Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
can-dogs-eat-onions

Домашните миленици не треба да јадат грозје, кромид и лук

Во овој период на празници внимавајте вашето куче или мачка да не јадат чоколада. Кромидот и лукот содржат тиосулфат, кој може да предизвика хемолитична анемија кај кучињата, што резултира со крвавење, па дури и смрт …Чоколадото е богато со теобромин на кој тие се многу чувствителни и може да предизвика сериозна токсичност и оштетување на нервниот систем. Симптомите на труење се исти како и кај труењето со кофеин, објаснува ветеринарот д-р Горан Азениќ од Ветеринарската амбуланта „Вет-свијет“.Кафе и чај и други пијалаци што содржат кофеин се забранети. Дури и мали количини може да доведат до возбуда, пренадразнетост, тресење, напади, повраќање, дијареја, отежнато дишење и срцева слабост, па затоа се можни компликации поради срцев или респираторен застој, па дури и смрт. Алкохолот е строго забранет.“Грозјето и сувото грозје исто така влијаат токсично на бубрезите. Откако ќе ги изеде, кучето почнува да повраќа, и, исто така, се јавува исцрпеност и престанок на мокрење и смрт поради акутна ренална инсуфициенциј“, објаснува д-р Азениќ.Ниту торти и десерти не се пожелни. Големите количества шеќер не може соодветно да се метаболизираат, па може да предизвикаат дијареја, шеќерна болест и смрт. На листата на забранета храна се солени грицки и чипс, бидејќи на подолг рок може да доведат до гастритис и проблеми со бубрезите.„Кромидот и лукот треба да се избегнуваат поради тиосулфатот, кој може да предизвика хемолитична анемија во која доаѓа до уништување на црвените крвни клетки, а последиците може да бидат крвавење, хепатит, па дури и смрт“, вели Азениќ.

Магазин | пред 7 години

7 год.
paris

(Видео) Париз демолиран

Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени од 17 ноември кога почнаа протестите на „жолтите елеци“ во Франција против зголемувањето на горивата.Последни кои се придружија на протестите се вработените во Брзата помош. Францускиот премиер, Едуар Филип, вчера имаше средба со политичките ривали во обид да го намали гневот кај граѓаните по насилните протести и демолирањето низ улиците во Париз.Вчера учесниците на протестот се обидоа да стигнат до Парламентот, но беа спречени од полицијата.Францускиот претседател, Емануел Макрон, вчера одржа итна седница за безбедност и не ја исклучи можноста од воведување на вонредна состојба во земјата.

Свет | пред 7 години

7 год.
vucic-gruevski

Вучиќ: Ќе бевме најдобри на светот ако го уапсевме Груевски без потерница

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето вечерашно обраќање пред јавноста, меѓу другото се осврна и на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку Србија.Тој истакна дека „некому би му биле сигурно најдобри на светот доколку кажевме дека сме виновни што не го уапсивме поранешниот македонски премиер, а веројатно требаше да го уапсиме без потерница, која е издадена 48 часови откако ја напуштил земјата“.Вучиќ нагласи дека Србија ги почитува правните норми и затоа „на многумина сме им виновни“. 

Свет | пред 7 години

7 год.
gruevski-orban

Протест против Орбан во Загреб: Депортирајте го него, а не мигрантите

Група демонстранти го пречекаа унгарскиот премиер, Виктор Орбан, пред хотелот „Еспланаде“ во Загреб, каде се одржува самитот на Централноевропската иницијатива, во кој учествуваат премиерите на Унгарија, Албанија, Словенија, Македонија и Романија.На протестот беа истакнати транспаренти на кои пишуваше: „Депортирајте го Орбан, а не мигрантите“ и „Смрди на фашизам“. Во протестот учествуваа Ценарот за мировни студии и иницијативата „Добродојдовте“, пишува Фокус.-Сакаме Европа и ЕУ во која подеднакво важат сите човекови права и подеднакво се применува владеењето на правото, во која нема црни оази како Унгарија, во која овие вредности се загрозени – изјавија демонстрантите.Од вкупно 18 членки на ЦЕИ, во Загреб пристигнаа петмина премиери. Останатите членки ги претставуваат амбасадори и делегации.

Свет | пред 7 години

7 год.
deca-autizam-zagaden-vozduh

И утрово дишеме отрови

Мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина и утрово регистираа до петпати поголемо загадување. Најалармантнот со многу високо ниво на загадување со ПМ10 честички има во скопските населби Центар -238, Карпош-188 и кај Ректоратот.-208, пишува Нова ТВ.Речиси да нема град во земјава каде нивото на загадување е на дозволената граница. Високо ниво на загадување има Миладиновци, Бутел 170, во Битола, Кичево, Тетово 150, Струмица, Кавадарци 151 и Куманово.Ситуацијата беше уште поалармантна вчеравечер и во текот на ноќта, кога на апликацијата „Мој воздух“ на повеќе мерни места беше регистрирана загаденоист и до 11 пати повискоа од максимално дозволената граница.Во Лисиче и Аеродром, каде загадувањето со години наназад е најголемо, а тоа е забележливо и преку воздухот кој смрди на запалена гума и пластика, мерната станица не работи.На  веб-страницата World’s air pollution, Македонија се најде на четвртото место во светот според загаденоста со индекс од 484, а пред нас Кина, Австралија, Индија и Турција.Од Министерството за здравство вчера изјавија дека нема да воведат вонредни мерки, и најавија дека ќе се обезбедуваат маски за ризичните групи граѓани. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
DETSKA-BOLNICA

Детската клиника над милион денари ќе плати за мобилни телефони, во август немаше средства за хигиена

Детската клиника во склоп на Клинички центар распиша тендер за набавка на минимум 125 мобилни линии, 3 фиксни линии и еден говорен канал со два приклучоци за интернет. За оваа намена од детската клиника ќе се одлеат 1.800.000 денари. Според спецификацијата една од претплатите на која ќе бидат приклучени две телефонски линии треба да биде од 1.360 денари а да следува 15 гига бесплатен интернет, неограничени СДС пораки, 50 минути за роаминг повици, 150 беплатни минути за роаминг.Девет претплатнички линии ќе имаат претплата од 830 денари, а за други 32 претплатници ќе се плаќапо 625 денари. Останатите тарифни модели се со месечна претплата од под 400 денари.“Цена на месечна претплата за симетричен интернет приклучок не смее да биде повисока од 4.700 денари без вклучен ДДВ. Во рамките на месечната претплата да се вклучени: - 1400GB интернет сообраќај,Брзината на пренос на податоци да биде загарантирана со капацитет до 90 Mbps/90 Mbps (download/upload). Понудувачот треба да има корисничка поддршка од 24/7 на бесплатен телефонски број. По надминување на бесплатниот интернет сообраќај вклучен во месечната претплата  цената за дополнителн GB  да не биде повисока од 4,9 денари без ДДВ, додека брзината да падне до 2/2Mbps“, пишува во спецификацијата.Во август годинава, Детската клиника беше без антибактериски сапун, без медицински ракавици и други основни средства за хигиена. Тогаш, родители чии деца се сместени на клиниката тврдеа дека вработените буквално импровизираат со цел да обезбедат нормални услови за болните деца. Освен овие секојдневни проблеми низ кои минуваат вработените и пациентите на Детската клиника, пред извесно време инцидент со опремата на клиниката сериозно го нарушил нејзиното функционирање и ги вознемирил сите кои биле сведоци на случката.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kuce-bus

ЕМОТИВНО: Кучето на Буш, лабрадорот Сали лежи покрај ковчегот

Телото на поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш до среда ќе биде изложено во националниот Капитол. Буш ќе добие државничка почест во среда во Националната катедрала во Вашингтон, а ќе биде погребан во четврток, кај Претседателската библиотека во Тексас.Емотивн слика е објавена. Имено 2 годишниот лабрадор Сали, придружник на Џорџ Буш - постариот, не се поместува од ковчегот на бившиот претседател. Сали, кој беше со него до неговиот последен здив, леташе со ковчегот во авионот од Тексас до Вашингтон, каде што ќе биде погребалната церемонија.Кучето е именувано по легендарниот пилот Челзи Саленбергер, кој пред неколку години слета патнички авион со 155 патници на реката Хадсон во Њујорк, без никој да биде повреден.Инаку според најавите капитолот ќе биде отворен за државници и за јавноста до среда, а посетителите ќе можат да минуваат покрај ковчегот на Буш. Тој почина во Тексас, каде што живееше, доцна во петокот, на 94 години, по неколку години слабо здравје.

Свет | пред 7 години

7 год.
cei

Премиерот Заев денеска на Самит на ЦЕИ во Загреб

Во Загреб денеска се одржува работниот дел од средбата на лидерите на 18-те земји членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).Самитот официјално започна синоќа со свечена вечера за учесниците на собирот, меѓу кои е и македонскиот премиер Зоран Заев.Како што јавија хрватските медиуми, покрај највисоките претставници на хрватските власти, учесниците на Самитот пред хотелот „Еспланада“, во кој се одржа вечерата, ги пречекаа и група демонстранти, кои протестираа против учеството на унгарскиот премиер Виктор Орбан на собирот.Демонстрантите носеа транспаренти „ХДЗ – прва линија на Орбан“, „Депортирајте го Орбан, а не бегалците“ и „Смрди на фашизам“.Организатори на протестите беа Центарот за мировни студии, иницијативата „Добредојдовте“ и невладината организација Граѓаните организирано го надгледуваат гласањето (ГОНГ).Инаку, на денешниот дел од Самиот на ЦЕИ, покрај лидерите на земјите членки на Организацијата или нивни претставници, ќе учествува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.ЦЕИ е основана во 1989 година во Будимпешта, а нејзини сегашни членки се Австрија, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.Минатото рочиште за „Таргет-Тврдина“ беше одложено поради краткото време за доставување на барањето за спроведување на Сашо Мијалков од притвор.Во „Таргет – Тврдина“ покрај поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, обвинети се и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.Тие се обвинети дека преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.Во Кривичниот суд рочиште треба да се одржи и за случајот „Тендери“, каде поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Случајот се наоѓа во доказна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sv-bogorodica

Денеска се празнува Пречиста Богородица

Воведение во Храмот на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи празници кои ги празнува Православната црква, познат и како Пречиста Богородица. Се празнува на 21 ноември, односно 4 декември по нов стил.Според Светото Предание, Пресвета Богородица била претставена во Ерусалимскиот Храм како мало тригодишно девојче од нејзините благочестиви родители, свети Јоаким и Ана, со цел да биде исполнет нивниот завет даден на Бога. Бидејќи за раѓањето и раниот живот на Богородица нема непосредни информации од книгите на Новиот Завет, најраниот извор на ова предание може да се лоцира во неканонското Протоеванелие според светиот апостол Јаков од вториот век. Во нејзина преидружба биле повикани девојчиња кои носеле свеќи во рацете, давајќи му посебно значење на самиот настан. Богородица се искачила по скалите, свечено пречекана од свештениците во храмот, предводени од Захарија, таткото на свети Јован Крстител, и била воведена во најсветиот дел од Храмот – Светињата на светиите. Таму живеела девет години, додека не била предадена на нејзиниот роднина, свети Јосиф Целомудрен, за да биде испочитуван Законот.Значењето на овој празник е многу сложно, но сепак – Црквата го гледа како празник кој го обележува крајот на физичкиот, материјален Ерусалимски Храм како место во кое пребива Бог, и почеток на Новиот Завет, каде преку Богородица, Несместивиот Христос е сместен во утробата на Пречистата.На овој начин, Пресвета Богородица се предава и посветува целосно на Бога и (подоцна) станува пребивалиште на Воплотениот Бог, мост кој ги поврзува небото и земјата – Бог и човекот; чекор пред обожувањето на човекот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
2-1

Хрватска силно ќе ги поддржи процесите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, се сретна и со хрватската претседателка на државата, Колинда Грабар - Китаровиќ и со претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јадроковиќ, по средбата со премиерот Андреј Пленковкиќ.Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ најави дека Хрватска силно ќе ги поддржи процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Таа честиташе за Договорот со Грција и изрази надеж дека тој ќе биде брзо ратификуван во Парламентот. Исто така, хрватската претседателка Грабар - Китаровиќ рече дека Хрватска продолжува да ја дава и техничката поддршка на Македонија во европските интеграции.Премиерот Заев рече дека очекува успешно завршување на процесот во Парламентот, со што ќе се овозможи и брзо членството во НАТО, а тоа ќе отвори и почеток на пристапните преговори со ЕУ.Премиерот Заев изрази очекување дека Македонија и Хрватска ќе ја зголемат трговската размена и инвестициите, бидејки тоа го овозможува искреното пријателство меѓу двете земји, како што и заеднички констатираа со претседателката на Хрватска, Грабар - Китаровиќ.На средбата се посочени можности за соработка во инфраструктурата, поштенските услуги, фармацијата.Претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јадроковиќ исто така му честиташе на премиерот Заев за храброста во сложениот процес во којшто влегоа тој и Владата за да ги осигураат евро-атлантските перспективи на Македонија. Тој констатираше дека со тие политики се отвора патот во НАТО и ЕУ на нашата држава, како и дека хрватскиот Парламент ќе продолжи со потребната силна поддршка за тоа и да се реализира, посебно што Хрватска е заинтересирана просторот на сигурност во регионот да се шири.-Посветено работиме на домашните реформи. Низ инклузивни политики се обидуваме да работиме и во Парламентот, посебно за прашања од стратешки интерес. Очекувам да се зголеми парламентарното мнозинство во поддршката на уставните амандмани, реализација на Договорот од Преспа и конечно Македонија да влезе во НАТО и да почне преговори со ЕУ, рече премиерот Заев на средбата со претседателот на хрватскиот Парламент, Јадроковиќ.Делегациите на Македонија и на Хрватска на владино ниво продолжуваат со заедничка вечера што ја организира домаќинот на утрешниот Самит на шефовите на влади на земјите членки на ЦЕИ, премиерот Пленковиќ, како и со заедничка прошетка во центарот на Загреб.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива без забрани, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja

Делови од Карпош, Петровец, Сарај и Кисела Вода без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информират дека утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од делови од улиците Корушка, Вангел Дину и Иван Цанкар во Општина Карпош.Во периодот од 09:00 до 15:30 часот корисниците од ул. 4 во с. Долно Коњари.Во периодот од 09:30 до 12:30 часот корисниците од дел од с. Горна Матка.Во периодот од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Малешевска во Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно време со температура до 14 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлините и по речните долини. Кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд и снег на планите во северозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен а наместа засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 14 степени.Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, а кон крајот на ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната максимална температура ќе достигне до 8 степени.Утре во раните утрински часови сè уште ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а за викендот се очекува нов влажен бран.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudenje-27

Ексдиректорот на УБК Атанасовски барал да се фрлат боомби кај Шеќеринска и Шилегов дома, сведочеше обвинет од 27 април

Во 18.30 часот вечерва, обвинетиот за организираниот напад на Собранието на 27 април лани Захарие Симовски застана во Основниот суд Скопје 1 да ја дава својата одбрана на денешното рочиште. Симовски e меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок, а почна со тоа дека од 2015 му станал личен телохранител на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа за кого обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски во своја одбрана претходно кажаа дека во Собранието таа вечер на негов повик со него заедно влегле 10-темина притворени.„За време на предизборната кампања во 2016 година, од Нинџа добивавме наредба да бидеме втор обрач обезбедување на Никола Груевски. Одевме секаде на митинзи со Груевски. Нинџа ме имаше задолжено со пиштол од 2015 година, но никогаш не сум го употребил“, рече Симовски.И тој, како и браќата Младеновски, зборуваше за контактите со тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски, со избеганиот Никола Бошковски-Прскач, со Дејан Димковски-Боксер од Петтата управа и други. Зборуваше и тој за насоките од Нинџа да се фрлаат молотови коктели кон ДИК за време на протестите  на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, но за среќа, рече, не дошло до тоа.„По 27 април, Владимир Атанасовски побара да се фрлат бомби во домовите на Петре Шилегов и на Радмила Шеќеринска, но и да му го запалиме автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Јас им кажав дека кај Рада и кај Шилегов нема никој дома. Планот не се реализираше“, сведочеше Симовски.Кажа дека Атанасовски не бил задоволен од масовноста на протестот.Ексдиректор на УБК Владимир Атанасовски не е меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.„Нинџа им понудил на припадници на навивачката група Фемили од Аеродром, на Корка, син на покојниот Орце Коруновски и на Скеч, имињата не им ги знам, да донесат млади луѓе, но тие го одбиле. Затоа ги врбувал патриотските здруженија. Нинџа одеше и во кабинетот на Груевски. Мене во палатата на ВМРО-ДПМНЕ влез не ми дозволија“, рече Симовски.Повеќе на СДК.МК

Македонија | пред 7 години

7 год.
police_457542992-1-1021x580

Албанец убиен во Грција затоа што го бранел нашето право да бидеме Македонци

Петрит Зифле, 63-годишен мигрант од Албанија што работел на фарма на островот Крф во Грција, убиен е од 44-годишен локален жител по расправа за името на Македонија во кафеана, пишува Лидер.На 25 ноември попладнето Зифле, познат меѓу мештаните како Петрос, се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите негрци. Петрит возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани од неговиот убиец.Подоцна членот или симпатизер на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими, каде што се случило убиството. Таму и е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.Полицијата за пет дена го расветлила настанот, откако попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Сторителот го признал делото и е приведен.

Свет | пред 7 години

7 год.
Screenshot_12

ВИДЕО: Во Лисиче вечерва опасно по живот - останете дома

Во Лисиче вечерва е опасно по живот, воздухот е екстремно загаден и се препорачува да останете дома.Мерењето е на аерозагадувањето со мобилен мерач PICO кај нефункционалната мерна станица во Лисиче, која не работи 2 месеци, а го направија активисти од „Смог аларм“. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЦРВЕН АЛАРМ: Загадувањето десетици пати над дозволеното, воздухот штетен за дишење

Вчера вечер главниот град, а дури и на државно ниво Македонија, беа меѓу најзагадените во Европа. Истата состојба е и вечерва. Имено според мерните единици концентрација на ПМ10 честички на воздухот измерена денеска во 17 часот, во Кавадарци има неверојатни 359mg/m3 од дозволени 50mg/m3. Во Битола 284 mg/m3, во Струмица 256 mg/m3, во Куманово 255 mg/m3, Кичево 182 mg/m3.Оваа висока концентрација на ПМ10 честички на воздухот ги полни секојдневно клиниките низ целата држава со луѓе и деца кои имаат респираторни проблеми. Истовремено уште од август почнаа да се затвораат и исклучуваат мерните станици во најзагадените општини. За исклучените мерни единици во Лисиче, Гази Баба и Велес, локалната и централната власт си ја префрлаат топка еден на друг. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопје и вечерва во топ 10 најзагадени градови

Скопје, Софија и Приштина ја имаат „честа“ да бидат на врвот на листата на најзагадени градови во светот оваа вечер.Скопје се наоѓа на седмото место, Приштина на четвртото, а Софија на деветтото место според загаденоста, односно концентрација на ПМ10 честички во воздухот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gjorge-ivanov-1

Иванов: Мојот советник не е вмешан во упадот на 27 април во Собранието

Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април .Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април дека советникот на претседателот Синиша Алексоски им кажал дека Иванов ќе прогласи воена состојба.– Давање на лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
SJO

Граѓаните ја губат довербата во СЈО покажува анкетата на Телма и МЦМС

Мнозинство од 53,5 % од граѓаните немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство и ова е голем пресврт споредено со сите претходни истражувања во кои СЈО имаше голема поддршка, пишува Телма.Расте недовербата на граѓаните и во другите институции во правосудтсвото. Во редовното обвинителство односно Републичкото јавно Обвинителство мнозинство од граѓаните – 61 % немаат доверба, безмалку половина – 28,3 % процентни или 32,7 отсто имаат доверба. Колку доверба имате во судството? Мнозинство – 61,4 % одговориле дека немаат доверба во судскиот систем а 33, 3 отсто имаат доверба.Но ова е само еден дел од анкетата на Телма и МЦМС изработена од М Проспект . Вечерва во Топ Тема на Ваша страна ги поставуваме прашањата и кои се проблемите кои најмногу ги загрижуваат граѓаните. Прв пат политичките прашања паднаа на дното, а загадувањето станува алармантно. Анкетата е спроведена од 11 до 16 ноември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5.

(Видео) Анета Кочишки: Беше љубоморен, ме извади на прозор и почна да ме дави

Новинарката Анета Кочишки, автор и водител на емисијата „Лица “ на 1 ТВ, ја поддржа кампањата против насилство врз жените и девојчињата, и раскажа потресна животна приказна.„ Го запознав службено. И двајцата бевме успешни во своите кариери и уживавме углед. Поради работата често патував и бев во контакт со влијателни и моќни луѓе. Тоа му пречеше, почна да станува посесивен. Се повеќе, секој ден. Љумобора, понижувања и навреди ја гушеа нашата врска. Се убедував дека е минливо, секој има кризи. Мислев, премногу ме сака, затоа ме чува само за себе. Дури и најблиските ми велеа: Не претерувај, знаеш какви се мажите понекогаш. Се давев во сопствената илузија дека ќе се промени. Но, една вечер, тој вистински се обиде да ме удави. Ме извади низ прозор и почна да ме дави. Денес е во затвор, кај што му е местото“, е дел од приказната која ја раскажа Кочишки.https://www.facebook.com/354772308029128/videos/2167271083491784/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанец нападнат од три непознати лица

На 02.12.2018 година во 20:25 часот во СВР Скопје, С.Г.(45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19:40 часот на булевар „АВНОЈ“ бил физички нападнат од три непознати лица.Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Daniel-Muller-Schott

Германецот Даниел Милер-Шот, виртуозот на виолончело, повторно гостува во Македонската филхармонија

На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Морски барнови“ кој ќе се одржи на 6 декември (четврток) во 20 часот, како солист ќе настапи Даниел Милер-Шот, еден од најславните виолончелисти на новата генерација. Овој амбасадор на музиката на 21.век, за македонската публика ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович.Диригент на концертот, за првпат во Македонија, е маестро Румон Гамба од Велика Британија, а оваа вечер ќе бидат изведени и импресивните дела: Четири морски интерлудии од операта „Питер Грајмс“ од Бенџамин Бритн, како и „Море“ и „Потонатата катедрала“ (која ќе ја доживее македонската премира) од Клод Дебиси.Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Маестро Гамба особено се фокусира на современата музика и неговото име стои зад светските премиери на „Две момчиња“ на Нико Мулеј во Англиската национална опера, Концертот за виола на Брет Дин со Би-би-си симфонискиот оркестар, националните премиери на „Танцувач во ноќта“ на Пол Рудерс, „Крв на подот“ од Марк Ентони или „Скерцоид“ со Норланд опера, како и австралиската премиера на оригиналната верзија на Симфонија бр. 5 од Сибелиус... Неговото име е запишано и на голем број аудиоизданија на кои се наоѓаат современи творби. Во 2017 година, маестро Гамба се враќа на Би-би-си промс диригирајќи со врвниот џез-ансамбл „Bang on a Can All-Stars“ заедно со Младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголето“...Германскиот виртуоз на виолончелото Даниел Милер-Шот се смета за еден од најистаканите претставници на овој инструмент на својата генерација и повеќе од две децении ја воодушевува публиката во светот. Овој амбасадор на музиката во 21 век, кој „Њујорк тајмс“ го нарече „бестрашен интерпретатор со извонредна техника“, е роден во 1976 година во Минхен. Студирал со видни имиња – германскиот виолончелист Волтер Нотас, австрискиот виолончелист Хајнрих Шиф, како и со британскиот виолончелист Стивен Исерлис, а преку фондацијата на славната виолинистка Ана-Софи Мутер, на нејзино лично инсистирање, поминал една година студии со прочуениот Мстислав Ростропович. На 15 години, Даниел Милер-Шот ја добил првата награда на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Чајковски“ во Москва во 1992 година, и оттогаш неговата кариера рапидно почнала да расте. Неговото име е запишано на сите светски концертни репертоари. Ја воодушевува публиката со својата виртуозност, со нескриено енергичната интерпретација, со совршената комбинација на техничка, интелектуална и емотивна зрелост. Даниел Милер соработува со голем број водечки оркестри на САД, Европа и Азија, со врвни диригентски имиња како што се Ашкенази, Мазур, Орамо или Превин, а неговиот репертоар е составен од најпознатите дела напишани за виолончело. Во новата концертна сезона, тој настапува и ќе настапува со Тонхале оркестарот во Цирих, Кралскиот филхармониски оркестар, Далас симфонискиот оркестар... но е закажана и светска турнеја со рецитали и камерни концерти. За Денот на германското единство во Берлин во 2018 и во знак на сеќавање на неговиот починат учител Ростропович, Даниел Милер свиреше пред Бранденбуршката порта дела од Јохан Себастијан Бах, пред околу 500 илјади слушатели. Добитник е на значајни награди и признанија и реализирал голем број снимки за познатите издавачки куќи „Орфеј“, „Дојче грамофон“, „ЕМИ класикс“. Со Ана-Софи Мутер и Андре Превин, тој ги сними Моцартовите трија за пијано, додека со познатата канадска пијанистка Анџела Хјувит ги сними сите дела на Бетовен за виолончело и пијано. Милер-Шот свири на инструмент од 1727 година, од најпознатиот венецијански изработувач на виолончела, Матео Гофрилер.

Магазин | пред 7 години

7 год.
47484847_2091494697563398_7899772685138264064_o

Се одржа италијанско - македонски бизнис форум

Советникот за стратегија и развој во Секторот за поддршка на градоначалникот на Град Скопје, Тони Масевски, денеска учествуваше на италијанско – македонскиот бизнис форум на тема „Инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Македонија“, што се одржа во хотелот „Мериот“, во организација на Амбасадата на Италија во Република Македонија и Италијанската агенција за трговија (ICE), во соработка со Италијанското здружение на приватни градежни компании (ANCE) и Италијанското здружение за инжинерство и градежништво (OICE).Масевски пред присутните ги презентираше најзначајните проекти од областа на инфраструктурата, транспортот, животната средина и развојот кои Градот Скопје ќе ги реализира во иднина, а може да се интересни за италијанските инвеститори.На форумот присуствуваа и амбасадорот на Италија во РМ, Карло Ромео и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, а свои презентации за крупни развојни проекти имаа и претставници од министерствата за животна средина и просторно планирање, економија и транспорт и врски.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања