Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
9B8A907B-1E41-4577-9576-7EC6803C5E40

ФОТО: Андреј од ДНК со страсен бакнеж со машко

Владимир Блажев а.к.а Панчо од ДНК сподели фотографија на социјалните мрежи сподели фотографија од својот пријател и член на ДНК, Андреј каде тој бакнува маж. На фотографијата, Панчо напишал “геј лоби”. Тие моментално се во Чикаго од каде подтојано споделуваат фотографии.”Нено и Андреј, то су срца два”, напишал Панчо.Всушност, не е прв пат, Панчо да се шегува на сметка на Андреј, со разни фотографии. Претходно, тој споделуваше фотографии и видеа каде Андреј уринира.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ФОТО: Целосно блокиран центарот во Скопје, возилата стојат во место

Сообраќајот во Скопје целосно укочен. Улиците кои минуваат низ централното градско подрачје колабрираа, големиот број на автомобили се движат споро, а во место се чека и по 10 минути.Целосно блокирана е и улицата позади трговскиот центар Рамстор. Возачите се нервозни и свират, но тоа не допринесува за побрзо да минуваат возилата. Една од причините за оваа блокада низ центарот на Скопје е затворената улица на Јужен булеварКаде се гради подземната сообраќајница, а другата се протестите на 10 луѓе пред Собранието.Оние кои треба да поминат низ Центар тоа можат да го направат низ Бит пазар и позади Рамстор, но по овие улици се вози така кажано тргни-застани

Скопје | пред 7 години

7 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Не е време за прогресивен данок, порачуваат бизнисмените

Една работа е математичката проценка на владата со претспоставките дека сите кои имаат големи примања ќе плаќаат поголем данок на доход, а друга е математиката на вработените кои можеби би се решиле да отвораат нерезидентни сметки во регионот. Вака ги коментираат најавите за прогресивен данок од бизнис конфедерацијата на Македонија. Сметаат дека со ваквиот чекор владата можно е да поттикнува и откривање на сиви патишта за избегнување на поголемиот данок.Бизнисменита очекуваат предложените измени да биде објавени на страницата ЕНЕР каде ќе ги кажат своите забелешки. Велат дека биле консултирани и известени, но очекуваат многу поголема и поширока дебата на оваа тема. А конструктивна дебата за тоа кои ќе бидат  бенефитите но и негативните последици и развој на сива економија бараат и експертите.Вчера министерот за финансии Драган Тевдовски ги промовираше измените со кои се воведува прогресивен данок. Со нив за сите кои имаат плата на 90.000 денари  се воведува данок од 18%,  но само на сумата која ја надминува границата. До 90 000 илјади данокот останува 10 %. Од таму преку соопштение и денеска го повторуваат она што и вчера го истакнаа дека со воведувањето на прогресивниот данок, ќе се намали јазот помеѓу најсиромашните и најдоходовните граѓани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski

Собранието ќе расправа дали да му го одземе мандатот на осудениот Груевски

Во вторник ќе се знае дали Собранието на Република Македонија ќе му го одземе мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.За одземање на мандатот ќе расправа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која, според веб страницата на Собранието, седницата ја има закажано за утре во 12 часот со единствена точка на дневниот ред – Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр.59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години.Членовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во петокот се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.Груевски најдоцна до 8 овој месец треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната.Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај. Тој заедно со првообвинетиот Ѓоко Поповски поднесоа жалба до Апелацискиот суд кој ја одби како неоснована жалбата на Груевски, а делумно ја прифати жалбата на Поповски и му ја намали казната затвор на четири години и шест месеци. Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vakcina

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Во сите Центрите за јавно здравје во земјава денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини.По првпат годинава Министерството за здравство, како што рече вчера на прес-конференција ресорниот  министер Венко Филипче, набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.– Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик, потенцираше Филипче.Оваа година, сите пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да дојдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закажат термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, како што велат од ресорното Министерство, тоа можат да го направат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.Министерството за здравство, како што посочуваат оттаму, при набавката постигна најниска цена на чинење со што заштеди околу 75.000 евра. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.Судечкиот совет во предметот „27 април“ на минатото рочиште одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата задравствена состојба.За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, МиткоПешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство.Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 90-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 700 разговори.Поранешниот премиер Никола Груевски, на обвинителна клупа денеска треба да седне и за случајот „Насилства во општина Ценатар“. За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.На минатото рочиште за „Насилство во Центар“ исказ пред судот даде поранешниот директор на ПОЦ и актуелен градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ.Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pretsedatel

Претседателот на австрискиот Национален совет Соботка во посета на Македонија

Претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.Како што соопшти собраниската прес-служба, предвидено е Соботка да се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. По средбата предвидени се изјави за медиумите.Австрискиот гостин ќе има и обраќање пред пратениците на закажаната 63. собраниска седница.Претседателот на австрискиот национален совет предвидено е да се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, и членовите на оваа комисија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdoski-1

Со 15 отсто ќе се оданочуваат и каматите на заштедите над 15.000 денари

Данок на доход со стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат на дивидендите, на каматите од депозитите, на каматите од заеми на физички и правни лица, на каматите од хартии од вредност и друг доход од хартии од вредност. Ова е предвидено во нацрт-предлогот на новиот Закон за данокот на личен доход, кој завчера го најави министерот Драган Тевдовски со чие донесување треба да стартува даночната реформа, пишува СДК.мк.Според објаснувањето на Министерството за финансии, данокот на камата од заштеди ќе почне да наплаќа од 2020 година, а останатите даноци ќе се наплаќаат веќе од 1 јануари 2019 година.За камати од депозити, во кој влегуваат трансакциски депозити, штедни депозити и други депозити, како и на каматите од хартии од вредност граѓаните ќе плаќаат данок на доход по стапка од 15 отсто, ако износот на пресметаната камата на годишно ниво надминува 15.000 денари во противвредност од валутата на депозитот.Данок по стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат за доходот остварен од индустриска сопственост, доходот од кирии, капитални добивки, добивки од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход.Прогресивна даночна стапка од 18 отсто се воведува за доходот од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи ако обврзниците годишно заработат над милион и осумдесет илјади денари.Според член 11 од нацртот на новиот Закон на доход доколку по овие основи физичките лица на годишно ниво оствариле доход до милион и осумдесет илјади денари (1.080.000), оваа сума ќе се даночи по стапка од 10 отсто. Со стапката од 18 отсто ќе се даночи само сумата што е над милион и осумдесет илјади денари.На месечно ниво со даночна стапка од 10 отсто ќе се даночи сумата до 90.000 денари, а со даночна стапка од 18 отсто само сумата над 90.000 денари.Прочитајте повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
odron

Внимавајте: Одрон на патот Скопје-Велес кај Сопот

На патниот правец Скопје – Велес пред наплатна станица Сопот поради одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се работи на расчистување на одронот и нормализација на сообраќајот.Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Македонија | пред 7 години

7 год.
Damjan_Manchevski_Minister

Манчевски: Kонечно во Македонија, ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот

На денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, соопшти дека  Министерството за информатичко општество и администрација започнува со процесот на хоризонтална функционална анализа. Што значи ова? Ова значи дека конечно во Македонија, ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот. И за тоа усвоивме Акциски план со конкретни мерки и временска рамка.Само како пример. Веќе спроведовме хоризонтална функционална анализа на инспекциските служби. Целта беше да се оцени поставеноста на инспекциските служби во системот, нивната меѓусебна поврзаност, внатрешната организација и систематизација на работни места, интерните работни процеси, располагањето и користењето на опрема и средства за работа и слично. Наодите укажуваат дека во одреден дел постојат преклопувања на надлежностите, а во случаите кога инспекциските служби се организирани во рамки на министерство или друг орган на управата, инспекторите често вршат и други работи и работни задачи кои не се нивна работа.Резултат на хоризонталната функционална анализа ќе бидат реорганизација и оптимизација. Очекуваните придобивки се следните:– ќе се воспостават рамки за институционална организација– ќе се реши проблемот со преклопување на надлежностите на институциите– ќе се реши и проблемот со институции со еден човек– ќе имаме јасни критериуми за тоа кои институции од кого можат да бидат основани и која институција пред кого одговара. Да престане админстративниот пинг понг со граѓаните и фирмите.Целта е инситуциите да се групираат по области на дејствување. Министерствата ќе бидат креатори на политики, агенциите ќе се задолжени за спроведување на политиките, а функцијата на надзор ќе биде во надлежност на инспекторатите. Да се поедностави работата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Помирувањето меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одложено за понеделник

За формирање на комисијата за помирување, за што иницијатива достави независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ќе се разговара на следната координација, најверојатно идниот понеделник. Тоа е договорено на денешната редовна координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.Ова од причини што координаторот на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Елизабета Канческа Милевска не присуствувала поради обврски поврзани со денешната посета на претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Брит Флојд доаѓа во Скопје со продукција од милион долари

Како што се наближува настапот на Брит Флојд во Скопје, од „Авалон“ информираат дека продукцијата за ова големо шоу ќе биде масовна и, како што вели Дамијан Дарлингтон, којшто е основач на овој бенд, вредна милион долари.На 14 ноември во ВИП-арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видеоанимација која ќе ја има во текот на целото шоу.Концертот на Брит Флојд во Скопје, кој е во рамки на турнејата Тhe Eclipse world tour, ќе трае два и пол часа, а членовите на бендот (девет на број) ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок-бендови на светот на сите времиња.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Автомобил удри дете во Ѓорче Петров

Деветгодишно дете со повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил во скопската општина Ѓорче Петров.Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 14 часот на улица Знеполе кога Б.А.(66) од Скопје со автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрил во деветгодишно дете од Скопје.По незгодата детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Kaliopi

(Видео) Калиопи го претстави видеото за песната „Пресуда”

Калиопи објави ново видео за песната „Пресуда”, која е комплетно авторско дело на композиторот, продуцент и текстописец Ромео Грил. „Пресуда” е тажна љубовна песна … И сфатив дека понекогаш и тажните љубови може да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја сака и можеби ќе се најде во неа. Му благодарам на Ромео Грил, кој исто така маестрално и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме прави бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе ја отпеам „Пресуда” во живо на мојот концерт на 23 ноември во Сава центарот во Белград.Песната беше премиерно емитувана на каналот Калиопи јутјуб и на нејзините социјални мрежи и е придружена со интересно видео за чија реализација беше задолжен тимот на НН Медиа.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Nju-Delhi-smog

Воздухот во Њу Делхи загаден 20 пати повеќе од нормалната граница

Загаденоста на воздухот во Њу Делхи денеска е 20 пати повеќе од препорачаната граница на Светската здравствена организација. Како што пренесуваат тамошните медиуми, жителите на главниот град на Индија утрово биле во паника откако градот бил прекриен од густ сив смог во пресрет на Дивали, фестивал на светлина.Според Би-би-си, видливоста во градот е многу лоша, а загадувањето е 20 пати повеќе од препорачаната граница на Светската здравствена организација. Експертите предупредуваат дека квалитетот на воздухот ќе се влоши дополнително во наредните денови поради употребата на петарди.Индиските градови обично се рангираат на првото место на листите за најлош квалитет на воздухот во светот.Врховниот суд претходно го ограничи дозволеното време за фрлање петарди на два часа на ден, но експертите сметаат дека ограничувањето ќе биде тешко да се спроведе.Фестивалот Дивали е најважниот хинду-фестивал во северна Индија, со него ја граѓаните ја прославуваат победата на доброто над злото.

Свет | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски со коментар за загадениот воздух: Болен неуспех на власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук напиша дека луѓе го губат здравјето поради неспособноста на власта, ветуваа чист воздух, а добивме најзагаден во Европа, откако Еуроњуз објави дека Македонија е најзагадена држава во Европа во моментот.Во продолжение интегрално ви го пренесуваме Фејсбук статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:„Ветуваа чист воздух, а добивме држава со најзагаден воздух во Европа, луѓе кои го губат здравјето поради неспособноста на власта да испорачаат резултати.Ноември 2017-та година Зоран Заев и неговите градоначалници ветуваа чист воздух, година потоа, ноември 2018-та година, епилогот е Скопје и неколку други града од државата на црните билтени во Европа по најзагаден воздух. Уште едно фијаско, уште еден срамен и болен неуспех на власта кој овој пат се плаќа со здравјето на граѓаните.И ова не е некое несуштинско, неисполнето ветување поради кое ќе доживеете краткотрајно разочарување и неколкуминутна нервоза, нивната неспособност сега се плаќа со здравјето на граѓаните, со нивните животи. И не е само до тоа дека не посветуваат внимание, дека здравјето на граѓаните не им е приоритет, туку едноставно не ги бива.И потребно е да ги засукаат ракавите, и наместо да бараат оправдување во наводно неисправни мерни станици за квалитетот на воздухот, да сработат суштински мерки и активности кои ќе доведат до почист воздух. Нека престанат со периферните и популистички мерки кои освен уште еден ден поминат низ медиумите во фалење, за граѓаните значи потрошен ден без резултати. Респираторните и канцерогени болести се единствената “добивка” од нивната неспособност. Нема време за чекање, овој пат неспособноста на Заев, Шилегов и останатата армадила политичари на власт граѓаните ги чини живот. Скопје наместо метропола препознатлива во Европа по настани и новости, станува град обвиен со црнила, смет и смог кој убива. Потребен е активизам и посветеност. Секој поминат ден да не дозволиме да значи загубено здравје, а луѓето од власта, Централна и Градска треба да бидат свесни дека ова оди на нивната нечиста совест“, напиша Мицкоски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
poc

ПОЦ воведе промени во зонската поделба и начинот на наплата на паркирањето

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ воведува измени во зонската поделба на јавните паркиралишта, временското ограничување за користење на паркиралиштата, начинот на наплата на паркирањето и начинот нa користење на повластената паркинг карта за деловен субјект и вработени во деловен субјект.Промените на зоните се однесуваат на трите најфреквентни јавни паркиралишта „Дебар маало“, „Буњаковец“ и „Капиштец“. Од денеска, секторот „Дебар маало“ од зона 1 ќе премине во зона 01, а секторите „Буњаковец“ и „Капиштец“ од зона 2 ќе преминат во зона 1. Со овие промени, велат од општина Центар, ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.„За побрзо информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, ЈП ПОЦ веќе ги обнови старите 99 информативни табли, а во наредните неколку дена ќе постави и 88 нови табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на граѓаните коишто ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе им овозможи попрегледно и пофункционално паркирање во општина Центар“, велат од општината.Новите информативни табли се двојазични, на македонски и англиски јазик, заради големиот број туристи коишто ја посетуваат општината. Таблите содржат информации за зоната, секторот, максимално дозволеното време на задржување, работно време, начинот на плаќање и цената на паркирањето по час и информации за контакт-центарот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ambulanta

Жена тешко повредена во сообраќајка во Ѓорче

Сопатничка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера се случила меѓу две возила.-Во 17,55 часот во Скопје на улица „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(61) од село Рашче, скопско и патничко моторно возило „Мазда“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(54) од Скопје, информираат од МВР.Сопатничката во возилото „Фолксваген голф“ М.Џ., била пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ucenici-soobrakaj

Сообраќајни училишни единици во седум школи во Скопје

Седум основни училишта во Скопје од денеска ќе започнат со реализација на Проектот Сообраќајни училишни единици во организација на СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Општина Центар и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.Како што појаснија организаторите, овој Проект е во функција на зголемување на безбедноста во соообраќајот.Одделението за превенција при СВР Скопје, Општина Центар покрај реализацијата на многубројните инфраструктурни проекти наменети за пешаците, велосиопедистите и возачите на моторните возила, а со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот особено на учениците во основните училишта,  донесе одлука за формирање односно организирање на училишни сообраќајни единици во рамки на сите седум основните училишта наподрачјето на општината, се истакнува во соопштението на организаторите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Sevilskiot-1

„Севилскиот бербер“ во петок во МОБ

Во петок, 09.11.2018 г. со почеток во 20 часот, во салонот на Македонската опера и балет ќе се одржи популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.Авторската екипа е составена од: Диригент, Иван Еминовиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер: Љупка Јакимовска , сценограф,  Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Васко Лисичов, концерт мајстор: Верица Ламбевска, Асс.хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски.Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, како и online на www.mob.mk

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Неколку улици во Кисела Вода денес без вода

Поради уличен дефект на цевка од Ф-150 мм на улицата Рилски Конгрес 126, водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците од улиците Рилски Конгрес, Пржино, Кавалска и Благоја Гојан. Прекинот од водоснабдување започна  во 09:45  часот и ќе трае  до завршување на дефектот.Исто така од ЈП Водовод и канализација информираат дека поради изведување на водоводен Ф-150мм на улицата Христо Татарчев 47, пак, утрово од 9 часот со прекинато водоснабдувањето се корисниците од кулите во Расадник во населбата Кисела Вода.Прекинот со водоснабдување ќе трае до завршување на работите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Курц во посета на Белград и Приштина

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска и и утре ќе ги посети Белград и Приштина каде што со официјални претставници ќе разговара за продолжување на преговорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Курц денеска во Белград ќе се состане со претседателот Александар Вучиќ, а утре со косовскиот претседател Хашим Тачи. Според најавите од Виена, канцеларот Курц со оваа посета сака да даде „јасен знак на поддршка за земјите од Западен Балкан и процесот на нивното приближување кон ЕУ“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вкупно 30 загинати при невремето во Италија

Билансот на жртвите во невремето, проследено со силен ветер и поројни дождови, што минатата недела ја погоди Италија, според последните податоци изнесува 30 загинати, од кои 12 ги загубиле животите на Сицилија, соопштија синоќа италијанските власти.Меѓу жртвите се и девет членови на две семејства, вклучлитечно и две деца и тинејџер, кои за време на поплавите предизвикани од невремето останале заглавени во диво изградена куќа во местото Кастелдача во близина на градот Палермо на Сицилија.Италијанската агенција за цивилна заштита информира дека меѓу загинатите е и еден турист од Германија, кој го загубил животот при удар на гром на островот Сардинија.Според проценките на италијанските власти, при невремето во цела Италија биле откорнати или искршени околу 14 милиони дрва.Најголеми материјални штети се предизвикани во реонот на Венеција, каде покрај поплавите имаше и појава на неколку свлечишта.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Кина се одржува Експо во услови на трговски тензии

Во кинескиот град Шангај се одржува саем на трговија на кој изложуваат компании од 130 земји во услови на зголемени трговски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон. Претседателот Си Џинпинг е домаќин на церемонијата на Експо, на која меѓу другите е поканет и рускиот премиер Дмитри Медведев. Во својот говор Си вети дека Кина ќе ги забрза напорите за отстранување на пречките, за зголемување на увозот и за стимулирање на домашното производство. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за кинески производи во вредност од неколку милијарди долари, по што со иста мера одговори и Пекинг.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања