Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
polska-gradonacalnik-2

Полска денес се прости од градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович

Полска денес се простува од градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, кој почина во понеделникот во болница откако беше прободен со нож ден пред тоа за време на една добротворна акција. Стотици полјаци се собраа во Гдањск за да му оддадат почит на убиениот градоначалник.-Погребното возило што го носело ковчегот на Адамович го следеле униформирани припадници на полската морнарица, објави агенцијата АП.На чело на колоната бил надбискупот на Гдањск, Лешек Славој Глоџ, придружуван од други истакнати јавни личности.Претходно околу 300 полски градоначалници и други политичари се собраа низ Полска за да му оддадат почит на Адамович.Адамович беше прободен во неделата вечерта, а почина во болница. Напаѓачот беше уапсен.

Свет | пред 7 години

7 год.
putin

(ВИДЕО) Путин и годинава нурна при традиционално богојавленско капење

Рускиот претседател Владимир Путин и годинава не ја наруши трацицијата. Тој нурна во студената вода при богојавленско капење, соопштеное е од Кремљ.Како што е наведено, тој тоа го направил во храмот Подмосковљу.Минатата година Путин го направи истото во студената вода во езерото Селигер северно од Москва.Традиционално најпрво Путин оди на литургија, а потоа на богојавленско капење.

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски не ги почитува ниту граѓаните, ниту верниците

Антинародниот Христијан Мицкоски не ги почитува ниту граѓаните, ниту верниците. Додека сите упатуваат честитки до граѓаните, додека сите ги промовираат вредностите на заедништво и меѓусебно почитување, Мицкоски на верски празник продолжува да лаже и да ги дели граѓаните, реагира Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ на денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.„Не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен, вистината е дека во целост е во согласност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот никако не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик кој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат од целиот свет.Антизападниот Мицкоски не успеа да ја спречи интеграцијата во ЕУ и НАТО и нема да успее преку неосновани пријави да го спречи градењето на концептот едно општество за сите, којшто е силно поддржан од мнозинството граѓани.Македонија, граѓаните, ставија крај на црнилата и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски да ги врати во темното минато на криминал и неизвесност“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cipras

Ципрас тактизира со ратификацијата на спогодбата од Преспа

Откако во средата владата на премиерот Алексис Ципрас доби доверба од мнозинството пратеници во грчкиот парламент, сега на ред е ратификацијата на спогодбата од Преспа, така што уште неколку дена ќе биде присутна дилемата дали Ципрас повторно ќе го обезбеди потребното мнозинство и какво мнозинство всушност е потребно. Од шестемина пратеници што завчера гласаа за доверба на Владата, извесно е дека за спогодбата, доколку не се случи некое изненадување, ќе гласаат четворица меѓу кои заменик-министерката за цивилна заштита Катерина Папакоста, министерката за туризам Елена Кундура, пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос, како и поранешниот член на Река, а сега независен пратеник, Спирос Данелис. Со тоа бројката достигнува до 149 пратеници. Останува енигма каква ќе биде позицијата на партијата Река, но и тоа дали ратификацијата, законски, може да мине и со помалку од 151 глас.Инаку, како што наведува „Катимерини“, на Ципрас не му е потребно апсолутно мнозинство, но целта на грчката влада е спогодбата од Преспа да биде изгласана со што е можно поголем број гласови. Весникот се повикува на Уставот на Грција, но ја наведува и изјавата на претседателот на парламентот Никос Вуцис, кој објаснил дека се потребни 151 глас од пратениците за доброто на земјата и да се покаже дека такво мнозинство постои. Во спротивно, како што дообјаснил, би се поставувало прашањето за ограничена одговорност во однос на толкувањето на договорот.– Договорот треба да биде изгласан од 151 пратеник за да има силна моќ, како во внатрешноста на земјата, така и во меѓународните организации – рече Вуцис.Паралелно на ова, движењето Река на завчерашниот состанок на политичкиот совет одлучи дека останува во опозиција, но не ја менува одлуката донесена на Конгресот дека „проблемот за името треба да се реши и Грција треба да биде протагонист во отворањето на европскиот пат за соседната земја“.Лидерот на партијата, Ставрос Теодоракис, на последната расправа во грчкиот парламент рече дека „глас за доверба на Владата значи во секој случај позитивен глас за Преспа, додека напротив, позитивен глас за Преспа, не значи глас за доверба на Владата“. Таквата изјава во Грција се толкуваше дека Река, веројатно, нема да го смени ставот. Доколку лидерот на партијата и уште двајца негови сопартијци останат на првичната позиција и го поддржат договорот, тогаш Владата ќе има 153 гласа за поддршка на договорот.Со своја анализа за претстојната ратификација на договорот излезе и британски „Економист“.–Дури и кога премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се согласија да му стават крај на 27-годишниот спор, во јуни минатата година, малкумина познавачи на состојбата можеа да се обложат оти парламентите во Атина и во Скопје ќе го ратификуваат Преспанскиот договор – пишува „Економист“.Магазинот наведува дека по ратификацијата во Скопје сега на ред е Ципрас да ги исполни обврските.– Неговата партија СИРИЗА планира да го претстави Преспанскиот договор пред парламентот месецов. А грчкиот премиер, кој е вешт тактичар, се надева дека ќе обезбеди мнозинство за Преспанскиот договор, на ист начин како и при гласањето доверба за Владата, кога некои пратеници ја сменија страната. СИРИЗА може да смета на поддршката на двајца пратеници од партијата Река за да осигури втора победа, според владини извори. Другите партии се против спогодбата, исто како и 60 отсто од Грците, според последните анкети. Но тоа не го вознемирува Ципрас, чиј углед меѓу европските политичари се подобрува. Тоа може да се забележи и според пофалбите од германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината неодамнешна посета на Атина – се вели во анализата на „Економист“.

Свет | пред 7 години

7 год.
mickoski-ikona

(ВИДЕО) Мицковски го дарува со икона од Св. Јован Крстител момчето кое го фати Крстот во Охрид

За Водици меѓу православните верници во Охрид, со икона го даруваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод денешниот празник беше во Охрид. Тој од Охрид испрати честитки до сите верници, и пораче дека оваа година треба да престанат сите омаловажувања, порази и понужувања и посака сите да се обединиме за подобра иднина на Република Македонија.- Дозволете ми да од мое лично име но и од името на ВМРО-ДПМНЕ на Синодот, на пресветото свештенство, монаштво, на сите православни верници да им го честитам овој голем христијански празник. Да им посакам здравје, среќа, бериќет, успеси, насмевки за нив и нивните семејства. Оваа година повеќе да се радуваме од минатата година. Да имаме повеќе успеси како граѓани на Република Македонија, а не порази и понижувања.И исто така би сакал да му го честитам успешното фаќање на крстот на најсреќниот помеѓу православните верници кои што денеска во водите на Охридското езеро се разбира се дадоа во потрага по крстот. Да му посакам нему здравје, среќа, успех и на неговото семејство се разбира.И како што кажав оваа година и сите оние порази, понижувања и омаловажувања што ни се случуваа во минатото да исчезнат и да бидеме пообединети, посплотени, да како луѓе се почитуваме и се погласно да ги кажуваме нашите мислења затоа што само со една јасна критика ние политичарите но и целата држава може да се стреми кон поголеми успеси и подобра иднина за сите граѓани во Република Македонија.Бог се јави!Навистина се јави!Нека ние среќен и вековит денот!, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ohrid-krst

ВИДЕО: Иван Лотески го фати крстот во Охрид

Иван Лотески од Вевчани е среќниот фаќач на крстот во Охридското езеро.„Ова е моја втора година како го фаќам крстот. Со години учествувам во оваа манифестација. Јас сум пресреќен, прерадосен. Се надевам дека ќе бидам среќен, исто и мојата фамилија, градот. Минатата година исто прв стигнав“, вели Лотоски.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/540846689734302/?__xts__[0]=68.ARAYb5r8paeHD7LfG8Ga_uN8tjZFdLVsb_KbWzCMyGWxnrX4xWD7YSxxMNPQKdzcBQ-tdbghHYkfHREe6mb3eepeUVYMQjcc2Lu_CneV6D7WZP9kP8ouQi2vEPSGiunQWro13Q7hbox1Ixkre8Rrb53k2fTnY_gm-5Pin2J_f1eD-VLDMnK6dn_o6Hh_VhxN6Nxdb3PvsqO-nc7_Onj-fkyD3TQbHWOxYCv2cWBOMtGa1_huXaBFmALL4Ujp5gXP-p7Fd9nsBqPn1cLteX57cEr_xVO0i_kYGk4-QY-PLnG9PjLoDBFEmi0Eleu08-8xFsNaZ1FHkKC6g-9aVZXgexkj3W5GBbxI&__tn__=-RВо рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност.За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со 4 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 тима на спасители на вода во два спасителни чамци и 4 нуркачки тимови, како и со 7 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vodici-skopje-fakac-kst

ВИДЕО: Кристијан Нинески го фати крстот во Скопје

Дваесет и пет годишниот Кристијан Нинески го фати крстот во Скопје. Тој посака здравје среќа за сите, а во Вардар скока по шести пат.Сто и четириесет лица беа пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во реката Вардар, што се одржи во центарот на Скопје, по повод Богојавление – Водици.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2029062544054165/Спуштањето на крстот во водите на Вардар беше напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobr1

Делчевчанец фалсификувал документи за да добие кредит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.С.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа”, „употреба на исправа со невистинита содржина” и  „измама при добивање кредит или друга погодност”.Во јуни 2016 година пријавената изготвила фалсификуван купопродажен договор за патничко возило „Мерцедес“ наведувајќи дека во 2015 година возилото било купено од Република Италија од лице од Делчево, како повратник од странство, иако таа го купила возилото од правно лице од Република Бугарија.Ваквиот договор пријавената го употребила како вистински пред Бирото за метеорологија-Скопје и со поволни услови го регистрирала во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petardi-policija

Директор на училиште во Кратово набавувал производи без оглас, поднесена пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Д.(57) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 14.01.2013 година до 20.11.2017 година пријавениот, како директор на Општинското основно училиште „Кочо Рацин“- Кратово, не објавил јавен оглас и не постапувал во согласност со Законот за јавни набавки, при што без склучување на соодветен договор за училиштето набавувал стоки, производи и изведувал градежни работи и монтажа од ист вид со поголем број на правни лица.Исто така, без објавување на јавен оглас склучил два договори со физички лица за извршување на градежни работи. Со наведените дејствија била причинета материјална штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 1.289.737 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sase-politiko

„Доказ“: Протекоа фотографии-еве што се случувало меѓу Саше Политико и Марина, вмешан и градоначалникот на Аеродром?

Љубовен триаголник или нешто сосема друго? Зошто играле ножеви меѓу Саше Политико и неговата сопруга Марина?Порталот доказмакедонија.мк во сопственост на некогашниот партнер и другар на Саше Ивановски, синоќа објави фотографии од пораки, за кои тврди дека наводно се меѓу сопругата на Саше Ивановски, Марина и градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.Овие пораки во продолжение, во целост се преземени од порталот доказмакедонија.мк Извор: ВЕЧЕР

Македонија | пред 7 години

7 год.
vodici-skopje

ВО ЖИВО ОД СКОПЈЕ: Фрлање на светиот крст за Водици

Во живо од Скопје по повод празникот Водициhttps://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2029062544054165/

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

Пронајден штитеник на домот „Ранка Милановиќ“

На 18.01.2019 година во 14.30 часот во село Сопиште полициски службеници пронашле 17-годишен штитеник на домот „Ранка Милановиќ“, кој беше пријавен за исчезнат на 17.01.2019 година.Во 15.30 часот момчето било предадено на воспитувач од домот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-ilustracija

Пронајден затвореникот кој избегал од Идризово

На 18.01.2019 година во 17.00 часот во Полициската станица Гостивар, врз основа распишана потерница од Казнено поправната установа - Затвор Идризово, било  приведено лицето Л.Ф.(56) од село Форино, со живеалиште во Гостивар.Лицето е предадено на Казнено поправната установа – Затвор Идризово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka-1

Тешка сообаќајка во Скопје

На 18.01.2019 година околу 21.45 часот на крстосницата од  улиците „Борис  Трајковски“ и  „Трајко  Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.П.(46) од Скопје и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(71) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Д. и Н.Д.(67) од Скопје, сопатничката во возилото „Фиат Добло“. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.Возачот Д.П. и В.П.(42)  од Скопје, сопатничка во возилото „Фолксваген Пасат“, се здобиле со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возило излета од патот Кичево-Охрид

На 18.01.2019 година во 08.30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(44) од Скопје, излетало од патот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struga-krst-1

ВИДЕО: Стефан Митрески го фати крстот во Струга

Стефан Митрески е момчето кое го фати среќниот крст во Струга.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/440789753125933/ Спуштањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим беше во 11 часот од Чаршискиот мост, а го изврши митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.Пријавувањето на капачите беше утрото во 9 часот пред хотелот „Београд“.Среќниот фаќач Стефан Митрески на светиот крст ќе биде даруван со пригодни подароци од годинашниот кум на манифестацијата и спонзори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela

Двајца од напаѓачите на Села истепани, еден во бегство

Министерството за внатрешни работи неколку месеци го расчистува случајот со претепаниот осуденик Стојан Павлески, кој беше еден од осудените за напад на пратеникот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Павлевски бил претепан во октомври минатата година кај Зелен пазар и оттогаш се наоѓа на Клиниката за трауматологија, пишува ИРЛ.Од МВР тогаш било објавено кусо соопштение во дневниот билтен. „На 24.09.2018 од граѓани било пријавено дека на влезот од Зелен Пазар, во паркот лежеле две лица. Полициски службеници излегле на местото, а лицата со возило на Итна медицинска помош биле однесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. По преземените мерки било утврдено дека станува збор за лицата В.Т. (58) и С. Павлевски (52), двајцата од Скопје, стои во соопштението од МВР.Верица Митевска, сестрата на Павлески, за ИРЛ опишува како тој и негов пријател биле нападнати кај Зелен пазар во центарот на градот.„Двајцата биле претепани, случајни минувачи ги нашле како лежат на улица во бесознание. Минувачите случајот го пријавиле во полициската станица Беко. Полицијата дошла и брат ми и неговиот пријател биле пренесени со брза помош на клиника. Пријателот бил со скршена рака, додека на брат ми му била направена операција на носот, а исто така имал повреди и на главата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Трамп за денес најави “важно соопштение” за американскиот “shutdown”

Трамп синоќа најави дека денес ќе излезе со “важно соопштение” за американскиот “shutdown”, кој речиси цел месец делумно ја парализира федерална администрација.“Ќе имам важно соопштение за хуманитарната криза на нашата јужна граница утре попладне во 15:00 часот од  Белата куќа”, објави претседателот Доналд Трамп.Трамп и претседателката на Демократската партија во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, веќе неколку седмици не успеваат да се согласат околу буџетскиот ќор-сокак кој започна на 22 декември и има влијание врз околу 800.000 федерални вработени кои веќе не ја примаат платата.Во срцето на буџетскиот конфликт е ѕидот на Доналд Трамп што тој сака да се подигне на границата со Мексико, и за кој тој побара пари од буџетот  од 5,7 милијарди долари. Демократите упорно не попуштаат и не сакаат да го дадат нивното зелено светло за оваа намена. Изградбата на овој ѕид е едно од главните ветувања на Трамп.Во свечената изјава од 8 јануари од Овалната канцеларија, претседателот им рече на Американците дека им се обраќа “затоа што сме сведоци на зголемена хуманитарна и безбедносна криза на јужната граница”.

Свет | пред 7 години

7 год.
putin-odlikuvanje-vucic

(ВИДЕО) Како Дачиќ му ја пее „Каљинка“ на Путин

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ уште еднаш ги покажа своите пејачки способности.[embed]На рускиот претседател Владимир Путин кој беше во посета на Србија, му ги испеа руските песни „Каљинка“ и „Рјабинушка“.

Свет | пред 7 години

7 год.
fhdyqbr80ejy7mch1pie

Најмалку 21 загинати при експлозија на нафтовод во Мексико

При експлозија на нафтовод во централно Мексико загинаа најмалку 21 човек, а 71 се повредени.Според локалните власти несреќата се случила откако крадци ја пробиле цевката за да украдат гориво.Пожарот на нафтоводот се уште не е изгаснат.– Се уште има подрачје до кое не можеме да стигнеме и затоа претпоставуваме дека бројот на настраданите би можел да биде поголем, изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад.Поради кражба на гориво буџетот на Мексико минатата година беше оштетен за три милијарди долари.

Свет | пред 7 години

7 год.
dvoglav-orel1-e1455479808998

Двоглавиот орел – потекло и значење

Реакции во јавноста деновиве предизвикуваат фотографии и јавни истапувања на политичари Албанци кои со рацете го покажуваат знакот на двоглав орел. Тие што го покажуваат тврдат дека е без негативна конотација и оти е само знак на идентификација со нивната национална припадност. За оние што им пречи, пак, тоа е јавно и провокативно искажување на националистички и големодржавни претензии.Двоглавиот орел во различни варијации денес е симбол содржан на државните знамиња или на грбовите на повеќе земји: Албанија, Србија, Русија, Црна Гора, едноглав орел има и на знамињата на Австрија, Германија, Полска, Чешка, Романија… Се среќава и на многу христијански обележја особено на териториите што во минатотото биле под власт на Византиската империја.Потеклото на симболот што денеска најчесто се користи, сепак, датира многу подлабоко во историјата.Двоглавиот орел, според историчарите и хералдичарите, е древен соларен симбол. Најстариот познат двоглав орел се појавува на цилиндричен печат на сумерскиот град Лагаш околу 2500 пр.н.е. Потоа се јавува во древните цивилизаци на Хититите од Анатолија.Во словенската митологија орелот е божја птица, владетел на небесниот простор и заштитник од градоносните облаци. Орелот се јавува и во исламската традиција, каде што црниот стандард на Мухамед бил познат „знамето на орелот“ (иако тоа не прикажува орел, туку е целото црно).На овие простори двоглавиот орел се јавува како византиски амблем, симбол на моќта на „вселенското царство“ од времето на династијата Комнен. Ја претставува двојната власт на царот – световната и духовната, но и византиската царска надмоќ над Истокот и Западот. Едната глава го претставува Источното, а другата Западното Римско царство. Од Византија двоглавиот орел се проширува низ земјите кои биле под нејзино влијание, станувајќи многу застапен хералдички мотив и на државните и на црковнте власти. Двоглавиот орел денес е и еден од најпрепознатливите симболи на православието и како таков е присутен на многу сакрални предмети по црквите. Двоглавиот орел е симбол и на Вселенскиот патријарх во Цариград и се користи во црквите и манастирите под негова јурисдикција, како и на Света Гора, монашката република на Атос.Ромејски грбСпоред преданието неговите корени потекнуваат уште од самите почетоци на првото христијанско царство – Ромејското. Имено, кога светиот цар Константин Велики (306-337) ја обединил разединетата Римска империја и станал единствен нејзин господар, го вовел двоглавиот орел како симбол на единството – две глави (Истокот и Западот) во едно тело. Од времето на ромејскиот василевс (владаетел) Исак Комнен (1057-1059) двоглавиот орел се користи и како декоративен мотив на царскиот двор и на церемонијалните одежди на членови од царската фамилија. Овој знак го добива и своето друго значение – го симболизирал единството помеѓу црквата и државата, што делувала по принципот на симфонија, согласие помеѓу духовната и световната сфера во христијанското општество.По заземањето на Константинопол од страна на Латините (1204 г.), двоглавиот орел продолжил да се користи од земјите наследнички на Ромејското царство – Епир, Никеја и Трапезунт. Никејските владетели го користеле како ознака за источните и западните владенија на некогашната пространа империја, а кои владенија, сакале повторно да ги освојат. Со возобновувањето на Ромејското царство (1261 г.), со константинополскиот трон завладејува династијата на Палеолозите. Под влијание на западната хералдика, оваа царска фамилија го направила двоглавиот орел свој официјален грб, но тој се поистоветувал не само со династијата, туку и со целото царство. Притоа, орелот на Палеолозите бил со златно-жолта боја на порфирна позадина (тоа биле бои кои ја означувале царската власт). На средината од орелот била изобразена симпилема (династички монограм), а канџите на орелот биле слободни. Надвор од царската фамилија се употребувал црн орел на златна заднина (орелот бил црн – како сенка на владетелскиот златен орел).Во подоцнежните векови се појавиле неколку различни изобразенија на двоглавиот орел. Има претстави во кои орелот држи сфера со крст (како ознака на православната екумена) во едната од канџите и меч (симбол за победа и правда) во другата. Се среќаваат и претстави во кои орелот држи скиптар и крст, два меча, или пак, меч и сфера.Двоглавиот орел од Византија се раширил и во другите земји што духовно и културно се надградувале, црпејќи од неа. Русија го презела двоглавиот орел во времето на Великиот кнез Иван III (1462-1505). Откако кнезот Иван се оженил со византиската принцеза Софија Палеолог, се прогласил себе си за легитимен наследник на ромејските цареви. Московскиот двор бил преуреден по углед на византискиот царски двор; многу работи биле преземени од Византија, вклучително и двоглавиот орел.И Хабзбуршката монархија го прифатила двоглавиот орел од Ромејското царство, а тука се уште и Бугарија (го користела во врмето на царот Иван Александар (1331-1371)), Србија, Црна Гора.Ѓорѓи Кастриот, пак, во неговата борба против Османлиите, го зел двоглавиот орел како симбол на православната Византија и го направил свое востаничко знаме. Подоцна, тоа знаме, модифицирано и прилагодено за новосоздадената албанска држава, станало и официјално знаме на Албанија.Но, не биле само световните власти кои го преземале двоглавиот орел како државно обележје. Византија била теократска православна монархија, со устројство што претсавувало мирски (земски) образ на небесната хиерархија. Световното и духовното биле тесно поврзани и се надополнувале едно со друго. Оттаму, и двоглавиот орел се јавува како симбол на тоа двојство, но истовремено и на нивното единство. Па, затоа, тој нашироко се користи и во православната црква ширум светот, како еден од симболите на православието и православната држава. И црквите во Македонија не се исклучок од тоа. Кај нас, тукуречи, и да нема постара црква во која не се сретнува двоглавиот орел. Таква појава се и двата орли од Бигорскиот манастир. Тие денес се наоѓаат прилепени однадвор, на северо-западниот дел од северниот ѕид на манастирската црква.Oвие двоглави орли се изобразени во плиток рељеф на две мермерни плочи со правилна шестоаголна форма. И во двата на средината е извајана годината 1795. Наоколу на плочите стојат натписи во кои се споменуваат имињата на ктиторите на црквата: игуменот Тарасиј, архиѓаконот Стефан и папуџијата Велјан. Првобитно овие плочи се наоѓале внатре, во црквата – едната, во амвонот под големото кубе, а другата, под малата купола. Служеле за да ја означат годината на изградба или доградба на црквата (станува збор за постарата црквичка на чие место, подоцна, во времето на игуменот Митрофан, била изградена денешната голема црква). Обичај било кога ќе се изгради некоја црква, годината на изградба да биде впишана во плоча со двоглав орел. Овој симбол се користел од почит кон традиционално наследство на Ромејското царство. Ваквата постапка била практикувана при изградбата на повеќето храмови, без разлика во кое време и под чија јурисдикција биле изградени.Двоглавиот орел во АлбанијаНа територијата на Албанија двоглавиот орел се појавува во 15 век како симбол на семејството Кастриот, Јован – Ѓон Кастриот и Ѓерѓ – Ѓорѓи Скендербег. Амблем двоглав орел со шестокрака ѕвезда меѓу главите се гледа од печатот на документ испратен од Ѓорги (Ѓерѓ) Кастриот Скендербег до папата Пиј II во 1459 година.Црвеното знаме со двоглав црн орел како албански национален симбол почнува да го употребува Призренската лига во 1878 година. Како државно знаме, на предлог на Исмаил Ќемал, се воведува со декларацијата за независност донесена во Валона на 28 ноемри во 1912 година. Во времето на социјализмот и Енвер Хоџа, на државното знаме имаше петокрака, но по падот на комунистичкиот режим, Република Албанија во 1992 година ја острани, а го остави само двоглавиот орел.Во МакедонијаНа територијата на Македонија орелот се среќава на монети со Аминта трети во 4 век пне., потоа од времето на владењето на Римската империја. Орелот го има и на парите што ги ковал деспот Углеша, братот на кралот Волкашин, ктиторот на Марков манастир, а од 14 век станува чест мотив во црквите и манастирите. Двоглавиот орел станува и редовен дел од накитот на женската носија, обично како тока на која се поврзани низите со пари, но сепак најчестата употреба како симбол во Македонија е преку традицијата на православната црква.Двоглавиот орелот денес е симбол на две зедници во Македонија – на албанската и на српската. Во 2005 е донесен Законот за знамињата на заедниците во РМ со кој се дозволува употреба на знамињата кои тие ги избрале како симбол на својата заедница. Со законските дополнувања од 2011, знамињата на заедниците се истакнуваат заедно со државното знаме кое мора да е за третина поголемо од она на заедниците. Албанците и Србите во Македонија како свои симболи ги имаат избрано знамињата на Албанија односно на Србија.Извор: МИА/Македонско хералдичко здружение/Бигорски манастир

Македонија | пред 7 години

7 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори

Министерката за правда, Рената Дескоска, смета дека заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори. Таа е прв владин функционер што отворено се залага за ваква опција по барањето што го упати ВМРО-ДПМНЕ.„Јас искрено мислам дека треба да има, но тоа е прашање на крај на политичка одлука и анализа во рамките на органите, но јас ќе ја застапувам страната дека треба да се оди на парламентарни избори, заради тоа што одредени политики коишто реално ги промовиравме во изминатиот период и одредени прашања којшто ќе треба да ги решаваме, би било добро да бидеме со, на некој начин, почисти позиции во рамки на парламентот“ – рече Дескоска во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
htrrrr

Кекеновски: Указ со фуснота досега немало во нашата уставно-правна пракса

Во уставно правната пракса на Република Македонија како пред осамостојувањето така и по нашето осамостојување не е влезен во сила ниту еден закон кој не го содржи потписот на претседателот на Републиката. А објавување на закон со фус нота досега не е забележано во уставно-правната пракса на нашата држава, ја појаснува својата иницијатива пред Уставниот суд професорот Јове Кекеновски.Во своето дообјаснување професорот Кекеновски вели:„Две клучни прашања на поднесената Иницијатива за оцена на уставност на Законот за јазици.1. Дали е логично и правно издржано Законот за јазици да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (согласно амандман Х став 2), а во содржината на самиот Закон да се третираат прашања кои се регулираат со 2/3 од вкупниот број пратеници или прашања кои се регулираат со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство?2. Дали е дозволено со Законот за јазици кој е донесен 69 од вкупно 120 гласа да се проширува содржината односно рамката на амандманот V на Уставот на Република Македонија?На пример, во амандаманот XXV став 3 на Уставот на РМ се вели дека „видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и ПОСТАПКАТА ПРЕД НИВ, се уредуваат со закон, што се донесува со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници”. Во Законот за јазици, употребата на јазиците во судската постапка (мошне важен дел, сегмент на постапката), како и постапките пред другите државни органи (на пример пред обвинителството) да се регулира со Закон кој е усвоен со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (во конкретниот случај 69 од вкупно 120 гласови).Или да речеме за прашањата од локалната самоуправа кои се регулираат со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство (амандман XVI), сегементи од локалната самоуправа (во овој случај употребата на јазиците и други прашања) да се регулираат со Закон за јазици кој е усвоен со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (во конкретниот случај 69 од вкупно 120 гласови).Или поконкретно, дали е нормално и правно издржано амандманот V кој се изменува и дополнува со 2/3 мнозинство од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија (согласно амандман XVIII), неговата содржина односно неговите рамки да се прошируваат со Закон за јазици кој е усвоен со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (во конкретниот случај 69 од вкупно 120 пратеници).На крајот, за да еден закон биде уставно издржан истиот мора да ги содржи сите формални правни елементи кои го чинат прописот да биде уставен. Во уставно-правната пракса на Република Македонија како пред осамостојувањето така и по нашето осамостојување не е влезен во сила ниту еден закон кој не го содржи потписот на претседателот на Републиката.Само во неколку случаи (5-6) каде имало такви обиди истите никогаш не влегле во сила, а наместо нив се донесувале нови закони во нова законодавна процедура.Во одделни други случаи Уставниот суд редовно ги поништувал ваквите закони, поништувајќи ги дури и указите за нивно прогласување во ситуации кога тие укази биле потпишувани само од преседателот на Собранието на РМ односно кога претседателот на Собранието се потпишувал наместо претседателот на Републиката.А објавување на закон со фус нота досега не е забележано во уставно правната пракса на нашата држава!За другите наводи во Иницијативата нема потреба дополнително да дообјаснувам. Ќе си каже Уставниот суд во деновиве кои ни претстојат“, напиша на својот фејсбук профил Кекеновски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
clipboard01-620x350-1

Мицкоски за време на Водици зборува за промената на име, идентитет и други проблеми

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.Неговата честитка ја пренесуваме во целост: Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици.Славејќи го Исусовото крштевање го прославуваме нашето духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Со празнување на овој свет ден и празник се продолжува негувањето на нашата традиција и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество и дел од секој граѓанин.Мирот, среќата,  радоста, здравјето, добрината, хуманоста да надвладеат на овој ден и во текот на целата година кај секој граѓанин. Заедно да се стремиме да ја постигнеме нашата конечна цел за поуспешна Република Македонија во која ќе живеат задоволни граѓани. Овој ден да е поттик да го сочуваме она што го имаме, нашата татковина, нашето име, јазик, култура и идентитет, а со тоа да го зацврстиме единството и да продолжиме да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество.Денес нашата држава се соочува со тешки предизвици, со променето име, идентитет, со менување на карактерот на државата, со погазено достоинство, со економска сиромаштија. Сето ова мора да се смени. Поразите да бидат заменети со победи, исправени и обединети да ги смениме работите.Во духот на овој голем празник да го поттикнеме најдоброто од нас и искрено да  си посакаме во нашите срца да се всели мирот и  разбирањето.Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

Македонија | пред 7 години

7 год.
prasanja-zaev-angusev

Заев за Водици посакува за се очистиме од гревовите на алчноста и омразата

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црка – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, и до сите православни верници во Република Македонија во кое упатува желби големиот христијански празник на сите да им донесе изобилство од радост, здравје и успеси.„Празникот Богојавление - Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.Со крштевањето во осветените води, празникот не повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре.Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод празникот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања