Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
kosta-liturgija-1

Градоначалникот на Охрид Георгиевски на Божиќна литургија

На светатата архиерејска василева литургија, што по повод одбележувањето на Рождеството Христово Божиќ , утрово се одржа во црквата „Св.Георги“ во Горна влашка маала, присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Охрид Константин Георгиески. На литургијата, со која чиноначалствуваше Митрополитот на Дебарско- кичевската епархија г. Тимотеј, во присуство на бројни верници , беа упатени Божиќни пораки во духот на големиот празник на Христовото раѓање.Утре, на 8-ми јануари, втор ден Божиќ, Собор на Пресвета Богородица, света архиерејска златоустова литургија ќе има во црквата „Света Богородица“-Челница со почеток во 08:45 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
eksplozija-gasa-u-rusiji-5-830x0

Чудо за Божик: Од кома се разбуди бебето кое 35 часа беше под рушевини на -17 степени

Малиот Вања Фокин, десетмесечното бебенце кое во рушевините на зграда во Русија беше затрупано, околу 35 часа, се разбуди од кома и тоа на Божик.Руската министерка за здравје исјави дека Вања е добро. Бебето ги отворило очињата и прозборело што значи дека за среќа нема компликации.Малиот Вања преживеа експлозија на зграда и беше затрупан на -17 степени.Инаку несрќата се случи поради експлозија на гас, се руши зграда во Русија. Според податоците од Министерството за вонредни ситуации на Русија уништени се 26 станови во кои живееле 46 лица. Спасувачите предупредуваат дека се уште постои опасност од рушење и на други делови од зградата.Снимкава покажува како Вања беше извлечен од под рушевините.

Свет | пред 7 години

7 год.
y5Pk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURJN01EQV8vY2FlZTFhNWMzNjM0OTVjM2QyZjQyM2VkMzY1NjVkYmEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Шест лица го загубија животот поради лошите временски услови

Најмалку шест лица го загубија животот во Германија, Австрија и Швајцарија поради лошите временски услови, а властите предупредија дека постои ризик од лавина на северните Алпи.Германската полиција соопшти дека животот го загубил 44-гоодишен маж во Вакерберг кога врз него паднале гранки од дрво.Во Швајцарија жена била затрупана од снег минатата недела и починала од здобиените повреди, соопштија надлежните.Над илјада туристи останаа „заробени“ поради обилните врнежи од снег во скијачките центри на Алпите за време на викендот.Опасноста од лавина на поголем дел од планинските предели во Австрија е означена како висока. И покрај предупредувањата и ризиците, некои од скијачите се упатиле кон скијачките стази, па двајцата германски скијачи го изгубиле животот.Иако имале елеци кои се дуваат во случај на лавина со цел да се одржат на површината на снегот, тие не успеале да се спасат.

Свет | пред 7 години

7 год.
ambasada

Грчкото МНР го осуди нападот врз Американската амбасада во Атина

Нападот врз американската Амбасада не може да ги повреди силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и односи Грција- САД, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во за денешниот напад со боја врз американската амбасада во Атина од членови на анархистичката група „Рубикон“, јави дописничката на МИА од Атина.– Го осудуваме фрлањето боја од членови на анархистичка група во дворот на Амбасадата на САД, што предизвика материјална штета. Ваквите активности не може да ги повредат силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и стратешкиот однос Грција – САД, што се зајакнува во особено клучен период за нашата земја и регионот, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека надлежните власти ги преземаат сите неопходни чекори за сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.Преку неговиот официјален Твитер профил реагираше и амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, кој го осуди „бесмислениот вандализам на амбасадата“ и ѝ се заблагодари на грчката полиција за брзата реакција.МИАфото: 1 ТВ

Свет | пред 7 години

7 год.
senator-pozar1

Пожар во казино во центарот на Скопје

Спој во електричната инсталација, причина за пожар во казино во центарот на Скопје. Спојот се случил во моментите кога слот апаратите биле вклучени, јавува Сител.Од пламенот биле зафатени биле два монитори од слот апаратите кои биле поставени во казиното.Со две противпожарни возила и 5 пожарникари во гасењето на пожарот интервенирале од противпожарната бригада на Град Скопје. Констатирана е мала материјална штета.

Скопје | пред 7 години

7 год.
6-1

Владини претставници присуствуваа на света божествена литургија по повод Божик

Владина делегација предводена од Заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката за правда, Рената Дескоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски, присуствуваше на централната свечена божествена литургија во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, по повод празникот Христово раѓање – Божик.Утрово, Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со директорот на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарио Сотировски, присуствуваше на Божикна литургија во соборниот храм "Св. Богородица" во Гостивар, додека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски присуствуваше на литургија во црквата “Свети Димитрија” во Крива Паланка, по повод празникот Христово раѓање – Божик.Со присуството на своја делегација и претставници на овој свечен празничен чин, Владата на Република Македонија се придружува на прославувањето на Христовото раѓање заедно со сите православни христијани и упатува честитки по повод празникот Божик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шок за православните верници: Патријархот Вартоломеј го потпишал документот од кој сите стравуваа

Само ден пред Божик, Цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпиша декретот со кој се дава автокефалност на Украинската црква. Со ова тој го означи нејзиното отцепување од Руската православна црква.Патријарховиот указ, познат како Томос, му е предаден на митрополитот Епифани, кој е на чело на оваа црква.Денес на Божик во Киев, главниот град на Украина, поради ова ќе биде одржана голема прослава.Цариградскиот патријарх кој го сметаат „прв меѓу еднаквите“, во православниот свет, истакна дека Украинците 7 века го чекале овој момент, и дека сега конечно можат да уживаат во овој подарок.Томосот е потпишан во присуство на украинскиот претседател Порошенко и митролопитот Епифанија, кои за овој чин допатуваа во Истанбул.Порошенко, кој на власт дојде после пучот во 2014 год, започна да бара независност на Украинската Црква уште во својата предизборна кампања.Руската православна црква овој чин и отцепување го нарече „незаконско по канонските закони“со предупредување дека ова би можело да има разорен ефект помеѓу вековните врски на Москва и Киев.Одлуката на Вартоломеј ја оспоруваат други праволавни цркви.

Свет | пред 7 години

7 год.
ambasada

Анархистите Рубикон ја обоија Американската амбасада во Атина - притворени осум лица

Грчката полиција притвори осум лица поради сомневање дека ноќеска фрлиле канта со црвена боја на влезот на паркингот на Американската амбасада во Атина.Според полицијата десетина лица на мотори, ноќеска околу 3 часот и 30 минути по локално време, фрлиле црвена боја, а за инцидентот одговорност презела анархистичката група Рубикон.Според нив пак, инцидентот го направиле поради „американскиот империјализам“ и договорот на Грција со Македонија во замена за членството на Македонија во НАТО, како и поради неодамнешната американска одлука да се повлече војската од Сирија.Анархистите Рубикон слични инциденти организираа и претходно.фото: 1тв

Свет | пред 7 години

7 год.
ivanov-bozik

Иванов: „Да се потсетиме дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме“

„Празниците не се само за празнување, туку и за потсетување, да не потсетат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите, да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме, затоа да си ја чуваме, почитуваме и сакаме Република Македонија“, иатакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.Претседателот со семејството утрово присуствуваше на архиерејската литургија по повод Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски" во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bozik

Христос се роди! Честит Божик

Со свети архиерејски литургии утрово започна славењето на големиот православен празник Рождество Христово – Божик.Православните верници не само што ја продолжуваат преку 20 вековната традиција на една од првите нации кои се со верата на Христос, туку уште еднаш со радост го слават спасоносниот настан – доаѓањето на Бога како човек на земјата.Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот поздрав – Христос се роди!Божик е празник кој се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Светлината и гласот на ангелите се првите вести кои ги виделе и слушнале пастирите за раѓањето на Спасителот. Во црквата овој празник почнал да се празнува кон крајот на третиот век.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Приведени две лица поради кражба

На 06.01.2019 година во 11,30 часот во Скопје на булеварот „Партизански одреди“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“ по чл.235 од КЗ на РМ, приведени биле А.М.Д.(32) и Е.С.К.(28), двете од Р.Бугарија.Лицата биле задржани во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ezero

Студено божиќно утро- замрзна дел од Охридското Езеро

Ниските температури кои ја зафатија земјава, придонесоа да се замрзнат и краевите од водата на Охридското езеро, на самиот кеј. Фотографијата е направена пред каналот Студенчишта на самиот кеј, делот кај трската каде што се мрести крапот.Во моментов во Охрид температурата е -4 степени.Сепак ова не е прв пат да се замрзни водата на кејот, на охриѓани многу свежи им се сеќавањата од овој период 2017 год, кога голем дел кејот беше замрзнат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Turska

Брод кој пловел под панамско знаме потона во близина на турскиот брег, се трага по патниците

Брод кој пловел под панамско знаме потона во близина на градот Самсун во Турција. Според Министерството за внатрешни работи на Турција, започната е операција за спасување, откако бродот упатил сигнал за помош.Според Министерството за внатрешни работи на Турција, започната е операција за спасување, откако бродот упатил сигнал за помош.До моментов спасени се најмалку четири члена на екипажот, по останатите трагаат тимовите за спасување.Засега не е познато колку членови на екипажот биле на бродот, ниту, пак, причината за несреќата.

Свет | пред 7 години

7 год.
zelen-karton

Две лица со факслификувана зелена карта се обиделе да поминат граница

На 06.01.2019 година во 09,30 часот на Граничниот премин „Богородица“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“ (зелена карта) приведен бил О.Х.(58) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило “Ивеко“ со турски национални ознаки со полуприколка „Макинсан“. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.На 06.01.2019 година во 18,00 часот на Граничниот премин “Богородица“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“ (зелена карта) приведен бил Ц.М.(43) од Р.Турција кој управувал товарно моторно возило “Ивеко“ со турски национални ознаки со полуприколка “Тирсан“. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Возило излетало од патот Скопје-ХЕЦ Козјак

На 06.01.2019 година во 12,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во атарот на с.Варвара, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(54) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело.Д.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
kazani

(ФОТО) Детали за вчерашната сообраќајка на патот Битола-Ресен

На 06.01.2019 година во 16,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од с.Дрмени-ресенско.На местото на настанот починал Љ.П. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од с.Дрмени-ресенско, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП: Во 2019 година ќе се развива услугата за одмена на семејна грижа

Унапредување на правата и овозможување подобри услови за лицата со попреченост беше и останува приоритет на Министерството за труд и социјална политика и следната година. Со новиот Закон за социјална заштита се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50% од просечна нето плата.Како подршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост се зголемува износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воедно се воведува и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.Во 2019 година ќе се развива услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, што е исто така дел од новиот Закон за социјална заштита. Исто така започна воведувањето на образовните и личните асистенти во настава кои им овозможуваат поддршка на децата со попреченост во образовниот процес. Преку активните мерки за вработување од 1 октомври 2017, па се до 1 јуни 2018 беа ангажирани вкупно 140 образовни асистенти во 18 општини во државата. Во новата учебна година 2018/2019, овој број е зголемен со учество на 34 општини и 300 асистенти во настава.Во 2018 година се направени првите чекори за воспоставување индивидуализирани социјални услуги во заедницата - за првпат во земјата се воведе услугата персонална асистенција, финансирана од Буџетот на МТСП. По завршувањето на подготовките, вклучувајќи обука на идните персонални асистенти вкупно 69 лица во 7 општини добија можност да ја користат услугата лична асистенција во следните општини. За следната 2019 година се предвидува 200 лица со попреченост од целата земја да ја користат оваа услуга, вклучувајќи ги лицата со интелектуална попреченост.Изминатата година отворени се и неколку нови Дневни центри. Конкретно Дневни центри за деца со церебрална парализа во Прилеп и Скопје, Дневни центри за деца со попреченост во Велес, Кочани, Македонска Каменица, Центар за продолжен престој на деца со попреченост – Куманово, а во завршна фаза е отворањето на Центар за престој и рехабилитација на деца со даунов синдром во Скопје. Завршени се градежните работи за реновирање и адаптација на Центар за рехабилитација на лица со попреченост во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје и комплетно е реновиран дневниот центар кои функционира во рамките на установата.Владата на Република Македонија изминатата година ја усвои Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, кој предвидува 66 милиони евра за 10 годишна реформа на системот за социјална заштита. Во рамки на овој процес сите деца под 18 години беа изнесени од СЗ Демир Капија и сместени во мали групни домови до крајот на 2018 година.Во  соработка со УНДП, УНИЦЕФ, УНФПА започнат е проект за трансформација на Заводот за рехабилитација на лица со телесна попреченост Бања Банско Струмица, за што се веќе подготвени 17 лични планови за дел од сместените корисници.Сите овие новини значително ќе ги зголемат правата на лицата со попречност, ќе се зголеми обемот на услуги до коишто истите ќе имаат пристап, ќе се преземат сериозни активности и ќе се вложат зголемени финансиски средства во индивидуалните услуги кои ќе овозможат независен и живот на лицата во нивното место на живеење и нивно поголемо социјално вклучување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vojska-gabona-620x350

Војската во Габон изврши пуч, велат дека ќе ја обноват демократијата

Војската во западноафриканската држава Габон објави дека ја преземала власта откако иста фамилија владееше со оваа земја 50 години.Војската тврди дека на овој начин ќе ја „ообнови демократијата“.Војниците ја преземале контролата над националната радио-фрекфенција денес во раните утрински часови со цел во етерот да прочитаат кратка изјава во која се прогласува новата „Верчер на национална обнова“.Претседателот Али Габон на функцијата е од 2009 година, но пред два месеци претрпе мозочен удат и оттогаш е надвор од земјата.За Нова година тој имаше свое видео обраќање пред јавноста, во кое изјави дека се чувствува добро.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најмногу снег во Маврово, најладно во Берово

Снежната покривка во Маврово достигна 65 сантиметри, во Крушево 30 Крушево, 27 во Битола, 24 во Тополчани, 12 во Ѓуриште, 11 во Пожаране и Лазарополе, и 10 сантиметри во Демир Капија и во Берово.Во текот на изминатата ноќ најниска температура е регистрирана во Берово – 14 степени, во Битола, Лазарополе и Струмица – 12 степени, -11 во Прилеп и Маврово, -10 Крушево, -8 Крива Паланка, -7 во Демир Капија, -6 во Претор, -5 во Охрид, -4 во Тетово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

Заев: Божик нека ни биде еден ден од многубројните што годинава ќе бидат исполнети со радост и со новата надеж за подобро утре

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во писмото со честитки по повод празникот Божик – Христово раѓање упатено до сите припадници на православната вероисповед, потсетува дека овој голем празник не повикува да го чествуваме не само заради историјата, а уште помалку, и најмалку заради обичаите, туку како празник потсетник да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање којашто не исполнува во овие свечени денови.„Исполнети со таа радост да си посакаме сите еден на друг од срцата да извадиме сѐ што е непотребно, сѐ што е пречка за личен мир, за спокоен дух, за да можеме истото да им го подадеме на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро.Денешниот празник, Божик – Рождество Христово, нека ни биде еден ден од многубројните што годинава ќе бидат исполнети со радост на патот на новата надеж за подобро утре за секој човек, во секој дом.Таа надеж и желба за подобро утре да ја пренесеме и во нашиот заеднички дом, општеството, за да го изградиме како похумано и поправедно, со просперитетна иднина за сите“, пишува во писмото со честитки по повод празникот Божик - Рождество Христово, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Убиен Џамал ал Бадави, организирал напад на американски брод

Војската на САД соопшти дека во Јемен е убиен екстремистот Џамал ал Бадави за кој се веруваше дека бил еден од организаторите на бомбашкиот напад во 2000 година.Во овој напад на брод кој пренесувал ракети животот го загубиле 17 лица, а ранети биле 39 американски морнари. Одговорноста за акцијата превзема Ал Каида.https://twitter.com/HLSChairman/status/1081941424784822273?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081941424784822273&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3021706-likvidiran-organizator-napada-u-kome-je-ubijeno-17-i-ranjeno-39-americkih-mornara-fotoРојтерс пренесува дека американската војска на Твитер објавила дека Ал Бадави е убиен на 1 јануари во нападот на јеменската покраина Мариб.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Како Путин и Медведев го дочекаа Божик

Претседателот на Русија, Владимир Путин присуствуваше на божикната богослужба во Црквата Преображение во Санкт Петербург.На Божикната литургија во Храмот Исус Христос Спасителот во Москва присуствуваше премиерот Димитриј Медведев.Традиционално Путин за Божик не е во Москва, додека за Велигден секогаш присуствува во московскиот Храм Исус Христос Спасителот.

Свет | пред 7 години

7 год.
49343485_234656194113582_8744810236520431616_n

Од утре нов студен бран, во среда силни врнежи од снег

Денес не очекува променливо облачно и студено време, претпладне со слаб локален снег претежно на северот и во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен во северните делови, а на југоистокот ќе биде со почести сончеви периоди. Минималната темепратура на целата територија на државата ќе се спушти под нулата, а во некои делови ќе достигне и до -16 степени.Во Скопје времето ќе биде облачно, а претпладе се очекуваат врнежи од снег.Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда преку денот, но наутро ќе е студено.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48372034_10210501433691358_8811544708221239296_o

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на планинскиот превој Плетвар, на Попова Шапка, Кула и на патниот правец Делчево – г.п. Делчево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во 07.30 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cvet-Bora

(ФОТО) Во Сибир процвета дрвото БОРА кое расцветува еднаш на 100 години

Дрвото Бора расцвета пред две години.  Значајно за ова дрво е тоа што жарко црвените цветови од ова дрво можат да се видат еднаш во 100 години.Уживајте ...https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1842062669387204&id=100007504658278

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања