Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
zoran-angelovski

Кој е Зоран Ангеловски, кој e главен на системот за прислушување во Македонија?

Зоран Ангеловски е првиот директор на новоформираната Оперативно техничката агенција (ОТА), која ќе има задача да го следи прислушувањето, кое повеќе нема да биде во Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), а која почна со работа од вчера.Формирањето на оваа агенција беше една од клучните препораки на експертската група на Прибе, како начин да се спречи злоупотребата со прислушувањето на телефонски разговори.Што пишува во неговата биографија?Ангеловски дојде на оваа позиција откако претходно беше избран со двотретинско мнозинство на пленарна седница во Собранието.За оваа функција беа пријавени 14 кандидати, а тој на крај од собраниската Комисија за избори и именувања, беше едногласно предложен за директор на ОТА.Ангеловски според неговата биографија дипломирал на Факултетот за безбедност и самозаштита.До 1990 година работел како телекомуникациски техничар во Министерството за одбрана, а потоа до 1998 година бил инспектор во УБК.Потоа заминал во Агенцијата за разузнавање, каде бил инспектор во Одделот за тероризам.Во 2005 година, Ангеловски станал директор за корпоративна безбедност во Телеком, каде останал до 2008 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika2

Индискиот амбасадор во Хрватска ја наслика Колинда, одвај може да се препознае

Индискиот амбасадор во Хрватска, Сандип Кумар, на официјалната фејсбук-страница на Амбасадата ги покажа своите проштални подароци за хрватските власти.„Амбасадорот им подари слики кои тој самиот ги насликал, на кои се прикажани различни теми, како што се парламентарните избори во Хрватска, кризата во ‘Агрокор’, катедралата во Загреб, успешното патување на Хрватска на Светското фудбалско првенство, хрватски споменици и портрет на претседателката на Хрватска”, стои на Фејсбук.Портретот на хрватската претседателка го доби токму таа. И кога не би знаеле кој му бил инспирација, тешко би погодиле дека тоа е Колинда Грабар-Китаровиќ.Премиерот Андреј Пленковиќ доби слика за изборите во Хрватска. Таа мошне верно покажува дека изборите во Хрватска биле хаотични.Сликата „Кризата во Агрокор” амбасадорот му ја подари на министерот за економија Дарко Хорват, кого токму таа криза го донесе во владата.

Свет | пред 7 години

7 год.
mkd-395805

Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Заднината на обидот за пуч во ДПМНЕ

Згнасени сме од леснотијата со која и поранешните и сегашните членови на ВМРО-ДПМНЕ ѝ нанесуваат штета на историското ВМРО и на државата, реагира ВМРО- ДПМНЕ Демократска фракција.„Деновиве стана мошне јасно дека случувањата кои ја преокупираа јавноста се ефтина, но добро смислена игра за доразнебитување на партијата преку активирање на инфилтраните структури и врбување на ситнодушни користољубиви членови, во пресрет на претседателските избори. Целта на удбашко криминалните структури со полни џепови, во спрега со Зоран Заев и дел од меѓународната заедница, е ВМРО- ДПМНЕ на претстојните претседателски избори да доживее дебакл, сѐ со цел да победи кандидатот на СДСМ кој потоа би ги потпишал и објавил во Службен весник усвоените амандани за промена на Уставот на РМ, ратификацијата на Преспанскиот договор како и Законот за јазиците. Во меѓувреме со диригираните оставки на доцна морално освестените персони на високи партиски позиции, досегашни соучесници и соизвршители, целта е по поразот на тие избори, истите тие повторно да се вратат во високите партиски редови и повторно заради лични цели и интереси да бидат прислужници и измеќари на дел од фамилијата, а дел од нив да се спасат од долги години поминати во затвор.Затоа Христијане Мицковски поради сите грешки кои ги направи досега, доколку не се освестиш на време и доколку не се обидеш да ја надминеш сопствената суета, твоето претседателствување ќе трае најдолго до завршување на претседателските избори. Затоа Демократската фракција за последен пат ти порачува, докрај и без никакви калкулации да расчистиш со сите криминални структури во партијата и партиските мешетари. Да ги ослободиш од партиски функции сите оние за кои се водат обвиненија, или предистражни или истражни постапки до завршување на истите и да им се извиниш на граѓаните за сторените зла во име на партијата. Нема потреба да се плашиш од закажување на вонреден конгрес на кој ќе присуствуваат демократско избрани делегати. На овој итен конгрес целта е со промена на Статутот да се демократизира партијата, да се зајакне евроатланската ориентација, како и да се зајакне партиското водство преку нов времен тимски пристап.Само силно и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои за спас на сопствената кожа и други интереси се обидуваат да ја урнисаат партијата и достоинството на македонскиот народ и да им овозможат на СДСМ и на дел од меѓународната заедница да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година“, соопшти  ВМРО-ДПМНЕ - Демокјратска фракција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Две лица тешко повредени во Скопје

Две лица од кои еден пешак и еден возач на моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а шестмина со лесни телесни повреди во 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според полицискиот извештај, 22 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, тројца возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило.Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 71 возило.Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло,  еден за неправилно престројување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес во Чиле

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала ги потресе областите на Арика и Паринаката во северниот дел на Чиле, на границата со Перу и Боливија.Во градовите Арика и Икике уплашени луѓе излегоа на улиците, но нема информации за разурнување и евентуално човечки жртви.Потресот е регистриран на длабочина од 97 километри со епицентар 88 километри североисточно од Икеке, соопшти Чилеанската агенција за вонредни состојби. Немало опасност од цунами.Чиле се наоѓа во т.н. „Огнен прстен“ и е една од најсеизмичките земји во светот. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и цунами предизвикано од потресот загинаа над 525 лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
27-april

Продолжува судењето за упадот во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи поради влошена здравстевна состојба на обвинетиот Сашко Марковски, кој на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

пред 7 години

7 год.
struja

Без струја ќе останат делови на Бутел, Центар и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови од Бутел, Центар и Карпош.Од 8:45 до 9:45 часот без струја ќе бидат корисниците од левата страна на Радишански пат (општина Бутел ). Од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат корисниците од ул. Мирче Мацин, Мирче Ацев и бул. Филип Втори Македонски, (објектите во близина на паркингот кај ГТЦ: пералницата, угостителските објекти и домаќинствата од тој реон (општина Центар).Од 9:30 до 15 часот корисниците од дел од ул. Скупи подулицата 3-а, дел од бул. 8 Септември (општина Карпош), од 9 до 15 часот, корисниците од дел на Горни Жданец (општина Карпош), а од 10 до 13 часот корисниците од дел од ул.Козара и дел од ул. Васил Ѓоргов (општина Центар).

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: На Мицкоски му е поважна иднината на Груевски од иднинатата на Македонија

„Мицкоски потврди: иднината на неговиот ментор Никола Груевски му е поважна од иднината на Македонија, затоа е против ЕУ и НАТОАнтизападниот пион Христијан Мицкоски вечерва потврди дека неговата единствена политичка агенда е амнестија за неговиот ментор и носител на криминалот и режимот Никола Груевски. Ништо друго.Вечерва антинародниот Мицкоски призна за средбите со својот ментор Груевски и разговарите на заедничка тема, иднината на Груевски и личните моменти.Со ова признание Мицкоски уште еднаш јавно признава дека тој и актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ се дел од истата криминална матрица на Груевски.За антизападниот Мицкоски поважна односно единствено важна е иднината на Никола Груевски, наместо иднината на Македонија и нејзините граѓани.Затоа пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ отворено работат против ЕУ и НАТО, против македонската иднина.Овие признанија на антизапдниот Мицкоски се уште една причина и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат процесите во Собранието за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.На изолираниот Мицкоски и на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека не можат да го одбранат криминалот на Груевски.Правда ќе има“, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи поради влошена здравстевна состојба на обвинетиот Сашко Марковски, кој на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, МиткоПешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

4, 6 или 7 амандмани денеска Владата ќе ги достави до Сoбранието

Денеска истекува рокот кога Владата треба да ги достави уставните амандмани според Договорот од Преспа до Собранието. Вчера премиерот Зоран Заев имаше уште една средба со осумтемина пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија". Заев вика дека ќе има четири, пет, шест, а можеби и седум амандмани, а пратеникот Крсто Мукоски изјави дека биле договорени четири амандмани, пишува МКД.мк.Вчера и двете страни, и Заев и Мукоски изјавија дека има начелен договор за уставните амандмани. Заев изјави дека деталите се заокружени, но не прецизираше колку точно амандмани ќе произлезат. Со договореното се гарантира идентитетот, потенцираше Заев.Пратеникот Крсто Мукоски рече дека добиле согласност и разбирање од Заев за нивните барања. Повтори дека нивните барања се однесуваат на зацврстување на идентитетот, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи ги преговорите со ЕУ и поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.За барањето во преамбулата на Уставот да биде содржан и Рамковниот договор Заев не одговори конкретно, образложувајќи дека тоа дополнително ќе се утврдува.Мукоски изјави дека било договорено од понеделник да почне да работи и телото за помирување и ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работата на тоа тело.Поединци од новата опозициска пратеничка група уште пред гласањето за пристапување кон уставни измани предлагаа дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, ништовност на Договорот доколку грчката страна не го ратификува и не го поддржи нашиот влез во НАТО, како и сукцесивна примена на новото име, во согласност со отварањето на поглавјата од преговорите со ЕУ.Според Мукоски, Договорот содржи и штетни елементи, но мора да се прифати, а нивните амандмани ќе внесат дополнителна заштита.Пред почетокот на седницата на која се гласаше за пристапување кон уставни измени, на 19 октомври, група пратеници од опозицијата доставија свои барања „да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за уставните амандмани“.1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет.2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев искажана на 31-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена“.Еве го и претходно објавениот предлог за промена на Уставот на Владата на Република Македонија:Член 3. Пoцврста гаранција на границатаВо членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми.Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии. Тоа ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и на соседните земји.Член 49. Грижа за Македонците и дијаспората во странствоВо членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година кој предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.Со уставниот амандман кој се предлага ќе се декларира грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во било каква форма и заради било каква причина.Додавање на придавката северна во името на Република МакедонијаЦелта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.Притоа, покрај општи услови и рокови за стапување во сила на амандманите кои ќе бидат врзани со влегување во сила на Договорот и ратификација на протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО во Парламентот на Република Грција, односно престанок на важење на амандманите во случај на невлегување во сила на овие два документи, за начинот на примена на овој конкретен амандман ќе има и посебни рокови.Имено во согласност со договорот ќе биде утврден преоден период за примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија.При тоа ќе има два преодни периода: „технички“ и „политички“.„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Република Македонија за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува со истекот на нивното важење, но најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на договорот.„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Република Македонија. Издавањето на ваквите документи и материјали ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантната област во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.Измени во Преамбулата на УставотЗаради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.Денеска истекува рокот за поденсување на уставните амандмани до Собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zagadeno-skopje

Скопје синоќа беше шести најзагаден град на светот

Скопје го потврди приматот - еден од најзагадените градови на светот. Македонската метропола синоќа се најде на шестото место по загаденост во светот на  глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“).Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, и се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.Најалармантно синоќа беше кај ректорат со измерени 240 ПМ честички на метар кубен, односно пет пати над дозволените граници.Неколку кратно над дозволеното беше загадено и во Струмица, Битола, Куманово Гостивар и Кавадарци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ustav

4, 6 или 7 амандмани денеска Владата ќе ги достави до Сoбранието, прифатени биле и предлозите на осумтемина

Денеска истекува рокот кога Владата треба да ги достави уставните амандмани според Договорот од Преспа до Собранието. Вчера премиерот Зоран Заев имаше уште една средба со осумтемина пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија". Заев вика дека ќе има четири, пет, шест, а можеби и седум амандмани, а пратеникот Крсто Мукоски изјави дека биле договорени четири амандмани.Вчера и двете страни, и Заев и Мукоски изјавија дека има начелен договор за уставните амандмани. Заев изјави дека деталите се заокружени, но не прецизираше колку точно амандмани ќе произлезат. Со договореното се гарантира идентитетот, потенцираше Заев.Пратеникот Крсто Мукоски рече дека добиле согласност и разбирање од Заев за нивните барања. Повтори дека нивните барања се однесуваат на зацврстување на идентитетот, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи ги преговорите со ЕУ и поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.За барањето во преамбулата на Уставот да биде содржан и Рамковниот договор Заев не одговори конкретно, образложувајќи дека тоа дополнително ќе се утврдува.Мукоски изјави дека било договорено од понеделник да почне да работи и телото за помирување и ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работата на тоа тело.Поединци од новата опозициска пратеничка група уште пред гласањето за пристапување кон уставни измани предлагаа дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, ништовност на Договорот доколку грчката страна не го ратификува и не го поддржи нашиот влез во НАТО, како и сукцесивна примена на новото име, во согласност со отварањето на поглавјата од преговорите со ЕУ.Според Мукоски, Договорот содржи и штетни елементи, но мора да се прифати, а нивните амандмани ќе внесат дополнителна заштита.Пред почетокот на седницата на која се гласаше за пристапување кон уставни измени, на 19 октомври, група пратеници од опозицијата доставија свои барања „да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за уставните амандмани“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски: Не е точно дека „врие” во ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување во телевијата Алсат во емисијата „Патот кон“, одговараше на прашања за актуелните состојби во најголемата опозициска партија.– Не се согласувам со вас дека врие внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Две индивидуи кои што водеа структури во ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на жени и Унијата на млади сили си заминаа, а структурата на Унијата на жени и Унијата на млади сили останаа и се именуваа вршители на должност, набргу ќе биде објавен конкурс, набргу ќе биде изгласано новото раководство во рамките на тие две структури, така што животот си продолжува понатаму, политиките продолжуваат понтаму, Колку што ги прочитав нивните оставки тие не рекоа дека си заминуваат од партијата, туку напротив дека остануваат во партијата, во овој момент тие си имаат сопствени аргументи зошто се одлучиле на еден ваков чекор и јас можам да кажам дека во математиката велиме заеднички делител или именител има во целиот овој случај претпоставувам од тој центартдоаѓа мотивот и за едниот и за другиот чинител кои се одлучија за овој настап- одговори Мицкоски на прашањето дали врие и има раздор во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Се чувствувам комотен и можам да кажам дека јас сум можеби единствениот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој својата доверба самостојно ја ставил пред делегатите на Централниот комитет на партијата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М.Мицкоски потенцираше дека тоа го направил веднаш по настаните кое се случува во Собранието.– Статутот на ВМРО-ДПМНЕ овозможува претседателот самостојно иницира процес во кој ќе побара одржување вонреден конгрес на кој ќе се разговара за неговата доверба. Јас за оваа моја одлука не разговарав буквално со никого, туку на почетокот од ЦК, потпретседателите на партијата и генералниот секретар ги запознав со оваа моја одлука, дека на седницата на ЦК ќе излезам и ќе побарам доколку цени ЦК, одржување на вонреден конгрес на кој ќе се разговара за мојата лична доверба. Исто така, за да не им биде непријатно на членови моето присуство во салата, според определен член од Статутот кој мене ми овозможува со специјална одлука ги пренесам моите надлежности на еден од потпретседателите, тоа да го направам и да му ја дадам можноста да ја води седницата, а јас истата да ја напуштам. Тоа и во направив. Можам да ви кажам дека 125:0 беше гласањето од страна на членовите на Централниот комитет, дека нема потреба да се организира вонреден конгрес, објасни Мицкоски.Тој посочи дека ваквата одлука била доволна за него лично, да заклучи дека како личност ја ужива довербата од Централниот комитет во кој членуваат сите претседатели на општинските комитети, структурата на УЖ и УМС на партијата.Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најорганизирана политичка партија во која е многу нормално да има различни мислења и ставови се до моментот на носење на конечна одлука.Според него логично е веќе кога се вклучувате во политичка партија да ги почитувате политиките и одлуките во таа партија, што, како што рече, не беше случај со 7-те пратеници кои ги исклучија, а постапија спротивно политиките на ВМРО-ДПМНЕ.-ВМРО-ДПМНЕ не е хорско друштво, па секој во различен тон да пее. Е сега кога вие знаете дека има конгресна одлука, која што дава точна насока како треба да се постапува по прашањето за името, конгресна одлука од Конгресот во Валандово која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Куманово, која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Битола, имате партиска програма со која сте излегле на изборите во 2016 година врз основа на која вие сте го добиле мандатот, имате одлука на Извршниот Комитет, имате одлука на Централниот комитет и вие постапувате спротивно на таа одлука, вели Мицкоски.Според него во политиката и во партиите е многу важно доколку се има сет на документи и серија политики да продолжат да се следат бидејќи на друг начин тие ја ризикуваат позицијата меѓу сопартијците.Обвинувањата на екс -директорот на УБК, Сашо Мијалков во писмото упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги смета за внатрепартиски работи. Не сакајќи да одговори на писмото што Мијалков му го упати веднаш по исклучувањето од партијата, Мицкоски тврди дека ВМРО поседува докази за сѐ што тврди.Ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го изјави во интервју за телевизијата Алсат.Прашан за исклучувањата, заминувањата и оставките, Мицкоски рече дека тоа е еден динамичен политички процес во партијата и оти тоа ќе постои сѐ додека постои ВМРО, но најави дека ќе се реформира Извршниот комитет.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DETSKA-BOLNICA

Се запали покривот на Детската болница Козле

Се запали покривот на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле утрово околу 10 часот, повредени нема, пишува СДК.МКОд Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје велат дека имало зачадување на дел од кровната конструкција на Детската болница во Козле и дека интервенирале со две возила и пет пожарникари.„Имавме интервенција во Детската болница Козле, каде се запалила дел од кровната конструкција. Има материјална штета, а повредени нема. Беа евакуирани пациентите пред да дојдеме таму. Беше опожарен аспираторот за вентилација во најгорната зона на објектот и моравме да ја отвораме и кровната конструкција. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува“, вели Звонко Томески, в.д. командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле Ангелчо Андоновски вели дека не станува збор за пожар, туку дека се стопила дел од инсталацијата во еден од тоалетите на одделот за акутна патологија.„Дошло до топење на една од жиците од аспираторот за вентилација во еден од тоалетите на одделот, не станува збор за пожар. Се почувствува миризба и зачаденост. На тој оддел имаме седум двокреветни соби и еден апартман, а во моментов имавме осум пациенти хоспитализирани. Веднаш се евакуирани пациентите на другите оддели и веднаш викнавме Пожарна. Целата случка траеше околу 15 минути“, вели д-р Андоновски.Тој кажа дека друга штета нема, освен материјална, која веднаш ќе ја санираат, а децата кои се евакуирани на другите оддели ќе останат таму додека не се санира штетата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ristevska

Продолжен притворот на Моника Ристеска

Обвинение против Моника Ристеска за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори достави Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1..Како што наведуваат од Јавното обвинителство на РМ, осомничената се товари дека во текот на минатата и оваа година, со умисла извршила дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Притоа, Ристеска неовластено кај себе држела, преработувала и продавала марихуана и хашиш смола.На 29. септември минатата година во скопското село Ракотинци при извршен претрес од страна на полицијата, кај осомничената биле пронајдени и одземени една полиетиленска кесичка со 27.46 грама марихуана, два шприца со хашиш смола со вкупен волумен од 9 милиметри, три шприца со остатоци од хашиш смола, една дигитална вага со остатоци од марихуана, две шишиња со вкупен волумен од 2060 милилитри и една пластична туба со етил алкохол органски растворувач, наменети за преработка на дрога.Потоа, на 05. јули годинава во близина на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, од страна на полицајци било извршено легитимирање на осомничената и кај неа биле пронајдени два шприца со остатоци од хашиш смола, а еден шприц со волумен од 2 милилитри со хашиш смола е пронајден кај сведок на кого што обвинетата му го продала за 3.000 денари.Во трет претрес, на 08. октомври годинава, на скопската улица „Мите Богоевски” кај осомничената Ристеска биле пронајдени полиетиленски пакувања со марихуана помешана со тутун со нето маса од 30,15 грама, една полиетиленска кесичка со марихуана со нето маса од 7,62 грама, четири шприца со вкупен волумен од 39,7 милилитри хашиш смола, една тегла со семки од растението канабис со нето маса од 0,42 грама, две пластични чаши со хашиш масло со волумен од 12 милилитри, две дигитални ваги со остатоци од непозната материја, еден мал вентилатор, два електрични блендери, еден топломер, едно грејно тело марка „ИЦМ”, 19 празни шприцови, 12 стерилни медицински капи, еден електричен тајмер, пластични чаши, стаклени епрувети и една пластична туба со налепница „Етанол” кои сите биле наменети за производство, а потоа и за продажба на дрогата.Како што истакнуваат од Јавното обвинителство, во Република Македонија со закон е казниво неовластеното производство, преработка, продажба или нудење на продажба, како и заради продажба купување, држење, пренесување или посредување во продажба или купување или на друг начин неовластено пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Врз основа на ова, заедно со обвинението, ценејќи дека се уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Моника Ристеска.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Судот вчера го замрзнал целиот имот на ВМРО ДПМНЕ

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ на барање на Специјалното јавно обвинителство во рамките на предметот „Талир“, официјално соопшти  СЈО.Со одлуката на судот, замрзнати се вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата и се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот, а од  СЈО велат дека поднеле вакво барање бидејќи сметаат дека постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката.„По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“, се вели во соопштението на СЈО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се донесени на работ должничко ропство

Македонија е единствената држава во Европа која е водена од политичар аболициран за сериозен криминал. Единствена држава во која на власт е криминален картел кој единствено работи за партиските и бизнис интересите на кланот Заеви.Одродената и криминална власт секојдневно ги задолжува граѓаните. Последното задолжување изнесуваше 58 милиони евра, а со ова темпо таканареченото грчко сценарио и банкрот е неизбежно. Граѓаните се донесени на работ должничко ропство, а сиромаштијата зема замав. Над 460 илјади македонски граѓаните преживуваат со еден оброк дневно и секојдневно гладуваат. Нема нови проекти, не се отвораат нови работни места, младинската невработеност изнесува повеќе од 50 проценти. Со оглед на фактот што реализацијата на капиталните инвестиции изнесува очајни 27,4 проценти, нема изградба на 600 километри автопат, нема изградба на нови клинички центри и студентски домови, владата не гради нови училишта и спортски сали, останува прашањето за што се трошат парите на граѓаните?Со оглед на криминалното работење на власта и принципот „евро за вицето“ јасно е дека парите на граѓаните завршуваат на сметките на партиски и државни функционери. Преку криминални грантови и тендери СДСМ на чело со Зоран Заев спроведува досега невиден грабеж споредлив само со времето на криминалната транзиција.Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти, сивилото повторно надвисна над Македонија, граѓаните се во апатија и на работ на својата егзистенција. Нема повисоки пензии, јавноста е сведок на се повеќе компании кои заминуваат во стечај, безнадежноста дека ќе има правда и правдина е се поголема.Темните облаци кои надвиснаа над Македонија ќе си заминат, крајот на политичката кариера на Заев е на повидок. Заев избра да не ја почитува волјата на народот јасно искажана на референдумот за промена на името, но казната ќе ја добие на следните парламентарни избори на кои граѓаните уште погласно ќе му кажат на Заев доста е, заврши времето на транзиционите политичари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Хороскоп за ноември

ОвенМарс, вашиот владетел го продолжува своето ретроградно движење во Бик, а вашите планови врзани за парите и кариерата се одвиваат бавно. Можеби е проблем во тоа што ви недостасува вообичаена енергија. Во текот на наредните недели, вашите надредени ќе ги препознаат напорите кои ги вложувате и можно е да ви биде понудено подобро работно место.На полето на љубовта, во текот на ноември ќе привлекувате многу луѓе во својот живот и работите ќе ви одат од рака. Ако сте сами, сега е време тоа да се промени, а ако сте во долга врска, време е за проширување на семејството или брак.Здравјето е одлично, но внимавајте на настинките.БикМарс се движи ретроградно во вашиот знак, па нема да бидете мирни додека не почне неговото движење во директен од. Штом тоа се случи, ќе можете и да одморите и да направите пауза од работата, но и добро да размислите за промените кои сакате да ги направите.Ноември е поволен месец за почнување нова врска, која може по некое време да прерасне со брак.Можни се проблеми со кардиоваскуларниот систем.БлизнациМладиот месец во ноември ви носи многу новини –  нова работа или нова подобра функција во истата компанија. Невработените во текот на ноември ќе имаат сјајни шанси да најдат работа каква што посакуваат.Марс, владетелот на вашиот знак останува на полето на љубовта и семејството, што значи дека ќе постојат можности за отворен разговор за потиснатите проблеми, што ќе донесе до подобро разбирање со луѓето околу вас.Кога станува збор за здравјето, доволно ќе биде да пешачите околу 30 минути дневно и нема да имате проблеми.РакПолето на кариера ви носи остварување на личните цели и реализација на идеите кои одамна ви стојат во глава.Кога станува збор за врските, Венера ќе биде во една од најдобрите позиции. Тоа е време кога можете да постигнете хармоничен однос со саканата личност, но и со било која личност со која ќе стапите во контакт.Здравјето ќе биде одлично во текот на овој месец.ЛавСо ретроградното движење на Марс во вашето поле на кариера, работите ќе одат малку потешко, а резултатите едвај ќе бидат видливи. Бидете трпеливи, тоа ќе пројде, а потоа ќе блеснете и сиот труд ќе се исплати на долг рок.Ве очекува позитивна љубовна атмосфера, а можна е и принова, односно бременост.Во текот на овој месец, бидете особено внимателни околу здравјето.ДевицаНа полето на кариерата се отвора можност за долгоочекуваните промени. Можни се и одложувања и проблеми, но успехот е ваш на крајот на месецот.Меркур во текот на целиот месец ќе биде во вашето поле на семејството и љубовта, давајќи ви можност за драгоцени и отворени разговори со оние со кои го делите домот и ви овозможува да дојдете до подобрени односи. За вас, односот со оние кои значат е најважен, а ноември е месец за тоа.  Слободните претставници на овој знак можно е да ја запознаат својата сродна душа во текот на ноември.На полето на здравјето, можни се уринарни инфекции.ВагаРетроградното движење на Марс ве поттикнува со сета сила да се борите за она што сметате дека сте го заслужиле. Сепак, оставете го решавањето на големите проблеми и конфликти за следниот месец. Ноември носи и можност за зголемување на приходите.Љубовта нема да ви биде силна страна, осамени сте.Овој месец треба поважно да размислувате за здравјето. Хранете се поздраво.ШкорпијаСо Јупитер во вашиот знак влегувате во една сосема нова фаза на личен развој која може да влијае позитивно и на професионалниот развој. Тимската работа нема да ви оди од рака и ќе треба да бидете особено внимателни во односите со колегите.Време е за учење и стекнување нови искуства, а младиот месец на почетокот на ноември ве охрабрува да свртите нов лист кога станува збор за љубовта.Внимавајте на здравјето.СтрелецПоради ретроградното движење на Марс присилени сте да ја трпите тензијата на работното место. Иако мислите дека моменталните проблеми никогаш нема да бидат решени, сепак крајот на месецот носи нивно подобрување.Во љубовта, потрудете се да ги избегнете недоразбирањата, особено во средина на месецот. Првата половина на месецот може да ви помине во кавги, но вториот дел би било добро да го искористите за патување со партнерот. Ако сте сами, овој месец ви носи убаво познанство, за кое постои добра можност да премине во врска.Внимавајте на имунитетот.ЈарецНа почетокот на месецот, Венера влегува во вашиот знак што ќе ве направи потопли од вообичаено. Ќе имате потреба да се поврзете со  колегите, и ќе бидете спремни за компромисЗа оние кои се во врска, ќе сакаат да направат голем чекор. А, оние кои се слободни ќе се водат од своите идеали и ќе бидат интересни за разговор за спротивниот пол.Здравјето е одлично, можна е само мала настинка.ВодолијаРетроградниот Марс во Бик ги става вашите планови за работа на чекање, но крајот на месецот ќе ја намали тензијата. Луѓето ќе ве гледаат со други очи, што ќе ви помогне да ги остварите своите професионални цели.Во љубовта, не ве очекуваат големи промени.Здравјето не треба да го ставате на последно место, треба да сте повнимателни.РибиМладиот месец на почетокот на месецот ви носи проширување на професионалните видици, што би можело да се рефлектира преку професионални патувања, учење нов јазик и дополнително образование.Крајот на месецот ви носи убави љубовни моменти и нови почетоци. Ќе сакате да расчистите со старите љубови и проблематични односи и во својот живот да ги пуштите само добрите луѓе и идеи.Нема да имате проблеми со здравјето во текот на овој месец.

Магазин | пред 7 години

7 год.
toni-mihajlovski

Тони Михајловски: Писмава со оставки ви се како семинарска што сите ја користат за урнек

„Овие писма со оставки се како семинарска што сите ја користат за урнек. Како еден ист човек да им ги пишувал.По тоа се гледа дека ниту имате свое, ниту пак ќе имате.Е тешко е да си во партија кога е во опозиција. Не сте навикнати“, напиша Михајловски. 

Коментари | пред 7 години

7 год.
bregzit

Постигнат прелиминарен договор за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј постигна прелиминарен договор со Европската унија за Брегзит, објави „Тајмс“, повикувајќи се на владини извори.Постигнат е финансиски договор, кој ќе им овозможи на фирмите на островот траен пристап до пазарите на ЕУ по Брегзит.Преговарачите од двете страни постигнаа прелиминарен договор за сите прашања околу пазарот на услуги и размена на податоци.Договорот ќе им овозможи на британските компании пристап до европските пазари, а британската финансиска политика во голема мера е во согласност со европската.Веста, исто така, имаше и непосреден економски ефект – по објавувањето на договорот, вредноста на фунтата се зголеми за 0,5 поени во однос на американскиот долар.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Грчки дипломат: Преспански договор може да наиде на пречки во ОН

Димитрис Москопулос, пензиониран грчки дипломат и поранешен амбасадор во Косово, смета дека Преспански договор, дури и да биде ратификуван во парламентите на Грција и на Македонија, би можел да наиде на пречки во Обединети нации.„Ништо не е сигурно во овој свет“, изјави тој во интервју за Балканска истражувачка мрежа (БИРН), повикувајќи се на најавата од Министерство за надворешни работи на Русија од 3 октомври дека ќе побара за Договорот да заседава Советот за безбедност на ОН, бидејќи е во спротивност со меѓународното право и со македонскиот устав.Според Москопулос, влогот околу договорот од Нивици е поголем за Македонија отколку за Грција, каде што смета дека може да помине само во сегашната политичка констелација во законодавниот дом.„Договорот за името има шанса само ако дојде на ратификација во грчкиот парламент додека сегашната влада е на власт. Ако има избори во Грција пред тоа и Владата загуби, сегашната опозиција ќе го убие“, смета тој, очекувајќи СИРИЗА да биде поддржана од независни пратеници и на тој начин да ги надомести гласовите против од коалицискиот партнер Независни Грци.Москопулос ги обвинува националистите во двете земји за проблемите во меѓусебните односи.„Глупаво е во 21. век да се бориме околу тоа кој е вистински наследник на Александар Велики“, нагласува ексамбасадорот, но и додава дека македонски политичари често ги провоцирале грчките националисти. 

Свет | пред 7 години

7 год.
dubrovnik

Во Дубровник регистрирани бранови повисоки од девет метри

Рекордна висина на бранови се измерени во акваториумот Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник, а највисоките бранови биле повисоки од девет метри, покажуваат податоците од мерењата на Хрватскиот хидрографски институт (ХХИ).Највисок бран е измерен во Дубровник, покрај островот Св. Андреа – 9,03 метри.Во акваториумот Ровињ висината на брановите била осум метри.– Собраниете и обработени податоци ќе придонесат за зголемување на степенот на безбедност на пловидба во наведените подрачја, а ќе бидат изработени и безбедносни препораки. Со тоа се создаваат претпоставки за безбеден сообраќај на луѓе и стока во хрватскиот дел на Јадранското Море, се наведува во соопштение на ХХИ.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев на Регионалниот безбедносен самит во Тирана

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на Самитот за регионална интерконекција и безбедност, што ќе се одржи во Тирана.Целта на Самитот, каде е најавено присуство на шефови на држави и на Влади на земјите од Западен Балкан и од Медитеранот, е идентификување на заедничките предизвици на државите и решенијата за побезбеден, мирољубив и економски развиен свет, соопштија од Владата.Најавено е дека Самитот ќе биде отворен од страна на премиерите на Албанија и Израел, Еди Рама и Бенџамин Нетанјаху. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денеска нови рочишта за Мијалков, Канческа-Милевска и раздвоената постапка за „Насилство во општина Центар“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе се одржат нови рочишта за „Тендери", „Тортура" и раздвоената постапка за „Насилство во општина Центар" на Специјалното јавно обвинителство.Случајот „Тортура“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со презентација на преостанатите видео материјали од камерите на МВР.За предметот „Тортура“, обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата.Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.Во Кривичниот суд продолжува и судењето на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, која е првообвинета во случајот „Тендери“ на СЈО.Канческа-Милевска е обвинета за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.Во Кривичниот суд во Скопје, треба да се одржи и рочиште за раздвоената постпка во случајот „Насилство во општина Центар“ за седмообвинетиот Димче Крстев. Во овој случај обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, советничката на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време Даниела Рангелова и уште неколкумина кои биле дел од толпата која на 10 јуни 2013 година протестираше пред општина Центар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
steti

Охрид: Штетите од пролетното невреме изнесуваат околу 350 илјади евра

19 милиони денари или околу 350.000 евра се проценетите штетите од пролетното невреме кога поради високите бранови на Охридското Езеро и силнот јужен ветер беа направени штети на угостителските објекти и домовите на охриѓани сместени покрај езерското крајбрежје.Елаборатот за штетите беше усвоен од страна на Советот на општина Охрид и истиот ќе биде испратен до Републичката комисија за проценка на штети која треба да ја донесе конечната одлука дали и во колкав процент ќе бидат обештетитени граѓаните. Од 129 барања за обештетувања, 20 се на правни лица, а останатите на физички лица.„Ние како Комисија извршивме проценка и на легално и нелегално и на осигурано и на неосигурано. Тоа е законски. Тоа го праќаме до Владата и Владата ќе одлучи дали ќе ги обештети, дали ќе бара нешто дополнително. Мислам дека за скоро ќе бидат обештетени, но со кои проценки ќе бидат обештетени ќе одлучи Владата“, рече Раде Вељановски, општинска комисија за проценка на штети Охрид.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања