Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Николоски од Стража и Пресека: Сите патишта во државата се проодни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarybtbehlinlgju7O5weg2

Сите патишта во државата се проодни и сообраќајот се одвива непречено и покрај обилните снежни врнежи, благодарение на ангажманот на екипите на „Македонија пат“, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изврши увид во активностите на ова јавно претпријатие на планинските превои Стража и Пресека.

Николоски истакна дека состојбата на терен е добра и дека екипите континуирано работат за да ги одржат патиштата проодни и безбедни за сообраќај.

— реклама —

„Денеска сум на терен во увид на активностите на Македонија пат и можам да кажам дека состојбата е добра, сите патишта во државата се проодни. Сакам да им се заблагодарам на овие луѓе од Македонија пат, кои даваат сѐ од себе за патиштата да бидат чисти и безбедни. Моментално сме на превојот Стража, претходно бев на Пресека, а ќе продолжам и на други локации“, изјави Николоски.

— реклама —

Тој упати јавна благодарност до работниците на „Македонија пат“ за нивната пожртвуваност и истовремено апелираше до граѓаните да бидат внимателни при патување, да ја прилагодат брзината на условите на патиштата и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

— реклама —

„Ги повикувам сите кои имаат потреба да патуваат да ги почитуваат сообраќајните правила, да користат зимски гуми и ланци каде што е потребно, и да возат внимателно. Нашата обврска е патиштата да бидат проодни и тоа ќе го обезбедиме, за последиците од ова невреме да се почувствуваат минимално“, порача вицепремиерот и министер за транспорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhtcp4q7e3ipkd4QqeX1

Скопје доби седми авион на „Виз ер“, Владата очекува дополнителен раст на авиосообраќајот

Македонија | пред 15 часа

media-libraryfa2nui91fthu6Vw9kcs

„9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура. Велес станува подобро место за живеење“, вели Николоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryk2rhrdf4kass4CNcJgW

Охридскиот аеродром добива нов терминал и поголем капацитет за патници, реконструкцијата ќе заврши до крајот на летото

Македонија | пред 3 дена

media-library6msl0torkp9jaGCuBhq

Николоски: Заврши реконструкцијата на патот Мешеишта–Волино, се градат 18 километри пристапни патишта

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања