Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Објавена набавка за 100 нови амбулантни возила вредна 461 милион денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryr7ustgvht52acQBplbO
Скопје1.мк

Министерството за здравство објави јавна набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи низ државата, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.

— реклама —

Инвестицијата е вредна 461.250.000 денари, а во тек е законскиот рок за поднесување понуди од заинтересираните компании.

— реклама —

Според министерот Алиу, новите возила ќе придонесат за значително подобрување на капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби.

„Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи“, изјави Алиу.

— реклама —

Тој посочи дека возилата ќе бидат опремени со современа медицинска опрема, а нивната распределба ќе овозможи подобра покриеност на територијата, со посебен акцент на руралните средини.

— реклама —

Оваа набавка е дел од поширок процес на модернизација на итната медицинска помош и јакнење на здравствениот систем, со цел обезбедување побрз и поефикасен одговор во кризни ситуации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања