Рекордна вработеност во Германија
Златен октомври на германскиот пазар на работа - бројот на невработени е паднат на 2,2 милиони, што значи првпат пад под 5 проценти невработеност. Освен тоа, има стотици илјади непополнети работни места.Благодарение на есенскиот полет, бројот на невработени во Германија во октомври паднал на 2,204 милиони. Тоа е најниска стапка на невработеност по обединувањето на Германија. Стапката на невработени првпат од почетокот на пресметувањето од страна на Сојузната агенција за работа е под пет проценти
Свет | пред 8 години