Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Нема друго решение - „Златната купола“ на Гренланд е клучна за моќта на САД и зајакнувањето на НАТО, порача Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryf0sbov5iolvu2vYo96Q

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја актуализираше идејата за американска контрола врз Гренланд, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за националната безбедност на САД и за зајакнување на воената моќ на НАТО.

Во објава на својата платформа Truth Social, Трамп порача дека секое решение што не вклучува американска контрола врз островот е, како што напиша, „неприфатливо“. Според него, вклучувањето на Гренланд во американската безбедносна архитектура би ја направило Алијансата посилна и поефикасна.

— реклама —

Трамп тврди дека Гренланд има клучна улога во новиот систем за ракетна одбрана што го развива Пентагон, познат како „Златна купола“, и дека без таа територија безбедносните капацитети на САД би биле значително ослабени. Тој отиде чекор понатаму, оценувајќи дека НАТО треба активно да се заложи за такво сценарио, во спротивно, според него, празнината би можеле да ја искористат Русија или Кина.

Американскиот претседател истакна дека воената моќ на САД е клучниот столб на Алијансата и дека без американското присуство и капацитети, НАТО не би можел да функционира како сериозен одвраќачки фактор. Во таа насока, тој потсети дека воениот потенцијал бил значително зајакнат за време на неговиот прв мандат и дека сега се подигнува на уште повисоко ниво.

— реклама —

Изјавите на Трамп доаѓаат во момент кога американскиот потпретседател Џ.Д. Венс треба да одржи средба со данскиот министер за надворешни работи и претставници на Гренланд, на која ќе присуствува и државниот секретар Марко Рубио. Гренланд, кој има широка автономија, формално е дел од Кралството Данска.

Само еден ден претходно, Трамп остро реагираше на изјавата на премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, кој јавно порача дека островот нема намера да стане дел од Соединетите Американски Држави и дека сака да остане во рамки на Данска. Американскиот претседател ја отфрли таа позиција, оценувајќи дека несогласувањето со неговите ставови ќе создаде, како што рече, „голем проблем“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn7an7uh4cpoaaZ5ucj1

Премиерот на Гренланд нема да присуствува на отворањето на новиот американски конзулат

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryot6g2rffvd7v9oNcrRY

Данска: На Гренланд не му е потребен болнички брод од САД

Свет | пред 3 месеци

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Гренланд повторно во фокусот на Трамп: „На пат е!!!“

Свет | пред 3 месеци

media-librarylecvva6g4jbq0dqq1qT

Трамп најави испраќање болнички брод кон Гренланд, Данска тврди дека нема никакви информации

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања