Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
devetkatnica

Вака ќе изгледа деветкатницата која ќе се гради кај „Мајчин дом“

Градежни работници со лимени тараби ја оградуваат парцелата за изградба на деветкатница кај „Мајчин дом“. За овој објект жителите на Аеродром алармираа дека ќе направи еколошка катастрофа бидејќи се гради на зелена површина, а за да се изгради, пак, паркинг за зградата, урбанистичкиот план предвидува сеча на дрворед и ново уништување на зеленилото.Стопирањето токму на овој објект и поништување на планот со кој е предвиден беше главен адут во изборната кампања на сегашниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тој како опозиционер што се бори за градоначалничка функција, на претходниот градоначалник му предлагаше решенија, како обесштетување на сопствениците на земјиштето со пари или компензација со земјиште на друга локација за да го заштити просторот од дополнително градење и да ги послуша граѓаните. Кога стана градоначалник, не само што самиот не ги премиени советите што му ги даваше на претходникот туку го смени и мислењето и во неколку наврати се оправдуваше дека не може ништо да преземе за да ја спречи градбата.Парцелата пред „Мајчин дом“ во Аеродром, со површина од 3.538 квадратни метри, пред десетина години како државно земјиште беше продадена и приватизирана, но без право на градење сè до донесувањето на спорниот план лани во октомври кога на локацијата беше предвидена деветкатница. Како сопственик на парцелата лани, по усвојувањето на планот,  фигурира компанијата „Масив констракшн“, која се поврзува со бизнисменот Орце Камчев, но сопственоста се смени на крајот на минатата година кога како сопственик на парцелата се појави Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги „ЗСФ – ком“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, сопственост на Фатмир Етеми, поранешен пратеник од ПДПА – НДП.Од „ЗСФ – ком“ не одговорија на прашањата дали веќе имаат одобрение за градење и колку пари од оваа фирма се слеале во буџетите на Градот и Општината по основ на комунали. Не одговори на прашањата за одобрението за градење ниту градоначалникот Златко Марин.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sudenje

Продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.На минатото рочиште беа сослушани четворица сведоци, кои ги објаснија нивните дејствија за време на протестите пред Собранието, како и на критичниот 27 април минатата година.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
princeza

Свадбата на принцезата Јуџин ќе чини два милиони фунти

Датумот за венчавката на принцезата Јуџин наближува и во медиумите веќе се шпекулира за приближна сума за раскошната прослава, на која се поканети 850 гости.Според медиумите, венчавката на внуката на кралицата Елизабета Втора ќе чини речиси два милиони фунти. Колачот, на пример, е со цена од 1.000 фунти. Тие, исто така, ангажирале добро познат оперски изведувач за соодветен надомест.Младоженецот и невестата ќе пристигнат во катедралата со отворена кочија и затоа се предвидени сериозни трошоци за обезбедување. Со ждрепка се избрани 1.200 лица, на кои ќе им биде дозволено да стојат во околината на катедралата „Сент Џорџ“, за да ги видат во живо гостите на свадбата и младоженците. Меѓу оние што беа поканети на церемонијата се Ед Ширан, Роби Вилијамс, Џорџ и Амал Клуни.За споредба, цената на свадбата на Меган и Хари, која исто така беше во катедралата „Сент Џорџ“, чинеше „скромни“ половина милион фунти. Но, тие имаа помалку од 250.Принцезата на Јорк, Јуџин е ќерката на принцот Ендрју – третото дете на кралицата Елизабета Втора и Принцот Филип, односно, таа е прва братучедка на принцот Хари и принцот Вилијам.Младоженецот Џек Бруксбанк е поранешен бармен и актуелен вински трговец. Тој и понудил брак на принцезата за време на нивниот одмор во Никарагва. Тие се заедно од 2010 година, кога ги запознал заеднички пријател.

Магазин | пред 7 години

7 год.
uragan

Флорида и Алабама се подготвуваат за ураганот Мајкал

Ураганот Мајкал се засилува и се очекува да прерасне во еден од најголемите урагани пред да стигне до Флорида до средината на неделата.Брзината на ветровите синоќа достигна до 178 километри на час. Бурата два до три дена ќе биде над Мексиканскиот Залив, каде е висока температурата на воздухот и има поволни услови за интензивирање на ураганот, соопшти Националниот центат за урагани на САД.Поради ураганот постои опасност од поплави на брегот на Флорида, а нивото на морето може да се зголеми до 3,5 метри. Во Флорида издадена е наредба за задолжителна евакуација, а во 35 реони прогласена е вонредна состојба.И гувернерот на соседната држава Алабама, Кеј Ајви прогласи вонредна состојба.

Свет | пред 7 години

7 год.
sulavesi

Нов земјотрес на индонезискиот остров Сулавеси

   Нов земјотрес со интензитет од 5,2 степени според  Рихтеровата скала синоќа е регистриран во индонезискиот град Палу, кој беше опустошен од земјотрес и цунами минатиот месец.– Епицентарот беше на длабочина од 10 километри од островот Сулавеси, соопшти портпаролот на Националната агенција за борба со катастрофи во Индонезија.Земјотресот, кој траел пет секунди, ги принудил жителите да ги напуштат своите домови.Во земјотресот што се случи на 28 септември, со интензитет од 7,5 степени, загинаа 1.948 лица, а властите стравуваат дека има уште стотици затрупани.Индонезискиот научник Гегар Прасетја пред неколку години предупреди дека регионот околу заливот Палу е изложен на опасност од тешка катастрофа при нови земјотреси поради комбинација од голем број неповолни фактори.  Тој препорача мерки за намалување на влијанието и изградба на станбени и индустриски локации во помалку опасни области.– Сега Владата мора да преземе мерки за намалување на ризикот пред следната катастрофа, порача Прасетја.

Свет | пред 7 години

7 год.
sad-tur

САД и Турција го засилуваат притисокот врз Ријад за исчезнатиот новинар

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изрази загриженост поради исезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција.- Се надевам дека се ќе се среди. Во моментов никој не знае ништо. Се шират лоши гласини. Тоа не ми се допаѓа, изјави Трамп.Претходно, американскиот сенатор Линдзи Греам ја предупреди Саудиска Арабија дека ако информациите за наводното убиство на новинарот се покажат како точни, тоа ќе има „разурнувачки“ последици врз односите меѓу Вашингтон и Ријад.Саудискиот новинар Кашоги исчезна на 2 октомври, откако дошол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул поради обезбедување документи кои му биле потребни за склучување брак. Од тогаш му се губи секаква трага.Турските власти обвинувааат дека Кашоги најверојатно бил убиен во Конзулатот и подоцна неговото тело било изнесено од зградата и однесено на непозната локација.- Полицијата во своите први заклучоци смета дека новинарот бил убиен во Конзулатот од група што дошла во Истанбул со таква намера и се вратила истиот ден, наведе полициски извор.Саудиска Арабија од своја страна ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека Кашоги го напуштил Конзулатот жив и здрав.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул треба да докаже дека Кашоги ја напуштил зградата.- Тие имаат многу камери... ако го напуштил местото, зошто тоа не го докажат, изјави Ердоган.За разлика од Турција, САД и другите саудиски сојузници засега се повнимателни во своите изјави и се воздржуваат од поостри коментари на сметка на властите во Ријад.Кашоги, кој живее во егзил во САД, е долгогодишен новинар. Тој во моментов е ангажиран во „Вашингтон пост“ и е познат по критичките текстови за саудиските власти. Во неговите текстови тој ја критикуваше Саудиска Арабија и поради војната со Јемен и спорот со Канада.Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-те години на минатиот век дури се обидувал да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мигранти влегле во домот на Дино Мерлин

Двајца мигранти синоќа упаднале во семејниот дом на Дино Мерлин во Сараево.Како што неофицијално пренесуваат босанските медиуми, мигрантите во куќата на Мерлин влегле преку прозорец, не обрнувајќи внимание на поставените камери.По нивното влегување, се огласил алармот, па двајцата крадци не успеале ништо да земат со себе.Полицијата за кусо време се појавила пред домот на пејачот. Мигрантите почнале да бегаат, но по потерата еден од нив бил фатен.Според известувањата на медиуми, мигрантот во себе немал никаков документ за идентификација.-Се работи за млад маж кој даде два датуми на раѓање. Еднаш наведе дека е роден во 1997 година, а вториот пат во 1998 година, вели извор за босанските медиуми.За време на обидот за кражба,  пејачот и неговото семејство не биле во куќата.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Грабар-Китаровиќ: Да го поддржиме европскиот пат на Србија и Косово

Србија и Косово треба да бидат поддржани на нивениот пат кон Европската унија, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.– Хрватска нема да се меша во разговорите меѓу Белград и Приштина, но ќе ги следи и охрабрува, истакна Грабар-Китаровиќ по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.Според Грабар-Китаровиќ сите, а посебно членките на ЕУ, мораат „да ги задржат Србија и Косово на патот на прегоовирте“.Осврнувајќи се на улогата на НАТО во Косово, хрватската претседателка нагласи дека Загреб се залага за продолжување на мисијата на КФОР се до целосна консолидација на безбедноста.– Хрватскиот контингент на КФОР ќе остане толку колку што ќе биде потребно, потенцира Грабар-Китаровиќ.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ММФ ги намали прогнозите за светската економија на раст од 3,7 отсто

  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за светската економија поради зголемувањето на каматните стапки и интензивирањето на тензиите во трговијата.Според прогнозите на ММФ, светската економија ќе забележи раст од 3,7 отсто оваа година, исто како и претходната. Сепак, тоа е помалку од предвидувањата на ММФ објавени во јули.Финансиската институција ги намали прогнозите за 19-те земји кои го користат еврото, како и за Латинска Америка, Блискиот Исток и Субсахарска Африка.ММФ очекува економијата на САД годинава да забележи раст од 2,9 отсто, но да забави до раст од 2,5 отсто следната година, поради намалувањето на ефектот од неодамнешните намалувања на даноците и трговската војна со Кина.ММФ ја намали прогнозата за еврозоната до раст од два проценти, наместо очекуваните 2,2 отсто, поради трговските тензии со САД и загриженоста во врска со Брегзит. Финансиската институција го намали проектираниот раст по вторпат оваа година. Во април, ММФ очекуваше раст од 2,4 отсто во еврозоната.Прогнозата за Јужна Кореја е раст од 2,8 отсто, наместо досегашните три проценти раст на БДП во четвртата светска економија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BeFunky-collage-8

ЕКСКЛУЗИВНО: Мицкоски повикан на разговори во Германија

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес треба да отпатува во Германија каде е повикан од страна на одредени политички субјекти на разговори поврзани со нановите случувања во државава, од како Владата до Собранието достави предлог за измени во Уставот со кои треба да почне имплементирање на договорот од Преспа.Мицкоски не одговори на прашање на „Скопје 1“ за тоа дали е повикан денес на средби во Германија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

( ФОТО ) Вака ќе изгледа зградата која ќе никне во Аеродром на местото од зеленилото

Вака ќе изгледа зградата која треба да се гради на местото од зеленилото Мајчин дом, во Општина Аеродром.И покрај бројните протести на жителите, но и предизборните ветувања дадени од градоначалникот Златко Марин дека зеленилото нема да се чепка, денес околу пладне градежната механизација влезе на зеленилото кај Мајчин дом, во Општина Аеродром и веќе станува извесно дека на парцелата сепак ќе никнува висококатница.,Златко Марин веднаш да се повлече од функцијата, затоа што не успеа да го исполни ветувањето кое го даде на Аеродромци! Парцелата пред Мајчин дом денеска е оградена и започнува изградба на осумкатница!“ реагираат од иницијативата „Аеродром сака да дише“.Од Општина Аеродром, во одговор за Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ кој изјави дека градоначалникот Марин за време на кампањата за референдумот го издал одобрението за градба на објектот, тврдат дека им биле врзани рацете.„Општината активно соработува со Уставниот суд, каде што се доставени сите потребни документи во однос на ДУП И 10, за кој се поднесени повеќе претставки. Уставниот суд до денес нема донесено никаква одлука за овој предмет, ниту го има ставено во мирување ниту го има поништено ДУП И 10“, соопштија вчера од Општината.„Во меѓувреме во Општина Аеродром е пристигнато барање за дозвола за градба на плацот пред ‘Мајчин дом’, што Општината е законски обврзана да го процесира во согласност со позитивните законски регулативи и параметрите на сè уште активниот ДУП И 10“, стои во соопштението од општината.

Скопје | пред 7 години

7 год.
drim

Во ХЕС„Црн Дрим“ произведени 544 милиони киловат часови струја

Во Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, што го сочинуваат хидролектраните „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, за девет месеци произведени се вкупно 544 милиони киловат часови електрична енегија.Оствареното производство е за 40 отсто поголемо од годишниот план на производство, што е резултат на исклучително поволната хидрологија, посебно во првата половина на годинава, како и подготвеноста на електромашинската опрема.– Во ХЕ„Шпиље“ произведени се 335 милиони киловат часови електрична енергија, што е за 311 отсто повеќе споредено со истиот период лани и 81 отсто повеќе од планираното за овој период од годината. Во ХЕ„Глобочица“ произведени се 209 милиони киловат часови што е за 308 отсто поголемо производство во однос истиот период лани и е 91 отсто повеќе од планираното за овој период од годинава. Во двете електрани производството е 40 отсто над годишниот план, потврдуваат за МИА надлежните во ЕЛЕМ.Во двете хоидроелектрани годишниот план на производство беше реализиран заклучно со месец мај.– Како резултат на позитивните показатели, оправдано се очекува годинава ХЕС„Црн Дрим“ да оствари рекордно производство на електрична енергија, од околу 640 милиони киловат часови електрична енергија. Гледано одделено во „Шпилје“ очекуваме производство од 394 милиони и во „Глобочица“ 244 милиони киловат часови, додаваат од ЕЛЕМ.Момененто во акумулацијата „Шпиље“ има резерва на вода за производство на 23 додека во ХЕ„Глобочица“ за околу 20 милиони киловат часови електрична енергија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kukan

Кукан: Ако има предвремени избори ќе биде „хаос“ во земјата

Ден пред гласањето за извештајот на Македонија во комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, европратениците разменија мислења за состојбата во земјата по референдумот за Договорот за името. Неколку тензии се појавија и со грчка европратеничка од Сириза.Европратениците утре ќе гласаат и за усмен амандман додаден од страна на известувачот, Иво Вајгл по 30 септември кој гласи дека се нотира исходот од референдумот и истакнува дека е потребна дополнителна поддршка за евроатлантската иднина на земјата и ратификацијата на Преспанскиот Договор. Пратениците ќе ја охрабрат Владата да ги преземе сите потребни чекори за почитување на одредбите од договорот, јави дописничката на МИА од Брисел.Во тој контекст, европратениците потенцираа дека во овој момент не се знае дали во Македонија ќе успее да се најде двотретинско мнозинство за усвојување на Договорот или ќе се оди на предвремени избори. Едвард Кукан, од Европската Народна Партија, порача дека доколку има промени во состојбите во Македонија, содржината ќе може да се адаптира кога извештајот за Македонија ќе се усвојува на пленарна седница на ЕП во ноември.– Мојата единствена забелешка е дека ако е потребно да се одржат предвремени избори ќе има хаос во земјата долго време, рече Кукан на дебатата за Македонија, додавајќи дека постои сериозна загриженост за земјата.Тој ја поздрави работата на Иво Вајгл и рече дека ќе го поддржи извештајот.Известувачот Вајгл посочи дека во Македонија ситуацијата е подобра од претходните години и дека Преспанскиот Договор го вратил оптимизмот во однос на земјата во ЕУ.Сега, рече тој, „ја барам вашата поддршка за усниот амандман кој го поднесов додека чекаме следните чекори да ги најави македонската Влада“.–  Поентата е да се продолжи да се поддржува приближувањето на земјата кон ЕУ и НАТО доколку таа желба биде изразена од страна на самата држава, рече известувачот.Европратеникот Кнут Флекенштајн од социјалдемократите изрази надеж дека Преспанскиот Договор нема да стане колатерална штета на можна политичка криза во земјата.Конзервативецот Чарлс Танок, од своја страна, порача дека без договор со Грција за спорот процесот на придружување на Македонија кон ЕУ ќе стане „академска вежба“.-Слушаме разни звуци од земјата, кои тешко се читаат, меѓутоа развојот од минатиот викенд покажува дека договорот можеби нема да се материјализира, се зборува за предвремени избори, и, како што кажа специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц, можеби ќе бидат потребни уште 25 години за нов договор ако оваа историска можност помине, рече Танок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уставните амандмани влегуваат во Собранието

Владата вечерва ја почна процедурата за уставните измени поврзани со Договорот од Преспа. Измените чиј предлагач е Владата влегуваат во Собранието, каде што се уште е нејасно дали е обезбедено потребното двотретинско мнозинство.Владата до Собранието го достави предлогот за пристапување кон уставните измени поврзани со Договорот од Преспа. По вонредната владина седница со само таа точка на дневниот ред, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски информираше дека се работи за четири измени во Уставот.Прво се додава придавката “Северна” пред Република Македонија, второ се менува преамбулата во која ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, трето во делот за границата ќе се дeкларира “почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, информираше Бошњаковски.Тој појасни и декаво делот за Македонците и дијаспората во странство ќе се декларира “грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во каква било форма и заради било каква причина”.Сепак владиниот портпарол не прецизираше дали веќе обезбедиле двотретинско мнозинство во Собранието кое е потребно за уставни измени туку рече дека тие како Влада го почнале процесот.“Очекуваме дека пратениците во Собранието ќе го следат гласот на народот, тоа што граѓаните го одлучија на 30 септември, тоа што ние денес го започнуваме како процес, тоа што е стратегиски интерес на Република Македонија, зачленување во Европската унија и во НАТО, документот оди во Собранието и очекуваме дека веќе од утре пратениците ќе почнат со работа и ќе се изјаснат” рече Бошњаковски.Ваквиот владин предлог доаѓа во период во кој не се знае дали и колку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат уставните измени. Во јавноста постојат гласини за преговори со пратеници од опозицијата и дека дел од нив биле спремни да гласаат, но никој официјално не го потврдува тоа.Ниту потпретседателската на Собранието и пратеничка од СДСМ Фросина Ременски која одржа прес конференција по Бошњаковски не кажа дали имаа обезбедено двотретинско мнозинство туку ги повика сите пратеници да гласале.„Не можам експлицитно да одговорам дали го имаме потребното мнозинство, но фактот дека се пристапува кон измени на Уставот значи потенцирање на одговорноста на пратениците да пристапат кон почитување на волјата на мнозинството кои гласаа на референдумот. Не сметам дека Собранието треба да пристапува кон организирање на тајни гласања, бидејќи сите треба да застанеме пред сопствената одговорност за тоа каква иднина сакаме“,рече РеменскиВикендов претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не даде конкретен одговор на прашањето за шпекулациите дека власта се обидува да убеди пратеници од неговата партија да гласаат за уставните измени.Мицкоски рече дека самиот факт што во јавноста имало сомнеж дека некој тргувал со правдата и правото говорело дека во оваа држава ниту имало правда, ниту имало правдина.“Не би коментирал понатаму”, рече Мицкоски одговорајќи на прашањето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gastronomija

Охрид домаќин на Мишелин готвачот Џорџо Дијана на Taste Ohrid 2018!

За првпат оваа година љубителите на планинските спортови и одличната храна ќе можат да учествуваат на Taste Ohrid 2018, кој ќе се одржи од 12 до 14 октомври на повеќе локации низ Охрид.Италијанскиот шеф со Мишелин ѕвезда, Џорџо Дијана, за првпат ќе гостува во Македонија, а честа да ги пробаат неговите специјалитети ќе им припадне на сите оние кои ќе бидат дел од специјалната вечера во ресторанот на Su Hotel во сабота, на 13-ти октомври.Меѓу другите гостински готвачи кои ќе ја збогатат гастрономската понуда се и српскиот шеф Ѓорѓе Крстиќ, романскиот шеф Раду Зарнеску и македонскиот шеф Дејан Карапеев. Како дел од програмата е предвидена обука на локалните готвачи на Факултетот за Туризам и Менаџмент, гала вечера и презентација и дегустација на разни локални и морски специјалитети за посетителите на фестивалот.Покрај светските специјалитети кои ќе бидат понудени на дегустација за посетителите на Taste Ohrid, интересна за посетителите ќе биде и понудата на реинвентирани македонски рецепти. Имено, користејќи локални производи и традиционални македонски специјалитети, локалните шефови Давид Санџакоски и Никола Ангелкоски, заедно со светските и локалните готвачи кои ќе присуствуваат на обуката одржана на Факултетот за туризам и менаџмент, ќе приготват нови вкусови за бесплатна дегустација на „After Work Sunset Party”, со почеток од 17 часот пред Su Hotel во петок, на 12-ти октомври.Покрај гастрономската понуда на фестивалот, ќе бидат понудени содржини и за љубителите на адреналинските спортови и планинскиот туризам, па во рамките на спортскиот дел од фестивалот посетителите ќе можат да уживаат во прекрасните предели на националниот парк Галичица и Охридското Езеро преку организираните тури за велосипедизам.Секако, покрај гастрономското уживање и  спортските активности во текот на денот и попладневните часови, вечерните часови се резервирани за добрата забава и дружење, а за таа цел ќе бидат организирани забави низ повеќе локални барови и ноќни клубови во Охрид.Настанот „Taste Ohrid 2018“ е поддржан од Општина Охрид, ЕДЕН – туристички кластер за југо-западна Македонија и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.Повеќе информации и пријавување за велосипедските тури на веб страната www.tasteohrid.mk.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Случаен минувач спречил полов напад врз осумгодишно девојче

Малку по 15 часот, во текот на вчерашниот ден, во полиција било пријавено дека на улицата Индира Ганди 68-годишен скопјанец се обидел да изврши полов напад врз осумгодишно девојче, но бил спречен од страна на случаен минувач.Како што се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи, мажот е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
papata

Папата: Ѓаволот работи прекувремено за да ја поткопа Католичката црква

Ѓаволот е жив, добро е и работи прекувремено со цел да ја поткопа Католичката црква, изјави папата Франциско.Папата е толку убеден дека ѓаволот треба да се обвини за кризата со сексуални злоупотреби во редовите на Црквата, што побара од католиците во светот да изговараат посебната молитва секој ден во октомври за да извојуваат победа над него, пренесе „Ројтерс“.Кога беше избран во 2013 година, папата Франциско јасно стави до знаење дека верува оти ѓаволот е реален.Во еден документ напишан во април за светоста во современиот свет Франциско го споменува ѓаволот повеќе од десет пати.„Не треба да мислиме на ѓаволот како мит, приказ, симбол, фигуративен збор или идеја. Ваквата грешка ќе доведе до намалување на нашата одбрана, ќе станеме безгрижни и ранливи“, напиша папата.Во Римокатоличката црква се редат скандали поврзани со сексуална злоупотреба од страна на црковни лица во Германија, САД и во Чиле.

Свет | пред 7 години

7 год.
mir

Вучиќ и Столтенберг ќе направат се за да го сочуваат мирот

Ќе сториме се што може за да го зачуваме мирот и безбедноста во регионот, изјавија денес српскиот претседател Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во разговорот на посебниот настан-Лидерство за регионална безбедност, во рамките Белградскиот безбедоносен форум.Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е тешко да се направи разлика помеѓу мирот и војната и дека е неопходно да се биде подготвен за непредвиденто и непредвидливото и во однос на борбената готовност.“Треба да го прифатиме фактот дека живееме во време на хакерски војни, хибридни војни”, рече Столтенберг, посочувајќи дека „она што треба да го направиме е да се подготвиме за непредвидливото и да бидеме подготвени за брза реакција.“НАТО ја зголеми својата борбена подготвеност, како и подготвеноста на разузнавачките служби и подготвеноста во високотехнолошкиот аспект, додаде генералниот секретар на НАТО.Столтенберг изрази и загриженост во врска со враќањето на сцената на националистичката реторика во регионот.“Не може Брисел да ги решава проблемите во регионот, но може да помогне. Со проблемите треба да се справат луѓето кои живеат тука и зтоа повикувам за мир и да не се вратаќаме на националистичката реторика”, рече Столтенберг. Тој додаде дека е важно да се потсетиме дека регионот има помина долг пат од времињата на војни и страдањето во деведесеттите години од минатиот век.“Јас не велам дека нема повеќе проблеми, тензии и предизвици, но не така одамна, состојбата беше многу полоша и поопасна, а не само за луѓето од регионот, туку и за остатокот на Европа, бидејќи нестабилноста во регионот е главен безбедносен ризик за целата територија на Европа и НАТО “, рече генералниот секретар на НАТО.Столтенберг ја поздрави идејата за создавање на единствен економски простор и за интегрисан регионален пазар.Економските односи ја зголемуваат довербата и се надевам дека Србија и целиот регион ќе станат дел од Европската унија, рече Столтенберг, додавајќи дека секогаш треба да се биде подготвен за непредвидливото.Српскиот претседател Александар Вучиќ на дебатата со Столтенберг рече дека Србија ќе стори сé за да ги избегне конфликтите и да го зачува мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е неопходно за економски напредок.“Ние секогаш ќе ги подржуваме нашите соседи, со Македонија, ќе дадеме се од себе за да го продолжиме дијалогот со приштинските Албанци, да воспоставиме подобри односи со новите лидери во БиХ, мислам дека нема сомневање дека ќе мораме да имаме подобри односи и со Хрватска, онолку колку што Србија можеме да придонесе”, рече Вучиќ.Како што рече, “ние ќе се потрудиме да не им предизвикуваме главоболка на големите сили, но пред се, да не создаваме главоболка на сопствениот народ, да создадеме подобро економско опкружување за да можеме да се развиеме”.“Знаеме што ни е направено, она што им го направивме на другит, и треба да ги избегнуваме грешките што ги направивме во минатото и да се погрижиме за иднината, што нема да биде лесно”, рече претседателот на Србија.Вучиќ потврди дека разговарал со Столтенберг за инцидентите во Косово и дека се согласиле да претседателот на Србија може да контактира со него секогаш кога е потребно во случај на нови проблеми.

Свет | пред 7 години

7 год.
dodik

Додик прогласи победа: Прво ќе барам да се укине високиот претставник за БиХ

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, кој според првите прелиминарни резултати од изборите во БиХ освои најмногу гласови за српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина, изјави денес дека од новата функција прво ќе побара да се укине високиот претставник за БиХ кој го надгледува спроведувањето на цивилниот аспект на Дејтонскиот договор.Додик, кој е претседател на Сојузот на независни социјалдемократи, изјави дека, доколку останатите членови на Претседателството сакаат да го прифатат неговиот предлог ќе има дијалог, бидејќи според него „ако сакаат да направат малку посилна Босна од денешната, ќе мора да го исфрлат високиот претставник“.„Ќе се обидам со своите дипломатски контакти да обезбедам поддршка. Знам дека Русија прифаќа, дека повеќето земји прифаќаат, дека Србија се сложува, Хрватска се сложува. Уште да се сложи Америка“, кажа Додик.Тој кажа дека во Босна и Херцеговина постои „стара американска администрација која работи според остатоците од минатото“, но дека ќе се обиде да му испрати писмо на американскиот претседател Доналд Трамп и да побара негова поддршка.„Ја ќе побарам тоа да биде официјалниот став на Претседателството, доколку Босна сака да биде суверена и земја со меѓународен капацитет тогаш мора да работи без високиот претставник“, кажа Додик.Тој објасни и дека ќе побара да нема странци во уставниот суд на БиХ.„Странците во уставниот суд мора да заминат, тоа ќе биде едно од моите први барања. Ако нема дијалози на таа тема и прифаќања од другите претставници, немам причина јас да прифатам што било што тие сметаат дека треба да се направи“, истакна Додик.„Јас ќе се обидам да ја зајакнам позицијата на Република Српска во рамки на Босна и Херцеговина како и позицијата на српскиот народ во целост“, порача Додик.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Учеството на извозот во БДП да се зголеми на 75 проценти

Помалку од пет отсто од домашните микро, мали и средни претпријатија реализираат извоз на регионалните пазари, а само три проценти се присутни на некој од пазарите во Европската унија зашто се уште се кадровски, финансиски и технички ограничени, беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија.Според Комората, учеството на извозот во БДП треба да се зголеми од 50 на 75 проценти, а за тоа е неопходно значително подобрување на трговскиот сектор. Најголем капацитет за освојување нови пазари или интензивирање на постојниот извоз имаат компаниите од прехранбениот сектор, фармацевтската, хемиската, дрвната, металната и индустријата за мебел, како и текстилот.„За да имаме извоз, најпрво треба да ја одработиме домашната задача, да креираме производ што ќе биде соодветно дизајниран, конкурентен и квалитетен, согласно стандардите на земјата во која се извезува. Тука треба да поработиме малку повеќе. Светскиот пазар е преплавен од сите земји и производи, но успеваат само тие што се наметнуваат со квалитет и конкурентна цена“, истакна претседателот на Клубот на извозници при Комората, Глигор Цветанов на прес-конференција.Негова оценка е дека домашните фирми инвестираат во раст, но не со тоа темпо како странските инвеститори.„Странските инвеститори доаѓаат тука со веќе готов пазар, а македонските треба да се борат за пазарот и тоа е голема разлика. Странските и македонските компании треба да соработуваат, странските да им помогнат преку нивните производи дел од извозот да оди на тој пазар“, рече Цветанов.Во контекст на потребните критериуми за извоз, Татјана Штерјова од Комората дополни дека за успешен пласман надвор е неопходно исполнување цел сет барања: за пакувања, означувања, стандардизација,.. Фирмите треба да располагаат со информации за потребите на пазарите и посебно, за дистрибутивните канали.„Изминатите години континуиран е статусот на компании што извезуваат. Прашањата не ги лоцираме во дневно-политичките настани, туку во подлабоки, долгорочни фактори кои влијаат врз овој сегмент“, потенцира Штерјова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idiotka

Царовска: Преку образование со вклучена платена пракса компаниите обезбедуваат стручен кадар, а учениците веднаш наоѓаат работа

Mинистерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, денеска ги доделија договорите за месечен надомест на учениците во втора година кои се дел од специјалната ЕВН-паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје.„Овој проект е успешен начин на градење вештини потребни на пазарот на работната сила. Ги охрабрувам и другите компании да го следат примерот на ‘ЕВН Македонија’, која направи специјална паралелка за стручно оспособување на средношколците. Придобивки од ваков вид образование имаат и компанијата, која веднаш си обезбедува стручен кадар, и учениците, кои, освен што стручно се оспособуваат, добиваат и надоместок за практиканстката работа, но и вработување веднаш по завршувањето на образованието. На овој начин се решава недостигот на стучен кадар, кој во последните неколку години е сè поизразен, но истовремено се намалува невработеноста“, изјави министерката Царовска.Претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, пак, рече дека задоволство е да им се помогне на ученици што успешно ја поминале првата година во ЕВН-паралелката и се подготвени за нови знаења и предизвици.„Инвестицијата во средства и човечки ресурси, што ја направивме со овој проект, ја градат идната работна сила не само на ЕВН туку на целата земја. Тоа нè етаблира како лидери на промените што треба да следуваат во образованието во насока на обезбедување квалификувани кадри на пазарот на труд“, изјави Петер.Како што информираа преку соопштението од Министерството за труд и социјална политика, со оперативниот план компаниите имаат можност да отвораат тренинг-центри, чија основна цел е да обучуваат и преквалификуваат стручен кадар, кој потоа би го вклучиле во производствениот процес. Исто така, Министертвото за труд и социјална политика изготви и закон за практиканство, со кој првпат во Македонија се овозможува ограничен период на платена работна пракса во која ќе биде вклучено и учење и обука.

Скопје | пред 7 години

7 год.
idiot

Анѓушев: „Еурокомпозит“ ќе се преструктуира, а вработените прогласени за технолошки вишок ќе добијат надомест

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит 11 Октомври“ – Прилеп и Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.Како што информираат од кабинетот на Анѓушев, на средбата тој рекол дека на 15 октомври Собранието на дневен ред ќе го разгледа предлог-законот за измена на Законот за приватизацијата.„Со овој закон ќе се уреди можноста за остварување материјално обезбедување на вработените во комбинатот на кои работниот однос им престанува по однос на технолошки вишок“, посочил вицепремиерот.Тој додал дека Владата во кус временски период ќе пристапи кон обезбедување стратешки партнер со цел трајно решавање на состојбите во „Еурокомпозит 11 Октомври“ и продолжување на функционирањето на компанијата во согласност со принципите на пазарното работење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jankulovska-2

Кривичниот суд во 12 часот одлучува дали Јанкулоска ќе оди во затвор

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“.Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор наведе дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.- Обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност, бидејќи таа била свесна за своето дело и го сакала спроведувањето. Предлагаме Судот да ги земе како отежнувачка околност степенот на одговорност, а како олеснителна околност семејната состојба, рече Фатиме.Одбраната, во завршен збор, пак, рече дека во постапката било грубо нарушен принципот на еднаквост на оружјата, СЈО не ја докажало својата надлежност, како и дека Судот треба да донесе пресуда за дејствие што наводно се случило пред шест години врз основа на докази кои во најголем дел се прибавени со кршење на домашните и меѓународни права.Обвинетата Гордана Јанкуловска во завршен збор, рече дека додека траела постапката таа требало да се грижи за неколкумесечно бебе, како и дека била изложена на медиумски линч со објавување делови од незаконско стекнатите аудио разговори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Фатиме Фетаи бара куќен притвор за Јанкулоска бидејќи ќе избегала

Обвинителката Фатиме Фетаи бара куќен притвор за екс-министерката Гордана Јанкулоска бидејќи се плаши дека таа ќе избега."Мерките на претпазливост не ја анулираат опасноста од бегство", рече Фетаи.Адвокатката Сања Алексиќ, која ја застапува Јанкулоска вели дека нема аргументи за судот да прифати нова мерка за претпазливост за обвинетата.„Редно е да се акцентира дека обвинетата уште од почетокот на постапката знаеше која беше пропишаната затворска казна“, рече Алексиќ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jankulovska

Јанкулоска осудена на 6 години затвор

Во Кривичниот суд денеска беше изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, на која и е изречен 6 години затвор.Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор наведе, дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања