Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
vlada-slika

ВИДЕО: Исповед на бизнисменот кому министер од Владата на Заев на сила, без надоместок му ја одзел компанијата

Министер на Заев, со неколку членови од неговото семејство, наводно со оружје му одземале милионски бизнис на лице од Македонија и му се заканиле дека ќе го убијат него и неговото семејство. Бизнисменот вели дека сето ова го пријавил во Финансиска полиција, но се плаши дека власта нема да интервенира, со оглед на тоа дека станува збор за владин министер, објави ТВ 21.Бизнисменот дојде во ТВ 21 со документ што го доставил во Финансиска полиција, и ги претстави неговите докази, ден откако министерот јавно изјави дека тој и неговото семејство добиле закани по живот, од три лица.Оваа изјава на министерот Аднан Ќахил, ги поттикна лицата кои тој ги спомна, да дојдат во ТВ21 и да се исповедаат за упатените јавни обвинувања на министерот.Ервин Сејфула тврди дека е жртва на министерот Ќахил и обвинувањата на министерот дека Ервин му се заканил, со неговите двајца пријатели, кои тој ги спомна, како што вели се лага.За ова, тој јавно во ТВ21 покажа документ, за кој вели дека го доставил и во Финансиска полиција, и поради тоа, како што тврди бизнисменот, отворена е истрага за министерот Аднан Ќахил.Во предаденото досие во Финансиска политика, кое го имаше на увид и ТВ21, се гледаат телефонски разговори, СМС пораки и други писма за сопственоста на компанијата „Манора Логистик Маркетинг ДОО“. Со овој документ Ервин Сејфула го обвинува министерот Ќахил и неговото семејство, дека наводно насила и со закани по живот му ја одземале компанијата.ТВ21 контактираше и со министерот Аднан Ќахил за да добие одговор за обвинувањата од страна на бизнисменот, но тој одби да одговори и се закани дека ќе ја тужи телевизијата доколку излезе веста.Второосомничениот кој го спомнува министерот Ќахил, како лице кое му се заканило на неговиот роднина, ја раскажа неговата верзија и за тоа донел и аудио снимки од разговорите со роднината на министерот. Вулнет Селими беше спомнат во интервјуто на министерот, дадено за ТВ21.Еркан Мамут за ТВ21 рече дека го тужел бизнисменот и неговите пријатели за закана и дека на 19 декември чека да се види со нив на суд, кога почнува судскиот процес за ова прашање. Според него, Ервин Сејгула, немал 90% од акциите во фирмата Манора Логистик и Маректинг ДОО, туку само 1%.ТВ21 контактираше и со Финансиската полиција за да потврди дали пријавата на Ервин Сејфула е доставена кај нив. Од овој орган, за ТВ21 изјавија дека печатот на архивираното писмо е доволен доказ за примањето на предметот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
download

Според НАСА вонземјаните веќе ја посетиле Земјата

Научници на НАСА сметаат дека вонземјани најверојатно веќе ја имаат посетено Земјата, но дека луѓето не ги забележале бидејќи се „неверојатно мали“.Доктор Силвано П. Коломбано, научник на НАСА, смета дека вонземјаните изгледаат многу поразлично од луѓето и која било друга форма што ни е позната нас, како и дека имаат технологија што ние не можеме ни да ја замислиме.Тој исто така вели дека вонземјаните имаат способност за интерстеларно патување низ вселената.Ваквата изјава следи откако НАСА почна да го скенира универзумот за цивилизации како дел од програмата „Потрага по вонземска интелигенција“.„Едноставно сакам да го истакнам фактот дека можеби, ако успееме да ги најдеме или тие нас (ако веќе нѐ немаат најдено), дека можеби ја немаат нашата структура и градба“, вели Коломбано.Тој смета дека денес научниците се премногу фокусирани на тоа да најдат знаци на современа технологија на други планети, а ризикуваат да ги пропуштат сигналите на цивилизации што се многу постари од Земјата.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ljubisha

Почина Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.Георгиевски беше роден во Битола на 30 мај 1937-та година.На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.-Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!!Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!, напиша Вељановски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дескоска купува опрема за снимање преку Министерство за правда

На елекртонскиот систем за јавни набавки објави оглас за барање за прибирање на понуди Нарачател е Министерство за правда. Според огласот министерството ќе набавува опрема за снимање и фотографирање за потребите на Министерство за правдаПроценета вредност без ДДВ: 200.000,00Критериум за доделување на договор: Најниска ценаПонудите/планови треба да се достават најдоцна до: 10.12.2018

Скопје | пред 7 години

7 год.
rusija-laser

(ВИДЕО) Русија претстави ласерско оружје со кое метите може да ги уништи за помалку од секунда

Руското министерство за одбрана на социјалните мрежи го претстави ласерското оружје „пересвјет“. Заменикот на рускиот министер за одбрана и вселенска индустрија Јуриј Борисов кажа за Краснаја звезда, весникот што го издава министерството, дека „пересвјет“ метите може да ги неутрализира за помалку од секунда.„Можеме многу да зборуваме за ласерското оружје и филмовите кои за него се снимени и книгите што се напишани, но факт е дека таквите системи денес веќе се користат“, кажа Борисов.Руските војници кои управуваат со системот за тоа се специјално обучени во воено-вселенската академија Можајски во Санкт Петербург.Претседателот на Русија Владимир Путин во март годинава за време на обраќањето до нацијата кажа дека Русија напредувала во развојот на ласерското оружје и дека во тој поглед се „пред конкуренцијата“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Pasosi

Македонскиот пасош на 37 место - Која земја го има “најмоќниот” пасош?

Според веб-страницата “Passport Index”, на врвот на листата се најде пасошот на Обединети Арапски Емирати(ОАЕ). Со овој пасош можете да влезете без проблем дури во 167 земји, односно имате пристап до 84 проценти од светот.“Passport Index” кој е во сопственост на “Arton Capital” рангира пасоши на 193 земји и шест региони кои се членки на Обединетите нации. На врвот на скалата се земји со кои пасоши можете да влезете во друга земја без виза и посебни барања.Обединетите Арапски Емирати се искачија на врвот на листата во рекордно време. Тие за првпат беа евидентирани во списокот во декември 2016 година (на 27 место), а за две години достигнаа број еден. Во топ 10 земји се наоѓаат Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија и Холандија, со чии пасоши можете да влезете во 165, односно 166 земји во светот.Македонија е рангирана на 37 место на листата, и со македонскиот пасош можете да влезете во 118 земји во светот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
velosiped-1

Студенти измислија градски систем на електрични велосипеди кои ќе го прочистуваат воздухот со филтри

Сообраќајот во Македонија го сочинуваат застарени возила кои значително влијаат врз загадувањето на воздухот – број еден проблем на секој граѓанин. Инсипирани и револтирани од целата ситуација, студенти од Машинскиот факултет, со помош на својот професор одлучија да дадат свој придонес во решавање на проблемот. Изминатава година ипол тие работеа на проектот што го именуваа како „ГЕТ-Велосипед“, објави Радио МОФ.„ГЕТ е систем од велосипед, станица и желба за чист воздух“Основата на нивната иницијатива е на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градската средина. Целта е развивање на градски систем на електрични велосипеди кои ќе го прочистуваат воздухот со филтри, паралелно намалувајќи го бројот на автомобили во градскиот сообраќај.„Фрустрацијата од состојбата со загадувањето е воедно засилена од „незаинтетесираноста“ за своеволна промена на навиките кај еден дел од граѓаните“, вели Филип Попоски, член на тимот, во интервју за Радио МОФ.Проектот е првично наменет да им помогне на локалните власти во државата, нагласува тој.„Суштината е на локалните власти да им понудиме систем за еден вид на изнајмување на велосипедите. Овој систем во еден дел би наликувал на ЈСП. Разликата помеѓу овој систем и некои други постоечки системи е во тоа што овој систем нуди воедна голема флексибилност и ниска цена за изведба. Корисниците би го изнајмиле велосипедот од станица за велосипеди или од локацијата на која ќе го „пронајдат“ велосипедот. Ова изнајмување за почеток се одвива со скенирање на картички со кои може да се отклучи велосипедот. Кога корисникот го отклучи велосипедот, тој може да го вози до посакуваната дестинација. По завршувањето на употребата, корисникот го заклучува велосипедот, со што завршува возењето и наплатата на услугата. Тоа значи дека наплатата зависи од патот кој го изминал при возењето на велосипедот. Разликата помеѓу паркирање на велосипедот на станицата и на одредено растојание од неа, е во наплатата. Територијата на која се користи системот е поделена на неколку зони, поделени во однос на оддалеченост од станиците, во зависност од овие зони, се извршува различна наплата кај корисникот“, објаснува Попоски.На самите велосипеди ќе бидат поставени и филтри кои ќе го искористуваат нивното движење за да го прочистуваат воздухот.„Самиот филтер материјал се вградува со посебни држачи на тркалото на велосипедот, а при самата ротација на тркалото го зафаќа и прочистува воздухот. Многу значаен аспект на овие филтри, покрај тоа што не трошат било каква енергија, е тоа што истите може да се монтираат на било кој велосипед, без разлика дали истиот е електричен или класичен“, појаснува Попоски.Во развојот на нивната идеја најголема поддршка добиле од нивниот професор Иле Мирчески. Фондот за иновации и технолошки развој, пак, го награди нивниот труд во рамките на минатогодишниот „О2 Предизвикот“ .Велосипедите ќе имаат вграден GPS и дизајн што ќе ги штити од оштетувањеПо завршувањето на најтешката задача, тимот сега работи на оптимизација на системот, со тоа и намалување на оперативните трошоци, а воедно и цената на велосипедот.„Според нашите претпоставки, имајќи во предвид дека се уште има детали кои треба да се уредат, еден ваков велосипед би чинел околу 1200 евра кога би се продавал на поединечни корисници. Иако навидум тоа е висока цена за еден велосипед, таа е значително пониска од тоа што денес се нуди на нашиот пазар. Кога станува збор за цената, битно е да се напомене дека најдобро за нашиот пазар е имплементација на градски систем од кој се изнајмуваат велосипедите“, истакнува Попоски.Тие се свесни дека во моментов нема доволно велосипедски патеки во градовите, но веруваат дека токму ваков градски транспортен систем може да помогне во подобрување на инфраструктурата за велосипедите.„Ова лесно се остварува кога се има во предвид дека секој велосипед во системот се следи со помош на GPS, а со тоа може да се дознае кои се критичните локации на кои има потреба од дополнителна велосипедска инфраструктура“, забележа Попоски.Досегашните обиди на локалните власти за изнајмување на градски велосипеди не поминаа успешно. Голем дел од нив беа оштетени, или пак, украдени, а не функционираа ниту станиците од каде секој граѓанин може да го изнајми велосипедот.Според Попоски, единствен начин да се реши проблемот со оштетување на велосипедите е да се предвиди дизајн, односно кострукција која нуди максимална заштита од овие оштетувања.„Значаен проблем кој се појави со обичните туристички велосипеди е кражбата. Овој проблем ние го решаваме со активно следење на локацијата на велосипедите преку наведениот GPS, а дополнително на тоа секој велосипед е враден со аларм, кој се активира при негово поместување кога истиот е заклучен. Нефункционалноста со станиците за изнајмување кое се јавува кај системи како оној во Мадрид, покрај подобрувањата во дизајнот и конструкцијата на станиците, се решава и со воведувањето на зоните, односно корисникот не би трпел последици доколку велосипедот не може да го постави на самата станица. Секако ќе постои и начин за активно пријавување,следење и решавање на проблемите“, најавува тој.Па така, секој поединец којшто ќе се реши да го изнјами нивниот велосипед како превозно средство и притоа да помогне во прочистувањето на воздухот, ќе може да го полни во рамките на градот, со достапни станици за полнење на батеријата.Во моментов немаат инвеститори, но следен чекор, вели Попоски, е да преминат кон поединечно производство на велосипеди кои дирекно ќе се продаваат на корисници. Паралелно со ова, ќе се обидат да ги убедат локалните власти за значењето на нивната идеја.извор: Рдио МОФ

Македонија | пред 7 години

7 год.
vreme

Времето денеска постудено и ветровито, со температура до 12 степени

Времето денеска ќе биде сончево и претпладне постудено со мала локална облачност, само во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер, со температура до 7 степени.До сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад. Потоа поради спуштање на постуден воздух од север, од недела на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ikoni-1

Фреските повеќе не се цртаат туку лепат

Нови тренд во црквите во Македонија. Фреските кои се симбол на внатрешноста на црквата од неодамна повеќе не се исцртуваат туку лепат како тапети. Токму поради ова се наметнува прашањето дали и зборот Фреска е соодветен затоа што Фреска е слика добиена со традиционална постапка на сликање со директно нанесување на бојата на свеж малтер.Изгледот на црквата е потполно идентичен и со оваа техника. Никој неможе да поверуваа дека ѕидовите не се исцртни туку излепени.фото: Студио За Икони СимеоновОваа техника во Охрид се користеше во црквата „Воскресение Лазарево“ на градски гробишта, која беше осветена на 19.10.2017 год.Но, не само во Охрид оваа техника се користела во се повеќе цркви низ Македонија, а тапетите се набавувале од Италија.Инку фрескисликарството е најстара техника во сликарството која датира од праисторијата. Името и усовршувањето на техниката, доаѓа од времето на италијанската ренесанса.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Гневот на жолтите елеци не запира, велат одлуката на Макрон е донесена предоцна

Француските демонстранти ја поздравија синоќешната одлука на претседателот Емануел Макрон, кој се откажа од зголемување на данокот за гориво планирано за следната година, но истакнаа дека можеби тоа не би било доволно да се смири гневот на јавноста.– Мислам дека одлуката е донесена предоцна, изјави портпаролката на Жолтите елеци, Жаклин Муро.Таа додаде дека сега различни протестни групи ќе одлучуваат за понатамошните чекори, но оцени дека е многу веројатно дека ќе продолжат со протестите.Потегот на Макрон е исправен, но мислам дека нема суштински да го смени курсот, посочи Муро.Таа ги повика демонстрантите да ја искористат слабоста на француската Влада и да поднесат и други барања, како што е зголемување на минималната плата.Неименуван претставник на Елисејската палата изјави дека претседателот Емануел Макрон се откажал од зголемување на данокот за гориво поради страв од ново насилство, по повеќенеделните протести ширум Франција и најголемите немири во Париз по повеќе децении.

Свет | пред 7 години

7 год.
bus-pogreb

(ВИДЕО) Заврши погребната церемонија на Буш - на погребот историчар раскажа смешни моменти и ги насмеја сите

Денеска во Вашингтон беше погребан 41-виот претседател на САД постариот Џорџ Буш. На погребот присуствуваа најголемите американски и светски лидери. Поранешните претседатели на САД Џими Картер, Бил Клинтон, Барак Обама, како и актулниот претседател Доналд Трамп, но ниту еден од нив не оддржа говор.Илјадници граѓани на САД му изразија почит на постариот Буш кој почина на 30 ноември на 94-годишна возраст.Говореше историчарот и биограф на Буш, Џон Мехам, раскажа и смешни моменти па сите се смееја.Буш, водејќи кампања во една стоковна куќа, еднаш по грешка се ракувал со кукла од излог. Наместо да поцрвени од срам, тој едноставно рекол: „Никогаш не знаеш“.САД го прогласија 5. декември за ден на жалост.

Свет | пред 7 години

7 год.
skopjeinfo_kola

ФОТО: Изгоре автомобил во Бутел

Попладнево на раскрсницата помеѓу улиците „Марко Крале“ и „Зуфер Мусиќ“, во скопската населба Бутел се запали автомобил, објави Скопје инфо.Се уште нема информации како дошло до тоа да се запали автомобилот и дали има повредени.Извор: Скопје инфо

Скопје | пред 7 години

7 год.
tirana

Остра реакција на официјална Тирана за последното убиство на Албанец во Грција

По убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала, остро реагираше албанското Министерство за надворешн работи, искажувајќи голема загриженост за, како што вели, серијата убиства на Албанци во Грција.„Остро ја осудуваме позадината на екстремизмот и говорот на омраза што ги придружува овие настани во соседната земја и ги повикуваме грчките власти да ги осудат и да спречат какви било обиди на Златна зора или на други екстремистички сегменти да се закануваат на безбедноста и достоинството на Албанците, кои работат и придонесуваат во соседната земја“, стои во во реакцијата.Министертвото искажува загриженост „за серијата убиства на Албанци" и во исто време се сочувствува со нивните семејства.„ Во услови кога нашите сонародници го чувствуваат притисокот на невидена кампања на омраза и насилство, ја изразуваме заложбата на албанската држава да им обезбеди на жртвите и на нивните семејства потребна правна и финансиска поддршка за заштита на нивните основни права како членови на најголемата емигрантска заедница, која живее и со децении придонесува во Грција“, се наведува во реакцијата.Безживотното тело на младиот Исаку, роден во Кавала во 2000 година, а по потекло од Албанија, е пронајдено синоќа. Ова, според министертвото е четврто убиство на албански граѓанин во последните две недели.

Свет | пред 7 години

7 год.
star-avtobus

ЈСП ги враќа старите дотраени автобуси

По улиците на Скопје во изминатиот период на многу релации се вратени старите и дотраени автобуси. Граѓаните се жалат дека во нив нема греење, често пати се расипуваат и патувањето со нив им трае подолго од предвиденото. Од населбата Припор тргнува автобусот со број 24, оние кои секојдневно се возат со оваа линија велат дека многу по често се возат со стари автобуси одколку со новите.Често по скопските булевари може да се видат слики на паркирани стари автобуси, останати во дефект. Таков еден сними и нашата камера на булеварот Теодосиј Гологанов.Од јавното сообраќајно претпријатие признаваат дека се чести дефектите и на новите автобуси. Тие велат дека новите автобуси се далеку од нови, иако се набавени пред седум години. Од 200 двокатни автобуси, 20 посто постојано се расипуваат.„Од 16 панорамски двокатни автобуси, само два се во функција. Останатите воопшто не се во возна состојба. Сегашното раководство на ЈСП Скопје, посочените возила ги затекна (наследи), генерално расклопени. Се ваделе мотори, менувачи, прозорци, шофершајбни, делови од командната табла, кочници, па дури и електрика и столчиња, за да се оспособат дел од затворените двокатни автобуси“, велат од ЈСП.И од град Скопје потврдуваат дека проблемот со неквалиетните кинески автобуси е причината за враќање на старите автобуси, додека се набават нови 40 чија набавка е во тек.Пред 2 месеци специјалното јавно обвинителство отвори истрага за набавката на кинеските автобуси “Јутонг”, во кои осомничи четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage

Местото Мегдани во Охрид доби асфалтирани пристапни патишта

Местото Мегдани ( кај Рача ) во Охрид, денес доби асфалт на повеќе пристапни патишта до куќите и плацовите на овој простор.Мегдани е место од каде се пружа неповторлива глетка на цело Охридско Езеро, на градовите Охрид и Струга и околината и последните години е нај атрактивно за трговија со земјиште и куќи , а сопственици на недвижности тука последниве неколку години станаа неколку познати бизнисмени од Скопје, како и државјани на Велика Британија, Холандија и Србија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски до Димитров: Ќе дојде денот кога јавно ќе и се извиниш на Македонската нација

Денеска се одржа протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој почна од седиштето на партијата, и одеше кон Владата, а од таму говор одржа претседателот Христијан Мицкоски кој имаше неколку пораки за актуелната власт, велејќи дека истите ќе платат за сите погрешни одлуки од нивното владеење.„Без ронка срам и без око да им трепне ја прекрстуваат нашата земја. Овој народ овде, но и стотици илјади граѓани на Македонија нема никогаш та да го прифатат и тоа го покажаа на референдумот на 30 септември. Тргнавте да го прекрстите сопствениот народ и нација и тоа не ви беше доволно па ја нарековте нација со комплекси. Излезе човекот кој плата зима од оваа нација, кој ја водеше оваа операција на преименување и уништување на македонскиот идентитет и рече дека ние сме бле искомплексирана нација. Не сме господине Димитров, ние сме нација со чест и достоинство. Ќе дојде денот кога јавно ќе и се извиниш на Македонската нација“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски: Ќе дехидрирате од плукање по мене и опозицијата, а не гледате дека државата ви бега од раце

На протестниот маш на ВМРО-ДПМНЕ, пред Владата на Република Македонија свое обраќање имаше лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој истакна декацелат на овој марш е да се изрази револтот и несогласувашето со сите овие корупциски скандали и погрешни политики кои оваа Влада ги прави во нашата држава.„Да ги поздравам оние кои се дома денес и кои од оправдани причини не се со нас, но поради тоа што се притиснати и притиснати од функционерите кои им се закануваат на нив и нивните семејства за да не бидат дел од овие протести. Зарем тие се тие европски вредности за кои се бориме?Претреси им правеа на нашите поддржувачи минатата недела. Во 5 наутро им упаѓаат дома наоружани по нарачка на Зоран Заев и Оливер Спасовски. За што? Да им најдат петарда една и да ги малтретираат цел ден.Луѓето стануваат се поразочарани гледајки дека нема иднина, гледајки дека овие луѓе не можат да понудат ништо. Секаде околу нас гледаме нешто што може да се опише само со еден збор „црнила“. Зарем има нешто што можеме да го издвоиме и можеме да кажеме добро е тргна работата? Заминете си од таму каде што сте ги узурпирале позициите и местата.Сакаат Македонецот  да го прикажат беспомошен и безнадежен. Секој ден велат дека прават нешто, но ги демотивираат луѓето дека не можело да биде подобро. Сеат страв во општеството за да се уплашите и да не можете да им зстанете на патот. Стотици илјади сме против вас. Тие го узурпираат јавниот простор. Ќе сретнете армадила на говорници кои се скапо платени со народни пари кои ќе ве убедуваат дека дека поразот не бил пораз туку бил триумф, дека капитулацијата е лидерство, ќе дехидрираат од плукање по мене и по опозицијата, а не гледаат дека државата им бега од раце, дека народот си оди. Ги заборавија сите овие погрешни политики дехидрирајќи од плукање врз мене.Додека тоа се случува, без ронка срам и без око да им трепне ја прекрстуваат нашата земја. Овој народ овде, но и стотици илјади граѓани на Македонија нема никогаш та да го прифатат и тоа го покажаа на референдумот на 30 септември. Тргнавте да го прекрстите сопствениот народ и нација и тоа не ви беше доволно па ја нарековте нација со комплекси. Излезе човекот кој плата зима од оваа нација, кој ја водеше оваа операција на преименување и уништување на македонскиот идентитет и рече дека ние сме бле искомплексирана нација. Не сме господине Димитров, ние сме нација со чест и достоинство. Ќе дојде денот кога јавно ќе и се извиниш на Македонската нација.Сета оваа болка и непрвда која и ја нанесоа на Македонија, се гршат ако мислат дека нема да го платат, ќе го платат на следните избори.Како да ви веруваат овие луѓе дека имаме независно судство и обвинителство, кога министерот ќе каже материјалите се на безбедно. Каде се, кај него во фиока за да може да ги уценува судиите и обвинителите? Сакате да монитрате случаи повтрно, сакате сите да судат по принципот на Кацарска судството, сакате сите да обвинуваат по принципот на Русковска обвинителството. Не се тие двете толку храбри, ќе ви го завртат грбот и ќе пропеат за сите уцени и закани.Ни го покачија лебот, ни го земаа достоинството и честа, воздухот е се потежок за дишење, зарем тоа ли заслуживме?Овде сме затоа што сакаме да се бориме и да победиме. Ние сме генерација која мора да победи и да ја освои слободата која ни е потребна. Да ги поразиме сите црни политики на оваа власт, бидејки друг избор немаме. Мораме да го кренеме нашиот глас поради политичкиот прогон, поради навредите кои ги доби нашата нација.Како сите овие црнила да се наменети за нас македонците, но секој ден имаме повеќе поддржувачи. Сите заедно ќе потестираме против зголемените даноци, ќе протстираме против политичките црнила, против промената на уставот, против општествените црнила, протв сето она кое не тишти, против сите неправди и на крај ќе падне и ќе му дојде крајот“, изјави Мицкоски.   

Македонија | пред 7 години

7 год.
bitolaa

Биточани утре во 16 часот на протест пред Општината

Советот на Општина Битола денес едногласно го прифати предлогот на независната советничка група Поинаку да побара од Владата на првата следна седница битолчани да добијат субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпат од РЕК.„Ова го бараме зашто во наша близина е еден од најголемите загадувачи РЕК Битола, кој обезбедува 75 проценти од струјата во Македонија. Бројот на заболени од малигни неоплазми или лошото, како што се нарекува, е во постојан пораст во Битола. До моментот на гасификација, ако ја дочекаме живи, Битола мора да биде заштитена од загадувањето зашто врз него влијае и начинот на загревање на домовите и јавните институции”, рече Иван Чулакоски, советник од Поинаку.Иако сите советници едногласно го изгласаа предлогот, Чулаковски од говорница ги повика битолчани утре во 16 часот на протест пред Општина Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
662287

Северина во африканска венчаница на Занзибар

Познатата хрватска пејачка Северина на Инстаграм објави фотографија од престојот во Африка, каде е облечена во виолетов фустан.https://www.instagram.com/p/BrAeH29BhKj/?utm_source=ig_embedНа фотографиите таа е заедно со неколку девојки кои се исто облечени како неа.https://www.instagram.com/p/Bq7DpFvhi1n/?utm_source=ig_embedПод фотографиите Северина напиша дека станува збор за африканска венчаница.Северина во моментов е во посета на Занзибар,

Магазин | пред 7 години

7 год.
DSC_3289

ООУ „Димо Хаџи Димов“ доби сензорна соба за лица со попреченост

Денес, како резултат на успешната соработка меѓу Општина Карпош и здружението на граѓани „Дајте ни крилја“ отворена е нова сензорна соба - ресурсна просторија за учениците со посебни потреби во просториите на ООУ „Димо Хаџи Димов“, во Влае.Оваа сензорна соба има за цел да го олесни воспитно – образовниот процес на учениците со попреченост, во моментите додека ја следат наставата.Просторијата е опремена со посебни реквизити, сензорно осветлување, дидактички материјали (играчки, коцки и сложувалки), таблет, телевизор и др.Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека на овој начин се покажува дека е можна вистинска соработка меѓу локалната самоуправа и граѓанските организации.„Како што напоменав пред неколку денови, нашата цел е 365 дена во годината да водиме грижа за лицата со попреченост и да ги подобруваме условите во кои претстојуваат и се образуваат. Во април склучивме Меморандум за соработка со здружението „Дајте ни крилја“, а денеска ја активираме оваа просторија, која на вистински начин ќе им помогне на учениците со попреченост од ова училиште, рече Богоев.Пред присутните се обрати и претседателката на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска Ристески, која во изминатиот период несебично се вложи за создавањето на оваа сензорна соба.Таа се заблагодари и на сите други општествено одговорни субјекти кои помогнаа во опремувањето на просторијата, меѓу кои е  интернационалното училиште „НОВА“ – Скопје, со седиште во Општина Карпош.Присутните се согласија овој проект за отворање на сензорни соби да продолжи и во иднина. Ваква соба неодамна беше отворена и во ООУ „Јан Амос Коменски“, а следно училиште кое ќе добие ваков тип на просторија, која ќе биде трета по ред, е  ООУ „Владо Тасевски“, во Козле.                                                                                                                 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Инспекторите од Кисела Вода казниле 10 граѓани за оставање ѓубре и шут

Општина Кисела Вода информира дека во текот на последниот квартал од тековната година, овластениот комунален инспектор и овластените комунални редари изрекле 10 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за прекршоци сторени  согласно Законот за јавна чистота (оставање на градежен материја, оставање на ѓубре како и продажба на земјоделски производи на јавна површина).„Извршени се повеќе контроли во однос на палење оган на јавна површина при што на физичките лица им се изречени опомени. Воедно, извршени се и инспекциски надзори на градилишта при што е констатирано дека товарните моторни возила редовно ги чистат тркалата при влегување во сообраќај.Овластените инспектори за животна средина при Општина Кисела Вода во текот на последниот квартал од тековната година вршеа редовни инспекциски надзори и инспекциски надзори по добиена пријава од граѓани. Од извршените инспекциски надзори, после утврдена неправилност, издадени се две решенија со задолжување за отстранување на неправилност. Согласно закон, извршени се едукации кај правните субјекти, после утврдената неправилност. Во овој период не е поведена ниту една прекршочна постапка.При вршењето на инспекциските надзори, согласно надлежностите на овластените инспектори, акцент беше ставен на контрола кај механичарските работилници на собирањето и предавањето на отпадното моторно масло кај овластени постапувачи. Исто така, се вршеше контрола на сендвичари, ресторани и други објекти кои имаат обврска за собирање на отпадното масло за готвење и негово предавање кај овластени постапувачи. При секојдневното вршење на инспекциските надзори од страна на овластените инспектори за животна средина усно им се укажува на правните и физичките лица за недозволените средства за затоплување кои негативно влијаат врз квалитетот на животната средина.Од 15 декември ќе се почне со сменско работење на Комуналните редари со цел да се обезбеди постојан мониторинг на критичните точки во општината и ќе се продолжи со инспекцискиот надзор на правните субјекти и физичките лица“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
FOTO1

Апостолска: Отворивме економски перспективи кои ветуваат стабилна деловна клима и силна институционална поддршка

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес во рамки на првиот „Светски конгрес на претприемачи“, кој се одржува во Загреб, пред учесниците имаше обраќање во кое се осврна на економските политики на Владата на Република Македонија за поддршка на инвестициите.Зборувајќи за процесите на политичкото стабилизирање на државата преку посветеноста на Владата за реализација на стратегиските приоритети за влез во НАТО и започнување на преговори со ЕУ, министерката Апостолска истакна дека Македонија прерасна во функционална држава на владеењето на правото и европските вредности.„Турбуленциите и неизвесноста ги оставивме зад нас, во историјата, а пред граѓаните и бизнисот отворивме економски перспективи кои ветуваат стабилна деловна клима и силна институционална поддршка за секоја претприемачка идеја која е втемелена на знаењето, иновациите и новите технологии“, рече Апостолска.Осврнувајќи се на владините економски политики за поддршка и поттикнување на инвестициите преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Апостолска пред присутните претприемачи потенцираше дека државата на транспарентен начин, согласно јасни критериуми и без преговарања, со директна финансиска поддршка ги мотивира претприемачите да влегуваат во нови инвестициски проекти.„Во рамки на овој сет на мерки, компаниите кои ќе одлучат да инвестираат во Македонија може да очекуваат финансиска поддршка за креирање на нови и добро платени работни места, за воспоставување на деловна соработка помеѓу домашните и странските компании, воведување на нови технологии и знаење во производните процеси и развој на отварање центри за равој на технологии, како и за поттикнување на конкурентноста и освојување на нови пазари“, рече Апостолска, притоа порачувајќи пред присутните дека за 37% е повисока буџетската финансиската поддршка која стопанството може да ја очекува од Владата во 2019 година.Говорејќи за севкупната деловна клима во Македонија министерката Апостолска во своето обраќање се осврна и на владините приоритети во делот на инфраструктурата, енергетиката и програмите за дуално образование, кои се едни од главните услови за обезбедување на атрактивни и стабилни инвестиции.На овогодишниот прв „Светски конгрес на претприемачи“, кој се одржува од 4 до 7 декември во Загреб, партиципираат над 600 учесници, сопственици на компании, претприемачи, менаџери, политичари, претставници на академската средина од десетина земји од југоисточна и средна Европа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
leb

МЗШВ: Поскапе само еден тип на леб, ако скокнат и останатите, ќе се интервенира

МЗШВ ја информира јавноста дека промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено 3 компании производители на леб од Скопје и една компанија од Тетово, како поединечна одлука на фирмите. До овој момент големите фирми не ја имаат зголемено цената на лебот.Сите останати информации се груби манипулации со јавноста. Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, МЗШВ веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери, која што по жетвата направи јавна набавка од 13.000 тони пченица. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот.Подсекторската група во рамки на МЗШВ веќе прави анализи, ја следи состојбата на пазарот и оваа недела ќе се одржи состанок со земјоделците производители на пченица и со мелничарите.Пченицата е берзански производ и цената ја диктира светската берза. Лани и оваа година поради климатските промени имаше помали приноси, што во опкружувањето предизвика недостиг на пченица и зголемување на цената на пченицата и на брашното, што може да е една од причините поради која што неколку компании донесоа одлука за зголемување на цената на еден тип на леб од 15 на 18 денари.Пред почетокот на жетвата МЗШВ воведе сет мерки за поддршка на производството на пченица и на мелничката индустрија, како и за поголем откуп на домашна пченица. Се воведе субвенција од 1 денар за килограм откупена домашна пченица за мелничарите, со цел да се поттикне производството и откупот на домашна пченица. Оваа мерка го поттикнува договорното производство и ја подобрува конкурентноста на домашната мелничка индустрија. Се зголеми минимумот пријавени површини за добивање целосна сума од програмираната субвенција за полјоделски култури, вклучително и за пченицата. Односно, ако досега 100 отсто од субвенцијата добивале оние кои пријавиле од 0,3 до 10 хектари, сега за оваа категорија на земјоделци ќе се исплаќа 100 отсто од субвенцијата за пријавени површини до 20 хектари. Висината на субвенциите за пријавените површини од над 100 хектари, наместо 10 отсто од субвенцијата, ќе изнесува 20%. Исто така навреме веднаш по завшрување на жетвата Агенцијата за стокови резерви го објави јавниот оглас за набавка на 13.000 тони домашна пченица, што придонесе за поголем откуп на домашното лебно зрно.

Македонија | пред 7 години

7 год.
levica

Левица: Целта на оваа Влада е комплетна приватизација на здравството

Политичката партија Левица преку социјалните мрежи реагираше на спојувањето на Детската кардиохирургија со болницата „Филип Втори“. Според нив целта на оваа Влада е комплетна привстизација на здравството.цЦ„Денес во отсуство на дебата ја видовме вистинската цел на оваа Влада, а тоа е комплетна приватизација на здравството преку градење на јавно- приватни партнерства со приватни поединци кои вршат здравствена дејност. Министерот за здравство во одржаната прес-конференција јасно потенцираше дека „границата помеѓу јавното и приватното здравство мора да се избриши…“Детска кардиохирургија се сели во „Филип Втори“ бидејќи немало просторни можности за мултидисциплинарна интеграција во рамки на Клинички центар. Но, ние забораваме дека „Филип Втори“ функционираше пред повеќе од десет години во рамки на „8-ми Септември“ во адаптиран простор, а таа е јавна здравствена установа!Оттука може да заклучиме дека во овој случај отсуствува политичка волја за да се зачува јавното здравство и затоа е полесно да се растури даден тим во ЈЗУ и дел од медицинскиот кадар да се пресели во приватната здравствена установа отколку да се најде друго долгорочно решение!“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/LevicaPartija/posts/2519243424782542?__xts__[0]=68.ARDeOx__5_3T4ue9vaMgIGUX3OPVMU2O6fDgQKJ8Y32w-PnNmk7rD7kygrVdKLhm5DNWZHncMzBoAZDOLgUFkevki-j_tTKKOyqnpinCM9mn8FeGX_nlJWkHcnvCiRnuxctVGm_IfGXvw7xmXopGt0B8SaOgfWMFQspE5qqp4Jnwi87QZEPGVeew7gzVGxmEs4B6EN7GXjzIo-jwi0xSeFnHUJGcZVwd2EECowTlgNJMOc9UfJiuhtq89CSL90-k9wZFyp2SyeIW7_6NWI7R7w82R4fVEd9OH_2NeUJBw8CSo8gYmn4xsdOVpufenRIJSNksr9vYpBDxGvybTO_2eEwyaEUc-Y0G6JqSv-pvoSz90MsKVx6g4R7wYeU&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_20181204_094714

Општина Гази Баба во втора акција заплени 1 тон и 50 кг отпадни гуми

Општина Гази Баба продолжува со мерки за зачувување на животната средина. Вчера општинските инспектори за животна средина запленија 1 тон и 50 кг отпадни гуми во ромското маало на ул. Методија Андонов Ченто, пред бензинската пумпа на Макоил.„Ова е втора акција каде се запленуваат отпадни гуми, претходно општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР заеднички учествуваа во акција на дивата депонија во Вардариште каде беа запленети 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓаа во дворовите на граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.Вакви акции на инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период кои континуирано ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата.И понатаму останува апелот, сите граѓани да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини на бројот 193 за да можат институциите навремено да интервенираат“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања