Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
dijaspora-1

Потпишан Меморандум за соработка во областа на дијаспората

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска, оствари работна средба со претседателот на Претседателството на Турците во странство, г-дин Абдулах Ерен.На средбата, министерот Адеми изрази задоволство од високото ниво на соработката со Република Турција, и ги потврди традиционалните добри пријателски односи помеѓу двете држави. Ваквите средби и дополнително допринесуваат во одржувањето на интензивна комуникација и подобрување на севкупната соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција.Министерот Адеми, истакна дека македонските државјани од турско потекло и турските државјани по потекло од Република Македонија уште повеќе ги зајакнуваат пријателските односи на двете земји. Во таа насока, меѓу другото, министерот Адеми укажа на политиките на Владата на Република Македонија во градење на едно општество за сите, во која се посветува посебно значење за обезбедување правична застапеност на турската како и на другите етнички заедници на сите полиња.Министерот Адеми, информираше дека Република Македонија го прославува 21 декември, Денот на турски јазик во РМ, со што го потврдува меѓусебното почитување и разбирање помеѓу двете земји.Во врска со македонската дијаспора во Турција, министерот Адеми информираше дека истите се организирани во разни друштва и организации, кои преку разни активности и проекти придонесуваат во зачувување на културата, јазикот и обичаите, во Турција, и во едно се заблагодари на претседателот Ерен и на Владата на Република Турција за поддршката на овие асоцијации и организации.Претседателот на Турците во странство, г-дин Абдулах Ерен се заблагодари на приемот и пријателскиот пречек од страна на министерот Едмонд Адеми, и во едно ги поздрави и последните преземени активности на Владата на РМ во насока на европските и евроатлантските интеграции на земјата.Претседателот Ерен, на средбата, кратко информираше за дејностите и активностите на Претседателството на Турците во странство и сестринските заедници (YTB), потенцирајќи дека работата на истата е основена на неколку области, меѓу кои клучни активности се зајакнување на односите и соработката со турската дијаспора, зачувување на турскиот јазик и култура, соработка со сестрински заедници кои имаат културна и историска поврзаност со Република Турција како и програмата за стипендирање на меѓународни студенти, во моментот истите стипендираат студенти од над 150 земји од светот.Претседателот Ерен, меѓу другото информираше и за начинот како турската дијаспора е организирана и функционира.Во разговорите беа разменети мислења и заеднички предизвици со кои се соочуваат нашите земји во контакт на дијаспората, и во таа насока министерот Адеми и претседателот Ерен се договорија во наредниот период да се потпише Меморандум за соработка, со која би се размениле знаења и искуства и ќе се реализираат заеднички проекти во насока на зајакнување на нашите заеднички интереси во делот на дијаспората.

Македонија | пред 7 години

7 год.
angusev-111

Анѓушев: ФЕНИ е првата успешно решена стечајна постапка во Република Македонија

Успешно завршената стечајна постапка за комбинатот „ФЕНИ индустри“ од Кавадарци, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.„Јас пред сè можам да го искажам своето задоволство што конечно се растераа сите магли околу случајот и денеска ФЕНИ е прв успешно завршен стечај во Република Македонија, со целосно исплатени доверители, и пример за компанија која и во активен стечај продолжи да работи. Практично вчера или завчера, судот ја затвори стечајната постапка и се надевам дека ФЕНИ ќе има сериозен придонес во економијата на нашата земја. Новите сопственици најавуваат и отворање на втората линија којашто би го дуплирала производството во ФЕНИ, а тоа ќе значи и дуплирање на приходот на компанијата, односно на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени, а секако значи и значително учество во БДП на Република Македонија. Јас очекувам дека тоа ќе биде една стабилна компанија. Од тоа што јас го имам како информација, веќе од денеска просечните плати во Фени се над 500 евра, што е ветување на Владата кое практично таму почнува да функционира“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sostanok-ekstremizam

Донаторски состанокостанок на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  го одржа третиот донаторски состанок наменет за тековно информирање на организациите од невладиниот сектор и странските мисии во Република Македонија.Целта на Донаторскиот состанок беше споделување на информации и координација помеѓу донаторите - претставници на странските мисии и меѓународните организации во Република Македонија, од една, и организациите од невладиниот сектор кои работат на проекти поврзани со превенција од насилен екстремизам од друга страна.Замениците национални координатори за спречување насилен екстремизам, Џеладин Ајвази и за борба против тероризам, Златко Апостолоски ја искажаа потребата невладините организации пред донаторите да ги претстават нивните реализирани, тековни и идни проекти од областа на превенција од насилен екстремизам. Презентираните проекти од страна на НВО секторот се во согласност со планираните активности од Акциските планови и владините Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и за борба против тероризам.Претставниците на странските мисии имаа прилика да го претстават видот на проектите кои ги поддржале, постигнатите резултати и идните планови за поддршка наменета за овие области.Националниот комитет ќе продолжи со реализација на планираните стратешки активности во Акциските планови, а кои претставуваат приоритет за 2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prognoza-za-18-ti

Времето денеска облачно и магловито, на места со слаб дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, во Пелагонија со услови за замрзнат дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Прогнозата на метеоролозите за утре е дека ќе преовладува умерено облачно со услови за магла по котлините.Во наредниот период ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла, а повеќе сончеви периоди ќе има утре. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
heroin-111

Кај стружанец пронајден и одземен хероин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Б.П. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 28.07.2018 година околу 22.40 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило управувано од Д.У. (32) од Струга, при што кај пријавениот бил пронајден и одземен хероин.

Македонија | пред 7 години

7 год.
andonov

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов, попладнево имал сообраќајка - повредена една жена

На 17.01.2019 околу 15.45 часот на бул. АСНОМ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило Опел Астра со скопски регистерски таблици, управувано од О.А., инаку поранешен министер за внатрешни работи и патничко моторно возило Сеат со скопски регистерски таблици, управувано од А.М.До сега е пријавено едно повредено лице М.С., која е пренесена во ГОБ Св. Наум Охридски. Во тек е увид

Скопје | пред 7 години

7 год.
filipce-11

Новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, применета во Македонија

На пациент кој доживеал мозочен удар, поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим лекари невролози, анестезиолози и радиолози, спасен му е животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, која кај нас веќе станува практика.„Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете. Без примената на оваа нова метода пациент со ваков мозочен удар или ќе починеше или ќе останеше со трајни инвалидни последици. Голем успех за тимот лекари кои беа вклучени во овој, за нас иновативен пристап, но кој покажува многу добри резултати при состојби на акутен мозочен удар. Им честитам на колегите, а на пациентот му посакувам побргу да закрепне и да биде со семејството“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.Зафатот го изведе тим од лекари и медицински сестри од Универзитетските клиники за Неврологија д-р Анита Арсовска и д-р Бојан Бошковски, од Клиниката за Радиологија д-р Петар Јаневски, д-р Менка Лазарова и д-р Дејан Даскалов и од КАРИЛ анестезиологот д-р Азби Агуши.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицковски најави кривични пријави за Заев и Џафери

Извршен е атентат, Македонија веќе не е правна држава, ќе поднесеме кривични пријави за Заев и Џафери за Законот за двојазичност и претставка до Уставниот ,изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Мицкоски истакна дека коалициските партнери ја поддржале идејата за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и веднаш и неодложно распуштање на Собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebinja-srbija-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Дали мртви бебиња се чуваат во фрижидери низ цела Србија и служат за експерименти?

Можно е мртвите бебиња да има и во другите болници во Србија, да се складираат во фрижидери исто како во Краљево, вели Радиша Павловиќ, член на Републичката комисија за исчезнати бебиња, кој инсистираше на тоа дека овој ужас бил откриен денеска.- Имавме можност да погледнеме во болничкта евиденција денеска и да откриеме дека едно бебе не беше мртвородено. Она што се случило со тоа бебе, обвинителството и полицијата истражуваат, но јасно е дека не се родени сите бебиња во оваа болница. Тоа бебе е одземено од депонија, и оттогаш не е погребано. Недозволиво е дека бебињата, без оглед дали се мртвородени или умреле по раѓањето, да се чуваат во обични замрзнувачи! - нагласува Павловиќ.Тој се сомнева дека слични начини за починување на доенчиња се користат и во други породилишта во Србија, а она што било денеска откриено во Краљево, според него, треба да е сигнал до сите српски болници дека треба да се придржуваат кон законот, пред сè, Законот за погреб.Го замоливме обвинителот и полицијата да ги поканат сите мајки што ги родиле овие 13 деца, да потврдат дека се нивни и да одговорат напрашањата од директорот дека одбиле да ги земат своите деца. Не знам дали ова е точно, но според мое мислење, уште повеќе е шок ако родителите одбиле да го погребаат своето дете ", вели тој за Телеграф.Да потсетиме, телата на 13 бебиња беа откриени денес во болницата Студеница во Краљево, откако Радиша Павловиќ, активист за откривање на вистината за исчезнатите бебиња во Србија, доби предупредување за оваа ситуација.извор: курир.рс

Свет | пред 7 години

7 год.
putin-odlikuvanje-vucic

(ВИДЕО) Орденот „Александар Невски“ на градите на Вучиќ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Белград на претседателот Александар Вучиќ му го врачи орденот „Александар Невски".Путин од Палата Србија порача дека е среќен што го одликува претседателот на Србија со висока државна награда на Русија. Путин додаде дека орденот носи име на голем светец и покровител на дипломати кој се изборил за независност во борбата против странските освојувачи.„Во текот на речиси 300-годишна историја на награди запишани се славни имиња на претставници на Србија, меѓу кои се кнез Милош Обреновиќ и Никола Пашиќ. Сега во листата добитници е запишано и вашето име“, истакна рускиот претседател.За Вучиќ пак, како што кажа овој орден значи голема чест и одговорност во идното проширување на соработката меѓу Србија и Русија.„Горд сум на Србија која ја заслужи оваа награда. Србија во последниве години успешно ја чуваше својата независност, територијален интегритет и воена неутралност. Ова признание значи дека ја сочувавме Србија како слободна држава“, рече Вучиќ по доделувањето на орденот.Според Вучиќ , Путин „ја подигна и ја заштити Русија“, но и виталните интереси на српскиот народ.

Свет | пред 7 години

7 год.
putin-srbija

(ФОТО) Високиот гостин претседателот на Русија, Путин пристигна во Србија

Претседателот на руската федерација, Владимир Путин пристигна во официјална посета на Белград. На аеродромот „Никола Тесла“ го пречека неговиот домаќин, претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Авионот со претседателот на Руската федерација Владимир Путин слета на аеродромот Никола Тесла во придружба на шест српски воени авиони МИГ 29 . 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Хорор: Во Краљевска болница пронајдени 13 мртви бебиња во фрижидер

Курир.рс нeофицијално објави дека членови на комисијата за исчезнати бебиња, во фрижидер на општата болница во Краљево пронашла 13 мртви бебиња.Српскиот Курир најави подоцна повеќе информации за овој незапамтен хорор.

Свет | пред 7 години

7 год.
ojo-1

Истрага против пет лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истрага против пет лица – двајца македонски и тројца албански државјани. Постои основано сомневање дека лицата сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, неовластено заради продажба купувале и пренесувале наркотична дрога – марихуана. По претходен договор, македонските државјани изнајмиле возило со кое требало да се подигне дрогата. Откако била извршена исплата за пратката, еден од осомничените со изнајменото возило се упатил кон договореното место во близина на граничниот премин Блато. Според насоките, тој ги подигнал двете торби што биле оставени од други лица, а во кои била спакувана дрогата и се упатил кон Дебар каде требало повторно да се сретне со двајца од осомничените албански државјани. Движејќи се низ улиците на Дебар, осомничениот видел полициски пункт, го оставил изнајменото возило и влегол во такси возило со цел да продолжи кон договореното место за средба, но такси возилото било запрено од полициските службеници. Во присуство на осомничениот е извршен претрес на оставеното возило и е пронајдена дрогата со вкупна нето маса од 20,2 килограми.Ценејќи дека се исполнети законските основи, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите осомничени. Ваквиот предлог судот го прифати, па со Решение на петтемина осомничени им определи притвор во траење од 30 дена

пред 7 години

7 год.
anita_bezoska

Гувернерката на НБРМ на Форумот на „Еуромани“: Да се фокусираме на натамошно подобрување на фундаментите на економиите во регионот

„Сите ние како носители на политики во Централна и Источна Европа треба да се фокусираме на елиминирање на структурните пречки за зголемување на потенцијалниот економски раст на долг рок и да го забрзаме процесот на реална конвергенција“ – истакна гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусија за монетарна политика што се одржа вчера во рамки на 24. Форум на Централна и Источна Европа организиран од „Еуромани“.Во фокусот на панел-дискусијата беа изгледите за економскиот раст во регионот, импликациите од крајот на квантитативното олеснување во глобални рамки и дивергенцијата на каматните стапки во САД и Европа, протекционистичките трговски мерки и Брегзит. Гувернерката на НБРМ најпрво се осврна на изгледите за економски раст во регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), укажувајќи на тоа дека според проекциите на меѓународните финансиски институции, тие сѐ уште се релативно поволни, но се очекува помалку поволно глобално окружување во претстојниот период во услови на ризици коишто произлегуваат од трговските тензии, геополитичките случувања, како и помалку поволни услови на глобалните финансиски пазари. Притоа таа истакна дека стапката на раст кај најголем дел од економиите во регионот е близу до потенцијалната, што несомнено упатува на потребата од забрзување на структурните реформи со цел зголемување на нивниот потенцијал за раст. Исто така „спроведувањето на структурните реформи не само што ќе го зголеми потенцијалот за раст и не само што ќе ја намали ранливоста на економиите туку и ќе помогне за намалување на премиите за ризик, што ќе значи и поповолни услови за финансирање на економиите..“ – укажа, меѓу другото, гувернерката Ангеловска-Бежоска.На панел-дискусијата беа отворени и други прашања значајни како за економиите од регионот, така и за европската и светската економија, воопшто. Гувернерката на НБРМ активно дискутираше и за актуелните случувања поврзани со можното излегување на Велика Британија од Европската Унија, како и за прашањето за независноста на централните банки, на кое му беше посветено особено внимание на овој форум.Форумот на „Еуромани“, кој се одржа изминативе два дена во Виена, Австрија, несомнено е еден од водечките настани од областа на финансиите, на кој редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници. Поради тоа, важи за редок настан од таков формат, кој овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ – како на претставниците на институциите носители на политики, така и на претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и на инвеститорите. На годинешново издание на Форумот, учесник од Република Македонија беше и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски.Во рамки на своето учество на овој значаен настан, гувернерката Ангеловска-Бежоска оствари повеќе работни состаноци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
milenko-nedelkovski

Миленко: Дијаспората треба што побрзо да го набрка овој соработник на тајните служби

Миленко Неделковски објави статус на својот Фејсбук профил во кој вели дека нема поголемо национално предавство од ова на Тодор Петров и бара што побргу дијаспората да го набрка од СМК.“Нема поголемо национално предавство од ова на Тодор Петров. На ист начин, како иницијатор, што со безпотребен референдум дозволи да се озваничи територијалната поделба, така сега сака да ја уништи народната воља од 30- ти септември.Што побргу дијаспората го набрка од СМК овој соработник на полициските тајни служби, тоа поарно. Јане Ченто маченикот да дојде на негово место.Наместо ненародни и анти-државни референдуми да организира (нели е сомнително што режимот на Заев толку лесно и без пречки му дозволи да собира 150К потписи???), јавно нека излезе на прес конференција да каже како и кога ќе помогне браќата Југ, Горан и Јане да бидат пуптени од притвор? Или они на слобода, би бил огромен проблем за него“, напиша Миленко Неделковски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zemjodelci

МЗШВ: 718 понуди пристигнаа за јавниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари

Вкупно 718 понуди пристигнаа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за учество на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Рокот за поднесување на понуди заврши минатата недела, сега во тек е евалуација односно проверка на докумeнтацијата на понудите и во рок од 45 дена се очекува да се склучат договорите со оние земјоделци кои поднеле комплетна и уредна документација.Со овој јавен повик за разлика од огласите за давање под закуп на државно земјоделско земјиште, МЗШВ им овозможи на сите заинтересирани доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку подготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Преку ваквиот тип на јавен повик МЗШВ ја спроведува политиката на ставање во функција на целото расположливо земјоделско земјиште, особено на оние парцели што не се атрактивни и што се со понизок квалитет од 4,5,6,7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство. Воедно, со овој јавен повик се создаваат поволни услови, сите земјоделци кои веќе се занимаваат со земјоделство, оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да склучат договор со МЗШВ и да дојдат до земјиште.Јавниот повик беше наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Земјиштето за кое што ќе склучи договор треба да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.Овој процес се одвива паралелно и со континуирани јавни огласи за издавање на државно земјоделско земјиште и претставува една силна заложба на Владата и на МЗШВ, максимално да се зголеми обработената земјоделска површина во државата, а со тоа и вкупното земјоделско производство. Паралалено со јавниот повик течеше и огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, кој што меѓудругото е наменет за инвестиции во преработувачки капацитети, а за кој што рокот за поднесување на документација заврши денеска. Конечната бројка на пристигнати апликации за овој јавен оглас над 3 хектари ќе се знае следната недела бидејќи се очекува да пристигнат апликации и по пошта

Македонија | пред 7 години

7 год.
putin

Дмитриј Песков , шефот на руската држава вели кога Путин зборува замрзнува крвта во вените, но не открив дали претседaтелот пцуе

Претседателот на Русија Владимир Путин може некои работи да ги прокоментира така што на човек му „замрзнува крвта во вените“, рече портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти”. Тој притоа не сакаше да одговори на прашањето дали претседателот користи пцости, објави mk.rbth.com.Во текот на интервјуто новинарот потсети дека на последната седница на Советот за култура дошло до дискусија за тоа дали е дозволиво да се користат пцости во јавниот медиумски простор. Путин тогаш на шега предложи на самиот состанок да почнат да пцујат. Новинарот го интересираше дали претседател барем приватно некогаш пцуе.Песков изјави дека на тоа прашање нема да одговори.„Можам само да кажам дека, како и секој нормален маж тој, се разбира, може да го изрази својот негативен однос спрема некој човек или процес. И тоа така што ќе ви замрзне крвта во вените“, додаде Песков.Новинарот исто така истакна дека Путин има многу добро изграден говор, дури и кога настапува без подготовка, и праша дали некогаш имал некој учител по ораторство.„Доколку имал, тогаш јас тоа не го знам. Но, од друга страна, тука пред сѐ се работи за искуство: Путин често говори јавно, често води преговори... Не заборавајте го ни тоа дека тој се стекна со добро образование. Освен тоа, тоа е човек кој не престанува да учи. И не само тој, се разбира”, рече портпаролот.Текстот во целост: mk.rbth.com

Свет | пред 7 години

7 год.
pretepan

Прилепчанец ја претепал својата мајка

На 16 јануари оваа година околу 15 часот, во близина на специјалната болница „Св.Стефан“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Р. (39) врз неговата мајка И.П. (59), двајцата од Прилеп. На И.П. и била укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против А.Р. ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
monstrum

Судењето за „Монструм“ продолжи со прикажување на доказите обезбедени со посебни истражни мерки

Со внесување на исказите на родителите на жртвите и другите материјални докази во записник за главен претрес почна денешното рочиште за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година. Постапката продолжи со прикажување на доказите обезбедени со посебни истражни мерки при што, судијата Огнен Ставрев ја исклучи јавноста, објави МИА.За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.извор: МИА

пред 7 години

7 год.
Prodi

Светската награда за хуманизам ќе му се додели на Романо Проди

Романо Проди, поранешен премиер на Италија и претседател на Европската комисија, денеска и утре престојува во Македонија по повод врачувањето на Светската награда за хуманизам за 2019 година, што му ја додели Охридската академија на хуманизмот.Проди денеска во Скопје ќе има средба со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери, а утре во Охрид во Куќата на Уранија на МАНУ, свечено ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам.Романи Проди е тринаесетти добитник на ова признание со кое Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги награди нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира.

Македонија | пред 7 години

7 год.
poternica

(ФОТО) Напаѓачот на Села се бара со меѓународна потерница

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола Војминовски, МВР објави меѓународна потерница.МВР трага и по избаганите Горан Грујовски и Никола Бошковски на кои им се суди во Грција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: Четири сообраќајни незгоди за 24 часа во Скопје

Во текот на изминатиот ден (16.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, девет возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминање коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови два напади во Скопје од кучиња скитници

На 16.01.2019 година во 17.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Ц.(50) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот на улица „Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 16.01.2019 година во 14.40 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Д.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот на улица „15-ти Корпус“ бил каснат од куче скитник во пределот на ногата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pozar-1

МВР: Сопственикот на куќата која изгоре - под дејство на алкохол ја попречувал работата на пожарникарите

На 16.01.2019 година околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје избувнал пожар во куќата сопственост на О.Е.(62) од Скопје. Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром.Увид на местото ќе се врши во текот на денот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
granata-1

На стариот пат за село Батинци, пронајдена неексплодирана граната

На 16.01.2019 година во 19.45 часот во СВР Скопје, Н.Н.(35) од село Батинци, скопско, пријавил дека на стариот пат за село Батинци, каде што се врши дотур на земјиште, била пронајдена неексплодирана граната (најверојатно од Прва или Втора Светска Војна). Известена е Дирекција за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања