Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Научен пресврт: Откриен механизам што може да го врати мозокот и кај напреднат Алцхајмер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-libraryuu8v0mkkac7fcDx4VBr
pexels

Повеќе од сто години во медицината преовладуваше уверувањето дека оштетувањата во мозокот предизвикани од Алцхајмеровата болест се неповратни. Токму поради тоа, најголемиот дел од научните истражувања досега беа насочени кон превенција или кон забавување на болеста, а не кон можноста за опоравок. Ова гледиште сега е сериозно доведено во прашање со нова студија објавена во научното списание Cell Reports Medicine, која отвора перспектива дека дури и тешко оштетен мозок може да покаже знаци на обновување.

— реклама —

Истражувачки тим од University Hospitals, Case Western Reserve University и медицинскиот центар Louis Stokes Cleveland VA Medical Center анализирал мозочни ткива од лица заболени од Алцхајмер и спровел експерименти на глувчешки модели со напредната форма на болеста. Резултатите покажале дека еден од клучните фактори за развојот на Алцхајмерот е нарушената рамнотежа на NAD+, молекула од суштинско значење за енергетскиот метаболизам на клетките.

Нивото на NAD+ природно опаѓа со стареењето, но кај лицата со Алцхајмерова болест овој пад е значително поизразен. Истото било утврдено и кај лабораториските животни. Кога рамнотежата на оваа молекула е нарушена, клетките постепено ја губат способноста да ги извршуваат основните функции неопходни за нивно преживување. Научниците утврдиле дека одржувањето на стабилни нивоа на NAD+ не само што може да го запре напредувањето на болеста, туку и да доведе до функционален и патолошки опоравок.

— реклама —

Во рамки на истражувањето биле користени два различни глувчешки модели со генетски мутации поврзани со Алцхајмеровата болест, еден поврзан со амилоидните наслаги, а другиот со тау-протеинот. Кај двата модели се развиле сериозни оштетувања на мозокот, нарушување на заштитната бариера, хронична воспалителна состојба, губење на нервни врски и сериозни проблеми со меморијата и учењето, слични на симптомите кај луѓето.

Научниците потоа ја обновиле рамнотежата на NAD+ со соединение наречено P7C3-A20, развиено во нивната лабораторија. Резултатите биле, како што наведуваат авторите, изненадувачки. Кај животните кај кои терапијата била применета превентивно, болеста воопшто не се развила, а кај оние со веќе напреднат Алцхајмер, бил забележан значителен опоравок на мозочните функции. Во двата случаи, глувците целосно ги повратиле когнитивните способности.

Дополнителна потврда за вистинскиот пресврт на болеста бил и падот на нивото на тау-протеинот 217 во крвта на нормални вредности, биомаркер што кај луѓето е директно поврзан со Алцхајмеровата болест. Главниот автор на студијата, Ендрју А. Пипер, изјави дека обновувањето на енергетската рамнотежа во мозокот довело до реален функционален и структурен опоравок, што отвора сериозна надеж и за примена кај луѓето.

Иако на пазарот, особено во САД, веќе постојат додатоци во исхраната кои се прекурсори на NAD+, научниците предупредуваат на претпазливост. Во некои случаи тие можат да доведат до опасно високи нивоа на оваа молекула, што може да поттикне и несакани процеси, вклучително и развој на канцер. Пристапот со P7C3-A20, според авторите, овозможува прецизна регулација на рамнотежата без ризик од прекумерно зголемување.

Според дел од експертите, ова истражување е значајно бидејќи покажува дека подобрувањето на симптомите не мора нужно да значи враќање на изгубените неврони, туку може да се должи на зголемена отпорност и приспособливост на мозокот. Тоа подразбира запирање на понатамошното оштетување, подобрување на комуникацијата меѓу нервните клетки и поефикасно користење на новоформираните неврони.

Авторите на студијата најавија дека следниот чекор ќе бидат клинички испитувања кај луѓе. Доколку резултатите се потврдат, ова откритие би можело да означи историски пресврт во третманот на Алцхајмеровата болест, болест која со децении се сметаше за неповратна и прогресивна без реална можност за опоравок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

doktor

Нови правила за вработување и статус на директори во јавното здравство: Владата ќе утврдува број на приватни специјализации, се продолжува работниот ангажман до 70 години

Македонија | пред 4 дена

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Законот за пушење пу пу не важи, ама за да не е дека бизнис заедницата е газда на државата, превидуваме фази за имплементација“

Коментари | пред 1 седмица

media-librarydieim7043fpd8HcWnGe

Прво едукација, па казни за новиот закон за пушење

Македонија | пред 1 седмица

media-library0uvugqc2o56t92U17yb

Во 43 компании ќе влезат тимови од МВР и Министерството за здравство

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања