Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
d01_03_Nothing_Happens

Данскиот филм „Ништо не се случува“ победник на осмиот Анимакс

Златната Тула за најдобар анимиран филм на осмото издание на Анимакс Скопје Фест ја понесе данскиот филм „Ништо не се случува“ на авторката Мишел Кранот. Со втора награда (Сребрена Тула) се закити белгискиот филм „Гну“ од Николас Кепенс и Матијас Флипс, додека Бронзената Тула ја доби естонискиот филм „Музеј“ од Аги Пак Ји Ли. Специјални награди добија македонскиот филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов и бугарскиот филм „Грда Сказна“ на Радостина Нејкова за техника на анимација. Детската публика го изгласа филмот „Гено“ од Грузија на Дато Кикнавелизе за најдобар детски филм на Анимакс #8.За наградите одлучуваше меѓународната жири комисија во состав Ана Недељковиќ (Србија), проф. д-р.Надежда Маринчевска (Бугарија) и Гоце Цветановски (Македонија).На четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест беа прикажани 50 краткометражни анимирани филмови и 12 анимирани филмови за деца во официјална конкуренција. Тие беа избрани од пријавените рекордни 3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.На фестивалот беа одржани и 2 работилици за деца под наслов „Двајца се караат, сите губат„ и „Добар, лош, грд, убав, се се тоа карактери.„ На работилниците учествуваат околу 100 деца.Настанот се одржа од 29 ноември до 2 декември под мотото „Не понекогаш. Засекогаш“ во Кинотека на Македонија.Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје, и во соработка со Кинотека на Македонија. Анимакс Скопје Фест е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во изминатите три дена во Скопје се случиле 27 сообраќајни несреќи

Во текот на изминатите денови (30.11, 01 и 02.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 12 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 16 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 77 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 44 возачи од кои: 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 23 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 18 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и 17 возачи поради недопоседување пропишана зимска опрема. Во однос на пешаците санкционирани се 20 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 210 мандатни платни налози и 125 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Две кривични пријави за препродавачи на марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против С.Т.(52) и И.В.(27) од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член  215 од Кривичниот законик на РМ.При извршен преглед и легитимирање кај пријавените е пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Беровец загина во несреќа со трактор

Вчера околу 11.45 часот во село Двориште, беровско, З.Ц.(39) од село Двориште, додека управувал трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во провалија, превртувајќи се неколку пати. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13.30 часот починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки за загадениот воздух, ги замолкнуваат невладините активисти и граѓаните

СДСМ ги остава граѓаните да се гушат од енормното загадување на воздухот.  Концентрацијата на опасните канцерогени ПМ 10 честички е повеќе од  пет пати над дозволеното, а Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки, ги омаловажуваат и замолкнуваат  невладините активисти  и граѓаните. Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено  ништо за да го  намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ додека беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух и манипулираа дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе го решат проблемот со загадувањето. Откако се сместија во удобните фотелји заборавија на своите ветувања и речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.Решавањето на  алармантната ситуација со високото аерозагадување не им е во агендата. За нив поважно е да трошат  десетици милиони за луксузни автомобили и фотелји и  лубриканти,  наместо да одвојат доволно средства за намалување на загаденоста на воздухот.Здравјето на граѓаните не важно за оваа криминална и неспособна власт. За нив не е важно што болниците се полни со граѓани кои имаат сериозни проблеми здравствени проблеми заради високото загадување и што според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот“, велат од партијата.Според нив  СДСМ е потполно незаинтересирана и нема идеја за конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. Во недостиг на идеи и проекти, власта  наместо да ги игнорира треба да ги прифати предлог мерките на опозицијата.„ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства во буџетот и да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици.  Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните  во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.Исто така треба да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето  од издувните гасови на автомобилите.Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.  Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине, граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Град Скопје ги продолжи субвенциите за чистење оџаци

Град Скопје го продолжи доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.„Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје“, велат од таму.Досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени околу 230 барања од граѓаните. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, по донесување на решенијата за усвојување на барањата од градоначалникот на Град Скопје.За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за добивање субвенции се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи: барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk); доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош; доказ за правен субјект: тековна состојба не постара од 6 месеци; потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот; фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности) и фотокопија од трансакциска сметка / жиро-сметка.Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.„Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на домовите кои не се приклучени на централно греење, пред се заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, температури до 12 степени

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, а дневните од 6 до 12 степени.Во наредните денови времето ќе биде умерено облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
6-1

(ВИДЕО) Заев и Оријан го означија почетокот на прославувањето на празникот Ханука

По повод прославувањето на Еврејскиот празник Ханука, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од амбасадорот на државата Израел за Македонија, Ден Оријан, за прв пат го прославија почетокот на празничните денови Ханука, денови на посветеноста и фестивалот на светлината.Премиерот Заев посака пријатно празнување на граѓаните во Република Македонија и во светот на овој голем Еврејски празник и посака сите да бидеме светлина таму каде што сме.„Овој празник ме потсетува на тоа дека и кога изгледа невозможно да се помисли на победа, тогаш се појавува исклучителна сила и мотивација која не’ води напред. Тогаш сме соочени со сето она за кое вреди да се искористат последните сили. Така било и 165 години пред нашата ера кога наново бил осветен Храмот во Ерусалим. Со нашите драги пријатели од Државата Израел денес се сеќаваме на една таква чудесна победа за Израелскиот народ. Прославувањето на Ханука ни ја праќа пораката дека дури и најмалото светло ја поразува темнината! Дури и една мала држава како Македонија со препознавање и вреднување на различноста го осветлува патот за цел регион и носи порака на мир и победа на доброто“, порача премиерот Заев.Неговата екселенција, амбасадорот на државата Израел за Македонија, Ден Оријан, изрази големо задоволство за одбележување на празникот Ханука потенцирајќи дека oвој настан е уште еден показател за силните односи меѓу двете земји, важноста и соработката во областа на наследството што го делиме со Македонија.“Тесните билатерални односи се зајакнати со јасен став на Македонија да ги поддржи напорите за да ја раскаже приказната за минатото, создавајќи еден фонд за холокаустот и музејот и земајќи активно учество за претворање на старите еврејски гробишта во Битола во спомен парк, со испраќање на наставници во Јад Вашем и борбата против антисемитизмот“, истакна амбасадорот Оријан.На ова прво одбележување на највисоко ниво на Ханука во Република Македонија, гостин беше и Г-дин. Тал Броди, почесен амбасадор на добрата волја на Државата Израел и своевремен кошаркар кој има играно во националниот тим на САД и подоцна Државата Израел. Броди изрази огромна благодарност што Македонија денес за прв пат на ваков начин го одбележува овој празник, и сведочи за солидарноста помеѓу помалите држави да дадат заеднички глобален придонес.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcija-bura

Бурата Пенелопа донесе над 16.000 молњи во Грција

За шест дена, бурата Пенелопа во Грција, донесе 16.200 молњи, обилни дождови, снег и силен ветер, според податоците од мрежата на метеоролошки станици на грчката опсерваторија во Атина и „метео.гр“.Невремето, кое од метеоролозите го доби името Пенелопа и ја зафати Грција во периодот од 25 до 30 ноември, имаше две лица, топло и студено. Топлиот бран беше во првите три дена со обилни врнежи во западниот дел од земјата, јужен ветер и прашина во воздухот, а студеното во останатите три дена со молњи, силен дожд, особено на островот Крит и силен ветер што донесе значителен пад на температурата и снег на планините, јави дописничката на МИА од Атина.Во градот Хања на грчкиот остров Крит биле регистрирани 428 милиметри дожд на метар квадратен, а системот ЗЕВС за следење на молњите регистрирал 16.200 молњи во период од шест дена.Бурата Пенелопа донесе и снег од над 30 сантиметри на планините во североисточниот и централниот дел на Грција, но и силен ветер со јачина од 113 километри на час, регистриран на планината Пендели во близина на Атина.Како што во петокот објави МИА, силниот ветер и обилниот дожд предизвикаа штети на неколку острови, но и забрана за пловидба за бродовите. На островите Лезбос и Крит, од обилниот дожд беа поплавени улици во повеќе населби, беше предизвикана е материјална штета на патната мрежа, а проблеми создаде и силниот ветер кој беше причина за пад на дрва 

Свет | пред 7 години

7 год.
d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Унгарија се уште не одговора за екстрадицијата на Груевски

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено одговор во врска со барањето за екстрадиција на екс  премирот Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија, информираше денеска министерката за правда Рената Тренеска Десковска.-Сепак, оние пристојни рокови за одгвоор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури коишто се спроведуваат. Сакам да напоменам дека досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице. Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај, рече министерката на попладневната прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која беше промовиран нов закон за намалување на казните за прекршоци.За потсетување поранешниот премиер Никола Груевски, избега во Унгарија, каде доби политички азил, пред отслужувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на луксузен мерцедес. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пукна како скандал, се претвори во пресметка: Обвинителите се снимале и кога дознале

 Уште во 2013 година, кога се набавувала телефонската централа во Јавното обвинителството, имало опција за снимање на телефонските разговори на обвинителите. Јавниот обвинител Љубомир Јовески веста ја соопшти откако два часа им држеше предавања на новинарите за транспарентноста на јавното обвинителство и какви информации може да соопштат во предистражна постапка, која според законот е тајна.На крајот од средбата јавниот обвинител го соопшти откритието, дека нашле два хард-дискови со снимани разговори кои датираат од 30 септември 2016 година, објавува независен.мк.Веднаш по оваа вест, прес-конференција пред Јавното обвинителство одржа владиниот портпарол Миле Бошњаковски, кој обвини дека снимањето на разговорите на обвинителите се остатоци од минатата власт, за потоа премиерот Зоран Заев да соопшти дека ваква централа имала и во новата зграда на Основниот суд Скопје 1 и за ова индиректно ги обвини тогашните први луѓе на овие две институции кои ги набавиле опремите, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и поранешниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски. Опозицијата, пак, одговорност за прислушувањето побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој токму во септември 2016 година беше избран за министер за внатрешни работи во техничката влада.Информацијата која одекна како скандал сега доби други димензии, по информациите дека Министерството за животна средина склучило договор за набавка на телефонска централа со можност за снимање и преслушување на разговорите. Заев сега вели дека што ќе се употребува одлучува раководното лице.„Раководното лице во самата институција одлучува што од тоа ќе се употребува. Имаме системи каде што има потреба од снимање, како што е снимање за следење судски рочишта… Самиот претседател на суд, шеф на обвинителство, министер, премиер или кој било одлучува што тоа употребува или не. Начинот на донесувањето на одлуката дека тоа се употребува, односно се става на снимање, е кривично дело, и вториот дел начинот на користење на тоа е уште поголема злоупотреба. Истрагата треба да покаже навистина каде соодветното раководно лице дало наредба да се употреби, односно да се вгради и вториот дел каде што е тоа употребувано“, рече премиерот.Од вест дека обвинителите биле прислушувани, премиерот сега верува дека злоупотреба била невозможна бидејќи тоа било навремено откриено. Истрагата на Обвинителството треба да одговори дали сниманите разговори во Обвинителството биле копирани и преслушувани за некакви цели и зошто републичкиот јавен обвинител, кој е веќе една година на функција, дозволил разговорите во обвинителството да се снимаат до соопштувањето на скандалот.Познавачите на системите за прислушување и телефонските централи велат дека тоа се стандардни делови на централите и дека она што треба да се истражи е која била целта на оној што ја набавил опремата.„Ова е невнимателност на оние што ја презеле власта, дури и ако некој им го направил ова намерно со цел да ги контролира откако ќе се смени власта, им било должност да проверат какви сè опции има таа централа. Малку доцна го забележал тоа јавниот обвинител, тој е цела година јавен обвинител. Власта не може така да се однесува кон своите институции, зошто не се направат тела кои ќе испитуваат каква е безбедноста на тие комуникациони уреди“, велат познавачите на уредите за прислушување.Според нашите извори, кога се сменила власта, на новиот обвинител требало да му се укаже со какви капацитети располага таа централа и е нејасно зошто никој не го исклучил кабелот и не ја прекинал опцијата за снимање. Истрагата почнала оваа пролет, а обвинителите биле снимани и по започнувањето на истрагата.Заев вели дека за тоа одлучува Обвинителството и самиот обвинител истражува дали треба да чепка во системот или не. „Тоа е работа на Обвинителството. Обвинителството е тоа што дава наредби и слично. Пријавата беше до МВР и МВР ги информира истражните органи во државата. Секако министерот за внатрешни работи го информира и својот шеф, премиерот на државата. И оставивме истрагата да тече. Тие заклучија во кој момент ја завршуваат истрагата и го споделуваат тоа во јавноста“, изјави Заев.Сепак, премиерот е дециден дека одговорност за овие централи мора да има.Според неговите информации, системот во Основниот суд Скопје 1 сè уште не е ставен во функција, но системот е вграден.„Кој дозволил таков систем да се вгради? Во ЈО треба да си каже државниот јавен обвинител затоа што самите институции кога ги сменија своите раководни структури ја отворија веднаш истрагата. Така ќе биде и за секоја јавна институција“, изјави Заев.Аферата за снимањето на обвинителите се отвори откако министерот за внатрешни работи одговорно тврдеше дека во Македонија не се прислушува нелегално и дека „тврдината“ на минатата власт веќе не постои. Спасовски е на чело на Министерството за внатрешни работи веќе две години, но власта сега допрва ќе ги проверува централите кои биле вградени во институциите.Тој вели дека обвинителството и судството се независна власт и МВР нема можност самостојно да прави проверки на институциите. Извор: независен.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
vidoe

ЕКСКЛУЗИВНО - Видое Видически годинава ја добива наградата Свети Климент Охрид Патрон на Охрид

Писателот и поет Видое Видчески годинава ја добива наградата „Свети Климент Охрид Патрон на Охрид“ - ексклузивно дознава Охрид1 од извори во кабинетот на Градоначалникот.Видое Видически, поет, прозаист и драмски автор. Роден е во Охрид на 8 јануари 1931 година и денес е  е жива легенда на охридската и македонската писателска сцена и историја.Основно образование и гимназија завршил во својот роден град, Филолошки факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1959 г.По завршувањето на средното образование, работел како постојан дописник на Радио Скопје  од Охрид. По половина година прекинува со работењето за да започне со редовни студии во Скопје.Во 1955 г. како прв директор го основа Околискиот историски архив во Охрид.Две години подоцна  основач и прв директор е  на локалната радиостаница  Радио Охрид.Во 1962 г. поставен е за директор на Домот на култура „Моша Пијаде” во Охрид и тука работи се до своето пензионирање. Тој е и еден од иницијаторите за формирање на музичко – драмскиот фестивал „Охридско лето” а потоа и еден од неговите раководители.Во 1969 г. како директор на Домот на културата  му го менува името во Дом на култура „Григор Прличев” и од тогаш во чест на големиот творец ја организира манифестацијата „Прличеви беседи” во Охрид.Видое Видически автор е на делата :СИНИ ПИТОМИ УТРИНИ, песни издадени 1959 г.БРЕГОВИТЕ СЕ НЕМИРНИ, драма изведена 1961 г. а печатена 1963 г.БАЛАДА ЗА ОРКАНАТА, драма печатена 1964 г. а изведена 1968 г.ГОЛЕМАТА ШУМА – прв дел, рома за деца и млади издаден 1970 г.МАЛИОТ ОДРЕД, тв серија од 10 епизоди снимена и емитувана 1977г. на ТВ Скопје.ГОЛЕМАТА ШУМА, прв и втор дел, роман за деца и млади издаден  1986 г, а 1994 г. го доживува петтото издание.ВЕЧЕРЕН ПЕЈЗАШ ОД ГРАДОТ, песни издадени 1988 г.ТАИНСТВЕНИ ВОДИ, роман за деца и млади издаден во 1990 г. а во 1994  доживува второ издание.ЗАРОБЕНИЦИ НА ВЕЧЕРНИТЕ ИГРИ, раскази издадени  1993 г.ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНИТЕ РОЗИ, роман за деца и млади издаден 1994 г.ПРИКАЗНИ ЗА ДАМЈАНА, раскази за деца издадени 2003 г.КАЖУВАЊЕ НА ЗАДОЦНЕТИОТ ПРОРОК, песни  издадени 2003 г.ВИЕ  песни издадени 2009 г.БИЛЈЕ КРАЈ ЕЗЕРОТО - избор од поезија 201Објавил повеќе песни и раскази во периодиката  и дневниот печат.Застапен е во зборници и антологии. Преведуван е на: италијански, француски, руски, турски и романски јазик.Добитник е на :Наградата на РТС  на Струшките вечери на поезијата во 1971 г.Награда на книгоиздателството „детска радост” од Скопје за најдобра книга  меѓу двата САЕМА НА КНИГАТА  1994 г.Издавачката куќа „Дијалог” од Скопје за збриката песни ВИЕ го награди Видически со награда за најдобра книга за 2009 во конкуренција на 12 наслови од сопствената продукција.Во 2014 година на 13 јули Друштвото на писателите на Македонија го прогласи Видое Видически за ВИТЕЗ НА МАКЕДОНСКИОТ ПИШАН ЗБОРДобитник е СЕДМО НОЕМВРИСКА НАГРАДА  на град Охрид  1977 г.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prilep

Општина Прилеп ќе печати промотивен матријал за 150.000 ден, тендер на ЈКП Водовод

ЈКП Водовод и канализација – Прилеп објави тендер за јавна набавка, во која бара печатарска куќа или издавачка куќа која за 150.000 ден без ДДВ ќе испечати промотивен матријал.Критетериум за доделување на договор вообичаено е најниската цена, а понудите треба да бидат доставени по електронски пат.Тендерот е отворен 60 денови, а краен рок за поставување прашања, според објавата на електронскиот систем за јавни набавки е 02.12.2018. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kamcev-Mijalkov

Орце Камчев и Сашо Мијалков имаат телефони во ќелија

Два мобилни телефони најдени кај Сашо Мијалков е веста која стигна попладнево. Наводно веднаш потоа е однесен во суд поради сомневања дека ќе бега, пишува Досие.Но мобилен телефон не е откриен само кај Мијалков туку и кај Камчев. Кај него затворската полиција во четвртокот пронашла еден телефон.За ова вообичаено се известуваат судиите кои ги водат предметите против осомничените но и обвинетите.Во затворот е поставен блокатор за мобилни но тој не е во функција. Мобилните телефони се забранети во сите затвори во Македонија, но тие се користат масовно наводно скришум од командирите. Одамна во затворите цути бизнисот со мобилните во кои се замешани и службеници и затвореници.Затворениците имаат и свои ФБ профили на кои редовно се сликаат па и од затворските соби.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-1

Јаневски: Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп

Во хотелот „Вила парк“ во Струмица, попладнето, по втор пат се одржа модната ревија „Убави сме, свои сме“ на која што учествуваа деца со попреченост од повеќе градови во Македонија, а придружувани од познати лица од повеќе области. Меѓу нив беше и градоначалникот Коста Јаневски, кој рече дека од денеска од неговиот речник го брише зборот хендикеп.-Денеска се чувствувам многу горд кога гледам во мојата Струмица толку многу луѓе кои се подготвени да подадат рака, да ги срушат сите бариери и да помогнат. Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп. Во секој од нас има потенцијал кој само треба да го најдеме со сета своја енергија и сила. Утре е Ден на лицата со попреченост, но јас би го нарекол Ден на рушење на бариерите. Јас повеќе не признавам попреченост. Сакам сите заедно како на овој ден, сплотени да се избориме со сите можни бариери, физички, психички или било какви. Бариери во Струмица и нашата држава веќе не смеат да постојат. Да бидеме пример за сите, како може во една мала средина да се решаваат овие бариери, рече градоначалникот Јаневски.Модната ревија „Убави сме, свои сме“ се одржа во организација на здружението на деца со даунов синдром „Вера“ од Струмица. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
makraduli

Министерството за животна средина купи телефонска централа која може да ја снима фиксната телефонија

Додека трае истрагата кој и колку време ги снимал разговорите на фиксната телефонија на седумдесетина обвинители министерството за животна средина и  просторно планирање склучува договор за набавка на телефонска централа по терк на онаа во Обвинителстваото, со можност за снимање и преслушување на комуникацијата, пишува Телма.Тендерот за набавка на централата вредна 1,7 милиони денари го добива Телеком а договорот е склучен на 6 ноември, во време кога паралелно во Обвинителството веќе е отворена предистрага за следењето на комуникациите а за која знаеле и МВР и премиерот Заев. Потписници се министерот Садула Дураку и двајца претставници  на Телеком.  Во понудата на Телеком, која е наведена во документацијата, стои дека во телефонската централа која ќе биде доставена до министерството ќе биде инсталиран софтвер за снимање и преслушување на повиците.Според спецификациите, во системот ќе биде вграден хард диск преку кој може да се изберат неколку критерими за снимање, дојдовни или појдовни повици, сите повици на фикасната телефонија или пак снимање на одредени линии и локали. Постои можност да се известува дека повикот се снима, како и можност да се преслушуваат и пребаруваат снимените разговори според датум, време, локал или тип на повик.Материјалите складирани на хард дискот потоа можат да се извлечат на надворешен хард диск.Останува нејасно како една државана институција набавува телефонска централа со можност на снимање на разговорите на вработени во моментот кога Владата обвинува за скандал од ист тип за кој се води истрага. Премиерот Заев воздржан околу тоа дали ќе побара поништување на договорот или измена на спецификацијата во телефонската централа и остранување на спорниот софтвер.Од друга страна пак, министерската за правда Рената Десковска, изјави дека веќе побарала да се провери каква телефонска централа има во министерството за правда и дали се снимале разговорите на вработените.Околу истрагата за снимените разговори во обвинителството и кривичен суд, засега нема никаква информација кога точно почнало снимањето, кога точно било откриени, кој ги снимал разговорите, дали се извлечени од хард дисковите и евентуално злоупотребени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1

(ВИДЕО) Затуровска: Верував дека кај власта ќе проработи националното чувство и патриотизмот

Министерот за надворешни работи не нарече нација со комплекси, но за жал тој не кажа кој тој комплекс на некој начин ни го наметна, ова од собраниската говорница го истакна Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.-Постојано во минатото и денес да си негиран, омаловажувам и дискредитиран по секоја цена и од секој од секаде тогаш ваквиот начин на реагирање како и на граѓаните кои милион и двесте не излегоа на референдумот можете да го наречете како сакате, но почитуван министер бараме искрено ако може да се сочува нешто од тој наш комплекс кој за жал вас ве иритира и ве нервира. Верував дека кај власта ќе проработи националното чувство и патриотизмот и заедно како што впрочем и требаше да биде од самиот почеток да изнајдеме начин по достоинствен пат до нашата заедничка определба или цел, а тоа се евроатланските интеграции, но под еден услов да ја прецизираме и бетонираме нашата заедничка црвена линија која ќе значење да не мора да се збогуваме со нашиот Устав чие менување ќе донесе збогување со нашето уставно име, потенцираше Затуроска.Таа додава дека власта сака овој народ да не постои заради тоа што на некој тоа му одговара.

Македонија | пред 7 години

7 год.
47396517_2175211426027081_8314787884527779840_o

Кабаре-концерт „Јаболки и круши за уметнички души“, Мијата понуди музика за сите сетила

„Јаболки и круши за уметнички души“, акустичниот кабаре концерт на Мијата ни покажа и докажа дека Скопје умее да препознае уметност.Беше вистинско уживање за публиката да се слуша 90 минути авторска музика, зашто сите дела, вклучувајќи ги и рецитациите, се дело токму на Мијата.Камерната сала на Македонската филхармонија создаде идеална акустика за песните, повеќето познати на публиката како „Домаќинска“, „Верувам во себе“, но и не толку експонираните како „Телово гори“, француската „Pardonnez- moi“ кои беа дел од саундтракот на „Јаболки и круши“.А тука беше и руската „Уралскаја Рабинушка“, каде што Мијата на маестрален начин со својот вокал, целосно ѝ се предаде на публиката.„Нема да помине“, песната на Мијата посветена за нејзиниот починат татко, беше моментот кој донесе најмногу солзи во публиката, а хитот „Верувам во себе“, по кој ја препознаваат, Мијата го испеа заедно со сите во салата.„Срцето ми е полно. Ова беше мој прв настап пред скопската публика со ваков, акустичен концепт на перформансот. Чувството, енергијата присутна на сцена, интеракцијата со публиката, беше навистина тоа што го посакував. Успеавме да создадеме музика која ги галеше нашите души“, вели Мијата.Овој т.н. кабаре концерт во режија на Војо Цветановски, собра на едно место прекрасни музичари и уметници - Зоран Костадиновски на акустична гитара, Кирил Туфекчиевски на контрабас, за перкусиите и сите „специфични тонови“ беше задолжен Ратко Даутовски, а пред пијаното беше Ајхан Куртов.Придружните вокали ги испеа Ангела Здравковска, рецитациите беа лесен залак за Јелена Мијатовиќ, а тие двајца на сцена, Мијата и Мето Јанакиевски, ни покажаа дека може со пантомима и музика да се раскаже една приказна, едно поинакво видување на љубовта.Публиката на овој неверојатно емотивен концерт воздивнуваше, се радуваше, се смееше и пееше, уживајќи во несекојдневниот и различен концепт што ѝ беше понуден.Мијата беше вистински уметник на сцена. Таа играше, пееше и глумеше и се покажа во издание во кое ретко кој ја знае. Секој си замина дома со полно срце музика, со разгалени сетила и со искрена желба ваквите концерти почесто да се случуваат.

Магазин | пред 7 години

7 год.
47322241_341166479769959_6630706713567690752_n

(ФОТО) Континјери горат на сред Партизанска

По апелот до граѓаните да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици, повторно сме сведоци на уште еден вандализам на булеварот Партизански одреди во Скопје од каде се шири чад и смрдеа.Граѓаните се обидеа да ги изгасат но, безуспешно. Според нив контејнерите намерно ги палат и оштетуваат, и се жалат дека истите нема кој да ги изгаси, а ниту пак знаат кого треба да информираат.И покрај апелите од страна на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“, ова вандалско однесување продолжува и понатаму. Само во првите десет месеци од годинава на улиците во Скопје се запалени и целосно уништени вкупно 66 контејнери.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Imer-Selmani-780x439

Селмани: Албанец за консензуален претседател на државата

Поранешниот политичар Имер Селмани оценува дека е време претседател на Македонија да биде Албанец, пишува АлсатМ.Да не почнеме од фактот дека тој треба да биде Македонец, да биде прифатен од Албанците. Албанците ги гласаа речиси сите претседатели по ред. За жал и Иванов го изгласаа Албанците пред 5 години и пред 10 години, не во голем број, туку во доволен број за да стане претседател. Да не зборуваме за Борис Трајковски, Црвенковски и Киро Глигоров, кои исто беа изгласани од Албанците. Време да се размислува за консензуален кандидат Албанец, кој ќе биде изгласан од македонска страна и сите други етнички заедници кои живеат во Македонија“, рече Селмани.Коментирајќи ја неофицијалната листа на потенцијални кандидати за нов претседател, неофицијално во последниве денови се шпекулираше и Имер Селмани. Тој вели дека консензуалниот кандидат ќе треба да биде личност која е прифатлива за граѓаните, а не партиска личност. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, би бил еден од прифатливите кандидати за него.

Македонија | пред 7 години

7 год.
djordje-balasevic

Фановите во шок - Ѓорѓе Балашевиќ обвинет за кражба?!

Популарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ е обвинет за кражба на авторски права и отстранет од Јутјуб!Всушност, отстранет е спотот за неговата песна „Човек с месецом у очима“ од 1993 година, по пријава на извесен Емил Скендеровиќ, кој тврди дека тој ги поседува авторските права.Додека Балашевиќ молчи , се огласи неговата ќерката Јелена Балашевиќ-Беба…„Доколку посакавте да ја слушнете песната ‘Човек с месецом у очима’ на каналот Јутјуб, за жал, нема да можете… Бидејќи Јутјуб ја отстрани привремено поради извесен Емил Скендеровиќ, кој смета дека има право на неа. Се сеќавам кога тато ја напиша оваа песна. Се сеќавам и каде, но никако не се сеќавам на каков било Емил Скендеровиќ во близина. Речиси сум сигурна дека тој лик нема апсолутно никаква врска со таа песна. Ниту со која било друга, кога сме веќе кај тоа“, напиша Беба на социјалните мрежи.„Мрзливоста е игралиште на ѓаволот. Верувам дека Емил посакува ова да беше негова песна, која Ѓоле му ја ‘дрпнал’, па затоа го нарави ова… Бидејќи во спротивно ќе мора да помислам дека станува збор за лош човек кој сака на другите да им го оневозможи слушањето на саканата музика… Емиле, кој и да си… Немој. Грдо е“, заклучи Беба.

Магазин | пред 7 години

7 год.
rege

УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство

Реге музиката е додадена на листата на меѓународни културни богатства кои Обединетите нации ги смета за достојни за заштита и промовирањеРегето е „ социо-политичко, сензуално и духовно”, велат од УНЕСКО. Тоа „се прошири на сите страни на светот”, додаде портпаролот на Јамајка.Регето произлегува од Карибите кон крајот на 1960-тите, растејќи од жанровите ска и рокстеди, со раните пионери како Ли Скреч Пери, Принс Бастер, како и Марли, Тош и Бани Вејлер.Реге музиката стана популарна во САД, но особено процвета во Велика Британија, која станала дом на многу жители на Јамајка уште од крајот на Втората светска војна.Јамајка аплицираше за вклучување на реге музиката на листата на УНЕСКО годинава, за време на состанок на Обединетите Нации на островот Маврициус.Заштитената листа постои од 2008 година и произлезе од конвенцијата на ООН за заштита на нематеријалното културно наследство во 2003 година.Нејзини цели се да обезбеди почитување на заедниците, групите и поединците вклучени во наведената активност, да се подигне свеста за тие активности на национално и на меѓународно ниво.„Регето е уникатно за Јамајка”, вели Оливија Гранџ, министерка за култура на Јамајка.„Тоа е музиката што ја создадовме и што проникна во сите делови на светот”.Други културни традиции кои се најдоа на списокот се и шпанските училиште за јавање во Виена, монголските ритуали со камили и кукларството во Чешка.www.radiomof.mk

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пукање во маркет во Скопје, разбојници одзеле 30.000 денари

На 01.12.2018 година во 22.00 часот било пријавено дека во маркет на улица „Дижонска“ во Скопје две лица извршиле разбојништво и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 30.000 денари од дневниот промет.Притоа, едно од лицата испукало куршум, но повредени лица нема.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тинејџерка касната од куче во Скопје

На 01.12.2018 година во 14.15 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ц.З.(51) од Скопје пријавила дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје нејзината 17-годишна ќерка била касната од куче скитник.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

30 дена притвор за дел од вклучените во петочната престрелка во Тетово

Тетовската полиција соопшти дека вкупно седум лица се приведени, од кои четворица добија 30 дневен притвор поради престрелката во петокот вечерта во центарот на градот. Судија во предходна постапка им ја одредил мерката, по што се предадени во КПУ затвор Скопје за издржување на мерката.Во притвор се Д.М (43) од Лавце, Б.Д (43) од Тетово, Џ.Р (28) од Шипковица,тројцата кои вечерта по престрелката беа приведени, како и 37 годишниот А.М од Тетово а кој е најден и приведен во текот на вчерашниот ден. Притворените се сомничат за предизвикување општа опасност член 288 од кривичен законик и недозволено поседување оружје член 396..Се дознава дека полицијата бара уште шест лица, односно дека осомничени се 13 луѓе.Мотивите за инцидентот сеуште се испитуваат.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања