(ФОТО) Толку магла има што Груевски може и низ Скопје се шета
Смог и магла утрово во Скопје. Тоа, ги инспирираше корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ да го кажат своето мислење низ шеги.
Скопје | пред 7 години
Смог и магла утрово во Скопје. Тоа, ги инспирираше корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ да го кажат своето мислење низ шеги.
Скопје | пред 7 години
Рокот од пет дена за поднесување барање за амнестија за настаните поврзани со 27 април, истекува утре.Според најавите, денеска барање за амнестија треба да поднесат пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа. Очекувањата се дека барања во текот на денешниот и утрешниот ден ќе поднесат најголем дел од обвинетите.Досега, познато е само дека амнестија поднеле четворица, меѓу кои и пратеникот Крсто Мукоски. Останатите тројца се Никола Митревски Кољо, Младен Додевски и Оливер Радулов.Според дејствата во обвинението за настаните од 27 април, акт на насилство за судењето што е во тек во кривичниот суд сториле 4 лица: Влатко Трајков, Никола Митровски – Кољо, Јане Ченто и Дејан Давидовски – Дешо, кој е недостапен за органите на прогонот. Во обвинението пишува дека сите обвинети сториле акт на насилство за да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на државата. Обвинетите пратеници дејствувале како организатори и овозможиле да влезат граѓаните и насилниците. Крсто Мукоски и Сашо Василевски двапати ги отстранувале металните огради од собраниската врата за да влезат лицата со фантомки, а други тројца нивни колеги ги повикувале што помасовно да влезат во Собранието.„На 27.4.2017 година од 14.30 до 22.30 часот, за време на одржувањето на констутитутивната седница на Собранието на РМ , веќе обвинетите Крсто Mукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пеиќ, Абдулфета Аљими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанчо Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски, со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, да оневозможат и да спречат избор на претседател на Собранието на Република Македонија, предизвикале акт на насилство, го загрозиле животот на пратеници, новинари, овластени службени лица и вработени во Собранието на РМ, со што создале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните“, пишува во обвинението.Судот има рок од пет дена од приемот на барањето да донесе решение дали ќе некого го следува амнестија или не, а за тоа претходно потребно е да прибави и мислење од јавен обвинител.
Македонија | пред 7 години
Власта само на зборови е проевропски ориентирана, но не и по делата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на неговиот говор по повод 27-мата годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.„Па ќе прашам еве овде европски ли е премиерот да бега од дебата со лидерот на опозицијата, што толку многу ја бараше кога беше тој лидер на опозицијата? Бега и се моли што побрзо да заврши процесот со Уставните измени, а и за економијата нема што да каже, се разбира. Ако излезе на дебата ќе мора да збори и за криминалите што се случуваат. Јас досега се уште не сум видел во Европа премиер што бега од дебата.Европски ли е да се претепа човек во Струмица, да го претепаат кукавици со фантомки само затоа што се дрзнал да го критикува братот на премиерот? Европски ли е тоа?Европски ли е да се води прогон кон опозицијата и да се прави полициска опсада на нејзиниот штаб, претресувајќи ги возилата и луѓето кои што влагаат и злагаат во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ?Европски ли е една фамилија на власта, сестрата да е директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентитет. Ќерката пак државен секретар во секретаријатот за европски прашања, а мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ. Ова го има браќа и сестри само во СДСМ. Каде се сега оние шарени кои што се удираа по градите фарбајќи ги новоизградените објекти во Скопје и во другите градови ширум Македонија барајќи правдина барајќи мир? Овие си се вдомија многу пристојно во институциите, а овие останаа дома. Има место за секого, дојдете застанете рамо до рамо со нас да се спасиме од овие измамници кои што ја запоседнаа Владата на Република Македонија“, изјави Мицкоски.Македонија е далеку од Европа со оваа власт, посочи претседателот на партијата во својот четириесет минутен говор и додава дека како што тргнало и наредната година нема датум да добиеме за преговори. „Нема затоа што ништо не работат. Не затоа што штанцаат закони на хартија, туку затоа што во дело во пракса никаква примена нема“, вели Мицкоски.
Македонија | пред 7 години
Бројот на склучени бракови во Македонија бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).Според ДЗС бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.4 отсто и изнесува 13.781 склучен брак.Најмногу бракови, 1. 771 или 12.9 отсто, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 отсто.Според статистиката, најчесто во прв брак стапиле 93.1 отсто жените, а 91.4 отсто мажите. Во втор брак и во трет брак почесто стапуваат мажите.Жените најчесто застанувале пред матичар на возраст од 20 до 24 години, а мажите пак од 25 до 29 години.Според припадноста кон етничката заедница на соприжниците, најмногу бракови се бележат кај македонската заедница – 7.291, потоа на албанската – 4.878, на турската – 489, на ромската – 463, на српската – 110, на бошњачката – 108, а најмалку кај влашката каде има само девет брака.Бројот на разводите минатата година, според ДЗС, бележи зголемување од 0.5 отсто во споредба со претходната година и изнесува 1.994 разведени бракови.Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу во декември.
Македонија | пред 7 години
Дури ни рекордната загаденост на воздухот и ПМ честичките не можат да го покријат криминалот на улиците како последица на владеењето на СДСМ. Црнилото во кое СДСМ ја втурна државата резултира со зачестени вооружени пресметки,соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие за граѓаните на Република Македонија. Криминалната власт на СДСМ повеќе не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните ниту во нивните домови затоа што со улиците владеат криминалци, лихвари и насилници.,,МВР со СДСМ и Оливер Спасовски стана синоним за корупција. Тие наместо да се борат против истата и да го одржуваат редот и мирот во државата се занимаваат со матни зделки и сомнителни тендери. Наместо заштитници на граѓаните станаа заштитници на криминалците.Со СДСМ и Спасовски, Република Македонија секојдневно се повеќе тоне во криминал. Стотиците криминалци кои ги пуштија на слобода сега дивеат по улиците. Зачестија грабежите, убиствата, вооружените пресметки, а секој граѓанин стравува дека може да биде застрелан по улиците. Убиецот на Мартин Јанушев е се уште на слобода и прашање на време е кога уште еден недолжен граѓанин ќе стане негова жртва. Граѓаните на Република Македонија наместо заштита добија убиства, престрелки, кражби запалени автомобили на секој чекор.Македонските граѓани сакаат власт која ќе се грижи за редот, мирот и безбедноста, а не Влада која го заштитува криминалот. Оливер Спасовски докажа дека е најнеспособниот министер за внатрешни работи и симбол за политички прогон. Граѓаните стравуваат за своите животи и животите на своите најблиски и нивната иднина. Затоа Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Црнилото кое ја зафати Република Македонија со СДСМ мора да заврши што поскоро”, соопшти партијата.
Македонија | пред 7 години
Македонија доби покана за членство во НАТО и наскоро станува 30 земја членка на Алијансата.Започна скриниг процесот со Европската Унија, а во јули 2019 година може да започнат преговорите за членство и отворањето на првите поглавја, рече генералниот секретар и пратеник на СДСМ , Александар Кирацовски.Ставивме крај на 25 годишниот спор со Грција, којшто не влечеше надолу. Со Договорот од Преспа македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност трајно ги заштитивме и обезбедивме.Минималната плата ја зголемиувме на 12.000 денари и таа се однесува на сите стопански гранки, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои претходно добиваа пониски плати. Денес, околу 90.000 граѓани добиваат повисоки плати, 90.000 семејства имаат поголем семеен буџет, подобар стандард, подобра живејачка.Растот на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите. Просечната плата во октомври 2018 изнесува 24.817 денари што е за 6,3 отсто повеќе отколку за истиот месец во 2017 година. Согласно растот на платите, растат и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.Исправувме и една децениска неправда, го решивме проблемот со стечајците. Околу 8.100 стечајни работници добиваат по 7.596 денари месечен надоместок.За прв пат сериозно ги намалуваме трошоците за граѓаните. Трошоците за нотарските и извршителските услуги се намалени од 50 до 90 отсто, а со новите тарифници 16 ставки целосно се укинуваат. Донесовме сериозно финансиско олеснување за голем број наши сограѓани.Ставивме крај на репресивната казнена политика и воведовме опомена пред казна. Крај на злоупотребите, самоволието и изживувањето врз фирмите и граѓаните со нова праведна казнена политка.Глобите се намалуваат за 75%, а нивната висина ќе биде пропорционална на прекршокот. Истовремено, за првпат се воведува градација помеѓу малите средните и големите претпријатијаГо реформиравме системот на социјална заштита, создадовме систем кој извлекува од сиромаштија и заштитува ранливи граѓани.2018 беше година на рекорден износ на странски инвестиции. Само во првото полугодие од годината забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра.Сериозно се инвестира и во инфраструктурата, во нови патишта, пруги, мостови. Преку сериозен инвестициски циклус, се градат нови и се реконструираат повеќе патни правци низ целата држава.Зад нас е година во која беа обезбедени повеќе пари за земјоделците, се инвестираше во зголемен ученички и студентски стандард, во нова опрема во здравството.Почитувани граѓани,Следната 2019 година е година на економијата и подобар животен стандард.Трендот на раст на платите ќе продолжи и во 2019 година. Обезбедуваме раст на платите во сите сектори.Вработените во здравството, образованието, градинките, социјалната заштита, одбраната, судството, полицијата во 2019 година добиваатпоголеми плати за 5 отсто. Додека лекарите специјалисти добиваат поголема плата за 10 отсто.Преку зголемената државна помош за претпријатијата, ќе растат платите и во приватниот сектор.Лицата приматели на социјална помош добиваат и до 300 отсто повисока социјална помош а околку 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток.Се намалуваат трошоците за земјоделците. Со воведување на мерката зелена нафта, се обезбедува 30 отсто поддршка за земјоделските стопанства при набавка на нафта за земјоделска механизација.Во наредната година сериозно ќе се зголемат средствата за гасификација, за инфраструктурни проекти, ќе се градат и реконструираат автопати, ќе се инвестира во железничкиот сообраќај, ќе се градат водови и канализациски мрежи.Невработеноста очекуваме и понатму да опаѓа до под 20%. Економијата и инвестициите дополнително ќе пораснат со членството во НАТО и доближувањето до Унијата.Во 2019 година продолжуваме да работиме домаќински, одговорно и во интерес на сите граѓани.Како одговорна партија остануваме посветени на политиките што обезбедуваат капитални инвестиции, економски раст, повеќе пари и членство во НАТО и ЕУ, рече Кирацовски.
Македонија | пред 7 години
Нема спас од аерозагадувањето. Проблеми со неговите штетните последици имаат и младите и старите.Додека граѓаните постојано реагираат и апелираат, надлежните институции и властите без конкретни мерки.Мерните станици во моментов покажуваат дека ПМ-10 честичките се неколку пати над дозволеното, а најзагадено е кај Ректоратот во Скопје.Мерните станици за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина утрово регистрираат високи концентрации на штетните ПМ10 честички во речиси сите делови на земјата. Најалармантно е во скопската општина Центар каде се измерени 302 милиграми ПМ 10 на метар кубен, по што следуваат реонот околу Ректораттот со 180, општина Карпош со 179, Битола со 159, Струмица со 156, Тетово и Кавадарци со 134 милиграми на метар кубен.
Македонија | пред 7 години
Стотици полицајци и доброволци се обидуваат да најдат преживеани по цунамито кое ја погоди Идонезија. Најмалку 281 лице го загуби животот, а повеќе од 1000 се повредени.Околу 12.000 жители се присилно евакуирани. Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде во сила до 25 декември.– Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома, соопшти Агенцијата.Цунамито во саботата вечер по локално време ги погоди крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, и беше предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.
Свет | пред 7 години
Во предбожикната миса попладнево во Ватикан, папата Франциско ги повика верниците на заедничка молитва за стотиците жртви во Индонезија. Папата од плоштадот Свети Петар во Рим им рече на насобраните верници дека неговите мисли и молитви се со Индонезијците погодени од насилна природна катастрофа.Тој рече дека духовно е покрај сите што останале бњез дом или страдаат на каков било начин.Инаку спасувачките тимови во Индонезија секоја минута наоѓат безживотни тела. Бројот на загинати во вулканското цунами по од ерупција на вулканот Кракатау постојано се зголемува..Официјалната бројка засега е повеќе од 220, но се стравува дека ќе има многу повеќе, особено поради фактот што дури околу илјада лица се повредени, а многумина се водат за исчезнати. Делови од крјбрежјето на индонезиските острови Суматра и Јава, се целосно срамнети со земја, по што властите упатија апел и до локалното население, но и до големиот број туристи да бидат што подалеку од океанскиот брег.„Во овој период од годинава има многу туристи. Задутре е Божик, но за жал се случи оваа природна катастрофа. Сега луѓето се исплашени, локалното население од страв не се враќа дома, хотелите се испразнети. Сите доброволно заминуваат во привремените центри за згрижување.“ - изјави Аулиа Ариани – Црвен крст на Индонезија.На интернет се појави снимка од моментот кога голем бран погоди рок концерт на кој настапуваше бендот Севентин, на плажата Танјунг Лесунг.Околу 200 вработени на државната електродистрибуција и нивните семејства се собрале на плажата да присуствуваат на забавата, кога огромното цунами го погоди местото.https://twitter.com/EricssenWen/status/1076686593543462913?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1076686593543462913&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsvet%2F%25d1%2586%25d1%2583%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b4-%25d0%25b8-%25d0%25bf%2FФронтменот на бендот објави на Инстаграм дека загинале менаџерот на бендот и басистот, додека по останатите тројца членови на бендот и неговата жена се трага.
Свет | пред 7 години
Густата магла утринава го отежнува одвивањето на патниот сообраќај, додека авиосообраќај на скопскиот аеродром е нормализиран, објави МИА.Јавното претпријатие „Македонија пат“ утринава информира дека густа магла со видливост до 30 метри има во Тетово, додека на патниот правец Неготино- Демир Капија и во Куманово и Сарамзалино видливоста е од 50 до 100 метри.На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, но од „Македонија пат“ препорачуваат внимателно возење и прилагодување на условите на патот.На скопскиот аеродром, каде за време на викендот сообраќајот се одвиваше отежнато и беа откажани дел од летовите, утринава, според веб страницата на аеродромот, се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.извор: МИА
Скопје | пред 7 години
Ангелка Пеева Лауренчиќ, е предлогот на ЛДП за претседателски кандидат, доколку партијата донеси одлука на претседателските избори да настапат самостојно.Ангелка Пеева Лауренчиќ се повлече од политичките води по пратеничкиот мандат од ЛДП од 2002 до 2006. Во политиката влезе со либералите на Стојан Андов, а пред да се соединат либералите и демократите, таа беше претседател на Либерална Унија на Млади .Пеева-Лауренчиќ веќе 15 години е на чело на една од најголемите агенции за односи со јавноста во Република Македонија, „Имиџ ПР“.Родена е во Штип и е мајка на две деца. Нејзиниот покоен сопруг, Иво Лауренчиќ, претставуваше пионер во маркетинг бизнисот во поранешна СФРЈ, а потоа и во Македонија каде што ја основаше агенцијата „Идеа плус". Во оваа маркетинг агенција активно работела и потенцијалната кандидатка за претседател на државата.
Македонија | пред 7 години
Шест лица се повредени кога маж со кола удрил во ѕид од црква во Колумбус, во Охајо. Во моментот кога удрил во ѕидот, во црквата имало утринска служба.Пожарникарите соопштија дека повредените се здобиле со исеченици. Од полицијата се уште нема информации за идентитетот на возачот на автомобилот, ниту пак за неговиот мотив.Инцидентот се случил во моментот додека вернците пееле, а автомобилот го пробил ѕидот од црквата.
Свет | пред 7 години
Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергијa ќе бидат дел од скопските населби Карпош и Кисела Вода.Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од дел улица Козле 3, како и корисниците од дел од улицата Нерешка во општина Карпош.Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без струја во период од 09:00 до 11:00 часот ќе останат и дел од корисниците од улицата Жарко Зрењанин – непарни броеви од 173 до 187 во општина Кисела Вода.
Скопје | пред 7 години
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.„Густа магла со видливост до 30м. во Тетово, магла со видливост од 50 до 100м. на патот Неготино-Демир Капијаво Куманово , Сарамзалино и Скопје -Петровец.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Македонија | пред 7 години
Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, повремено ќе се засилува. Утриските температури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени, а дневните од 5 до 15 степени.Во Скопје врмето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од -2 до 5 степени.Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник претпладне. Поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе поминуваат во снег и на некои поиски места, особено во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе предизвика значителен пад на дневната температура.
Македонија | пред 7 години
Докторите кои ги спасуваа повредените во страшната несреќа која се случи кај Ниш, а во која животот го загубија пет лица, велат дека на терен глетката била страшна.Сведочејќи за вчерашната несреќа, лекар од Итната медицинска помош, вели дека најтешко му било кога извлекувал жена која била заглавена под автобусот.-Несреќната жена беше заробена. Кога почнав да ја извлекувам, сфатив дека извлекувам само половина од нејзиното тело, а другата половина остана заробена под автобусот, вели докторот од чија изјава се заледува крвта во жилите.Несреќата се случи вчера околу 7:30 часот кога патнички воз удри во полн автобус и го преполови. На лице место животот го загубија три лица, додека две им подлегнаа на повредите во болница. Меѓу починатите се и две малолетни лица. Во несреќата повредени се 27 лица.
Свет | пред 7 години
Две новинарки на француската држaвна телевизија Франс 2 синоќа беа нападнати од група учесници на протестот на „жолтите елеци“ кај местото Булу во јужна Франција.Новинарките известувале од протестот, кога полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, при што неколкумна од нив го опколиле репортерките и почнале да ги удираат, обвинувајќи ги дека се „продале“ и дека „манипулираат со фактите“.Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа најави дека Владата ќе преземе сторги мерки против лицата кои вршат насилство за време на протестите на „жолтите елеци“.– Внимателнио следев што се случуваше во земјата во текот на денот и за се бев информиран од министерот за внатрешни работи. Очигледно е дека француското правосудство ќе мора да преземе строги мерки против прекршителите на законот, изјави Макрон.Тој порача дека на Франција сега и се потребни „ред и консензус“ за да се надминат несогласувањата.Инаку, вчерашните протести на „жолтите елеци“ во Франција минаа со значително помала масовност во споредба со собирите од минатата сабота.
Свет | пред 7 години
Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на традиционалното собирање на бадникови гранчиња, кое се одржа во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно. Оваа прослава традиционално се одржува по 27-ти пат и истата е во организација на Здружението за традиционална прослава на Бадник.На овој собир, Шилегов ја искористи можноста да им се заблагодари на членовите на одборот за прослава на Бадник за негувањето на оваа убава традиција којашто со години наназад ги обединува и ги зближува граѓаните на Скопје. Тој им посака успешна организација, а на граѓаните на Скопје им посака добра забава, дружење и пријатна празнична атмосфера.„И оваа година продолжуваме со традицијата на пресекување на бадникови гранчиња во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божик. Традиционално тука, во месноста Краста со пресекување на бадниковите дабови гранчиња кои се симбол на радоста и среќата, започнуваат подготовките за прославата на Бадник. Празничните денови, нека донесат радост, љубов и нека го зацврстат единството и почитувањето меѓу сите луѓе“, изјави Шилегов.На денешната манифестација присуствуваа кумот за овогодинешната прослава, Љупче Николовски, овогодинешниот здравичар, Миливое Алексиевски, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, како и поранешни кумови и здравичари.
Македонија | пред 7 години
На аеродромто во англискиот град Бирмингем сопрен е сообраќајот поради дефект на системот за контрола на летање.На патниците им е соопштено дека го проверуваат распоредот на летање затоа што некои авиони се пренасочени на други писти.„Работиме на решавање на проблемот што побрзо е можно. Се извинуваме поради неугодностите кои ова ги предизвикува кај патниците“, се наведува во соопштението од аеродромот во Бирмингем.
Свет | пред 7 години
Вечерва околу 21 часот во Охрид, се судриле две возила на улица Железничка.Според информациите едно лице е итно пренесено во болница.Се уште нема информации како настанала несреќата.
Македонија | пред 7 години
Во 2018 година се издвои една фотографија која собра најмногу лајкови.Станува збор за фотографија на Кајли Џенер која првпат објави дека станала мајка со фотографија од бебето. Имајќи предвид дека таа успеа да ја скрие бременоста од јавноста, фотографијата направи бум и собра над 18 милиони лајкови.https://www.instagram.com/p/Be3rTNplCHf/?utm_source=ig_embedНа второ место се најде Џастин Бибер и неговата фотографија со која објави дека се свршил со Хејли Болдвин.https://www.instagram.com/p/BlBvw2_jBKp/На трето место повторно е фотографија на Кајли Џенер со нејзината ќерка Сторми.https://www.instagram.com/p/BfzEfy-lK1N/?utm_source=ig_embed
Магазин | пред 7 години
Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Суматра во Индонезија, соопшти денес американската Агенција за геолошки истражувања.Потресот бил регистриран во 15:03 часот по средноевропско време, а епицентарот се наоѓал на длабочина од 105,8 километри.Индонезија доцна синоќа ја погоди цунами, а според последните информации животот го загубија 222 лица, 843 се повредени, а за исчезнати се вода 28 лица.
Свет | пред 7 години
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Осомничените на ден 22.12.2018 година околу 1.40 часот како соизвршители неовластено заради продажба пренесувале шеесет и девет килограми и триста и десет грама дрога – марихуана. Дрогата претходно ја спакувале во црни најлонски ќеси и ја пренесувале на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на с. Франгово. При што биле откриени и приведени од страна на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи.Надлежниот обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, поради што до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за тројцата осомничени.
Македонија | пред 7 години
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице од Прилеп, на возраст од 35 години, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка за сторено кривично дело Разбојништо.Осомничениот на ден 13.12.2018 година, во претпладневните часови со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, со употреба на сила и опасно орудие-безбол палка одзел парични средства во износ од 35.460 денари од пошта сопственост на оштетеното АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта” во државна сопственост – подружница Прилеп.Осомничениот маскиран со качунка на главата влегол во поштата држејќи во рацете дрвена безбол палка му се заканил на вработениот-оштетениот дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот и тело, па подавајќи му хартиена кеса му рекол да му ги предаде парите што биле во касата. Потоа осомниченото лице со безбол палката го скршил шалтерското стакло кое се распрскало на парчиња и едно од стаклените парчиња удрило во лицето и десното око на оштетениот, со умисла нанесувајќи му тешка телесна повреда, со што го сторил кривично дело Разбојништво.Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, по кој предлог судијата на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.
Македонија | пред 7 години
На 23.12.2018 год во 01.50 часот пријавено е дека на ул.Венјамин Манчуковски во Скопје, во угостителски објект Н.Б. го нарушил јавниот ред и мир со кршење на чаши и други предмети и агресивно се однесувал кон вработените затоа што не му било дозволено да остане во објектот по завршувањето на работното време.Против Н.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија | пред 7 години
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања