Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нов електронски модул ги открива сите донации во здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-07-07-at-11.22.54

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи.

— реклама —

Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали се донирани медицински материјали, апарати, и сл. Статистичките податоци покажуваат дека 85% од дадените донации досега се состојат од медицински материјали, вклучувајќи лекови, вакцини, апарати за некои јавни здравствени установи и други материјали.

— реклама —

- „Од самиот модул се гледа дека донациите доаѓаат од широк спектар донатори – од меѓународни институции и организации, држави и хуманитарни фондации. Токму нивната поддршка е клучна потврда за довербата и значењето што го има нашиот здравствен систем. Досега во модулот се евидентирани над 400 донации, процесот на регистрирање се уште е во тек и оваа бројка ќе биде уште поголема, што зборува за тоа дека расте довербата на меѓународните партнери и пријателски држави во нашиот здравствен систем“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

— реклама —

Целта е да обезбедиме координација и одобрување на донациите, а воедно да се избегнат ситуации кога пристигнува апаратура со различни оперативни системи или опрема за која нема достапни резервни делови и сервис во нашата земја.

— реклама —

- „Со овој модул, испраќаме јасна порака дека во здравството нема скриени процеси и тајни договори, дека секоја донација е видлива, секоја помош е евидентирана, а секој граѓанин има право на информација“, заклучи министерот Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања