Промени тема
Контакт

Николоски од Неготино: Субвенциите се исплатени, очекуваме уште повисоки откупни цени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryr2t9s19rgq9o6PdGBou

По повод празникот Св. Трифун, кој традиционално се смета за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од Неготино упати честитки до земјоделците, посакувајќи им успешна производствена година, добар род и стабилни, повисоки откупни цени.

Николоски истакна дека Владата ја завршила својата обврска кон земјоделците, нагласувајќи дека субвенциите се целосно исплатени за сите производители. Според него, тоа претставува дополнителен поттик за новата сезона и охрабрување за оние што макотрпно работат на домашното производство.

„Се надевам дека ова ќе биде мотив за уште поуспешна година, со квалитетен род и мотивирани земјоделци. Ќе продолжиме да ги поддржуваме и да го стимулираме земјоделието. Цените што може да се видат оваа година се навистина добри, а се надевам дека следната сезона ќе бидат уште повисоки, затоа што трудот мора да се цени и мора да го стимулираме домашното производство“, изјави Николоски.

— реклама —

Тој посочи дека особено охрабрува фактот што македонските компании стануваат сѐ поконкурентни на меѓународниот пазар. Како пример ја наведе својата неодамнешна посета на Париз, каде, според него, македонските винарии се претставиле рамноправно со најдобрите европски производители.

— реклама —

„Беше вистинска гордост да се види како нашите винарии стојат рамо до рамо со најдобрите во Европа“, рече Николоски.

Воедно најави дека Владата ќе продолжи со поддршка и во делот на инфраструктурата, оценувајќи дека таа е клучна за подобра поврзаност и економски развој. Посочи дека се поддржува амбициозната агенда на локалната самоуправа, со очекување бројни започнати проекти да бидат завршени, а паралелно да започнат и нови со почетокот на градежната сезона.

— реклама —

Посетата на Неготино беше во знак на поддршка за лозарите и винарите од Тиквешијата, со порака дека државата ќе продолжи да стои зад домашното производство и развојот на регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqtbviarmm6kc9q0VWAo

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

Македонија | пред 6 дена

media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Македонија | пред 1 седмица

media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања