Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
les-620x350

(ВИДЕО) Погребната поворка наместо на гробишта завршила во болница

Погребната поворка со телото на 65-годишна Аргетинка, која починала минатата среда во Буенос Ариес, наместо кон гробишта ја одвела пред болница.Возачот на погребното возило и членовите на семејството слушнале звуци на тропање од ковчегот, па наместо на гробишта ја однеле до најблиската болница за докторите да го прегледаат телото.Станува збор за лажна информација, кога докторот потврдил дека жената е мртва најмалку 24 часа.На видеото може да се забележи како докторот, вработените во болницата, како и членовите на семејството стојат до погребното возило и проверуваат што се случува во ковчегот.

Свет | пред 7 години

7 год.
oh-leto-1

ФОТО: „Охридско лето“ со незаборавен концерт на маестро Арчиули

Еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, синоќа во Македонската опера и балет во Скопје приреди незаборавен концерт во рамки на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.На концертот што се одржа со поддршка на Италијанската амбасада во Република Македонија на чело со неговата екселенција, Амбасадорот Карло Ромео, меѓу другите, присуствуваа и министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, како и претставници на Дипломатскиот кор во државава.За публиката што синоќа уживаше во неповторливите звуци на пијаното на Арчиули, по завршувањето на концертот беше приреден и свечен коктел во организација на Италијанската амбасада.Пијанистот Емануеле Арчиули редовно настапува во големите концертни сали и фестивали, како што се Берлинскиот фестивал, Виен Модерн, Ла Скала Милано, Биеналето на Венеција, Фестивалот за пијано во Мајами, Милерб театарот во Њујорк, Маџо музикале Фиорентино, Фестивалот на камерна музика Санта Фе, како и на меѓународните фестивали за пијано во Бреша и Бергамо. Предава современа музика на Академија ди Пинероло, професор е на конзерваториумот во Бари, а исто така е чест гостин професор на многу американски универзитети.Репертоарот на овој ислучително талентиран и виртуозен пијанист е огромен и опфаќа дела од Бах до современа музика, со силен афинитет кон композиторите од Соединетите американски држави.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Беровчанка изнајмила рекетари да изнудат 10.000 евра од скопјанец

Секторот за внатрешни работи – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против К.П.(30) од Берово, со привремен престој во Скопје, А.С.(26) од с. Грчец, Ј.Р.(26) од с. Грчец и Б.С.(21) од с. Грчец поради основи на сомнение дека од Д.З.(67) од Скопје, изнудиле 10.000 евра, со што сториле кривично дело „изнуда“, велат од МВР.На кривичното дело претходела изнуда од страна на првопријавената, која во текот на 2016 година ангажирала други лица, кои со закани и уцени од оштетениот успеале да изнудат 50.000 евра. Делото не било пријавено од оштетениот. Но, на 10-ти овој месец Ј.Р. му се јавил на оштетниот и му рекол да дојде во кафе бар лоциран во трговски центар на булевар “Кирил и Методиј” во Скопје, каде истиот дошол заедно со А.С. и му рекле дека до 14-ти мора да им исплати 10.000 евра.По ова оштетниот случајот го пријавил во Единицата за насилен криминал и за истото е известен Јавен обвинител, по што оштетениот заминал на улица “Македонија” каде требало да се сретне со четворицата пријавени.На местото на настанот од слобода се лишени К.П. и А.С. додека Ј.Р. и Б.С. се дале во бегство. Иситиот ден (14.12.) по наредба од Судија на претходна постапка извршени се претреси во дом и други простории кај три од пријавените лица при што се пронајдени предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривични дела и истите со потврда се одземени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа, на Комисијата за уставни прашања. Комисиската расправа продолжува со дебата по Уставниот закон кој се донесува на важењето на амаднманите, внтрешната употреба на името Северна Македонија и државјанството. Опозициските пратеници од ВМРО ДПМНЕ не учествуваа на расправата.Пратеникот пак од опозиската ГРОМ , Панчо Минов, е задоволен од измените во амандманот за заштита на македонскиот идентитет и гранцијата на границите, но и понатаму има забелешки од кога да се применува новото име и во делот на Преамбулата.Расправата за уставните измени се одвиваше екпресно.Пратениците на опозициската БЕСА и Алијансата на Албанците гласаа воздражно за три од четирите предлог-амандмани, а конечниот свој став ќе го изградат на пленарната седница за амандманите.Амандманите треба конечно да бидат на собраниска седница на 9 ти јануари. За да се усвојат потребно дво третинско мнозинство.

Скопје | пред 7 години

7 год.
cipras-2-960x720

Цаноски: Ципрас со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од ректорот Нано Ружин и Сефер Цаноски, сопственикот на Универзитетот ФОН во Скопје денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.Цаноски и на Фејсбук објави дека иницијаторите на номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019, имале средба со Ципрас.„Денеска во Атина, имавме можност да се сретнеме со премиерот на Република Грција, почитуваниот г-дин Алексис Ципрас.Го информиравме за нашата иницијатива каде тој со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи , добитник на нобелова награда за мир во 2015 година.Историскиот преспански договор, но и самите тие како лидери на новото време кои имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои со децении се водеа наназад ,со една единствена цел да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи.Начинот на кој решија во принцип тежок идентитетски спор , со дипломатски средства , е посебен успех кој како пример и модел ќе се користи убеден сум во регионот и пошироко . Вакви идентитетски конфликти се најтешки за решавање и често остануваат “замрзнати конфликти” - сакам да нагласам, тоа е посебен успех .Затоа, и двајцата, г. Ципрас и г-дин Заев заслужуваат да бидат и да бидат новите Лауреати и добитници на Нобелова награда за мир за 2019 година.“, напиша Цаноски на Фејсбук.https://www.facebook.com/sefer.canoski/posts/10215988705103259Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_2423

Заев со највисок рејтинг за претседателски кандидат

Претстојните претседателски избори ќе бидат длабоко вкопани во партиските ровови, со мали изгледи за консензуален кандидат, при што 12,4% од граѓаните за иден претседател би му дале доверба на актуелниот премиер Зоран Заев, а веднаш по него на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Никола Димитров со по 8,2% поддршка. Ова го покажа новата анкета на Телма и МЦМС спроведена од 7 до 14 декември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.Веднаш зад нив на листата се Стево Пендаровски со 6,8 проценти, и Бујар Османи со 6,5, и поранешниот кандидат за претседател Имер Селмани со 5,8%. Сепак не се за занемарување речиси 19% од граѓаните кои идниот претседател не го гледаат во ниту еден понудените кандидати, како и 15% кои се уште не одлучиле.Анкетата покажа дека консензуален кандидат е можен меѓу СДСМ и ДУИ, каде повторно на врвот на листата е Заев за кого би гласале 10,2% од Македонците и 11,2% од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. Кандидатите кои се независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
48-Great-Escape-tom-odell

Tоm Odell доаѓа во Скопје

Суперквалитетниот TOM ODELL доаѓа во Скопје, на 13- ти февруари 2019 година во СРЦ Кале.Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.Сме имале можност да го гледаме ТOM ODELL во живо на некои регионални фестивали и тоа е перформанс кој едноставно не смее да се пропушти!

Магазин | пред 7 години

7 год.
zeni

За првпат во Македонија ќе се доделат оскари за жени во спортот

На гала-вечер насловена „Вечер за жени во спортот“ која ќе се одржи утревечер (20 декември) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, за првпат во Македонија ќе бидат доделени спортски оскари. Организатор на настанот е Здружението „ТАКТ“.– На оваа свеченост е предвидено да се слави успехот, најдобрите спортски постигнувања на жените спортистки во 2018-та година, во вкупно 13 категории. Целта настанот е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Република Македонија, да се актуализира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни во спортскиот сектор, изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.Нагласи дека со статуетките кои ќе се доделат ќе им се оддаде признание на силата,инспиративноста и моќта на жените.Настанот го организира граѓанската организација „ТАКТ“ а поддржувачи на настанот се Стејт Департмент САД и Амбасадата на кралството на Шведска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според рихтеровата скала вечерва мерните станици регистрираа во Грција.Податоците од сеизмолошките станици покажуваат дека епицентарот на земјотресот бил во јужна Грција на длабочина од 12 километри.Епицентарот е во близина на Метони, засега нема информации за штети или повредени.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_2114

(ВИДЕО) Заев: Охрабрен сум дека успешниот политички процес и помирувањето отвораат интеграциска 2019 година за Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, даде изјава по работниот ручек со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ со лидерите од Западен Балкан, билатералната средба со европретставничката Могерини, како и средбата со претседателот на Европскиот Совет, Туск.Во изјавата, премиерот Заев соопшти дека Македонија од претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск ја има поддршката за храброто лидерство што води кон успешно завршување на политичките процеси во насока на отпочнување преговори со ЕУ во јуни 2019 година.Премиерот Заев рече дека таква поддршка е изразена и од претставничката за надворешна и безбедносна политика, Могерини. На средбата со Могерини посебно е дадена поддршка за донесениот Закон за амнестија и е нагласено помирувањето како важно за успешна реализација на процесите, како и за граѓаните во државата.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, за работниот ручек што го организираше европската претставничка, Могерини, со лидерите на Западен Балкан, рече дека поминал со изразена заедничка согласност за решавање на билатералните прашања во духот на регионалната стабилност, при што било констатирано дека државите можат да си помогнат едни на други во процесите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Untitled-5

(ВИДЕО) Жена се обиде електричен автомобил „Тесла“ да го наполни со гориво

Жена се обидела да го наполни со гориво електричниот автомобил од бреднот „Тесла“. Ваквата, како што писшуваа дел од медиумите, интересна сцена се одиграла на една бензинска станица во САД.Најголем дел од бензинските пумпи во САД функционираат на принципот самопослуги, па жената три минути се обидувала даа го пронајде капачето од резервоарот на автомобилот. Таа не успеала бидејќи моделот “С” кој го управувала е електричен.

Свет | пред 7 години

7 год.
Devojka

Конзерва „кока-кола“ реши случај на убиство стар 30 години

На маж од САД ќе му биде судено за убиство што го извршил во 1989 година кога колешка од работа му зеде ДНК од фрлената конзерва „кока-кола“ и им помогна на детективите да го решат случајот.Тимоти Бас (51) од државата Вашингтон го очекува судење за силување и убиство на 18-годишната Аманда Ставик, која исчезна откога отиде да трча во близина на својот дом, објави „Вашингтон пост“.Телото на тинејџерката беше пронајдено три дена по нејзиното исчезнување, но убиецот остана нерешена мистерија речиси три децении.Но, во август минатата година се случи пресврт кога колешката на Бас дозна дека тој е осомничен за убиство. Жената со која работел, а чиј идентитет е непознат за јавноста, чувствувала морална обврска да помогне во истрагата.Кога Бас завршил со ручекот, таа тајно ги зела неговата конзерва „кола“ и пластичната чаша и им ги предала на детективите, кои веднаш ги испратиле во лабораторија.Резултатите покажале поклопување на ДНК од конзервата со оние на местото на злосторството.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Новогодишна бајка во најубавите градови во светот

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бесплатни часови по лизгање на плоштадот „Македонија“

Градот Скопје и Хокеј Федерацијa од утре (20.12.2018 година, четврток) овозможуваат бесплатни часови по лизгање за почетници на лизгалиштето „ЕУ за тебе“ во рамките на новогодишната населба Винтерленд на плоштад „Македонија“.Оваа нова содржина во Винтерленд за љубителите на зимските спортови ќе се одвива секојдневно во два термини: од 11 часот претпладне и од 20 часот навечер. Бесплатните часови ќе бидат организирани за групи до 20 пријавени лица, на кои ќе им држат обуки двајца професионални инструктори.Заинтересираните за бесплатни часови по лизгање може да се пријавуваат секој работен ден во Информативниот центар на Град Скопје од 9 до 16 часот на телефонскиот број (02) 3297-255.Новогодишната програма и „Винтерленд“ се финансиски поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбеди бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“ што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филипче: Прогласена е епидемија на мали сипаници што е последица од негативните кампањи против вакцинирање

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство донесе одлука најмалку две недели да се затвори градинката во скопската населба Радишани, каде пет деца се заразиле со морбили (мали сипаници).Во моментов се регистрирани шест заболени лица, пет се деца од предучилишна возраст и еден возрасен маж.Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче изјави дека е прогласена епидемија на морбили (мали сипаници) во населбата Радишани, која е последица од неколку годишните негативни кампањи против вакцинирање особено со вакцинацијата од МРП, колективниот имунитет е навистина паднат, додаде тој.„Станува збор за болест која се превенира со вакцинација. Упатувам уште еден апел, покрај сите кампањи што прави Министерството за здравство, родителите да ги вакцинираат своите деца. Воедно, упатувам апел до родителите да не ги носат децата во оваа градинка. Периодот од 2 недели ќе се искористи за итна дезинфекција на објектот, а понатаму и за имунизација на сите деца кои не се вакцинирани. За жал сите заболени лица се невакцинирани. Три од пет деца се сместени на Клиниката за инфективни болести, а останатите дечиња се наоѓаат на домашно лекување“, изјави министерот Филипче.Министерот додава дека опфатот со вакцинација е мал, особено во првите неколку години од животот. Како децата растат, така родителите ги вакцинираат. Најмал е опфатот со вакцинација кај децата од 1,2,3 години и понатаму процентот на вакцинација расте.Министерство ќе ги преземеме сите неопходни мерки за заштита.„Очигледно дека не се почитува потребата да се достави вакциналниот картон при упис во градинка и во училиште. И ние ќе бидеме приморани да направиме законска промена. Ќе инсистирам на тоа, ќе направиме уште еден состанок со претставници Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика. Не вакцинирањето носи сериозни ризици од појава на епидемија, која може да има и фатални последици, а се превенира со вакцинација“, потенцираше министерот Филипче.Д-р Владимир Микиќ, од Институтот за јавно здравје,  вели дека морбилите (мали сипаници) можат дадат тешка клиничка слика, како вопспаление на белите дробови,  воспаление на мозок, тешка диареа и во одредени случаи дури и смрт.„Од Центарот за јавно здравје, добивме информација за шест заболени лица, од кои три се наоѓаат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби,  а три се на домашно лекување. Од овие, само три се лабараторски потврдени, а во тек се наодите и за другите заболени, но клиничката слика укажува дека станува збор за мали сипаници. Сите деца кои се заразени со оваа болест не биле вакцинирани, а возрасниот пациент е со непознат вакцинален статус.  За жал долгогодишните негативни кампањи против вакцинирањето, а особено за МРП доведоа до опаѓање на опфатот на вакцинирани пациенти, а со тоа зголемен број на заболени и тоа во најчуствителната популација, децата во предучилишната возраст кога вообичаено реодителите ја одложуваат вакцинацијата“, рече Микиќ.Во Скопје опфатот е 78  отсто за минатата година, а треба да биде повеќе од 95 отсто вакцинирано население, а  во 2016 година, кога се родени децата кои сега се заразени со морбили (мали сипаници), бил само 67 отсто.Иако е прогласена епидемија на мали сипаници, лекарите апелираат родителте да ги однесат децата на вакцинација. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Арачиновци криумчареле мигранти од Авганистан

Полицијата откри тројца мигранти од Авганистан во возило во близина на тунелите кај Демир Капија. Возачот и сопатникот се уапсени.Според информациите на МВР, вчера во 21,45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на тунелите кај Демир Капија, од страна на полициски службеници при даден знак за запирање на автомобил „опел астра“, возачот не застанал и продолжил со движење кон Скопје, а кај клучка Демир Капија се упатил кон село Корешница, каде застанал.Во возилото биле пронајдени три лица од Авганистан. По преземени мерки, биле приведени Д.Р.(18), кој го управувал возилото и Е.Ј.(21), кој бил сопатник, двајцата од Арачиново, скопско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tereza-Mej

Лидерот на лабуристите среде парламент ја нарече глупача Тереза Меј

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин ја нарече премиерката Тереза Меј "глупа жена" на денешната седница на парламентот, пишуваат медиумите.Неговата забелешка, која не била слушната, но била кажана, беше снимена од телевизиски камери за време на седницата за прашања и одговори што се одржува во британскиот парламент секоја среда, објави „Ројтерс“.Корбин на седницата непрекинато ја напаѓал Меј поради нејзината одлука да го одложи гласањето во парламентот за договорот за брегзит.Меј му порача на Корбин дека тој нема да ја има поддршката од членовите на неговата партијата за прашањето за ЕУ.„Имам совет за господинот – погледнете зад себе! Тие не се импресионирани, ниту, пак, е земјата”, му порача Меј на Корбин, по што, според дел од оние кои биле присутни, Корбин тивко рекол „глупава жена”, пишува „Ројтерс“.

Свет | пред 7 години

7 год.
gjorge-ivanov-1

Законот за амнестија испратен кај претседателот се чека неговиот потпис

Законот за амнестија е испратен од Собранието во Кабинетот на претседателот и го чека потписот од Ѓорге Иванов.Откако Иванов ќе го потпише Законот се обкавува во Службен весник по што и официјално стапува во сила и оттогаш почнува да тече рокот од пет дена во кој обвинетите и осудените за „27 април” треба да поднесат барање за амнестија ако одлучат така или да се определат во судскиот процес да ја докажуваат својата невиност.По тоа, Судот или Обвинителството имаат рок од пет дена да одлучат по барањата. Законот дозволува и жалба во второстепена постапка.Од Владата порачуваат дека целта на законот е помирувањето.„Поддржуваме акти со кои ќе се дефинира помирувањето, акти со кои јасно ќе се разграничи насилството и осмислувањето на насилството од 27ми.“ - изјави Миле Бошњаковски.Од кабинетот на Иванов нема информација околу потпишувањето на Законот, но проценките се дека овојпат тој нема чека до недоглед како што беше во случајот со Законот за јазиците и Договорот од Преспа кои уште чекаат на неговиот потпис.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sasa-popovic-foto-nikola-tomic-1-830x0

Саша Поповиќ прв пат проговори за семејната трагедија

Саша Поповиќ првпат јавно проговори за семејната трагедија која се случи кога имал само 24 години. Тоа било во 1978 година, кога Саша и неговата мајка останале без татко и сопруг, кога на неговиот автомобил налетало друго возило.-Имав 24 години, кога тато во 1978 загина во сообраќајна несреќа. На автопат на неговиот автомобил налетал „Мерцедес“ со загребски таблички. Кога мајка ми ме разбуди и ми соопшти што се случило, бев хипнотизиран. По мачна борба за живот, умрел во болница. Ни денес не знам дали возачот заврши во затвор, вели Саша.-Губењето родител е многу тешко искуство. Додека беше жив, се сеќавам дека ме нервираше се што тој ќе каже. По неговата смрт, кога и да носам одлука, размислувам како би постапил тој во таа ситуација, објаснува Поповиќ.Како што кажува, желба на неговиот татко била тој да студира, но кога почнал да се занимава со музика, сепак го поддржал.-Немаше шанса да пуштам коса како другарите, а се знаеше дека во девет часот мора да бидам дома. Кога на 16 години почнав да свирам во културно-уметничко друштво, првпат се заљубив. Беше постара од мене четири години. Не знам зошто, но секогаш сум сакал постари девојки. А тогаш со братучедот направивме мал оркестар. Почнавме да свириме по родендени кај пријатели. Тогаш некој не слушна, па не ангажираше на првата свадба. Еден ангажман го донесе следниот и така понатаму. Потоа во 1973 година се запишав на правен факултет, раскажува Саша.-Стигнав до трета година. Три месеци се подготвував како да му соопштам на татко ми дека нема повеќе да студирам. Сепак, татко ми виде дека сакам со тоа да се занимавам и ми даде благослов, се сеќава Поповиќ, благодарен на татковото разбирање. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
morbili

МТСП веднаш превзема мерки - по појавата на морбили, градинката во Бутел нема да работи 15 дена

Министерството за труд и социјална политика информира дека во следните 15 дена објектот „Ташко Караџа“ во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“ во Општина Бутел нема да згрижува деца, поради поголемен број заболени деца од морбили.-Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест, информираат од МТСП.Министерствто за труд и социјална политика ќе даде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.

Скопје | пред 7 години

7 год.
48360282_10213391021477680_8936009252686790656_n

(ФОТО) Градоначалникот на Теарце со предлог за ново знаме на Македонија

Градоначалникот на Теарце, Исен Асани денеска објави фотографии на неговиот Фејсбук профил, на кои има знаме со двоглав орел комбиниран со актуелното знаме на Македонија со неколку направени промени. Тој на фотографиите е заедно со Конер Андерсон од Америка, кој во последните две години придонесува во општина Теарце со конкретни проекти преку Мировниот корпус.„На 19 декември 2018 година, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, оствари прошталната средба со американскиот волонтер, Конер Андерсон.Г-динот Андерсон е стациониран во администрацијата на општина Теарце и за период од две години придонесуваше со конкретни проекти во корист на сите граѓани на Општина Теарце преку Мировниот корпус. Ние сме благодарни за заедничката работа направена досега.Г-дин Андерсон не почести со предлог за знаме за сите граѓани на Република Македонија, како треба да изгледа знамето на Република Македонија.Останува на јавноста да оцени.Општина Теарце, стои во Фејсбук статусот на градоначалнкот на општина Теарце.

Македонија | пред 7 години

7 год.
morbili

Пет деца од градинка во Радишани заразени со морбили

Во моментов Комисијата за заразни заседава за настаната ситуација. Во очекување на одлуката од Комисијата министерот за здравство, Венко Филипче рече дека најверојатно градинката ќе биде затворена, а препораката до родителите на децата кои не се заразени ќе биде децата да останат дома.Се очекува во текот на денот Комисијата да излезе со конечна одлука.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pazar

Левица: Забранете го членувањето во управните одбори, а не продавањето на тезга

Политичката партија Левица упати остра реакција по повод почетокот на примената на новиот Закон за трговија на зелените пазари предложен од владејачката коалиција на ДУИ и СДСМ.„Ова е срамен, противуставен и скандалозен закон кој е насочен исклучиво против класните интереси на најсиромашниот слој од населението, кое се обидува да преживее заработувајќи скромен дополнителен приход продавајќи земјоделски производи на пазарџиските тезги.Законот е крајно дискриминирачки затоа што забранува пензионери, социјалци, стечајци и хонорарци истовремено да можат да бидат и продавачи на пазар – токму оние на кои пензиите, социјалната помош или отпремнините кои ги добиваат им се толку мизерни што не можат да си ги покријат и најосновните трошоци за нормален живот и издржување на своето семејство.Додека во државава не е спорно едни исти луѓе да бидат членови на повеќе управни или надзорни одбори, напикани од партиските комисии – овие сиромашни луѓе, кои чесно си го заработуваат парчето леб, по Нова година одеднаш ќе станат криминалци и ќе имаат правен третман на илегални трговци, само затоа што на владејачките буржоаски партии им текнало да ги штитат интересите на големите маркети и на т.н. Зелена мафија од Кванташки пазар“, велат од Левица.Од партијата најавуваат дека ќе ги искористат сите правни и вонправни инструменти да го спречи влегувањето во сила на овој крајно штетен Закон.„Јавно го повикуваме Министерството за економија – по итна постапка – до Собранието на РМ да предложи мораториум, т.е. одлагање на примената на овој закон за најмалку една година.Паралелно со ова, го повикуваме и Уставниот суд на РМ, по службена должност, да донесе времена мерка за стопирање на примената на овој скандалозен закон, кој е насочен исклучиво кон најсиромашните слоеви од народот и го загрозува социјалниот карактер на Републиката. Доколку тоа не се случи, нашиот правен тим дополнително ќе поднесе иницијатива за оспорување на уставноста на Законот, со барање за негово укинување“, се наведува во соопштението

Македонија | пред 7 години

7 год.
lgbt

Да се одгледува, расте и да се порасне како геј во Македонија не е лесно

Оставени во незнаење, децата и младите денес, во Македонија, го живеат својот живот како знаат и умеат, собирајќи полувистини од електронски и други медиуми, од попкултурата, од моралистичките пораки на неуки подучувачи, полни со стереотипи и предрасуди. Сите овие извори се генератори на насилството, зашто не даваат одговори за разнообразноста на човековата сексуалност и искуства, ниту водат сметка за разликите во родовото себеизразување, пишува Психологот Лина Ќостарова Унковска, која е и директор на Центарот за психосоцијална и кризна акција .Да се одгледува, расте и да се порасне како геј, транс или кое било друго родово различно дете не е лесно и едноставно, било каде, но најмалку во традиционална и религиозна заедница, каква што е Македонија. Следствено, за традиционалното, типично македонско семејство темите за родот и сексуалноста се длабоко закопани, табу теми.Во училиштата, членови на тие семејства се нечии наставници или автори на учебници, за кои родовите прашања отсекогаш биле надвор од нивната агенда, во воспитувањето на многу генерации деца. Тие и реално многу малку знаат или не сакаат да знаат за детската сексуалност и затоа измислуваат и импровизираат кога пишуваат за неа. А и не се начисто како да ги отворат овие прашања, а да не ги испуштат децата од контрола, за која најчесто сметаат дека е најдобра кога младите за „тоа“ што помалку знаат.Оставени во незнаење, децата и младите денес, во Македонија, го живеат својот живот како знаат и умеат, собирајќи полувистини од електронски и други медиуми, од попкултурата, од моралистичките пораки на неуки подучувачи, полни со стереотипи и предрасуди. Сите овие извори се генератори на насилството, зашто не даваат одговори за разнообразноста на човековата сексуалност и искуства, ниту водат сметка за разликите во родовото себе-изразување, за правата и слободите како развојни потреби, за промените на телото и сликата за себе, како силни и евидентни показатели на развојот, но и на самодовербата и на умешноста да се успее со животните предизвици.Наместо тоа, се отвoра простор за манипулации со лажни слики, што ја извртуваат детската самоперцепција, создавајќи хаос во главите на младите.Се` што учат децата во училиштата, едни од други, или од непроверени извори, нема како да го помине тестот на реалноста, зашто и таа е извитоперена. Лажни се податоците, но лажирана е и реалноста, и тоа што младите го минуваат искуствено, и што е единствено автентично и веродостојно, нема вредност, зашто нема каде и на што да се потпре, за тие да можат да ги разберат процесите на родовото доживување, прилагодување и самоприфаќање, без страв и преголеми ризици.Кога прашањата за сексуалните и родовите идентитети остануваат да висат, или се криво интерпретирани и сместени во тесните хетеро-нормативни и моралистички рамки, тогаш доаѓаме до проблематизирање на главните текови на детскиот развој, нивната себеидентификација, припадност и себерегулација. А тоа се клучните прашања: кој сум, каде припаѓам и како да се раберам себеси и другите?Каде и како во сето тоа да се снајдат ЛГБТИ младите, како родово или сексуално нетипични млади? Каде да ги најдат одговорите за себе и како да се справат со сопствената различност, со ексклузивноста, со перманетното негирање, со изолацијата и заканите, често и по нивниот живот?Трансродовите и ЛГБТИ млади под голем ризик од насилстваВеќе неколку години во Македонија ги следиме состојбите поврзани со здравјето на нашите ЛГБТИ млади. Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (HBSC) во Македонија покажа дека 1-2 отсто момчиња и 4-5 отсто девојчиња на 15-годишна возраст се изјаснуваат дека ги привлекуваат момчиња/девојчиња од истиот или и двата пола.Споредено со нивните хетеросексуални врсници, хомо и би-сексуалните млади се почесто исложени на насилства и повисок ризик по нивното емоционално и социјално здравје. Наодите покажуваат дека хомо и би-сексуалните млади на 15 години, се дваипол пати почести жртви на малтретирање во училиштата, со двојно поголема изложеност на физичко насилство во семејството, во споредба со хетеросексуалните млади. Тие се и четири пати почести жртви на полов напад, повеќе од еднаш, од своите хетеросексуални врсници.Во поглед на менталното и емоционалното здравје 15-годишните ЛГБТ млади во Македонија, двојно и повеќе, од своите хетеросексуални врсници чувствуваат: главоболки, болки во грбот, нерасположенија, раздразливост и несоници, почесто од еднаш неделно. Тие во голем број (74 отсто) страдаат од два и повеќе психосоматски симтоми, почесто од еднаш неделно, и речиси секој втор од нив живее со чувството на тага и безнадежност, која кај една третина од нив завршува со сериозни размислувања за самоубиство. За разлика од нивните хетеросексуални врсници, ЛГБТ младите во Македонија поретко се дружат и имаат помала поддршка од родителите и врсниците.И за трансродовите млади има се` повеќе сознанија дека се под уште поголем ризик од насилства и малтретирање, не само во училиштата, туку и во семејството.Стигмата и срамот не се лесни за надминувањеВо едно средно училиште во Скопје, едно трансродово 15-годишно момче кое се охрабрува да му се довери на директорот и да побара да биде заведено во училишните книги под машко име, за децата од класот да почнат да го ословуваат така, се судира со непомирливиот став на родителите. Нивното толкување дека детето премногу време минува на интернет, дека попаднало во група што го насочува во погрешна насока, меѓу другото и да експериментира со родовата улога, што е модерно на таа возраст, превагнува, за на крајот се` да заврши со тоа „инцидентот“ да се заборави.Секогаш сум се прашувала како да се интервенира во родителството, гледајќи како неговите одлуки за „доброто“ на детето директно ги попречуваат детските развојни потреби и права? И покрај сите предупредувања за повредите што им се нанесуваат на овие деца, доколку не се поддржат на време, како на пример, за крајната изолација, за ризиците да не го завршат образованието, за скратените младешки пријателства и социјални искуства, кои никогаш веќе нема да можат да се надоместат, овие родители долго остануваат на своето, се` додека не биде предоцна. Но, стигмата и срамот пред другите, стравот од губитокот и разделбата со нивното „вистинско“ дете, себеобвинувањата „каде сме згрешиле“ присутни кај родителите на ЛГБТИ децата, не се лесни за надминување.Но, дали можеме да ја бараме одговорноста само и воопшто кај родителите за состојбите со нивните ЛГБТ деца во заедница каква што е нашата? Нивните погледи без исклучок и отсекогаш биле свртени кон стручната јавност и системите на поддршка и заштита, од кои тие се` уште не добиле ништо.Дали се работи за болни или за здрави деца?И во тоа лежи и најголемата препрека на промената во нивните ставови. Статусното прашање на ЛГБТ младите во Македонија фактички не е решено. Дали се тие болни или здрави, дали се нормални или ненормални? Имаат ли еднакви права со сите други деца? Ова се одамна одговорени прашања во научните кругови и секојдневната практика на многу земји во светот и од таа перспектива дури звучи невкусно и да се поставуваат.Но кај нас не е така. Нашата стручна јавност е се` уште без официјален став. И уште полошо не е ни свесна за репрeкусиите на нејзините произволни, лични, непрофесионални ставови. Дури и кај оние кои не ги делат истите конзервативни гледишта, не се чувствува потребата за расчистување со шаренилото од толкувања и за преземање на одговорноста што сите ја делиме заедно, како струка, за ваквата состојба.Пред извесно време една наша млада револуционерна колешка, психолог, излезе јавно со ставот за т.н. „криминално“ изложување на трансородовите деца на хормон-блокатори, споредувајќи го тоа со третман на аноректични млади: „Замислете, искоментира, кога третманот на аноректично дете би се потпирал на почитување на неговата волја да не зема храна, каде тоа би не одвело, до изгладнување до смрт, наместо да биде спасено“. Сосема произволен и штетен, коментарот доаѓа од претставник на струката, која треба да биде авторитет, и таа „де факто“ и доби голем број „загрижени“ следбеници.Ваквиот став не е штетен само поради дадените дезинформации, туку и поради „стручно“ искажаната недоверба кон детското автентично родово доживување, а со тоа и кон правото на учество во одлуките кои длабоко го засегаат. Наместо неговото мислење и чувства да се земат како највалидна алатка на проценка, со што и неговото самоопределување би добило простор за размена и артикулација и за рамноправно учество во изборот, кој потоа може и да се следи, проверува и анализира, како и секој друг став и состојба, детето во старт се елиминира како информатор за својата состојба. Многу е важно да се нагласи дека детето има легитимно право да биде слушнато и информирано за сите аспекти на својата состојба, за да може рамноправно и активно да учествува, без присила или застрашување, по сите прашања на својот живот. Став што е сосема непознат за нашата традиционална, загрижена, моралистичка средина...Споредувајќи ја со аноректична состојба, понатаму, нашата експертка, трансродовата состојба ја поистоветува со болест која треба да се лечи. Конзервативно - популистички став на традиционалната средина, која треба да се едуцира и модернизира, наместо да ѝ се додворува и повладува, при што целата струка се (зло)употребува.Да создаваме инклузивни родовочувствителни срединиНаучната и стручната мисла во Македонија мора да исчекори од овие збркани стојалишта, за потоа да стане влијателна и во менување на дискриминирачките ставови и уверувања, со кои со децении ги воспитуваме децата. Медицинарите, психолозите, педагозите и сите останати стручњаци, мора да бидат во тек со современите научни достигнувања и својот став да го искажат јавно, преку своите тела, асоцијации и комори, затоа што е тоа нивна задача и одговорност.Се` до тогаш, додека тоа не го средиме, немаме морално право да ги повикуваме на одговорност родителите, кои во потрага по вистината, откако ќе променат дузина доктори и стручњаци, своите деца ќе продолжат да ги носат на бајачки, оџи и исцелители, сo единствена цел да ги „излечат“.*Блогот е објавен во рамки на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica и е преземен од www.respublica.edu.mk.

Коментари | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Деца украле автомобил, се возеле низ Скопје па пропаднале во дупка

Утрово во 08:40 часот во СВР Скопје е примена пријава од М. Ш. (36) од Скопје дека во периодот од 18.12.2018 година од 19:30 часот до 19.12.2018 година до 04:30 часот од паркинг простор кај Транспортен центар од страна на непознат сторител е одземено возило Пежо со скопски регистерски таблици, најверојатно со оригиналниот клуч, кој бил во контакт бравата на возилото.По преземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, утврдено е дека делото го сториле 13-годишно момче- штитеник на ЈУ 25ти Мај и уште едно 13- годишно и едно десетгодишно момче. Но, момчето кое го управувало возилото околу 03 часот на бул.Илинден изгубило контрола над возилото и се превртело во канал каде се изведувале градежни работи. Трите момчиња се пренесени во ГОБ 8-ми Септември.За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Скопје, како и родителите на малолетниците и социјален работник. По документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања