Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Правиме силен меѓународен притисок да се реши проблемот со превознциите, очекувам ЕК да излезе со решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна подршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната  економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање.

— реклама —

“ Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото правило кое се применува за пилотите и кабинскиот персонал, како и машиновозачите и персоналот во возовите, а тоа е дека за нив овие правила не важат. Втората варијатна е помалку прифатлива, а тоа е да се одложи овој систем за една година, па во овој период да се бара решение. Третата варијатна е да секоја земја членка на Шенген зоната издава работни визи за транспортерите, нешто што сега го прави Швајцарија или четврто решение кое Европската Комисија би го понудила”- рече вицепремиерот Николоски.

— реклама —

Немање решение на проблемот ќе биде сериозен удар врз транспортните компании имајќи предвид дека просечно во текот на годината тие имаат околку 240  до 250 работни денови, истакна Николоски и потенцира дека ова ќе има влијание и врз извозот во Велика Британија како втор трговски партнер на Македонија, односно ќе се запре или драстично намали ланецот на снабдување.

— реклама —

“ Ние за оваа работа реагираме цела година. Претседателот на Владата имаше директни разговори со претседателката на Европската Комисија, исто така министерот за надворешни работи, исто така и јас разговарав во Брисел со Комесарот за транспорт, со Директорката за транспорт и мобилност, но за жал во тој момент не се најде решение и еве ескалира ситуацијата. Сега се обидуваме да помогнеме колку што можеме. Вчера бев во официјална посета на Загреб каде разговарав со потпретседателот на хрватската Влада и благодарен сум затоа што  покрај заедничкото соопштене од вчера, денеска излезе на прес конференција и побара Европската Комисија да го реши овој проблем и целосно застана на наша страна. Исто така имав средба со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, како и  средби во Саборот. Понатаму разговарав три пати и со министерот од Грција со кои ги споделивме овие идеи затоа што и тие се директно загрозени, а во Бугарија без разлика што Владата е во оставка, досегашниот потпретседател на Владата и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, јавно излезе и побара Европската Комисија да го реши овој проблем”-истакна Николоски.

Решението на проблемот е упатен до Европската Комисија, додаде вицепремиерот бидејќи прашањата на визината политика во рамки на Шенген зоната е целосно препуштено на Европската Комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryr2jahva3hb0b1Xi8myP

Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Растот на БДП проектиран на 3,5 отсто – Николоски очекува градежништвото да продолжи со силен раст

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања