Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Google ја запира социјалната мрежа Google+

Google објави дека ќе стави крај на корисничката верзија на својата онлајн социјална мрежа, откако поради „баг“ во системот беа откриени лични податоци на повеќе од 500.000 корисници.Американскиот интернет гигант изјави дека ќе ја прекине работата на Google+ за корисниците, која го загуби натпреварот со Facebook.Портпароло на компанијата рече дека сериозните предизвици во креирањето и управувањето со Google +, за да се исполнат очекувањата на потрошувачите, како и нискиот интерес, се причина да се преземе овој потег.

Магазин | пред 7 години

7 год.
novinar

Мистеријата на исчезнатиот новинар: Турција сака да влезе во конзултатот на Саудиска Арабија

Турција побара дозвола од конзулатот на Саудиска Арабија во нивните простории да го побара исчезнатиот саудиски новинар.Турски државни функционери за Ројтерс изјавија дека веруваат дека исчезнатиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул. Претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека лично го следи случајот со исчезнатиот новинар.На британската агенција неименуван турски функционер ѝ кажа дека претставникот на Саудиска Арабија во Анкара бил повикан во министерството за надворешни работи на разговор по втор пат за една недела.Од него било побарано турските дипломати да бидат целосно и постојано информирани за случајот.

Свет | пред 7 години

7 год.
kosovo

Партијата на Харадинај му порача на Тачи дека и тој може да биде сменет

Потпретседателот на партијата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, Алијансата за иднината на Косово (ААК), Ардиан Ѓини, му порача на косовскиот претседател Хашим Тачи дека е „сосема возможно“ и самиот Тачи да биде урнат од позицијата претседател на  државата, јави дописникот на МИА од Приштина.Ѓини, во денешното интервју за телевизијата Т7, по повод вчерашната изјава на Тачи дека Харадинај може да биде сменет од функцијата претседател на Владата доколку продолжи да се спротивставува на идеите за „корекција на гранциите“ со Србија, рече дека „секој може да биде сменет, па така и претседателот Тачи“.При тоа, потпретседателот на партијата на Харадинај нагласи дека Тачи нема никаква законска моќ да го смени премиерот.– Тачи треба да биде по експлицитен. Постојат процедури за уривање, покрај политичките калкулации. Нема функционер кој добил позиција, било преку избори или именување, кој не може да биде сменет. Секој може да биде разрешен, изјави Ѓини.По вчерашната изјава на Харадинај дека „идејата за корекција на границите е мртва“, при што изрази и сочувство до заговорниците на таквото решение за споровите со Србија, Тачи му порача на премиерот дека „треба да се коригира“ и дека „тие што не се корегираат се сменуваат“.Самиот Харадинај денеска им изјави на новинарите дека „тој што сака да ја урне владата нема да зборува, туку ќе го стори тоа“.Косовскиот премиер, како и најголемиот дел од владејачките и опозициските партии и од јавноста во Косово од самиот почеток остро се спротивставуваат на идеите кои ги промовира Тачи за промени на границите со Србија, како дел од конечното решение на споровите меѓу двете земји.Решението што го нуди Тачи со размена на територии, изразено преку декларативната заложба за „корекција на границата“, има поддршка и од српскиот државен врв, пред се од претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кои тоа го нарекуваат „разграничување со Косово“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Три денари интервентна субвенција за производителите на јаболка

Интервентна субвенција од три  денари за килограм ќе добијат производителите на јаболка што ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од пет денари за килограм, одлучи Владата на денешната седница.Како што соопшти Министерството за земјоделство, со новата субвенција не само што ќе им се овозможи на земјоделците да имаат рентабилно производство, туку ќе се создадат услови и за откуп на целата количина произведени јаболка.– Владата ја донесе оваа одлука за да им се излезе во пресрет на производителите на јаболка особено во преспанскиот регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди. Поради штетите од врнежите на град во преспанскиот регион каде се засадени поголеми површини со јаболко и има оштетување на голем дел од плодот, економската вредност на родот е намалена и може да се употреби исклучиво за индустриска преработка – наведува Министерството.Проценките се дека поголема количина индустриско јаболко нема да може целосно да се преработи во преработувачките капацитети.– За да се овозможи откуп на целата количина, Владата одлучи да се воведе оваа нова субвенција од три денари за килограм која е резултат на повеќето средби кои министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со тимот од МЗШВ ги одржа изминатиов период со производителите и откупувачите на јаболка – стои во соопштението.Се дополнува и дека денешната нова субвенција е петта мерка која Министерството за земјоделство ја носи за овоштарството.МЗШВ потсетува дека годинава за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал, а за реконструкција кај овошните насади, особено кај јаболката за промена на асортимент, се воведе нова поголема субвенција од 9.900 денари. За промена, пак, на производството од житни во овошни култури земјоделците ќе добијат 30 отсто повисока субвенција по хектар. Дополнително, во годинашната Програма субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети за овошје е зголемена од два на три денари за килограм. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утре ќе заседава Комисијата за уставни прашања

Утре напладне ќе заседава Комисијата за уставни прашања, а во понеделник е закажана 61-та пленарна седница на Собранието, со единствена точка на дневен ред – Предлог за пристапување кон менување на Уставот. Според роковите, Комисијата може да расправа 10 дена, по што извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.Премиерот Заев денска не откри дали веќе е обезбедено двотретинското мнозинство потребно за измени на Уставот, но како што најави, уште на самите дискусии во Собранието, ќе може да се забележи кои од пратениците би ги поддржале уставните измени. Доколку не се обезбеди мнозинството од 80 пратеници, Заев не ја отфрла можноста за предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

МНР потврди: Двајца Македонци загинаа во сообраќајката во Србија

Министерството за надворешни работи потврди дека во двете страшни верижни несреќи, што се случија на автопатот Белград-Ниш во двата правца, загинаа двајца Македонци.„Во моментов имаме телефонска потврда од полицијата во Јагодине дека, за жал, двајца македонски граѓани загинале во сообраќајната несреќа. Како што е вообичаената процедура, ние не ги соопштуваме имињата на загинатите, само потврдуваме дека се случило“, соопшти МНР.Повеќе од 35 лица беа повредени во страшен верижен судир, а повеќе од 40 возила беа оштетени.Некои од возилата се целосно уништени, до непрепознатливост.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protest

Протест во Аеродром против изградба на зграда кај „Мајчин дом“

Жители на општина Аеродром попладнево се собраа пред паркот кај Мајчин дом и го блокираа булеварот „Јане Сандански“, во знак на протест против изградбата на деветкатница.Насобраните граѓани бараат да не се гради деветкатницата и велат дека се изреволтирани од предизборните ветувања на градоначалникот Златко Марин. Тие извикуваа „нема правда, нема мир“, а на полицијата и викаа „кого штитите“.Од иницијативата „Сакаме Аеродром да дише“, бараат оставка од градоначалникот Марин, посочувајќи дека никој не се грижи за здравјето на децата.Градоначалникот Златко Марин, денеска на прес-конференција, рече дека не може да ги сопре градежните работи и ги повика граѓаните слободно да протестираат и искажат својот став.

Скопје | пред 7 години

7 год.
bosna1

Црните појаси на колена пред обоените појаси од “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, на Босна ОПЕН 2018

Викендов во Добој БиХ се одржа традиционално еден од поквалитетните А класа Теквондо ИТФ турнири на Балканов. На овај турнир учествуваа околу 350 натпреварувачи од 28 клубови од 7 земји во регионов, Србија, БиХ, Словенија, Хрватска, Словачка, Аустрија и Македонија.На овај престижен турнир учествуваше Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со 8 натпреварувачи кои натпреваруваа во 2 дисциплини, форми и борби поединечно.Поради обврски на училиште не беа во можност дел од нашите натпреварувачи да дојдат на овај престижен турнир. На овај турнир можеме да се пофалиме дека сите наптреварувачи се закитија со медали од кои само тројца не се закитија со по 2 медали.Можеме да се пофалиме дека нашите натпреварувачи блеснаа во најубаво светло  каде прикажаа извонредна техника,  борбеност  и шампионски дух, со што добија најголеми пофалби од сите тренери кои беа присутни на овај турнир.Можеме да се пофалиме дека некои наши натпреварувачи во полуфиналните и финалните борби се сретнаа со црни појаси и со репрезентативци на други држави кои имаат учествувано на европски и светски, но тоа не беше никаква препрека за нашите херои, кои  без проблем и атрактивно ги поразија нивните  противници, при што Мари Крстески , Антонио Јанески и Стефан Каланоски докажаа дека квалитетот на нашата школа е врвен а воедно се потенцијални репрезентативци на Македонија се надеваме за брзо време, исто така за пофалба е и Елена Јанеска која се закити со 2 златни медали, која требаше да земе и пехар за најдобра кадетка, но пристрасноста беше појака кај судиите , а Божидар Димитриевиќ повторно се враќа во елемент кој влезе во повозрасна  категорија, но тоа не му сметаше да го одработи мајсторски овај турнир . Истотака можеме да се пофалиме дека имавме една од ретките прилики да се вратиме со најмногу златни а најмалку бронзени медали , што многу ретко се случува.Од овај престижен турнир се вративме со 6 златни медали, 4 сребрени и 3 бронзени, вкупно 13 медали. За квалитетот на нашите натпреварувачи и сите наши успеси  е најзаслужен нашиот генерален спонзор:“ПН МЕТАЛ”, кој и овај пат ни овозможи да одиме на овај престижен турнир , при што користам прилика во име на клубот да изразиме најголема благодарност до него, вели Марјанчо Лазаревски- тренер и претседател на клубот. Освојувачи на медали се: Елена Јанеска1 место –злато борби -50 кг кадетки 11-13 години1 место –злато форми жолт појас кадетки 11-13 години Антонио Јанески: 1 место –злато борби -60 кг јуниори  14-15 години2 место –сребро форми зелен појас јуниори  14-15 години Стефан Каланоски:2 место –сребро борби -57кг јуниори  16-17 години1 место –злато форми зелен појас јуниори  16-17 години Божидар Димитриевиќ:2 место –сребро борби  + 65 кг јуниори  14-15 години2 место –сребро форми плав  појас јуниори  14-15 години Јане Димов:3 место –бронза борби + 75 кг јуниори  16-17 години1 место –злато форми зелен појас јуниори  16-17 години Марио Крстески:1 место –злато борби -45 кг кадети 11-13 години Давид Крстески:3 место –бронза борби -40 кг кадети 11-13 години Филип Трифуноски:3 место –бронза борби +60 кг кадети 11-13 години

Спорт | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Полицијата трага по 67-годишен маж од Скопје

Полицијата трага по 67-годишен маж од Скопје. Како што информира МВР вчера во 20 часот во Полициската станица Гази Баба С.А. (44) од Скопје пријавила дека на 1 октомври во непознат правец се оддалечил А.Д. (67) од Скопје. Се превземаат мерки за негово пронаоѓање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
lancani-830x0

(ВИДЕО) Шестмина загинати во верижен судир кај Јагодина

Најмалку 6 луѓе го загубија животот, а околу 30 се повредени во верижен судир на автопатот Белград – Ниш, во близина на Јагодина.Причина за оваа голема несреќа најверојатно е густата магла поради која видливоста била намалена на околу 10 метри.Како што е наведено во соопштението од српското министерство за внатрешни работи, околу 7 часот и 20 минути дошло до судир, во двете насоки на автопатот, во сударот биле вклучени повеќе возила и според претходните информации кои биле објавени, животот го загубиле шест лица.„Се движев од правец на Ниш со нормална брзина. Имаше голема магла и ништо не се гледаше. Почнав веднаш да кочам до камионот пред мене, застанав и излегов. Автомобилите веќе почнаа да се удираат“, сведочеше за РТС еден од возачите.Помеѓу повредените има и странци, а спасувачите успеале да ги извлечат од автомобилите сите лица кои биле заробени во своите возила. Дел од поврдените се пренесени во болницата во Јагодина, а дел се однесени во околните болници. Двете насоки од автопатот се блокирани и се формирани километарски колони од возила, а блокирани биле, како што пишуваат спрските медиуми и околните сообраќајници бидејќи сообраќајот се пренасочувал по други улици.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Mаж прегазен со камион при градежни работи

Четириесет и тригодишен маж е прегазен со камион при изведување градежни работи во Куманово. Според полицијата, вчера околу 14 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Бајрам Шабани“, каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, Џ.Ј. (46) од село Липково-Кумановско, движејќи се наназад со товарно моторно возило „мерцедес“ го прегазил Ќ.А.(43) од село Отља.Тој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Опожарени 30 броила во Скопје

Триесет броила се опожарени во зграда во Скопје. Според полицијата, вчера во 17,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ѓ.Ѓ. пријавил дека истиот ден околу 14,30 часот на улицата „Христо Татарчев“ од непознати причини во влезот од зградата кај струјомерите избил пожар, при што биле опожарени околу 30 броила.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат во 15,30 часот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
fernando-alban-620x350

Опозициски политичар од Венецуела бил затворен во зграда, па скокнал од десеттиот кат

Опозицискиот политичар од Венецуела, Фернандо Албан, изврши самоубиство со скокање од десеттиот кат на зградата на разузнавачката служба (Себина), каде што тој беше затворен под сомнение за вмешаност во експлозијата на воената парада во почетокот на август, соопшти министерот за внатрешни работи во понеделникот.Педесет и шестгодишниот Албан, официјален претставник на градското собрание на Каракас, беше затворен минатиот петок за наводна вмешаност во експлозијата на две беспилотни летала во почетокот на август за време на воената парада предводена од страна на претседателот Николас Мадуро, објави министерот Нестор Реверол на Твитер.„Кога требаше да биде однесен на суд додека беше во чекалната во Себин, тој скокна од прозорецот и падна смртно страдајќи“, напиша Реверол.https://twitter.com/Villca_FDEZ/status/1049395700700782593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049395700700782593&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fekonomija%2Fsvet-ekonomija%2F%25d0%25be%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2587%25d0%25b0%25d1%2580-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2586%25d1%2583%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25b7%2FВерзијата на настаните на министерот малку се разликува од онаа на главниот обвинител Тарек Саба, кој во изјавата за телевизијата рече дека Албан побарал да му дозволат да оди во тоалет, од каде што скокнал.Опозициската партија „Правдата на прво место”, чиј член беше Албан, тврди дека одговорноста за смртта на Албано ја има владата на Мадуро. 

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Помогнете му на мојот батко прв пат да ми дојде на роденден

Кристијан Андреев е дете на 14 годишна возраст кој боледува од многу тежок облик на аутизам и епилепсија, пишува Досие.Закажани се 3 сесии – операции на матични клетки во Истамбул Турција кои ќе чинат 38600 евра. За неговите родители сумата е преголема и бараат помош од хуманите граѓани. На социјалните мрежи е објавена и снимка од сестрата Јована која бара помош за малиот батко прв пат да и дојде на нејзиниот роденден, да не ја гребе и штипи и да не ја куби.https://www.facebook.com/vesna.dojcinovaandreeva/videos/10210324213261653/Броевите за донација се 070-143-161 за Т-Мобиле i 143-463 за ВИПжиро сметка за уплата на средства : 210-7000006478-05 за Македонија и IBAN CODE MK 07210501699259629 SWIFT TUTNMK22 NLB BANKA AD SKOPJE !!

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажа дека кариерата на Заев е поважна од државните и националните интереси

„Македонскиот народ избра да не го менува името на државата и националниот идентитет. Одлуката на Зоран Заев да ги иницира уставните измени за бришење на Република Македонија е газење на сопствениот народ, негово потценување и негирање. Мора Заев да е страшно уценет за криминалите што ги има сторено штом се откажува од народот и се оди спротивно од изборот на граѓаните.СДСМ продолжува со самоволието и кршењето на законите и Уставот. Владата на Заев срамно се одлучи да не ја почитува волјата на граѓаните кои рекоа не на капитулантскиот договор од Преспа. Над 1,2 милиони граѓани јасно рекоа не на промената на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија, рекоа не на политиките на владата на СДСМ и Заев.Маските се паднати, а криминалниот картел на власта си го покажа вистинското лице. Владата на СДСМ е најголем заштитник на криминалот во Македонија. Заев ја одби подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ и шансата да докаже и покаже дека навистина сака да се бори против криминалот и корупцијата во државата.Неприфаќањето на предлогот за формирање на независно обвинителство докажува дека оваа власт е промотор на криминалот, неправдата и беззаконието и е во коалиција со криминалното подземје во Македонија.СДСМ уште еднаш покажа дека кариерата на Зоран Заев е поважна од националните и државните интереси и не се откажува од капитулантскиот договор со Грција. СДСМ одбива да ја испочитува волјата на 1,2 милиони граѓани кои преку апстиненцијата на референдумот и дадоа јасен сигнал на власта дека не се согласуваат со промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија.Заев е исплашен човек. Се плаши бидејќи знае дека нема поддршка од граѓаните за неговите политики. Тој се плаши од фер и демократски избори на кои народот ќе го испрати во политичка пензија и ќе му стави крај на неговата неславна политичка кариера, а Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
43500716_547929718998766_8994162963845742592_n-696x392

Забранет настап на македонска претставничка на Младински Олимписки игри поради зголемена тежина

Македонскиот Олимписки комитет информира дека Анамарија Георгиевска нема да настапи на Младинските олимписки игри Буенос Аирес 2018, поради проблем со тежината, пишува Фокус.Георгиевска, која со нашата делегација веќе е во Буенос Аирес, и го носеше знамето на свеченоста на отворањето на игрите, требаше да настапи во таеквондо, во категоријата -55 килограми. Како што информираат од комитетот, проблем биле 500 грама повеќе од дозволеното, по што не добила дозвола за настап.-Анамарија, на 6 Април 2017 година, доби покана од страна на Меѓународниот Олимписки комитет (ИОК) и Светската Таеквондо федерација (СТФ) да настапи на МОИ Буенос Аирес 2018. Во тој период, таа имаше 54 кгр. и беше пријавена во категоријата -55кг. Мора да се истакне дека во тој период беше тешко да се предвиди како таа ќе се развива и дали ќе биде една или две тежински категории погоре за време на МОИ. Во меѓувреме, Анамарија Георгиевска во 2018 година оствари историски резултат за македонскиот спорт и освои јуниорски бронзен медал од светско првенство во Тунис во категорија -59кг.Македонскиот Олимписки комитет и Македонската Таеквондо Федерација испратија бројни дописи до ИОК и до СТФ за промена на категоријата во која таа ќе учествува, но за жал сите можни обиди и дописи за да се промени категоријата на овие игри за Анамарија беа одбиени од страна на СТФ. Анамарија, во консултации со својот тренер и лекарската екипа во МТФ, го прифати тој предизвик иако тоа значеше напорен период и за неа и за нејзините тренери. Вчера, на официјалното мерење, на Анамарија и беа измерени 500 грама повеќе од дозволеното со што таа не доби дозвола за настап.Веруваме дека ова ќе претставува уште еден силен мотив за Анамарија да биде уште подобра и да биде уште поодлучна во своите планови да биде бр.1 во светот – информираат од МОК.На втори октомври, најдобрата млада Олимписка делегација имаше свое свечено испраќање на третите Младински олимписки игри Буенос Аирес 2018 (6-18 Октомври 2018 година), а на четврти октомври тие пристигнаа во Буенос Аирес, во младинското олимписко село.На свеченото испраќање одржано во ПАРК ХОТЕЛ &СПА, присуствуваше претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски, спортскиот директор Владимир Богоевски, М-р Даниел Димевски Советник за спорт на Претседателот на Владата на република Македонија, претставници на Националните спортски федерации, тренери, спортисти и новинари.Спортистите кои долго време се подготвувале за Младинските Олимписки игри, финансиски во целост се помогнати од страна на Македонскиот Олимписки Комитет.Анамарија Георгиевска-таеквондо го вееше македонското знаме на свеченото отварање на Младинските Олимписки игри. Покрај Анамарија, чиј тренер е Борче Костовски, на МОИ во Буенос Аирес се следните млади спортисти:КАРАТЕ (СПОРТИСТ): ФАХИК ВЕСЕЛИ – освоена “А“ Олимписка нормаКАРАТЕ (ТРЕНЕР): АЛЕКСАНДАР КУЗМАНОВСКИЏУДО (СПОРТИСТ): ХАМЗА ЈАШАРИ – освоена “А“ Олимписка нормаЏУДО (ТРЕНЕР): ИГОР ПАСКОСКИАТЛЕТИКА (СПОРТИСТ): БЕРАТ МУСТАФААТЛЕТИКА (ТРЕНЕР): БЕЏЕТ ТОЧИПЛИВАЊЕ (СПОРТИСТ): МИА КРСТЕВСКАПЛИВАЊЕ (ТРЕНЕР): ЈАНЕ КАРАЈОВАНОВБОРЕЊЕ (СПОРТИСТ): ДРАГАН ВЕЛИНОВБОРЕЊЕ (ТРЕНЕР): СУФИЈАН ИСМАИЛИМакедонската делегација е предводена од шефот на мисија Владимир Богоевски – спортски директор на Македонски Олимписки Комитет.

Спорт | пред 7 години

7 год.
21111

Почина кучето во Грција кое осум години го чекаше сопственикот да излезе од супермаркет

Хачико, кучето од Крит кое го чекаше својот сопственик да излезе од супермаркет, почина после осум години.За последните осум години, кучето одело секое утро во локален супермаркет во селото Пателлес, Крит трпеливо го чекал својот сопственик, кој починал од срцев удар во истата продавница пред осум години.Верното куче преку целиот ден било пред супермаркетот, а во вечерните часови се враќало во својот дом.Со текот на годините, здравјето на старото куче се влошувало, а сепак, секој ден одело во маркетот каде што последен пат го видело неговиот сопственик. Соседите кои се грижеа за него сите тие години, одлучија со евтаназија да го усмртат кучето.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возило удрило во столб, па во паркирано возило и во пешак

Три лица се повредени во Куманово, кога автомобил удрил во бетонски столб, потоа во друго паркирано возило и на крај удрил во пешак. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 7 часот во Куманово на улицата „Тоде Думба“.Патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ.(74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано возило „sеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К.(37) и во пешак Т.А.(71) од Куманово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Европската Народна Партија разочарана од ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, преку својот Твитер профил упати пораки до најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова семејство на европски десничарски партии.„Се очекува важна одлука за иднината на поранешната Југословенска Република Македонија и целиот регион во рамките на ЕУ и НАТО. Останувам разочаран од улогата на опозицијата во овој процес досега, конструктивната соработка мора да преовлада над бојкотот. Дијалог меѓу власта и опозицијата е неопходен, бидејќи ова е важен дел од полноправна демократија, напиша Дол на Твитер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idiot-1

Предлогот за измена на Уставот пристигна во Собранието, Џафери треба да свика седница

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насока за негово изменување и дополнување што Владата го усвои на вонредна седница веќе пристигна во Собранието, потврди собранискиот претседател Талат Џафери.„Само што ми стигна порака дека материјалот е добиен во Собранието. Сѐ уште не сум го видел текстот, но се надевам дека е ист со оној што е објавен на веб-страницата на Владата”, рече Џафери во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на ТВ Телма.Во контекст на Уставот и Деловникот, како што кажа, определени се надлежности и надлежни институции кои може да покренат иницијатива за пристапување кон уставните измени.„Претседателот на државата, Владата, 30 пратеници или 150 илјади граѓани со свои потписи, со овластен претставник може да покренат иницијатива за уставни измени и во членот 194 од Деловникот е пропишана формата и содржината на предлогот на одлуката за пристапување, кои елементи треба да ги содржи. Тоа што го видов во меѓувреме што е објавено од Владата и што е донесено во Собранието ги исполнува формалните услови да може да се има предмет на покренување постапка во Собранието. Во тој контекст мислам дека сѐ е легитимно, легално, законски, уставно”, рече Џафери.Тој објасни дека по пристигнувањето на предлогот во Собранието во рок од три дена треба да се утврди дали ги содржи сите потребни елементи.„Ако одиме во редовна постапка, во рок од три дена треба да се согледа материјалот од формално-правен аспект, да се консултирам со службите и доколку одлуката ги има сите елементи да ја испратам до пратениците. Тоа може да го направам и за еден ден. Во моментот кога ќе го доставам материјалот до пратениците најкратко во редовна постапка може да свикам пленарна седница за 10 работни дена. Во тие 10 дена додека трае чекањето за пленарна седница треба  да свикам седница на Комисијата за уставни прашања каде сум претседател по функција и да го разгледаме предлогот на комисијата”, појасни Џафери.Роковите, додаде, можат да бидат и пократки.„На Комисијата пратениците може да говорат повеќе пати, но не повеќе од 20 минути вкупно. Ако порано се исцрпи дебатата на Комисијата се оди на пленарна седница”, рече Џафери.Тој уште додаде дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот или на 20 пратеници, но и претседателот на Собранието има можност да одлучи седницата да биде итна.„Можам да свикам седница и во рок пократок од 10 дена. Имајќи предвид дека се работи за тајминг кој треба да го исполниме по однос на обврските за уставни измени предвидени со Договорот и поканата за членство во НАТО, сметам дека нема потреба од 20 потписи на пратеници. Поради итноста на потребата можам да свикам седница и во пократок рок од 10 дена со тоа што ќе мора да водам сметка за работата на Комисијата за уставни прашања. Ако се случи дебатата на Комисијата да трае 10 дена ќе мора пленарната седница да се одложи додека трае дебатата”, изјави Џафери.

Македонија | пред 7 години

7 год.
manu

МАНУ ќе одбележи 51 година од основањето

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 51 година од основањето.Говор за Академијата ќе одржи нејзиниот претседател, академик Таки Фити, а по повод роденденот ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Јоланта Сујецка и Јуми Накаџима. Ќе биде отворена и изложба на изданија на МАНУ во тековната 2018 година.Македонската академија на науките и уметностите е основана во 1967 година и прв претседател бил Блаже Конески. Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата.Од формирањето МАНУ досега имала 154 членови, од кои 41 сега имаат статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mebel

Почнува 44. Саем на мебел, 70 изложувачи ќе ги претстават најновите трендови

Околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови ќе се претстават на годинашниот 44. Саем на мебел којшто од денеска до недела ќе се одржува во комплексот на ВИП арената Борис Трајковски.Најновите трендови во производството на мебел ќе бидат презентирани на вкупна површина од 8.000 кадратни метри. Ќе бидат поставени две мултифункционални енергетско-ефикасни монтажни објекти.Покрај изложувачите од Македонија, на годинашното издание на саемот ќе се претстават и изложувачи од Србија, Косово, Италија и Бугарија.Во рамки на саемот утре во органзиција на Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се организира дебата на тема „Оригинал и копија“ – колку е навистина важен автентичнот дизајн и колкава е потребата да се биде оригинален.Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер имаат распишано и конкурс за изработка на дизајнерски стол од дрво.Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а цената на влезниците е 100 денари, додека за организирани групни посети на ученици ќе изнесува 50 денари. За прв пат годинава, ќе може да се набави билет за и преку „МК тикетс“.За полесен пристап до саемот, ЈСП Скопје ќе воведе две вонредни автобуски линии со броеви 100 и 200 до ВИП арената „Борис Трајковски“. Автобусите со број 100 ќе сообраќаат на релација од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно, а автобусот бр. 200 ќе сообраќа од Дексион кон СЦ „Борис Трајковски“ и обратно.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Шест лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Шест лица се полесно повредени во девет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Од нив, во три имало повредени лица, а во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, како и седум возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за некористење на заштитен шлем.Санкционирани биле и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.Од сообраќај, биле исклучени вкупно 22 возачи, од кои четворица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 16 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани.Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 81 возило.

Скопје | пред 7 години

7 год.
eksplozija-u-ukrajini-3-620x350

Голема експлозија во Украина, евакуирани 10.000 луѓе

Рано утрово дошло до експлозија и пожар во складиште за муниција на Министерството за одбрана на Украина.Експлозијата се случила утрово околу 03:30 часот во регионот Чернигов, на 176 километри источно од Киев, при што се евакуирани околу 10.000 луѓе.https://twitter.com/anaijaz/status/1049532024455753729?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1049532024455753729&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F2997862-sabotaza-ili-nesrecan-slucaj-eksplodiralo-ukrajinsko-skladiste-municije-10000-ljudi-evakuisanoСе уште нема податоци за евентуални жртви и не е јасно дали станува збор за саботажа или до експлозијата дошло случајно.Од 04:22 по локално време, воздушниот простор на Украина е затворен во круг од околу 20 километри од складиштето.Во изминатите години забележани се повеќе големи пожари во слкладиштата за муниција и оружје во Украина, па според британската агенција, украинската војска се бори против проруските активисти на истокот од земјата уште од 2014 година.Минатата година поради голема експлозија во военото складиште во регионот Виницја, биле евакуирани 24.000 луѓе.

Свет | пред 7 години

7 год.
bageri-majcin-dom

Багерите на полноќ почнаа со копање кај Мајчин дом (видео)

Жителите на скопската општина Аеродром од полноќ на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска почнале да копаат на парцелата кај Мајчин дом, каде се планира голем станбено-деловен објект.Револтот на граѓаните е насочен кон градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој за време на кампањата за локалните избори бараше неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој објект, а сега самиот го дозволил. Жителите за денеска во 17 часот најавија протест и бараат оставка од Марин за неисполнетите ветување.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања