Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
20181118_191017

Сениорите на КК„Ангели“ од Кисела Вода го заземаа првото место на табелата

Сениорската кошаркарска екипа на „Ангели“ од Кисела Вода се искачи на првото место на табелата во втората лига.Клубот од Кисела Вода на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ го надигра тимот на КК „Црн Дрим“ од Струга, со резултат 70:64. Кошаркарите на „Ангели“ следниот натпревар ќе го играат на гостински терен во општина Ѓорче Петров против КК „ТНТ“.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Синиша Алексовски од кабинетот на Иванов алармирал дека претседателот ќе прогласи воена состојба

Случувањата од 27 април беа претходно смислено сценарио и ако сите овде во судницава би ја кажале вистината и она што го знаат, би се откриле и нарачателите и главните виновници за тоа што се случи во Собранието. Ова денес во својот исказ пред судот го нагласи обвинетиот Михаил Младеновски, брат на обвинетиот Стефан, кој претходно даваше одбрана пред судот.Обвинетиот Младеновски пред судот ги раскажа речиси истите работи за кои претходно раскажа неговиот брат, односно дека сите насоки и инструкции што ги добивале за влезот во Собранието доаѓале од Александар Василевски-Нинџа.Обвинителството за овој обвинет има снимки од безбедносните камери на кои се гледа како Младеновски во неколку наврати ја вади фантомката што ја носи. За ова тој образложи дека го правел махинално бидејќи не можел да дише во Собранието, а им било кажано дека камерите ниту кај ГТЦ, ниту кај Дион не снимаат.Упадот во Собранието овој обвинет го нарече свесно направена манипулација. И тој, како и неговиот брат, во својата одбрана го спомена Синиша Алексовски, вработен кај претседателот Ѓорге Иванов.„Ми кажаа дека Синиша Алексовски, вработен во кабинетот на претседателот, кажал дека претседателот треба да се обрати во 22 часот и дека ќе прогласи воена состојба. Ова го чув откако излеговме од Собрание и отидовме во паркот Жена-борец”, раскажа обвинетиот Младеновски.Според Младеновски, Синиша Алексовски уште кажал дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ.Во врска со тоа дали тој и групата што била раководена од Нинџа носеле оружје во Собранието, овој обвинет рече дека лично тој немал оружје со себе, но познато му било дека Нинџа имал дадено оружје. А за него кажал дека му било од директорот на УБК. Овој обвинет од шефот на личното обезбедување на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски-Леви, доби прашање дали директорот на УБК имал комуникација со луѓе кои слободно преземале активности на своја рака, ако тоа било потребно и дали е точно дека припадници на УБК немале ниту добро мислење ниту комуникација со Чавков. Ваквото прашање на обвинетиот Леви го натера Чавков да го смени изразот на лицето и неговиот лик од сериозен стана намуртен. На ова обвинетиот Младеновски појасни дека не се работело за директорот на УБК кога кажал дека разговарал со лице како да се влезе во Собранието, туку дека тоа бил бегалецот Никола Бошкоски.Обвинетиот дополни дека бегалецот Бошкоски, кој се наоѓа во Грција, сега е „патриот во Грција“, а тие, зборувајќи за себе и за обвинетите, „предавници во судница“.Обвинетиот одговараше и на неколку прашања на судијката Добрила Кацарска, која се интересираше дали сите од групата заминале во правец на прес-салата откако влегле во Собрание и дали сите врати биле ширум отворени. Обвинетиот Младеновски одговори дека сите се движеле во различни правци и дека отворени биле вратите до прес-центарот до каде што се стасувало непречено, а внатре некои од вратите биле затворени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudenje-27

Со сведочењето на обвинетиот Младеновски се размота клопчето за насилниот упад во Собранието на 27 април

,УБК во соработка со криминални групи го организираа насилниот упад во Собранието на 27 април“-се бранеше пред судот еден од обвинетите кој и самиот беше дел од насилничките групи при упадот во Собранието на 27 април, пишува Ако.Обвинетиот Михаил Младеновски кој сведочеше за тоа како сѐ се случило на 27 април минатата година и е брат на Стефан Младеновски, исто така обвинет , сведочеше идентично како него.Инаку, Михаил Младеновски е познат по тоа што промени неколку пратии. Тој од младинската организација на СДСМ, премина во ВМРО ДПМНЕ и потоа жестоко ги бранеше политиките на Никола Груевски. Често изнесувајќи партиски внатрешни работи од времето кога беше член на СДСМ. Оваа партија кога беше во опозиција објави фотографија направена во 2012 година кога беше на дело најцрната кампања против нив од страна на ВМРО ДПМНЕ.Тогаш, Младеновски обвини дека така наречениот Команднт Коки близок до СДСМ, наводно го малтретирал по што беше уапсен.Браќата Стефан и Михаил Младеновски, дел од обвинетите за 27 април, сведочеа идентично. Денеска Михаил Младеновски, ја даде својата одбрана како учесник во организираниот напад на Собранието на 27 април лани.И тој како и брат му сведочеше дека за време на нападот им било кажано дека се јавил Синиша Алексовски, советник за национална безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, и кажал дека Претседателот ќе прогласи воена состојба во 22 часот.-,,Екс директорот на УБК Атанасовски ги злоупотреби патриотскиѕе здруженија за напад врз Собранието“-рече пред судот Михаил Младеновски.„Од денешен аспект, гледам дека се работи за монструозна конструкција поради која сите сме денес тука. Преку Александар Василевски-Нинџа во кафулето ,,Аристократ’ во 2016 година се запознав со Владимир Атанасовски, тогашниот директор на УБК. Близок пријател со Нинџа. На изборите на крајот на годината двете партии прогласија победа. Атанасовски рече преку протести да се врши притисок врз гласањето во ДИК, во корист на ВМРО-ДПМНЕ“-сведочеше Младеновски.,,Ден пред гласањето, во ,,Аристократ“ дојдоа Владимир Атанасовски, Никола Бошковски од УБК кој сега е избеган во Грција, Дејан Димковски-Боксер од Петтата управа, Мери од кабинетот на директорот на УБК, Нинџа, Никола Митревски-Кољо и други. Рекоа, на знак на Нинџа ќе треба да се фрлаат молотови коктели. Користевме шифри во комуникацијата на сигнал или на вибер. Шифрата за Нинџа беше Самурај, така се водеше во комуникацијата на функционерите во УБК. За тоа дали ќе се дејствува вечер пред зградата на ДИК, имаше шифра 1. Тоа беше за напад. Нула беше за да остане ситуацијата иста, да не се нападне зградата. Директорот Атанасовски испрати шифра нула“, рече Михаил Младеновски, пренесува Макфакс.Обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски со своето сведочење практично ја разобличија целата структура која ги организираше нападите врз партениците на СДСМ на 27 април минатата година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Два златни и еден бронзен медал за каратистите на Макпетрол од балканското првенство во Хрватска

Изминатиов викенд во Дубровник, Хрватска се одржа 19-то Балканско карате  првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21).На првенството учество земаа 12 балкански држави со 889 натпреварувачи.Каратистите на Макпетрол на ова првенство кое имаше и дополнителен критериумски карактер за влез во националната селекција, направија извонреден успех.Тие успеаја да освојат две златни и еден бронзен медал.Најуспешен натпреварувач на ова првенство секако е Петар Спасеновски, кој успеа во највозрасната натпреварувачка категорија на постари јуниори (У21  да влезе во финалето и да го освои златниот медал. Неговата доминација беше на многу високо ниво така што во 5 последователни борби ,неговите противници не успеаја да освојат ниту еден поен , а тој освои дури 13 поени.Абдурахим Идризи е вториот спортист кој успеа да освои златен медал кај јуниорите во категорија -55 кг.Со бронзен медал се закити Глигор Петков, кој немаше среќа да влезе во финалето, бидејќи при нерешен резултат 1-1, беше неправедно дисфалификуван на само 15 сек, до истекот на борбата.Бошко Заборски тренер на Макпетрол изјави: „На ова првенство ние заминавме максимално подготвени и бевме решени да направиме голем успех. Сакам да истакнам дека во голема мерка успеавме во планираното. Резултатите секако дека можеа да бидат и поголеми, само ако првиот ден се обезбедеше тренерска Акредитација за уште еден наш тренер, кој ќе ги предводеше докажаните спортистки Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска, кои за жал останаа без медал, иако тие две минатата година беа финалистки.На првенството имаше многу голема конкуренција, правилата дозволуваат од секоја држава да се пријавуваат најдобрите 4 спортисти во секоја тежинска категорија, тој податок  сам по себе зборува дека многу тешко е да се освои медал на ова натпреварување. Бидејќи ова првенство имаше и критериумски карактер ние успеавме да избориме 5 (пет) места во репрезентацијата на Македонија, која ќе земе учество на Европското првенство во месец фебруари 2019 година во Данска. Тој момент за нас беше и најважен како краен резултат од ова натпреварување“ - заврши Заборски.

Спорт | пред 7 години

7 год.
1-1

(ВИДЕО) Богоев: Карпош ќе ги поддржува лицата со попреченост 365 дена во годината

Општина Карпош продолжува со континуираната грижа за своите сограѓани кои се со посебни потреби. По повод одбележувањето на 3- Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост и финансиската поддршка што им ја дава локалната самоуправа на овие сограѓани, градоначалникот Стефан Богоев  ја даде следната изјава:-По повод Денот на лицата со попреченост, Општина Карпош повторно додели парична помош на лицата со посебни потреби кои се жители на нашата општина. Станува збор за повеќе од 120 лица кои добија еднократна парична помош, но, повторно, потенциравме денес, целта на општината е 365 дена во годината да се грижиме за овие наши сограѓани.Советот на Општината донесе одлука со која ќе субвенционира локали кои работат на територија на Општина Карпош и на територија на Градот Скопје, коишто ќе вработуваат лица со посебни потреби, а се жители на Карпош.Исто така, во контекст на овој Меѓународен  ден, оваа недела ја отвораме „сензораната соба“ за дечиња со посебни потреби во општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“. Ние како Општина продолжуваме да бидеме партнер со овие наши сограѓани, бидејќи сме сите исти, иако, на некој начин сите сме различни изјави градоначалникот Богоев.

Скопје | пред 7 години

7 год.
karpos-2

Финансиска поддршка за лицата со попреченост во Карпош

Општина Карпош го одбележа 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. Локалната самоуправа организираше настан за лицата со посебни потреби кои живеат на територија на Карпош, при што се доделија финансиски средства во форма на еднократна парична помош.Градоначалникот Стефан Богоев ја акцентираше потребата од секојдневна и континуирана грижа за лицата со попреченост и нивно вклучување во сите сфери на живеење и работа.- Нашата цел е 365 дена во годината да работиме на унапредување на статусот на лицата со попреченост. Оваа недела, ќе активираме уште една сензорна соба за учениците со посебни потреби, во училиштето „Димо Хаџи Димов“, во Влае. Исто така, на минатата седница на Совет донесовме одлука за субвенционирање на локалите кои ќе вработуваат лица со посебни потреби. Потребна е системска и постојана поддршка, рече Богоев.Општина Карпош продолжува да работи на зголемена инклузија на овие лица во секојдневието. За таа цел, минатата недела се објави и едукативен прирачник во форма на приказна за учениците со Даунов синдром, при што автор на сликовницата е мајка на ученичка со истиот синдром од деветто одделение во ООУ „Јан Амос Коменски“.Локалната самоуправа поставува и пристапни рампи пред детските градинки, училишта и објекти за домување, со цел да се олесни пристапот и мобилноста на лицата со попреченост.Во знакот на еднаквоста и уривањето на бариерите, Карпош продолжува со сестрана грижа за сите свои сограѓани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
DSC_1278

Сите предлог-закони од правосудството ќе бидат пуштени во Собранието до крајот на годинава

Членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) на Владата на Република Македонија, на осмата седница што се одржа денеска, главно се задржаа на измените што ги носи Законот за кривична постапка, како и на Законот за извршување санкции.Во дебатата за Законот за кривичната постапка главни дискутанти, покрај учесниците во работната група, беа адвокатите и јавните обвинители, кои укажаа на одредени решенија на зaконот за кои рекоа дека се потребни дополнителни подобрувања, а Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, побара од Министерството за правда, да го дистрибуира новиот закон за да можат јавните обвинители и судиите да го проучат и да укажат на одредени можни недостатоци.Претседателот на Основниот суд Скопје 1 - Скопје, Иван Џолев, својата дискусија ја насочи кон постапката за водење на судски записник, односно потребата од аудио и аудиовизуелната техника за време на судските претреси, а Народниот правобранител, Иџет Мемети, ги акцентираше оние моменти кои се однесуваат на одредени кршења на правата на задржани, односно осомничени лица.Законот за кривична постапка, според мислењето на поранешната судијка Виолета Дума, претставува основна алатка во работата и затоа и таа е на став дека Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка треба да им биде даден на увид на судиите.Согласно стратегијата, како што наведе министерката Дескоска, која денеска претседаваше со седницата, до крајот овој месец ќе се изврши увид во потребите на 18 судови во држава за нивна непречена работа.Министерката Дескоска најави дека до крајот на оваа година ќе бидат изготвени и пуштени во постапка во Собранието на РМ сите предвидени закони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Кисела Вода се одбележа со поддршка на градоначалникот Филип Темелковски

Денес, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 – ти Декември во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во организација на Сојузот на телесни инвалиди под покровителство на градоначалникот Филип Темелковски се одржа турнир на кој лицата со попреченост беа спортски активни, се натпреваруваа.По завршувањето на настанот Темелковски во просториите на Сојузот за телесни инвалиди на Општина Кисела Вода разговараше со натпреварувачите за нивните потреби, а на најдобрите им подели признанија и награди. Темелковски даде ветување дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да им дава поддршка и да им биде на располагање.Неодамна, на иницијатива на градоначалникот Темелковски Општина Кисела Вода го реализира проектот „Спортуваме, другаруваме“ за дечињата од двете специјални училишта кои се наоѓаат на нејзина територија. За таа цел, Темелковски ги посети децата во специјалното училиште ПОУ „Д-р Златан Сремец“ при што им подели 120 маици и ги проследи нивните спортски активности кои ги изведоа во холот на училиштето. Воедно, градоначалникот за следната година најави дека Општината ќе го снабди училиштето со спортски реквизити кои ќе ги мотивираат децата повеќе да спортуваат, а ќе можат да ги користат и спортските сали во Кисела Вода.Исто така, во рамки на истиот проект во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ги посетија учениците во оваа училиште кои пред нив ги покажаа своите спортски способности. Тие играа гол бол со претставници од локалната самоуправа.За потсетување, во месец септември во ПОУ „Златен Сремец“, во рамки на Европската недела на спортот, во организација на Агенцијата за спорт и млади со поддршка од Општина Кисела Вода се одржаа активности на кои претставници од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Федерацијата за пречки во развој, слепи и глуви се запознаа, се дружеа и спортуваа со дечињата.Градоначалникот Филип Темелковски апелира за подигнување на јавната свест кај луѓето како заеднички би им помогнале на лицата со инвалидност да имаат достоинствен живот без бариери и дискриминација, да имаат еднакви права со сите останати.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nogaceski

Општина Дебрца самостојно го реши проблемот со ученичкиот превоз

Со одлуката на општина Охрид превозот на учениците до средните училишта во Охрид да се врши со редовниот општински линиски превоз, почнувајќи од 01 Септември беше укината посебната линија Охрид-Мешеишта-Волино-Охрид. Согледувајќи дека тоа создаде голем проблем за уќениците од општина Дебрца, општината изнде начин самостојно да го реши проблемот за учениците од оваа општинаа.„Учениците беа приморани да чекаат речиси по два часа за превоз, а постапувајќи по оправданите барања на засегнатите ученици и родители , како општина Дебрца се заложивме да го решиме проблемот и постигнавме договор со превозниците Пупе Компани и Омега Експрес линијата повторно да се оддржува. Линијата повторно се активира од денес, 03.12.2018 година, во 19.30 часот и ќе се оддржува од понеделник – петок, во текот на траењето на учебната година“, вели првиот човек на општината Зоран Ногачески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stefan

Божјата љубов чини скапо: МПЦ го оштети државниот буџет со 2,3 милиони евра!

Со продажбата на градежното земјиште наспроти „Холидеј ИН“ на МПЦ, Министерството за транспорт и врски го оштетило буџетот за повеќе од 2.3 милиони евра – покажува пазарната анализа за цената по која Министерствто го продало земјиштето на Македонската Православна Црква.На мрежата за продавање и купување „Пазар 3“, цената на еден квадрат земјиште на оваа локација чини скоро двојно поскапо од цената што МПЦ и ја платила на државата.Од МПЦ, за еден метар квадратен платиле 312 евра за квадрат, а на „Пазар 3“, цената на оваа локација е 577 евра за метар квадратен.Плац од 75,8 метри квадратни, се продава за 45.000 евра:Матемтиката вели дека за 9.000 квадратни метри – колку што изнесува целиот простор – МПЦ и нивниот деловен партнер заштедиле неверојатни 2,3 милиони евра, затоа што цената е далеку пониска од пазарната. Ова се пари кои во нормални услови би завршиле во Буџетот на Република Македонија.НОВА ТВ објави документи кои покажуваат дека ова земјиште претходно е проценето дека вреди 640 евра по метар квадратен. Вредноста од 640 евра ја утврдил проценител за имотот на МПЦ кој е на истата градежна парцела и тоа уште уште во 2010 година.Фирмата „Обновители“ во сопственост на Македонската православна црква која што нема вработени освен управител, свештеник од с. Кадино, 8 години не се занимавала со градежништво, е таа која што на сметката на Министерството за транспорт и врски уплатила 2,3 милиони евра. Нивниот бизнис партнер, Зоран Антиќ и фирмата М.Г. „Фешн“ дале само 500, 000 евра, за министерството да им продаде 9000 метри квадратни по цена од 312 евра, во 4 очи. Потпис на договорот удрил министерот Горан Сугаревски, кој обврзан со законот мора да продава по таа цена брифираат од неговиот кабинет.-Продажбата на државното земјиште со површина од 9.000 квадратни метри е направена според Законот за градежно земјиште по цена утврдена во Уредба донесена од Владата во 2016 година која важи за физички и за правни лица. При тоа е земена повисоката цена која е утврдена за деловен простор, а согласност за законитоста даде и државниот правобранител. – велат од Министерството.Извор:lider.mk

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Младеновски: Автомобилите на Шилегов и на Фрчковски требаше да се “дигнат во воздух”

Автомобилите на Петре Шилегов и Љубомир Фрчковски требало да бидат “дигнати во воздух”, непосредно по изборите во 2016 година. Оваа била идеја на високи функционери во УБК, кои имале акција за сузбивање на “државните непријатели”, објави Fokus.mk‘.Ова на денешното рочиште за “27 април” ‘го откри обвинетиот Михаил Младеновски, кој истакна дека упадот во Собранието бил организиран од УБК и од Александар Василевски Нинџа.Тој истакна и дека Никола Бошковски, вработен во УБК, му дал задача на Нинџа да ги следи обвинителите од СЈО и Кире Наумов, а се смислувале и други планови за справување со “државните непријатели”, според оцена на тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.“Идеја беше и во воздух да се дигнат автомобилите на Шилегов и на Фрчковски, но до тоа не дојде, рече Младеновски.извор:Fokus.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Столтенберг: За случајот со Груевски, нека се договорат Скопје и Будимпешта

Случајот со поранешниот македонски премиер, Никола Груевски треба да биде решен помеѓу Скопје и Будимпешта, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека Алијансата нема намера да се меша во расчистување на прашањето околу бегството на осудениот поранешен премиер.„Не е мое да коментирам за тоа, станува збор за прашање што се однесува меѓу Скопје и Будимпешта, а не кон НАТО“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес конференција во седиштето на НАТО во Брисел.„Не е мое да коментирам. Прашањето треба да го решат Будимпешта и Скопје“, нагласи Столтенберг запрашан за ставот на алијансата околу бегството на поранешниот премиер и засолништето што му беше дадено од земја членка на НАТО.Столтенберг во врска со членството на Македонија, нагласи дека НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија по имплементацијата на преспанскиот договор.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zagaduvanje

Наместо почист воздух, граѓаните ќе добијат специјални маски за надвор

Наместо почист воздух, граѓаните ќе добијат специјални маски за надвор. Здравствените власти ќе ги поделат и така ќе се борат против аерозагадувањето. Од Министерството за здравство не размислуваат за вонредни мерки, објави ТВ Телма.На Клиниката за детски болести викендов се јавиле пациенти најчесто со респираторни инфекции. Но, лекарите смируваат. Според нив, тоа е нормално во овој период.Мерните станици за квалитетот на воздухот во Лисиче и Гази Баба се уште не работат. Другите кои се во функција, викендов запишаа и до 300 микрограми ПМ10 честички во воздухот.Отровните честички земаат замав, а властите не се мобилизираат.Од Институтот за јавно здравје, надлежните за аерозагадувањето се на службени патувања и не даваат одговор дали досегашните мерки на властите дале некаков резултат.Загадениот воздух е најголема причина за предвремена смрт во речиси сите земји во Европа. Смртта на 1300 жители годишно во Македонија се поврзува со аерозагадувањето. Властите наместо да преземат итни и вонредни мерки, со загадувањето на воздухот се справуваат со вообичаените и секојдневни мерки.“На прашање дали здравствените власти и оваа година ќе даваат препораки наместо мерки – Филипче откри само дека од неговиот кабинет анализираат кои се ризични категории на граѓани.На детска клиника се уште не се исполнети сите болнички кревети. Пациентите ги лекуваат амбулантски, вели директорката Катерина Ставриќ. Според нејзе, нема простор за паника.Загадениот воздух може да предизвика мозочен удар, срцеви заболувања или рак на белите дробови. Смртоносни болести кои заедно со хроничните и акутни респираторни заболувања ги демнат луѓето.извор: ТВ ТЕЛМА

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Охридските советници на вонредна седницаа расправаа за помор на плашиците во Студенчишта

На вонредната седница на Советот на општина Охрид, што беше закажана на предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се расправаше за состојбата со плашиците во каналот Студенчишта, по вонредните околности кои доведоа до помор на плашиците- мерки и активности кои се превзедоа и треба да се превземат.По расправата советниците едногласно ги донесоа следните заклучоци:-Се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да се обрати до Министерството за екологија, со барање за превземање на превентивни мерки и активности со цел спречување на поморот на плашици во иднина;-Се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да побара од ЈНУ Хидробиолошки институт Охрид информација со цел добивање насоки за препорачани и дозволени флуктуации на нивото на езерото и превземање на конкретни мерки во оваа насока;-Се задолжува Градоначалникот во соработка со ЕЛЕМ Македонија да покрене иницијатива за формирање работна група која ќе даде писмени препораки за надминување на постојната состојба и иницирање на измени на постојната законска регулатива од оваа сфера;-Се задолжува Градоначалникот согласно позитивните правни прописи да превземе мерки за добивање на дозвола за мелиоративен риболов од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;-Се препорачува на надлежните служби да извршат ископ, проширување и продлабочување на каналот Студенчишта.Градоначалникот Јован Стојаноски рече дека Локалната самоуправа неколку дена пред да се случи угинувањето на околу 500 килограми плашица писмено ги предупреди надлежните институции да преземат мерки, а количините на угинатата риба беше намалена бидејќи беа преземени низа активности во кои беа вклучени Јавните претпријатија „ Водовод“ , „ Нискоградба„ и „ Охридски комуналец“ .Според градоначалникот Стојаноски, вакви и слични незгоди нема да има по донесувањето на Планот за управување со Охридскиот регион , кој сега е во нацрт- верзија. Во планот прецизно ќе се регулираат обврските на сите субјекти кои се одговорни за долгорочно и ефикасно управување со природното и културното богатство на Охридскиот регион.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Фактор“: Државата го менува и данокот на добивка, ќе има ли лути реакции?

Коморите, синдикатите, осигурителните компании се затечени од предложените измени на Законот за данокот на добивка. Се тврди дека не биле консултирани за измените кои ги прави Министерството за финансии. Од ресорното министерство ги поставија измените на електронскиот национален регистар на прописи и треба да се применуваат од следната година, анализира порталот Фактор.Според измените како што објави веќе Фактор, точно се определува како и колкав данок ќе плаќаат невладините организации, синдикатите, политичките партии, Црвениот крст. Практично законот сега ќе уредува дека и непрофитните организации стануваат даночни обврзници ако имаат приходи од стопанска дејност. Ова се прави, велат од Министерството за да не се создава нелојална конкуренција меѓу фирмите и непрофитните организации. Инаку има измени кои ги опфаќаат и осигурителните компании но и вработените кои имаат високи примања.Имено како што вели предлагачот, ќе како добивка ќе се смета и на неа ќе се пресметува данок на секоја заработка над одреден лимит од исплатен надомест за деловна успешност.„Поради постоењето на случаи на користење на законската можност за исплата на високи износи на вработените на име деловна успешеност на работодавачот, за која се плаќаат придонеси само до износот на највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите ( 16 просечни плати), како начин на пренесување на дел од добивката без да се плати данок, се оцени дека е потребно да се утврди лимит над кој исплатата на деловната успешност ќе има третман на непризнат расход за целите на утврдување на данокот на добивка, стои во измените.Фактор веќе објави дека во измените што сега се предлагаат стои дека здруженијата, партиите, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст, синдкиатите, коморите не се обврзници на данокот за заработките од членарини, доброволни прилози, донации, подароци. Сепак, добивката која е остварена од стопанска дејност е регулирано да се даночи. Стопанска дејност е на пример приходот од издавање на простории под закуп, ако вршат комерцијални обуки и слично.„Непрофитните организации коишто остваруваат приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување, заради избегнување на нелојална конкуренција со субјектите на кои добивката остварена од вршење стопанска дејност им се оданочува, стануваат обврзници за пресметување и плаќање на данокот на добивка, доколку вкупниот годишенприход од стопанската дејност е поголем од 2.500 евра во денарска противвредност, стои во предлог измените.Извор: ФАКТОР 

Македонија | пред 7 години

7 год.
viktor-orban

Орбан доаѓа во Хрватска, издадено предупредување

Денеска и утре, во Загреб, се одржува самит на Средноевропската иницијатива (СЕИ) на кој на темата за безбедност и економија ќе разговараат шест премиери и други високи претставници.Во фокусот на состанокот е доаѓањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан со кого Хрватска има неколку отворени прашања.СЕИ е формиран во 1989 година во Будимпешта, а денеска членуваат Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Италија, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Украина.Претседателството на СЕИ од Хрватска ќе го преземе Италија.

Свет | пред 7 години

7 год.
opek-katar

Катар во јануари го напушта здружението на извозници на нафта - ќе се фокусирале на гас

Властите во Катар објавија дека оваа арапска земја во јануари ќе се повлече од Организацијата на земји извозници на нафта – ОПЕК.Оваа неочекувана вест беше објавена од страна на министерот за енергика на Катар, Мохамед бин Салех ел Сада, на денешната конференција во престолнината Доха.„Одлуката за повлекување ја рефлектира желбата на Катар да се фокусира на своите планови за развој и зголемување на производството на природен гас од 77 милиони тони годишно на 110 милиони тони во наредните години“, рече министерот на прес-конференцијата.Катар цели 57 години беше дел од ОПЕК. Тие со 2,6 милиони жители се најголемиот извозник на течен природен гас во светот, објави агенцијата „Танјуг“.

Свет | пред 7 години

7 год.
soobrakajka-1

Сообраќајка кај Автокоманда - сообраќајот блокиран

На булеварот „Александар Македонски“ се случи втора сообраќајна несреќа денеска, поради што речиси цел ден е блокиран сообраќајот во овој дел од градот. Како што информираат од МВР во сообраќајката учествувале две возила, а се случила пред неполн час.Како што дознаваме од терен во делот од булеварот кој се наоѓа кај хотел „Континентал“ речиси и да е невозможно да се помине со возило. Сообраќајот е блокиран, а колоните со возила се протегаат и до автопат.Ова е втора сообраќајка на булеварот денеска, откако утринава исто така сообраќајот беше парализиран поради судир на два автомобили.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ангелов до Младеновски: Ти благодарам што ја кажа вистината

Ти благодарам што собра храброст пред целиот македонски народ да ја кажеш вистината. Иако е малку задоцнето, сепак, благодарам, рече обвинетиот Горанчо Ангелов по сведочењето на обвинетиот Стефан Младеновски, во кое изнесе голем број информации за 27 април и начинот на кој УБК ја вршело организацијата.„Ќе се сложите со мене дека ние ‘идиотите’ од патриотските здруженија сме искористени од партија, од УБК, од сите буквално“, Ангелов го запраша Младеновски.На ова Младеновски одговори: „Дека сте кретени, е заклучок на Нинџа, сигурен сум дека сте злоупотребени од Нинџа и директорот на УБК, Владимир Атанасовски“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“

„Со Нинџа и неговите луѓе се среќавав на партиските собири заедно со мојот брат и ме запозна со лицето Прскач од УБК. На првиот ден од протестите пред ДИК, Нинџа не викна во кафиќ на кеј во Скопје. Кога пристигнав со мојот брат таму беше лицето Прскач, во тоа време началник или заменик-началник во петта управа. Нинџа ни кажа дека ако ДИК ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во ДИК и да се фрли молотови коктели. Таму беа неговите луѓе, кои добар дел беа вработени во неговиот кафич или кладилницата“, раскажа денеска обвинетиот Стефан Младеновски, во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.Во деновите што следувале тој рече дека се гледале со Нинџа во кафулето „Аристократ“, а на средбите присуствувал и Владимир Атанасовски.„На 30 декември вечерта кога требаше ДУИ да одлучи дали ќе прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, повторно бевме во штабот, во прес-центарот. Бевме јас, мојот брат, луѓето од УБК и Нинџа со неговите луѓе. Исто како денот на изборите, така и тогаш информациите до нас ги споделуваше Дејан Димовски – Боксерот. Кога стана извесно и дека ДУИ нема да прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, ни беше кажано од Боксер дека Иванов нема шанси да го додели мандатот на Заев и дека доколку пробаат на сила да направат влада, ќе има војна. Набргу по тоа беше објавена тиранската платформа по што и почнаа протестите на ‘За заедничка Македонија’“, рече Младеновски пред судот.Тој наведе дека потоа почнале протестите и дека тој учествувал десетина пати со неговиот брат, но и со луѓе на Нинџа, посочувајќи дека за протестите имало логистичка поддршка од сите Комитети на ВМРО.Младеновски рече дека ќе се влегувало во Собрането кога СДСМ ќе формира Влада, дознал во февруари, кога ги викнал Нинџа. Таму имало луѓе од МВР и УБК.– На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори, раскажа Младеновски.Нагласи дека на протестите добиле наредба ако видат жена со плава коса да ја пријават кај него, бидејќи е од ЦИА.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Групата Камелеон годинава прославува 20 години успешна кариера

Охридската група Камелеон најавуваат голем концерт, во пресрет на празниците. Концертот ќе биде во чест на 20 годишнината од нивната успешна кариера.„Има многу бендови, но ретки се оние кои нивниот роден град, каде е и најтешко да се успее, ги примил како свои. Кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели. Годиниве наназад тие покажаа и докажаа дека може да се успее и со сопствена музика, може и со макотрпна работа, со откажување од многу, но не и од основните принципи на квалитетна музика, ноти и текстови, откинати длабоко од срцето, создадени од по некоја солза, од по некоја насмевка на убава девојка, од поддршката на пријателот, од убавините на Охрид, кој толку силно ги гушнал и ги примил во своите прегратки“, порачуваат организаторите.

Магазин | пред 7 години

7 год.
centr-1

Санкционирани прекршители на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општина Центар

Градот Скопје повторно апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.Утринава, во соработка со МВР, биле санкциони неколку прекршувачи на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општина Центар.Со оваа одлука, донесена од Советот на Oпштина Центар и од Советот на Град Скопје, сите доставувачи на стока имаат забрана за доставување во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот.„Им порачувам на доставувачите да се придржуваат до одлуката, а службите будно ќе ја следат состојбата и ќе ги санкционираат сите оние кои нема да ја почитуваат истата“, велат од општина Центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimkov

Димков: И да умрам во моментов нема да прифатам промена на името

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, на денешната седница во Собранието, остро реагираше на дебата за одредување на нацрт амандманите, објави Фокус.„И да умрам во моментов нема да прифатам промена на име. Сето тоа вие со еден збор ќе го уништите. Ние имаме фамилии дома. Еднаш ќе ни прекине животот и ќе пишува историјата. Изгубивте на изборите. Се прифативте за да дојдете на изборите“, рече Димков.извор: Фокус.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
pozar-1

Показна вежба „Пожар“ во ОУ „Браќа Миладиновци“

Показно-тактичка вежба за гаснење пожар и евакуација на загрозени лица се одржа денеска во основното училиште „Браќа Миладиновци“.Целта е увежбување на наставничкиот и техничкиот персонал во училиштето за имплементирање на планските документи за дејствување во услови на настанат пожар и потреба од евакуација на загрозени лица.Претпоставената ситуација опфати пожар во кујната на училиштето предизвикан од електричната инсталација на кујнските апарати, од каде што се ширеше чад што го зафати приземјето на објектот со закана за негово проширување во други ходници. Во времето на оваа претпоставена ситуација, во училиштето се одвиваше редовна настава, а акцентот беше ставен на евакуација на учениците, наставниците и техничкиот персонал.Вежбата се спроведе во организација на училиштето „Браќа Миладиновци“ и Општинскиот противпожарен сојуз - Аеродром, со учество на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и општинскиот Црвен крст - Аеродром.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pajak

Пајак службата не го крена возилото пред Кривичен суд откако дозна дека е на Мендух Тачи

Пајак службата не го крена возилото паркирано пред Кривичниот суд, откако дозна дека е на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, објави ТВ21.Тачи беше внатре во судот на рочиште за предметот „Титаник 2“, како обвинет за изборни нерегуларности.Почетокот на рочиштето доцнеше поради тоа што се чекаше спроведување на обвинетиот екс шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор.Видеото повеќе не е достпно за јавност.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања