Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски на средба со Унијата на жени: Жените се еден од цврстите и носечки темели на нашата организација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва имаше средба со Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.-Жените се еден од цврстите и носечки темели на нашата организација. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е симболот на непокорот, цврстината и решителноста. Македонската жена е и мајка, сопруга, одличен работник и професионалец, но и борец за подобра иднина, предвесник на промените во државата кои се нужни и повеќе од потребни. Ми беше чест што имав состанок со Извршниот Комитет на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ.Секој ден се посилни, секој ден се порешителни, низ сите падови, и подеми, за кој друг ако не за Македонија и секој еден човек на нашата земја, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил по средбата.Ова следува откако раководството на Унијата на жени, на чело со Даниела Рангелова, пред неколку дена си поднесе оставка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-sud-1-1021x580

Судијата го одби Груевски – не му го одложи затворот

Судијата за извршување санкции, Пајазит Пајазити, не му го прифати барањето на експремиерот Никола Груевски да му се одложи извршувањето на затворската казна.Откако одлуката ќе му биде доставена, Груевски има 3 дена рок да поднесе жалба до совет од тројца судии. Кривичниот совет, пак, треба да донесе одлука исто така во рок од 3 дена. Ако кривичниот совет ја потврди претходната одлука, одлуката станува извршна.Груевски минатата недела доби упатен акт од кривичниот суд да се јави во затворот во Шуто Оризари, најдоцна до 8 ноември.Тој е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот „мерцедес“. За истиот случај на специјалното јавно обвинителство има неправосилна пресуда и за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Таа е осудена на 6 години затворска казна.

пред 7 години

7 год.
petar-bogojeski

Петар Богојески предложи да се смени грбот на Македонија

Петар Богојески на својот фб профил напиша статус поврзан со државниот грб на Република Македонија.Додека е отворен Уставот и се одлучува за уставните амандмани, пред да се затворат истите, треба сите да бидеме победници од процесот, за што е потребен консензус за новиот Устав. Тоа би се случило доколку земскиот грб на Македонија, односно жолтиот лав на црвена основа биде државен грб на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage

Здруженијата на Египќани се оградија од Демир Далип

Шест Здруженија на граѓани на Египќаните од Охрид, Стругам Кичево, Ресен и Битола се оградија јавно од дејствувањето на лицето Демир Далип за кој велат дека во јавноста лажно се претставувал како лидер на Египќаните.Во соопштението стои:Заради честите злоупотреби и лажно претставување на лицето Демир Далип кое во медиумите се претставува како наш претставник и лидер ние  Претседателите на шесте здруженија на Египќаните од градовите Охрид ,Струга , Кичево, Ресен и Битола до јавноста ја испраќаме следната информација:Ние здруженијата и организациите кои ги обединуваат Егкипќаните од Македонија ја информираме јавноста дека лицето Демир Далип кое во јавноста се појавува и лажно се претставува за претставник на некаква Невладина организација која ги штити правата на Египќаните, не е наш претставник и никој никогаш не го овластил да зборува во име на Египќаните.Господинот Демир Далип лажно се претставува за претставник на невладина организација која во повеќе прилики ја наведува со различни имиња , а која всушност не постои и никогаш не е регистрирана.Со ова лажно претставување спомнатото лице со години крши одредби од Закон, притоа правејќи кривични дела со лажно претставување во јавноста и медиумите.Ова писмо го упатуваме до ценетите медиуми , јавноста и надлежните органи  со цел да го земат во предвид и да ја информираат пошироката јавноста дека лицето Демир Далип од никого никогаш не е овластен да се претставува како лидер на нашата етничка заедница Египќани.Во прилог  Фотографија со печат и потпис од сите здруженија од Египќаните во Р.М.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ДЕВОЈКА ИСТЕПАЛА ВРАТАР ВО СКОПСКА ДИСКОТЕКА БИДЕЈЌИ НЕ ЈА ПУШТАЛ ДА ВЛЕЗЕ

С.А.(35) од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар „8-ми Септември“, синоќа пријавил дека неколку минути претходно, пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.-Тој не и дозволил да влезе затоа што имала забрана за влез во дискотеката бидејќи порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите, по што таа физички го нападнала, информираат од полицијата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СДСМ прави спин на изјавата од Николовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„По директна наредба на Зоран Заев, а во координација на голем број провладини медиуми се извртува вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Александар Николоски за  Фактор магазин. Се вади половина реченица без да се каже што било прашањето, кој е контекстот како и без да се пренесе целосно одговорот. Тоа е позната методата која се вика спин!Денес на тој спин СДСМ прави прес конференција како продолжение на голем број нарачани медиумски „анализи".ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека подобар договор беше можен да не го потпишеа уценетите Заев и Димитров најлошиот возможен договор!Подобар договор се уште е можен доколку Заев утре ја запре процедурата во Собрание и даде оставка. Нова Влада на ВМРО ДПМНЕ посветено и чесно може да направи подобар договор.  Но доколку тоа Заев не го направи одговорноста е кај него и Димитров за овој договор и истата ќе ја носат со себе целиот живот.Ниту една пропаганда, ниту еден спин, нема да им помогне да го избришат предавството.Овој спин е свесно направен со цел да се сокрие содржината на уставните амандмани која денес се објави, а со која за жал целосно се обесчестува Македонија. Ние пред референдумот баравме да се објави содржината. Сега гледаме зашто Заев и Димитров не ја објавија.Предавството кое го направија ќе им стои и тежи цел живот“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras-pres-860x680

Рамковниот договор се протнува во Уставот, иако не е дел од договорот со Грција

Иако Охридскиот рамковен договор како процес кој се одвива во Република Македонија од 2001 година по вооружениот конфликт, не е дел од преговарачкиот процес со Грција и не е дел од пакетот обврски, Владата реши да го вметне во Преамбулата на Уставот на РМ, пишува АКО.мк.Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, а по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.Заев рече дека  кога веќе се вршат измени на Уставот, редот е, како конститутивен елемент на Република Македонија, во Преамбулата да биде впишан и Охридскиот Рамковен договор бидејќи тој веќе е дел од Уставот на Република Македонија.Одговарајќи на новинарско прашање, пак, за замена на одлуките на АСНОМ, премиерот Заев истакна дека наместо Манифестот на АСНОМ, се предлага во преамбулата да се внесе Прогласот од Првото заседание на АСНОМ, кој зборува за единство, за слобода, за човековите права на граѓаните во државата.Еве како изгледаше досега Преамбулата:,,Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година,(тука се вметнува Охридскиот рамковен договор), како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, асо цел:– Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;– да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;– да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност;– да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и– да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот“.А еве што ќе биде заменето и вметнато:Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.Ова е целата прес конференција на премиерот Зоран Заев: 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-ohrid-rez

Вооружен грабеж во бензинска пумпа во Ченто

Двајца разбојници вооружени со нож ограбиле бензинска пумпа во Ченто.Според информациите на МВР, ноќеска околу 3:50 часот било пријавено дека на бензинска пумпа на улица Методија Андонов Ченто во Скопје две непознати лица со закана со нож од вработените украле околу 8. 000 денари.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пожар во трафика во Скопје

На улица „Александар Урдаревски“ во Скопје избувнал пожар во трафика сопственост на 52-годишниот А.З. од Скопје.Опожарен бил и надворешен дел од соседна сендвичара.Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.Увид ќе се врши во текот на денот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Посебен сообраќаен режим во Бутел, Ѓорче Петров и Ченто поради Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска, утре и задутре, (2, 3 и 4) во периодот од 6 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник (Ченто) и Ѓорче Петров каде што се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, извести МВР.Сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улица Александар Урдаревски во продолжение по локален пат за село Мирковци – влезот за гробиштата улица Боца Иванова и излегување на улица Александар Урдаревски.По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица Црногорска, а на гробишта „Камник“ по улица Јужноморавски бригади и улица Роман Каскалиевиќ.„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev

Се брише дел од одлуката на АСНОМ, се додава Охридскиот рамковен договор во Уставот

По двете средби на независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со премиерот Зоран Заев, Владата соопшти дека барањата ќе бидат вметнати во нацрт-амандмани што произлегуваат од договорот во Преспа. Заев на прес-конференција се осврна на измените. Тој посочи дека Охридскиот рамковен договор ќе биде дел од преамбулата на Уставот, а пак, дел од АСНОМ се брише.„Охридскиот рамковен договор е целосно вграден. Пратениците на Алијанса на Албанците и БЕСА го имаат своето право и имам целосно разбирање. Нивните барања се суштествени измени. Сфативме дека е легитимно право и не значи дека треба веднаш да биде затворено прашањето. Јас можам да дадам позитивен однос на ова“, рече ЗаевВо делот на АСНОМ, како што посочи премиерот, останува прогласот, а се менува одлуката бидејќи содржи ‘Македонци од Бугарија и Грција обединете се’.Говорејќи за нацрт-амандманите, Заев рече дека првиот дел се однесува на потврдата на македонскиот идентитет, а членот 7 го гарантира македонскиот јазик. Вториот дел е за стапувањето во сила, а тоа ќе биде откако Грција ќе го ратификува договорот и ќе го поддржи членството на Македонија во во НАТО. Третиот е за менување на името, а тоа ќе биде сукцесивно, односно, ќе го почитува рокот за граѓаните да не мора веднаш да менуваат документи, односно да вадат кога ќе им истечат постоечките.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
toshe-proeski

Зетот на Тоше Проески проговори за годините поминати без него

Македонија и Балканот денес ќе пејат во чест на Тоше Проески кој со своите песни, харизма, но и со прераното заминување го обедини регионот.Пред се, Тоше беше голем уметник и човек. Тагата која ја остави со неговото заминување не престанува ниту по 11 години.Неговите пријатели, колеги, роднини со задоволство се сеќаваат на пајачот. Сопругот на сестрата на Тоше, Славен Ристески за порталот „Новости“ проговори за пејачот и за годините без него.На прашањето како поминале овие 11 години без Тоше, дали се намалила болката, Славан одговори:„Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во семејството. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја лечи болката. Човек учи да живее со тага. Но, еден ден е долг како една година. На сите ни недостига Тоше“.Тој вели дека сите се сеќаваат на убавите моменти со пејачот.„Секогаш се сеќаваме на заеднички моменти со Тоше. Заедно трениравме кик бокс, со децата шетавме низ Крушево, возевме велосипед. Често се децата ги разгледувам старите видеа и фотографии и се враќаме во време кога Тоше беше со нас“ вели зетот на Тоше.Тој вели дека собата на Тоше е непромената.„Собата остана непроменета. Тука се неговите фотографии, неговата облека, играчки“, вели Стеван.За потсетување, денес во „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт во чест на Тоше каде што ѕвездите од Македонија и регионот ќе ги пејат неговите хитови, но и ќе биде промовиран неговиот постхуман албум „Secret place“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avirovik

Авировиќ: Мојата партија не ме исклучи, во СПМ се почитува различното мислење

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија СПМ), Владанка Авировиќ, на прес-конференција изјави дека не е исклучена од партијата бидеќи таму се почитуваат различните ставови.„Јас ќе продолжам да ги застапувам интересите на партијата во оваа пратеничка група. Задоцнивме многу за консензуално да ги решаваме прашањата. Во врска со сите етикети што ни ги налепија, времето ќе покаже дали е така, сите сме чесни, вредни и почитувани“, рече Авировиќ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
majcin-dom

Аеродромци повикуваат на протест во 18 часот пред Мајчин дом

Откако утрово инвеститорот ја рестартираше градбата кај Мајчин дом, граѓаните од оваа скопска општина преку социјалните мрежи се организираат на протест.Протестот е закажан за во 18 часот попладнево кај спорната парцела пред Мајчин дом.Инвеститорот ја рестартираше градбата откако беа исцрпени сите механизми за запирање на градвата. Уставниот суд во средата ги одби претставките кои беа поднесени за преиспитување на уставноста на спорниот ДУП И-10.Општина, како што посочуваат оттаму, е обврзана да ја почитува одлуката на Судот, како институција со највисока надлежност за овој случај.– За жал, исцрпени се сите механизми со кои општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом, се додава во соопштението.Од општината велат дека штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината.

Скопје | пред 7 години

7 год.
trcat2

Успешна хуманитарната акција ОХРИД ТРЧАТ ЗА САРА

Трчањето и хуманоста го обединија Охрид и ги мотивираше охриѓани кои во голем број учествуваа на спортскиот настан Охрид трчаТ за Сара кој се одржа од Куба Либре до центарот на градот. Учесниците донираа за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж во Германија. Операцијата чини 200.000 евра.Немаме зборови со кои можеме да им се заблагодариме на учениците, дечињата од градинка, воспитувачките, наставниците и професорите, директорите, пратениците, вработените, спортските клубови, советниците, компаниите, институците, пензионерите и волонтерите кои на едно место во исто време имаа една мисла и желба живот за Сара ! - изјавија организаторите.Градот Охрид, охриѓани и целата земја со организирани на разно разни настани собираат средства за Сара која заедно со најблиските ја води најважната битка во животот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kisela-voda

Реконструираната улица во Кисела Вода за која граѓаните платија 5 милиони денари, денес е повторно раскопана

Точно десет дена граѓаните можеа да ја видат и да возат по реконструираната улица „Антон Попов“ која се наоѓа во Кисела Вода. Од денес истата е повторно раскопана. Станува збор за улицата која почнува од подвозникот кај Црниче до „Шампионче“, односно до почеток на улицата „Димо Хаџи Димов“.Падна во вода соопштението на Град Скопје во кое се наведуваше дека реконструкцијата на улицата е дел од инфраструктурните проекти што ги реализира Градот со цел овозможување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај. Од денес со повторното раскопување, сообраќајот ниту е побрз, ниту побезбеден.На 22-ри октомври (понеделник) Град Скопје ги информираше граѓаните дека викендот претходно завршила целосната реконструкција на улицата Антон Попов во Кисела Вода, која започнала минатиот месец.Градот преку соопштението испратено до јавноста се пофали дека реконструкцијата на оваа улица опфатила поставување на нов асфалт, како и нивелирање на 37 постојни шахти и сливници. Но, очигледно нивелацијата траеше само 10 дена.Граѓаните на социјалните мрежи се револтирани од ваквата состојба. Не веруваат дека и овој пат се ќе биде направено како што треба. Дополнителен проблем претставува и фактот што по оваа улица сообраќа и автобуската линија „24“ која ги поврзува Припор и Кисела Вода со Карпош. Од властите нема најавено пренасочување на сообраќајот, а движењето по оваа улица во вакви услови се одвива отежнато и потребна е крајна внимателност.Инаку, улицата е во должина од  584 метри и за нејзината реконструкција од буџетот на Град Скопје се идзвоија 5,5 милиони денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ веќе не е слободна и демократска држава

Македонија со СДСМ веќе не е слободна и демократска држава. Државата e заложник на аболицираниот Зоран Заев кој ги зароби институциите со цел да го заштити сопствениот криминал и да си обезбеди слободен терен за продажба на државните интереси, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.-СДСМ и Зоран Заев по примерот на комунистичките режими го направија последниот чекор да ја спречат ВМРО-ДПМНЕ во своето работење. Власта преку заробеното судство го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што знае дека партијата е последниот бедем кој застана во одбрана на државата и државните интереси. Целта е да се спречи политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ и неговото спротивставување на грабежот кој го спроведува криминалниот картел на СДСМ и продажбата на се што е македонско. Со ваквиот потег СДСМ ја направи Република Македонија единствената земја во Европа каде власта преку заробеното судство замрзнува имот на опозициска партија, само затоа што  не се согласува со нејзините антидржавни политики. Партиското послушно судство за да му удоволи на аболицираниот Зоран Заев неосновано и без никаква правна  аргументација го прифати барањето на СЈО-СДСМ. Судот го занемари фактот дека ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомничено во постапка, а исто така се занемари и одлуката на Апелација која го веќе еднаш го отфрли ваквото барање. Токму затоа причините за ваквата одлука се исклучиво политички мотивирани и имаат за цел да се уништи секое поинакво политичко размислување и дејствување кое се разликува од антидржавните политики на Заев и СДСМ. За партиското специјално јавно обвинителство и клиентелистички расположениот суд не е важно што се повредени протоколите и праксата на Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за заштита на човековите права, за нив важно е да му се исчисти патот на Зоран Заев за целосно бришење на македонскиот идентитет и конечна капитулација на Македонија, потенцираат од партијата.ВМРО-ДПМНЕ бара под итно судот да се ослободи од прангите на власта и да се укине решението за замрзнување на имотот затоа што истото е неосновано, противправно и недозволено.-Заканите, уцените и блокадите нема да го исплашат ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите потези само укажуваат дека партијата е на вистинската страна во одбрана на државата и дава дополнителна мотивација во одлучноста за борбата за Македонија против оваа антимакедонска и антидржавна власт. За ова политичко насилство и обид да се забрани опозициско дејствување некој мора да сноси и лична и политичка одговорност. Заев и СДСМ за многу брзо ќе се соочат со граѓаните и ќе заминат во историјата како единствена власт која ги продавала националните и државни интереси за да ги спаси сопствените криминали. Република и Македонија и граѓаните ќе победат!, стои во соопштението на партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЈСП со нова информација: Дополнителни автобуси денеска и утре поради Задушница

Поради празникот Задушница денеска и утре ќе бидат пуштени во сообраќај дополнителни автобуси што ќе сообраќаат од и до гробиштата Бутел.Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека покрај редовната линија 59, која сообраќа од Карпош 3 до Кучевишка бара/Гробишта Бутел, ќе бидат пуштени во сообраќај и дополнителни автобуси 59А од Ново Лисиче и 59Б од Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

7 год.
krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Мукоски по средбата со Заев: Ги усогласивме амандманите и го договоривме составот на телото за помирување

Крсто Мукоски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по денешната средба со премиерот Зоран Заев рече дека го усогласиле текстот на амандманите и дека добиле гаранции дека Владата ќе ги прифати нивните амандмани.Тој додаде дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.-Разговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото, рече Мукоски.Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и во телото за помирување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski1

Мицкоски: Пред неколку дена се видов со Груевски, разговаравме за неговата иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Алсат М откри дека пред неколку дена се сретнал со Никола Груевски.-Да, се видовме пред некој ден, разговаравме за се што му се случува, за политичкиот прогон. Разговаравме за неговата иднина. Морам да признаам дека во претходниот период немавме комуникција. Неколку часовен разговор беше тоа, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikoloski

Николоски: За жал сите ќе мора да живееме со Преспанскиот договор

Подобар договор со Грција веќе не е можен и стојам на ставот дека договорот е лош, но сега, со односот на СДСМ, по се што се случи, сме во еднонасочна улица, изјави за Фактор магазин вечерва партискиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.-За жал, сите ние ќе мора да живееме со Преспанскиот договор, рече Николовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-ohrid-rez

Мицкоски прозборе албански: Го разбирам јазикот, нема ништо лошо во тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше на интервју на телевизија Алсат М, каде водителката му ги поставуваше прашањата на албански јазик, тој имаше превод и потоа одговараше на македонски јазик.При едно објаснување од водителката, тој и возврати со „по“, што на албански значи „да“. По ова, водителката го праша дали знае албански.-Разбирам да. Нема ништо лошо во тоа. Познавањето на различни јазици може да ве направи само подобар човек, одговори Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес го стресе Чиле

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала ги потресе областите на Арика и Паринаката во северниот дел на Чиле, на границата со Перу и Боливија.Во градовите Арика и Икике уплашени луѓе излегоа на улиците, но нема информации за разурнување и евентуално човечки жртви.Потресот е регистриран на длабочина од 97 километри со епицентар 88 километри североисточно од Икеке, соопшти Чилеанската агенција за вонредни состојби. Немало опасност од цунами.Чиле се наоѓа во т.н. „Огнен прстен“ и е една од најсеизмичките земји во светот. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и цунами предизвикано од потресот загинаа над 525 лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
kiko-tose

Енди Рајт: Кристијан ја дели истата страст кон музиката како и Тоше

Четвртиот постхумен албум на поп ѕвезда Тоше Проески, насловен како Secret Place ќе биде промовиран утре на концертот во aрената „Борис Трајковски“.  Албумот е сниман во студиото на Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше The Hardest Thing. Рајт, беше присутен на денешниот прес, во пресрет на концертот на починатата поп-ѕвезда.Од Фондацијата „Tоше Проески“ кажаа дека на албумот има седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови. Снимани се и три спота, а два од нив ќе бидат промовирани утре на концертот.На концертот во чест на Тоше, ќе настапи и Кристијан Ристески, неговиот внук, кој премиерно ќе ја отпее својата прва песна We Are Blood, која исто така ќе се најде на албумот.Го прашевме Енди Рајт, дали го препознава Тоше во Кристијан.„Тоше работеше напорно, многу, беше вреден, а Кристијан исто така вложува многу време и енергија во музиката. Тоа го препознавам во него. Тоше пееше одлично на англиски, па работевме со Кристијан за и тој да има чист изговор на англиски. Направивме се за да ја доловиме емоцијата што ја имаше Тоше во песната на Кристијан. Кристијан како и Тоше е голем музичар и ја дели истата страст кон музиката како и неговиот вујко“, изјави Рајт за Репортер.На концертот во чест на Тоше ќе пеат  Каролина Гочева, Тијана и Тамара, Наум Петрески, Александра Радовиќ,  Борис Новковиќ, Бојан Маровиќ, Владо Калембер, Ања Рупел, „Фрајле“ и други.

Магазин | пред 7 години

7 год.
kokain

Уапсени две лица во Хрватска, со приватен авион пренесувале кокаин од Африка во Загреб

Хрватската полиција уапси двајца странски државјани што слетале на аеродромот во Загреб со приватен авион, а при претрес на авионот полицијата открила повеќе килограми кокаин.Обвинителството се сомнева дека од средината на септември до крајот на октомври во заедничка операција неколку странски државјани, чии идентитет и потекло не се соопштуваат, биле меѓусебно поврзани поради купување, транспортирање и шверц на кокаин во Хрватска, а организаторот на криминалната асоцијација имал намера да плати поголема количина разновидно огнено оружје и муниција во Хрватска“.Осомничените, како што е наведено, кокаинот го набавиле во Африка и го криеле во авионот кој е во сопственост на една компанија, чија работа ја води првообвинетиот, објави Хина.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања