Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
kazani

(ФОТО) Eдно лице почина во сообраќајката на патот Ресен-Битола

Во тешката сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен - Битола, помеѓу патничко моторно возило Сеат кордоба со прилепски регистарски таблички и Пасат со ресенски регистарски таблички, животот го загуби едно лице.До несреќата дошло при судир кај местото викано Кажани, најверојатно поради претекнување на полна лента.

Македонија | пред 7 години

7 год.
turkis

Во Украина, авион на „Туркиш ерлајнс“ - излетал од писта

Инцидент на меѓународниот аеродром во украинскиот град Лавов, за среќа без жртви. Патнички авион на „Туркиш ерлајнс“ излетал од пистата додека се подготвуваше да полета кон Истанбул.Во соопштението од аеродромот се наведува дека ниту еден од 59-те патници и шестте членови на екипажот не се повредени во инцидентот.Поради инцидентот, кој се случи утрово во 8 часот и 30 минути, одложени се летовите кон Турција, Полска, Германија, Италија, Египет и Велика Британија.

Свет | пред 7 години

7 год.
ZOK_7213

(ФОТО) Прослава на Бадник пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ денеска /06.01.2019 година, недела/ се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник.Кум на годинешното одбележување на Бадник во Скопје е Љупче Николовски, бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, додека здравичар е Миливое Алексиевски, резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм денеска присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум.Градоначалникот Шилегов на присутните и на сите христијани од православна вероисповед им ги честита Бадник и божиќните празници, пожелувајќи им добро здравје и благосостојба.Со пригодна беседа пред скопјани денеска се обрати и Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан кој ја благослови погачата што беше поделена меѓу верниците.Традиционалното одбележување на Бадник пред Соборниот храм годинава се одржа по 27-ми пат.По завршувањето на средбата делегација на Одборот за прослава заминаа за Злокуќани во домот за стари лица, каде на лицата кои престојуваат во него им доделија пригодни подароци за Бадник.Народниот собир е во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бачев: Македонските попови вечер да фрлат анатема до седмо колено за оние што ги подржуваат уставните измени за бришење на Македонците

„Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божиќ ќе го дочекаме во слободна Македонија, а нашата должност како Македонци е да ги одбраниме светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македоснките попови имаат силна национална должност на вечерашните богослужби низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до оние кои ги подржуваат уставните измени за бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“, се вели во честитката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49937872_347243082793109_4280404148525989888_n

(ФОТО) 50 работници на ЈП „Комунална хигиена“ го расчистуваат снегот во Скопје

Во текот на денешниот ден, 50 работници на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со мултикултиватори го расчистуваат паднатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини, велат од ЈП „Комунална хигиена“.„Во целост беше расчистено централното градско подрачје, како и реонот околу Соборниот храм, а беше извршено и посолување на пешачките патеки и тротоарите на мостовите и на Старата чаршија.Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат и во текот на вечерните и ноќните часови, во зависност од временските прилики и состојбата на терен“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vakcini

Денес до 13 часот вакцинирани 11 деца

Во текот на денешниот ден, до 13:00 часот вакцинирани се 11 деца со МРП вакцина, или досега, вакцинирани се вкупно 1,069 деца. До овој момент, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).Се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тепачка пред угостителски објект во Битола

На 06.01.2019 година во 03,05 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека пред угостителски објект на ул. ,,Димитар Илиевски Мурато“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.Ѓ(39)од  Битола и Д.Л (23) од  Битола.По документирање на случајот, ќе бидат поднесени  прекршочни пријави по чл.11 ст.1 од ЗППЈРМ .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Физички нападната скопјанка од неколку лица

На 06.01.2019 во 00.10 часот Е.А(18) од Скопје, пријавил дека на ул. „Црвена Скопска општина“ физички бил нападнат од страна на неколку лица.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kazani

(ФОТО) Сообраќајка на патот Ресен-Битола: Маж, жена и деца тешко повредени

Пред малку се случи тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен - Битола, помеѓу патничко моторно возило Сеат кордоба со прилепски регистарски таблички и Пасат со ресенски регистарски таблички.Дознаваме дека четворицата патници кои биле во Пасатот - маж, жена и два деца се повредени, додека во кордобата возачот е со потешки повреди.Несреќата се случила на местото викако Казани. Неофицијално Кордобата претекнувала на полна линија.Сообраќајот е во прекин. Се уште нема пристигнато полиција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Исчезна 14-годишно девојче од Битола

На 05.01.2019 година во 16,05 часот во СВР-Битола, С. А. (49) од Битола  пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка А. М. (14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzaferi-talad

Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод Божик

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод Божик.„Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, на сите верници од православна исповед да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Божиќ и да Ви посакам празникот да го поминете во мир, спокој и благосостојба, во топлината на вашите домови, опкружени од вашите најмили, да ви посакам добро здравје, личен и колективен успех во животот, работата, бидете среќни и задоволни, со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли во умот, јасни пораки за соживот и взаемна почит помеѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба за Вас почитувани граѓани и за модерна и европска Република Македонија“, се вели во честитката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kire-lazarov-1

Кире Лазаров со пријателите од "Форца" однесоа поклони за дечињата на одделот за онкологија

Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата , посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо дебелко кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди. Меѓу сите тие добри дечиња тука некаде околу нас живеат и Давид, Фехми, Емир, Едон, Никола, Реис, Ана, Мерџан, Дилара.Тажно е што деновите им поминуваат на детската клиника на одделот за онкологија. Тие имаат помеѓу 2 и 13 години , секој со своја новогодишна желба, а нивните родители само една. Истата им ја посака и Кирил Лазаров и неговите пријатели од " Форца“, објави Факултети.мкПри посетата Лазаров им ги даде подароците кои беа нивни желби упатени до Дедо Мраз.Дел од дечињата беа заминати за празниците дома, нивните подароци од Кире и " Форца" медицинските сестри ги ставија под елката и ќе им ги дадат кога ќе се вратат во болница. Кире им посака на сите дечиња многу здравје и им вети повторна средба.извор: Факултети.мк

Магазин | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

Охриѓанка на куќна слава била физички нападната, ја удриле со шише

Ноќеска, во 03:40 часот по полноќ, во Полициската станица во Охрид, 25-годишната В.Н. од Охрид пријавила дека околу 03:00 часот, додека била на домашна прослава во домот на лицето Н.Л., била физички нападната од 23-годишниот С.К., кој ја удрил со шише.– Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMGP1383

Земните охриски ангелчиња ја пееја „Вечниот бог“, ја донесоа радосната вест

Со ѕвезди, ѕвончиња најмладите охриѓанчиња ја ширеа радосната вест за Христос. Годнава по шести пат се одржа Бадниковата поворка. Околу 500 дечиња од Охрид, Дебрца и Велгошти денеска ја пееја песната „Вечниот бог” од црквата Св.Ѓорѓиј,  движејќи се низ централното градско подрачје пристигнаа на  Градскиот плоштад каде беа пречекани и дарувани со пакетчиња од в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Потоа продолжија кон црквата „Света Богородица” во Каменско, каде со ручек ќе ја завршат поворката.-Традицијата и обичаите се дел од културата на секој народ, па така и на македонскиот. Денеска го прзануваме Бадник, ден пред Христовото раѓање. Овие дечиња кои со насмевка и со полни срца радост ни го најавија Христовото раѓање се синоним на традицијата и обичаите, изјави Георгиески.Од Организацискиот одбор  велат дека вложиле многу љубов во овој настан, кој од година во година е се помасовен.-После шест години години вложувајќи многу љубов во овој настан, годинава успеавме да го достигнеме рекодниот број од над 500 деца учесници. Се надеваме дека бројката ќе се зголемува од година во година. Што повеќе деца, толку поголема е радоста, истакна Летка Филиповска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
misel-2

Хуманоста треба да ја имаш во душата, семејството на адвокатот Наумоски израдува 20 семејства, им подели ваучери

„Сите треба да го почуствуваат празникот, Божик е голем празник. Душа ме боли кога гледам дека има семејства кои неможат да си дозволат ништо за овој ден“, раскажува познатиот адвокат Мишел Наумоски, кој традиционално и годинава се сети на помалку имошните.Хуманоста не се стекнува, треба да ја имаш од раѓање. Семејството Наумоски се едни од охридските семејства кои традиционално пред Божик, а во чест на нивната слава Св. Наум која се слави ден пред Бадник помагаат онаму каде што треба.Денеска поделија ваучери на 20 семејства. Адвокатот вели дека се обраќаат во црквата од каде добиваат список на семејства на кои им е итно потребна помош.„Помагаме онолку колку можеме, дај боже со оваа наша инцијатива, да потикнеме и други да се влучат во вакви акции“, вели адвокатот Наумоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
misel-2

(ВИДЕО) Хуманоста треба да ја имаш во душата, семејството на адвокатот Наумоски израдува 20 тина охридски семејства

„Сите треба да го почуствуваат празникот, Божик е голем празник. Душа ме боли кога гледам дека има семејства кои неможат да си дозволат ништо за овој ден“, раскажува познатиот адвокат Мишел Наумоски, кој традиционално и годинава се сети на помалку имотните.Хуманоста не се стекнува, треба да ја имаш од раѓање. Семејството Наумоски се едни од охридските семејства кои традиционално пред Божик, а во чест на нивната слава Св. Наум која се слави ден пред Бадник помагаат онаму каде што треба.Денеска поделија ваучери на 20 тина семејства. Адвокатот вели дека се обраќаат во црквата од каде добиваат список на семејства на кои им е итно потребна помош.„Помагаме онолку колку можеме, дај боже со оваа наша инцијатива, да потикнеме и други да се влучат во вакви акции“, вели адвокатот Наумоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oro-bugarija

(ВИДЕО) Различни обичаи за Бадник - Во Бугарија се заигра оро во замрзната река

Илјадници православни верници во Бугарија денес пливаат во ладните реки и езера по чесниот крст, пренесува агенцијата „Тајуг“. Облечени во свечена облека со традиционален вез во Бугарија од рано утрово се слави Богојавление или по тамошно Јордановден.Традиционаното „машко оро“ со тапани и песни се играше во студените и замрзнати води на реката Тунџа во Калофер Ова орово Калофер е уникатно и се игра само во градот повеќе од 100 години.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Охрид жена нападната од домашни кучиња на сограѓанин, нападнат и тој што и помогнал

Кучиња на охриѓанец тешко повредиле жена, а потоа и човек кој сакал да ѝ помогне.На улицата „7 ноември“ во Охрид, во попладневните часови на 05 јануари, 53-годишна охриѓанка била нападната од кучиња во сопственост на 38-годишен сограѓанин.„Притоа, друго лице се обидело да и помогне на жената, но и тоа било нападнато. Двете лица се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во Општата болница во Охрид“ изјави портапролот на СВР Стефан Димоски.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против сопственикот на кучињата кои биле од силна раса која може да биде исклучително опасна доколку агресивно се одгледува, ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pentagon

Трета оставка на висок функционер во Пентагон

Кевин Свини, шеф на персоналот на Пентагон, поднесе оставка само неколку недели откако од функцијата се повлече министерот за одбрана, Џим Матис.“По две години во Пентагон, решив дека е вистинско време да се вратам на приватниот сектор”, вели Свини, кој стапи на функцијата во јануари 2017 година.Американските медиуми објавуваат дека оставката на министерот Матис следуваше по ненадејната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги повлече сите војници од Сирија, како и половина од 14-тте илјади војници распоредени во Авганистан.

Свет | пред 7 години

7 год.
Georgievski

Божикна честитка од в.д градоначалникот на Охрид Георгиески

По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, в.д. градоначалникот Константин Георгиески до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби, за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет и празнувањето да го поминат во весела атмосфера.- Со сета своја големина и духовност што овој празник ги носи со себе, е како потсетник на христијанските вредности, на Божјите дела и човекољубието. Токму затоа, да ги отвориме нашите порти за светлината која ја носи овој голем христијански празник. Да бидеме верници и да правиме добри дела. Да се почитуваме меѓусебно и заедно да работиме за подобар град. Божиќ е празник на љубовта, на надежта и семејните вредности. Тоа е празник на радоста и достоинството. Да го празнуваме заедништвото со Бога и да се помолиме и во иднина Бог да биде со нас, со нашите верници и со нашите семејства. Нека христовата светлина ги осветли Вашите домови. Нека е за многу години големиот христијански празник – Божиќ.Христос се роди!

Македонија | пред 7 години

7 год.
Badnik1

Коледарчињата традиционално и во домот на претседателот Иванов

На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, денеска домот на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посетија децата од Центарот за едукација на македонски фолклор „МИТЕВИ" од Скопје, кои ја донесоа Божиќната литија и со песната „Вечниот Бог" го најавија Христовото раѓањеСопругата на македонскиот претседател, г-ѓа Маја Иванова, од името на семејството Иванови на сите православни христијани им посака да имаат благословена, тивка и света бадникова вечер.[caption id="attachment_19242" align="alignnone" width="640"]  [/caption]„Една голема мудрост вели дека секој од нас има лице од кое што треба да дава насмевки. Има усна од која што треба да изговори добри зборови, да прави добри дела и очи да ги види добрите работи кај луѓето околу нас. Или, како што рекол Св. Климент, веќе не само за овие празници, туку и секој ден треба да шириме насмевки, да кажуваме добри зборови, да правиме добри дела. Да се натпреваруваме во добрина" истакна г-ѓа Иванова и додаде дека честитајќи го Божиќ посакува Христовата светлина да влезе во секој христијански дом и да го осветлува патот на слогата, на радоста, на љубовта и на успесите.Сопругата на претседател на Република Македонија, г-ѓа Иванова, изјави дека семејните вредности и традиции и оваа година традиционално ги отвориле вратите на нивниот дом.[caption id="attachment_19243" align="alignnone" width="800"]  [/caption]„Среќа, радост, песна, насмевки од нашите денешни гости, денешните бадникари, кои со песната „Вечниот бог" ни го навестија Христовото раѓање, ни го навестија раѓањето на Богомладенецот", рече г-ѓа Маја Иванова.Децата учесници во бадникарските поворки ја пеат песната „Вечниот Бог" и носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Со божиќната каланда (песна) „Вечниот Бог" се објавува доаѓањето на Спасителот во тело. Песната е древна, води корени уште од некогашното Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи кои се негово духовно и цивилизациско наследство. Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на „Вечниот Бог" потекна од свештенството на МПЦ-ОА. Според Црквата, радува будењето на оваа стара православна традиција, која од година во година зафаќа се поголем број градови и повторно навлегува во нашето секојдневие.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vakcini

(ВИДЕО) Новата влада на Италија ММР вакцината ја прогласи за штетна, кај нас граѓаните се плашат од исправноста на вакцините и аутизам?

Италијанската влада ги смени сите членови на Советодавниот одбор за здравство откако утврди дека задолжителните детски вакцини (MMR/TDAP) го уништуваат имунитетот на било која од шесте болести!Министерот за здравство на Италија , Џулија Грило, ги отстранила сите 30 членови на Советот за повеќе здравје, во понеделникот, тврдејќи дека е време „да се има нов простор”, објавил Гардијан. Советот е најистакнато тело на техничко-научни експерти во земјата, кои ја советуваат владата за здравствената политика.Не можете да пронајдете легитимен MSM извештај за оваа тема. Наместо тоа, сите извештаи се за клевета, Италијанците ги нарекуваат глупави, назадни, “завера”, “против вистинската наука” …. Тие мора да го напишат тоа, бидејќи еугенските програми се едно од нивното најголемо богатство, со внимателно поставени, целосно компромитирани луѓе, кои со стравопочит од сите клучни позиции ги држат своите шепи на измамата и кои без никакви проблеми дозволуваат уништување на нашите деца. Италија прва го срушила целиот срам со вакцината. Италија не е Зимбабве или Хрватска, тие се очигледно првата земја во светот која зборува со авторитет.И во Македонја се крена голема прашина, откако министртвото за здравство кажа дека децата кои не примиле вакцина против морбили, нема да можат да одат во градинка и во училиште, и покрај тоа што образованието е задолжително во Р Македонија.Граѓаните својот револт за присилна вакцинација го изразуваат на социјалните мрежи каде постираат видеа ивештаи преку кои сакаат да ја докажат за штетноста на вакцините.На интернет има многу видеа преку кои се тврди дека штатноста на вкцините е признаена од судовите. Постираат и докази дека вакцината предизвикува аутизам.  

Коментари | пред 7 години

7 год.
prestrelka

Полицајци добиле пријава за семејно насилство, па биле физички нападнати

На 06.01.2019 година во 00 часот  при преземање на службени дејствија по пријавен настан „поплака и семејно насилство“ полициски службеник бил физички нападнат од Ј. О. (21) од Гостивар. Ј.О. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
puska

Маж погоден со куршум при лов

На 05.01.2019 година околу 11.00 од страна на лекар во Итна медицинска помош  во Демир Хисар пријавено е дека во Здравствениот дом во Демир Хисар донесен е М. Р. (54) од с.Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов.По негово кажување, со повредата се здобил во с.Обедник на место викано „Локва“ при испукување на куршум од ловна пушка од страна на С. Ѓ. (52)  од с.Обедник.Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar

Пожар во куќа во Скопје поради заборавен вклучен шпорет

На 05.01.2019 година околу 23.55 часот во Скопје на ул.“Ѓорги Поп Христов“ настанал пожар на првиот кат од куќата на С. С. (72).Според првичните наоди, најверојатно причина за пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната. Пожарот го забележале соседите од вториот кат Ф.M (20) и М. M(28), кои ја разбудиле и извадиле С.С. надвор.Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита во 00.20 часот. Заради вдишувањето поголемо количество чад, на Ф.М.и М.М.им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Мајка Тереза, по што се пуштени на домашно лекување.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања