Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
zabava

(ВИДЕО) Секс забава на самопрогласениот аристократ, лордот “Брз Еди”, заврши со убиство

Вратар избоден до смрт на новогодишната вечер. Умрел штитејќи ги богатите клиенти на забавата на самопрогласениот аристократ, лордот “Брз Еди” Девенпорт.Самопрогласениот аристократ, познат по луксузните секс-забави, бил виден како помага при плаќањето на вратата на ексклузивната забава, кога насилниците се обиделе да си го пробијат патот до “Парк Лејн”, каде Новата година ја прославиле арапски принцези, тајкуни и други познати личности.“Тоа беше луда забава”, рекол извор близок до Девенпорт.Вратарот Тјудор Симионов бил убиен откако бил избоден во гради, а и хостесите исто така биле сериозно повредени, при инцидентот кој се случил во околу 5:30 часот по локално време.Извор за полицијата навел дека имало девојки “облечени во атрактивна облека, со долна облека кој ѕиркала, и дека луѓето влегувале и излегувале”. “Делуваше како секс-забава”, истакнал тој.

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Раст на економијата, повисоки плати, повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард

Позитивните економски показатели од минатата 2018 година покажуваат дека економијата е раздвижена, расте и се развива во вистинска насока, платите растат во сите сектори, се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните, стои во соопштението од СДСМ.Вистинските економски политики на Владата и Планот за економски раст даваат резултат.Реални се очекувањата и проекциите за 2019 година како година на економијата. Трендот на раст на платите продолжува и во оваа 2019 година.Оваа година, вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници добиваат поголеми плати за 5 проценци.Докторите специјалисти добиваат поголеми плати за 10 отсто. Државната помош за претпријатијата ќе овозможи услови за зголемување на платите во приватниот сектор и отворање нови работни места.Создадени се услови навистина да се вренува трудот на работниците и да се подобри животниот стандард на работничките семејства, на граѓаните.Истовремено, невработеноста во 2019 и понатаму ќе се намалува, преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари. Очекувањата се невработеноста да се намали под 20%, што е историски најниско ниво.Со посветено и домаќинско работење и со спроведувањето на зацртаните економски мерки, владата предводена од СДСМ создава реални услови за повисоки плати, нови и подобро платени работни места, повеќе пари во секое семјство и подобар животен стандард за граѓаните во 2019 година, стои во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
David-Dragicevic-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Фотографии од обдукцијата над Давид Драгичевиќ

Не запираат протестите во Бања Лука во кои се бара правда за Давид Драгичевиќ. Апсења и протести има секојдневно. Тензична атмосвера сеуште.Давор Драгичевиќ неодамна објави фотографии од обдукцијата на телото на неговиот син. Социјалната мрежа фејсбук овие фотографии ги отстрани многу брзо поради нивната вознемирувачка содржина.Уште еднаш потсетуваме дека станува збор за многу вознемитувачка содржина. Фотографиите потврдуваат дека Давид, пред да биде убиен, бил ѕверски претепан, мачен.Овие фотографии исто така потрдуваат дека Драган Лукач, министер за внатрешни работи лажел кога изјави дека на Давид „не му се искршени заби и коски“.Министерот уште во изјва тврдеше дека за смртта на Давид нема кривично дело.Овие фотографии го потрдуваа токму спротивното, поточно се сведок на ужасот кој го поминал 19 годишниот Давид Драгичевиќ.Инаку Давор Драгичевиќ, таткото на 19-годишното момче Давор за чија неразјаснета смрт граѓаните од Бања Лука протестираат веќе девет месеци, беше приведен, па пуштен на слобода откако се организираа масовни протести во градот.„Против сите кои учествуваа во моето апсење ќе поднесам кривични пријави. Мојот Давид ќе добие правда и сите во оваа држава ќе добијат правда. Не ми можат ништо ни за милион години“, изјавил Драгичевиќ по пуштањето на слобода.Драгичевиќ бил приведен поради загрозување на безбедноста, поради тоа што наводно му се заканувал на министерот за внатрешни работи на Република Српска пред владината зграда.Драгичевиќ ја обвинува покраинската власт и полиција за смртта на неговиот син, случај кој веќе девет месеци не е расчистен од институциите.Во Бања Лука сеуште е тензично.

Свет | пред 7 години

7 год.
pletvar

Возило на итната медицинска помош од Прилеп се излизга и преврти на Плетвар

Поради лошите услови на патот, возило на итната медицинска помош од Прилеп, вчера враќајќи се од Скопје излетало на Плетвар.Директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска објаснуваа дека до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, се превртило два пати и завршило на кровот.„Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што го зедовме од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош Прилеп. Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа е тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден. Најверојатна причина за несреќата е лизгавиот пат, бидејќи возилото не се движело брзо и се било во ред. По несреќата веднаш повикавме екипа на полициската станица од Прилеп која изврши увид на лице место“, истакна Аџиоска за infokompas.com.mkВозилото со шлеп служба е однесено на сервис.

Свет | пред 7 години

7 год.
nema-voda

Без вода дел од Центар и Лисиче

Утре поради промена на шибер вентил од Ф-3цола на ул.Кирил и Методиј 48, во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од блок 4,5,6, Пасошко, Амбулантата на Железница и кулите 21,23,25 од 08:30 часот до санирање на дефектот.Исто така поради уличен дефект од Ф-80мм на ул.Тодор Чангов 51/1 во населба Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од крак 41 до крак 59 до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од Хрватска се отселиле повеќе од 300.000 лица откако влезе во ЕУ

Од Хрватска во првите три години од членството во Европската унија, според официјалните статистички податоци се иселиле околу 102.000 луѓе.Според Ал Џазира Балканс, се проценува дека тој број е два пати поголем.Официјалните статистички податоци покажуваат дека 102.000 лица се иселиле откако Хрватска влегла во Европската Унија во 2013 година и откако е крената рампата за влез на европскиот пазар на трудот, па се до 2016 година.Од Ал Џазира Балканс велат дека голем е бројот на лица кои одат „на црно“.„Наводно во тие три години се иселиле дури 230.000 лица. Иако податоците од извор до извор се разликуваат сепак треба да се додадат и неофицијалните статистики во кои се сметаат и оние кои се иселени во последните две години, со што се доаѓа до бројка поголема од 300.000“, вели Ал Џазира Балканс.Исто така тие додаваат дека според некои проекции, Хрватска до 2050 година може да остане без 800.000 жители.

Свет | пред 7 години

7 год.
monu-stillwell-2-830x0

Маж се обидел да ја убие сопругата пред децата

Вилјам Брајан Стивел (39) од Флорида е уапсен и обвинет за обид за убиство на неговата жена Моне и нејзините родители. Тој пукал во нив на Нова година откако видел снимка на која неговата сопруга и неговиот најдобар пријател се интимни.За време на пукањето, во куќата биле и нивните деца кои за среќа не се повредени.На снимката која настанала за време на повикот во вбрзата помош се слушаат децата како го молат нивниот татко да не ја убие мајката. Исто така може да се слушне и како Мона им вели на децата да избегаат од куќата, пишува Дејли мејл.Мона и нејзините родители се пренесени во болница со сериозни повреди, но нема опасност по нивниот живот.Шефот на полицијата изјави дека децата успеале да избегаат од куќата и се сокриле во куќата на нивните соседи.Вилјам е уапсен и спроведен во притвор на 1. јануари. Обвинет е за обид за убиство, злоставување на деца и криење на огнено оружје.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експлозија во зграда во Индија, настрадаа најмалку 7 лица

Најмалку 7 лица загинаа во Њу Делхи во Индија, кога се сруши дел од зграда поради експлозија на боца со плин.Од полицијата информираат дека спасувачите успеале од рушевините на зградата да извлечат 15 лица од кои 7 се мртви, а 4 се во кртична состојба.Во 2013 година при рушење на зграда во индискиот град Мумбаи животот го загубија 72 лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно со силен ветер и температури под нула

Денес времето ќе биде претежно облачно. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензит. Денес и утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 70 км/час. Утринските температури ќе бидат во интервал од -14 до -6, а дневните на повеќе места во текот на целиот ден ќе се задржат под нула.Во Скопје облачно време со температура од -4 до -1 степен.Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица времето ќе биде променливо и студено. Благо покачување на дневните температури ќе има во недела кога се очекува да бидат во интервал од -3 до 6 степени, а ќе има и повремен слаб снег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49678536_2434347466593440_1608486576864624640_n

(ФОТО) Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Снег со среден интензитет паѓа во Битола,К.Паланка,Делчево,Д.Капија,Удово,Гостивар, Крушево,Павлешенци,Кочани,Делчево,Смојмирово,Маврово и на планинските превои Стража,Ѓавато и Плетвар.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стражa“, велат од МакедонијапатЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tanja-Karakamiseva

Каракамишева ќе ја тужи власта поради Договорот од Преспа

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева, на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека ќе покрене тужба против власта за повреда на правото на самоопределување поради Договорот од Преспа. Таа ги повикува граѓаните да се вклучат во тужбата, која би била спроведена волонтерски, а судските трошоци би се покриле од донации.„До сите загрижени Македонци кои ме прашаа како ќе се одвива овој процес на правна одбрана на Македонија еве ги одговорите:1. Оваа битка нема никаква врска со ниту една партија. Оваа битка е и ќе биде надпартиска, народна и ја започнуваме веднаш.2. Во битката ќе бидат повикани сите загрижени Македонци кои ќе имаат правна можност да ја тужат владата поради прекршување на основните човекови права кои се неприкосновени, како правото на самоопределување, правото на лично достоинство, на личен интегритет итн. како и поради прекршување на Уставот и на меѓународното право.3. Помош ќе биде побарана ЕДИНСТВЕНО за подмирување на судските такси и трошоците на застапниците на граѓаните пред судовите, се друго ќе биде сработено волонтерски.4. По исцрпување на домашните правни лекови постапки ќе бидат покренати и пред Европскиот суд за човекови права, Комитетот на ООН за човекови права, т.н. “1503 постапка” пред Советот за човекови права на ОН, како и преку постапки покренати до Специјалните известители на Советот на ООН за човекови права.5. Колку повеќе луѓе се собереме во оваа акција за СПАС НА МАКЕДОНИЈА толку поголем успех ќе имаме како народ.6. МОРАМЕ ДА ДЕЛУВАМЕ СПЛОТЕНИ ВО ЗАЕДНИЧКАТА МИСИЈА!7. ЌЕ ПОБЕДИМЕ!!!“, напиш Каракамишева на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
thumb

Здружение на педијатри на Македонија: Вакцините се безбедни и квалитетни

Здружението на педијатри на Република Македонија ги поддржува сите мерки што ги превзема Министерството за здравство во однос на вакцинирањето на децата кои не се вакцинирани со МРП вакцината.„Повикот е од особена важност за децата кои се во потенцијален ризик или се опкружени со лица во потенцијален ризик и истите треба да бидат веднаш вакцинирани со цел намалување на ризикот на и така намалениот колективен имунитет. Со тоа се намалува ризикот за пренесување на малите сипаници – морбили, кај децата и кај повозрасната популација. Со вакцинацијата се намалува ризикот од заболување од морбили, а со тоа и опасноста од можните компликации кои можат да бидат многу сериозни и смртоносни.Важноста на педијатарот во имунизацијата е исклучителна и единствена, бидејќи тој е компетентен во проценувањето на здравствената состојба на детето и е одговорен за навремено информирање на родителите во однос на здравствената заштита на детето и имунизацијата. По претходно утврдена здравствена состојба на детето, со вакцинирањето се спречуваат несакани грижи за здравјето на децата.Вакцините се безбедни и квалитетни“, велат од здружението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Тешка кражба во Скопје, украдени повеќе од 30.000 денари

На 02.01.2019 година во 07,45 часот Ш.Д.(43) од Скопје, пријавила дека во периодот од 15,00 часот на 31.12.2018 година до 07,30 часот на 02.01.2019 година во Скопје  во објект на правно лице на булевар „3-та Македонска бригада“, непознат сторител извршил тешка кражба и одзел две метални каси во кои имало околу 3.000 денари и документација, и метален сеф во кој имало околу 30.000 денари и документација од фирмата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tunel-demirkapija-696x464

Сообраќајка на патот Гевгелија - Неготино, сообраќајот е во прекин

Oд 20,30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на м.в.„кај тунелот викан Т2“, помеѓу Гевгелија и Неготино, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат, велат од АМСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
amerikanska-doktorka-antisemitist

Лекарка доби отказ откако на Твитер напиша дека на Евреите ќе им дава погрешни лекови

Млада лекарка добила отказ од американска болница откако било утврдено дека повеќе години наназад објавувала антисемитски пораки на социјалните мрежи, пишува британски „Индипендент“.https://www.facebook.com/afshine.emrani/posts/10215712984592263Докторката Лара Колаб работела во болницата „Кливленд клинк“ во американската сојузна држава Охајо. На социјалните мрежи таа честопати пишувала против Евреите. Меѓу другото, објавувала и дека на Евреите намерно би им давала погрешни лекови.Раководството на болницата ѝ доделило отказ на 27-годишната лекарка веднаш штом се дознало за нејзините објави на интернет. Од таму објасниле дека Колаб работела со нив како практикант меѓу јули и септември минатата година, но дека повеќе не е ангажирана во болницата.Лара Колаб долго време јавно пишувала против Евреите. Така, уште во 2012 година таа на „Твитер“ напишала дека намерно би им давала погрешни лекови на сите Евреи.Таа честопати Евреите ги споредувала со кучиња и пишувала дека настаните од холокаустот неосновано се пумпаат.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсени три лица од Велес поради производство и продажба на дрога

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.Д.(35) од Велес за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, против А.М.(35) од Велес за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” и “овозможување на употреба на наркотични дроги”, и против Д.Р.(30) и Б.З.(29), двајцата од Велес за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.На 07.12.2018 година во Велес на улица “Стефан Богоев”, од страна на полициски службеници, при претрес кај пријавените биле пронајдени хероин, како и мешавина од кофеин, парацетамол и хероин, и кеса и фолија со остатоци од хероин.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жител на Оризари при тепачка добил убодна рана на стомакот

На 02.01.2019 година околу 20,40 часот во село Оризари, кумановско, настанало нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што на С.К.(23) од село Оризари, со остар предмет, му била нанесена убодна рана во пределот на стомакот, по што истиот бил пренесен во Општа болница Куманово.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Aerodrom-620x350

Поради снежните наноси откажани летови во Босна и Херцеговина

Поради бурата која ја зафати Босна и Херцеговина летот на авионот на Кроација ерлајнс  од Загреб до Мостар е откажан. Исто така целосно е запрен сообраќајот на некои регионални патни правци во Херцеговина.Од мостарскиот аеродром велат дека летот е откажан поради силната бура на територијата на мостар. Исто така оттаму додаваат дека е откажан и утрешниот лет на хрватскиот авио превозник.Дополнителни проблеми на возачите на сообраќајниците во југозападните делови на Босна и Херцеговина предизвикува и силниот ветер кој создава снежни наноси. 

Свет | пред 7 години

7 год.
posedarje_bura4-030119

(ФОТО) Силно невреме ја зафати Хрватска

Некои делови од автопатот А1 Заграб-Сплит-Плоче се затвореи поради бурата која ја зафати Хрватска.Во некои делови силниот ветер направи големи материјални штети и истиот достигна брзина и до 160 километри на час.Според метеоролозите средната брзина на ветрот била 115 километри на час.Силниот ветер најголеми штети направи во Сплит.

Свет | пред 7 години

7 год.
bebe-vakcina

До 19 часот вакцинирани вкупно 488 деца

Од Министерството за здравство информираат дека денеска до 19:00 часот вакцинирани се вкупно 488 деца со МРП вакцина.„Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат и утре (04.01.2019 година) до 19:00 часот.Потсетуваме, се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата на морбили (мали сипаници) прогласена во Скопје“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Да се побара или да се очекува покачување – дилема која го засега секој професионалец

За жал, во голем дел од компаниите покачување нема да добиете се додека не се осмелите сами да го побарате од вашиот менаџер. Па дури и тогаш, не мора да значи дека ќе го добиете бидејќи ќе наидете на голем број прашања кои ќе ја испитуваат вашата лојалност, посветеност и вештини. А ако се согласат да ви ја покачат платата, уште следниот месец ви ги зголемуваат работните обврски така што изгледа дека покачувањето не го добивате поради вашите претходни заслуги.Прашањето е: Дали тоа треба така да функционира во една здрава компанија со силна деловна култура и функционални интерни процеси?Секако дека не! Во една таква компанија имате менаџер кој го следи вашиот развој и се залага да добиете фер третман од страна на вашиот работодавач. Со други зборови, се бори за вас исто како за себеси бидејќи е свесен дека штетата е голема доколку ве изгуби – за него, но и за компанијата. Тој знае кога се вложувате повеќе од тоа што сте платени и кога треба да ви обезбеди повисока плата.Покачувањето кога доаѓа без да го побарате е многу поефикасно средство за мотивација бидејќи знаете дека некој ја надгледува и цени вашата посветеност. Тоа не само што е добро за работникот, туку и за целата компанија бидејќи создава (1) култура на самомотивираност и (2) систем на награди според заслуга.7 знаци дека е време за покачувањеЗа тие што се сигурни дека заслужуваат покачување, а се’ уште чекаат да им биде дадено, посочуваме 7 знаци кога е време сами да го побараат:Вашата компанија е во добра финансиска состојбаВашиот шеф е во добро расположениеДругите колеги добиле покачувањеВреме е за разгледување на вашиот перформансНа вашата компанија и оди доброСте се здобиле со нова вештина или титулаИмате понуди од други компанииИзвор: Вработување.ком

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Новинари до Заев: Касните како економскиот раст

Денеска премиерот Зоран Заев заедно со Министерот за финансии Драган Тевдовски одржаа прес-конференција на која ги најавија очекувањата на финансиски и економски план во 2019 година.Прес-конференцијата беше најавена во 12:30 часот, но истата почна еден час подоцна, по што еден од новинарите му рече на премиерот дека касни како економскиот раст. На тоа премиерот Заев само се насмевна и наместо да им се извини на медиумите, тој започна со прес-конференцијата.https://twitter.com/tetkicai/status/1080855569131548673?s=12&fbclid=IwAR0aHNfX7tu9Rc01A7Uur7o-jN8rCxaTpm8xgFM4fnFgcL8bOTAEySQHOQQ

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Незаконско вработување и исплата на плати во Македонски Брод

Надоврешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод  поднесе кривична пријава против М.В.(59), Љ.Б.(52)  и Г.М.(51), сите од  Македонски Брод, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.На 30.10.2006 година првопријавениот, како  градоначалник на Општина Македонски Брод, без согласност од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, ја именувал третопријавената за директор во Детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод.Исто така, во текот на 2016 и 2017 година, првопријавениот, извршил незаконско именување на двајца раководни административни службеници во општина Македонски Брод. Во текот на 2016 година, второпријавениот, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод, без распишан јавен оглас, ја вработил третопријавената, со што истата, по основ на плати, се стекнала со противправна имотна корист од 1.054.971 денари, додека била предизвикана и дополнителна штета на градинката од 48.840 денари.Во периодот од 30.10.2006 до 30.04.2008 година, третопријавената, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ Македонски Брод,  спротивно на Законот за работни односи, Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно Закон за извршување на Буџет на РМ, без согласност од Министерството за финансии, вработила две лица.Исто така, во текот на  2007 и 2008 година, третопријавената, и покрај тоа што знаела дека во наведената институција не била во редовен работен однос, депонирала свој потпис во Централен регистар, а  потоа врз основа на одлука на Совет на Општина Македонски Брод, ретроактивно и биле исплатени шест плати, со што се стекнала со противправна имотна корист од 101.262 денари. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
lWgk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1RRN01EQV8vZThlZWZhZDY3YTA0ZjlmZTliOGVhZjk2ZTM4YWFjYjEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ФОТО) Во рок од една недела втор ураган ја погоди Шведска

Десетина илјади лица во Шведска останаа без струја, а во прекин се и телефонските врски отако земјата ја погоди вот ураган во последните седум дена.Кровови, дрва и далеководи се оштетени од силниот ветер чија брзина била поголема од 30 метри во секунда.По невремето луѓето не можеле да побараат помош поради прекинувањето на врските и снемувањето на струја.https://twitter.com/Expressen/status/1080344374746251264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080344374746251264&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fu-svedskoj-drugi-uragan-za-nedelju-dana-desetina-hiljada-ljudi-bez-struje-telefoni-ne%2Flyjdk34Во некои места лошото време предизвикало прекин во сообраќајот поради затварањето на мостовите. Голем број на училишта останаа затворени и ја откажаа наставата.Исто така многу летови се одложени или доцнат, а авионите слетале на алтернативни аеродроми.Засега 28.915 луѓе немаат струја, од кои 26.177 во областа на Стокхолм. 

Свет | пред 7 години

7 год.
A-k9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTkRZN01EQV8vMWVhMTQzOTM0MWE3MGNjOTIyNjY2ZGNiODY3OGNkZGMuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Контејнери со опасни хемикалии паднаа во море, се стравува од загадување на природата

Околу 270 контејнери, од кои дел се со хемикалии, паднаа во морето кај германскиот град Боркум. Тие паднале од товарниот брод „MSC Zoi“.Контејнерите стигнале до северната обала на Холандија.Стражата веднаш почнала со истражување на Северното море бидејќи се стравува од загадување на природата на пет острови, вклучувајќи го и Тершелинг во Холандија.Надлежните велат дека три исчезнати контејнери имаат хемикалии, а германската и холандската стража апелираат до граѓаните да не се доближуваат до плажите.Бродот е најголем во Европа и истиот има капацитет за пренос на 19.000 контејнери. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања