така и ние ќе и возвратиме со тоа што ќе овозможиме повеќе луѓе да ја посетат, да ја почитуваат и чуваат. Како што „Охрид Трчат“ го популаризира централното градско подрачје заедно со стариот дел на градот, триатлонот го популаризира езерото со крајбрежјето и овој настан кој што го организираме ја популаризира Галичица, националниот парк и цело богатство што го има таму, рече Иван Цветкоски од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“.Трките ќе се одржат на 25. Мај, а пријавувањето започнува од 01. Февруари. Заинтересираните може да се пријават и да ги пронајдат сите потребни информации за трките на официјалната веб страна на „Охрид Траил“ – www.ohridtrail.mk .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Sport.Still032

Одрон целосно го блокира сообраќајот на патот Прилеп Македонски Брод

Одронот е на превојот „Барбарос“ на патот Прилеп - Македонски Брод.Според првите неофицијални информации се расчистува просторот и се очекува наскоро сообраќајот да почне да се одвива наизменично по една коловозна лента.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Започна расправата за интерпелација на Димитров

Морална, професионална и политичка одговорност побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со поднесената интерпелација за шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски сметаат дека Димитров функцијата министер за надворешни работи ја извршува несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси. Тој потенцираше дека денешната интерпелација се однесува на единствениот министер во историјата на независна Македонија што на таков дрзок и препотентен начин ја навреди македонската нација. Имено, Никола Димитров од оваа говорница без никаков срам македонската нација ја нарече комплексирана и сето тоа заради тоа што македонците не сакаат да се промени името на државата, вели Мицевски.Координаторот Мицевски нагласи дека Димитров со неговата изјава дека македонскиот народ е искомплесиран ги навредил Македонците, додавајќи дека со ваквите дрски изјави го нарушил угледот и достоинството на македонската нација, а со тоа ја обесчестува и самата функција министер.Со ова тој го наруши угледот и достоинството на македонскиот народ, целата нација, но и на Република Македонија. За нас е недозволиво и неприфатливо министер за надворешни работи на ваков низок начин да ги навредува граѓаните на оваа држава.Димитров го урива угледот и достоинството, и ја обесчестува функцијата министер за надворешни работи, истакна тој.Антонио Милошески од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека доколку на пример шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во мирна или жестока расправа изјави дека бугарската нација или дел од неа е искомплексирана, таа веднаш од морални причини би си поднела оставка. Додаде дека истото ќе се случи и доколку таква изјава дал Никос Коѕијас или кој било други шеф на дипломатијата.Во врска со ставовите за антиквизација, Милошоски нагласи дека одлуката за изградба на споменикот на Александар Македонски е донесена во 2004 година од советниците на СДСМ и ДУИ и праша дали кога побарале да се гради тој споменик, тие биле искомпелсирани советници.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kurto-dudush

Дудуш преку ФБ повика на смиреност и трпение во интерес на успешно спроведување на истражниот процес

По вчерашниот инцидент во Шуто Оризари, кога беа поврдени двајва полицајци, на социјалната мрежа фејсбук се огласи градоначалникот на оваа општина Курто Дудуш. Тој ги повик граѓаните на смиреност и да се воздржат од ескалации.Во продолжение статусот на ФБ на градоначалникот Дудуш:Во однос на вчерашните случувања во општина Шуто Оризари ги повикуваме сите сограѓани да останат смирени, да се воздржат од ескалации и да покажат трпение во интерес на успешно спроведување на истражниот процес. Ве информираме дека сите релевантни фактори ја следат безбедносната ситуација која е од круцијална важност за сите сограѓани и работат со цел расветлување на случајот.Ги повикуваме граѓаните од општина Шуто Оризари да бидат претпазливи, доколку сметаат дека е потребно да ги придружуваат децата до училиштата/градинките да го направат истото, да не го попречуваат редовното присуство на децата во училиштата/градинките и непречено да ги одвиваат секојдневните активности.Ги охрабруваме граѓаните да отстапат место за ангажирањето на релевантните институции што е во прилог на безбедност и стабилност. Упатуваме апел до сите граѓани дека не постои простор за став и паника, ве охрабурваме да бидете смирени, слободно да ги извршувате вашите секојдневни активности и да покажете доверба во работата на релевантните служби кои се вклучени во процесот, напиша Дудуш.https://www.facebook.com/kucoo.dudush/posts/2279578772052658

Скопје | пред 7 години

7 год.
nbrm-narodna-banka

Извештај на ММФ за 2018 година: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е стабилен

Извештајот за Република Македонија за 2018 година што го објави денес Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претставува финално заокружување на оцените од редовниот годишен преглед на македонската економија спроведен во ноември минатата година во рамки на Мисијата, според член 4 од Статутот на ММФ. Во Извештајот, поставеноста на монетарната политика сe оценува како соодветна. Притоа, нотирано е монетарното релаксирање во текот на минатата година, како поддршка на вкупната активност во економијата, а при истовремено одржување стабилни очекувања на економските субјекти и на нивната доверба. Воедно, се констатира дека олабавувањето на монетарната политика во текот на годината е одраз на поволните движења на девизниот пазар, малиот производствен јаз и умерената инфлација. Во својот извештај, ММФ потврдува дека надворешната позиција на економијата главно е во линија со среднорочните фундаменти и дека девизните резерви би се одржувале на соодветно ниво и во наредниот период.ММФ оценува дека банкарскиот систем и натаму е стабилен и дека банките се висококапитализирани, ликвидни и профитабилни. Во Извештајот се посочува дека учеството на нефункционалните во вкупните кредити е намалено и дека постои соодветна резервираност на нефункционалните кредити за справување со кредитниот ризик, но и дека ризиците сепак треба и натаму внимателно да се следат. Според ММФ, натамошните напори за постепено зголемување на денаризацијата на депозитите, во комбинација со соодветни макропрудентни мерки на страната на кредитите, може позитивно да влијаат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во Извештајот се посочени и повеќе конструктивни препораки за натамошно зајакнување на рамката за финансиска стабилност, кои беа утврдени во рамки на Програмата за оцена на финансискиот сектор во Република Македонија, која заврши неодамна.Во поглед на макроекономските движења, ММФ очекува економскиот раст во земјава да забрза на 2,8% во 2019 година, поддржан од закрепнувањето на инвестициската активност и на 3,4% на среден рок. Според ММФ, зголемениот глобален протекционизам и затегнувањето на меѓународните финансиски услови се клучни негативни ризици за макроекономските изгледи кај нас. Од друга страна, како позитивен ризик се посочува забрзувањето на процесот на структурни реформи и започнувањето на преговорите за пристапување во Европската Унија и НАТО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
PS-STRUGA

Наместо во фирмта, парите ги ставал в џеб - кивична пријава за лице од Лабуништа

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно продолжено казнено дело „даночно затајување“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.А. (46) од струшкото село Лабуништа.Тој, во својство на управителот на правното лице за трговија и услуги „Спорт Шкорпион“, во временски период од 2013 до 2018 година, остварениот приход не го внесувал на жиро сметка на правното лице туку износот го прибавувал за себе, со што, го оштетил правното лице за вкупен износ од 8.710.261 денари. Пријавениот, во истиот период одбегнал обврска за плаќање на данок на добивка, данок на додадена вредност и персонален данок, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за 2.435.110,оо денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr

Малолетни деца од Штип и Кочaни, краделе во цркви и куќи во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „кражба“ и едно дело „тешка кражба“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две малолетни лица, од Штип и Кочани.Тие, во периодот од 25 до 28 декември минатата година, употребувајќи подесен алат и физичка сила, успеале да влезат во црквата „Св.Архангел Михаил“ на улицата „Вардар” а потоа и во две куќи лоцирани на улиците „Пирин Планина“ и „ Петар Поп Арсов“ во Охрид.Со извршувањето на казнените дела, пријавените малолетници, се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000,оо денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hiv

Испливаа строго доверлив информции - Во Сингапур над 14.000 лица инфицирани со ХИВ

Строго доверливи информации обелоденети. Во Сингапур регистрирани над 14.000 лица инфицирани со ХИВ, вклучително и странски државјани, јавува Би-Би-Си.Станува збор за имиња, адреси и информации од здравствените картони на 8.000 странци и 5.400 Сингапурци.Властите тврдат дека за ова „протекување“ на доверливите податоци е одговорен 33-годишниот Американец, Мики Фарера-Борчез и неговиот поранешен партнер, сингапурскиот лекар Лер Тек Сианг.Фарера-Борчез, кој е инфициран со ХИВ, живеел во Сингапур од 2008 до 2016 година, кога е протеран од земјата поради користење дрога. Неговиот поранешен партнер, Лер, пак е некогашен шеф на Одделот за јавно здравство на Сингапур, кој е осуден поради помагање на Фарера-Борчез за фалсификување на медицинските податоци со цел да прикрие дека е ХИВ позитивен.До 2015 година во Сингапур им беше забранет влез на лица инфицирани со ХИВ.

Свет | пред 7 години

7 год.
zaev-29.01

(ВИДЕО) Средба Заев Даниелсон: Правиме напредок и смели чекори за отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ јуни 2019

Претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска го прими во посета директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон, кој, заедно со амбасадорот на ЕУ во нашата земја Самуел Жбогар, и со други претставници на мисијата во Скопје, учествуваа на состанокот на кој се презентираше актуелниот статус на процесот за интеграција на нашата земја во Европската Унија.По тет-а-тет средбата меѓу премиерот Заев и господинот Даниелсон се одржа и заедничкиот состанок со Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, со Заменик претседателот во Владата на РМ задолжен за европски прашања Бујар Османи, со министерката за правда Рената Дескоска, со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како членови на Владата на РМ најнепосредно задолжени за областите во кои се спроведуваат реформите кои Европската Комисија ги посочи како приоритети за нашата земја во актуелниот извештаен период за напредокот на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес.Денешниот состанок го отвори Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој во своето обраќање, меѓу другото, истакна дека за нашата земја, поддршката на Европската комисија, институциите на Европската Унија, земјите членки на ЕУ, на нашите соседи и многу други лидери, беше клучна за цврсто да зачекориме напред и да се врати Република Македонија на патот кон Европската Унија и НАТО, како и за стабилноста, кредибилитетот и просперитетот на нашата земја.За Република Македонија, 2018 година беше година од историско значење, за конечно решавање на спорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Со Договорот од Преспа, и со ратификацијата во двете земји затворивме проблем кој постоеше повеќе од 25 години и го трансформиравме во стабилно пријателство кое треба да биде мотивација и инспирација за сите на Западен Балкан и во ЕУ.Паралелно со овој процес, Владата работеше напорно на клучните реформски области кои ни ги зададе Европскиот совет во јуни 2018, како услов за ефективен почеток на преговорите за членство во ЕУ во јуни 2019 година, односно реформи во правосудството, реформи во безбедносните и разузнавачките служби, борба против криминалот и корупцијата и реформи во јавната администрација.„Имплементацијата на законите и практикувањето на вредностите на поделба на власта, владеење на правото и борба против корупцијата ќе докажат дека во Македонија работите навистина суштински се менуваат и дека Македонија заслужува да ги започне преговорите во јуни 2019 година. Денес судството е далеку по независно од политиката, медиумите се слободни и ја контролираат власта, институциите се потранспарентни и поблиски до граѓаните, полицијата ги заштитува правата на граѓаните, немаме повеќе незаконско прислушкување, законот важи за сите без разлика колку се моќни, а економијата почнува да расте“, истакна премиерот Заев.Претседателот на Владата на РМ, Заев потоа информираше дека веќе девет поглавја од преговарачкиот процес се опфатени и поминати низ заедничките објаснувачки подготвителни состаноци со Европската комисија, и дека оваа фаза дава значајна подготовка за преговорите кои следуваат.„Убеден сум дека овие нови стандарди кои оваа Влада ги постави ќе продолжат и ќе се засилат, а тоа ќе биде аргумент за Република Македонија да оди напред во интеграциите кон ЕУ кои беа долго замрзнати. Од нашите пријатели во ЕУ очекуваме само праведно и фер оценување засновано на резултати кое ќе ни даде шанса за успех, успех на целата држава и општество, но успех и за Западен Балкан и за Европската Унија. Република Македонија направи извонреден напредок и презеде смели чекори и отпочнувањето на преговорите за членство во јуни 2019 година ќе испрати силен сигнал до Регионот на Западен Балкан, дека процесот на пристапување и понатаму е заснован на заслуги и резултати - ако земјата кандидат испорачува, тогаш и ЕУ испорачува“, рече во своето воведно обраќање на состанокот на кој се презентираше актуелниот статус на процесот за интеграција на нашата земја во Европската Унија и на кој присуствуваше директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон.Заменик претседателот во Владата на РМ задолжен за европски прашања Бујар Османи, потенцираше дека спроведувањето на реформските пакети се остварува со предвидената динамика и ги следи препораките на Европската Комисија, и го нагласи фактот дека надминувањето на политиките пречки за исполнување на реформите во голема мерка учествува и во кохезијата на македонското општество заради сознанието дека реформите ја приближуваат земјата кон неподелената стратешка определба на граѓаните за евро-атлантските интеграции.Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, во своето обраќање на состанокот говореше на реформскиот пакет кој се однесува на безбедносните и разузнавачките служби, борба против криминалот и корупцијата, и нагласи тој ќе биде затворен до крајот на извештајниот период на Европската Комисија, односно до крајот на април, вклучувајќи го и формирањето на Советот за граѓански надзор за работата на безбедносните служби.Рената Дескоска, како министерка за правда на состанокот со директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон, информираше детално за системот закони од правосудството, за Законот за борба против корупцијата и спречување на конфликтот на интереси, како и изборниот законик и останатите закони. Таа нагласи дека сите овие закони се донесени или се финализираат во целосна и сеопфатна соработка со стручните тела на Европската Комисија и меѓународните организации од оваа сфера. Министерката за правда, Дескоска потенцираше дека Владата на РМ е максимално посветена на тоа овие закони да бидат усвоени со политички консензус и во соработка со опозицијата како клучни закони за враќање на довербата на граѓаните во институциите и владеење на правото.Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ги презентираше најновите информации за спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, кој опфаќа повеќе законски решенија за професионална, департизирана и кон граѓаните ориентирана државна администрација. Во неговото обраќање посебно место имаа и реформските процеси за дигитализација на општеството како предуслов за едноставни и модерни услуги за граѓаните, како и прашањата за сајбер безбедност и за имплементација на најновите методологии за образование за информатички вештини на учениците.Министерот за надворешни работи Никола Димитров нагласи дека во надворешната политика нашата земја останува на веќе утврдените приоритети за евро-атлантските интеграции, за добрососедска политика и за зацврстување на стратешкото пријателство со земјите партнери од НАТО и ЕУ, како и со сите останати земји со нашата земја има воспоставено принципиелни пријателски односи. Тој подвлече дека очекува Република Македонија, со поддршка на ЕУ, са извојува уште една историска победа за себе и за ЕУ, и да ги отпочне преговорите со Европската Комисија во јуни оваа година.Директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон, на состанокот со Претседателот на Владата на РМ Заев и со надлежните министри на ресорите од приоритетно значење за реформи до извештајниот период на ЕК во април, истакна дека во име Европската Комисија уште еднаш ги пренесува честитките за историскиот договор со Грција, и дека таа останува и понатаму максимално посветена на поддршката за Република Македонија во претстојниот период за да се оствари договореното минатата година, отворањето на поглавјата да започне во јуни оваа година.Господинот Даниелсон истакна дека напредокот и посветеноста на Владата на РМ се видливи, и дека Европската Комисија ќе продолжи со укажувањата и препораките, како што тоа го прават добрите пријатели, за да се остварат заедничките интереси на Република Македонијa и на ЕУ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
marihuana-novo

Албанија е европската Колумбија

Албанските власти пред неколку години почнаа агресивна акција со надеж дека со уништувањето на полињата со канабис и апсењето на одгледувачите ќе го намалат криумчарењето на дрога и ќе и помогнат на земјата да се приближи кон ЕУ, но дилерите постепено се префрлија во смртоносна игра тргувајќи со кокаин и хероин, пишува „Индипендент“.Британскиот весник во опширен текст насловен „Европската Колумбија – Како малата Албанија стана седиште на криумчарење на дрога на континентот“, наведува дека трговците сега за ја користат мрежата што ја користеле за канабисот. Тие го дистрибуираат кокаинот од Латинска Америка и хероинот од централна Азија преку Италија и останатите делови од Европа.

Свет | пред 7 години

7 год.
lorenco

Транспаренси Интернешнл: Македонија, Албанија и Косово се најкорумпирани земји

Најкорумпирани земји во Западен Балкан, според истражувањето на Транспаренси Интернешнл (ТИ),  се Албанија, Македонија и Косово, кои се наоѓаат на 99-то, односно 93. место според Индексот на корупција. По нив следуваат БиХ и Србија на 89., односно на 87. место, додека Црна Гора е на  67., а Хрватска на 60. место.ТИ објави годишен извештај за Индексот на перцепција на корупцијата во светот за 2018 година, кој го мери нивото на корупција во јавната администрација во 180 земји и територии низ светот. Индексот е создаден врз основа на 13 истражувања во деловниот сектор, како и стручни проценки.Посебен акцент на ова истражување е ставен на врската помеѓу корупцијата и кризите на демократијата и растот на десничарските и популистичките тенденции, особено во рамките на Европската унија (ЕУ) и другите западни демократии.

Македонија | пред 7 години

7 год.
begalci

Каква е иднината на нашата цивилизација?

Доколку не се зауздаат климатските промени, нашата цивилизација би можела комплетно да ја снема.Со цел таквото сценарио да се избегне, потребно е да се направи напор од големи размери, слично на оној направен пред 40 години, кога човекот се спушти на Месечината, пишува британскиот Индипендент, коментирајќи го извештајот направен од УНЕСКО, Светската банка, американската војска и Фондацијата Рокфелер за иднината на планетава.Документот го носи насловот “Извештај за состојба на иднината“ и се состои од околу 6.700 страни.Оние кои се запознале со содржината тврдат дека има непроценливи податоци за шансите за иднината на нашата планета.Клуч на целата анализа е делувањето на глобалната рецесија во која се наоѓаме на различни фактори, како што се демокрацијата, храната или сиромаштијата.Пресметано е што се би можело да тргне на лошо поради рецесијата. Исто така, се наведува дека на глобално ниво постои во голем степен меѓузависност на етиката и економијата со напомена дека алчноста и потребата профитот да се постигне со измами довеле до сегашната состојба на стопанството и финансиите.Еден од главните заклучоци е дека се до почетокот на рецесијата светот имал доста добар “индекс за иднината“; но рецесијата целосно го осакатила, и тоа за наредните 10 години.Така, во наредниот период, половина од светот може да очекува растеж на насилството и немирите, и тоа поради растечката невработеност, комбинирана со недостиг на вода, храна и енергија, што пак, е директна последица од климатските промени. Се говори дури и за тоа дека некои држави би можеле и да исчезнат, што би бил тежок удар за политичката и социјалната стабилност.Но, со сето тоа “црнило“ постои и позитивна страна, а тоа е дека сите тешкотии можат да го натераат човештвото да го смени својот начин на размислување, односно да се оттргне од детската себичност.Извештајот ги повикува светските влади да направат десетгодишни планови за сузбивање на заканите кои би можеле сериозно да ја загрозат иднината на човештвото и на целата планета.

Магазин | пред 7 години

7 год.
venko-filipce

Венко Филипче треба да си поднесе оставка?

„Венко Филипче треба да си поднесе оставка поради хаосот кој го создадесо епидемијата со морбили и вакцинирањето. Првин креираше паника манипулирајќи ги граѓаните дека ќе има подобри вакцини, ако на референдумот гласаат за промена на името, а потоа и со лажното вакцинирање на неговата внука, но и скандалот со вакцините во изминатиот рок.Власта е виновна за хаосот во здравството. Додека беа опозиција креираа кампања против вакцинирањето, со која внесоа хаос и страв кај населението, за сега да не можат да ги санираат последиците од штетите кои сами ги направија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче не знаеше како да го покрие срамот со вакцините со изминат рок кои беа пуштени во употреба и недовербата кои сами ја креираа, па тргна во злоупотреба на својата малолетна внука со цел политичка измама на граѓаните, за по неколку недели и сам да ја признае измамата.СДСМ и Филипче го урнисаа здравството и нанесоа голема штета на здравствениот систем. Граѓаните заслужуваат квалитетно здравство, тоа е обврска на власта и компромис за тоа нема и не може да има.СДСМ и Филипче не можат да го водат здравството. Филипче и СДСМ мора да си заминат. Црнилата мора да си заминат. Зората мора да изгрее“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Ципрас откри што му е најважно нему и на Заев

Со Договорот од Преспа придонесуваме за мирен соживот, солидарност, соработка, пријателство и мир меѓу двата народи, но и во поширокиот регион и тоа е најважната награда, рече премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во однос на номинацијата за Нобеловата награда за мир за него и неговиот македонски колега.Говорејќи на настанот „Прогресивна алијанса за демократска и социјална Европа“ на која шефот на европратениците од СИРИЗА и потпретседател на ЕП, Димитрис Пападимулис, го презентираше сработеното во Европскиот парламелнт, Ципрас се потсети на посетата и средбата со Бушамауи од Тунис, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015, чија беше и првичната иницијатива, јави дописничката на МИА од Атина.-Одговорив и му напишав на Зоран Заев една порака дека за нас, за мене, а верувам и за премиерот на Северна Македонија, дека најважната награда од сите награди е фактот дека преку овој договор придонесовме за воспоставување мирен соживот, солидарност, соработка, пријателство и мир во поширокиот регион, но и меѓу нашите народи и оваа награда не може да се спореди со никоја друга награда, рече грчкиот премиер.Алексис Ципрас говореше за прогресивните сили и прогресивните влади и истакна дека кога тие преземаат одговорност, тогаш докажуваат дека заедно можат да решат проблеми за подобра иднина на народите и регионот, особено за Балканот каде што главната перцепција „не беше компромисот и консензусот, туку националистичката омраза и конфликтите“.

Свет | пред 7 години

7 год.
horoskop-kwiecien-screen

Хороскоп: Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес

ОВЕН:Сонцето и Меркур во Водолија ја нагласуваат потребата за промена и сега немате толеранција да чекате работите да се поправат сами од себе. Нема потреба да сте фиксирани на минатото, крајно време е да застанете. Обрнете внимание на својот посед и најдете начин како да го ставите во функција. Наследство.БИК:Месечината во Скорпија укажува на тимска работа: работејќи со луѓе и вашите проекти се продлабочуваат и добиваат на важност. Можна е средба со силно интуитивна личност, која би сакала да остане во заднина, а која има нешто многу важно да сподели со вас. Тајни и мистерии од минатото, не откриени сосема. Баланс!БЛИЗНАЦИ:Денес ќе извлечете голема поука: Венера и Јупитер од Стрелец инсистираат да ја покажете својата компетентност и да поработите на своите проекти повнимателно. Да, шанси за финансиски фидбек има, но ќе треба да бидете трпеливи за да го постигнете токму тоа. Почитувајте ја конвенцијата и покажете ги своите манири.РАК:Планетите во Водолија кажуваат дека ова е ден за осамени активности: добро разгледајте како напредуваат вашите инвестиции и разбудете се од кошмарот. Може да се случи некој да игра зад вашиот грб, а за што ќе треба да се советувате со некој сочувствителен и авторитетен господин. Најдете време за себе и љубените.ЛАВ:Бидете спремни, може да ве повикаат секој момент. Можеби не ви е сосема јасно како би постапиле, но не плашете се и не ја губете контролата фокусирајќи се предолго на составните делови на своите проекти. Имате соништа кои ве возбудуваат и не ви даваат да заспиете. Сепак ова е време да се препуштите и бидете водени.ДЕВИЦА:Планетите сведочат за некој вид на партнерство, кое бара да биде поставено на здрави основи. Прашајте се што ѝ е потребно на другата страна и видете дали ја имате потребната сила за тоа. Нема потреба да бидете крути и нетолерантни за туѓите сугестии, туку дајте ѝ слобода на секоја единка во вашиот круг - семеен или пријателски.ВАГА:Она што ве спречува да напредувате се вашите дилеми и несигурност. Инаку ова е убав период за просперитет. Штом ја надминете несигурноста, тркалото на среќата повторно ќе се заврти во ваша полза. Точно знаете како да се изборите со комплексноста на ситуацијата, затоа не плашете се, промената е навремена.СКОРПИЈА:Интуитивни и остроумни, денес ќе успеете да се изборите за своите сакани и блиски. Нема да дозволите да потклекнете под нечија тиранија и преголеми должности, направете подобар распоред и спасете се од колапс. Отфрлете го она што не му дава сјај на вашиот живот и не заглавувајте во исти шеми кои се повторуваат.СТРЕЛЕЦ:Иако од вас се бара да дејствувате, сепак ова е време за посматрање: има ли пилот во авионот? Планетите во Водолија ве повикуваат на објективност и рационалност, особено при справувањето со некоја деликатна тема или соочувањето со госпоѓа која што има вредни идеи. Како да дојдете до неа? Истражувајте!ЈАРЕЦ:Ова е поволен период во кој што може да напредувате, но внимавајте на можната анксиозност или конфузија. Треба добро да знаете каде да стапнете, а не само да прескокнувате чекори како да сте на минско поле. Сонцето во Водолија ве повикува на непристрасност и ослободување од нормите, затоа прифатете ги промените.ВОДОЛИЈА:Нема потреба да се ситничарите пријатели, та не сте тука на пазар! Иако ова е малку мачен период, сепак потпрете се на својата хумана и пријателска страна и ќе успеете да поставите здрави граници. Средба со возбудлива машка личност, која што има силен креативен гениј. Обидете се да не ја пропуштите оваа шанса. Заштита.РИБИ:Период за реставрирање на силата, но вие сте вредни како пчела и барате начини како да се одржите. Ова се екстремно важни времиња пријатели, и бараат лојалност и трпение. Бидете умерени и не прикажувајте ги сите свои идеи. Некогаш тврдината се освојува со војна, а некогаш со глад. Сменете тактика. Успех!Ирена ТанчеваАСТРОЛАБtancevai@yahoo.com

пред 7 години

7 год.
makron

Макрон: Жалам за загинатите, но тие не се жртви на полицијата

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење за 11-те лица кои загинаа откако на 17 ноември во Франција почнаа протестите на „жолтите елеци“, но притоа истакна дека ниту еден од загинатите не бил „жртва на полицијата“.– Повеќето го загубија животот поради човечка глупост, но никој од нив не беше жртва на полицијата, изјави синоќа Макрон за време на посетата на Египет, одговарајќи на новинарско прашање за почитување на човековите права во Париз.Францускиот претседател истакна дека, од таа причина, сака да им оддаде признание на силите за безбедност поради нивниот професионализам.Макрон рече дека во Франција е дозволено слободно изразување и напомена дека демонстрациите на „жолтите елеци“ никогаш не биле забранети.

Свет | пред 7 години

7 год.
ali-ahmeti

Ахмети рече и се премисли: „Ќе си одам кога ќе влеземе во НАТО“

Kога во 2014 година лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека ќе се повлече од политиката кога Македонија ќе стане дел од НАТО, веројатно ниту самиот не веруваше дека тоа ќе се случи за пет години. Во услови кога се вклопуваа последните коцки од проектот „Скопје 2014“ и со тоа се отстрануваа шансите за договор со Грција, на Ахмети, кој верно му служеше на Никола Груевски, полесно му беше да даде ветување за кое мислеше дека никогаш нема да дојде до тестирање. Ахмети засега не навестува дека планира да го одржи зборот кога влегувањето на Македонија во Алијансата е само прашање на техничка процедура.„Беспредметно е воопшто да се разговара на таа тема“, ни рече кусо Артан Груби, сегашен пратеник во Собранието и шеф на неговиот кабинетот со кого е врзан и кумовски.Фотелјата му е сигурнаИзвори од Демократската унија на Албанците велат дека воопшто не е разговарано за повлекување на Ахмети од челната позиција во партијата. Изминатиот период биле сконцентрирани на реализација на договорот за името, а сега биле фокусирани на реформите со цел добивање препорака за старт на преговорите со Европската Унија, поради што не поддржуваат спроведување предвремени парламентарни избори.„Фотелјата на претседателот е сигурна“, тврди нашиот соговорник.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања