Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
almir

Апелација пресече - случајот за 4 годишниот Алмир повторно на судење

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ.Адвокатите сè уште не ја знаат причината за укинување на случајот, бидејќи се уште не ја добиле одлуката.– Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме зошто судењето е поништено. Бидејќи предметот се враќа во Основниот суд во Куманово, Судот е должен да закаже седница за главната расправа – вели Алиспахиќ за „Порталб.мк“.Според законските одредби, објаснува адвокатот Алиспахиќ, определениот притвор за првообвинетиот, Бобан Илиќ, во моментот кога е укинат случајот, се укинува и притворот за истиот, што значи дека Илиќ ќе се брани во слобода, но ќе има мерки за претпазливост.Во јули 2016 година Алмир, беше прегазен со возило од Илиќ, бидејќи претходно таткото на детето и Илиќ имале банална караница во амбуланта.

пред 7 години

7 год.
zaev-kasami

Ќе се откаже ли Заев од зборот „македонски народ“од преамбулата и „македонско“ од државјанството , за Касами да гласа за Северна мкд?

Продолжуваат разговорите на Владата со претстваниците од опозициската БЕСА од албанскиот блок за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. На денешниот состанок на работната група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од „Беса”, треба да бидат разгледани детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.Ова е втора средба со претставници на БЕСА по онаа во петокот на претседателот на опозициската партија, Билал Касами со премиерот Зоран Заев. На таа средба Касами од премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството (да остане само граѓанин на Северна Македонија), а втор официјален јазик на цела територија на Македонија биде албански.Овие се барања и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Претходно, кога Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да се шири Пандорината кутија, со тоа, тврдеше дека нема други промени во Уставот освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа. Касами на пресс-конференција пред неколку месеци, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Устсавни промени, туку реални барања за правата на Албанците.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr1

Сообраќајна несреќа за Божик, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди

На 07.01..2019 година во 12,30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Морани-с.Орешани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фиат пунто“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(26) од од с.Зелениково-скопско, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од В.T.(48) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.К., а со телесни повреди се здобила В.Т. и сопатничката од возилото “Фиат пунто“ А.С.(35) од Скопје, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
blace

Лице без документи сакало да влезе во земјава

На 07.01.2019 година во 16,15 часот на Граничниот премин-Долно Блаце на влез во Р.Македонија по извршена царинска контрола во багажниот простор на патничко моторно возило „Mерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С.(23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л.(19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи. Од извршениот разговор лицето изјавило дека е К.С. (20) од Косово.Лицата биле приведени за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: За време на празниците во Скопје - 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (04, 05, 06 и 07.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 11 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 17 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 139 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 69 возачи од кои: 23 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 35 возила бидејќи 34 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 16 поради непоседување пропишана зимска опрема,, тројца поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и пет пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Издадени се 211 мандатни платни налози и 130 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
lavina-avstrija

Лавините во Австрија досега одедоа 10 животи, има и исчезнати

Најмалку 10 лица досега го загубија животот во лавини во Австрија, има и исчезнати по кои трагаат спсувачите. Над илјада лица и натаму се отсечени во австриските Алпи. Тамошните медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на девојката и момче по кои се трагаше од неделата.Според Австриските медиум , поради гоемите лавини и потрагата по исчезнатите е многу опасна.Прогнозите се дека допрва се очекува нова количина на снег каква се гледа еднаш во 10 години.

Свет | пред 7 години

7 год.
peking-deca

Во Пекинг 20 ученици избодени во основно училиште

Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе денеска во Пекинг, соопштија кинеските власти. Повредените ученици се префрлени во болница, а меѓу нив се и тројца кои се во тешка здравствена состојба, но не се животно загрозени.Мажот, инаку вработен во училиштето утрово е уапсен .Нападот се случил во 11.15 часот по локално време.

Свет | пред 7 години

7 год.
korca

Српско-црногорската заедница во Албанија бара 7 јануари да биде за државен празник

Српско-црногорската заедница во Албанија,повторно побара од албанските власти 7 јануари Божик да биде прогласен за државен празник. Оваа заедница Христовото раѓање го слави според јулијанскиот календар.-Продолжуваме со напорите овој ден да биде неработен ден за регоните каде што живеат православни Срби, Црногорци и Македонци кои Божик го слават на седми јануари, а зошто да не биде и државен празник. Албанија е земја со многу национални празници, па дури и празници за обични работи, изјави Павло Јанко, претседател на српско-црогорското здружение „Розафа-Морача“.Верниците од српска и црногорска националаност по традиција Хрстовото раѓање го дочекаа во црквата „Св. Троица“ во селото Врака во Голема Малесија, кај Скадар, област населена главно со припадници на овие две етнички заедници.Со свечената литургија чиноначалствуваше отец Предраг Сепановиќ делегиран од Црногорската православна црква.Според здруженито „Розафа-Морача“ во Албаноја, главно во северниот дел, живеат над 40 илјади Срби и Црногорци.

Свет | пред 7 години

7 год.
bansko-2

Премиерот и сопругата за Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, денеска по повод празникот Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.Премиерот Заев, традиционално веќе втора деценија, за новогодишните и божикните празници се дружи со штитениците пренесувајќи им пораки за радост, за поддршка и за подобро утре за секој од нив во рамки на заедничкото општество.Низ разговорот, премиерот Заев потенцираше дека грижата и поддршката од институциите за ранливите индивидуи и заедници е еден од најважните приоритети на Владата на Република Македонија, a унапредувањето на правата за лицата со попреченост особено доаѓа до израз во 2019 година со новиот Закон за социјална заштита.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Крстевски: Човекот кој не се надева дека ќе биде подобро, многу побавно напредува и со повеќе борба ги остварува целите

Човекот кој не се надева дека ќе биде подобро, многу побавно напредува и со повеќе борба ги остварува целите, бидејќи не верува во потенцијалите на сопствената личност, пишува Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Во животот клучна е надежта, но, не зависи сé од надежта, туку зависи и од визијата, од позитивните активности и од стремежот да го реализираме тоа што го посакуваме. Без оглед на ограничувањата со кои се соочуваме, битно е афирмативно да размислуваме, да се надеваме и да осознаеме дека нештата зависат од нашите активности, од добрата мисла и од позитивната визија. Сепак, ако правиме разлика помеѓу надежта и визијата, ќе утврдиме дека визијата е многу позначајна од надежта.Имањето визија е знак дека знаеме што треба да направиме – таа е стремеж кон иднината и во корелација со иницијативноста, претставува главен патоказ за остварување на целите. Визијата е неопходна и во љубовните односи, зашто кога знаеме што сакаме, тогаш многу полесно ќе го оствариме тоа што го сакаме.Надежта е очекување дека Бог или судбината ќе помогнат позитивните нешта да се случат, дека ќе постигнеме успех или можеби ќе добиеме помош од другите.Надежта е верување дека ќе биде подобро, а визијата е знаење како да биде подобро.Недостигот на визија е како одење низ магла, без ориентир и сознание дали патот по кој се движиме е втемелен врз здрави и сигурни основи. Впрочем, доколку не преземаме акција за промена на нештата во животот, ниту надежта, ниту визијата нема да ни донесат позитивни остварувања.Многу од луѓето се научени на конформизам – удобно да седат и сé што посакуваат, автоматски да им биде реализирано. Овие поединци треба да разберат дека без активност и иницијатива, ништо добро не може да се оствари.Денес најбитни се корисно потрошеното време, информацијата и знаењето – тие на човекот му налагаат конструктивно и продуктивно да располага со сопствените рационални ресурси. Во структурата на луѓето е да стекнуваат информации и да даваат информации, со цел знаењето да вроди со плод и да им донесе успех и хармонични односи со другите. Секој од нас е должен постојано да акумулира знаење, да има визија, да ги проширува своите ментални капацитети и позитивно да ги пренесува своите информации. Затоа, треба да поседуваме корисни информации, но и да внимаваме кон што и кон кого ја насочуваме целокупната своја енергија. Притоа, од исклучителна важност е своето знаење да го искажеме во област што ќе ни донесе успех, односно својата информација да ја пренесеме на лица кои умеат соодветно да ја примат и разберат. Секој разумен и практичен човек треба да ја има на ум поуката од Новиот завет: “Бисерите не треба да се фрлаат пред свињите”.Сепак, од голема важност е да умееме да правиме разлика помеѓу знаење и мудрост. Имено, може да имаме разни знаења, но тие знаења можеби се само вештини за извршување одредени професионални задачи. Мудрост е кога умееме стекнатите знаења да ги оплодуваме низ животот, односно да се снаоѓаме во критични ситуации; да наоѓаме решенија за проблемите; да пронајдеме визија како да дејствуваме; умно да постапуваме кога ќе бидеме испровоцирани; да не се изместуваме поради лошите луѓе и ситуации итн. Ако живееме според начелата на мудроста, тогаш колку и да ни е тежок животот, ќе пронајдеме решение и полека, но сигурно ќе ги воспоставиме успехот и реализацијата. Затоа, мошне значајно е да ги осознаеме своите цели и стремежи и постојано да се надградуваме. Поразително е доколку тврдиме дека доволно знаеме и дека нема потреба да вложуваме во личниот развој и да се надградуваме.Во животот не треба да приоѓаме со отпор, туку да го воспоставиме законот на привлечност и позитивна вибрација.Со негување на законот на привлечност, многу нешта може да ни се отворат и да не однесат кон патеката на позитивните можности. Затоа, перцепцијата треба да ни биде афирмативна и секогаш да ја гледаме поубавата страна од своето постоење.Најголема мудрост е кога умееме да станеме, тогаш кога ќе паднеме.Патувајќи низ искушенијата на животот ние доживуваме разни падови, разочарувања, тешкотии. Тие се составен дел од постоењето. Некои падови се случуваат со цел да сфатиме каде грешиме и преку научената лекција да тргнеме кон вистинските вредности. Човекот кој не ја научил лекцијата на болките и страдањата, никогаш нема да ги реализира потенцијалите и да се искачи на врвот од успехот.И покрај акумулираните искуства и знаења, секогаш ќе има подеми и падови, така што суштината не е во откажувањето, туку во определбата да продолжиме настојчиво и посветено да се движиме кон целта. Притоа, доколку, не задесат копнежи, немири, преиспитувања, стравови и ограничувања, должни сме да собереме сила и да се соочиме со тешкотиите. Кога знаеме што сакаме и кога храбро им се противставуваме на ограничувачките влијанија, шансите за успех ќе ни бидат многу поголеми. Напредокот нема да пристигне, ако постојано исчекуваме и ништо не преземаме тоа да се случи.Треба да излеземе од стегите на сопствената личност и да тргнеме кон убавините на животот.Тоа ќе го постигнеме, доколку имаме надеж и визија дека ќе биде подобро. Првично треба да се справиме со сопствените слабости, да преиспитаме со што се карактеризираме, да ги препознаеме своите вредности и да согледаме дали тие вредности се присутни и кај саканата личност. Сличноста со сличност се привлекува. Ако сме духовно ориентирани, тешко дека ќе оствариме однос со неморална и нестабилна личност. Нашите енергии ќе се одбијат, наместо да се привлечат. Дури и ако се случи да оствариме одреден однос, тоа ќе биде за кратко, бидејќи нема да постои силен темел врз кој ќе се потпира импулсот на љубовта. Секој бира и привлекува личност соодветно на духовното и енергетско ниво што го поседува. Кога потиснуваме некоја карактерна слабост, недоволно се сакаме и прифаќаме себеси, веројатно ќе привлечеме партнер кој емоционално ќе не повреди, и со самото тоа ќе не научи повеќе да се самопочитуваме.Неретко, изборот на партнер го покажува степенот на развој на нашата личност и на што треба да работиме, со цел поубаво да се чувствуваме со самите себе. Колку и да е тешко и напнато во одредена љубовна врска, треба да знаеме дека сé тече и сé се менува. Сé е прогресија, еволуција, трансформација и регенерација.Најопасна е пасивизацијата и немањето надеж, стремеж и визија да се промениме и подобриме, односно да ги исчистиме нештата кои долго време сме ги потиснувале. Многу често не сакаме да се соочиме со неубавите ситуации, бидејќи бегаме од вистината дека љубовната врска ни е во криза; немаме разбирање со партнерот; се чувствуваме осамено; тотално сме отуѓени на емоционален и сексуален план. Постојано велиме: ќе дојде моментот кога ќе се справам со проблемите.Зошто, тој момент да не е токму сега. Да се има визија е знак дека знаеме кога и како да успееме. Но, не е доволно само да знаеме, туку да направиме сé што е потребно за да успееме. Многу од проблемите се надминливи (депресија, анксиозност, криза, страв), посебно доколку постои мудрост, волја, свест и визија.Тие нешта треба да ги вметнеме во себеси, да ги воспоставиме како вредност и да направиме се што е во наша моќ за да се хармонизираме и стабилизираме на психофизички план. Но, ако нештата не се одвиваат како што посакуваме, не треба да се обесхрабруваме, да губиме надеж и да немаме визија.Суштината е да имаме јасно поставена цел, која ќе биде оплодена со визија, поткрепена од надеж и водена од ентузијазмот и иницијативноста. Без иницијативност ќе стоиме во место, а колку повеќе стоиме во место, толку побрзо пропаѓаме во живиот песок на егзистенцијата. Најважно е да иницираме методи за придвижување на нештата. Првото дејствие произлегува од афирмативната мисла: Позитивно ќе мислам; позитивно ќе се надевам и позитивно ќе ги восприемам нештата. Втора вредност е зборот: Наместо да ширам лоши, депресивни и песимистички тонови, ќе искажам убави, афирмативни зборови – ќе пофалам, ќе се заблагодарам, ќе пренесам позитивна информација, ќе ги поттикнам другите да ја пронајдат вредноста во себе. Клучна е третата вредност, која подразбира иницирање позитивно дело.Со позитивната мисла и позитивниот збор, нужно се отвораме за позитивното дело. Кога правиме позитивно дело, нашата аура станува светлосна и тогаш привлекуваме личности со слична фрекфренција на размислување и со нив градиме симбиоза на хармонија и посветеност. Овие нешта не се лесни за воспоставување, бидејќи луѓето сé повеќе се отуѓуваат и поретко се отвораат и размислуваат за позитивните нешта на животот.Клучно е да се соочиме со тешкотиите и да сфатиме дека не вредат најголемите задоволства, ако потоа следат и најголемите страдања. Треба да ја бараме и воспоставиме златната средина. Кога ќе разбереме дека во животот не постојат само успехот и среќата, исто како што не постојат само кризите и уназадувањата, ќе можеме да се справиме со ограничувањата и да уживаме во позитивните мигови на радоста.Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс

Коментари | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Градиме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните

Во 2019 година се заокружува целосната реформа на системот за социјална заштита, градиме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните, велат од СДСМ.„Во новата 2019 година преку мерките гарантиран мининален доход и семеен пакет на права, примателите на социјална помош добиваат и до 300 отсто зголемена социјална парична помош.Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.За разлика од 3.200 деца кои досега добиваа детски додаток, со новиот детски и образовен додаток опфатени ќе бидат над 60.000 деца. Ова е мерка што има за цел да извлекува од детска сиромаштија.Обезбедуваме поголема помош и повеќе пари кај ранливите категории граѓани, градиме фер и праведно општество и обезбедуваме подобра живејачка на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49848574_2507986985883987_6031777892122230784_n

Да му помогнеме на Борче Цветановски, потребна е трансплантација на срце

Борче Цветановски боледува од Амилоидоза која му има нанесено огромна штета на неговото срце. Поради тоа потребна е трансплантација на срце, а потоа и трансплантација на матични клетки. Оваа операција не може да се изврши во Македонија.Да ја покажеме хуманоста со тоа што ќе завртиме на броевите 143 163 за корисници на Телеком и 143 485 за корисници на Вип.Можете да помогнете и преку уплата на трансакциска сметка во Охридска Банка: Борче Цветановски 530500015656921https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2507987032550649&id=100000181293987 

Македонија | пред 7 години

7 год.
siromastija

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ не си замине од власт, годинава не очекува уште поголема сиромаштија

Единствено со заминување на СДСМ од власт граѓаните може да се надеваат на прогрес и просперитет. Во спротивно годинава не очекува уште поголема сиромаштија и крах на сите полиња, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Власта им ја честиташе новата година на граѓаните со поголеми даноци. Оваа година двојно повеќе на име персонален данок на доход ќе плаќаат земјоделиците, младите и просперитетни кадри кои се занимаваат со програмирање, 50% повисок данок ќе плаќаат граѓаните кои изнајмуваат стан или дуќан, лицата кои остваруваат доход од капитал и граѓаните кои играат игри на среќа.Катастрофална година ги очекува и пазарџиите, кои ќе мора да плаќаат поскапи тезги, а власта удри и по сиромашните пензионери и вработените кои имаат помали плати па за да остварат нормална живеачка продаваат на пазар, право кое сега им се крати.И додека не бираат начин како да го земат последниот денар од џебот на граѓаните, продолжуваат рапидно да не задолжуваат.Граѓаните видоа дека СДСМ не знае да ја води државата, партијата е целосно неспособна и само ги влече граѓаните во пропаст.Епидемијата со морбили е уште еден доказ за тоа. Првин со нивната лицемерна политика за печалење на политички поени го предизвикаа антивакцина-бранот, за сега да зборуваат сосема спротивно од она кога политички профитираа врз грбот на граѓаните.Катастрофите мора да завршат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. За Македонија мора да изгрее зората“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Германската полиција понуди награда од 10.000 евра за информација за Владимир Свинтковски

Германската полиција понуди награда од 10.000 евра за информација околу местото на престојување на граѓанин на Полска, кој се бара поради убиство кое го извршил пред 20 години.Полицијата во Берлин исто така објави дека ќе го нагреди секој оној кој има било каков контакт со Владимир Свинтковски, осомничен дека убил аптекар на 6 мај 1999 година во Берлин.Надлежните тврдат дека Свинтковски, кој по потекло е од Русија редовно менува перики, понекогаш има брада, а според полицијата најверојатно тој направил пластична операција со цел да изгледа помладо.Свинтковски често користи лажни имиња, а освен германски зборува и полски и руски јазик. 

Свет | пред 7 години

7 год.
08-010

Втор ден Божиќ- Денеска е Собор на Пресвета Богородица

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Неа, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест.Во Охрид наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославува Пречистата Божја Мајка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утрово и до -18 степени, погледнете ги денешните температури

Сончево и студено со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните температури скоро на целата територија на државата ќе бидат под нула.Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и температура од -11 до -1 степен.Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
poster-the-monk-small

„Кружно патување на монахот“ на филмскиот фестивал Кустендорф

Анимираниот филм "Кружно патување на монахот" во режија на Жарко Иванов е во официјалната селекција на филмскиот фестивал "Кустендорф".Ова е 12то издание на фестивалот чиј директор и селектор е Емир Кустурица. Од вкупно пристигнати над 700 филмови, во официјалната конкуренција за награди ќе се натпреваруваат 21 филм. На изминатите изданија на фестивалот специјални гости биле Џони Деп, Моника Белучи, Никита Михалков, Паоло Сорентино, Ким Ки Дук, Абел Ферара, а на овогодинешното издание специјален гостин на фестивалот ќе биде холивудската ѕвезда Мет Дилон кој во последната улога глуми сериски убиец во контроверзниот филм на Ларс Фон Триер, "Куќата што ја изгради Џек"."Кружно патување на монахот" е приказна за млад осамен монах кој црта фрески во манастирот Заум во Охрид, и по прикажувањето на најголемиот светски фестивал за анимиран филм во Хирошима, до сега е прикажан на 25 меѓународни фестивали и со освоени 6 награди. Сценаристи на филмот се Жарко Иванов и Александар Прокопиев, директор на анимација Крсте Господиновски, музика Оливер Јосифовски и Љубојна, во продукција на Флип Бук, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РМ.

Магазин | пред 7 години

7 год.
1-3

(ВИДЕО) Нова песна на ДНК - „Кога би знаела се“

ДНК  во свој стил со посебна новогодишна и божиќна честитка за сите свои фанови, пријатели и вљубеници во модерниот звук. Тие објавија нова песна со наслов „Кога би знаела се“.Композицијата веќе очекувано е на проверениот тандем - Панчо и Лазар Цветковски, односно музиката е заедничка, текстот е на Панчо, додека аранжманот е дело на Лазар. Но тука не завршува целата приказна, која е љубовна и за која видеото е снимено во Чикаго, САД. Ова е всушност прво видео на ДНК кое е снимено надвор од нашите граници, а интересно е и по тоа дека во него Панчо и Андреј ги има во само неколку кадри. Тие се во улога на улични музичари забавувачи, додека околу нив се развива љубовната приказна меѓу боксерот (ГоГо) и девојката Тина, која работи во теретаната во која тој тренира.Боксерот ја гледа девојката во која веднаш се вљубува, се запознаваат, ја прашува да излезат... Следува прошетка по шеталиштето во Чикаго, вечера... Токму на вечерата ГоГо и ја покажува поканата за својата прва професионална борба, која е одлична можност да го оствари својот сон. Следува борбата и победата, но Гого не успева да победи и кога е љубовта во прашање... Не успева да ги покаже своите чувства и да ѝ докаже на Тина колку му значи...Главните улоги во видеото, односно вљубениот боксер и неговата девојка ги глумат Горјан Славески – Гого, Македонец кој живее во САД каде заминал со цел да го оствари својот боксерски сон, девојката Тина ја глуми Емет Мекговерн Џр.; ривал на Гого му е Џозеф Браун; папараци се Силвиа Круз и Давид Бркљач... Тука се и Ненад Инчевски, Џејсон Брендсетер, Вејн Грегори, Сенад Дрпљанин. Кадрите се снимени во Bourbon Cafe - Gregory Boxing and Muay Thai - PXM CROSSFIT, на кои целата екипа им е бескрајно благодарна за поддршката.„Уживавме додека го правевме видеото. Некако се погоди ова да е прв спот кој го работиме надвор од нашата земја и да е ете во САД. Работевме со голема и, пред сè, мошне професионална екипа која го даде својот максимум, па не се ни сомневавме дека ќе имаме одличен краен производ. Искрено веруваме дека и публиката ќе го дели нашето мислење“, вели Панчо.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, укината забраната за камиони на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Од 07:30 часот забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица“, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утре без вода дел од Капиштец

Поради уличен дефект утре Ф-80 мм на ул.Васил Ѓоргов бр.34 во нас. Капиштец, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците: Васил Ѓоргов, Миле Поп Јорданов, Јуриј Гагарин, блоковите број 1, 3 и 5 на ул. Франклин Рузвелт и Министерство за економија од 08:00 часот до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Пронајдена мртва 60-годишна жена во Скопје

На 07.01.2019 година во 01,25 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во с.Трубарево-скопско, во домот била пронајдена почината В.Н. (60). Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје,  а телото на починатата е дадено на обдукција.

Скопје | пред 7 години

7 год.
y5Pk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURJN01EQV8vY2FlZTFhNWMzNjM0OTVjM2QyZjQyM2VkMzY1NjVkYmEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Најмалку седум загинати на Алпите поради лавина

Најмалку седум лица го загубија животот на Алпите поради  снегот кој вееше во текот на викендот.Во две одделни лавини, двајца Германци загинаа во австриските планини Форарлберг, а трет скијач во областа Понгау во близина на Салцбург. Две несреќи со смртни последици имаше и во Баварија, додека двајца планинари загинаа во италијанскиот дел на Алпи.Поради ризик од лавина, патот и целото скијачко подрачје Хохкар се затворени.https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/376476736444827/Италија е погодена од обилни снежни врнежи, сѐ до Матера на крајниот југ. Снег може да се види дури и на планината Везув крај Неапол, што е ретка глетка.https://www.facebook.com/severeweatherEU/posts/2426666740889746?__xts__[0]=68.ARASaNgfEY5MmoW2lWed0DvxICWch7B8ee7mDOcM9CNxyGyykfijLkcWfkABjRpva077x6hLSFb2cBh1EFNNn4c0pSDaExdPp2AFfCwNPIZh4fq8W_2aFw_haKOYTxr2K9QiagK9OGOGMQh0sBoeJsIlIWx6QhIjYORLfrOHNM2NsreV0-AGx0YaEj0Ve3OinKGtMkbxQ8aq7gR7goeg5xLWZBAPgUIyzilccpFjzPkrQrudEZCFPbvod5PUBjTGgF6b_lLny0GoiSWVxmUMchiavWa5jg42fvkv1zgFNI4U48NpCGhtJckxIoWqpX698pqx-YBpmvhVGcT3SvZoC7SztzQi&__tn__=-RНови врнежи во овој регион се најавени за следните денови и властите ги предупредија скијачите да возат само по обележани патеки.

Свет | пред 7 години

7 год.
solza-770x444

Грчева: Пратениците добро да размислат, ќе се посрамотат, а договорот ќе биде поништен

Во пресрет на последното гласање за уставните промени, Глас за Македонија им порачува на сите граѓани, на меѓународната заедница,  на Република Грција, дека наредната влада на Република Македонија, со полно право ќе го поништи овој штетен договор.„Договор кој се заснова на кршење на волјата на мнозинскиот народ, прекршување на постојниот устав, на уценети пратеници, на селективна и наменска, противуставна амнестија,  на ослободени криминалци, на насилство без преседан на правната држава, секоја наредна влада ќе има не само право, туку и должност да го поништи.Им порачуваме на пратениците добро да размислат за последиците кои ќе резултираат со големи и непремостливи поделби кај македонскиот народ, да размислат дека нема цена за губењето на идентитетот и државотворноста на македонскиот народ. Да не се осмелат да ги поништат нашите стекнати права, нашето право на самоопределување. Дали не се свесни дека ја отвораат вратата и за федерализација на државата со постојаните барања на некои албански партии и со променетата преамбула?Одговорноста е на нивни плеќи, на оние кои не ја почитуваа јасната волја на народот на последниот референдум. Последен момент е да не подлегнат на уцени, ветувања, и јавната полза да ја стават пред сопствената. Ќе се посрамотат за вечност, а договорот ќе биде поништен“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
l9Gk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1dVN01EQV8vYjdmNTRhNWI5ODA5NTYxNzRkODE1NGQwMThiNDljZDAuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Снежна бура во Калифорнија, најмалку 80.000 лица без струја

Голем број луѓе останаа без струја поради силната снежна бура која ја погоди северна Калифорнија.Силниот ветер, дожд и снег предизвикаа проблеми во авио-сообраќајот на аеродромот во Сан Франциско.Ветерот откорна и голем број на дрва, а најмалку 80.000 лица останаа без струја. Метеоролозите соопштија дека ветерот дува со брзина од околу 80 километри на час.Исто така објавени се предупредувања за опасност од појава на лавини во Калифорнија, Невада и Јута.

Свет | пред 7 години

7 год.
bandić-snv

(ВИДЕО) Попот му ја намести паричката на градоначалникот Бандиќ

По повод православниот празник, во Загреб денеска се одржал традиционален прием во организација на Српскиот национален совет, на кој се кршело и традиционалното бадниково лепче.Помеѓу присутните беше и градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ.На социјалните мрежи се појави видео од овој настан кое предизвика бура од реакции. На видеото може да се забележи како попот  ја наоѓа паричката и тајно му ја дава на загребскиот градоначалник Бандиќ, кој потоа се фали со паричката.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања