Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Во Македонија ќе се избира маж на годината

Во Македонија за првпат ќе се избира Маж на годината.Со цел да се наградат успешните мажи во државата, настанот ќе се одржи на 28 ноември во „Тренд гастро бар“ во Скопје и зад овој проект стојат единствениот машки онлајн магазин кај нас „Friday.mk“ и агенцијата за организација на настани „Momentum inc.“, а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија.Ноември не случајно е избран за ваков настан, велат организаторите, бидејќи тоа е месец на свесност за машко здравје.„Да се организира еден ваков настан претставува чест и задоволство. Македонија има многу малку настани од ваков тип, а имаме навистина голем потенцијал и квалитет. На овој настан сакаме да ги наградиме најуспешните мажи кај нас во десетина категории, нивните труд, работа и активности“, изјавија организаторите.На изборот ќе има неколку категории, како маж на годината, маж со трајни вредности, менаџер на годината, маж со најголеми достигнувања во културата, маж со најголеми достигнувања во спортот… За секоја категорија ќе има посебно жири, кое ќе даде свои номинации.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанка пазарела на интернет со туѓа платежна картичка

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo.„Пријавената со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари. Ј.И. од македонски ИП адреси извршила успешни трансакции на продажни места на повеќе фирми на интернет и притоа ја оставала својата е-маил адреса. Исто така, на 05.09.2018 година пријавената направила уште една трансакција на банкомат во Скопје во висина од 6.000 денари“, соопштуваат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dedo-mraz

Дедо Мраз доби вакцина против грип

Како што се наближуваат претстојните празници, Дедо Мраз во Лапонија веќе ги почна подготовките, денес доби вакцина против грип и размислува за вилениците кои треба да му помогнат пред Божиќ.Финската агенција денес објави конкурс за виленици, кои ќе се грижат за туристите што сакаат да го посетат Дедо Мраз на Северниот Пол, каде што понекогаш може да бидат минус 40 Целзиусови степени. Вилениците ќе варат топли пијалаци и ќе ложат оган за туристите.Дедо Мраз, кој мора да се грижи и за ирвасите кои ги влечат неговите санки со подароци за децата, минатата година го посетија околу 390 000 странски туристи.Покрај Финска, и Шведска и Гренланд тврдат дека вистинскиот Дедо Мраз живее кај нив.

Магазин | пред 7 години

7 год.
crkva

Порошенко и патријархот Вартоломеј го потпишаа договорот за формирање на Украинска црква!

Претседателот на Украина Петро Порошенко и цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпишале договорот за создавање на самостојна Украинска црква.Церемонијата на потпишување на договорот се одржала во резиденцијата на патријархот во Истанбул.-Денеска е историски ден. Потпишавме договор за соработка меѓу Украина и Вселенската патријаршија. Украинците се молеа Господ да им испрати единствена православна автокефална црква, изјави Порошенко по потпишувањето на договорот.Воедно украинскиот претседател истакнал  дека „завршува процесот , создадени се сите услови за подготовка на Вселенски сабор за да томасот биде предаден во склад со каноните на автокефална црква“.Патријархот Вартоломеј уште еднаш повторил дека има право да дава автокефалност  и воедно изјавил „дека со ваква акција се помага во изнаоѓањето на решение за расколот кој постои во Украина веќе 30 години“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ердоган планира средби со Путин и Трамп во Париз

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека за време на посетата на Париз, во текот на овој месец, планира да се состане со рускиот и американскиот колега, Владимир Путин и Доналд Трамп, пренесе агенцијата „Тасс“.„Меѓународен состанок ќе се одржи на 10. и 11. ноември во Париз, а на него ќе присуствува и Трамп. Ќе имаме прилика да се состанеме лице в лице и да разговараме за разни прашања. Во истиот формат, можна е средба и со Путин“, рече Ердоган на прес-конференција во Анкара.

Свет | пред 7 години

7 год.
ikea

„Икеа“ реши да отвори продавници во централните подрачја на неколку британски градови

Шведскиот производител на мебел „Икеа“ планира во неколку британски градови да отвори повеќе мали продавници, а ваквата одлука следи по позитивните реакции од отворањето на првата продавница во Лондон.Хавиер Кинонес, директор на „Икеа“ за Велика Британија, рече дека продавницата во Лондон е експеримент за учење.Тој додаде дека успехот на лондонската продавница значи дека таквиот формат на помали продавници, најверојатно, ќе се прошири и во други градови во Обединетото Кралство.Овој концепт им овозможува на луѓето да разгледуваат предмети и да добијат совети за уредување на домот, без потреба да заминат во објект на „Икеа“ надвор од градот.

Свет | пред 7 години

7 год.
tuneli

Тунелите Демир Капија - Смоквица од страна на Демир Капија без светло неколку денови

Напојувањето на тунелите со електрична енергија на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија, како што најави ЕВН, од вчера е исклучено и ќе трае неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово.„Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Двата тунели, како што појаснува советникот за контрола на сообраќај во Јавно претпријатие за државни патишта, Владимир Петров, функционираат нормално и нема никакви проблеми околу напојувањето со електрична енергија.„Поради безбедна и сигурна работа на тунелите Демир Капија – Смоквица, тие се напојуваат со електрична енергија од две страни и тоа од Демир Капија и од Удово. Тоа значи дека доколку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија на една од наведените страни, снабдувањето со електрична енергија ќе продолжи безбедно да работи со преостаната страна. Во овој момент напојувањето од страна на Демир Капија е исклучено поради работни ангажмани на компанијата ЕВН Македонија. Тоа значи дека во овој момент тунелите се снабдуваат со електрична енергија од страна на Удово. Доклку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија од страна на Удово тогаш имаме и трета резервна опција – батериска резерва (UPS систем) во траење од два часа, односно доволно време за напојувањето да се врати во нормала“, вели Петров.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно со максимални температури до 24 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец со температури од 19 до 24 степени Целзиусови.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб, претежно југоисточен ветер. Највисоката температура во текот на денот ќе достигне до 21 степен.Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста, особено од четврток. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
n-missingisland-a-20181104-870x572

Јапонски остров мистериозно исчезнал, a никој не забележал

Јапонскиот остров Есамбе Ханакита Коџима, кој е на оддалеченост од околу 500 метри од јапонскиот остров Хокаидо, исчезнал под вода, но никој не знае зошто или кога точно се случило тоа.Се верува дека овој мал, ненаселен јапонски остров во Охотското море исчезнал поради посилни ветрови и бранови, но за таквите тврдења не постојат докази, а мештаните од селото кое е најблиско населено место до островот, а се наоѓа на врвот на Хокаидо, дури и не го забележaле неговото исчезнување, пишува „Гардијан“.Како што пренесува британскиот весник, според меѓународното право, остров може да биде именуван само доколку е над нивото на водата, а овој остров последен пат бил измерен во 1987. година, кога било утврдено дека се наоѓа на 1,4 метри над површината на водата.Тогаш експертите утврдиле дека островот исчезнувал под вода поради силните ветришта и мразот, кои се јавувале секоја зима во Охотското море. По ова официјално мерење, немало други понатамошни извештаи.Жителите во близина на островот во септември биле предупредени за неговото можно исчезнување, откако писателот Хироши Шимицу ја посетил областа додека пишувал книга за загубените јапонски острови.По ваквото известување, надлежните од локалната рибарска задруга испратиле чамци на локацијата каде што се наоѓал островот и тогаш откриле дека веќе го нема.

Свет | пред 7 години

7 год.
zlatni-rat-promena-plaza

Силниот ветар ја деформираше најубавата плажа во Хрватска

По силните ветрови кои ја зафатија Далмација и ги прекинаа сообраќајните врски со островите, познатата хрватска плажа „Златни Рат“ на јужниот брег на островот Брач повторно го смени својот изглед.Поради силниот ветер и активноста на морските струи, врвот на „Златни Рат“ се свртел кон запад, и дека плажата таквиот изглед ќе го задржи сe додека струјата и ветерот не го поправат.Велат дека вакви случаи имало и порано, при што на врвот од островот се формира свиок со езерце во средината.Исто така хрватскиот весник наведува дека „Златни Рат“ е заштитен природен пејзаж и посебен геоморфолошки феномен односно дека неговите песочни страни се долги околу 400 метри, а во средината се наоѓа густа борова шума.

Свет | пред 7 години

7 год.
twitter

Твитер избриша над 10.000 лажни профили

Од социјалната мрежа Твитер се избришани над 10.000 лажни профили, од кои автоматски биле праќани пораки со повици за бојкот на изборите за американскиот Конгрес, што ќе се одржат во вторник.„Отстранивме низа профили поради тоа што се обидуваа на автоматизиран начин да шират дезинформации, што претставува провреда на нашите насоки за работа“, потврди потпаролот на Твитер за Ројтерс.Преку лажните профили биле објавувани информации кои требало да ги спречат избирачите да излезат на изборите за Конгресот во вторник, на 6 ноември.Твитер месечно има 335 милиони активни корисници. Во кампањата за претседателските избори во САД, во 2016 година, Твитер затвори милиони профили преку кои беа ширени лажни вести со цел да и’ се наштети особено на кандидатката за претседател на демократите, Хилари Клинтон.

Свет | пред 7 години

7 год.
45463599_10156201223553423_5714184125942857728_n

Марш за хумано решавање на проблемот со бездомните животни во Скопје

За денес со почеток од 12 часот во Скопје е закажан протестен марш за животните. Преку маршот граѓаните ќе испратат порака за хуманост и против насилство врз животните, како и за трајно и хумано решавање на проблемот со бездомните животни.Настанот доби поддршка и од многу македонски јавни личности.Организаторите тврдат дека примената на еутаназија како мерка за надминување на проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња во земјава, се покажал како пракса која не вродува со решение и само го продлабочува проблемот.„Не бараме милост за животните, туку нудиме решение преку примена на одговорни, хумани програми и практики кои ќе го третираат причинителот на проблемот, а тоа е неодговорното чување на милениците, казни за нивно напуштање и неконтролиран расплод“, се наведува во најавата за маршот.Меѓу јавните личности кои дадоа поддршка за маршот за животните се: Тони Зен, Пеце Суперикс, Јана Бурче, Бернајс Пропаганда, уметницата Жани Гелевска, креаторот на апликацијата „Мој Воздух“, Горјан Јовановски, актерите Јордан Симонов, Весна Бејби Петрушевска, Ајета Реџеповиќ, Ирена Ристиќ, новинарката Ана Јовковска и водителот Марко Новески кои најавија дека ќе се појават на маршот закажан точно напладне.

Скопје | пред 7 години

7 год.
F2EF9ED0-B9F6-48F7-A7F0-3E16AC59CDA4

Зоки Фаци до Лоба: Кариерата ти почна откако легна со газдата на А1ТВ

По статусот на Викторија Лоба каде ги обвини двајцата новинарите Зоран Василевски—Фаци и Васко Спасовски дека ја уценувале за гостување во 1ТВ, возврати Зоки Фаци. Статусот ви го пренесуваме во целост:

Магазин | пред 7 години

7 год.
A9250634-D155-429A-838E-570DD8CB6674

Викторија Лоба за 1ТВ: Уценувате гости дека ако не дојдат лошо ќе ги снајде? Бедници!

 Пејачката Викторија Лоба преку социјалните мрежи јавно ги искритикува новинарите на 1ТВ.“1tv.mk со своите естрадни квази-“новинари” без основно образование, групирани во евтино трачерско дувло решиле да ми се светат по не знам кој пат зошто не им одам во емисија да им пополнам програма која повеќе личи на помија.Никогаш не сум одбила телевизии ни емисии, никогаш. Ама од ликови како Зоки фаци и Васко Спасовски ми се повраќа. Викате гости со уцена дека ако не дојдат лошо ќе ги снајде од вашиот медиум??? Вие сте бедници, згрозена сум”, напиша таа.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Растат даноците: Владата ќе воведе прогресивно оданочување – дополнителни 8% данок за доход

Министерот за финансии Драган Тевдоски на прес конференција соопшти дека Владата одлучила да се воведе прогресивно оданочување и да се напушти рамниот данок.Даночната реформа ќе значи воведување на дополнителни 8 проценти за делот од доходот кој поминува 90 000 денари. Ова значи дека до 90 000 денари доход, данокот останува 10 проценти само на делот кој надминува 90 000 денари би се плаќале дополнителни 8 проценти.Државата од воведувањето на прогресивен данок би добивала 25 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tramp

Трамп се вклучува во жестока кампања за поддршка на републиканците за конгресните избори

Американскиот претседаделот Доналд Трамп синоќа ја започна финалната кампања за поддршка на кандидатите на Републиканската пратија за конгресните избори на 6 ноември.Кампањата на Трамп има за цел да им обезбеди на републиканците да ја задржат контролата над Сенатот, имнајќи предвид дека анкетите укажуваат оти демократите на изборите во вторник најверојатно ќе освојат мнозинство во Претставничкиот дом.Во деновите што следуваат Трамп ќе настапи на 11 митинзи со негови поддржувачи, во осум американски сојузни држави.Во првиот негов настап на предизборен митинг, Трамп покажа деке нема намера да се откаже од нему познатата реторика што му обезбеди победа на изборите во 2016 година. На собир пред полн стадион во градот Естеро во Флорида, тој вети дека ќе испрати повеќе војници на границата со Мексико за спрелчување на илегалната имиграција, ги нарече своите опоненти „социјалисти“ и потенцира дека за половина од населението во земјата медиумите се „напријатели на народот“.Тој повторно истакна дека има намера да го укине право на стекнување државјанство по местото на раѓање, гарантирано со 14-от Амандан на Уставот на САД, со кое децата родени на американска територија автоматски добиваат државјанство, независно од статусот на родителите. Согласно законот, исклучок од тоа правило се децата на дипломатите.– Ова е луда политика, и тие (децата) веднаш добиваат право да примат помош која чини милијарди долари годишно, изјави Трамп, додавајќи дека таа политика креирала цела индустрија на „породилен туризам“. Набљудувачите сметаат дека антимигранстката реторика на Трамп може да ги чини пораз републиканците на изборите на 6 ноември.Прашањето за укинување на ова правото на државјанство е „коска на раздор“ помеѓу републиканскиот табор. Така, претсадавачот на Претставничкиот дом, републиканецот Пол Рајан, изјави дека претседателот нема надлежности да го укине ова право.На оваа забелешка на Рајан, Трамп во објава на Твитер напиша: „Пол Рајан треба да се фокусира на зачувување на мнозинството наместо да споделува мислења по повод државјанството и правото на потекло, за што ништо не знае”.Извор за вашингтонското издание на „Политико“ на почетокот на наделева соопшти дека во случај резултатите од изборите на 6 ноември да се неповолни за републиканците, претседателот е подготвен вината за тоа да ја префрли на Рајан и лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел.Истражувачки центри од неколку универзитети неделава објавија свои прогнози за изборите. Сите се единствени во оценката дека на изборите контролата над Претставничкиот дом ќе премине во рацете на демократите.Според оценките на професорот од колеџот во Дартмут, Џозеф Бафуми, по 6 ноември опозиционерите на Трамп ќе добијат 221 место во Долниот дом на Конгресот. За мнозинство се потребни 218 места. Математичкиот модел што го претстави професорот од Универзитетот Бафало, Џејмс Кембел, прогнозира дека демократите ќе освојат 257 мандати во Претставничкиот дом.Од друга страна, прогнозите објавени неделава укажуваат дека демократите немаат шанса за победа во гориот дом на Конгресот – Сенатот.– Не очекуваме никакви промени во Сенатот. Има можност тие (демократите) да „избоксуваат“ едно дополнително место, но шансите за тоа се мошне мали, изјави Мајкл Луис-Бек од универзитетот во Ајова.Најверојатно ова стојалиште го споделуваат и во Белата Куќа.Додека Пол Рајан и други истакнати републиканци агитираат во клучните окрузи за изборите во Конгресот, претседателот Трамп одлучи да го насочи своето внимание на изборите во Сенатот.  Во деновите што следат, тој ќе настапи во сојузните држави Индијана, Мисури и Флорида, каде репбликанските кандидати имаат најголеми шанси за успех, а исто така и во државите Џорџија и Охајо, каде се водат неизвесни трки за позицијата гувернер.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ердоган: Наредбата за убиство на Кашоги е од „врвот на саудиските власти“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тврди дека наредбата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги дошла од „врвот на саудиските власти“, но дека кралот Салман не е воопшто одговорен.„Сакам да истакнам дека Турција и Саудиска Арабија одржуваат пријателски врски. Не верувам дека кралот Салман чувар на светските џамии наредил пукање во Кашоги, тврди Ердоган во напис објавен во Вашингтон пост.„Знаеме дека извршителите на убиството се меѓу осумнаесет осомничени уапсени од Саудиска Арабија. Знаеме и дека тие луѓе дошле за да извршат наредба што ја добиле: да биде убиен Кашоги и да заминат. На крајот, знаеме дека наредбата за убиството на Кашоги дошла од врвот на саудиската власт, напиша турскиот претседател.Кашоги беше убиен на 2октомври во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул каде дошол за административни формалности за венчавка.

Свет | пред 7 години

7 год.
Branko-Geroski

Героски и Шилегов се скараа за Саше Политико

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на таканаречената „Скопска прес дружба“, го прозва новинарот Бранко Героски дека не присуствувал на вечерата затоа што бил поканет Саше Политико.На ова, со подолг статус му возвраќа Героски, додавајќи меѓу другото дека да знаел дека журката била замислена како некаков глупав перформанс, немало да ја пушти уредничката Стојковска, а уште помалку да му се јавува и да бара извинување.Статусот на Геро:Петре Шилегов,Мојата колешка Анета Стојковска, уредничка на градската рубрика во “Слободен печат”, ми раскажа дека на славната отчетна журка си ме спомнал, во обид да се прикажеш духовит.Имено, си рекол дека жалиш што Саше Политико не дошол на забавата, веројатно знаејќи дека јас сум поканет, а и јас не сум дошол веројатно поради тоа што бил поканет поликлиничкиот случај.Вака стојат работите, градоначалниче. Во врска со настанот, уредно ми се јави Vlatko Vasilj. Мислејќи дека најавената вечеринка е некаков брифинг, на Влатко му кажав кој ќе присуствува од “Слободен печат” и му нагласив дека не сум сигурен дека ќе можам да дојдам, па најверојатно ќе дојде претставник на Плусинфо. Не прашав кој е поканет. Така што не знаев дека се очекувало присуство на важниот гостин.Како и да е, жал ми е што твоето протеже Саше Политико – немој, те молам, да ме тераш јавно да образложувам зошто го нарекувам така, оти ќе биде многу непријатно! – не дошол на забавата поради мене. Јеби га, шит хепнс! А твојата покана до него најдобро зборува за твоето ниво и за тоа како ги разбираш медиумите.Инаку, да знаев дека журката била замислена како некаков глупав перформанс, поради кој деновиве со право си изложен на жестоки критики, немаше да ја пуштам уредничката Стојковска, а уште помалку да ти се јавувам и од тебе да барам извинување што организаторите не го пуштиле претставникот на Плусинфо. Момчето не се снашло изгледа – мислело дека оди на брифинг, а не на заебавање. Не би се снашол и јас, право да ти кажам…Како и да е, во иднина те молам да не ја плакнеш устата, спомнувајќи го моето име во мое отсуство. Тоа не е сообразно со основните правила на пристојното поведение, што се стекнуваат со домашно воспитување.ПС. Извини, ама бидејќи си ме спомнал јавно, пред поголема група луѓе, ти одговарам јавно.

Скопје | пред 7 години

7 год.
romanija

Романија купува балистички системи „Пaтриот“ од САД

Романија уплати за купување од САД уште три балистички системи Пaтриот, а првиот се очекува да стане функционален во 2020 година, изјави министерот за одбрана Михај Фифор.Романската Влада потпиша Договор со американската армија и ги префрли средствата на владините институции на САД за купување уште три системи за противвоздушна и ракетна одбрана.– Романија го купува најмодерниот, успешен и ефективен тактички балистички систем во светот, изјави Мајк Елисен, менаџер во американската компанија „Рејтеон“.– Со купувањето на овие три нови системи, кои се додаваат на Договорот од ноември 2017 година, се финализира првата етапа од опремата, така што сите системи ќе се вклучат во романските воздухопловни сили од втората половина на 2019 година, а првиот систем се планира да биде оперативен во средината на 2020 година, напиша министерот Фифор на Фејсбук.Во 2017 година, Романија потпиша договор со САД за купување седум американски ракетни системи во вредност од 3,9 милијарди долари.

Свет | пред 7 години

7 год.
cipras

Ципрас: Преспанскиот договор носи придобивки за економскиот развој на Југоисточна Европа

Пред една година започнаа напорите на нашите земји. Четиристраните состаноци станаа институција, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со колегите од Бугарија и Романија Бојко Борисов и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ во резиденцијата „Евксиноград” крај Варна.– Кога почнаа нашите средби, работите на Балканот и во регионот не беа толку оптимистични.  Денес, тешкотиите остануваат, но презедовме многу важни чекори. Дојде важното бугарско европретседателство, кое го нарековме Балканско. Ние веќе зборуваме за претстојното романско претседателство, за кое се надеваме дека ќе донесе нова перспектива за Западен Балкан, рече Ципрас.– Во периодот меѓу двете претседателства, се случи историски настан – Преспанскиот договор, кој претставува решение на еден долгогодишен проблем, кој се однесува на целиот регион. Тој договор ќе има повеќе придобивки за просперитетот и економскиот заеднички развој на Југоисточна Европа. Исто така, може да помогне да се продлабочи развојот на целиот регион, особено меѓу Северна Грција и Поранешната југословенска република Македонија, и да го претвори регионот во голем транспортен центар, појасни грчкиот премиер.Тој истакна дека сега постои можност да се потенцира значењето на пристапниот процес на Југоисточна Европа, и посебно Србија. Воедно Ципрас изрази поддршка за напорите на српскиот претседател Вучиќ да го продолжи дијалогот со Косово.На прес-конференцијата, грчкиот премиер ги најави и инфраструктурните проекти кои следуваат во регионот.– Денеска со бугарскиот премиер ќе потпишеме заедничка декларација, со која ќе бидат дефинирани чекорите и распоредот на реализација на два важни проекти поврзани со модернизацијата на железничката врска Александрополис – Бургас. Се согласивме да изградиме пат од Александрополис до областа Марица, на бугарско-грчката граница, кој потоа ќе биде поврзан со постојните патишта за Софија, Варна и Бургас.  рече Ципрас.Тој, исто така, изрази задоволство од можноста да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој од вчера престојува во Бугарија, оквалификувајќи го како „многу важен прихател и соговорник”.Според грчкиот премиер, Израел може да игра многу важна улога во регионот.

Свет | пред 7 години

7 год.
sobranie

На 1 декември собраниска седница за нацрт-амандманите за промена на Уставот

Седницата за нацрт-амандманите за промена на Уставот во согласност со Договорот од Преспа, кои Владата ги објави денеска, ќе се одржи на 1 декември, објавено е на интернет страницата на Собранието.Претходно, на 7 ноември, нацрт-амандманите ќе се најдат пред пратениците, членови на Комисијата за уставни прашања. Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3B772D24-F1C0-415D-9E50-B5EA52D24D7D

Тројца убиени, петмина повредени при напад на студио за јога на Флорида

Три лица се убиени, а петмина се повредени при напад на студио за јога во трговски центар во главниот град на Флорида, соопштија денеска официјални претставници.Напаѓачот убил две лица, по што извршил самоубиство.Шефот на полицијата изјави дека засега неидентификуван напаѓач, кој бил сам,

Свет | пред 7 години

7 год.
grujo

Уште една жалба го дели Груевски од затвор

Судијата за извршување на санкции не ја прифати молбата на екс премиерот Груевски, сега пратеник, за одложување на одењето в затвор, соопшти кривичниот суд.Решението за одбивање на пролонгирањето на издржувањето затворска казна од две години, по правосилната пресуда во случајот „Тенк“, му е испратено на Груевски кој има право на жалба на таа одлука во рок од три дена.Ако се жали Груевски, Кривичниот совет има рок од три дена да донесе одлука, а во случајот да го потврди решението на судијата за извршување на санкцијата, екс премиерот треба да се јави во затвор најдоцна до 8 ноември .Според неофицијални информации, Груевски во молбата барал одложување на заминувањето во затвор поради обврските кои ги има во Собранието како пратеник во врска со измените на Уставот и за да го заврши пишувањето на книгата врз основа на докторатот кој летово го одбранил.Адвокатите на Груевски претходно до Врховниот суд поднеле барање за преиспитување на одлуката за казната затвор од две години и за одложување на извршувањето казна додека не се одлучи по таа жалба.Груевски, кој правосилно е осуен на две години затвор поради незаконско купување на луксузниот мерцедес во 2012 година во времето додека беше премиер, на 26-ти октомври доби повик до 8 ноември да се јави на издржување казна во скопскиот затвор во Шуто Оризари.

пред 7 години

7 год.
9EA95CBE-1CB1-4E25-9553-7794A7E13427

Утре протестен марш пред Собрание против нехуман третман врз бездомните животни

Повеќе здруженија за заштита на животните за утре на пладне повикуваат на масовен протест, со цел сите заедно да упатат барања конечно да започне примената на хумани методи за бездомните животни. Односно, трајно решение на проблемот – секое животно да има дом.Протестниот марш започнува пред Собрание, а потоа насобраниот народ ќе се движи кон Влада и Град Скопје.Според здруженијата, постои инстутиционална краткогледост и осуда на „Залови-стерилизирај-врати“, програма која велат дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост.„Темпото на работа на нашите стационари нема никогаш да ја стигне природната прогресија на уличните животни, особено ако не се применат и другите мерки што со години наназад ги предлагаме. Ние, граѓаните и членовите на сите здруженија на територијата на РМ, викаме доста е со третирање на симптомите!“, стои во повикот.Потенцираат дека бездомните животни во Македонија би се ставиле под контрола во период од само неколку години, но исклучиво ако во секој град/општина стационарите се под раководство на активисти за заштита на животни, со задржано финансирање од градот/општината. Потоа, контрола би имало ако се изработи ако се комплетира Регистарот на сопственици на миленици и Правилникот за одгледувачници.Исто така, ако се изработи Регистар на одгледувачници кои ќе плаќаат уредно данок со што ќе се спречи да работат на црно, притоа зголемувајќи го бројот на бездомни животни во градот.„Потоа, ако се спроведува ригорозен инспекциски надзор со највисоки казни за секој нерегистриран или напуштен миленик. Контрола би имало ако Градот/општината преку Советот усвои одлука за оданочување на сопственици со репродуктивно способни миленици. Ако градот/општината преку Советот усвои одука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик. Министерството за образование и наука, во соработка со АХВ, градот, сите општини и останатите поврзани институции спроведе масовна едукација во двете задолжителни нивоа на образование за одговорно сопствеништво и вдомување наспроти купување миленик“, соопштуваат здруженијата, потенцирајќи дека „Вардариште не е нашето лице“.„Излези на маршот за поддршка на единствената хумана програма што дава успех, излези за животните!“, стои во повикот за утрешниот протест.

Скопје | пред 7 години

7 год.
B5A93C09-D9C1-42B4-814E-7B5794499B82

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.Изменет сообраќаен режим до гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче ПетровЗа време на празникот Задушница во периодот од 6 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Од МВР информираа дека сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” во продолжение по локалниот пат за село Мирковци кон влезот за гробиштата, а ќе се излегува од улицата „Александар Урдаревски”.По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров  по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улицата „Јужноморавски Бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од полицијата и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Дополнителни автобуси за ЗадушницаПоради Задушница денеска ќе бидат пуштени во сообраќај дополнителни автобуси што ќе сообраќаат од и до гробиштата Бутел.Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека покрај редовната линија 59, која сообраќа од Карпош 3 до Кучевишка бара/Гробишта Бутел, ќе бидат пуштени во сообраќај и дополнителни автобуси 59А од Ново Лисиче и 59Б од Кисела Вода.Дополнителни автобуси беа пуштени и во текот на вчерашниот ден.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања