Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
jovan-partizan

И „ПАРТИЗАН“ се прости од градоначалникот Стојановски: „Почивај во мир Јоване“

Во саботата почина градоначалникот на Охрид и голем навивач на Партизан, Јован Стојановски (1970-2018). Тој и додека ја обавуваше градоначалничката функција наоѓаше време да присуствува на многу натпревари од Црно Белите.Почивај во Мир Јоване, напишаа на својата официјална страна.

Македонија | пред 7 години

7 год.
site-vo-Ohrid

Откажана манифестацијата „ од 20 до 20 - сите во Охрид“

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, се отажува годинешното издание на проектот кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти - СИТЕ ВО ОХРИД“ кој требаше да трае од 20-ти декември 2018 до 20-ти јануари 2019 година.И покрај тоа што програмата беше потврдена и артистите беа букирани, сепак е донесена одлука оваа година да не се одржи главната програма и истата да се пренесе за следната година.Сепак, за најмладите, кои се нашата иднина и кои се најрадосни за празниците, ќе биде приредена програма на Градскиот плоштад, каде ќе настапат најмладите со своја програма, информираат од Општина Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaevi

Се сакале уште од средношколските денови: Љубовната приказна на Зорица и Зоран Заеви

Љубовната приказна на македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, дипломиран економист, датира уште од средношколските клупи. Тие се разлика само една година и првите симпатии меѓу нив се од средбите во училишните ходниции и од вечерните генерациски излегувања.Почнале да се забавуваат дури по една година дружење.– Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Важеше за мирно и разбрано момче, она што е и денес – раскажа Зорица Заева пред неколку години.Сопругата на премиерот во истата прилика откри дека се познаваат уште од деца, од времето кога родителите на Зоран живееле во стан во истото маало, оддалечено на триста метри од нејзината зграда. Првата комиуникација ја имале кога таа била во трето, а Зоран во четврто одделение, на настава во природа во некогашното детско одморалиште во местото Суви Лаки, Беровско. Но, тогаш било далеку од симпатии и од љубов. Нивното познанство прераснало во нешто посериозно во средношколските денови. Последната година на Економскиот факултет во Скопје почнале и заедно да живеат.Кога Заев ѝ предложил брак веќе работел во семејната фирма во која се вработила и таа самата. Набргу дошла ќерката Александра, нивното прво дете. Кога се родил синот Душко, Зоран веќе бил пратеник. Крстен е по еден од четворицата чичковци на Заев, кој починал кога на свет дошол неговиот син.Извор: Женски магазин

Магазин | пред 7 години

7 год.
rama-jajca

(ФОТО) Пратеник од опозициската Демократска партија го погоди пемиерот Рама со јајца

Седницата на Парламентот на Албанија на кратко беше прекината, затоа што пратеникот од опозициската Демократска партија Ендри Хаша го гаѓаше премиерот Еди Рама со јајца .Рама по инцидентот ја напушти собраниската седница.Фотографијата на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца ја објави поранешниот албански премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“.

Свет | пред 7 години

7 год.
obama-dedo-mraz

Обама облечен како Дедо Мраз - во посета на детската болница во Вашингтон

Бившиот американски претседател Барак Обама во детската болница во Вашингтон, се појави облечен како Дедо Мраз да им додели новогодишни подароци.На големо воодушевување на сите присутни, во негов стил тој се појави в болницата и почна да ги прегрнува сите присутни, да разговара со пациентите и вработените, а на сите дечиња им додели и симболични подароци за празниците.За време на посетата на болницата, тој им се заблагодари на сите вработени за тоа што секојдневно се грижат за болните дечиња, а дури сними и видео за сите оние кои не биле во можност да се запознаат со него.„Имав можност да зборувам со некои од дечињата и нивните неверојатни семејства во време што очигледно е тешко за нив. Можам само да замислам колку во тие ситуации им се потребни вакви добри доктори и сестри на сите нив, да ги сослушаат, да им помогнат, да ги прегрнат. Тоа е најважното нешто. Ова е одличен пример за тоа што е најважно во оваа празнична сезона“, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

38-годишна тетовка без знаци на живот донесена во тетовската болница

Не е позната причината за смртта на 38-годишната Т.С.Т. од Тетово, која вчера нешто после 18 часот била донесена во клиничката болница во Тетово без знаци на живот. Увидот ќе покаже како починала тетовката, врз која според МВР немало траги на насилство.„Вчера ( 19 декември ) околу 18 часот и 20 минути, во тетовската клиничка болница, без знаци на живот, била донесена 38-годишната тетовка Т.С.Т. На нејзиното безживотно тело немало траги на насилство. Извршен е увид, а телото нa телото на починатата е предадено на семејството.“, соопштија од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

Пијан кичевчанец кршел инвентар и се заканувал на перосналот

Приведен кичевчанец кој ноќеска по полноќ го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект во селото Трапчин Дол.-Денеска во утринските часови односно во еден часот и 40 минути, во угостителски објект во кичевското село Трапчин Дол, нарушен е јавниот ред и мир. Во видно алкохолизирана состојба, Б.З. 31-годишен од Кичево започнал да упатува вербални закани и навреди кон персоналот во угостителскиот објект по што, започнал да крши дел од инвентарот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски и додаде дека Б.З. е приведен по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нов земјотрес во Грција

Изутринава Грција ја погоди земјотрес со јачинаод 4,9 степени според Рихтер. Епицентарот бил во подрачјето на Пелопонез. Денеска се измерени уште неколку потреси во регионов. Турција се стресе со 4,4 степени по скалата на Рихтер, а послаб земјотрес регистриран е и на Малта.

Свет | пред 7 години

7 год.
vlada

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 111-та седница

На денешната седница на Владата на Република Македонија за точки не дневен ред се предложени неколку предлог-закони и информации од страна на Министерството за финансии.Министерството предлага Владата да се произнесе во врска со Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, како и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.На денешната седница на Владата на РМ ќе бидат презентирани и информациите за подобрување на справувањето со нефункционалните кредити и за поттикнување на употребата на локалната валута, со Предлог - стратегија за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и Предлог - стратегија за денаризација на Република Македонија, и информација за усвојување на Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 - 2022 година, со текст на Национална стратегија и Акциски план за спроведување.Министерството за труд и социјална политика за денешната седница ги достави Предлог - законот за социјалната заштита, Предлог - законот за социјална сигурност за старите лица, како и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.Истото министерство на седницата за доненсување одлука ги предлага и Предлог - програмата за изменување на Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2018 година, Предлог - програмата за изменување на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година, и Предлог - програмата за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година.На денешната седница на владата ќе се најде и Предлог - одлуката за распределба на средства за проектите: Изградба на улици и патишта во општина Липково и Изградба на пристапен пат до археолошки локалитет Тауресиум, општина Зелениково, на предлог на Министерство за транспорт и врски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pari-za-izjava

Арнаудов ни со пари не дава изјава, новинaрите собраа пари, изјава не добија

По изјавата на обвинетиот пратеник Љубен Арнаудов дека од сега ќе дава изјави само за пари, поточно за 50 евра, новинарите собраа пари, но изјава повторно не добија...Во кусиот разговор со новинарите тој им кажа дека се пошегувал, а тие отворено му објаснија дека Ги навреди.

Скопје | пред 7 години

7 год.
puin-telefon

Владимир Путин нема мобилен телефон, му верува само на фиксниот - ЗОШТО?

Претседателот на Русија, Владимир Путин не користи мобилен телефон затоа што тој уред подразбира подготвеност на целосна транспарентност, соопштил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Според зборовите на Песков, користењето на смартфон е "доброволен егзибиционизам, целосна отвореност". Оној момент кога ќе земе смартфон во рака, корисникот прифаќа да стави се на "повелете", уверен е претставникот на Кремљ."Секако, еден претседател не треба да го прави тоа, посебно не претседател на земја како Русија и претседател каков што е Владимир Путин", рекол Песков, додавајќи дека "добриот стар телефон со затворена врска ќе ги надживее сите смартфони".

Свет | пред 7 години

7 год.
spasovski-svirkaci

Свиркачите Лазаревски и Костовски вратени на своите работни места во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави на фејсбук дека свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.И двајцата имаа клучна улога во промената на власта во Македонија. Преку нив беше обелодената аферата за масовното прислушување што незаконски го правела Управата за безбедност и контраразузнавање, на чело со Сашо Мијалков, каде беа вработени пред да бидат обвинети во предметот „Пуч“.„За професионалците секогаш ќе има место во МВР“, напиша Спасовски.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1155725177938437/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

7 год.
bebe-tatko

(ВИДЕО) Шест месечно бебе пронајдено како живо плови по ледено езеро: Таткото ја признал страшната тајна

Шестмесечно бебе било пронајдено како живо плови во езеро во северозападно Мисури, неколку минути откако нејзиниот татко им признал на полицајците дека се обидел да ја удави.Бесчувствителниот Џонатан Зикарели во понеделникот наутро отишол во полициската станица во Гринвуд и им кажал на службениците дека се обидел да ја удави својата ќерка, вели извештајот од полицијата.Зикарели наводно им рекол на инспекторите дека го смислил планот за убиство 24 часа порано бидејќи бил под стрес за празниците и сакал да и ги олесни работите на својата сопруга.

Свет | пред 7 години

7 год.
Grabez-pistol

Ограбувале трафики и аптеки низ Скопје со пиштол запалка, двајца разбојници фатени на дело

Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Кисела Вода, Аеродром и Драчево во Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Ж.М.(33) и Д.Т.(39) поради постоење на основано сомнение дека сториле шест кривични дела, од кои четири кривични дела „разбојништво“ предвидени и казниви согласно член 237 од КЗ на РМ и две кривични дела „Разбојништво во обид“ предвидени и казниви согласно член 237 в.в со член 19 од КЗ на РМ.Имено, на 18-ти овој месец во близина на продавница на булевар „Кузман Јосифовски Питу” со намера да извршат кривично дело затекнати се пријавените лица, по што се лишени од слобода. При преглед над пријавените пронајдени се еден пиштол-запалка и други предмети што ги користеле при извршување на кривичните дела.По преземени мерки и извршен разговор со приведените, тие ги признале делата и го појасниле начинот на извршување на шесте кривични дела за кои е поднесена кривична пријава.Кривичните дела се извршени во текот на ноември и декември годинава, кога пријавените со закана со пиштол извршиле разбојништво во две трафики (тобако) лоцирани на булевар „Климент Охридски“ и улица „11-ти Октомври“ како и во четири аптеки лоцирани на булевар „Кочо Рацин“, улица „Вангел Тодоровски” и две на улица „Васил Главинов“, сите во Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Igor-Jug-1

Игор Југ: Што се криеш сега бе како п…а под кошула?

Тензично во Основниот суд Скопје 1 пред почетокот на денешното судење за организираниот напад на Собранието на 27 април.Обвинетиот Игор Југ, за кого во незавршена судска постапка против 33-цата обвинети, Собранието веќе го класираше во тие кои носеле оружје, а за кои нема да има амнестија, се обрати кон еден од тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за кои се изгласа специјален закон за амнестија: „Што се криеш сега бе како п…а под кошула?“.По оваа изјава на Игор Југ веднаш реагираше судската и затворската полиција и Алфите. како и „алфите“, јавува скд.мк.

пред 7 години

7 год.
arnaudov

Арнаудов: Од сега за изјва по 50 евра

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет во предметот за 27 април, на прашање на новинарите дали ќе поднесе барање за амнестија согласно Законот кој завчера беше донесен во Собранието, рече дека од сега ќе ги наплаќа своите изјави.-Изјава давам само за 50 евра – одговори Арнаудов пред да влезе во Кривичниот суд на денешното рочиште.

пред 7 години

7 год.
mvr1

Сообраќајна несреќа едно лице со тешки телесни повреди

На 20.12.2018 годинa во 01,40 часот било пријавено дека на крстосницата од улица “Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица “Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од Е.З.(22) од Скопје и патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.З.(23) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “Фолсваген голф“ Ф.З.(18), а со телесни повреди се здобила сопатничка од истото возило А.Ш.(20) од Струга, како и Е.З. констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: Девет сообраќајни незгоди од кои една железничка незгода со загинати лица

Во текот на изминатиот ден (19.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една железничка незгода со загинати лица, две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот и четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 36 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои: еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 12 возачи поради неносење сигурносен појас и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 118 мандатни платни налози и 74 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
pozarnikar

Трагедија во Штип: При гаснење на пожар, на пожарникар му се слошило и починал

На 19.12.2018 година околу 17,15 часот во Штип на улица „Браќа Даневи“ при гаснење на пожар (оџак од зграда на наведената адреса), на Ѓ.Џ.(57) - пожарникар, му се влошила здравствената состојба и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде била констатаирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен бил увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Годишна прес конференција на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи својата традиционална годишна прес-конференција на која ќе одговара на многу прашања од различни теми.За настанот се акредитирани повеќе од 1.700 новинари од речиси сите руски региони, како и од Азија, Европа и Америка. Ова е 14-та прес-конференција на Путин откако дојде на власт во 2000 година. Се очекува да трае неколку часа. Неговата прва прес-конференција како претседател во 2001 година траеше час и половина, во 2004 година повеќе од три часа, а во 2008 година повеќе од четири.Се очекува годинава на Путин да му се поставуваат прашања во врска со затегнатите руско-американски односи, за односите со Западот како целина, кризата во Украина, економијата, зголемувањето на цените на комуналните услуги, непопуларната пензиска реформа.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека претседателот активно се подготвува за средбата со медиумите, и оти „работи до доцна во ноќта за да се запознае со материјалите подготвени од министрите и експертите на претседателската администрација“.

Свет | пред 7 години

7 год.
48425697_533376237180737_7192792515274080256_n

Обновено: Пасат излета од патот во Охрид

На 20 декември оваа година, во 04 часот и 30 минути, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која Б.Т.(21) од Охрид се здобил со телесни повреди. Тој е пренесен во Општата болница во Охрид каде е задржан на понатамошно лекување.Сообраќајната незгода се случила кога, сега повредениот Б.Т. кој по улицата управувал патнички автомобил „Пасат“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола врз автомобилот, излетал надвор од коловозот по што удрил во жичана ограда, сообраќаен знак и во куќа лоцирана на истата улица.Увид на местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител извршија екипи на СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Студентите нема да го преболат, омилениот професор Стојаноски

Почитуван и драг наш профeсор Јован Стојаноски,Уште од првиот момент кога сите ние, студентите, првпат присуствувавме на вашите предавања, веднаш заклучувавме дека Вие сте посебен. Веднаш сите коментиравме дека професор Јован е различен од другите професори... Различен и единствен бевте со вашиот специфичен стил на предавања, вашиот грижлив и татковски однос кон нас, студентите.И секогаш се прашувавме: колку далеку и колку високо ќе патувате во вашата професионална надградба...?Единствен бевте и по својот карактер, остроумност и вистина која ја носевте во себе и со која допиравте до нас.Ние сме сведоци на тоа дека кога Вие ќе влезевте на предавања, просторот добиваше некаква друга димензија, обземен од вашата професорка енергичност и желба да нѐ мотивирате да размислуваме со своите глави.И секогаш го очекувавме тоа од Вас, а со нетрпение ја очекувавме и следната недела и следното Ваше предавање.Она што Вие како аманет ни го оставивте нам, студентите, е немерливо, несогледливо, премногу е...Вие со вашиот личен пример ни покажавте и докажавте како се бори за вистината и за себе, како секогаш се оди до крај во борбата, но чесно и со Бог.Ни покажавте како се презира сѐ што е лажно, сѐ што е погрешно, ни покажавте како работите да ги нарекуваме со нивните вистински имиња без оглед на тоа колку тешко би звучеле.Ни покажавте како да бидеме горди на своите корени и потекло, бидејќи како што кажувавте Вие Профа, она што нè разликува го носиме во срцето и во мислата.Ни покажавте како може да се биде директен и искрен, а истовремено да се биде достоинствен и авторитативен.Ни покажавте колкава големина носите во себе кога секој студент, секој колега, секој вработен, секој случаен познајник или непознајник што ќе го сретневте низ ходникот на ФТУ ќе го поздравевте прво Вие.Ни покажавте како се сака „Партизан“ и како се навива за тимот што се сака.Но, пред сѐ, ни покажавте и докажавте како да бидеме свои.Тагата е голема колку што и Вие бевте голем како човек.Чест ни е што бевме ваши студенти и што ја имавме привилегијата да ги слушаме Вашите предавања и да Ве запознаеме како наједноставен човек, а во исто време НАЈГОЛЕМ!Ви благодариме за сè што ни дадовте, а ни дадовте многу.Имаме уште многу да Ви кажеме, драг професоре, но предупредени сме од вашата мера за добар вкус кој беше ваша вродена одлика и Ви порачуваме дека вечно ќе живеете во секое едно студентско срце.НИ БЕВТЕ И ЌЕ НИ БИДЕТЕ НЕДОСТИЖЕН ИДОЛ!ВЕ САКААТ ВАШИТЕ СТУДЕНТИ,ВЕЧНА ВИ СЛАВАADIO ПРОФА!Студентите од Факултет за туризам и угостителство - Охрид

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 19 часот

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 19 часот го организира новиот протестен марш.-Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени. Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во четврток, 20.12.2018 година со почеток од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје | пред 7 години

7 год.
sudski-sovet-plati

Судскиот совет си ги зголеми платите, ни помалку ни повеќе туку за по 21.000 ден

Жарко Караџоски, Претседателот на Судскиот совет како претседателот на Судскиот буџетски совет, заедно со членовите донел одлука за зголемување на платите на ова тело за 21.000 денари, објави 1ТВ претпладнево, приложивајќи и документ со вчерашен датум.Станува збор за зголемување на платите за 35 отсто, а дејството ќе биде ретроактивно и ќе има исплата на овој надоместок и за платите од септември и октомври.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vladika-petar

Владиката Петар: Развод - само после неверство!

Преспанско – пелагонискиот владика Петар во телефонски разговор во Централниот дневник на 1ТВ одговори на неколку прашања во врска со денешното излагање кое предизвика бурни реакции во јавноста.Во врска со вашата сугестија до младите, мислите дека тоа го прават од каприц или сепак за тоа има посериозни социо-економски проблеми?Владиката Петар: Проблемите се многустрани, но конкретно проблемот е во тоа што денешнте млади понесени од западниот начин на живеење не живеат според потребите, туку желбите. А во тој случај нема ограничување на желбите и во таа смисла никогаш нема да бидат задоволни.Дали сте разговарале со младите или дали МПЦ се обидела да изврши влијание врз младите во однос на обезбедување домови и работа?Владиката Петар: Јасно е дека нашите млади што одат на запад се современи заробеници, тие таму работат и тие се таму граѓани од втора категорија, се додека не станат полноправни граѓани на таа земја.Што е со оние на кои таков им е изборот и не сакаат да стапат во брак?Владиката Петар: Јас сум должен како владика да ги кажувам ставовите на Црквата и во таа смисла знаеме дека здраво семејство е ако тоа се формира на време. Денешните т.н. пробни бракови до каде доведуваат и на крајот нема ништо од тоа. Истото се случува и при разводите. Јас не сакам да им судам кој е виновник, а кој не. Развод на брак следува само во исклучителен случај односно неверство.Дали сметате дека жените имаат премногу права?Владиката Петар: Не велам дека имаат премногу права, туку дека често пати, повеќето сакајќи да покажат дека се рамноправни ја запоставуваат својата улога како жена и мајка. Во смисла кога ќе треба улогата на жената да ја врши мажот. Мајчинството е една, татковството друга работа.Дали имате иницијатива да им помогнете на млади брачни парови кои се сиромашни?Владиката Петар: Секако дека тука црквата е вклучена и тоа го прави. Не е наша должност да го фаворизираме некој. Помагаме и ќе го правиме тоа понатаму, но не сакаме тоа јавно да биде, бидејќи би било фалење, а со тоа нема да биде примено како добро дело пред Бога.Дали црквата ќе ги пријави парите кои ги заработува, да дава фискални, да плаќа даноци?Владиката Петар: Треба да разбереме дека црквата треба да се раководи согласно зацртаните принципи како непрофитна организација во врска со тоа се знае од кои нешта е ослободена.извор:либертас.мк

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања