Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
tepacka-crkva-111

(ВИДЕО) Нов скандал во црквата „Свети Димитрија“ во Мелбурн

По скандалот во Спрингвел, Мелбурн во црквата „Свети Димитрија“, за Водици, денеска овој храм повтонрно во центарот на вниманието. Верници физички се пресметувале.Народот бил навреден од тоа што пред неколку денови незаконската управа по инструкции на отец Миле Талески ги променила бравите на црквата, биле извадени камерите поставени од законската управа и поставила свои, со свои телохранители.Се јавило незадоволство и затоа што Миле Талески не можел да ја врати тапијата од црквата во банка како и од дрскоста на Епархијата и нејзиниот свештеникот Јовица Симоновски.Ова е трет конфликт помеѓу верниците и свештенството под раководството на Митрополитот Петар.Првично вниманието во привлекоја за Водици , кога верниците и свештеникот утрото на Богојавление пристигнале пред црковниот храм „Свети Димитрија“ и наишле на заклучена црква со синџир од кој никој го немал клучот, вклучително ни свешетникот. 

Свет | пред 7 години

7 год.
protest-pazar

Законот за трговија на зелените пазари е одложен на една година

Со 57 гласа „за“ и 12 гласа „против“ пратениците одлучија да се одложи примената на законот за трговија на зелени пазари.Парламентарното мнозинство гласаше за одложување, а опозицијата побара целосно укинување на законското решение , но не го доби. Сега е предвидено на јавни дебати со сите засегнати страни да се направи нов предлог Закон. Ваквата разврска следува откако претходно изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите, меѓу другото и поради тоа што се предвидуваше обврска за пазарџиите да плаќаат лиценца од 60 евра.Пратеникот Ејуп Алими, кој беше еден од предалагачите на спорниот закон сега тврди дека со ова им се дава рок на пазарџиите и и владата да се усогласат.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimitrievski

(ВИДЕО) Реакција на Градоначалникот Димитриевски во врска со одземањето на ингеренции за градинката од страна на министерот Царовска

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски во просториите на Општината одржа прес-конференција во врска со одземените ингеренции за градинката ­­­„Ангел Шајче“, од страна на министерот за труд и социјална политика Мила Царовска.Решението е неиздржано,тендециозно, селективно и пристрасно и има за цел директно да го инволвира Министерството за труд и социјална политика во кадровски избор на директор на Јавна општинска установа детска градинка „Ангел Шајче„. Ја повикувам министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска која што има направено голем пропуст, да го преиспита оваа решение , да го повлече и далежноста да ја врати на Општина Куманово, бидејќи Куманово не заслужува ваков третман.Оваа го поткрепувам со фактот,, дека на трети јануари ненајавено од страна на надлежен инспектор од ресорно министертво беше направена посета во општина Куманово кои што немаше налог за вршење на било какви контроли и каде јасно и гласно ми беше ставено на знаење, доколку не отпочнам постапка, при тоа преудицирајќи се на избор на директор оваа ќе се случи. Жалам што една ваква работа се случува во една демократска општина како што е Куманово. Исто така праксата покажува дека во одредени општини каде што не е навремено отпочната постапка за избор на директор, не се превземени никакви активности. Според тоа, оваа решение е тенденциозно и јас согласно законот мора да го почитувам , но апелирам уште еднаш до мистерат да го преиспита, укине и јавно извини на општина Куманово и на нејзините граѓани, бидејќи оваа е се само децентрализација не. Јас како градоначалник сум должен да обезбедам правно работење на институциите што се во моја надлежност, а не да работам под притисоци – истакна градоначалникот Димитриевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Охриѓани нападнале полицаец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(27) од село Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”,  ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие” и  ,,загрозување на сигурноста” и против Ѓ.В.(34) од село Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, и ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”.oНа 30.12.2018 година во 03.30 часот пред кабаре на булевар „Туристичка“ во Охрид пријавените физички нападнале полициски службеник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Кривична пријава против три лица поради лажен договор за купопродажба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.П.(50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против Т.Р.(29) од Битола за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против К.К.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба”.На 27.05.2016 година првопријавениот, изработил лажен договор за купопродажба на патничко возило „Рено Меган” помеѓу И.С., како продавач и Д.А. како купувач, по што го употребил ваквиот договор во постапка идентификација на наведеното возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството  за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Третопријавениот, вработен во „АМ Церт“ ДООЕЛ Скопје, и покрај тоа што во доставената документација имало очигледно несовпаѓање на податоците за увозникот и подносителот  на барањето за постапка за идентификација на наведеното возило, издал согласност за регистрација на наведеното возило.По ова, второпријавенииот,  ја приложил ваквата документација во МВР – ОУР Битола, при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kicevo-gostivar

(ВИДЕО) Десетици повредени лица по сообраќајката кај Стража, откако се судрија три возила

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража.Сообраќајна несреќа кај каменоломите пред Гостивар. Во несреќата учествувале автомобил и комбе. Километарски колони од двете страни, затоа што сообраќајот е во целосен прекеин повеќе од 1 час.Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14:10 часот, на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот.Во сообраќајката учествувале еден автомобил „голф“, еден „пасат“ и едно патничко комбе.Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_8266-1-1

СДСМ: Законот за социјална заштита е повлечен од МТСП поради техничкo усогласување

ВМРО-ДПМНЕ 11 години целосно ги игнорираше потребите на лицата со хендикеп, потребите на ранливите категории граѓани, а преку неодговорните политики свесно го уништувале системот за социјална заштита, велат од СДСМ.„Денес лицемерното ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за системот за социјална заштита и лаже дека издејствувале негово повлекување. Вистината е дека Законот за социјална заштита е повлечен од Министерството за труд и социјална политика поради техничкo усогласување.Решенијата во Законот ги унапредуваат правата, им го олеснува животот на лицата со попреченост и ранливите категории граѓани и тој е усогласен со нивните потреби.Во рамки на доработката на текстот прифатени се сите барања кои беа доставени од граѓанските здруженија и лицата со попреченост. Со новиот Закон за социјална заштита за првпат се потенцира независноста на лицата со попреченост, нивното право на одлука и еднаков третман.Со новиот Закон се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50% од просечна нето плата.Како подршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост  се зголемува износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воедно се воведува и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.Во 2019 година ќе се развива услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, што е исто така дел од новиот Закон за социјална заштита“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на Шапка и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Снег врне на Попова шапка.Намалена видливост поради магла до 100 м има на Попова Шапка и 30 до 50 м на планинскиот превој Стража.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_4775-1

Поповски: Владата останува посветена на силната поддршка за плурализмот и за обезбедување на средина за одржлив развој на медиумите

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска на прес-конференција во Владата на Република Македонија, ги соопшти резултатите од реализацијата на средствата од Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година.Од вкупно 13 пристигнати барања, одобрени се 11, информираше министерот Поповски. На овие 11 новинско-издавачки компании, им се распределени, согласно критериумите 42 милиони, 568 илјади и 620 денари, од вкупно 50 милиони денари за поддршка на печатените медиуми што беа предвидени за оваа намена во Буџетот за 2018 година.Овие средства од Буџетот на РМ, наменети за поддршка на печатените медиуми на компаниите издавачи им се доделени за веќе остварени трошоци и тоа на весниците на македонски јазик во висина од 50% за направените трошоци за печатење и 50% за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина од 70% за направените трошоци за печатење и 70% за трошоците за дистрибуција.„Иницијативата за поддршка на печатените медиуми дојде од страна на Здружението на новинарите на Македонија, кое потоа реализацијата на овој проект го препушти на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми на (АЗПМ), кое, во соработка со Владата на РМ, ги подготви критериумите според кои, Комисијата на Генералниот Секретаријат на Владата на РМ, во која членуваа и двајца претставници на АЗПМ, ги распредели предвидените средства за поддршка на неделните и дневни, национални и локални весници во земјата“, соопшти министерот Поповски.Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на прес-конференцијата истакна дека Владата на РМ останува посветена на силната поддршка за плурализмот и за обезбедување на средина за одржлив развој на медиумите. Во таа насока Владата останува отворена и за сите идни сугестии кои го овозможуваат тоа и кои треба да дојдат исклучиво како предлог на медиумските професионалци и нивните здруженија за изнаоѓање на транспарентни и системски решенија во инклузивен процес со сите засегнати страни од сферата на медиумите.Претседателот на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми Лирим Дулови, на прес-конференцијата ја изрази благодарноста за оваа поддршка за егзистирањето и работата на печатените медиуми и истакна дека Република Македонија е единствената земја од регионот која оваа иницијатива ја спроведува според модел кој веќе се применува во повеќе земји членки на ЕУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4-5

Џафери се сретна со министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус

Денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери со министерот за надворешни работи на Република Литванија, г. Линас Линкевичиус кој престојува во официјална посета на Република Македонија, помина во пријателска и конструктивна атмосфера и на истата беа разменети повеќе информации и мислења околу идната соработка на двете земји како на билатерален така и на мултилатерален план, особено во рамките на нашите Евроатлански интеграции.Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи му добредојде на гостинот, изрази задоволство и благодарност до Литванија за целокупната досегашна поддршка на нашиот евроатлански, при што ја потенцираше и соработката во рамките на Вилнус групата. Претседателот Џафери го информираше Литванскиот министер дека сега по заокружувањето на обврските околу ратификацијата на Преспанскиот Договор, законодавниот дом ќе продолжи да игра клучна улога во донесувањето на потребните реформски закони и во тој контекст истакна дека очекува до средината на месец Февруари 2019 година да се усогласат и донесат со забрзано темпо, со цел да се исполнат претстојните обврски до јуни оваа година, кога очекуваме и датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.Министерот Линкевичиус се заблагодари на можноста за средба со претседателот Џафери и на самиот почеток подвлече дека неговата денешна посета на Република Македонија ја доживува многу поразлично од неговата претходна посета бидејќи „сега, истакна тој, гледа светла иднина за Република Македонија“. Литванскиот министер даде посебен осврт за досегашната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на проектите и програмите на ЕУ за помош и поддршка на нашата земја во различни области како, финансискиот сектор, јавната администрација, јавниот менаџмент, владеење на право итн. Тој се согласи за улогата и важноста на парламентите во наредниот период на отворање на пристапните преговори и поглавјата со ЕУ и потенцираше дека треба целиот капацитет да се вклучи во реформските процеси.Претседателот Џафери, апелираше до парламентарните групи за соработка на двете земји да ја интензивираат својата комуникација во наредниот период со длабоко уверување дека со продлабочување на парламентарната соработка на сите нивоа, ќе се олесни и нашето приближување кон ЕУ а и економската соработка ќе се издигне на едно повисоко ниво. Оваа констатација беше едногласно прифатена од двајцата соговорници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
280119OA_MNR-Dimitrov_Danielson-9940

Средба на Димитров со Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за проширување во Европската комисија

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за проширување во Европската комисија. На средбата се разговараше за европските перспективи на Република Македонија и очекувањата за напредок во претстојниот период.Министерот Димитров упати благодарност до директорот Даниелсон и Европската комисија за нивните заложби и континуирана поддршка за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Информираше за тековните активности поврзани со стапувањето на сила на Преспанскиот договор и заложбите за остварување понатамошен напредок во реформските процеси.Министерот Димитров се осврна и на досега постигнатите резултати во процесот на реформи во исклучително сложени внатрешни и надворешни околности, нагласувајќи дека силната политичка волја останува суштински дел од процесот. МНР Димитров изрази очекување дека реформските резултати и крупните чекори во унапредувањето на добрососедските одосноси ќе обезбедат доволно аргументи за земјите членки да донесат одлука за почеток на пристапните преговори во јуни 2019 година.Директорот Даниелсон упати честитки за чекорите поврзани со стапувањето во сила на Преспанскиот Договор и укажа на неговата важност за Регионот и пошироко, како пример за добра дипломатија и надминување на високо сензитивни прашања. Даниелсон го поздрави и текот на досега постигнатото на планот на домашните реформи, со очекување за уште позасилена работа и резултати во клучните области во периодот до Европскиот совет во јуни.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Slika-sostanok-Bogoev-Dimitrov

Стефан Богоев се сретна со проектантот на салата „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан)

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се сретна со проектантот на салата „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан), истакнатиот македонски архитект, Трајко Димитров, кој припаѓа на првата генерација архитекти запишани на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје.Општина Карпош ја започна иницијативата за спас и обнова на „Партизан“, но овој процес се  води темелно, со вклучување на повеќе засегнати страни, институции и личности кои придонеле во изградбата и афирмацијата на овој култен спортски објект.Градоначалникот Богоев и архитектот Димитров разговараа за актуелните состојби со салата, при што, по доделувањето на објектот во владение на локалната самоуправа ќе се започне со подготовка на анализа за постоечката состојба.Архитектот Димитров има богато исуство во проектирањето објекти од општествен карактер, со посебен акцент на спортски објекти како на пример базенот „Младост“, Кошаркарската сала „Работнички“ во Градски Парк и др. На средбата се зборуваше за начинот на кој е градена салата „Партизан“, квалитетот на градбата и функционалноста на објектот.„Ова е начинот на кој треба да се пристапи кон ревитализацијата на старите и запуштени објекти дадени под концесија. Да ја вклучиме и стручната јавност, архитектите кои ги создавале овие важни објекти за Скопје. Од овие луѓе има многу што да научиме, како да се задржи автентичноста на овие култни објекти и како повторно да заживеат“, рече Богоев.Во текот на денешниот ден, во посета на Општина Карпош беа и претставници од меѓународната невладина организација „Културно ехо“, кои работат на проект за мапирање на запуштени објекти и иницијатива за нивна обнова.„Партизан“ е токму таков пример. Тие со градоначалникот Богоев зборуваа за начините на финансирање на обновата на „Партизан“ и воспоставување партнерство со Општината за аплицирање на повик за добивање на средства за оваа цел.Постои вистински ентузијазам и волја „Партизан“ повторно да биде успешна приказна

Скопје | пред 7 години

7 год.
Sv.-Sava-1

Богдановиќ и Општина Центар со благодарност за пречекот организацијата на празникот Св. Сава

Општина Центар и градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, сакаат да ја изразат својата благодарност за пречекот и организацијата на вчерашното одбележување на празникот Свети Сава, односно Светосавската академија.Св. Сава е православен светец, во својот живот духовен лидер, просветител, писател и добротвор, но пред сѐ, голем и хуман човек. Празнувањето на Националниот Ден на Србите во Република Македонија се организира традиционално, секоја година.Градоначалникот Богдановиќ беше домаќин на високи македонски и српски делегации, предводени од покровителот на Светосавската академија, премиерот на РМ, Зоран Заев. Покрај премиерот Заев, присутни беа Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Директорот на Управата за унапредување на јазиците и заедниците, Мирослав Станчиќ и пратеникот Мирослав Јовановиќ. Од меѓународните претставници на одбележувањето беа Александар Вулин, Министер за одбрана на Република Србија, Синиша Каран, Шеф на кабинет на Претседавачот со претседателството на БиХ, како и Претседателот на одборот за дијаспора и срби во регионот при Собранието на Република Србија, Миодраг Линта.

Скопје | пред 7 години

7 год.
venko-filipce

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја лажe и злоупотребува јавноста

„Министерството за здравство најостро ги демантира невистините на ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да лажат и да ја злоупотребуваат јавноста. Нема да дозволиме со лаги да ја манипулираат јавноста и со тоа да го нарушуваат јавното здравство.Внуката на министерот Филипче е вакцинирана во амбулантата Идадија -МлинБалкан со вакцина ДиТеПер, онаа која и следуваше согласно вакциналниот календар. Објавата од вакцинацијата на неговата внука е само личен пример со кои ги охрабруваме граѓаните да не се плашат од вакцинација и да докажеме дека вакцините за сите деца се безбедни.Ги повикуваме сите родителите чии деца не се вакцинирани да ги вакцинираат. Вакцините се комплетно безбедни, со проверен рок и од европски производител.Вакцинацијата е придобивка на современата медицина. Нашата одговорност се граѓаните и секојдневно се грижиме за нив.Затекнавме здравствен систем кој е пеплосан од злоупотреби цели 11 години, немотивиран здравствен кадар, лекови од непознати производители и сомнителен квалитет, донесени со паралелен увоз. Затекнавме 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје. Затекнавме комплетно изгубена доверба на родителите и во квалитетот на вакцините и во здравствениот систем кој беше во тотален хаос“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Гости во кабаре во Битола кршеле инвентар и се заканувале

На 27.01.2019 година во 03.30 часот во СВР Битола, М.Т.(61) од Битола пријавил дека околу 00.30 часот во кабаре на градско шеталиште во Битола И.М., К.М., П.Ј. и уште едно лице, кои биле гости во кабарето, непристојно се однесувале и започнале да го кршат инвентарот и да му упатуваат закани.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bugarski_ambasador_02

Новиот амбасадор на Република Бугарија во Македонија во посета на Битола

Новозназначениот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, денес ја оствари првата работна посета на Битола. Амбасадорот, заедно со генералниот конзул на оваа земја во Битола Димитар Иванов, на средбата со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, се запознаа со тековните активности на општината, како и со надлежностите на локалната и централната власт.Во фокусот на разговорот беа состојбите во образованието, здравството и социјалната сфера, во делот на згрижувањето на децата и лицата со одреден хендикеп. Градоначалничката Петровска истакна дека пројавената желба за помош е секогаш добредојдена и може да се насочи во  делот на енергетска ефикасност на училиштата, нагледните средства и друга техничка поддршка. Тие заедно ги дефинираа можностите на натамошна соработка, кои ќе се реализираат во мандатот на новоназначениот амбасадор.Неговата екселенција, амбасадорот Ангелов, ја потврди досегашната позитивна пракса на делување на двете земји, особено со Битола како град во кој е сместен Генералниот конзулат, преку кој се остварувала, но и ќе се остварува соработката во иднина на сите полиња.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Балетската претстава „Оревокршачка“ во МОБ

Македонска опера и балет Ви ја најавува балетската претстава „Оревокршачка“ со две изведби во среда, 30.1 и сабота, 2.2.2019 со почеток во 20 часот.Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка - мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година!Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ - балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.Диригент Бисера Чадловска.

Магазин | пред 7 години

7 год.
5-5

(ВИДЕО) Николов: Филипче го злоупотребил детето во политичка измама и ги донел во заблуда граѓаните на Македонија

Венко Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама. Филипче призна дека лажно и кажал на јавноста дека неговата внука е вакцинирана од морбили, иако таа не е, само да ги увери родителите дека вакцините се безбедни. Да го погледнеме видеото со кое што министерот ги излажа граѓаните, изјави Игор Николов на денешната прес-конференција.„Филипче прво го злоупотребил детето во политичка измама, а потоа свесно ги донел во заблуда граѓаните на Република Македонија, со самото тоа извршил кривично дело Измама според чл. 247 од Кривичниот Законик.Со ваквото свое манипулативно однесување, министерот лично го загрозува процесот на вакцинација и ја нарушува и онака слабата и нарушена доверба на  граѓаните во системот. Министерот лично со своето однесување, целосно ја деградира, го разградува процесот на вакцинација.Филипче мора да понесе одговорност, очекуваме надлежните институции да преземат соодветни мерки. Министрите треба веродостојно да ги информираат граѓаните и да не ги лажат, да ги дезинформираат, ниту пак да ги манипулираат“, вели Николов.Исто така тој додава дека Министерството за здравство предводено од Филипче прво изјавило дека има вакцини со изминат рок, за потоа да речат дека нема вакцини со изминат рок, туку декларациите се променети и помешани, за сето ова потоа да се обелодени дека ќе се уништуваат вакцините.„Господине министер, знаете ли дека вие со вашето лажење и манипулирање директно го загрозувате здравјето на најмладата популација и ја нарушувате вербата во системот?Господине Филипче со вашето лажење и манипулирање директно може да го  загрозите животот и здравјето на граѓаните, а пред се на најмладите, на децата кои што се во претшколска возраст.Граѓаните очекуваат итна и неотповиклива оставка од министерот, по вакво ноторно признание за измама и лажење на сопствените граѓани, најмалку што може да стори Филипче е да поднесе оставка.Повеќе од година дена откако е министер, а здравството и здравствениот систем во државата само тоне. Ова е уште една од низата причини поради кои се потребни итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет. Црнилата мора да бидат победени. Зората да изгрее“, изјави Николов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утрово Скопје е повторно најзагаден град во светот, МОДОМ апелира да се активираат итните мерки веднаш

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ апелира до надлежните да се активираат итните мерки веднаш.„Утрово Скопје е повторно најзагаден град во светот,  очигледно сме биле во право кога побаравме да не се прекинуваат итните мерки и да продолжи бесплатниот автобуски превоз.Затоа бараме вонредни инспекциски контроли,стопирање на градежните активности, бесплатен автобуски превоз,  редовно собирање на сметот, миење на улиците и  спроведување на  Законот на зеленило“, велат од МОДОМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Stipendija-Boris-Trajkovski

Меѓународната гимназија „НОВА“ распиша конкурс за доделување стипендии

Меѓународната гимназија „НОВА“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделување стипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почнува денеска (28 јануари) и ќе трае до 14 февруари 2019, а се одвива преку интернет-страницата на „НОВА“ www.nova.edu.mk каде е поставена електронска апликација која заинтересираните ученици треба да ја пополнат. Стипендиите се доделуваат по петнаесетти пат и се наменети за ученици од цела Македонија кои го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од шесто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик.Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување, додека останатите ученици кои ќе се пласираат во вториот круг можат да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ќе добијат најмногу 10 ученици.Oсвен што ќе добијат целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава. Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија десет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на факултетите во Европа и во САД.- Веруваме во квалитетот на новите генерации и нивната подготвеност да бидат дел од средината која ги охрабрува младите луѓе да се спознаат себе си и другите - велат од меѓународното училиште „Нова“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4-4

Баделки вчера ја означија десеттата победа по ред

Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода продолжуваат да редат победи во македонското првенство во женска кошарка.Баделки вчера со голема разлика ја победија екипата на „Струга 2009“, со резултат 66-46 ( 15:11, 20:16, 14:11 и 17:8). Со оваа десетта победа досега непоразената и најдобра женска екипа прогласена за 2018 година се задржа на првото место на табелата. Најефикасни кошаркарки од домашната екипа беа Сандра Лазареска со постигнати 18 поени, Наталија Секуловска со 14 и Сара Петровска со 12. За големата победа заслужни се и Сања Адамовска 9, Катерина Поп Димитровска 5, Сара Максимовска 2 и Наталија Гаревска 2. Од екипата на „Струга 2009“ на теренот најмногу се истакна капитенот Татјана Стојановска. Судии на натпреварот беа Боро Антовски и Бисера Бикова.За одбележување на овој натпревар е и тоа што во ростерот беше и повратничката кошаркарка Драгана Јоловиќ која во зимскиот период потпиша договор со екипата на „Бадел“.Следниот викенд девојките на „Бадел“ во вториот дел од првенството на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе и се спротивстават на екипата на ЖКК „Работнички“.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Choir-Dragan-Shuplevski

„Бесмртност“ – Македонската филхармонија со концерт посветен на Бетовен

„Бесмртност“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, на 31 јануари во 20 часот. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, концертот ќе биде посветен на творештвото на музичкиот гигант Лудвиг ван Бетовен.На програмата се неговите моќни дела: Увертира за именден оп. 115, Хорска фантазија за пијано, хор и оркестар оп. 80, каде како солист ќе се претстави македонската истакната пијанистка Нина Костова-Јаневска, како и Симфонијата бр. 2 во D-dur.Учество ќе земат и хорот „Драган Шуплевски“ од Факултет за музичка уметност, како и професионален хор „Про арс“ и солистите: Јаворка Витанова и Мартина Нанеска - сопрани, Бојана Јованова - алт, Јане Дунимаглоски и Шинаси Рамадан – тенори и Мартин Блажевски – бас.Музичкиот „Прометеј“ Лудвиг ван Бетовен (1770–1827), германскиот композитор што ќе ги направи најхрабрите чекори во музиката, особено во сонатно-симфониската форма, се смета за првиот европски романтичар. Биографите запишале: Бах го усовршил постојното. Моцарт е најсјајниот момент во историјата на музиката. А, Бетовен е моќта! Човекот што успеал да ја удави сопствената судбина. Бидејќи бил глув, па и самиот знаел да каже дека за неговата професија тоа е најстрашното нешто што можело да му се случи. Но, се победил самиот себеси и формирал сопствена филозофија на животот, која ќе стане инспиративна основа на целокупното негово творештво. За неговиот композиторски стил се карактеристични афористички куси, пластични тематски јадра, од кои органски расте целокупниот материјал. Зад себе оставил најмоќен музички опус во музичката историја: девет симфонии, од кои пет се вбројуваат меѓу 12 најдобри во историјата, пет ненадминливи клавирски концерти, Концерт за виолина и оркестар, 16 гудачки квартети, 32 сонати за пијано (форма што ќе ја доведе до совршенство), две миси, десет увертири, десет сонати за виолина и пијано, пет сонати за виолончело и пијано, една опера...Маестро Сашо Татарчевски е роден во Битола каде што и го започнал своето музичко образование, а дипломирал и магистрирал на катедрите за оркестарско и хорско диригирање на ФМУ – Скопје во класите на Фимчо Муратовски, Драган Шуплевски и Саша Николовски. Своето усовршување го продолжил на мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Сартеано, Санкт Петербург и Фиренца, соработувајќи со познати диригентски имиња како што се Хелмут Рилинг, Франческо Каротенуто, Марк Горенштајн, Михаил Јуровски и Сајмон Керингтон. Настапувал со разновидни ансамбли како што се Македонската филхармонија, Битолскиот камерен оркестар, Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Оркестарот на Ермитаж – Санкт Петербург, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеја“ и „Контемпора“, Симфонискиот оркестар на ФМУ, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, хоровите „Магнолија“ (Словачка), „Кантемус“ (Унгарија), „Иполитов-Иванов“ (Русија) и други симфониски, хорски и камерни состави. Во моментов Татарчевски е еден од најактивните диригенти во Македонија. Покрај редовната работа како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, се јавува и како уметнички раководител на професионалниот мешан хор „Про арс“ и на Женскиот младински хор при МКЦ. Има направено трајни записи со инструментална, вокално-инструментална и хорска музика во студиото „Фејмс“, а издадени се и неколку ЦД-а каде што Татарчевски се потпишува како диригент. Освен во Македонија, има настапувано во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Чешка, Бугарија, Турција, Франција, Романија, Полска, Австрија и Русија. Има освоено голем број индивидуални награди за диригирање на интернационални настани, награди на конкурси со различни инструментални и хорски ансамбли, како и наградата на СОКОМ „Георги Божиков“. Член е на повеќе жири-комисии на меѓународни натпревари, предавач на семинари и мастеркласи за диригирање и хорска музика а од 2014 година е и уметнички директор на Меѓународниот хорски форум во Струга.Нина Костова-Јаневска е една од најдобрите македонски пијанистки од современата генерација музички уметници, но и пијано-педагози. Музичкото образование го стекнала во Скопје, во класата на реномираните професори од Московскиот конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ – Људмила и Борис Романови. Во текот на своето образование, Костова-Јаневска се здобила со бројни награди и признанија, а често настапува на европските сцени во Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Турција, Андора... Во периодот од 1991 до 2010 година, учествувала на сите семинари водени од проф. Борис Романов, организирани од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје, Музичката младина на Македонија, како и Музичкото училиште „Добрин Петков“ во Пловдив, Бугарија, и музичкото училиште „Војислав Вучковиќ“ од Белград, Србија. Дипломира и магистрира со највисока оценка cum laude, a во 2014 ги заврши докторските студии. Нина Костова-Јаневска досега повеќе пати настапувала и како солист со Македонската филхармонија, со Младинскиот симфониски оркестар „Добрин Петков“ од Пловдив, Камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, Камерниот оркестар „Московија“, Симфонискиот оркестар на ФМУ... Соработувала со значајни диригенти, меѓу кои и со Саша Николовски-Ѓумар, Александар Лековски, Борјан Цанев, Леонид Николаев, Едуард Грач, Пламен Парванов, Јанко Костелиц..., а настапувала и со бројни камерни состави заедно со реномирани уметници во Сараево, Белгија, Италија, Франција и Њујорк, од кои се издвојува настапот на „Охридско лето“ со Квартетот „Хеншел“ од Германија. Моментално работи како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со своите ученици и студенти постигнува огромни успеси, освојувајќи државни и меѓународни награди низ светските центри како што се Монако, Монте Карло, Москва, Ново Сибирск, Њујорк, Лондон и повеќе градови во Италија, Србија, Бугарија. Добитничка е на две признанија за посебен придонес во „Карнеги хол“, како и признание од фондацијата „Спиваков“ за посебен придонес на фестивалот „Москва встречает друзја“ во 2013 година. Од 2018 година Нина Костова-Јаневска е почесен член на Фондацијата „Томислав Зографски“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

Досега 33 пратеници ја потпишаа иницијативата за распуштање на парламетот

33 пратеници ја потпишаа иницијативата за распуштање на парламетот, 2 се службено отсутни.Од пратениците од ВМРО ДПМНЕ, иницијативата не ја потпишаа Илија Димоски, Даниела Рангелова и Крсто Јованоски.Од пратеничката група на СДСМ најавуваат дека најверојатно нема да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, што, сепак, не значи дека е отфрлена можноста за предвремени избори. Конечната одлука за тоа дали ќе се оди на спојување на изборните циклуси, според најавите, ќе биде донесена до крајот на оваа седмица, на седница на Извршниот одбор на СДСМ, кој доби такво овластување од Централниот одбор минатиот петок.За распуштање на парламентот и распишување предвремени избори треба да се обезбедат најмалку 61 пратенички глас.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Нападнат полициски службеник во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(38) и Ш.Н.(27), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 28.12.2018 година околу 14.40 часот на улица „Сутјеска“ во Штип пријавените физички нападнале полициски службеник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kicevo-gostivar

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа пред Гостивар, сообраќајот во прекин повеќе од 1 час

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража.Сообраќајна несреќа кај каменоломите пред Гостивар. Во несреќата учествувале автомобил и комбе. Километарски колони од двете страни, затоа што сообраќајот е во целосен прекеин повеќе од 1 час.Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14:10 часот, на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот.Во сообраќајката учествувале еден автомобил „голф“, еден „пасат“ и едно патничко комбе.Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања