Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
ogan-otvoreno

Апел од Град Скопје – да не се палат огнови на отворено

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

Заев: Посакувам консензуален кандидат за претседател

„Сакам консензуален кандидат за претседател зад кој ќе застанеме сите. ДУИ не е единствениот коалиционен партнер, ги има повеќе. Верувам дека ќе изнајдеме сила да избереме кандидат, кој ќе биде прифатливо решение за мнозинството граѓани“, истакна премиерот Зоран Заев.Тој додае дека до сега немало разговори за името на консенсузалниот претседател. Според него оваа тема ќе се отвори откако ќе заврши процесот во парламентот поврзан со уставните измени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev

Заев: Оглaсите за вработување во админитрацијата се поради пополнување на испразнетите места од 2017 година

Во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација по потпишувње на договор меѓу ЕБРД и ЕЛЕМ за фотонапонска електрана Осломеј, премиерот истакна:„Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа година. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции“, истакна премиерот одговрајќи на новинарско прашање.Што се однесува пак до најавата за зголемување на минималната плата, премиерот истакна дека целата постапка ќе биде транспарентна.„Имаме намера да отвориме дијалог за минималната плата со синдикатите и со работодавачите. Ние сме убедени дека во едно праведно и солидарно општество државата треба да преземе вакви чекори, а тоа да не биде на штета на никој од учесниците во постапката“, изјави Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
haker-frank

Најголем хакерски напад во Германија, украдени податоци од политичари, уметници, меѓу нив и од претседателот и канцеларката Меркел

Непознати хакери украле милиони податоци на германски политичари, новинари и познати личности, објави германскиот весник „Билд“, истакнувајќи дека ова можеби е најголемиот хакерски напад во историјата на Германија.Неколку илјади податоци се делумно лични информации објавени преку Интернет, а засега не е познато кој ги украл. Единствено познато е дека нападот е прекинат кон крајот на октомври, но не се знае кога почнал.Со хакерскиот напад се опфатени политичари од речиси сите политички партии, освен десничарската АфД, чии податоци засега не се објавени.Меѓу жртвите на нападот се и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер, канцеларката Ангела Меркел, но и познати уметници и новинари, пред се од јавните сервиси АРД и ЗДФ.Само во АРД со хакерскиот напад се погодени најмалку 33 новинари.Меѓу објавените податоци се броеви на мобилни телефони, адреси, изводи од електронски комуникации, сметки, информации за кредитни картички, а во некои случаи и лични пораки со членови на семејствата.Во врска со канцеларката Меркел, како што пишува „Билд“, објавен е еден број од факс, една имеил адреса и повеќе писма кои ги добивала и испраќала.Портпаролката на германската Влада денеска соопшти дека меѓу податоците кои се хакирани нема чувствителни информации од Кабинетот на канцеларката Меркел.– Кога станува збор за Кабинетот на канцеларката, врз основа на првичните проверки, најверојатно не е објавена ниту една чувствителна информација или податок, рече портпаролката на редовната владина прес-конференција.Сопственикот на Твитер налогот на кој се објавени доверливите податоци се претпоставува дека се наоѓа во Хамбург.Тој преку својот налог најави дека ќе има многу интересни податоци кои допрва ќе се објавуваат.Во меѓувреме неговиот налог е затворен од страна на Твитер.Сојузната служба за заштита на уставноста (БфВ) од синоќа покрена истрага за овој случај и разменува информации за тоа со странски разузнавачки служби со цел да се дојде до потеклото на хакерскиот напад.Германските медиуми јавуваат дека зад нападот може да стојат Русија или Кина, „бидејќи Москва со години наводно спроведува масовни хакерски напади на Германија, а не може да се исклучи ниту соработката со германските десничарски екстремистички групации“.Министерката за правда Катарина Барлеј изјави дека станува збор за „тежок напад“.– Сторителите сакаат да ја нарушат довербата во нашата демократија и институциите, рече Барлеј.Таа побара колку е можно побрзо да се истражи овој случај, да се утврди кои се хакерите, но и дали постојат политички мотиви.

Свет | пред 7 години

7 год.
bebe-vakcina

Викендов вакциналните пунктови ќе работат во две смени, во понеделник до 13 часот

Министерството за здравство информираат дека за време на викендот, на 5 и 6 јануари 2019 година, вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот.Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Власта воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и вработени од зелените пазари

Однародената власт продолжува со својата елитистичка филозофија „поскап живот за најевтините“. Власта удри по една од најчесните, но најранливите категорија, воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Воведува високи лиценци- по текот едно лице една тезга, со што дури на една третина од трговците на зелените пазари законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари. Воведоа и казни од 1500 до 2000 евра! Без да бидат земени во предвид фактите за оние кон кои се однесува оваа црна мерката, се наметнува лиценци, а потоа ќе казнуваат.Оваа власт повторно ја покажува својата негрижа за народот, за оние кои едвај преживуваат, кои се на минималец, со мала плата помола, со хонорар или со пензија, оние на кои не им стасува да преживеат во услови на спиралата на поскапувања. Власта ги брка од пазарите најранливите категории, оние кои што чесно го дополнуваат буџетот за корка поскап леб.Со црната мерка засегнати се една третина од оние кои што тргуваат на зелените пазари, најмалку 20 илјади луѓе, 20 илјади семејства, што би се рекло 80 илјади усти за ранење! Нив ги брка, а тезгите ги остава на крупните прекупци од кванташките пазари! Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите!Зоран Заев, како сам се опишува црпнатиот од нива, заборави и на нивите и на родот и на земјоделците и на пазарите. Во услови на девастирано земјоделие, удира по ситните производители, удира по земјоделците, удира и на голема група кои купувајќи од нив, за пониска цена носат храна дома! Но за оваа мерка на Министерството за економија, Министерството за Труд и социјална политика нема замерки! Нема замерки иако директно зафаќа најмалку 20.000 ранливите граѓани“, вели Стоилковски.Тој додава дела за оваа мерка нема реакција ниту од Министерството за земјоделство, иако оваа мерка дополнително силно ќе влијае и врз откупните цени на производите, кои да потсетиме без пласман останаа необрани, или на буниште!„Оваа мерка ќе допринесе за заштита на големите трговци, големите прекупци по пазарите и маркетите. Оваа однародена мерка на црната власт не води сметка за тоа што ќе се засили сивата економија, ќе се продава на црно, на диви пазари, а државата нема да си го наплатува делот.Власта ги зацрнува зелените пазари. Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход.Никој што е поврзан со делот на трговија на зелените пазари нема објаснување зошто пензионери, хонорарци или вработени легално не би тргувале на зелените пазари и со тоа да го дополнуваат тенкиот семеен буџет?Го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% ќе бидат спречени чесно да спечалат денар повеќе! И притоа ќе казнува со илјадници евра!Оваа црна власт мора веднаш да престане со хајката по луѓето од зелените пазари, казните со илјадници евра, понижувањето на оние кои чесно работат. Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена замине, толку подобро за сите во Република Македонија“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vakcina

Родители на невакцинирани деца се заканија: Нема да плаќаме даноци, и ќе отвориме градинки и училишта!

Од здружението Здравје со игла НЕ влегува денес на социјалната мрежа Фејсбук објавија статус во кој повикуваат на граѓанска непослушност, се заканија дека нема да плаѓаат даноци и ќе отворат градинки и училишта.Денес - гордите родители на невакцинираните деца од Македонија решија да станат и да му покажат среден прст на министерчето за болест на фашистичка Македонија, неговта платеничка малоумност некој си бричко од мизерно чиновниче (wanna be фашистички опресор поголем од Адолф).И му порачаа истиот ЗАДОЛЖИТЛНО или ПРИСИЛНО (како присилната вакцинација во фашистичка Мкедонија за која дебело е платен да ја заговара и наметнува) да си го стави на едно место. Затоа што тоа е единствениот благорден акт кој што ќе можи да го направи,за останатите негови акти сведоци сме сите: хомосексуални обиди со крајно детерминирана дискриминација за сузбивање на непостоечка епидемија наметната од фарма корпорациите на кои наведеното чиновниче им е покорен слуга.Исто така приликава ја искористуваме да му честитме на копилето (што би рекол Зоран Ставревски) на неговата професионалност во прекршување на сите можни закони за заштита на човековте права и на неговиот трулеж и мочуриште од морални начела.Во недостиг на вистински податоци од регистрираните случаи на морбили конкретно и релевантно анализа на генотипот на вирусот на морбили,можеби на тој начин успешно го криете фактот дека за вашата епидемија се виновни токму вакцинираните индивидуи и дека “епидемијата“ ви е вакцина - индуцирана ! Заинтересирани сме исто и за фактот како ќе го оправдате вашето фашистичко кршење на човековите права и тоталното лудило пред Европа и Стразбур кон кои демек се стремите? Во целата европска унија вакцините се иклучително право на избор на родителот,воедно и ви честитаме на најголемиот правен гаф и преседан достоен за светските насловни страници. Ја искористуваме приликава исто да објавиме и повикаме на граѓанска непослушност: ние - родителите на невакцинирни деца од вашата фашистичка Македонија повеќе нема да ви плаќаме данок ,нема повеќе да ги користите нашите пари за милионските тендери за купување најевтни ѓубриња од вакцини.Нема повеќе да ви дозволиме да ги користите нашите сопствени пари за наше угнетување! Копилиња (цит:З.Ставревски)! Ќе покрениме и ќе се ангажираме во изготвување на проект и бизнис планови за отварање на Валдроф градинки и училишта во Македонија(покрај поднесување на Претставка до Народниот правобранител, поради дискриминација(необезебување на простор за невакцинираните, привремено) и психолошка пропаганда),каде дечињата не се малтреирани од вашите фашистички војници,туку нежно се работи на развивање на нивната личност и вистински спообности. Каде не се хранети со вашата отровна процесирана храна туку со органски произведено овошје и зеленчук!Тогаш ќе видиме како самиот ќе парадира низ неговите празни фашистички градинки.Сега ,ти мизерно фашистичко чиновниче да продолжиш со твоето угнетување за кое си дебело потплатен,предавнику на се што е човечко за некоја банка плус ! Лигушу“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bolnica-1

Реконструкција на Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), каде се реконструраат речиси сите одделенија, но во етапи.Министерот Филипче имаше и средба со дел од медицинскиот персонал, каде се информираше за состојбата и условите за работа во болницата, но и ги информираше вработените за сите новини, кои ги спроведува Министерството за здравство, а се од полза за медицинскиот персонал и пациентите.Имено, во моментов во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ комплетно се реконструира третиот кат од болницата. Станува збор за одделот за детска хирургија и пластична хирургија. Во моментот се доградува делот каде ќе се постави нов лифт, кој ќе биде поврзан со таканаречен „топол ходник“, низ кој ќе бидат транспортирани пациентите од влезот на болницата до одделенијата или операционите сали.Во моментов се реконструира вториот кат и првиот кат, западно крило. На првиот кат се реконструира одделението за урологија, а на вториот кат одделението за дигестивна хирургија.Клиниката во моментов има 350 вработени и во неа годишно се вршат од 3.500 до 4.000 операции. Во моментов работат сите пет операциони сали.Болницата, засега работи во намален обем, но без прекини, а реконструкцијата-санацијата се одвива во етапи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
thumb

Денеска до 11 часот вакцинирани 703 деца

Расте бројот на деца, кои деновиве ја примиле МРП вакцината. Во поликлиниките во Скопје, денеска до 11 часот вкупно се вакцинирани 703 деца.„Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда.Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат дека нивните деца имаат симптоми на морбили, може да ги носат во ГОБ „8 Септември“ или на Клиниката на инфективни и фебрилни состојби.Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат.Министерството за здравство уште еднаш потврдува дека МПР вакцината е со проверен квалитет, произведена во Белгија од реномиран производител, кој има два сертификати за квалитет и истата ја употребува за вакцинација на децата во својата земја“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48386635_519827275169320_4504456550655459328_n

Укината забраната за тешки моторни возила на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Снег со среден интензитет паѓа во Битола,К.Паланка,Делчево,Д.Капија,Удово,Гостивар, Крушево,Павлешенци,Кочани,Делчево,Смојмирово,Маврово и на планинските превои Стража,Ѓавато и Плетвар.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.Забраната за тешки моторни возила за патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража се укинува“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ol-about-02

„Охридско лето“ со концерт во спомен на покојниот градоначалник Стојаноски 

Фестивалот „Охридско лето“ на 12 јануари ќе организира концерт на класична музика на кој ќе настапат младите српски солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац заедно со Српскиот камерен оркестар. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот, а како што велат од оваа национална установа, ќе биде посветен на прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.Исклучително талентираната уметница Александра Петровиќ своето основно и средно музичко образование ги завршила во Ниш, во класата на професорот Гордана Милошевиќ, на катедрата соло пеење. Настапувала во Ниш, на НИМУС, на концертите на Виенските валцери и оперски арии со Видинската филхармонија, со Младинската филхармонија „Наисус“, како и со дувачкиот квинтет „Нишки солисти“. Во моментов е на специјалестички студии  на Факултетот за музички уметности во Белград, во класата на професорот Никола Мијаиловиќ. Од 2018 година, Петровиќ е хоноререн соработник на Операта и Народниот театар во Белград.Тенорот Стеван Каранац, музичкото образование  го започнува во 2009 године во  музичкото училиште  „д-р Милоје Милојевиќ“ во Крагуевац. Стилот и техниката на пеење и глума ги усовршува на многу работилници и мајсторски курсеви со плејада успешни пејачи, режисери и актери. Го завршил и курсот за оперски студии  „Борислав Поповиќ“  во Народниот театар во Белград. Како активен учесник на интернационални натпревари во Србија, регионот и странство, добитник е на бројни награди, меѓу кои и наградата „Лауреат“. Од 2013 година одржува бројни концерти во Србија и надвор од земјата.Српскиот камерен оркестар е основан во 1994 година од страна на уметничкиот директор и диригент Ѓорѓе Павловиќ. Оркестарот работи во неколку постави: како гудачки, камерен во мешан состав, мал симфонискии,  помали камерни состави како дуа, триа, квартети и слично.Специјализиран е за изведување дела од современи српски композитори со традиционални елементи. Освен тоа, на репертоарот на  оркестарот се застапени  дела од светски композитори од сите епохи, од барокот до денес.Српскиот камерен оркестар е добитник на високи оцени од страна на стручната критика, а Култната просветна заедница од Белград му доделила награда за траен придонес  во културата за 1995 година.Како потврда за квалитетот за досегашната работа се големиот број трајни снимки за Радио Телевизија Србија, изведби што покажуваат  голема техничка подготвеност на ансамблот  и високо ниво на музицирање кои се неопходни  за да се изведе една ваква сложена работа како што се снимањето концерти во живо.Членовите во оркестарот се успешни уметници кои често настапуваат како солисти.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cedcb205b4474e3971430e040e9ttt

Завршен настан за одбележување на крајот на соработката на МИОА со Светска Банка во Вашингтон

2018 година беше клучна за зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност во Република  Македонија. Во таа насока е и партнерството на Министерството за информатичко општество и администрација со Светска Банка.  За да се одбележи успешната соработка во рамки на “Глобалната програма за градење на капацитети од областа на сајбер безбедност”, како и да се споделат искуства од земјите учеснички и партнери – поддржувачи на програмата, Светска Банка одржа завршен настан во Вашингтон, каде учествуваа претставници од МИОА.На настанот беше дискутиран регионалниот пристап и потенцијалните регионални приоритети во земјите од Западен Балкан во областа на сајбер безбедноста. Беа презентирани идеи за структурирање на регионалната соработка и начините на нивна имплементација. Особено внимание беше посветено на иницијативата на Република Македонија за основање на Регионален центар за обуки и истражувања во областа на сајбер безбедноста, а дополнително беше презентиран и модел за успешна имплементација на ваков тип на центар во рамки на глобална компанија.Од земјите во регионот, Македонија беше издвоена како земја во која е остварена најдобра соработка и комуникација при проценката на капацитетите за зрелост за сајбер безбедност, како и  голем процент на приоретизација на препораките од добиениот извештај. Имено, 70% од препораките се вклучени во Националната стратегија за сајбер безбедност, а останатите се дел од Акцискиот план. Исто така, како што беше посочено Македонија го објави Извештајот за проценка на капацитетите за сајбер безбедност во август 2018, со што покажа транспарентност и спремност за идна соработка во оваа област.Дополнително, беа дискутирани и улогата на Светска банка и нејзините партнери во областа на  сајбер безбедноста, научените лекции , како и начинот на кој можат да се подобри дизајнот на идните програми.Македонија е една од 6-те земји учеснички во овој циклус на “Глобалната програма за градење на капацитети од областа на сајбер безбедност”, меѓу кои и Албанија, Босна и Херцеговина, Гана, Киргистан и Мијанмар. Програмата е финансирана од Министерството за стратегија и финансии на Кореа, преку партнерството Кореа-Светска Банка, администрирана преку Светска Банка.Во Македонија, програмата започна во јануари 2018 година со проценка на капацитетите на зрелост, како трета земја учесничка во оваа програма во регионот и деветта во Европа. Извештајот од проценката на капацитетите за зрелост обезбеди проценка на националните капацитети за сајбер безбедност, преку проценка на институции како и организации од приватниот сектор и граѓанскиот. Истиот беше спроведен од страна на Глобалниот Центар за Сајбер безбедност во Оксфорд.Покрај проценката на капацитетите за зрелост, соработката со Светска Банка вклучи и и работилница за претставници од над 50 институции од јавниот сектор во Македонија преку споделување на искуство и експертиза од Кореа, консултантска помош  во евалуација на  националната Стратегија и Акциски План за сајбер безбедност, како и активности за подигнување на свеста за ризиците од сајбер безбедност.Остварувајќи значителни придобивки од оваа програма, во краток временски период Македонија реализираше значителен прогрес во полето на зајакнување на националната сајбер безбедност – Владата ги усвои првата национална Стратегија и Акциски План за сајбер безбедност, одржани беа неколку настани за зајакнување на капацитетите од областа на сајбер безбедноста, како и активности за подигнувањее на свеста кај населението.Следни чекори во рамките на зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност се во насока на основање на регионална академија за сајбер безбедност, како и иницијативи за подигнување на свеста за сајбер безбедност и едукативни настани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ujp

УЈП разви модул за автоматски поврат на даноци

За редовен и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање. Ова беше истакнато денес при работната посета на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје.-Преку развојот на Модулот за автоматско пребивање се воспостави систем за неселективен и автоматски поврат на даноци кон даночните обврзници. Пример за тоа е повратот на ДДВ кон претпријатијата во 2018, кој беше брз и неселективен. Минатата година реализираниот поврат на ДДВ изнесува 23,1 милијарда денари и тој е за 19,3% повисок од 2017 година.-рече министерот за финансии Тевдовски.Модулот за автоматско пребивање е развиен од ИТ Секторот на Управата за јавни приходи.Инаку, за подобро функционирање и давање на подобри услуги на граѓаните и фирмите, УЈП оди кон автоматизирање на процесите. Во таа насока се и платформата е-персонален данок и претпополнетата даночна пријава. Со оваа реформа граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање на шалтери. Благодарение на електронскиот систем, граѓаните ќе имаат и увид во своите приливи, платените и неплатени придонеси.-Целосно сме посветени на реализација на започнатите проекти и на реформите коишто се предвидени за годинава. Со задоволство можам да кажам дека веќе имаме 100% успешност на реформата е-Персонален данок системот на којшто се регистрираа 656.000 граѓани, а се уште се регистрираат и физичките лица кои до тој рок не го направиле тоа. Успешната реализација е благодарание и на сите граѓани коишто и дадоа шанса на оваа реформа и соработуваат со Управата за јавни приходи. Од 1 јануари веќе започнавме со подготвување на претпополнета Годишна даночна пријава којашто ќе им биде доставена на сите физички лица регистрирани на е-пдд, по што од нив ќе чекаме потврда или корекција, со што верувам дека целосно ќе заокружиме еден успешен процес-рече директорката на УЈП Лукаревска.Исто така, во насока на автоматизирање на процесите УЈП воведе софтвер за евалуација на ризикот, кој овомозжува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз претходно утврдени критериуми за ризик. Со овој софтвер се обезбедува објективна селекција на даночни обврзници за контрола, преку автоматизација на процесот со што значително се намалува човечкиот фактор. Годинава ќе се стартува со редовна примена на системот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lorenco

Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија и против НАТО и ЕУ

Во суштина ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара кандидатот кој ќе застане рамо до рамо со Мицкоски, против НАТО и ЕУ, кој ќе тргне по антизападните стапки на Груевски, Мицкоски и Иванов, велат од СДСМ.„Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија, да го брани криминалот и да работи против западниот свет, НАТО и ЕУ?На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски, не иm е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза, бранејќи ги злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.Македонија е среќна и просперитетна земја, заради тоа што има граѓани кои се поголеми и подостоинствени од ликовите како Иванов, Мицкоски и Груевски и не дозволуваат да фати коренот омразата и поделбите кои токму тие го промовираа.На граѓаните и на Македонија не им треба уште еден нов антизападен Иванов туку вистински претседател.На изборите напролет, граѓаните ќе ја заштитат Македонија од нов антизападен Иванов.Ќе изберат вистински Претседател на сите граѓани кој ќе застане со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1

Ендуро Тим Водно од Скопје - Шампион во Ендуро

По извозени четри ендуро трки ,една во Берово,две во Скопје и една во Велес,клубот Ендуро Тим Водно во екипниот пласман успеа да го освои првото место во конкуренција од 7 Мото клубови и се закити со титулата Шампион за 2018 година.„Ендуро Тим Водно освен во Ендуро Шампионатот ја освои и Вице Шампионската титула во Мотокрос Шампионатот. Поточно во конкуренција од 8 Мото клубови Ендуро Тим Водно екипно го освои второто место.Клубот за оваа 2019 година го засили тимот со уште неколку возачи кој ке настапат како за Македонскиот така и за Европскиот Шампиона“, велат оттаму.

Спорт | пред 7 години

7 год.
DSC09446-2-1

Реконструкција на Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), каде се реконструраат речиси сите одделенија, но во етапи.Министерот Филипче имаше и средба со дел од медицинскиот персонал, каде се информираше за состојбата и условите за работа во болницата, но и ги информираше вработените за сите новини, кои ги спроведува Министерството за здравство, а се од полза за медицинскиот персонал и пациентите.Имено, во моментов во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ комплетно се реконструира третиот кат од болницата. Станува збор за одделот за детска хирургија и пластична хирургија. Во моментот се доградува делот каде ќе се постави нов лифт, кој ќе биде поврзан со таканаречен „топол ходник“, низ кој ќе бидат транспортирани пациентите од влезот на болницата до одделенијата или операционите сали.Во моментов се реконструира вториот кат и првиот кат, западно крило. На првиот кат се реконструира одделението за урологија, а на вториот кат одделението за дигестивна хирургија.Клиниката во моментов има 350 вработени и во неа годишно се вршат од 3.500 до 4.000 операции. Во моментов работат сите пет операциони сали.Болницата, засега работи во намален обем, но без прекини, а реконструкцијата-санацијата се одвива во етапи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја донесе економијата пред целосен колапс, стандардот на граѓаните е се полош

СДСМ и Зоран Заев ја зацрнија државата. СДСМ ја донесе македонската економија пред целосен колапс и банкрот. Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат. Стандардот на граѓаните е се полош, а платите се далеку од ветените 500 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ лаже кога зборува за здравството во Македонија. СДСМ ги остави на цедило младите специјализанти исто како што ги остави докторите специјалисти од клиниките на кои напразно им ветуваше плата од 100.000 денари.Радмила Шекеринска е најнеодговорниот министер за одбрана во историјата на независна Македонија. Недостаток на гориво за тенковите, користење на армиски хеликоптер за ручеци по кафеани, слаба исхрана за војниците и немање превоз до работното место се само дел од причините кои ја клекнаа АРМ на колена.Две години поминаа откако СДСМ е на власт во земјата, а нивото на невработеност се повеќе се зголемува. Нема капитални инвестици, нема отварање на нови работни места. Сето тоа е резултат на неспособност и расипничко работење на власта.СДСМ никогаш ништо добро не направил за подобрување на образованието, а најмалку за просветните работници.Затоа наместо СДСМ да праќа соопштенија и да продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните, време е да се фати за работа и конечно да направи нешто за подобрување на животниот стандард на граѓаните.СДСМ се покажа целосно неспособен да управува со државата. Имаме само скандали и афери, криминални тендери, нерасчистени убиства, насилство, уцени и хаос. Затоа за Македонија конечно да оди напред, време е криминалниот картел наречен СДСМ и Зоран Заев да си заминат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Кривична пријава против скопјани, украле 350.000 денари до возило

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело - “тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари„Имено, пријавените кривичното дело го сториле ноќта на 22 спроти 23.12.2018, на ул.“Беласица“, на паркинг просторот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со употреба на тврд предмет го искршиле задното лево лептир стакло и ја отклучиле вратата на патничко моторно возило марка “Рено меган“ (со битолски регистарски таблички), влегле во возилото, успеале да го отворат гепекот на возилото, и заедно со другите двајца пријавени М.Џ. и Б.Џ. одзеле чанта во која имало лични документи, клучеви, 250.000 денари и 570 евра.По преземени мерки и активности од полициски службеници, лицата се лишени од слобода и во полициска станица го појасниле начинот на извршување на делото“, велат од МВР. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Објавуваме Јавен повик за избор на кандидат за Претседател на Македонија

Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е) од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ денес објавуваме Јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија за Претседателските избор 2019 година, изјави Димче Арсовски на денената прес-конференција.„Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови за кандидирање за кандидат за Претседател на Република Македонија и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека се потенцијален кандидат, треба да поднесат индивидуално писмо за изјавување на интерес за кандидирање на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, најдоцна до 31.01.2019 година до 18:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е плоштад ВМРО, Палата Христо Татарчев бр.1.Веднаш потоа, сите кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе имаат еднакво право да ги презентираат својот план и програма пред партијата, односно ВМРО-ДПМНЕ.Согласно одлуката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата ќе учествуваат и одлучуваат 550 делегати.Принципот за избор е тајно гласање, а за избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати“, вели Арсовски.Тој додаде дека доколку ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови од 1/3 или кандидатите добиле еднаков број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во првото гласање.„ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбере најдобриот и најмотивираниот кандидат за Претседател на Република Македонија кој заедно со граѓаните ќе победи на претстојните Претседателски избори 2019 година.Граѓаните секојдневно се се помотивирани и понестрпливи да ја поразат оваа хунта на власт која го гледа единствено личниот интерес, настрана од интересот на граѓаните на Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ со идниот кандидат кој ќе го одбере за кандидат за Претседател на Република Македонија, ќе ја порази ова ненародна и криминогена власт и тоа ќе биде почеток на крајот на оваа црнила и оваа несреќа што ни се случува во моментов.ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори и граѓаните ќе победат на овие избори“, изјави Арсовски

Македонија | пред 7 години

7 год.
133838480-184601

Наскоро истекуваат роковите за јавниот повик за доделување државно земјоделско земјиште

За неколку дена истекуваат роковите за доставување на документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и за јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Конкретно, за јавниот повик до 3 хектари рокот за поднесување документација е до 11.01.2019 година односно до следниот петок, а за јавниот оглас за давање државно земјоделско земјиште над 3 хектари рокот е до 17.01.2019 година, велат од МЗШВ.„Со јавниот  повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари МЗШВ им овозможува на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Земјоделците треба да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп.Овој јавен повик е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта на овој повик е да се стави во функција целото располжливо земјоделско земјиште, особено оние парцели од 4,5,6,7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство. Целта на повикот е да се стави во функција целокупното расположливо земјиште во државата, што крајно ќе придонесе за зголемување на обработливите површини и земјоделското производство.  Земјиштето за кое ќе биде склучен договор ќе треба да се искористи за  подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.Од друга страна, јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, освен за подигање на насади е наменет и за инвестиции во преработувачки капацитети. Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети. Со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство.Со јавниот оглас над 3 хектари се опфатени 23 земјишни парцели во 13 региони, и тоа: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Св.Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга. На овој оглас кој ќе се спроведе по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Ваквите типови на огласи ќе обезбедат не само раст на капиталните влогови во земјоделството, туку и производство на финални производи кои ќе бидат конкурентни на домашниот и на странскиот пазар, решавање на проблемите со откупот и вишоците што се јавуваат преку инвестиции во преработувачки капацитети, отворање на нови работни места, економски развој на регионите и задржување на луѓето во тие региони.Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани да ги запазат роковите со цел навреме да се заврши целата процедура и да се склучат договорите. Комплетната документација за јавниот повик и за јавниот оглас треба да се достави до Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство“, се вели во соопштениеро од МЗШВ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: Девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак“

Во текот на изминатиот ден (03.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 10 лица се здобиле со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 10 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 14 поради непоседување пропишана зимска опрема, и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови пријави за каснување од куче

На 03.01.2019 година во 18,15 часот, во Полициската станица Аеродром Т.С.(24) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,00 часот на булевар “Видое Смилевски Бато“ била касната од куче сиктник во пределот на левата рака.На 03.01.2019 година во 17,30 часот во Полициската станица Карпош Е.Ј.(52) од Скопје, пријавила дека истиот ден на булевар “Партизански Одреди“ била нападната и касната од куче сопственост на З.Д.(38) од Скопје во пределот на десната надлактица. Против З.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tabanovce

Со фалсификувана возачка дозвола сакал да помине на Табановце

На 03.01.2019 година во 21,15 часот на Полициската станица за Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола на И.П.И.(40) од Бугарија кој бил со патничко моторно возило „Пежо 406“ со бугарски национални ознаки, било констатирано дека возачката дозвола била фалсификувана. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Речиси изедначени социјалната помош и минималната плата

Владата речиси ги изедначи социјалната помош и мининалната плата. Ако минималната плата е 12.000 денари, социјалната помош од 1 ви јануари стигна до 11.700 денари.Со ова се доведува во прашање праведноста и мотивот за работа , ако се знае дека голем број работници во приватни текстилни фирми работат за минималец.Па според тоа, четириричлено семејство, со едно работонеспособно лице ќе добива 11.700 денари, а семејство со двајца возрасни и две деца 10.600 денари.„За повеќе од 70 отсто на корисниците на социјална помош зголемувањето е повеќе од 300 отсто или трипати повеќе од тоа што го добиваат сега. Започнуваме темелни реформи во ситемот на социјална и детска заштита. Се зголемува социјална парична помош и воведуваме минимален гарантиран приход. Целта е да се усогласи паричниот надоместок што го дава државата со потребите на граѓаните и да им помогнеме побрзо и полесно да излезат од сиромаштија“, рече Заев.Премиерот Зоран Заев вчера најави дека и годинава ќе се зголеми минималната плата во земјава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
badnikova-pestera

И годинава Бадниковата пештера поставена на градскиот плоштад во Охрид

Охрид е подготвен за Бадниковата поворка. На градскиот плоштад вчера беше поставена Бадникова пештера.Во меѓувреме, децата ја вежбаат и ја учат песната „Вечниот бог“. Со оваа песна на Бадник по шести пат со свеќи во раце, кандила и ѕвезди ќе го наговестат Христовото раѓање во Охрид. Тие тргнуваат од црквата Св. Ѓоргиј , поминуваат нис централните градски улици и ка крај одат на молитва и Бадникова трпеза во црквата “Света Богородица Каменско”.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања