Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
toni-mihajlovski

Михајловски со порака до „предавниците“ од ВМРО-ДПМНЕ

Актерот Тони Михајловски, кој истовремено е и член на Извршниот комитет на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски им се обрати на пратениците кои гласаа за уставните измени, како и на оние кои си поднесоа оставки во изминатиот период нарекувајќи ги велепредавници.„Тешко кога ќе се скараш со себе, заради нешто што си го говорел, или направил, пред само година дена. Секој од нас има такви моменти во својот живот. И тоа се прави пред сопственото огледало.Но тоа е ништо, во споредба со признанието дека не сте се лажеле само себе си, туку сте ги лажеле и 160 000 членови на ВМРО-ДПМНЕ, и уште 240 000 симпатизери.Тие кои ве гласале, следеле, бранеле од напади и верувале во вас.Оние кои јасно сте ги повикувале да ви веруваат и да гласаат за вас, за вие денес да бидете тоа што сте.Сте ги лажеле вашите пријатели, браќа и сестри.Оние со кои сте делеле и добро и лошо.Сте го лажеле Претседателот Христијан, и почесниот Претседател Никола, ветувајќи им дека никогаш и под никакви услови нема да отстапите од чувањето на националните и државни интереси, почитувањето на конгресни одлуки и борбата за достоинството Македонија и македонскиот народ, за да ве изберат и ве понудат на членството и граѓаните како носители на одговорноста, светлата иднина и подобар живот.Ако сте успеале да лажете толку многу луѓе, и толку долго време, вие сте мајстори на лагата. Тешко на оној кому вие, во иднина, ќе му ја нудите вашата “доверба”.Вие сега сте паралага, која се пласира од страна за да ја следи основната лага, и да и потпомогне во уверливоста“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tito-petkovski

Петковски повикува да се смени Иванов веднаш

Поранешниот претседател на Собранието на Македонија и претседател на политичката партија НСДП, одметник од СДСМ, Тито Петковски, повика веднаш да се реализира одлука за отповикување на претседателот Ѓорге Иванов.Според Петковски сега има и реална шанса за тоа на СДСМ да им успее.„Ние досега немавме шанса за спроведување импичмент затоа што во Собранието ги немавме потребните 80 пратеници. Но сега, кога веќе се создадоа услови за двотретинско мнозинство, работата е многу поедноставна отколку што беше“, посочува Петковски.Поранешниот претседател на Собранието, Петковски, вели дека шефот на државата Ѓорге Иванов со своите постапки има извршено класична злоупотреба на функцијата претседател на државата, а како што порачува, токму сега е моментот за спроведување постапка за импичмент.„Сметам дека сега е одличен момент да се спроведе постапката за импичмент, бидејќи Иванов уште многу одамна заслужи да сноси таква политичка одговорност. Паралелно со предистражната постапка што Јавното обвинителство ја покрена за претседателот, слободно може да се спроведе и постапка за импичмент“, вели Петковски.Петковски го оцени Иванов како штетен.„Конечно, името на Иванов ќе послужи за пример како не треба да се владее“, обвини Петковски.Магазин.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
miss

Без маж и лоши навики: која е Мис Русија 2017?

Титулата најубава девојка во земјата ѝ припадна на 21-годишната Полина Попова од Екатеринбург – модел, која последниве шест години ги има поминато на снимања во Европа, во Америка и во Азија.За титулата Мис Русија 2017 се бореа 50 девојки од сите страни на земјата.Конкурентките мораа да ги поседуваат следниве критериуми:- девојката треба да биде повисока од 173 сантиметри- да биде постара од 18 и помлада од 23 години- да нема тетоважи и белези на телото- да нема лоши навики (дури и пушењето е забрането)- отсуство на интимни фото- и видеоснимки на Интернет- а, исто така, да нема маж и деца.Победничката добива круна од бело злато во вредност од еден милион долари, три милиони рубли (53.000 американски долари) и кола. За второто и за третото место се добива образование на кој било универзитет во светот.Како резултат на тоа лице на Русија стана белата убавица од Урал, 21-годишната Полина Петрова.Сегашната Мис на Русија живее во својот роден град Екатеринбург (1.800 километри источно од Москва). Но, последниве шест години ги поминала патувајќи низ светот, благодарение на својата работа како модел во една од агенциите во градот.Во еден момент таа дури и помислила да се запише на еден од универзитетите во Кина, но се премислила и решила да се школува во Русија. Сепак, девојката сè уште се нема определено за својата идна професија и за местото на студирање – плановите се „веќе во многу блиска иднина“ да го реши станбеното прашање самостојно.Според Полина, добиените три милиони рубли (53.000 американски долари), како и оние што ги има заработено како модел, планира да ги потроши на стан.По изборот за Мис на Русија Попова ќе замине како претставник на нашата земја на Мис на Универзумот и Мис на Светот.Интересно е тоа што веќе трета година по ред титулата на прва убавица заминува кај девојка од Урал. Така, Полина Петрова ја доби круната од минатогодишната победничка од Тјумењ (2.100 километри источно од Москва) Јана Добровољскаја, а една година пред неа победи Софија Никитчук, која исто така е од Екатеринбург.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Русија го одбележува Денот на национално единство

Русија го одбележува Денот на национално единство при што се очекува националисти и поддржувачи на власта да излезат на марш низ улиците на Москва. Празникот беше воспоставен од Кремљ пред повеќе од 10 години со цел да се замени со прославата на годишнината од револуцијата на болшевиците.Рускиот претседател Владимир Путин го користи празникот да промовира патриотизам, да го консолидира општеството и да ја зајакне контролата на Кремљ. Прославите во изминатите години беа проследени и со антивладини протести. Во мината година беа уапсени околу 70 лица на антивладините протести.

Свет | пред 7 години

7 год.
45347973_736661836669265_8660164157762437120_n

Жена остана инвалид оти настаните на 27ми април во Собрание го затворија Клинички

Ирена Танчева од Ново Село останува инвалид неподвижна со две деца, едното во бременост го губи , поради собраќајка во која таа и децата се жртви во момент кога ги носи во градинка, но и поради затворени операциони сали вечерта на 27 април лани кога се случи големиот инцидент во Собранието на Република Македонија. За нејзината приказна и секојдневие веќе dosie.mk пишуваше но и социјалните медиуми ја пренесоа нејзината судбина да биде жртва на несовесен возач кој со автомобил ги удира неа и децата.Но еден скандалозен детал открива и друга страна на вистината.Поради тешката состојба Ирена во коматозна состојаба со итна медицинска помош ја испраќаат на Клиниките во Скопје . Таа има скршени вратни пршлени.  Но вратите на операционите сали се затворени и вечерта никој не се примал заради случувањата во Собрание и се давал приоритет само на претениците во случај да има тешко повредени.Ирена е оперирана дури утредента. Поминува 21 ден во кома, 3 месеци во болница во Скопје два месеци во болница во Охрид. Денес е неподвижна и закована за кревет. Докторите и рекле дека ако била оперирана веднаш кога е донесена сега ќе беше на нозе. Бидејќи се чекало толку долго време за операција заради крварењето кое било во главата дошло до тешки последици.Таа има 25 години е закована за кревет. Наместо таа да ги рани малите дечиња , тие ја ранат неа. Едното има 4 другото има шест години. Бидејќи некој мора да се грижи за неа сега е префлрена во домот на нејзините родители, но поради долгото користење катетер сега има нов проблем, а тоа е камења во бешика  и ќе мора да се оперира во Скопје.Ирена постојано е на својот ФБ профил. Тоа и е контактот со светот, но и со хуманите луѓе кои ги моли за помош. Мора да оди на операција во Русија но пари нема. Моли да и се помогне. Остана инвалид во сообраќајка, пратениците имаа предност во опериационата сала, сега е оставена сама со децата, но нејзината храброст е поголема од се и е решена да издржи до крај се заради децата.За помош на Ирена отворени се телефони и сметкиtelekom 070143115vip/one 143500devizna smetka Irena Tanceva IBAN:MK07-320540027415089SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJEziro smetka 320500027414994 Irena Tanceva

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Прогласена вонредна состојба на Сицилија

Најмалку 17 лица го загубија животот во поплавите кои ја зафатија Италија. Повеќето од жртвите ги загубиле своите животи поради паднати дрвја.Според проценката на италијанското Здружение на земјоделски компании, во невремето се уништени околу 14 милиони дрвја.На островот Сицилија скоро се е под вода и поради тоа е прогласена вонредна состојба.https://twitter.com/severeweatherEU/status/1058920613283356677?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1058920613283356677&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3004827-apokalipsa-u-siciliju-poplave-odnele-deset-zivota-hiljade-ljudi-u-mraku-ne-rade-telefoni-voda-nije-za-pice-video„Тешка апокалиптична ситуација“, рече началникот за Цивилна заштита, Ангело Борели.Во некои делови, како на пример Венето, со електрична енергија се снабдуваат со генератори, но и покрај тоа има околу 5000 семејства во мрак.https://twitter.com/severeweatherEU/status/1058250142510309376?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1058250142510309376&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3004827-apokalipsa-u-siciliju-poplave-odnele-deset-zivota-hiljade-ljudi-u-mraku-ne-rade-telefoni-voda-nije-za-pice-videoПатиштата се блокирани од стотици стебла, а има и голем број на одрони.   

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Скопје РОК Хакатон 2018“ за студенти и млади претприемачи од 9 до 11 ноември

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ во периодот од 9 до 11 ноември во Скопје ќе се одржува „Скопје РОК Хакатон 2018“, дводневен маратон за ко-креирање наменет за студенти, млади професионалци и претприемачи.Целта е да се зајакне еко–претприемништвото, одржливите бизнис иновации и мрежите за соработка, кои според организаторите претставуваат клучни слоеви за ефективни и инклузивни решенија за главните предизвици со кои се соочува градот во однос на животната средина, вклучувајќи ги и климатските промени.Во хакатонот може да учествуваат сите што сакаат да бидат вклучени во изнаоѓање на решенија за општествените предизвици и предизвиците во однос на животната средина, климатските промени, пристапноста до културното наследство и урбаната отпорност, со градење на одржливи и инклузивни деловни решенија.Ова особено важи за  студенти од различни области како бизнис, архитектура, шумарство итн, потоа млади професионалци кои бараат вработување во полето на одржливост / климатски иновации, млади еко–претприемачи коишто бараат идеи, можности и/или тимски соработници и граѓани што се заинтересирани да го трансформираат својот град во еден отпорен урбан систем.Целосно инфо за хакатонот, регистрација и контакти ТУКА.Инаку, хакатонот е дел од проектот РОК, финансиран од Хоризонт 2020, како и од иницијативата Young Ecopreneurs Climathons 2018 (Климатони за млади еко–претприемачи 2018), кој вклучува зелени хакатони во многу градови ширум светот коишто се одржуваат во текот на целата пролет и есен. Тие завршуваат со Конференцијата за климатски промени на ОН 2018 (COP24), во Катовице (Полска), во периодот од 3 до 14 декември.Организатори на хакатонот се Градот Скопје, заедно со Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Архитектонски факултет, и Центарот за иновации на Градот Скопје – Скопје Лаб

Скопје | пред 7 години

7 год.
0_THP_CHpP_031118SLUG_1889JPG

Се сруши тобоган во Велика Британија, осум деца повредени

Осум деца беа повредени во јужниот дел на Англија, кога се урна тобоган за време на прославата на „Ноќ на огнометот”.Инцидентот се случи во Вокинг, на 40 километри југозападно од Лондон, каде што илјадници луѓе се собраа да го гледаат огнометот.Очевидци на настанот велат дека околу 40 деца играле на тобоганот, кој бил висок околу девет метри.„Гардијан “ пишува дека огнометот бил откажан и биле евакуирани 12.000 луѓе за да се направи место за слетување на хеликоптер на брзата помош.Повредените деца биле пренесени во болница.

Свет | пред 7 години

7 год.
viktorija

Исчезна 15-годишно девојче

15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, демирхисарско е исчезната, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде. Последен пат е видена во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 310 664 .Инаку, случајот вчера во 17:25 часот  е пријавен во Полициската станица во Демир Хисар.Случајот е објавен и во билтенот на МВР.С.Н.(36) од село Суводол пријавил дека нејзината 15-годишна ќерка излегла истиот ден и не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Авион со 173 патници кружи над Краснојарск, бара принудно слетување

Авион Боинг 737 кружи над рускиот град Краснојарск и истиот се подготвува принудно да слета бидејки на кокриптот на авионот е напукнато стакло.Во авионот се наоѓаат 173 патници и членови на екипажот, кој летаат од сибиркиот град Новосибирск до јужниот кинески град Санџи.Пилотот штом го забележал напукнатото стакло побарал принудно слетување на аеродромот во Краснојарск.

Свет | пред 7 години

7 год.
kina-sudir

Верижен судир во Кина, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа, а 27 се повредени во сообраќајна несреќа меѓу повеќе возила на автопат во североисточниот дел на Кина.Судирот се случил кога камион изгубил контрола и удрил во колона од автомобили на наплатна рампа, во североисточната провинција Гансу, објави агенцијата АП.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Вакцинацијата против сезонски грип почнува утре (05.11.2018 година) во сите Центри за јавно здравје во земјава. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини. За првпат годинава, Министерството набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.„Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик“, потенцираше министерот Филипче.Оваа година, сите пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да дојдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закажат термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, можат да се вакцинираат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.Министерството за здравство при набавката постигна најниска цена на чинење со што заштеди околу 75.000 евра. Дистрибуција на вакцината е веќе завршена и утре почнува вакцинацијата!

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето  на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување  од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите. Од вторник 16.10.2018, ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на патниот правец А2 Тетово – Гостивар крак – с. Неготино, од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до сабота, во наредните 20 дена. Додека се изведуваат градежните работи, тешките товарни возила нема да можат да го користат овој патен правец. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.РАБОТИ НА ПАТ:Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои  Р-1402 на  од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1 Смоквица – Гевгелија во двата правци.На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи. Истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од понеделник, 20.08.2018 година, ќе се изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.Друштвото АСФАЛТ ДОЕЛ СКОПЈЕ известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај, и тоа на:– наплатната станица Романовце во периодот од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар (мост кај село Здуње) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори.ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница. Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.На патниот правец Демир Капија – Неготино, на делот од Неготино до Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.ВНИМАТЕЛНО: На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес на Филипини

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер ги погоди Филиини.Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 47 километри југоисточно од градот Марави и на длабочина од околу 600 километри.https://twitter.com/GDACS/status/1058999759397097472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1058999759397097472&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3004843-filipini-se-opet-tresli-snazan-zemljotres-pogodio-ostrvoЗасега нема иформации за жртви ниту за причинета материјална штета.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

18-годишник изгубил контрола и излетал од патот

На 03.11.2018 година во 06.10 часот на улица „Тодор Александров“ во Пробиштип, М.П.(18) од село Калниште, пробиштипско, управувајќи мопед „RHNON-50“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.Притоа, М.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип.Извршен е увид на местото на настанот.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајден револвер во „БМВ“ со бугарски таблички

На 04.11.2018 година во 00.50 часот на место викано „Подлошка крстосница“ во Кочани  полициски службеници стопирале патничко возило „БМВ“ со бугарска национална ознака, управувано од Л.А.(25) од село Прибачево, кочанско.При преглед на возилото бил пронајден и со потврда одземен еден револвер непозната марка.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

21-годишен скопјанец украл 147.000 денари

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Е.М.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 147.200 денари.„Пријавениот ги извршил делата во периодот од август до октомври 2018 година на подрачјето на општина Центар. Тој со употреба на сила и погоден алат влегувал во продавници, книжарница, една приватна фирма и одземал пари, платежни картички и други предмети.По преземени мерки и активности, на 28.10.2018 година, Е.М.  е приведен во Полициската станица Бит пазар. Тој ги признал делата и ги посочил местата каде биле дел од одземените предмети“, велат од МВР. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
NdJBtaWfBUsmxvd-800x450-noPad

СДСМ: Груевски беше подготвен да потроши 20 милиони евра пари на граѓаните за Панорамско тркало на Вардар

„Носителот на криминалот, Никола Груевски беше подготвен да потроши речиси 20 милиони евра пари на граѓаните, преку испумпување средства од јавни институции за да гради Панорамско тркало во Вардар.За да се исполнат личните желби на Груевски, беше променет Деталниот урбаниистички план за да се гради Панорамско тркало чија единствена намена беше да се види криминалот во проектот Скопје 2014.Покрај потрошените милиони со неговата изградба се загрози и природниот ток на Вардар како и еко-системот во реката.Сепак, преку одговорен пристап, по демократските промени СДСМ ги рационализираше трошоците од овој штетен проект. Се донесе одлука наместо барокното панорамско тркало да се направи висечки пешачки мост кој ќе го ослободи течението на реката Вардар.Криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски. Одбраната на криминалот на Груевски пак е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници“, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-1

ВМРО-ДПМНЕ: Со прогресивниот данок ќе се уништи македонската еконoмија

„Владата со воведување на прогресивниот е на пат да ја уништи македонската еконoмија.СДСМ го укинува концептот на едноставем рамен данок кој во изминативе 11 години даваше резултати, генерираше раст и отвораше нови работни места, кој се применува во 20 - тина земји од Европа.СДСМ со воведување на прогресивниот данок оди спротивно на укажувањата на бизнис заедницата. Бизнисот е директно погоден од ова мерка и истото ќе влијае на намалување на платите и намалување на бројот на ново отворени работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, власта со зголемување на даноците директно ја стимулира сивата економија и даночната евазија.„Некои компании веќе најавуваат повлекување од инвестициски вложувања во Република Македонија. Ќе се засили одливот на мозоци, затоа што ова ќе ги погоди професионалците, оние кои што со својот труд и со својот ум придонесуваат што пазарот ги вреднува нивните квалификации, личности кои ние по секоја цена треба да ги задржиме во Република Македонија, да не отидат во некоја друга земја која што има подобри даночни услови.Дополнително козметичките промени кои власта ги најавува во пензискиот систем исто така негативно ќе влијаат на отворањето на нови работни места и ќе ја дестимулираат економијата.СДСМ со своето однесување застана спротивно од волјата на граѓаните. Оваа власт со своите активности оди на директна штета на еконимијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45378819_869472936776676_5451244269576650752_n

ВИДЕО: Крадци влегле во куќа, го исклучиле алармот и барале злато

„Вчера во 15 часот додека не бевме дома, овие двајца крадци влегле и провериле сѐ барајќи злато и пари. За среќа ништо не недостасува, но фактот што успеале да му го исклучат алармот покажува дека се професионалци. Камерата што ја имав скриено во спалната ги сними нивните лица, па полицијата лесно ќе ги пронајде“ – вели сопственикот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Град Скопје: Загадувањето е над границата само во одредени временски интервали

Градот Скопје реагира на информациите кои изминативе два дена се објавуваа во јавноста околу загаденоста на воздухот во Скопје и рангот на истражувањето на глобалната апликација „Ер вижуал“ (Air Visual), како и напорите на градот за борба против загадувањето.Од Градот уверуваат дека во изминатиов период просечните вредности на загаденоста на воздухот не ги надминуваат граничните вредности, односно дека тоа се случува само во кратки временски интервали и на одредени локации, додека посочената апликација ги регистрира само највисоките вредности постигнати во одреден момент.„Сакаме да ја информираме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот, кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје е во постапка на набавка на 40 нови еколошки автобуси, инвестиции во електромобилноста, како и во подобрување на инфраструктурата и на условите за користење на велосипедот како превозно средство. За првпат минатата година во неколку наврати во случаи на екстремно загадување, Град Скопје овозможи бесплатен јавен превоз за сите, за да го дестимулира возењето автомобили“, велат од таму.Од аспект на греењето, од Градот Скопје велат дека е формирано новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности и ја реализира постапката за преземање на градската топлификациска мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје. Покрај ова, велат од таму, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и други течни горива, да набават печки на пелети, кои загадуваат далеку помалку.„Од аспект на контролата, инспекциските служби на Град Скопје се на терен нонстоп, контролирајќи ги лицата кои креираат и ги палат дивите депонии, каде што активностите на терен резултираа со двојно повеќе казни во однос на истиот период лани. За првпат се користат дронови за мониторирање на изворите на загадувањето, а минатата година беше формиран и 193 центарот за елиминирање на отворени огнови кај бездомни лица. Иако расчистувањето на дивите депонии не е работа на Градот, туку на општините, сепак, од Град Скопје во 2018 се исчистени над 3000 метри кубни диви депонии, далеку повеќе од 2017 (375 м3)“, велат од тамуОд таму апелираат и до преостанатите државни институции, до општините во Скопје и до граѓаните да се вклучат во борбата против загаденоста на воздухот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека располага со видеа како се праќале пораки на работниците да гласаат на референдумот

Криминалната и одродена власт има само една цел, а тоа е да ги натрупаат сопствените банкарски сметки преку брутален грабеж на државата и народот. Половина од мандатот го потрошија на криминал, милионски тендери во четири очи и распродажба на националните интереси, велат од  ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до јавноста.„Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е аболициран четири пати за криминал. Еднаш за „Глобал“ во висина од 8 милиони евра, вторпат за случајот „Поткуп“ познат во јавноста како “евро за Вицето, евро за црквата“, трет пат за Пуч и четврти пат за барање упатено до бизнисмените да вршат поткуп на граѓани да излезат на референдум, за што постојат и видео докази. Јавното обвинителство иако најави истрага за предреферендумскиот повик на Заев за поткуп од страна на бизнисмените епилог се уште нема. Постои видео инсерт од предреферендумскиот собир на Заев во Крива Паланка, каде што Заев вели: – Денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се отвораат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците – се навесува во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_5072

Трет ден Моден викенд Скопје

Скопје (04.11.2018) Студентите од Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ („Сивус едукативен иразвоен центар“ ) ги прикажаа своите финални колекции работени под менторство на дизајнерите НиколаЕфтимов, Никола Булески-Буле и Александра Јовановска, вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“.Емануела Трајческа со колекцијата „Оклоп“, Натали Наумова со „Still“, Катерина Тошева со колекцијата„Огледало“, Мила Спасовска со „Плима“, Марија Десподовска со „Movement“ и Сара Реџиќ со колекцијата„Малиот принц“.Познатиот бренд за италијански накит „SIGMA“ на вчерашната ревија ја донесе новата колекција насловена„Future now“ која трасира нова љубов кон златниот накит, истакнувајќи го личниот стил, префинетоста иелеганцијата на една жена.„Визијата да се биде мост меѓу минатото и сегашноста е инспирација за новите парчиња уникатен златеннакит, почнувајќи од нови флорални елементи кои совршено се вклопуваат во традиционално-модернитеформи на накит до футуристички форми кои црпат мотив од основните форми во природата. Квалитетот инапредната технолошка доработка се главните императиви при креирање на секое парче накит.“, велат од„SIGMA“.За прв пат на Моден викенд ги видовме „Matrons dresses“ и колекцијата за есен/зима 2018/2019 „Magicalfeathers“ составена од 20 креации.Третата вечер на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје заврши со ревијата на Олгица Ѓоргиева иколекцијата „Bridges“ поддржана од „БИСИ“, „Soul Kitchen Bar“ и „Bella Vista“. Креациите беа надополнети сочевли од „Shevro“.„Мостот е структура која е изградена преку железнички станици, реки, патиштата за да можат луѓето дапоминат од едно место на друго. Симболичното значење од многу аспекти е разработено на еден суптиленначин во најновата колекција. Низ историјата па и денес, мостовите се конекција за многу работи во нашетосекојдневие: мост на пријателство, мост на љубовта, на емоции, мост со самиот себеси, мост на соработка ...листата е долга.“, ќе рече за својата колекција Ѓоргиева.Вечерва се затвора осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје со ревиите на „error kolektiv“ инивните три брендови: „Atami“, „Em Ellephantski“ и „[0.10] error of harmony“, Сара Реџиќ и АлександраЈовановска во „Скопје Мериот Хотел“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
kardioloski1

Заради дефект на томографот, пациентите од Охрид се препраќаат во Скопје

Пациент во критична состојба пред неколку дена е префрлен од Охридскиот центар за кардиоваскуларни заборувања на Клиниката за кардиологија во Скопје, затоа што во охридската установа речиси еден месец не работи ангиографот, дознава Алсат. Овој апарат се користи за третман на пациенти со акутен инфаркт и за стентирање.„Веднаш е дијагностицирано проширување односно аневризма на торакална аорта и како таков пациентот имал потреба од ургентен третман кој за жал во овој момент во делот на дијагностиката не сме можеле да го пружиме заради дефект на апаратот. Пациентот е и благовремено дијагностициран и упатен за Клиниката за кардиологија за понатамошен третман“, вели Никола Бакрачески- кардио хирург.И други пациенти се препраќаат во Скопје во зависност од итноста. Оние со закажани термини за интервенции се известени дека нивната интервенција се одлага.„Не е сеедно дали пациентите ќе патуваат или ќе бидат третирани во рамките на половина час, еден или два часа од појавата на симптомите или ќе мора да бидат транспортирани до клининиката за кардиологија во Скопје што ќе додаде дополнително време што секако пациентите ќе бидат изложени на ризик“, додава Бакрачески.Раководството на болницата уверува дека апаратот наскоро ќе биде ставен во функција.„Веднаш се известени сите здравствени институции.Веднаш е известено Министерството за здравство и Министерот и во заедничка координација започната е ургентна постапка за набавка на нов дел кој е во дефект. Очекуваме до крај на месецот или почеток на декември ангеографот да профункционира. Имаме случаи кои што претходно се згрижуваат тука им се дава терапија и понатаму се транспортираат на клиниката за кардиологија“, вели Елена Ковачевска- директор на болницата.Во Центарот за кардиваскуларни заболувања во Охрид, кој е втор по големина по скопскиот, се вршат околу 1600 интервенции годишно или пет пациенти дневно. Го покрива Југозападниот дел на Македонија, а доаѓаат пациенти и од Источна Македонија и Албанија. Според информации на Алсат, веќе три месеци не работи ваквиот апарат и во Струмица.Извор: Алсат М

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture

Енормно загадување во Ѓорче Петров

Апликацијата ,,Мој воздух“, преку која се информираме за загаденоста на воздухот во Скопје, но и во Македонија, утрината покажува неверојатни 1999 ПМ честички во воздухот во Ѓорче Петров.Другите вредности во скопскиот регион се во граница на нормалното, па е нејасно од што е загаден овој дел каде е поставена мерната станица или пак се работи за некаква грешка.Aпликацијата ,,Квалитет на воздухот“, поставена на веб страницата на Министерство за животна средина не работи.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања